|
Одбојка |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СТРУМИЧКИТЕ КЛУБОВИ СО ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ ГО ПОТВРДИЈА ОБЕДИНУВАЊЕТО Џио Струмица нов прволигаш *
Информацијата за соединување на клубовите беше позната уште по
завршувањето на минатата сезона, но се чекаше комплетно да се
прецизираат деталите, за веста и официјално да биде потврдена. Струмичките клубови ОК Струмица и Македонија Џио постигнаа договор
за соработка во огранизациски, раководен, финансиски, играчки и стручен
план и оваа сезона во натпреварувањата организирани од ОФМ, БВА и ЦЕВ
ќе настапуваат под заедничко име Џио Струмица. Информацијата за
соединување на клубовите беше позната уште по завршувањето на ланското
првенство, но се чекаше комплетно да се прецизираат деталите, за веста
и официјално да биде потврдена. Во домашното првенство клубот ќе
настапува во двете машки лиги, прволигашкиот тим ќе го предводи Трајче
Атанасов, додека негов помошник ќе биде Атанас Ѓорѓиев, а предводник на
екипата во Втората лига, како и на сите младински состави ќе биде Кире
Ричлиев, кој воедно ќе ја извршува и функцијата координатор на
стручниот штаб. Деновиве раководството ќе ја заврши и потребната
процедура во Агенцијата за млади и спорт, како и во Одбојкарската
федерација на Македонија за регистрирање на новиот клуб. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ НА МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАВРОВО Девет играчи на првиот собир * Покрај најавените Наковски, Симовски, Зафиров, Милков и Деспотовски, од првата прозивка поради вироза отсуствуваше и Атанас Милев. Селекторот на машката сениорска репрезентација, Светислав Пеица, со девет одбојкари ги почна подготовките на селекцијата за бараж двомечот со Чешка од квалификациите за ЕП 2009 во Турција. Најавено беше отсуството на пет репрезентативци, искусните Симовски, Зафиров и Наковски, како и Милков и Деспотовски, кои се во Романија, но на првата прозивка во Маврово не се појави и Атанас Милев поради вироза. Првиот работен викенд на селекцијата се одвиваше според предвидениот план, краток работен состанок, по кој стартуваше темпирањето на формата. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ЈА ТЕМПИРАAT ФОРМАТА ЗА НОВАТА СЕЗОНА Ангажирана работа за Вардар Прволигашот Вардар Осигурување веќе втора недела активно работи во
подготвителниот период за новата натпреварувачка сезона, темпирајќи ја
формата на кејот на реката Вардар. "Црвено - црните" работат на првата
фаза, односно базичните подготовки, а од средината на следната недела
влегуваат во сала каде комбинирано ќе се работи и специфика и техника. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија слободна на стартот
* "Паузата која ја имаме на првиот ден од натпреварувањето ќе ја искористиме за "снимање" на противниците, особено БиХ, која е наш прв противник", вели селекторот Ричлиев. Машката младинска репрезентација предводена од селекторот Кире Ричлиев и неговиот помошник Блажо Тасев, од денеска па до 17 август ќе н$ претставуваат на Балканското првенство во Анкара, Турција. Македонија ќе разигрува во групата "Ц", заедно со Србија и БиХ, но на стартот нашата селекција е слободна. Ваквата ждрепка му одговара на стручниот штаб бидејќи тоа ќе претставува шанса за нашите репрезентативци да се одморат од долгиот пат, а воедно и да го проследат натпреварот меѓу конк*рентите во групата Србија и БиХ. Нашата делегација вчера во попладневните часови пристигна во Анкара, а единствено активни беа официјалните претставници кои присуствуваа на Техничкиот состанок, додека младинците одмораа. "Вчера во попладневните часови пристигнавме во Анкара, по што репрезентативците беа ослободени од тренинг бидејќи им беше потребен одмор по напорниот пат, а стручниот штаб присуствуваше на Техничкиот состанок. Македонија е слободна на стартот, а паузата ќе ја искористиме за враќање на силата на играчите и 'снимање' на противниците, особено БиХ, која е наш прв противник во разигрувањето по групи и преку која ја бараме нашата шанса до полуфиналето", изјави селекторот на машката младинска репрезентација, Кире Ричлиев. За