IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Исусова молитва - исцелител
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Исусова молитва - исцелител

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 29>
Автор
Порака
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 23:25
Ако Бог ни наплаќаше според нашите дела ниеден(па ниту оние на кои им се клаљате во вашите објекти) не ќе се спасеше. Фала Му на Бога што не наградува според Неговата милост а не според нашите дела.
Сакаш да споредиме кој колку има а колку дава? Пишувавме овде многу за тоа. Само да потсетам, МПЦ располага со огромни суми, ,,великолепни’’ зданија и бесни автомобили. Ако навистина сакате да вршите добри дела- продајте се и тргнете со нас по Христа!
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2009 во 00:21

Ima mnogu stihovi vo Biblijata koja ukazuvaat na toa deka se potrebni i dela , a ne ednas spasen, zasekogas spasen, kako sto veruvaat nekoi...

Juda 5;" Sakam da vi napomnam, iako ove veke go znaete, deka Gospod, otkako go IZBAVI narodot od Egipetskata zemja, GI POGUBI POTOA onie, sto ne veruvaa"

Matej 24:13."Koj ke istrpi do kraj, toj ke bide spasen"

(Znaci so samoto veruvanje vo ISUS, ne ni e zagarantirano spasenieto, treba da ja zapazime svojata vera do kraj za da bideme spaseni)Imeno, moze i da se otpadne od verata.

Filipjanite 2:12. "Zatoa, vozljubeni moi, kako sto sekogas me slusavte,ne samo vo moe prisustvo, tuku mnogu povekje sega, koga sum otsuten, so strav i trepet, GRADETE GO SVOETO SPASENIE"( Veli Apostol Pavle vo poslanieto do Filipjanite)

Evreite 10:26,27. " Zasto, ako ja poznavme vistinata, svoevolno gresime, togas nema vekje zrtva za grevovi, tuku nekakvo strasno ocekuvanje na sud i jarosten ogan, sto ke gi progolta protivnicite"

Zmaci Biblijata jasno ni kazuva deka ne go zastapuva mislenjeto deka nekoj ako ednas bil "spasen" ne moze da go izgubi spasenieto, sosema seedno kakvi grevovi napravil.

Bog pottiknuva na vernost.

Evreite 6:4-6. "Zasto onie, koi vednas se prosvetija, vkusija od nebesniot dar, stanaa ucesnici na Svetiot Duh.

I otkako vkusija od dobriot zbor Bozji i od silite na idniot vek, otpadnaa,- ne e mozno pak da bidat obnoveni za pokajanie, koga povtorno vo sebe go raspnuvaat Sinot Bozji i Go hulat".

( Vo poslanieto do Evreite Apostol Pavle jasno kazuva deka nekoi vo negovoto vreme iako bile pomazani so Svetiot Duh, otpadnale od verata i duri napravile hula protiv Svetiot Duh i ne mozele vekje da bidat obnoveni za pokajanie....)
              
Jakov 2:14,26. "Kakva e polzata,brakja moi, ako nekoj rece deka ima vera, a dela nema? Moze li verata da go spasi?

Oti, kako sto e teloto bez duh mrtvo, taka i verata bez dela e mrtva."

Znaci, treba i dela za spasenie, a ne samo vera .

Изменето од KINGDAVID - 14.Јануари.2009 во 01:33
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 19:57
Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:

Старец Клеопа:

Слушате ли што вели светиот апостол Јаков: „Ако дојдат некои при вас голи и без насушна храна и ви побараат помош, па им речеш: Оди брату! Оди си со мир! Бог нека те храни; Бог да те направи здрав, Бог да те прими, а не му дадеш ништо, каква ќе биде користа“ (Јак. 2, 14-17)?

Ќе му речете: Пријателу, немам ништо со тебе, ти не си предмет на мојата грижа, тоа Бог од мене не го бара - јас сум спасен(а) по благодат, тоа не ми е потребно, а тоа што ми е потребно (секојдневно) го правам - читам Свето Писмо и Му се молам на Бога!

Да чува Господ!!!

