IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - 11 причини да бидеш атеист!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

11 причини да бидеш атеист!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака
THEPRINCESS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај THEPRINCESS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: 11 причини да бидеш атеист!
    Испратена: 25.Јануари.2009 во 17:49
1. Нема докази дека постои бог - неколку илјади години никој не успеал валидно да докаже дека постои бог. Зошто бог се крие? Најверојатниот одговор е - затоа што не постои.

2. Бог е несфатлив - Што е бог? Само едно сведоштво на непознавање на нештата. Како она што е несфатливо, необјасниво, може да ни го објасни тоа што не го знаеме. Ако бог постои, кој го создал? Според повеќето од светите записи тој многу личи на човек, значи може да се сомневаме дека тоа и е.

3. Религиските догми се во контрадикција со она што секојдневно ни се случува - Човекот знае дека ќе умре и нема ништо после смртта. Зошто да се обожува бог кој го казнил човекот само за еден грев, толку перверзно суштство кое создал човек, ама и јаболко за да го искушува. Зошто да се одбере оваа религија, а не некоја друга? Злото постои, а бог е сведок - пасивен е или немоќен? Страдање и смрт на деца - невини по дефиниција, зошто ништо не прави.

4. Она што го ветуваат религиите е преубаво за да биде вистинито - премногу лесно ни ветуваат се што ќе посакаме - вечност, да ги видиме повторно оние кои сме ги изгубиле, прошка за она што сме го згрешиле...

5. За да се чувствуваш слободен - да се нема илузии, кон која и да е догма. Да се одбијат готови решенија. Зашто да клечиш и да се понижуваш пред нешто чие постоење никогаш не е докажано е апсурдно, безвредно за Човек. За да не се биде манипулиран.

6. Поради негативното влијание на религиските организации - го поттикнуваат религискиот фанатизам и нетолеранцијата. Конзервативни се и против прогресот. Поради религиските војни и Инквизицијата. Христијанството учи на резигнација, на покорност. Сојуз со политиката за сопствен интерес на религиските водачи. Штетното влијание на религиите на секое општество.

7. Прогресот на науката - прогресот на науката секој ден отркива докази што ги објаснуваат појавите што човекот често им ги припишувал на божествата. Бог е оттурнат на маргините, таму каде што науката се уште не стапнала.

8. Има луѓе кои живеат добро, дури и без бог - Вербата спасува! Од што тоа спасува? Неверниците не се чувствуваат изгубени. Не им треба да бидат спасени. Бог нема практична употреба, не е потребен за да се биде среќен.

9. Поради хуманизмот - да се разбуди свеста дека основната грижа е човекот и иднината на човештвото, како тој да се направи задоволен, а не да се задоволува некоја илузија (бог).

10. Да се биде свесен дека не се подлегнува на полесни решенија - многу е потешко да се биде атеист и да се соочиш со проблемите, отколку да си верник.

11. Хумор тест - многу е полесно да се прават шеги за верници отколку за атеисти. Едвај чекам да чујам некој виц за атеисти што навистина може да ме насмее.
__________________
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 17:55
1. Нема докази дека постои бог
А зарем треба доказ за да поверуваме во него?

Изменето од Lithium - 25.Јануари.2009 во 18:07
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 18:04
Toa sto nekoi ne mozat da go razberat ne znaci deka go nema намигнување
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 18:11
zad dobar konj prasina se kreva газење%20од%20смеење temava e smeshna голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 18:14
     JAS  MOZAM  DA  TI  ODGOVORAM  NA  PRASAJNETO  ZA  BOG  I  DEKA  ATEIZMOT   E  UTOPIJA

 KE  TI  ZBORUVAM  SO  JAZIKOT  NA  MATERIJALISTITE

 
 SVETLINATA  VO  TEBE  KOJA  SE  DOBIVA  KAKO  REZULTAT  OD  SOVRSENO  RABOTEJNE  NA  NEKOI  KLETKI  VO  MOZOKOT  KOJA  KAKO  REZULTAT  DAVA  IDEALEN  NACIN  NA  KARAKTER  KOJA  E  I  ISTA  SO  SEDMATA  CEDTICKA  OD  STO  E  SOZDADENA  CELATA  MATERIJA{MATERIJATA  STO  NE  OPKRUZUVA  OKOLU  NAS  SITE  UBAVINI,RAZNI  BOI,..,  SE  E  SOZDADENO  OD  EDNO  ISTO  A  TOA  SE  6  LESNI  I  6  TESKI  CESTICKI  A  SEDMATA  E  ONAA  KOJA GI  POVRZUVATA  TIE  CESTICKI JA  POVRZUVA  CELATA  MATERIJA  I  JA  PRAVI  ONAKVA  KAKVA  STO  E -  TAA   E  CESTICKATA  OD  BOG  KOJA  E  ISTA  SO CESTICKITE  NA  SVETLINATA  VO  TEBE  ZATOA  NIE  SNE  EDNO  ISTO  STVOREJNE  NA  TAA  CESTICKA SO  SE  OKOLU  NAS ODNOSNO  STVOREJNE  NA  BOG}-.-/-  KOGA  I  SE  OBRAJCAME  NA  TAA  SVETLINA-KOGA  SE  MOLIME   NIE  SNE  VO  SOVRSENA  HARMONIJA  SO  CELIOT  UNIVERZUM - -ODNOSNO  SE  VELI  DEKA  SNE  SO  BOGA.



Изменето од dejanpp - 25.Јануари.2009 во 18:43
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 18:17
Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 18:29
среќа

kako i da e, veroispoved stanal mnogu podobar od porano 
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 18:40
Dejan ne mislis deka tvojot post bi bil podobar da e normalen font... ke moze polesno da se procita pa moze i ke te razberat drugite... намигнување
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
THEPRINCESS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај THEPRINCESS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 19:57
Nekogas veruvav vo gospod i takvi stvari megutoa kolku poveke gi analiziram rabotite tolku poveke svakam deka takvo nesto NE POSTOI.
1. Neli toj e covekot sto propagira ednakvost megu lugeto? Zosto ne se site ednakvi?
2. Svetoto se poveke odi kon propast. Kade e taa bozja sila koja ke go spasi os site zla?
3. Gospod vi dava se. On vi dal pari? Vi dal hrana, zena/maz? Sto vi dal? NI6TO
4. Ima covek koj so fakti dokazal deka ne postoi Isus megutoa Vatikan ne dozvoluva da se objavat tie dokazi bidejki ako se objavat ovie 2000 godini od hristijanstvoto ke padnat vo voda.
5. Kako znaes deka si pripadnik vo nekoja religija? Bidejki otkako si roden tebe celo vreme nekoj ti ja polni glavata deka si hristijanin, musliman, evrein, a ne deka stvarno si. Ako si navistina pripadnik vo nekoja vera nema da mozis ni da ja menuvas taa vera, a barem denes ima bezbroj luge koi od edna preminale vo druga vera.
I uste red drugi raboti ima aj da ne nabrojuvam se. Mene koga me boli nesto odam na doktor i toj se bori za mojot zivot, a ne gospod. Koga mi trebat pari sama se ma4am da gi specalam gospod ne mi gi frla odozgora, koga ke sakam dete ke go napravam so pomos na partnerot nema gospod da mi go prati preku strk.
Znam deka ke predizvikam ostri reakcii i losi kritiki so ovoj post, ali takvo e moeto mislenje.
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 20:13
Првите 3 тврдења ти се толку глупави,што не се ни мачам да ти одговорам.а другите делумно.
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 20:49
Кога ќе имам малку повеќе време, ќе ти одговорам точка по точка на првиот пост, а за сега, само на овој:

Originally posted by THEPRINCESS THEPRINCESS напиша:

Nekogas veruvav vo gospod i takvi stvari megutoa kolku poveke gi analiziram rabotite tolku poveke svakam deka takvo nesto NE POSTOI.

Секој има право на мислење и на лично убедување.