денеска предвидено е претпладне репрезентацијата да одржи еден тренинг, додека во попладневните часови ќе ги проследи трите натпревари кои се на распоредот во првиот натпреварувачки ден. "На утринскиот тренинг ќе работиме техника и тактика, но со послаб интензитет, а попладне ќе ги проследиме трите натпревари кои се на програмата денеска. Така не само што ќе имаме шанса да ја формираме тактиката за утрешниот меч со Босна туку ќе може да видиме со каков квалитет располагаат и противниците со кои би можеле да се сретнеме во борбата за пласман", додава Ричлиев. Покрај Македонија, Србија и БиХ кои се среќаваат во групата "Ц", во групата "А" играат Романија, Црна Гора и Молдавија, додека во "Б" групата се натпреваруваат организаторот Турција, Грција и Бугарија. Албанија иако требаше да учествува на Балканското првенство и да биде домаќин, поради двегодишна суспензија од ФИВБ се повлече од натпреварувањето. Првиот ден од Балканијадата во натпреварувањето по групи ќе го отворат Романија и Црна Гора, нашите противници во групата, БиХ и Србија играат втори, додека на последниот меч од првиот натпреварувачки ден организаторот Турција ја пречекува Грција. Македонија, Бугарија и Молдавија се слободни на стартот. Натпреварите во салата "Таркан" Комплетните на натпревари од Балканското првенство ќе се одиграат во спортската сала "Селим Сари Таркан". Турската одбојкарска федерација на овој терен ќе ја прослави и 50- годишнината од своето постоење, а ова натпреварување воедно ќе претставува и последна контрола на формата на турските младинци кои обезбедија пласман на завршницата на Европското младинско првенство кое во почетокот на септември ќе се одржи во Брно, Чешка. БП МЛАДИНЦИ РАСПОРЕД - 1. КОЛО: ГРУПА "А": 16:00ч. Романија - Црна Гора ГРУПА "Б": 20:00ч. Турција - Грција ГРУПА "Ц": |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што се случува со "шпедитерките"!?
* Позицијата на тренерот Пеица ќе остане неизвесна до крајот на неговите обврски со репрезентацијата, координаторот на стручниот штаб на Работнички Ф., Миленковски, нема идеја, а играчите чекаат некој да ги информира за почетокот на подготовките.Темпирањето на формата на вицешампионот кај дамите, Работнички Фершпед требаше да почне оваа недела, но поради низа случувања во редовите на клубот, подготовките се одложени за подоцна. Откако првиот тренер на "шпедитерките", Светислав Пеица, ја прифати позицијата на селектор на машката сениорска репрезентација, се прошири веста дека истиот ќе го загуби тренерското место во клупата на Работнички Фершпед, за потоа ситуацијата да се реши со статус-кво, односно одлагање на оваа одлука с$ додека Пеица не ги заврши обврските кои ги има со сениорите. И додека првиот тренер ја води машката селекција, стручниот штаб с$ уште нема најдено соодветно решение, односно кој ќе ја води екипата во текот на подготвителниот циклус. "Пеица прифати да биде селектор на машката репрезентација без никаква најава, а подоцна немаше и никакви консултации со мене како шеф на стручниот штаб на екипите на Работнички Фершпед. Побаравме тој да биде сменет од позицијата прв тренер на женскиот тим, но на негово инсистирање тој ќе ја задржи функцијата. Во моментов немам идеја, ниту, пак, некое решение кое ќе биде во корист на одбојкарките кои го очекуваат стартот на подготовките. Тренерите на младинските категории на клубот имаат други обврски, но, сепак, ни претстојат состаноци и консултации, на кои ќе можеме да го утврдиме почетокот на подготовките, како и личноста која ќе ја води екипата во тој период. Со с$ она што се случува во моментов оваа сезона е загубена за мажите, а најверојатно и за женскиот состав, бидејќи со желба да & се помогне на репрезентацијата клубот се најде во подредена состојба", изјави координаторот на стручниот штаб и тренерот на машката екипа на Работнички Фершпед, Јошко Миленковски. Како можна замена за Пеица во овој период се спомнуваат имињата на тренерите на младите категории, Андријана Зафировска и Глигор Христов. Но, Зафировска ќе има обврски со женската младинска репрезентација, која следната недела треба да почне со подготовките