Бог можел да го помилува и да не го прати при тебе. Но, го праќа кај тебе за да ја види твојата љубов, за да ја види твојата вера, да види дали си подготвен да правиш дела што спасуваат, да види дали ќе сакаш (во името на Христа Господа) да му помогнеш, да го нахраниш, да го примиш како странец во својот дом и да го напоиш.

Ваквите дела предизвикуваат радост на Небесата; ваквите, и слични, дела Му се угодни на Бога, ама не и на секташите!





Амин.



Изменето од Miki_P - 17.Јануари.2009 во 21:51
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 18:25

Соборно послание на светиот апостол Јаков

„Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а дела нема? Може ли верата да го спаси? (2, 14).

Не сакаш ли да разбереш, о суетен човеку, дека верата без добри дела е мртва? (2, 20).

Гледаш ли дека верата им помогна на делата негови, и дека преку делата верата стана совршена? (2, 22).

Гледате ли дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера? (2, 24))

Оти, како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва“. (2, 26).


Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 19:28
„ ...зашто преку ДЕЛАТА НА ЗАКОНОТ пред Него НЕМА да биде ОПРАВДАН никој; бидејќи преку Законот се познава гревот.
А сега независно од Законот се јави Божјата праведност, посведочена од Законот и од Пророците.
Божјата праведност преку верата во Исус Христос е во сите и врз сите оние што веруваат. Зашто нема разлика,
сите згрешија и лишени се од славата Божја.
Но ќе бидат оправдани преку дар, со БОЖЈАТА БЛАГОДАТ (Милост), а преку откупот во Исус Христос.

Него Бог Го постави со КРВТА Своја да биде жртва за помирување преку верата, за да ја покаже Својата праведност во опростувањето на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение, за да ја покаже Својата праведност во сегашно време, дека е Тој справедлив и дека го оправдува секого што верува во Исус.

Каде е, пак, пофалбата? Таа е исклучена. Според кој закон? Дали според оној на делата? Не, туку според законот на верата.
Така ние заклучуваме дека човекот се оправдува со верата, без делата на Законот.
(Римјаните 3:20-28)
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 19:51
Госпел - каде тоа се спомнаа дела на законот?
Напротив - за дела на верата се зборува... сосема различно е.
Затоа што Делата на Законот - се дела затоа што така е заповедано, а не затоа што душата човечка така се води.
Делата на Верата - се дела на љубовта, љубов која Е Божјата Благодат и ни беше искажана преку откупот во Исус!
Така што - и едниот и другиот сте во право, само зборувате за различна работа.
Do what is right, come what may...
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2009 во 03:40
Оној кој сака да го очисти своето срце, нека непрестано го распламтува со сеќавањето на Господ Исус, имајќи го само тоа како непрестано поучување и дело. Оние кои сакаат да го отфрлат својот стар човек, не треба некогаш да се молат, а некогаш не, туку нека пребиваат во молитва и чување на умот непрестано.

Оние кои сакаат да го очистат златото, ако и за кратко допуштат да се изгасне огнот во топилницата, доведуваат до повторно стврдување на материјата која се чисти. Слично на тоа, оној кој се сеќава на Бога понекогаш, а понекогаш не, целосно го уништува она што го стекнал со молитвата.

Дејството на Исусовата молитва има постепеност: најпрвин делува само на умот, доведувајќи го во состојба на тишина и внимание. Потоа започнува да продира во срцето, будејќи го од смртниот сон и сведочи за неговото оживување со појавата на умиление и плач во срцето. Вдлабочувајќи се уште, Исусовата молитва почнува да делува и на сите делови од душата и телото, изгонувајќи го секој грев, уништувајќи ја власта на гревот,  и влијанието на демонскиот отров.

- Свети Игнатиј Брјанчанинов
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2009 во 10:56
Кога во послушание е безмоливе монахот ги очисти своите чувства, го смири својот ум и го просвети своето срце, тој прима благодат и просветленост во знаењето, и целиот станува светлост, целиот постанува ум, целиот постанува блесок, и од него извира богословие кое ни тројца, доколку запишуваат, нема да можат се да запишат, покрај таа благодат, која брановидно тече и по целото тело разлева мир и целосно умртвување на страстите.

