IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - неверникот ќе постане ли верник?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

неверникот ќе постане ли верник?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 18>
Автор
Порака
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2009 во 18:59
Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

Majkl, me raduva faktot shto imash doblest smireno da mi replicirash, ok, a shto se zezna so Borhes jasno e, a i so E.A.Po, ..kako i da e, kolku - tolku objasniveme shto e koj e. I odime ponatamu ..the show must go on !
A zosto se zeznav so Borhes? Sè si e na mesto. Ne velam deka treba da bide adut(ako e taka pa E.Kant go otfrlal Swedenborg vo najgolem del) no e dobra ilustracija za onie koi sakaat da se zaponaat so Swedenborg i negovite vizii. Procitaj pa ce vidis, ne velam deka moras da ti se dopadne.

Swedenborg ne slucajno go spomnav vo kontext na temata bidejki bese covek posveten na naukata i racionalnosta. Negoviot zivoten pat drasticno se promeni dve i pol decenii pred negovata smrt. Voedno otkoga pocna da pisuva spiritualni knigi crkvata epten go zamrazi. Ne slucajno vo London ziveese. A negovite dela seuste se naodjaat na katolickiot index na duhovno "stetni" knigi za vernicite...
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2009 во 11:43
Originally posted by polzavce polzavce напиша:

... Накратко, моралните вредности во едно општество се променлива категорија. Вредносниот систем се менува ( не толку брзо), но континуирано. На пример денеска како една од врвните вредности во општеството е поседувањето пари, општествена моќ и влијание...
...
Историјата покажува дека порано вредностите биле поинакви. Општеството било засновано на она што денес го викаме -вистински вредности-...

А што, порано (пред 1000, 2000, 5000 години) не биле истите тие врвни вредности? изненадување
Кои се тие вистински вредности кои биле во поранешните општества,а кои ги нема денес
?збунетост
Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:

... Мислам дека Ateist не се налути, (а и не треба да се налути) на мојот пост, затоа што употребив изрази што се наоѓаат во неговиот потпис, па само малку ги разместив, за да се потврдат зборовите на Спасителот Господ Исус Христос: „...со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери...“ (Свето Евангелие, според светиот апостол и евангелист Марко, 4 глава, 24 стих.

Значи му враќаш „мило за драго“, така?намигнување И, за тоа наоѓаш оправдување во наведените зборови на Исус „со каква мерка ...“!
Хм,размислување! Нели оваа погоре цитирана христова изјава е иста со старозаветната „око за око, заб за заб“? И нели е контрадикторна со онаа „ако тој тебе по левиот образ, ти заврти му го десниот“?изненадувањезбунетост Зошто не се однесуваш по оваа вторава, па да му го завртиш и другиот образ, туку се фаќаш за „око за око ...“ уф, не, се фаќаш за „со каква мера ...“голема%20насмевка
Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:

... Дали е тоа потврда дека тие (10 Божји заповеди) ти се допаѓаат, дали ти се важни, и мили и дали би сакал да ти се патеводителка во животот?

Да не ги анализираме сите 10 заповеди. Да ги споредиме само 6-та и 9-та. Шестата вели „Не убивај“. Не потенцира ниту ближен, ниту далечен. Едноставно, не убивај и точка! Ова е сосема разбирливо и прифатливо и за мене. Но, деветата вели: „Не сведочи лажно, против ближниот свој“. Ова значи дека против тој што ти е далечен, можеш да сведочиш лажно. А, под „ближен“ не се сметаат сите луѓе, како што некои објаснуваат, туку и бог (таткото) и господ (Исус Христос) јасно кажуваат дека под поимот ближен се мисли на евреите. Ако се мислело поинаку, тогаш заповедта би била „Не сведочи лажно“ и точка! Ниту против ближен, ниту против далечен.

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

1)Bratce Ateistu, ke ti kazam nesto... Do svoite 23 godini bev ATEIST.Pred toa jas ja nemav citano Biblijata, ... Dodusa, ja imav citano Ilustriranata Biblija za deca ...

