|
За идните родители... |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 27.Август.2008 во 23:39 |
Прво мало потсетување за АНАТОМИЈА НА ЖЕНСКИОТ РЕПРОДУКТИВЕН ТРАКТ *Јајници (Ovaria) *Јајцеводи (Tuvae Uterinae) *Матка ( Uterus) *Родница (Vagina) *Срамница (Vulva) АНАТОМИЈА НА МАШКИОТ РЕПРОДУКТИВЕН ТРАКТ *Семеници (Testes) *Изводни канали (Ductus deferentes) *Копулациски Орган (Penis) Ова беше само како потсетување..... Но има многу интересни теми како на пример Оплодување Статистички докази за најдобар период за бременост Реакција на сперматозоидите во алкохолизирана состојба Реакција на сперматозоидите во наркотична состојба Реакција на јајце клетките после 27 год Реакција на голема пауза од една бременост до друга Х и У сперматозоиди *ОПЛОДУВАЊЕ -Под поимот оплодување се подразбира процес на соединување на женската и машката гамета во еден организам, наречен зигот или спермовиум. Човекот е вивипарен и оплодувањето се извршува во јајцеводот. *СТАТИСТИЧКИ ДОКАЗИ ЗА НАЈДОБАР ПЕРИОД ЗА БРЕМЕНОСТ -Кај жена периодот од 20-27 години е најпожелен и најмалку ризичен за стабилна бременост. -Кај жена над 30 год. статистички е докажано дека 70% од децата се со деформитет или пак дошло до прерани контракции и спонтан. *РЕАКЦИЈА НА СПЕРМАТОЗОИДИТЕ ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА -Научно испитано е дека кога човекот е пијан, и сперматозоидите се пијани (смешно, зар не). Некои луѓе беа испитани по секоја чаша алкохол се до 7мата....И најмалата алкохолизирана состојба т.е. и најмалку алкохол да има во телото сперматозоидите ги прави мрзливи што потешко може да допрат до јајце клетка. Со тоа што ја губат брзината докажано е дека жените кои останале бремени од мажи кои биле во алкохолизирана состојба дури 90% носеле дете со дефект. *РЕАКЦИЈА НА СПЕРМАТОЗОИДИТЕ ВО НАРЛОТИЧНА СОСТОЈБА -Исто како и кај алкохолот. Само што ризикот е 98%. *РЕАКЦИЈА ПО ГОЛЕМА ПАУЗА ОД ЕДНО РАЃАЊЕ ДО ДРУГО -Секоја жена е своја приказна. НО затоа важи едно исто правило кај сите жени. Пр. Ако жената родила на 24 год. (прво дете) и до 30 не родила ..самиот организам не произведува јајце клетки кои ке можат да се оплодат. Тоа се нарекува СЕКУНДАРЕН стерилитет. *Х СПЕРМАТОЗОИДИ-ги означуваат т.е. од нив произлегуваат женски деца. *У СПЕРМАТОЗОИДИ-произлегуваат машки деца. *КАКО ДО СИГУРНА БРЕМЕНОСТ -Секој гинеколог препорачува. -Пауза во сексуални односи во плодни денови 2 дена. Третиот ден (после 2 дена пауза) јајце клетките се побрзи и очекуваат спој. *КАКО ДА ЗНАЕМЕ ДАЛИ КЕ ЈАЈЦЕ КЛЕТКАТА КЕ СЕ СВРЗЕ СО Х ИЛИ У СПЕРМАТОЗОИД. -Тоа малце е комплицирано. И самата јајце клетка не се сврзува со кој прв ке стигне. ТУКУ и таа бира. -Според некои научни истражувања-посигурен начин до машко дете....Жената да е со рамен труп легната за време на оплодувањето т.е. кичмата да и е во рамна положба со грбот со што прави Х сперматозоидите да се побрзи и побрзо да стигнат до јајце клетката (срам ми падна за ова што го кажав сеа). -Следен пат повеке информации околу ова. Изменето од Biba_G - 25.Декември.2008 во 23:29 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
sweet angel
Сениор Регистриран: 30.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ubava tema.iako ne palniram nabrzo da stanam roditel,sepak ubavo e da se znae.pozdrav i prodolzi da pisuvas
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
i ova e vazno za idnite roditeli...posebno za majkite...Deneshen Vest objavuva prilicno interesna informacija...