Срцето пламти од божествена љубов и воскликнува: „Исусе мој, задржи ги Своите брановите на благодат, затоа што се растопувам како восок.“ И тој, навистина се топи, затоа што не може да издржи. Умот бива зафатен со созерцание и доаѓа до соединување и до суштинска промена на човекот и тој станува едно со Бога, така што повеќе не е во состојба себеси да се раздвои од Него, слично како и железото, кое се кали во оган, и постанува слично на тој оган.

- Свети Јосиф Исихастот
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2009 во 15:50

Makarios, ако некој упадне на форумов, без да знае дека е на Вероисповед, ќе си помисли дека опишуваш некој наркоман во ХАЈ состојба голема%20насмевка

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2009 во 16:14
и пак забегавте од темата, што ни дава повод да мислиме дека не се молите и појма немате од молитва.

Молитвениот живот го зафака нашион целовкупен живот. Молитвата е плод на добродетелите, а истоивремено и нивни производител. Ако не внимаваме над нас (со умот над срсето) преку целиот ден, како ке можеме тогаш нерасејано и со чисти раце да ги подигнеме нашиот ум и срце кон Пречистиот?

Светите Отци користат еден термин што се вика „Трезвеноумие“ а може да се поистовети и со грчкиот “софронос“ односно целомудрие. „Самите себе, еден со друг и сиот наш живор на Христа Бога да го предадемне“.

сиот наш живот треба да е богослужение, сиот наш живот треба да е молитва, сиот наш живот треба да е благодарење, сиот наш живот треба да е славословие кон Бога. Не момент, не час или ден или период во живото, туку сиот свој живот и она што го опишува старец Јосиф е реалност за тие луге кои умреле за себе и овој свет,а што живеат- живеат за Христа и се преобразиле во Христа, го примиле Христос и веке Христос живее во нив.







Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 22:34

еве една убава беседа од митрополитот на ум за духовниот живот, правилниот однос со Бога и Исусовата молит ва

Не, оти некои луѓе бараат други нешта (30.12.2007)      
Денес, на денот на Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил, Митрополитот струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во манастирот на свети Максим Исповедник и свети Григориј Палама во Стар Дојран.

Во она време, кога се приближуваше Исус до Ерихон, еден слепец седеше крај патот и просеше; и штом чу дека покрај него врви народ, праша: ‘Што е тоа?’
Му кажаа дека минува Исус Назареецот.
Тогаш тој извика и рече: ‘Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!’
Оние, што одеа напред, го искараа да молчи; но тој уште погласно викаше: ‘Сине Давидов, помилуј ме!’
Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога оној се приближи до Него, го праша, велејќи: ‘Што сакаш да ти направам?’ Тој рече: ‘Господи, да прогледам!’
Тогаш Исус му рече: ‘Прогледај! Верата твоја те спаси!’
И одеднаш прогледа и тргна по Него, славејќи Го Бога. И сиот народ, кога го виде тоа, Му воздаде слава на Бога. (Лука 18, 35-43)



Во денешното евангелие, деца, опишани се две состојби кои просто не оставаат друг простор освен за аскетско-исихастичко толкување. Дури мислам дека ова четиво е едно од поиндикативните во целото Свето Писмо за степените од духовниот развој кои се препознаваат по видот на молитвата. Прикажана ни е јасно состојбата на слепост или непросветленост и состојбата на прогледување односно просветлување.

            Првата состојба е кога слепиот седи и повикува по Богочовекот Христос: Исусе, Сине Давидов, помилуј ме. Оваа состојба го покажува првиот степен од духовниот раст – очистување на срцето од страстите. За овој степен знаете дека се карактеристични усната молитва и очистувањето на енергијата на умот, односно првото гледање на несоздадената светлина, но исто така и сѐ уште присутната затвореност на срцето и непросветленоста на умот, односно духовното слепило. Кај слепиот ги забележуваме не само упорноста во усната молитва туку и свеста дека е слеп и дека треба да се ослободи од таа слепост. Слепиот верува дека Христос може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Христос. Тоа е вистинска демонстрација на вера поврзана со дела.

Истото важи и за нас. Треба да знаеме дека духовно сме слепи, треба да веруваме дека Христос може да нe исцели и треба оваа наша вера да ја докажеме со што почесто призивање на името Исусово. Кога постепено преку молитвениот подвиг ќе почнеме да ја чистиме енергијата на умот – тоа ќе ни овозможи да согледаме каде се наоѓаме, да видиме дека сме паднати, дека сме слепи во однос на Христовиот идеал и уште посилно да повикаме кон Него. Но, ако тоа прво очистување (просветлување) го употребиме за да ги гледаме и судиме туѓата грешност и слепило тогаш го одбираме погрешниот пат, кој нѐ враќа многу поназад отколку што сме биле.

            Во ова евангелие гледаме и колку точно слепиот ја изговара формулата на Исусовата молитва – Исусе, Сине Давидов, помилуј ме! Она што исто така може убаво да се забележи е заповедта Господова да му го доведат. Тоа е слика на, од Господа воспоставеното, духовно раководство преку кое слепиот единствено може да дојде до Христос и да ги чуе зборовите: Што сакаш да ти направам? Оној што е под правилно духовно раководство и свесен за својата слепост, знае и што најнапред да побара: Господи, да прогледам!

            Не, оти некои луѓе најнапред бараат други нешта – власт, здравје, пари, работа, жена, маж, робовски мир итн... Некои, додуша, покрај сето тоа бараат и спасение... Но, Господ Исус Христос Своите браќа и сестри по благодат, не ги повика на спасение туку на совршенство: Бидете совршени, како што вашиот Отец Небесен е совршен!       

            Втората состојба што може да се издвои во денешното евангелие е кога Христос направи слепиот да прогледа. Оваа состојба го покажува вториот степен од духовниот раст, а тоа е просветлувањето на умот. Всушност самото прогледување го означува просветлувањето. Просветлувањето, од една страна, претполага доволно очистена суштина на срцето од страстите, а од друга страна тоа е Божји дар. Затоа и Господ Христос вели: Прогледај! Верата твоја те спаси! Таа чистота на срцето ја овозможува пројавата на благодатта на Крштението во него како и симнувањето на умот во него. Бидејќи умот го знае ‘местото на срцето’ тој ја напушта усната молитва и продолжува да се моли внатре во срцето. Таму внатре, соединет молитвено со Божјата благодат, тој се просветлува.

            Тргнувањето на претходно слепиот по Христос е всушност опис на почетокот од третиот степен од духовниот раст, а тоа е обожението. Димензиите од степенот на обожението не се опишани во личниот подвиг на претходно слепиот. Нив може да ги забележиме во делата на нашиот Господ, Богочовекот Исус Христос.

            Деца, добро е и ова да го знаете: оние што се наоѓаат на степенот од просветленост исто така се чувствуваат како слепи во однос на оние коишто со своите преобразени телесни очи ја гледаат несоздадената Божествена светлина дури и повеќе отколку што својата слепост ја чувствуваат вистински слепите од степенот на очистување на срцето од страстите; ако воопшто и ја чувствуваат... Затоа свети Григориј Палама во тој период од својот духовен развој молитвено повикувал: Господи просветли ја мојата темнина!

                                                                                                                   



                                                 
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 01:32

Ме интересира, дали оваа догма за "3 степени на духовноста" е официјална догма во православието или е лично откритие на Наум?

Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 01:50
Ако почнеш да читаш од почеток на темава, ќе го најдеш одговорот.
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 05:00
Originally posted by Опитен Опитен напиша:


еве една убава беседа од митрополитот на ум за духовниот живот, правилниот однос со Бога и Исусовата молит ва

Не, оти некои луѓе бараат други нешта (30.12.2007)      
Денес, на денот на Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил, Митрополитот струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во манастирот на свети Максим Исповедник и свети Григориј Палама во Стар Дојран.

Во она време, кога се приближуваше Исус до Ерихон, еден слепец седеше крај патот и просеше; и штом чу дека покрај него врви народ, праша: ‘Што е тоа?’
Му кажаа дека минува Исус Назареецот.
Тогаш тој извика и рече: ‘Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!’
Оние, што одеа напред, го искараа да молчи; но тој уште погласно викаше: ‘Сине Давидов, помилуј ме!’
Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога оној се приближи до Него, го праша, велејќи: ‘Што сакаш да ти направам?’ Тој рече: ‘Господи, да прогледам!’
Тогаш Исус му рече: ‘Прогледај! Верата твоја те спаси!’
И одеднаш прогледа и тргна по Него, славејќи Го Бога. И сиот народ, кога го виде тоа, Му воздаде слава на Бога. (Лука 18, 35-43)



Во денешното евангелие, деца, опишани се две состојби кои просто не оставаат друг простор освен за аскетско-исихастичко толкување. Дури мислам дека ова четиво е едно од поиндикативните во целото Свето Писмо за степените од духовниот развој кои се препознаваат по видот на молитвата. Прикажана ни е јасно состојбата на слепост или непросветленост и состојбата на прогледување односно просветлување.

            Првата состојба е кога слепиот седи и повикува по Богочовекот Христос: Исусе, Сине Давидов, помилуј ме. Оваа состојба го покажува првиот степен од духовниот раст – очистување на срцето од страстите. За овој степен знаете дека се карактеристични усната молитва и очистувањето на енергијата на умот, односно првото гледање на несоздадената светлина, но исто така и сѐ уште присутната затвореност на срцето и непросветленоста на умот, односно духовното слепило. Кај слепиот ги забележуваме не само упорноста во усната молитва туку и свеста дека е слеп и дека треба да се ослободи од таа слепост. Слепиот верува дека Христос може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Христос. Тоа е вистинска демонстрација на вера поврзана со дела.

Истото важи и за нас. Треба да знаеме дека духовно сме слепи, треба да веруваме дека Христос може да нe исцели и треба оваа наша вера да ја докажеме со што почесто призивање на името Исусово. Кога постепено преку молитвениот подвиг ќе почнеме да ја чистиме енергијата на умот – тоа ќе ни овозможи да согледаме каде се наоѓаме, да видиме дека сме паднати, дека сме слепи во однос на Христовиот идеал и уште посилно да повикаме кон Него. Но, ако тоа прво очистување (просветлување) го употребиме за да ги гледаме и судиме туѓата грешност и слепило тогаш го одбираме погрешниот пат, кој нѐ враќа многу поназад отколку што сме биле.

            Во ова евангелие гледаме и колку точно слепиот ја изговара формулата на Исусовата молитва – Исусе, Сине Давидов, помилуј ме! Она што исто така може убаво да се забележи е заповедта Господова да му го доведат. Тоа е слика на, од Господа воспоставеното, духовно раководство преку кое слепиот единствено може да дојде до Христос и да ги чуе зборовите: Што сакаш да ти направам? Оној што е под правилно духовно раководство и свесен за својата слепост, знае и што најнапред да побара: Господи, да прогледам!

            Не, оти некои луѓе најнапред бараат други нешта – власт, здравје, пари, работа, жена, маж, робовски мир итн... Некои, додуша, покрај сето тоа бараат и спасение... Но, Господ Исус Христос Своите браќа и сестри по благодат, не ги повика на спасение туку на совршенство: Бидете совршени, како што вашиот Отец Небесен е совршен!       

            Втората состојба што може да се издвои во денешното евангелие е кога Христос направи слепиот да прогледа. Оваа состојба го покажува вториот степен од духовниот раст, а тоа е просветлувањето на умот. Всушност самото прогледување го означува просветлувањето. Просветлувањето, од една страна, претполага доволно очистена суштина на срцето од страстите, а од друга страна тоа е Божји дар. Затоа и Господ Христос вели: Прогледај! Верата твоја те спаси! Таа чистота на срцето ја овозможува пројавата на благодатта на Крштението во него како и симнувањето на умот во него. Бидејќи умот го знае ‘местото на срцето’ тој ја напушта усната молитва и продолжува да се моли внатре во срцето. Таму внатре, соединет молитвено со Божјата благодат, тој се просветлува.

            Тргнувањето на претходно слепиот по Христос е всушност опис на почетокот од третиот степен од духовниот раст, а тоа е обожението. Димензиите од степенот на обожението не се опишани во личниот подвиг на претходно слепиот. Нив може да ги забележиме во делата на нашиот Господ, Богочовекот Исус Христос.

            Деца, добро е и ова да го знаете: оние што се наоѓаат на степенот од просветленост исто така се чувствуваат како слепи во однос на оние коишто со своите преобразени телесни очи ја гледаат несоздадената Божествена светлина дури и повеќе отколку што својата слепост ја чувствуваат вистински слепите од степенот на очистување на срцето од страстите; ако воопшто и ја чувствуваат... Затоа свети Григориј Палама во тој период од својот духовен развој молитвено повикувал: Господи просветли ја мојата темнина!

                                                                                                                


Vo Evangelieto po Luka (18:35,430), voopshto ne stanuva zbor za stepeni na duhoven razvoj, kako shto samovolno (asketsko - isihastichki) tolkuva vladikata Naum, tuku za prosta vera (se odnesuva na prostotata na srceto), kakva shto Bog od nas bara. Imeno, vo Erihon Hristos go izvrshuva svoeto posledno chudo - progleduvanje na slepiot, pred torzhestveniot vhod vo Erusalim, i go otkriva pristignuvanjeto na mesijanskoto vreme. Od taa prichina, slepiot chovek (spored Evangelieto po Mateja se dvajca slepi) mu se obrakja na Hrista so "Gospodi" (voobichaeno ime za Boga) i "Sine Davidov" - titula dlaboko vkorenrta vo mesijanskite ochekuvanja. Slepiot chovek glasno pobaral od Hrista da go pomiluva, a koga go iskarale, toj ushte poglasno ja baral Bozhjata milost. Poukata e deka ne treba da se otkazhuvame od prosenje na milosta Bozhja koga nashata molitva ne e vednash odgovorana, duri i koga drugi ne gonat, navreduvaat i ismevaat. Naprotiv. Togash, ushte povekje treba da go barame Gospoda. Zamislete shto bi bilo so slepiot chovek, koga bi bil hiperchuvstvitelen, kako nekoi hristijani na forumov (ti gi karash za raskol, a tie namesto da ja baraat Bozhjata milost, ushte povekje mu se protivat na Boga, obiduvajki se da go opravdaat bezzakonieto.)? No, kako shto gledame, toj ne stradal od hiperchuvstvitelnost, koja shto e proizvod na gordosta, zatoa ja dobil milosta Bozhja. Hristos znael shto bara slepiot, kako shto gi znae i nash*te potrebi, sepak go prashal - "shto saka", povikuvajki ne slobodno i konkretno od Nego da barame (prosime), za da ja odgovori nashata molitva vo Svojata milost. Verata, koja shto go spasila slepiot bila ednostavna (prosta), no cvrsta, a nikade ne stanuva zbor deka bil asket i isihast. Obrakjaki mu se na Hrista so titulata - "Sine Davidov", slepiot javno ja ispovedal svojata vera vo dolgoochekuvaniot Mesija. Taa e verata, koja shto Hristos od nas ja bara: Cvrsta, jasna (chista) i konkretna, bez strav od postapkite i mislenjata na drugite. Poentata na ova chetivo e deka milosta Bozhja treba da se isprosi, i da ne se gubi nadezhta koga nash*te molitvi ne se momentalno i brzo odgovoreni, tuku da se ima cvrsta vera vo Gospoda, upornost i istrajnost vo molitvite. A ne da se iskrivuva Slovoto Bozhje, vo umuvanje za stepeni na duhoven razvoj, vo obid da se dokazhuvaat svoite preceneti sposobnosti.

Sekoj hristijanin ne e povikan da bide asket i isihast, no sekoj treba da se podvizhuva vo svojot povik i vo zavisnost od svoite sposobnosti.

Изменето од Asya - 27.Јануари.2009 во 05:22
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 29>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.