Тоа е исто како јас да кажам знам да свирам, а да имам само два пати фатено инструмент во рака. На други теми имам пишано дека јас на сите мои пријатели, со кои дискутираме за религијата, и кои се декларираат за верници (а ја немаат воопшто прочитано библијата), им велам: „тој што сака да не верува во бог, нека ја прочита библијата.“ Но, не како романче и од таму да прифаќа се здраво за готово. Туку да мисли со своја глава зошто е така, да анализира! Дури тогаш може да се осознае вистинската вредност на библијата (религијата).
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

... Za mene religijata bese kako sto veli dragiot prijatel Anakin, "Veronautika", se dodeka eden moj drugar ne stana Jehovin svedok i jas sakav da go spasam da ne veruva vo gluposti, da mu najdam dupki vo ucenjata, zasto bese dobar covek i bev zacuden kako moze odednas da veruva vo takvi raboti i sakav da mu gi kazam protivrecnostite sto "palea" kaj site vernici.No, toj na sekoe moe prasanje imase odgovor,taka da me zainteresira da gi proucuvam negovite knigi i Biblijata ...

Ете, ова е уште една потврда на она што погоре го реков. Претходно ти лично да си ја имал прочитано библијата (а не само други книги кои ја напаѓале) ќе си знаел што и како да го прашаш пријателот и да не потпаѓаш под негово влијание. Овака, ти си бил неспремен кога си влегол во дискусија со него и нормално е дека тој ќе те „преобрати“. Си се запрашал ли како тоа, ти за 23 години „атеизам“ си дозволил тој за толку кратко време, со само „неколку збора“ да те убеди? Хе, за тоа има специјални методи, техники на „убедување“ на кои ти си подлегнал. Дури после преобратувањето ти си почнал да ја читаш библијата, но тоа сега веќе е читање со предубедување. Значи, ти прво во себе си прифатил одредено учење и, сега ова читање на библијата всушност го подразбираш како надградување на веќе прифатеното.

На крај, дозволете ми една компарација на оваа тема (преминување од неверник во верник) со тема која навидум би изгледала оф топик.
Колку пратите мода? Дали сакате да сте во „тренд“? Дали (секогаш) носите она што е „денес“ модерно? Дали ви се променливи вкусовите?
Јас, уште од најрана младост не сум ја практикувал модата. Со текот на годините сум изградил еден свој стил на облекување, еден свој вкус за убаво, елегантно, практично ... и не отстапувам од тоа. Ова не значи дека не пратам што се случува во модата. Далеку од тоа. Можеби во тој нов бран ќе се појави нешто што ми се допаѓа, што е по мој вкус, но друга работа е дали ќе ја прифатам секоја модна новотарија. Еве, еден по пластичен пример. Лани на мода беше облека со на пр. портокалова боја и „сите“ купуваа и носеа таква облека. Оваа година модерна е на пр. дреч зелената. Повторно сите купуваат дреч зелена. Мене ниту на крај на памет не ми паѓа да купам облека со такви бои. Јас ги сакам пастелните бои. Ова е само за боите. Истото важи и за се друго.
Мислам дека ја разбирте мојата алузија! Се додека човек нема изграден став за нешто, можно е да потпаѓа под секакви други влијанија. Меѓутоа, опасно е ако „скрос“ ја затвори вратата. Таа треба да биде малку „подотворена“ за нови работи.

Р.Ѕ. Без навреда кон останатите, но мислам Меси најубаво ќе ме разбере!
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2009 во 18:10
Уф, колку ми избегала напред темата?

ај да пробам да се вклопам некако

Секако дека секој има право на своја определба, но од моја гледна точка мислам, па и лично сум убеден, дека е подобро да си побожен отколку атеист. Од повеке причини.

Најпрво заради љубов. Ако Бог постои, а постои, и Он е љубов, тогаш е најубаво и ти да заедничареш и партиципираш со таа апсолутна и совршена љубов.

Вториот однос со Бога е наемничкиот преку кој ние заради нашите „подвизи и живот според Бога добиваме од Него благодата која го смирува, топли и усдпокојува нашето срце.

и трето, од страв или робовскиот однос. Кога од страв од казна не го правам она што е лошо.

како и да е, сите три причини се полезни затоа што не поттикнуваат на подобар и посовршен живот. Овде критериум ни е Бога а ако не веруваме којзнае кој и што?      