за Балканијадата во Тузла, БиХ, додека Христов има приватни обврски. Засега стартот на подготвителниот период во Работнички Фершпед е неизвесен, а првите луѓе се надеваат дека решение ќе се најде до почетокот на следната недела. Зафировска: "Останувам уште една сезона" Капитенот на Работнички Фершпед, Андријана Зафировска, и покрај проблемите со повреденото колено ќе продолжи активно да тренира и следната сезона. "Одлучив да играм уште една сезона и мислам дека ќе успеам да ја истуркам до крај и покрај проблемите со коленото", вели Зафировска. Таа исто така се најде затечена од случувањата во клубот и вели дека никој конкретно не ја информирал за активностите кои ќе & претстојат на екипата, но се надева дека во брзо време ќе се најде решение и ќе стартуваат подготовките на тимот. |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАШКАТА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО МИНИМАЛНИ 3:2 Е ПОРАЗЕНА НА ПРВИОТ МЕЧ НА БАЛКАНИЈАДАТА ВО ТУРЦИЈА Македонија "киксна" во последниот сет * Младинците имаа одличен настап на стартот од Балканскиот шампионат, но, за жал, ја пропуштија шансата да дојдат до првата победа во групата "Ц". МАКЕДОНИЈА - БиХ 2:3 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МЛАДИНЦИТЕ НА ПРЕТПОСЛЕДНОТО МЕСТО ГО ЗАВРШИЈА НАСТАПОТ НА БАЛКАНИЈАДАТА ВО ТУРЦИЈА
Пораз и од Молдавија МАКЕДОНИЈА - МОЛДАВИЈА 0:3 (22:25, 23:25, 16:25) Анкара, сала: Селим Сари Таркан. Гледачи: 150. Делегат: С. Златарев (БУГ). МАКЕДОНИЈА:Николов, Пешевски, Ристоманов, Богоев, Ѓоргиев, Љафтов, Димковски, Маџиров, Крстевски, Блажовски, Галески, Ричлиев. МОЛДАВИЈА:Којокари, Туков, Иурко, Имполшки, Буторкин, Стукалшки, Доника, Лешков, Гути, Романовичи. Машката младинска репрезентација предводена од селекторот Кире Ричлиев на претпоследното место го заврши настапот на Балканското првенство кое од 13 до 17 август се одржа во Анкара, Турција. Нашата селекција во борбата за пласман од 9. до 5. место на стартот беше слободна, за подоцна да загуби од Молдавија со убедливи 3:0 во сетови. По двата неуспешни обиди да дојде до победа во натпреварувањето по групи, Македонија имаше шанса за првпат да слави на шампионатот, што можеше да ни го донесе и 7. место, но младинците ја пропуштија и оваа можност. Започнаа одлично, достојно парирајќи му на противникот, но мало невнимание беше доволно молдавските одбојкари да го преземат водството во заврШницата на сетот и да го освојат со 25:22, за водство од 1:0 во сетови. Во продолжението ја задржавме изедначената игра и сетот изобилуваше со неизвесност и резултатски пресврти, но на крајот Молдавија делуваше поконцентрирано и повторно успеа да ни го одземе сетот со 25:23. Македонија се трудеше да се одржи во игра во последниот сет, но беше невозможно бидејќи противникот го диктираше темпото. Младинците ја загубија самодовербата и со многу технички грешки му дозволија на молдавскиот состав да поентира и да дојде до убедливи 25:16, за максимална победа од 3:0 во сетови. Со ова младинската репрезентација со три порази и без победа го заврши настапот на Балканското првенство, но поради добрата ждрепка успеа да се најде на претпоследното место, пред БиХ. Во останатите натпревари кои се одиграа вчера, Бугарија со 3:0 ја совлада Романија во дуел за 5. место во генералниот пласман, додека во малото финале домаќинот Турција имаше многу проблеми со црногорската селекција, но сепак успеа да слави со 3:1. Србија и Грција играа за првото место, а од овој дуел како победници излегоа Србите, кои со 3:1 дојдоа до уште еден триумф на Балканијадите. Минатата сезона нашата репрезентација се најде на четвртото место во завршницата, додека оваа година откако не успеа да слави во мечот со БиХ кој решаваше за второто место во "Ц" групата, кое водеше во полуфиналето ја пропушти и шансата да се најде во полуфиналето. Претпоследното место не е реално барем според она што младинците го покажаа на стартните два натпревари, но својата шанса за докажување ќе мора да ја бараат следната година. КИРИЛ РИЧЛИЕВ (СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИЈА): Реален одраз на формата "Одлично одигравме во