Цитирај
1. Neli toj e covekot sto propagira ednakvost megu lugeto? Zosto ne se site ednakvi?

Затоа што на луѓето им е дадена слободна воља - да избираат какви ќе бидат самите. Соодветно - затоа постои системот на казна и награда за стореното. Многу едноставен модел на функционирање.

Цитирај
2. Svetoto se poveke odi kon propast. Kade e taa bozja sila koja ke go spasi os site zla?

Нема потреба да го спасува Божјата Сила. Бог дал на човекот таква можност. Од чисто атеистички аспект тогаш - зошто има таква пропаст и страдања, ако човекот е толку совршено и само-доволно суштество?

Цитирај
3. Gospod vi dava se. On vi dal pari? Vi dal hrana, zena/maz? Sto vi dal? NI6TO

Не, Бог дава можност за се. Погрешно разбирање.

Цитирај
4. Ima covek koj so fakti dokazal deka ne postoi Isus megutoa Vatikan ne dozvoluva da se objavat tie dokazi bidejki ako se objavat ovie 2000 godini od hristijanstvoto ke padnat vo voda.

Овие приказни се слушаат во последниве 50 години од стотици различни извори - многу од нив објавени (дури и документарни филмови има снимени многу на темава). Ниеден од тие "докази" не ја сменил верата кај луѓето, затоа што луѓето не веруваат затоа што го виделе Бога, а затоа што го почувствувале. Односно - не го виделе со очите, туку со душата.

Цитирај
5. Kako znaes deka si pripadnik vo nekoja religija? Bidejki otkako si roden tebe celo vreme nekoj ti ja polni glavata deka si hristijanin, musliman, evrein, a ne deka stvarno si. Ako si navistina pripadnik vo nekoja vera nema da mozis ni da ja menuvas taa vera, a barem denes ima bezbroj luge koi od edna preminale vo druga vera.

Јас сум роден во семејство на атеисти. Дури и дедо ми (едниот, другиот почина кога бев многу мал), беше атеист (и тоа доста краен во тој поглед). Сам го одбрав православието како мој личен пат, иако првиот контакт со верата и религиозноста ми бил преку припадници на други вери и деноминации. Така што паѓа во вода тезата дека веруваме во нешто, само затоа што сме родени во таа вера.

Цитирај
I uste red drugi raboti ima aj da ne nabrojuvam se. Mene koga me boli nesto odam na doktor i toj se bori za mojot zivot, a ne gospod. Koga mi trebat pari sama se ma4am da gi specalam gospod ne mi gi frla odozgora, koga ke sakam dete ke go napravam so pomos na partnerot nema gospod da mi go prati preku strk.

Да, со ова се согласуваме. Од верски аспект гледано, сите овие работи и треба да бидат така како што ти ги опишуваш. Односно - ти имаш доста погрешно разбирање за Бог и за Неговата улога.

Цитирај
Znam deka ke predizvikam ostri reakcii i losi kritiki so ovoj post, ali takvo e moeto mislenje.

Напротив - секакви коментари се добредојдени!
Do what is right, come what may...
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 23:10
1. Neli toj e covekot sto propagira ednakvost megu lugeto? Zosto ne se site ednakvi?

Затоа што на луѓето им е дадена слободна воља - да избираат какви ќе бидат самите. Соодветно - затоа постои системот на казна и награда за стореното. Многу едноставен модел на функционирање.


Ne razbiram! pa sekoj ke izbere da e bogat,ubav, dobar,harizmaticen,pameten...i aj,kako sega?koj e budala da odbere da bide sprotivno od ova pogore!

dzaba ne rekle:"religijata e opijum za narodot"

ima iljada nelogicnosti , ama i koja god da im se navede na vernicite nivniot odgovor e sekogas ist...i bez normalni argumenti...i kako so rekov i porano parno e da ne se ubeduvame...niti nie "nevernicite" ke ve ubedime vas niti vie nas...
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 00:28

“Дали постои Господ?“ е прашање кои си го поставува секој, што во суштина е нормално, зашто се работи за клучно прашање, прашање над прашањата, кое пак во себе, на имплцитен или експлицитен начин ги содржи одговорите на СИТЕ прашања, кои еден човек може да ги има во својот живот. Одговорот на ова прашање е тесно поврзан со одговорите на прашањата: “Како дошло до постоењето на овој свет? Дали е создаден или е апсолутна случајност? Дали сум јас апсолутна случајност“. Размислувајќи со човечката логика и разум, сосема логично е да пристапиме на прашањето “Дали е светов апсолутна случајност?“ и доколку констатираме дека светов НЕ е апсолутна случајност, тогаш МОРА да постои Создател. Но, ова би држело САМО во случај доколку нашата логика, т.е. логиката на луѓето кои живеат во ТриДимензионалниот Универзум и во времето е универзална логика и важи СЕКАДЕ, т.е. и во нашиот Универзум и надвор од него.

За да го појаснам ова,
ако разгледуваме еден систем во кој живеат (разумни) личности, тогаш тие личности кои се ЗАТВОРЕНИ во тој систем, кој има N на број димензии (N = 1, 2, 3, 4, 5, ... ), тогаш било кое размислување на било која личност или личности од тој систем за било што поврзано со тој систем, во суштина би можело да биде, во најдобар случај, размислување на личностите ВО системот, а не ЗА системот. Зошто? Затоа што се’ што знаат личностите - тоа е нешто до кое им допира погледот, разумот, сите личностни ( и телесни) сетила, потенцијали и капацитети, но тие никако не би можеле да знаат што постои надвор од тој систем. Дури е и дискутабилно дали тие личности можат ВО ЦЕЛОСТ да го запознаат системот во кој живеат. Ако тие не би можеле да го запознаат системот во кој живеат ВО ЦЕЛОСТ и доколку тие НИКАКО не би можеле да го запознаат системот гледан “од надвор“ или “од озгора“, тогаш како би можеле да размислуваат / дискутираат ЗА тој систем, како систем, како целина, потоа како би можеле да размислуваат за настанокот на тој систем?! Дискутабилно е дали, било кој кој се обидува со своите сетила и со сите расположливи средства, кои се производ на науката и техниката да процени која е староста на универзумот, дали може да дојде до сознание, за тоа на пример: како настанал Универзумот? , како настанал првиот елемент на живот? Ова се сериозни прашања!! Дури и физичарите кои ја проучуваат (теоријата на) еволуцијата знаат дека сето она до кое што би можело да допре човечкото анализирање со сите расположливи средства и на сите расположливи начини, со навраќање наназад (во временската димензија) - тоа е до она “зрно грашок“ кое експлодирало (Big Bang - Големиот Прасок), по што после дооoooолг процес настанало сето ова што го гледаме. Пред “зрното грашок“ - никој не знае што било, од каде е тоа зрно или како настанало, зошто дошло до неговото настанување, зошто се распрснало?

За да би дошле до одговори кои се легитимни и кои би можеле да ни дадат податоци, не само КОИ сме, туку и да одговорат на многу “Зошто?“, кои се од суштинско значење, нашите погледи, барања и размислувања мораме да ги насочиме на друга страна, во сосема друга димензија. Имено, науката многу пати одговара(ла) и се обидела/обидувала да одговори на прашањата: “Дали?, Како?, Што?, Кој?“ , но прашање е колку пати одговорила “Зошто?“ , а во одговорот на последново прашање се кријат не само одговорите на прашањата “Дали? Како? Што? Кој?“ туку и многу повеќе од тоа - во одговорот на прашањето “Зошто?“ се дава и одговор на клучното прашање “Која е Смислата?“ . А ако се прашаме “Која е Смислата?“ , тогаш би ни дошло на ум да заклучиме “Јас не сум апсолутна случајност и она што ме опкружува не е апсолутна случајност!“ .

Размислувајќи, затворени ВО системот (Универзумот) и размислувајќи со нашиот човечки разум и логика, би дошле до многу нешта што би не’ бомбардирале со одговори (на човечката логика) дека не може да сме случајност или би ни фрлиле сериозно двоумење во врска со одговорот “Да, ние сме апсолутна случајност. Никој (Ништо) не не’ создаде. “. Да ја земеме за пример - симетријата. Дали тебе ти изгледа дека симетријата се појавила апсолутно случајно? Следно прашање, дали она совршенство (не го сфаќај во буквална смисла на зборот) што го гледаш секој ден во огледалото кога ќе се огледаш себеси, дали тоа е апсолутна случајност? Дали веѓите над твоите очи се апсолутна случајност или стојат да ти го штитат окото од потта од челото? Дали трепките на нашите очни капаци се апсолутна случајност или постојат за да го штитат окото од прашина, мушички,... ? Дали ресичката во твојата уста е чиста случајност или постои за да штити влегување на храна во системот за дишење? Дали сложениот систем за вид, како и целиот систем на сетила и нервниот систем се појавил случајно или се појавиле за да можеме да перцепираме она што е околу нас, потоа за да можеме да се заштитиме од она што може да биде опасност по нас? Зошто очите не ни стојат на колената или на стапалата? Дали во таков случај би можеле визуелно да ја перцепираме околината и колку би можеле да видиме? Дали очите стојат случајно, безмалку на врвот на телото или стојат таму за да можеме што поголем видокруг да имаме? Дали дојките на жената случајно имаат млеко кое е (по “случајност“) основната храна за новороденчето? Дали системот за размножување кој го имаат и луѓето и животните и растенијата се појавил апсолутно случајно или неслучајно постои за да се одржуваат човечкиот род, видовите на животни, видовите на растенија? Како се случило првото размножување? Случајно или ... ? Од каде знаел мажјакот кој ПРВ (НАЈПРВ) се размножил (случајно или неслучајно) дека неговиот орган за размножување треба да стапи во таков и таков контакт со органот за размножување кај женката ? ... Редицата на ваквите прашања би одела до бескрај... Сите овие прашања на прво место ја поставуваат СМИСЛАТА, односно прашуваат: “Која е Смислата на нештата?“

Ако е факт дека нештата, појавите, настаните, случувањата, опкружувањата - се’ што имаме и се’ што ни се случува имаат своја смисла (а ЈА ИМААТ), тогаш е недвосмислено дека не се апсолутна случајност туку дека Некоја Интелигентна Сила постои која им ја дало смислата!! ...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 01:38
Дали ќе бидеш ти атеист или теист, христијанин или муслиман, џаинист или хиндус, будист или шинтоист, или нешто друго - тоа е твое право на избор . Но еве како јас гледам на точките кои ти ги наброја:

Originally posted by THEPRINCESS THEPRINCESS напиша:

1. Нема докази дека постои бог - неколку илјади години никој не успеал валидно да докаже дека постои бог. Зошто бог се крие? Најверојатниот одговор е - затоа што не постои.

Или постои но човекот одбива навистина да го види. Бог е се`присутен. Луѓето што велат дека бог не постои бидејќи не го гледаат се како риба што плива во водата а не ја гледа. Патем Бог не се крие, а не ни молчи... Тој денес по веќе кој знае кој пат преку пророчка уста сведочи дека постои и активно дава упатства за подобар и посвесен живот. Можеби некои не веруваат во Бога, но Бог верува во нив дека порано или подоцна ќе се разбудат, затоа им го нуди Внатрешниот Пат кон Него.
Originally posted by THEPRINCESS THEPRINCESS напиша:

2. Бог е несфатлив - Што е бог? Само едно сведоштво на непознавање на нештата. Како она што е несфатливо, необјасниво, може да ни го објасни тоа што не го знаеме. Ако бог постои, кој го создал? Според повеќето од светите записи тој многу личи на човек, значи може да се сомневаме дека тоа и е.

Што е и кој е Бог? На ова прашање примен е директен одговор преку пророчицата за денешно време, Божјиот инструмент - Габриеле од Вирцбург: Бог е Дух. Тој е енергетското поле на бескрајот од кој се разлева секадешниот живот. Бог е вечно струечка светлина која ги проткајува чистите духовни форми, но исто така делумно материјалните и потполно материјалните подрачја. Духот не е човек и не e личност. Духот самиот себе си си има дадено форма, тоа е: Бог - Отец. Може и да се каже дека Бог има своја безлична(Светиот Дух) и лична природа(Небесен Татко).
Originally posted by THEPRINCESS THEPRINCESS напиша:

3. Религиските догми се во контрадикција со она што секојдневно ни се случува - Човекот знае дека ќе умре и нема ништо после смртта. Зошто да се обожува бог кој го казнил човекот само за еден грев, толку перверзно суштство кое создал човек, ама и јаболко за да го искушува. Зошто да се одбере оваа религија, а не некоја друга? Злото постои, а бог е сведок - пасивен е или немоќен? Страдање и смрт на деца - невини по дефиниција, зошто ништо не прави.
Бог е совршен. Тој никого и никогаш не казнува! Но не се вмешува во последиците кои настануваат од активностите на човекот. Навистина е перверзно да се верува дека Бог го казнил човека заради еден грев. Воопшто, перверзија е да се верува дека Бог казнува. Од Божјите објави во денешно време, дознаваме дека вереувањето во Бога кој казнува се телепатски импулси испраќани од демонските подрачја со цел човек да се оддалечи од Бога и вечното постоење.
Originally posted by THEPRINCESS THEPRINCESS напиша:

Злото постои, а бог е сведок - пасивен е или немоќен? Страдање и смрт на деца - невини по дефиниција, зошто ништо не прави.
Овој став произлегува од непознавање на длабоките духовни закони и меѓузависности како што се причинско-последичниот закон(законот на карма) и реинкарнацијата. Од каде произлегува злото? Од Бога или човекот? Зошто Бог би требал да се вмеша во нешто што човекот самиот си го направил. Бог само благовремено опоменува за можните последици.

Секоја акција предизвикува одредена реакција. Реакцијата односно последицата меѓутоа не мора да додје до израз во овој живот, туку во некое наредно отелотворение на Земјата. Ако некој на пр. намерно учествувал во финансирање на оружје кое потоа било употребено за убивање, еден ден неговата душа ќе се реинкарнира во подрачје каде владее војна и ради тоа ќе мора да пати. Тоа не е Божја казна, туку последица од неговата постапка. Како човек сее, така и ќе си жнее. Бог меѓутоа нуди помоши и излез од заплетканоста во нашите сопствени причини, но наш е слободниот избор дали ќе ја прифатиме помошта која ни се нуди.
Originally posted by THEPRINCESS THEPRINCESS напиша:

4. Она што го ветуваат религиите е преубаво за да биде вистинито - премногу лесно ни ветуваат се што ќе посакаме - вечност, да ги видиме повторно оние кои сме ги изгубиле, прошка за она што сме го згрешиле...
Христос преку пророкот за денешно време вели дека не постои тнр. угодно т.е. комфорно вознесение до Бога и вечноста. Тоа е возможно само преку работење врз самиот себе си, самоосознавање, практикување на божјите закони во чувствата, мислите, говорот и постапките. Кој тоа се обидел, знае колкав напор е тоа.
Originally posted by THEPRINCESS THEPRINCESS напиша:

5. За да се чувствуваш слободен - да се нема илузии, кон која и да е догма. Да се одбијат готови решенија. Зашто да клечиш и да се понижуваш пред нешто чие постоење никогаш не е докажано е апсурдно, безвредно за Човек. За да не се биде манипулиран.
Бог е апсолутната вистина. Вистината е спротивно од илузијата и вистината никогаш нема потреба да манипулира. Бог на човека му дарувал разум, само што човек не секогаш доволно го употребува за да се праша за заднината на нештата. За жал, дел од луѓето кои се претставуваат како застапници на вистината - а во прв ред ги наоѓаме во институционалните религии и политичките партии - честопати влечат за нос цели народи. Од таму произлегуваат и многу душевни и материјални страдања. Значи повторно зачетникот на стардањата не е Бог туку човекот.
Originally posted by THEPRINCESS THEPRINCESS напиша:

6. Поради негативното влијание на религиските организации - го поттикнуваат религискиот фанатизам и нетолеранцијата. Конзервативни се и против прогресот. Поради религиските војни и Инквизицијата. Христијанството учи на резигнација, на покорност. Сојуз со политиката за сопствен интерес на религиските водачи. Штетното влијание на религиите на секое општество.
Навистина, имало и има такви религиски организации. Но дали се сите такви? Кој ги заговарал религиските војни? Кој ја основал инквизицијата и зошто? Бог??? Тој сигурно не! Тој постојано зборувал преку пророците против војните и интригите кои не ретко се довивале во негово име! Но свештенството, Божјите пророци ги прогласувало за еретици, ги прогонувало, мачело па дури и убивало. А денес ги исмева, клевети и ги хушка луѓето против нив, бидејќи на институционалните религии не им одговара Бог кој постои и кој има и ден денес што да каже наместо нив.
Originally posted by THEPRINCESS THEPRINCESS напиша:

7. Прогресот на науката - прогресот на науката секој ден отркива докази што ги објаснуваат појавите што човекот често им ги припишувал на божествата. Бог е оттурнат на маргините, таму каде што науката се уште не стапнала.
Самиот/самата велиш: човекот често им ги припишувал на божествата.
Со ова е се` кажано! Што има врска Бог со човековото незнаење? Човекот е тој кој се оттргнал од Бога и станал глув и слеп за неговиот светлосен глас во внатрешното на човекот. Поради тој хендикеп кој човекот самиот си го создал, Бог излегува во пресрет и говори преку просветлени мажи и жени кои можат во своето внатрешно непречено да ја примаат неговата Реч и имаат налог(мисија) истата да ја пренесуваат понатака до јавноста. Кога човекот би ги живеел божјите закони, Бог самиот би му ги открил сите наводни „тајни„ на постоењето.
Originally posted by THEPRINCESS THEPRINCESS напиша:

8. Има луѓе кои живеат добро, дури и без бог - Вербата спасува! Од што тоа спасува? Неверниците не се чувствуваат изгубени. Не им треба да бидат спасени. Бог нема практична употреба, не е потребен за да се биде среќен.
Бог спасува од: болести, судбински удари, реинкарнирање...

Со суровиот и страшен бог за кој зборува Библијата(во прв ред стариот завет) и голем дел од тнр. христијански деноминации, морам да се согласам дека нема среќа! Напротив, има само: маниупалција, стагнација, чемер и јад. Историјата тоа го покажа и докажа. Но со вистинскиот Бог кој е вечна Љубов и Светлина може да има само трајна среќа и просперитет. Секој има слобода во која идеја за Бог ќе одбере да верува или не верува.
Originally posted by THEPRINCESS THEPRINCESS напиша:

9. Поради хуманизмот - да се разбуди свеста дека основната грижа е човекот и иднината на човештвото, како тој да се направи задоволен, а не да се задоволува некоја илузија (бог).

Па зошто тогаш на многумина им се чини дека нема иднина и задоволство?
Originally posted by THEPRINCESS THEPRINCESS напиша:

10. Да се биде свесен дека не се подлегнува на полесни решенија - многу е потешко да се биде атеист и да се соочиш со проблемите, отколку да си верник.
Одлично кажано!!! Самиот/самата си даде одговор! Зошто да не си олесниме? Со вистинскиот Бог(не оној од црковните догми), животот станува полесен! Божјата пророчица Габриеле напиша на таа тема и една убава и практична книга: Со Бога се живее полесно - книгата иако е преведена на македонски засега не е отпечатена, но достапна е на италијански, полски и германски.



Originally posted by THEPRINCESS THEPRINCESS напиша:

11. Хумор тест - многу е полесно да се прават шеги за верници отколку за атеисти. Едвај чекам да чујам некој виц за атеисти што навистина може да ме насмее.

Па тоа може со секој виц да се направи. Ја менуваш само именката

Изменето од Majkl - 26.Јануари.2009 во 01:45
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.