и не се работи за никаква мода Златниче. денес не е модерно да си христијанин. денес е модерно да си грешник, а до пред некоја година беше и опасно


Изменето од Опитен - 21.Јануари.2009 во 18:13
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2009 во 18:19

Opiten, pozdrav !

da go dopolnam ( filozovski) tvojov kometar :

Ako Bog ne postoi, togash nishto ne e vistina i se e dozvoleno !

Изменето од Marko sk - 21.Јануари.2009 во 18:23
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2009 во 18:32
Blagodaram brate Marko za zabeleskta
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2009 во 18:59
Опитен, ednash napishav osvrt za onoa sto se podrazbira denes pod terminot "religiozen chovek" i togash rekov deka 90% od lugjeto se nekakvi vernici od nezanenje, strav ili interes. Strav od kazna i ultimativno posmrtno odenje vo pekolot i interes za dobivanje nagradi od Boga, a ultimativno posmrtno smestuvanje vo Rajot.

Ti so tvojov posleden komentar samo go potvrdi toa.    

Za mene lichno, ova e onoa sto ne treba da se narekuva religioznost, bidejki toa ne e pat na osoznavanje, tuku pazar za kalkuliranje i dobivanje na idealizirana vechna sekja i blagodat.

Izvini sto vo mojava replika go koristam tvojot komentar, no vo momentov toj e najprikladen za poentata sto sakam da ja napravam. Mozheshe istoto da bide kazhano od bilo koj drug chlen i ve molam moeto javno razmisluvanje da ne se prifati kako navreda upatena kon nikogo, tuku kako analiza i konstatacija za motivite na vernicite od SITE religii. Sledenjeto na teologii i dogmi od strav ili interes ne e religioznost.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2009 во 19:34
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Опитен, ednash napishav osvrt za onoa sto se podrazbira denes pod terminot "religiozen chovek" i togash rekov deka 90% od lugjeto se nekakvi vernici od nezanenje, strav ili interes. Strav od kazna i ultimativno posmrtno odenje vo pekolot i interes za dobivanje nagradi od Boga, a ultimativno posmrtno smestuvanje vo Rajot.

Ti so tvojov posleden komentar samo go potvrdi toa.    

Za mene lichno, ova e onoa sto ne treba da se narekuva religioznost, bidejki toa ne e pat na osoznavanje, tuku pazar za kalkuliranje i dobivanje na idealizirana vechna sekja i blagodat.

Izvini sto vo mojava replika go koristam tvojot komentar, no vo momentov toj e najprikladen za poentata sto sakam da ja napravam. Mozheshe istoto da bide kazhano od bilo koj drug chlen i ve molam moeto javno razmisluvanje da ne se prifati kako navreda upatena kon nikogo, tuku kako analiza i konstatacija za motivite na vernicite od SITE religii. Sledenjeto na teologii i dogmi od strav ili interes ne e religioznost.


Не може човекот одеднаш да го осознае Бога и да стане бог по благодат, исто како што и на бебето не може одеднаш да му се даде месо.

Затоа не може да се рече, дека првите два степени на духовност (двата подолни) не се религиозност. Светите Отци го имаат поминато патот до задобивање на обожение, и од својот личен опит тие многу јасно кажуваат кој е начинот да се стигне до истото.

Еве, пак да направам споредба со децата. Кога се мали, децата не ги прават лошите работи од страв да не бидат натепани од родителите (не ги ставај прстите во штекерот, не ја фаќај печката ќе се изгориш, не оди бос, пресоблечи се испотен си - ќе се разболиш). Децата најчесто им се инатат на своите родители, сметаат дека тоа е премногу, но од страв, тие се послушни. Еднаш или повеќе пати биле тепани, па знаат дека ако не послушаат, пак ќе бидат натепани.

Понатаму, во тинејџерските години, зарем децата не воспоставуваат наемнички однос со своите родители? Ќе учам да извадам петка, па моите ќе ми купат плејстешн. Вечерва нема да излегувам до 2 сабајле, затоа што ќе бидам казнет за наредниот викенд. Ќе му помогнам на татко ми со цепење дрва, затоа што ми вети дека ќе ми даде 100 денари, а баш ми требаат за вечерва.

Е сега, кога децата ќе ја достигнат својата зрелост, нивниот однос кон родителите се преобразува. Да се разбереме, не дека претходно децата не ги сакале родителите, но, во своите односи ги пројавувале тие степени на развој (послушание од страв да не бидат казнети, и послушание заради наемништво). Значи, кога децата ќе станат зрели, тие почнуваат своите родители да ги чувствуваат како пријатели, активно им помагаат во проблемите (финансиски, телесни, духовни проблеми), се застапуваат за нив, а кога родителите ќе остарат, дури и се грижат за нив. Тоа не го прават поради страв или поради наемништво (иако не велам дека нема и такви случаи - го чуваат за да му ја земат куќата), туку го прават од љубов.

Речиси секој човек од детството до адолесценцијата ги поминува овие фази на развој.

Многу слично е и со духовниот раст на човекот. Куќа не се започнува со покрив, туку со темели. Значи, сите ние ги минуваме тие фази на духовен развој.

Страшното е ако се задоволиме со пониските степени од духовност, а сме знаеле или сме слушнале дека постои и посовршено.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2009 во 20:27
makarios, ne zboruvame za deca i adolescenti, koi nie postarite ushte od mali sme gi nauchile na trgovija (ako napravish "ova", tato ke ti kupi "ona" ili ako ne go napravish "toa" kje si dobiesh po zadnicata bidejki taka e najdobro za tebe), tuku za lugje koi se obiduvaat da go osoznaat Kreatorot i Kreacijata.

E toa osoznavaje, kako i sekoe drugo, ne se pravi od strav ili bilo kakov ineteres. Bidejki togash toa ne e osoznavanje, toa ne e religioznost, tuku toa e tokmu onoa sto ti go nareche naemnichnost, a jas go narekuvam trgovija - jas kje bidav "vakov" zatoa sto potoa od dedo Bozhe kje dobijam "ona".

Uhte podobro takviot odnos se gleda preku odgvorot sto kje go dobiete ako gi prashate tie liugje - shto ako seto toa ne e vistina? Odgovorot, kako po pravilo, e sledniot - mozhebi i da ne e vistina, no sto ako e navistina? Jas toa kje si go napravam za sekoja sluchajnost za da ne mu mislam potoa... taka nema sto da izgubam.

Ete taka razmisluvaat tie 90% "vernici" i "religiozni" lugje. A kako sto gledate, vo toa nema nitu 1% religioznost.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2009 во 20:29
Еве зошто сметам дека анти - теизмот е бесмислен.

Најпрвин, атеизам претставува негативен однос кон Бога.  Атеизмот во своите доктрини и постаки се доведува до ниво на религија, нешто слично како богот на Спиноза, кој го исповедал и самиот Ајнштајн. Значи, и во атеизмот се градат догми, и се следат некои верувања.

Анти-теизмот од друга страна е неверие. Претставува чист материјализам и има врска со нихилизмот.

Догматот на Ниче вели: „Не постои апсолутна вистина“, а следбениците на Ниче тоа го релативизираат велејќи: „Се е релативно“. Дури и анти - теистичките научници, па дури и атеистичките научници велат дека вистината е емпириска. Но, Свети Серафим Роуз од друга страна пак вели, дека таквите постулати се парадокси.

Тој вели дека тврдењето дека не постои апсолутна вистина е апсолут, што самото по себе е контрадикторно. Не е издржано според математичката логика.

Исто така, тврдењето дека се е релативно, остава можност дека можеби има нешто што не е релативно, што е апсолутно, што пак самото тврдење по себе се сведува на reductio ad absurdum.

Понатаму, Свети Серафим Роуз вели дека до основните принципи на секој систем на знаење не може да се пристапи од самото знаење, туку тие мора да бидат дадени однапред; тие не се предмет на научна демонстрација, туку на вера. Но, ако верата не постане жртва на прелеста (субјективна заблуда), таа мора да биде вкоренета во вистината. Се поставува прашањето, дали принципите на научната вера, какви што се кохерентноста и униформноста на природата, транссубјективноста на човековото познание, способноста на разумот да изведува заклучоци, се засновани на апсолутна вистина. Ако не се, тогаш сето тоа се само претпоставки, кои не можат да се докажат.

Таквата вистина, било да се изобразува како Бог, или како сеопшта взаемна повзаност на тварите, е метафизички пристап кон апсолутната вистина. Но, со тоа, релативноста на вистината доживува колапс, затоа што самата себеси се разобличува како апсолут, кој е противречен самиот на себе.

Значи, свети Серафим, по пат на математичка логика, покажува дека не може да постои нешто што не е апсолутна вистина.

Е сега, ако апсолутната вистина ја сметаме за сеопшта заемна поврзаност на тварите, односно ако од апсолутната вистина го апстрахираме Бог, тогаш се губи смислата за нашето постоење. Почеток на времето од ваквата позиција, до некаде може и да пројде - најпрвин немало време, а кога настанал првиот импулс, започнало и времето. Но, исто така се тврди дека материјата настанала ниодшто (не од ништо, туку од ниодшто). Исто така, според тврдењата на современата наука, вселената е во постојано ширење, и во одреден момент од времето, толку ќе се прошири, што едноставно ќе ја снема, т.е. пак ќе се врати кон ниодшто.

Што е тогаш човековиот живот? Ваквите погледи, нужно го доведуваат разумот да заклучи дека по биолошкиот престанок на нашиот организам, од таа единка не останува ништо. Енергијата се трансформира од еден вид во друг и толку.

Значи, нашата сопствена свест за нашето постоење ја снемува. Не постои веќе. Како што не` немало пред да се родиме, ќе не` нема и откако ќе умреме. Дури и да сме радикални во нашето живеење, па да оставиме печат во светската историја, па демек, ќе живее споменот за нас, пак за самите нас е неважно, затоа што нашата свест нема да ја има.

Некои научници одат до таму, што тврдат дека нашата свест може да се зароби во меморијата на некој компјутер (дури има и такви експерименти - целокупното знаење и познание на личноста, заедно со сеќавањето да се дигитализираат), но, и тоа не ја гарантира вечноста на нашето постоење, затоа што, нели исто така, вселената евентуално во одреден период од времето ќе се врати во ниодшто, и со тоа и нашата заробена совест во компјутерот.

Ако тоа е така, тогаш е сосема неважно каков живот ќе живееме (во поглед на нашата совест и нашето сеќавање за себеси). Можеме да бидеме Хитлер, можеме да бидеме убијци, силувачи. Може да правиме добри дела. Може да постанеме и најдобриот човек на светот. Можеме и да се самоубиеме - едноставно сеедно е. После нашата смрт, споственото сеќавање за себеси не постои. Поради таквата поставеност, дури и стравот од смртта е смешна.

Од друга страна, побожниот живот ни нуди сосема поинаков светоглед, а според здравиот разум и пологичен. А од сите вери, сметам дека најисправна е христијанската, затоа што само таму Бог е Апсолутна Љубов и е Личност, и ние имаме личносен однос со Него. Од сите христијански деноминации пак, највистинска е православната, затоа што само таму во целата своја полнота се излева Светиот Дух, е задржано апостолското преемство, се зачувани Светите Тајни, го држи Светото Предание на Бог, а сведоштвото за тоа е изобилната благодат која се излева и многубројните чуда и светители кои ги има и денеска.


Изменето од makarios - 21.Јануари.2009 во 20:36
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2009 во 21:33
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

Blagodaram brate Marko za zabeleskta

Not at all, you welcome !
----

A gledam makarios dobar tekst postiral.

Ajde da vidime dali mozheme da sublimirame na sl. nachin:

Ako ne dojdeshe Hristos, svetot seushte kje nalikuvashe na sostojba slichna na drevna izreka (fraza):
citat:
:„древната фраза која во потполност се нафрла самата врз себе - изградена буква по буква налик на лавиринт од кој не може да се излезе, на начин којшто совршено ги соединува формата и содржината на вечното проклетство:
In girum imus nocte et consummlur igni.
Ние во круг се вртиме во ноќта и не голта огнот“. ( zavrshen citat)

OVAA MRACHNA SOSTOJBA, HRISTOS, SO RADOSNATA VEST – SE NABLIZHUVA CARSTVOTO BOZHJE, EDNOSTAVNO JA RASTURI I DONESE NADEZH ZA SIOT CHOVEKOV ROD KOGA NI GO POKAZHA PATOT NA NASHETO SPASENIE…...(PAT, KOJ ZA SITE ‘MESII’, MUDRECI I FILOSFI PRED NEGO BESHE NERESHIVA ZAGATKA).

Ova e sublimiranata sushtina na Hristijanstvoto koja mu ja dava supremacijata ( normalno od svoite vernici) na najisapravna religija, a Pravoslavnata Crkva smeta deka go drzhi najispravniot teoloshki koncept!
Za kakvo prosvetluvanje misli Messenger, ne razbiram ?
Verata vo Boga, koja Opiten ja potencirashe e elementaren pre-rekvizit za nasheto spasenie ! Teoloshkiot concept e toj, dodeka religiski concept ne postoi, religija vo izvorna forma znachi neshto sveto, bozhenstveno, vera, vozvishena sostojba na sovesta i svesta. Sl. i Vujaklija go ima definirano poimot religija.
PS. Se obiduvam da citiram necrkovni knigi i rechnici( sepak smetam deka se poobjektivni) kako bi se izbegnala zamkata na teoloshkite doktrini!

PPS. Nemam sl. vreme da postiram nekoi tekstovi koi se kontra teologijata - religijata, zashto samo taka, koga kje se soochat konceptite i stavovite na lugjeto koi ja “kreirale” svesta na nashava civilizacija (kako religiski, taka i nereligiski) t.e. go zadolzhile svetot so svoite dela, mozheme da ja vidime filosofskata izdrzhanost na poedinite uchenja i percepciite za svetot vo koj zhiveeme i za "svetot" vo koj, za navek kje odime !




Изменето од Marko sk - 21.Јануари.2009 во 22:27
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2009 во 00:12
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


[QUOTE=polzavce]
... Накратко, моралните вредности во едно општество се променлива
категорија. Вредносниот систем се менува ( не толку брзо), но
континуирано. На пример денеска како една од врвните вредности во општеството е поседувањето пари, општествена моќ и влијание...
...
Историјата покажува дека порано
вредностите биле поинакви. Општеството било засновано на она што денес
го викаме -вистински вредности-.
..



А што, порано (пред 1000, 2000, 5000 години) не биле истите тие врвни вредности? изненадување
Кои се тие вистински вредности кои биле во поранешните општества,а кои ги нема денес
?збунетост



Вистински вредности од поранешните општества се на пример: соживот, помагање, разбирање на другиот........
Дали денеска ги имаме во количини во кои биле присутни порано????????

Кога велам порано не мислам на периодот пред 100 години.........мислам на далечното, далечното минато......на општествата што ги викаме примитивни......
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2009 во 00:18
Баба ми се фали дека кога ќе иделе на гости, тие често и не ја затварале вратата од куќата. А сега мораш 3 брави да заклучиш кога идеш и до комшијата од својата зграда.
Тоа е доказ дека неморалот расте, а љубовта оладува... како што предвидела Библијата.
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2009 во 10:16
Originally posted by makarios makarios напиша:

Еве зошто сметам дека анти - теизмот е бесмислен.

Најпрвин, атеизам претставува негативен однос кон Бога.  Атеизмот во своите доктрини и постаки се доведува до ниво на религија, нешто слично како богот на Спиноза, кој го исповедал и самиот Ајнштајн. Значи, и во атеизмот се градат догми, и се следат некои верувања.

Анти-теизмот од друга страна е неверие. Претставува чист материјализам и има врска со нихилизмот.

Ајдееее! Повторно на почетокот! Само ме буни што овојпат овие зборови ги пишува Макариос, кој верувам е длабоко завлезен во теологијата.
„Карма каша“ е направено со значењето на зборовите атеизам, антитеизам, нихилизам, догми...!
Макариосе, атеизмот не е „негативен однос кон бог“. Барем не во таа смисла на значењето на зборот „негативен“ (непријателски). За да имам негативен однос кон некого, пред се тој треба да постои и јас треба него да го познавам. Еве, за да полесно бидам разбран, да речам на пр. дека јас и ти се познаваме и, дека поради твоите мислења, јас имам негативен став кон тебе. Тоа донекаде е разбирливо и прифатливо. Но, како можам да имам негативен однос кон твојот комшија, кого воопшто не го познавам? Пази, овој твој сосед дури и навистина постои, што значи дека поголема е веројатноста да имам негативен однос кон него, отколку кон бог, нешто што не постои! Значи, мојот атеистички однос кон бог повеќе би се рекол дека е индиферентен. Дури, се прашувам дали и овој термин е соодветен, бидејќи индиферентен може да се биде и кон неко работи кои реално постојат! Едноставно јас неможам да имам никаков однос кон бог, па според тоа и негативен, непријателски ...
Догми во атеизмот? Пази која поврзаност на работите правиш! „Антитеизмот е неверие, тој е чист материјализам и има врска со нихилизмот“!
Од каде пак сега ја извади оваа поврзаност?
Ајде, еве да прифатам дека во основа антитеизмот е неверие, но биди конкретен. Тоа е неверие во бог. И не само што не верува во бог, анти теистот (самиот збор кажува) се спротивставува, се бори против теистите, луѓе кои веруваат во бог. Но, тоа во никој случај не значи дека тој верува само во материјалното. Како и атеистите, така и антитеистите веруваат и во идеални работи, пријателство, морал, љубов (само не кон бог) ... И, на крај, која е врската меѓу материјалното и нихилизмот? Пишуваш нешто без врска, колку само да се нападне.
Од сите набројани работи во твојот последен пост (дека само православието е она вистинското, и се друго негираш) ме доведуваат до заклучок дека токму ти си тој кој има нихилистички однос кон се што не соодветствува со твоите убедувања.
Originally posted by makarios makarios напиша:

... Догматот на Ниче вели: „Не постои апсолутна вистина“, ... Но, Свети Серафим Роуз од друга страна пак вели, дека таквите постулати се парадокси...

Аха! Значи овој Ниче е догмат, а? Добро. А, Серафимчо не е?
Кој е тој Серафим Роуз на кој постојано се повикуваш? Ај што верувате во бог и во Исус и така и така, некако да имам разбирање за вас. Но, да веруваш во некои серафими или други „просветлени“ навистина ви се чудам. Толку ли лесно потпаѓате под нечие влијание? Некој малку попаметен да „склепа“ 2-3 добро поврзани мисли, со малку подлабока филозофска содржина (која тешко некој да ја разбере), вие веднаш „паѓате“. Но, и покрај тоа, не велам дека сте безумни, ниту дека сте без здрав разум, како што вие милувате да речете за нас, кои не веруваме во бог.

И, на крај, цел реферат напиша за „вистината“ (апсолутна и релативна), за тоа како настанал светот, за ширењето и умирањето на вселената и се што е во неа, за времето, за смртта, за свеста, за енергијата ... и за тоа барате научно објаснување. И, нормално, бидејќи наброените работи се само претпоставки кои  (сега-засега) неможат да се докажат, вие велите дека тоа е божјо дело. А освен овој општ одговор, кој не кажува ама баш ништо. ... :

Originally posted by makarios makarios напиша:

... Од друга страна, побожниот живот ни нуди сосема поинаков светоглед, а според здравиот разум и пологичен.

... вие не давате никаков друг одговор.
Е ајде де кажете, кој е тој друг светоглед кој ги нуди одговрите на сите прашања кои ги постави погоре. Што ни’ нуди побожниот живот? Како настанал светот? Каде, во кој простор бог го сместил светот што го создал? Каде, во кој простор бог престојувал пред да се реши да го прави светот? И на крај, како неможе светот (според науката) да се создаде „ниодшто“ (како што велиш ти), а бог да може? Значи, како се создал бог од „ниодшто“?
На крај, нели сите „заглавуваме“ на истото прашање - што било на почетокот? Разликата е во тоа што науката за тоа дава разни објаснувања, и она што денес го дава како теорија, утре (врз основа на согледувања, испитувања...) истата таа наука го негира. Значи се остава простор за разни можни одговори. За разлика од науката, теологијата вели дека бог го создал светот и точка. Нема што тука повеќе да му ја мислиш. А како „доказ“ за тоа се повикува на „несоборливата“ библија. Така пишува таму. Амин.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2009 во 11:26

Dolgo vreme ne pisuvav na forumot:) Sto se odnesuva do tvrdenjeto na Ateist i Zlatnik , pa i na Butel2, deka pred da se obratam kon Boga ne sum bil ateist tuku samo neopredelen, dobro, neka vi bide...

Majbitnoto od se e deka sega sum vernik, znaci od nevernik stanav vernik,FALA MU NA BOGA.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.