ПАТРОНАЖНАТА СЛУЖБА СЕ РЕОРГАНИЗИРА Родилките во болница само 24 часа Лежењето во болница на родилките од годинава ќе трае само еден ден. За 24 часа ќе биде отпуштена секоја жена која се породила по природен пат, без никакви сериозни компликации и по нејзиното и по здравјето на бебето. Оние пак мајки кои се породиле со царски рез, наместо досегашните седум, во родилиштето ќе остануваат не повеќе од три дена. Ваквата промена, најавуваат од Министерството за здравство, ќе уследи по комплетната трансформација на службата за патронажа. "Третманот што жените сега го добиваат во болниците по породувањето, ќе стане обврска на патронажните сестри. На тој начин ќе се скрати болничкото лекување и мајките ќе може да се лекуваат дома. Се разбира, тоа ќе важи онаму каде што е тоа допустливо, но сите оние преврски, контроли и опсервации ќе се прават во домот на породилката", вели министерот за здравство Бујар Османи. Тој потенцира дека за спроведување на ваквиот план патронажните сестри ќе поминат дополнителен тренинг, но нагласува дека нивната подготвеност во згрижувањето на породени жени и деца е на високо ниво. Грижата на оваа служба освен за мајката, ќе биде насочена и кон новороденчињата. Досега патронажните сестри, откако во родилиштата ќе ги земат податоците за местото на живеење на породената жена, во домот ја посетуваа 10-15 дена по породувањето. "Во основа, наша обврска досега беше да направиме увид како се преповива и облекува бебето, дали паднало или не папочето, им ги покажуваме првите основни вежби за колкчињата на новороденчето, но и сите останати совети врзани за доењето, појавата на грчеви во стомачето и хигиената. Но, не заостануваат и советите за здравјето на мајката. Сега тоа ќе остане, но практично сето она што како нега го добивале во болница ќе го добиваат дома", велат од Службата за патронажа. |
|
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
GINEKOLOG SI
|
|
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
IDNI RODITELI BIDETE SREKNI ZATOA STO DETETO E PREKRASNO COVECE
|
|
karamandi
Сениор Регистриран: 19.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 1496 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
taka anita prekrasno e da imas deca toa e radost vo semejstvoto
|
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Планирате да забремените? Неколку работи пред тоаПовеќето од жените знаат дека треба да се грижат за своето здравје за време на бременоста - но дали знаевте дека можете да го заштитите здравјето на бебето пред да забремените? Јадењето одредена храна пред - како и за време на бременоста, на пример, може да помогне да се спречат некои болести кај бебињата. Исто така, треба да проверите дали сте имуни на рубеола (ситна сипаница), заболување што може да предизвика сериозни проблеми кај нероденото дете. Ако пушите, пиете алкохол или земате дроги, откажете ги кога ќе почнете да планирате да забремените, наместо да чекате да бидете сигурни дека сте бремени. Додека да дознаете може да сте шест недели или повеќе во бременоста - доволно време бебето да биде изложено и повредено од овие отровни материи.
Што треба да знам за рубеолата (ситни сипаници). Рубеолата е заразна болест што може да предизвика сериозни дефекти кај нероденото бебе ако мајката се зарази. Околу 90 од сто бебиња чии мајки добиле рубеола во текот на првите осум до десет недели од бременоста ќе имаат оштетувања. Може да биде оштетен слухот, видот и мозокот кај бебето, а се зголемува и ризикот од спонтан абортус или раѓање на мртвородено дете. Проверете дали сте имуни на рубеола пред да забремените, навистина е важно. Едноставен тест на крвта може да покаже дали поседувате имунитет на оваа болест. Ако немате имунитет, може да се вакцинирате против заболување - но тоа мора да биде пред да забремените. Ако сте жена на возраст кога се планира раѓањето деца и не сте вакцинирани, ве молиме побарајте од својот доктор да ве вакцинира пред дури и да почнете да размислувате за забременување. Кога ќе се роди бебето, се препорачува да го вакцинирате против сипаници, заушки и рубеола (MMR) на возраст од 12 месеци. После одредено време се дава и втора инекција со MMR на возраст од четири години. Што треба да знаете за магарешка кашлица (пертусис) Пертусис е многу заразна болест што се пренесува со кашлање и кивање. Во денешно време, со програмата за редовна вакцинација на населението, болеста е речиси искоренета. Но важно е дека бебињата можат да се заразат и да умрат пред да дојдат на возраст кога можат да се вакцинираат (на возраст од 8 недели). Важно е вие и вашиот сопруг да бидете вакцинирани против дифтерија, тетанус и пертусис (ДиТеПер вакцина), доволно време пред дури и да почнете да размислувате за забременување. Доколку не сте вакцинирани најдобро е да се обратите кај вашиот доктор за вакцина против пертусис за возрасни. Добра исхрана за здрава бременост. Дали јадете во обилни количества зелени лиснати зеленчуци, портокали, сок од портокали (особено свежо исцеден сок), црн леб, ориз, тестенини или други житарици, зготвен сув грашок, грав или леќа? Бананите и оревите, лешниците и слични се, исто така, добри. Сите овие содржат еден важен Б витамин за жените, наречен фолна киселина (Б12). Докторите сега знаат дека недостигот од овој витамин придонесува во појавата на сериозни дефекти кај неродените деца наречени дефекти на невралната туба (канал) (neural tube defects), кои секоја година се јавуваат кај илјадници бебиња во светот. Недостигот на фолна киселина се мисли дека се одразува врз развојот кај бебињата, предизвикувајќи сериозни (понекогаш смртоносни) проблеми со мозокот и рбетот. Секоја жена која планира да забремени треба да јаде храна богата со фолна киселина и да пие таблети на фолна киселина со јачина од 0,5 мг секој ден барем еден месец пред да забремени и три месеци откако ќе забремени. Овие таблети се безбедни да се пијат за време на бременоста и можат да се купат од аптека и од продавници за здрава исхрана. Алкохол, тутун и други дроги - време е да ги откажете. Кога бремена жена пуши, јагленороден моноксид поминува низ крвотокот на бебето - исто како и тоа да пуши. Тоа значи бебето прима помалку кислород и не расте како што би требало. Пушењето во бременоста го зголемува ризикот од многу проблеми како спонтан абортус (побацување), раѓање на недоносено бебе, или бебе со ниска тежина при раѓањето. Бебињата на мајки кои пушат, исто така, имаат поголем ризик да добијат проблеми со дишењето, астма и Синдром на ненадејна смрт кај доенчињата. Пушењето марихуана да има слични ефекти кај бебињата како и тутунот. Алкохолот, исто така, поминува низ крвотокот на бебето. Редовното пиење или повременото тешко пијанење за време на бременоста може да предизвика забавено физичко растење, како и ментална заостанатост. Други дроги кои можат да предизвикаат проблеми за време на бременоста се хероин, кокаин, LSD и амфетамини. За повеќе информации, или за помош да се откажете од легалните или од илегалните дроги, локалниот општествен здравствен центар може да ве поврзи со најблиската Служба за дроги и алкохол Доколку примате било какви лекови, зборувајте со вашиот доктор за вашите планови да забремените |
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Основи на концепција - плодни / неплодни деновиДа се гарантира концепцијата е речиси ако не и целосно невозможно. Огромен дел од целиот процес зависи од правилниот тајминг, бидејќи женската јајце клетка е фертилна во еден краток временски период од месечниот циклус. Исто така постојат голем број на надворешни фактори кои можат да го спречат успешното зачнување. Затоа корисно е да ги знаете основите на зачнувањето, како да ја пресметате точната дата на овулацијата и кога да имате секс со цел за зголемување на шансите за концепција.
Овулација и месечен циклус Најважно што треба да знаете за да останете бремени е да го знаете сопствениот месечен циклус. Сите циклуси не се исти и нивното траење може да варира помеѓу 22-42 дена, просечно 28 дена. Кај голем дел од жените циклусите варираат од месец до месец. Доколку ги следите циклусите 3-4 месеци подобро ќе знаете кога отприлика се случува овулацијата кај вас. Овулацијата обично настапува околу 14 ден по првиот ден од месечниот циклус (вклучувајќи го и времетраењето на менструацијата). Како прв ден од циклусот се смета првиот ден на менструација во тој месец.
Фертилноста се зголемува околу 4 дена пред да се случи овулацијата и 48 часа по овулацијата. Фертилноста е најголема денот пред овулацијата и секако на денот на овулација. Забелешка: Во овој пример циклусот е земен со траење од 32 дена, со 14 дена траење на овулациона фаза (лутеална фаза). Ден 1-5 од циклусот: Првите денoви од циклусот се стартот на менструацијата. Многу важно е да ги забележите (најдобро на мал календар) овие дати, затоа што тоа ќе ви биде потребно за пресметување на претпоставена дата на овулација. Ден 6-11: Овие денови се наречени „суви денови“, бидејќи менструацијата е завршена и во овој период жената не е фертилна, т.е. при полов однос во овој период нема да дојде до зачнување. Во овој период телото едноставно се подготвува за ослободување на јајце-клетката. Ден 12-18 : Во овој период фертилноста е најголема, во тек на овие 6 дена јајце-клетката е создадена и ослободена така да најдобро е во овој период да имате сексуални односи доколку сакате да забремените. Ден 19-32: Доколку имате сексуални односи во овој период, за жал ја испуштитвте шансата и ќе мора да чекате до наредниот циклус за да се обидете повторно. Многу малку е веројатно дека ќе забремените во овој период |
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најдобри пози за концепцијаСекако има позиции при секс кои ја зголемуваат шансата за забременување и позиции кои ги намалуваат шансите. Да видиме кои позиции ги зголемуваат шансите и зошто.
Позиции при секс кои ги зголемуваат шансите за коцепцијаМисионерска позиција Широко е раширено верувањето дека оваа позиција, со мажот одозгоре е најдобрата за забременување и секако постојат голем број причини за тоа. Оваа позиција овозможува најдлабоко пенетрирање со што спермата се ејакулира поблизу до цервиксот, внатре во вагината. Има и алтернативи на оваа позиција како на пример женскиот партнер става перница под колковите со што пенетрацијата е уште подлабока. Поза отпозади Мажот пенетрира во жената отпозади. Оваа позиција исто така овозможува испуштање на спермата поблиску до цервиксот на матката. Лежење еден покрај друг Оваа позиција е порелаксирачка и е најдобра за партнери кои се обезни (обезност-зголемена телесна тежина) и кои имаат болкии во грбот. Позиции кои ги намалуваат шансите за концепцијаЕкспертите советуваат дека треба да се избегнува секоја позиција при која жената е одозгоре или пак стои, бидејќи на тој начин спермата нема да може лесно да се движи кон цервиксот затоа што треба да се движи против гравитацијата.
|
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Планирање на полот на вашето бебеКако прво нема 100% гаранција дека може да го одредиме полот на бебето, но можеме да ги анализираме концепцијата и сперматозоидите за да пробаме да го планираме полот на бебето.
Ова е тоа што го знаеме:
Значи ова е основата на теоријата. Да видеме како ова ќе ви овозможи да си го изберете полот на вашето бебе. Доколку сакате момчеЗнаеме дека „машките“ сперматозоиди, кои носат Y хромозом, се движат побрзо од „женските“ сперматозоиди, кои носат X хромозом.Но овие сперматозоиди ќе умрат побрзо од „женските“ сперматозоиди, така да вие и вашиот партнер треба да бидете сигурни дека сте 100% блиску до овулацијата и да имате сексуален однос колку што е можно поблиску до датата на овулација (денот пред или на самиот ден на овулација). Ова им овозможува на побрзите „машки“ сперматозоиди да дојдат побрзо до јајце-клетката, која чека да биде оплодена и да ја оплодат пред да стигнат побавните „женски“ сперматозоиди. Доколку сакате девојчеПа сега е прилично едноставно. Доколку сакате да имате девојче најдобро е да водите љубов два дена пред овулацијата, така да ова ќе им овозможи на побрзите „машки“ сперматозоиди да ја истрошат енергијата и да умрат оставајќи ги побавните „женски“ сперматозоиди (но кои живеат многу подолго) да пристигнат и да ја оплодат јајце клетката која чека да биде оплодена.Други фактори кои треба да ги земете во предвид:
|
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Goldi kolku opshirno i slikovito objasneto,prosto posakav da stanam roditel
|
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
renatax opsirno da a ubava rabota e da si roditel
|
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Neka taa ubava rabota se sluchi na sekogo,pa i na mene
|
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sekako da ti se sluci ovaa ubava rabota ti pozeluvam
|
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |