IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 22>
Автор
Порака
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА
    Испратена: 25.Јануари.2009 во 23:08



Што треба да знае секој член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА?

Треба да знае дека постои само Еден и Единствен Бог, во Света Троица, - Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух, и дека ТАА (Света Троица) е Љубов?

Треба да знае дека Бог од љубов го создаде сиот свет - видлив и невидлив. Го создаде и човекот, и го смести во рајот (земен).

Треба да знае дека човекот, откако ја прекрши Божјата заповед, беше избркан од (земниот) рај.

Треба да знае дека пред 2000, и нешто повеќе, години, Бог, од неизмерна љубов кон него (нас), благоволил да постане човек - Богочовек, за да го (нè) спаси.

Треба да знае дека Господ Исус Христос со Својата смрт ги откупи неговите (нашите) гревови, а со Своето Воскресение ја победи смртта.

Треба да знае дека има само Една, Света, Соборна и Апостолска Црква, и дека сите останати верски заедници се создадени од човек - тие се човечки организации, и не можат да бидат Црква.

Треба да знае дека Господ Исус Христос ја основал Неговата Црква на земјата, низ која се спасува од гревовите и од вечната смрт. Таа (Црквата) е телото а Христос - Главата.

Треба да знае дека Евангелието Христово ни објавува дека смртта на телото не е крај на животот, туку, дека душата ќе живее вечно.

Треба да знае дека за да се спаси (за да не отиде во пеколот) задолжително треба да се крсти (без оглед на тоа, колку години има).

Треба да знае дека ако по крштевањето падне во грев, мора, каејќи се, да се исповеда пред Бога, во присуство на свештено – духовно лице, кое единствено има Божја благодат да задржува или да разрешува гревови на паднатите.

Треба да знае дека најголема и, истовремено, најважна работа која може човекот да ја направи за себе за време на овоземниот живот, е да живее согласно Христовите повелби и да се причестува со Телото и Крвта на Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос.

Треба да знаеш дека Светата Причест е лек што ги лекува сите твои болести, сите твои рани, ги изгорува сите твои прегрешенија, ја убива смртта во тебе, те воведува во бесмртност, - во вечен живот.

Треба да знае дека може да се причестува само со темелна подготовка - со пост, со молитва и со добри дела, после искрено, и од срце, покајување и исповедување.

Треба да знае дека кој не се причестува со Телото и Крвта Христови, не може да се надева на спасение – дека никој не смее да се игра со својата вечност!

Треба да знае дека, без оглед на тоа како сега го живее животот, и што го живеел до сега, без оглед на тоа колку гревови носи на (во) себе, не смее да губи надеж во спасение преку сесрдно покајание, зашто сите можат да се спасат.

Треба да знае дека не постои грев што може да ја надмине Божјата милост, само ако има вистинско и искрено покајание.

Треба да знае дека ниедна мајка низ историјата на човечкиот род не можела толку да го засака своето дете, колку што Бог го сака своето чедо (те сака тебе).

Треба да знае дека, доколку има можност, секој треба да се покае и да се причести пред телесната смрт, и во најтешките моменти да Го прославува Христа Господа, бидејќи Бог е Многумилостив и дека ќе му прости.
Да се потсети на примерот со благоразумниот разбојник кој во последните моменти од животот, додека висеше на крстот, го исповедаше Христа за Господ, побара прошка, откако се покаја и Христос го внесе во рајот.

Треба да знае дека не смее да го одложува покајувањето за подоцна, туку веднаш да започне покајнички живот, зашто не знае кога ќе се пресели во вечноста.

Треба да знае дека душата после телесната смрт ќе биде сместена во „привремено престојувалиште“, ќе го чека воскресението на телото, ќе се соедини со него, и заедно ќе го чекаат Вечниот Суд на Кој Судија ќе биде, повторно дојдениот, Господ Исус Христос.

Треба да знае дека Бог нема да им суди на оние што не грешеле, туку, на оние што грешеле, а не се каеле.



Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 23:36
Православниот христијанин треба да знае дека има е обрска, секогаш, и во секакви околности и услови, да говори вистина и само вистина - да биде сведок на вистината.

Изменето од Miki_P - 25.Јануари.2009 во 23:37
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 23:52
Немој да спиеш повеќе од седум часови.

Кога ќе се разбудиш, не излежувај се, не биди мрзелив - стани бргу, измиј се, облечи се и прочитај ги „Утринските молитви“ од Православниот молитвеник. Потруди се, молитвите да ги читаш (кажуваш) со големо внимание.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 00:04




Ако се навикнеш, молитвеникот да ти биде најдобар другар, си завршил голема работа. Се разбира, покрај Молитвеникот, треба да се „дружиш“ и со други, многу полезни работи, како што се: Светото писмо, Апостолот (книга, во која се поместени делови од Делата апостолски и посланија од повеќемина св. апостоли), богословска литература од Св. Отци, Житија (животот) на Светите... Сето ова, со истрајност и трпеливост, треба да ти помогне да ја научиш и да ја зацврстиш твојата вера. Еден ден и ти ќе бидеш во ситуација да им помагаш на луѓето да се утврдуваат во Вечната Вистина.



Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 00:49




Да не заборавиме дека секоја молитва на христијанинот мора да биде во името на Исуса:

„Што и да побарате во Мое име, ќе ви се даде (Јн. 14, 14-14), вели Господ исус Христос.



Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 00:53




Зошто Му се молиме на Исуса Христа?

Зашто нема друго Име под небото, дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме (Нов завет, Дела апостолски, 4 глава, 12 стих).





Изменето од Miki_P - 26.Јануари.2009 во 00:54
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 01:09


Затоа Му се обраќаме директно:

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.

Или, индиректно:

Господи Исусе Христе, Сине Божји, по молитвите на Твојата пречиста Мајка, помилуј нè.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, по молитвите на светиот Николај (Василиј Велики, Јован Златоуст, Григориј Богослов, Климент Охридски, Наум охридски...) помилуј нè.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, по молитвите на преподобната мајка наша Матрона (Параскева...) помилуј нè.



Изменето од Miki_P - 26.Јануари.2009 во 01:10
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 01:26



Молитвата е разговор на човечкото срце со Бога низ кој (разговор), претставувајќи Го невидливо Бога пред себе, човекот ги излива чувствата на својата душа пред Него. Таа е издигнување на умот и срцето кон Бога, најсигурен мост за премин преку искушенијата на животот, нескршлива карпа на сите кои што веруваат, мирно пристаниште, божествени алишта што ја облекуваат душата со добрина и убавина. Молитвата е мајка на сите добри дела, чуварка на чистотата на телото, на невиноста, сигурен бранител од сите итрини на нашиот вечен непријател - ѓаволот...


Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 01:32
Izostavivte da spomenete deka za da se bide Crkva Hristova (realno da se chlenuva vo nea), neophodno e da se bide vo liturgisko edinstvo so Pravoslavnata Crkva, t.e. da se izleze od sostojbata na raskol.

Изменето од Asya - 26.Јануари.2009 во 01:33
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 01:36



„Кога ги насочуваш умот и мислите кон Небото, - вели Свети Макариј Велики, - и сакаш да се соединиш со Господа, тогаш мноштво од зли духови (демони) како црн облак се надвиснуваат над тебе за да ти го попречат патот кон Небесата. Но, како што старите ѕидови на Ерихон паднаа под силата Божја, така и сега карпите на злото, кои го попречуваат твојот ум, ќе бидат соборени со силата Божја.

Кога се молиш, сети се пред Кого стоиш. Биди глув и нем за сè што те опкружува, повикај Го Господа на помош и Он ќе ти помогне. Искорени го секое чувство на гнев и целосно исчисти го убивственото чувство за телесна желба, кон што и да е таа насочена“.


Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 01:46



За да се запазиме од расеаност на умот, светите Отци на Црквата препорачуваат разумот да се врзува за зборовите на молитвата. Затоа, како што споменавме погоре, подобро е молитвите да се читаат од молитвеникот, за не да се кажуваат напамет. Вака вдлабочениот ум, во молитвени зборови, полесно се концентрира.

За човекот, исполнет со тага поради различни причини, нема поголема утеха од молитвата: „Се мачи ли некој меѓу вас, нека Му се моли на Бога“ вели светиот апостол Јаков во своето послание, 5 глава, 13 стих.



Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 01:53



Болестите и несреќите наши се последица на гревот. Гладот, војните, сушите, поројните и прекумерни дождови, земјотресите и останатите непогоди доаѓаат поради гревот на луѓето. Коренот на сите несреќи лежи во нас самите. Оттаму се јавува и потребата да Му се молиме на Бога и за простување на гревовите и за ослободување и избавување од сите зла. Ако, пак, некогаш упатените молби кон Бога не ни бидат услишани, тоа е за да го покажеме нашето трпение, или поради тоа што во молитвата сме барале зло,а не добро за нашите души.



Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 01:53
Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:

Православниот христијанин треба да знае дека има е обрска, секогаш, и во секакви околности и услови, да говори вистина и само вистина - да биде сведок на вистината.


Ne bidete licemer, a kazhete ja vekje ednash vistinata pred ovoj narod! Shto velat sv. otci za raskolot?
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 01:58



Молитвата, кога сме сами, по Божја наредба (Мт.6,16), не смееме да ја сметаме за доволна. Највозвишена и најсилна молитва е заедничката молитва на Божествената Литургија, кога постигнуваме единство со Бога, според Неговото ветување: „Таму каде што се двајца или тројца собрани во Мое име, таму, помеѓу нив, Сум и Јас“.



Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,215 секунди.