првите два сета кои можевме и да ги добиеме, но падот на концентрација во клучните моменти имаше големо влијание. Имавме проблеми со реализацијата на нападот и играта на мрежа, што особено се изрази во третиот сет, кога веќе и се предадовме. Овој меч може да го оценам како најслаб на настапот на Балканијадата, но сепак тоа е одраз на моменталната форма во која се наоѓа селекцијата. Проблем беше и повторната пауза бидејќи н$ опушти, но тоа не треба да биде оправдување за постигнатиот резултат", изјави по натпреварот селекторот на Македонија, Кире Ричлиев. Младинките почнуваат неделава По завршувањето на Балканскиот шампионат за младинци, оваа недела треба да стартуваат подготовките на младинките кои предводени од селекторот Зоран јанков и неговиот помошник Андријана Зафировска ќе н$ претставуваат на Балканијадата во Тузла, БиХ која треба да се одржи од 26 до 30 август. На ова натпреварување Македонија разигрува во "А" групата заедно со БиХ и Молдавија. Амбарков дел од Балканијадата Нашиот интернационален судија Орданчо Амбарков беше претставник на Судиската организација на Македонија на Балканијадата во Турција. Тој ја делеше правдата на дуелите од групите "А" и "Б", а потоа и во борбата за пласман. РЕЗУЛТАТИ: НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН: Молдавија - Бугарија 0:3 (19:25, 22:25, 27:29) БиХ - Романија 0:3 (23:25, 21:25, 23:25) ПОЛУФИНАЛЕ: Турција - Србија 1:3 (20:25, 25:22, 16:25, 18:25) Грција - Црна Гора 3:0 (25:20, 27:25, 25:19) НАТПРЕВАР ЗА 7. МЕСТО: Македонија - Молдавија 0:3 (22:25, 23:25, 16:25) НАТПРЕВАР ЗА 5. МЕСТО: Бугарија - Романија 3:0 (25:20, 25:20, 25:23) НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО: Турција - Црна Гора 3:1 (26:28, 25:22, 25:22, 25:18) ФИНАЛЕ: Србија - Грција 3:1 (25:18, 22:25, 25:21, 28:26) КОНЕЧЕН ПЛАСМАН: 1. Србија 2. Грција 3. Турција 4. Црна Гора 5. Бугарија 6. Романија 7. Молдавија 8. Македонија 9. БиХ |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЖЕНСКАТА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ГИ ПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА БАЛКАНИЈАДАТА Јанков: "Стартуваме со полна пареа" * Поради кусиот временски период младинките веднаш ќе почнат со воигрување на екипата, а подготвеноста ќе ја контролираат меѓусебно, на тренинг. Стручниот штаб составен од селекторот Зоран Јанков и неговиот помошник Андријана Зафировска од вчера ги почнаа подготовките на женската младинска репрезентација за настапот на Балканијадата во Тузла од 26 до 30 август. Младинките претпладнето имаа работен состанок, додека во попладневните часови го одработија и првиот тренинг."Првиот собир го имавме во 12 часот кога одржавме краток работен состанок на кој од оправдани причини не присуствуваа три репрезентативки. Тие ни се приклучија на првиот тренинг кој го одработивме попладнето", н$ информираше селекторот на женската репрезентација, Зоран Јанков. Поради кусиот временски период репрезентацијата веднаш ќе премине на комбинирана работа на техника и тактика, како и воигрување на поставата. "Дванаесетте девојки кои ја сочинуваат селекцијата од денеска ќе работат по двапати дневно, а акцентот главно ќе бида ставен на техничко- тактичкиот аспект од играта, како и на компонирањето на костурот на екипата. Бидејќи немаме спаринг партнер со кој ќе можеме да направиме проверка на квалитетот со кој располагаме, најверојатно ќе правиме меѓусебни контроли на тренинг и на тој начин ќе се трудиме да ги неутрализираме недостатоците кои ќе се појават во играта", додава Јанков. Репрезентативките добро се познаваат меѓусебе бидејќи дел од нив и минатата и оваа година настапуваа како во кадетската така и во младинската репрезентација. Недостасуваат и некои од одбојкарките кои лани беа столб на двете селекции, но Јанков смета дека девојките кои се најдоа во конечниот список за оваа Балканијада се оние за кои тој смеат дека најдобро може да н$ претстават. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Достојно збогување од Европа
МАКЕДОНИЈА - ЧЕШКА 2:3 (25:17, 20:25, 25:23, 16:25, 16:18) Скопје, сала: Борис Трајковски. Гледачи: 6.000 Судии: Локатели и Бартолини (ИТА). Делегат: Пекалис од (ЛЕТ). МАКЕДОНИЈА: Ѓорѓевски, Наковски, Јосифов, Ѓоргиев, Деспотовски, Милков, Симовски, Митев, Карановиќ, Гинов, А. Милев, Зафиров. ЧЕШКА: Попелка, М. Новотни, Ј. Новотни, Вачланик, Рак, Станек, Весели, Боула, Кристоф, Конечни, Тихачек. Машката сениорска репрезентација на Македонија, вчеравечер на домашен терен беше поразена со минимални 3:2 во сетови од Чешка во реванш натпреварот од бараж фазата за пласман на Европското првенство 2009 во Турција. Со ова нашата најдобра селекција го заврши настапот во овој квалификациски циклус и не успеа да го продолжи европскиот сон обезбедувајќи пласман на шампионатот. Сепак сениорите треба да бидат максимално задоволни од својот учинок, бидејќи на вчерашниот дуел го покажаа својот вистински квалитет и докажаа дека досега стореното, меѓу кое и најголемиот успех во досегашната историја на македонската одбојка е заслужено. Воедно репрезентацијата го поправи и лошиот впечаток кој го остави на првиот натпревар од бараж фазата. Избраниците на Светислав Пеица го отворија натпреварот со одлична игра, набрзина дојдоа до 3:0 и оваа минимална предност успеаја да ја задржат во текот на целиот сет. Македонската репрезентација го покажа своето вистинско лице. Фантастично функционираа приемот и одбраната, Јосифов блескаше на мрежата, сопирајќи ги нападите на противникот, додека искусните интернационалци, Симовски, Атанас Милев и капитенот Наковски погодуваат од сите позиции. Чешката селекција како да се збуни од новата игра на нашите одбојкари и правеше многу технички грешки со кои ни дозволи да дојдеме до лесни поени. Македонија имаше предност во текот на целиот сет, 10:7, 16:12, 20:16, кои со компактна игра успеаја да ги претворат во убедливи 25:17 за водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет Чесите го возвратија ударот и како што нашата селекција го започна првиот сет, така тие стартуваа во продолжението, 3:0. Водството гостите го одржуваа во текот на првите минути, но македонските репрезентативци успеаја да се вратат во игра изедначувајќи на 7:7. Поен за поен се играше се до завршницата на сетот. Нашите одбојкари покажаа дека можат да му парираат на еден силен противник како Чешка и дека имаат одговор за играта на својот конк*рент. Борбеноста во полето, мотивацијата не изостанаа во ниту еден момент и селекцијата и пружи една одлична одбојкарска претстава на публиката во преполната сала "Борис Трајковски" која неуморно ја поддржуваше екипата. И покрај рамноправната игра, во завршницата Македонија имаше многу грешки, пред се од нереализирани напади кои најчесто завршуваа во блок или во аут. Со ваквата игра им се дозволи на Чесите прво да поведат со 23:18, а потоа и да го земат сетот со 25:20, со што изедначија на 1:1 во сетови. Продолжението беше само реприза на прикажаното во првите два сета. Со загубата на вториот сет Македонија дефинитивно ги загуби и шансите за пласман на Европското првенство, но тоа не претставуваше мотив помалку домашниот тим да го даде својот максимум. Иако на стартот се играше изедначено 6:6, репрезентативците направија солидно водство од 11:8 кое со квалитетна игра пред се во одбраната во поле и добрата организација на нападот ги задржаа до завршницата, кога проработе блокот на противникот со што Чесите изедначија на 17:17, односно 20:20. Сепак нашите одбојкари останаа концентрирани и ја задржаа контролата врз резултатот, добивајќи го сетот со 25:23. Сите елементи од играта на селекцијата кои не функционираа на првиот натпревар во Свитав вчера вечер делуваа беспрекорно. Нападнавме со силен сервис, имавме одлична одбрана, како во полето, така и на мрежа, а сето тоа беше надополнето со фантастичните завршници на нашите напаѓачи. Нашата репрезентација го освои третиот сет и поведе со 2:1. Четвртиот сет, гостинскиот тим доминираше во поголемиот дел од сетот, пред се во играта на мрежа, каде "проработе" блокот кој претставува најсилно оружје на чешката репрезентација. Македонија се трудеше да го надмудри противникот, но тоа не ни одеше од рака во овој период од натпреварот. Чешка го доби сетот со високи 25:16, изедначувајќи на 2:2 во сетови со што се избори за тајм- брејк. Последниот сет го започнавме со цврста игра, запирајќи ги нападите на противникот и поентирајќи од сите позиции. Средните блокери, коректорот Симовски, сите играчи делуваат како една целина и со динамична игра и поддршката од преполната сала, беспрекорно му парираа на противникот. Неизвесниот и напнат натпревар ја задржа ваквата карактеристика до самиот финиш кога иако Македонија имаше сет- меч топка 14:13, откако не успеавме да ја искористиме се играше поен за поен, но за жал се концентрацијата кај противникот се покажа како поголема и сениорите со 18:16 го загубија последниот сет, за конечни 3:2 за Чесите. И покрај тоа што не успеавме да се пласираме на ЕП следната година овој квалификациски циклус на машката репрезентација ќе остане запаметен во историјата на македонската одбојка како еден од најквалитетните настапи на нашите репрезентативци. |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАБОТНИЧКИ ФЕРШПЕД ВЕЧЕРВА (20:30Ч.) МУ ГОСТУВА НА ОРТЕК НЕСЕЛАНДЕ ВО РЕВАНШ МЕЧОТ ОД 1/16 ФИНАЛЕТО НА ЦЕВ КУПОТ "Нема простор за сензација" ОРТЕК НЕСЕЛАНДЕ (ХОЛ) - РАБОТНИЧКИ Ф. (МКД) |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОДБОЈКА - НА 32. МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР "ЧАЈКА"
Легендите во прв план В недела во Тетово ќе се одржи 32. издание на одбојкарскиот меморијал во чест на Бранко Иљовски-Чајка. - Оваа година е планирано меморијалот да го обележат ветераните на макодбојката. Така на турнирот ќе учествуваат Вардар со својата шампионска генерација, предводена од Богоевски и Тасевски, Работнички, Струмица и Југохром. Сметам дека турнирот, кој ќе се одржи во еден ден, ќе привлече внимание во Тетово, бидејќи ќе се соберат сите одбојкарски легенди на Македонија и на тој начин успешно и квалитетно ќе ја продолжиме традицијата на меморијалот - ни рече Ивица Хаџииљовски-Чајка, син на Бранко, во чие име се одржува овој меморијал. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОДБОЈКА - ПОРАДИ МЛАДОСТА НА ОДБОЈКАРКИТЕ
Македонија Макс пред суспензија Уште пред почетокот на првенството, од Македонија Макс се најавуваше дека сезонава ќе настапуваат со млади одбојкарки од 13 години. Но, откако се одиграа неколку натпревари од есенскиот дел, од комесарот на лигата Весна Зарева стигна зачудувачка вест дека поради младоста на одбојкарките на екипата ќе и бидат одземени досега освоените бодови, а можно е таа да биде и суспендирана. - Зошто да бидеме критикувани и опоменувани? Дури комесарот на лигата се заканува што играме со шест пионерки, од кои четири во првата постава, а тие претставуваат голема перспектива на македонската одбојка. Според комесарот, одбојката треба да се игра од прва до четврта година средно образование. Ние креираме одбојкарски кадар. И наместо честитки и да бидеме пофалени, ни се закануваат. Само за споредба, ќе спомнам дека на Олимписките игри се натпреваруваат гимнастичарки до 14 години - вели тренерот Зоран Јанков. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
galenaa
Сениор Регистриран: 09.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4107 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sakam da go gledam ovoj sport zs narocito zenite vo odbojkata me fasciniraat mi licat na manekenki vo shorcevi
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Форца Волеј поведе против „Шпедитерките“
Одбојкарките на Форца Волеј поведоа со 1:0 во финалната серија од македонското првенство против единствениот ривал Работнички Фершпед. Доминацијата во меѓусебните дуели сезонава ја потврдија со победата од 3:1. Првите два сета ги добија со 25:17, односно со 25:15, по што повеќе драма и неизвесност донесоа наредните. „Шпедитерките“ се вратија во мечот, откако третиот им припадна на разлика со 26:24, но немаа сили да се изборат и за тај-брејк, иако беа блиску. Форца го освои четвртиот сет со 27:25, за конечен триумф на отворањето на серијата што ќе го даде првакот. Се игра до три победи, а вториот натпревар ќе биде одигран на 6 или на 7 мај, на теренот на Работнички. |
|
|
|
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |