IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Згрижување во дом-семејство
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Згрижување во дом-семејство

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Згрижување во дом-семејство
    Испратена: 12.Јануари.2009 во 08:10
Potresnata prikazna za maliot Boshko ja branuva makedonskata javnost. Mesto komentar od moja strana...napisot vo Utrinski zboruva se...
Децата не се предмети
Одземањето на малиот Бошко од прилепското згрижувачко семејство ја вознемири јавноста. Случајот е специфичен, а реакциите не стивнуваат. Во воздух лебди едно сосема „родителско“ прашање - што направија надлежните институции во случајот со детето годиначе!?

Дали знаеја што е најдобро за него? Се чини како да направија превид. За социјалните работници беше поважно прекршувањето на договорот за снимање и сликање од згрижувачите отколку последиците од евентуалните трауми за Бошко.

Навистина ли сме толку правна држава во која законите не се кршат, па толку се инсистираше на договор, дури и кога станува збор за судбината на детето? Дали се повредени правата на Бошко, допрва ќе утврдува народниот правобранител.

Мора да се потенцира дека во фокусот беше дете, а не предмет на купопродажбен договор кој постојано може да ги менува своите стопани. Споредбата е груба исто толку колку што детенцето беше грубо рашетувано од една во друга средина. И тоа за многу кусо време, во период кога веќе ги распознава блиските и кога има потреба тие да бидат во негова близина, да го сакаат, гушкаат и да играат со него.

Иако со згрижувачите беше само десетина дена, детето мораше да преброди период на адаптација. Со враќање во битолскиот Дом за доенчиња ќе мора повторно да минува низ тој процес. Можеби и да се соочи со тагата по нив.

Помисли ли некој на детето пред да се случи целата циркусијада на надлежните? Нели во нивните програмски заложби централно место има деинституционалното сместување на децата без родители. Целта е тие да растат и да се развиваат со многу љубов и грижа која на младите поколенија им е потребна во неизмерни количества. Бошко е малечок, но чувствува.

Zgrizuvanjeto vo dom-semejstvo mora da priznaeme deka e najdobrata opcija za deteto bez roditeli. Mnogumina od niv porasnaa taka i stanaa dobri clenovi na ovaa opshtestvo. Vakvite slucai na davanje-odzemanje ocigledno predizvikuva dilemi kaj lugjeto koi sakaat da se "prijavat" za ovaa blagorodna rabota. Suetite na drzavnite funkcioneri ja prodlabocuvaat taa dilema. Dali za edno dete e podobro da zivee vo institucija dom kade za nego kje se grizat neguvatelki/vospitacki  ili vo dom-semejstvo?
Кон врв
Ssssssssssssss Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 197
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ssssssssssssss Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 14:46
Ja ako ne se ozenam vo idnina ke si posvojam dete ko Riki Martin so naprai i taka
Кон врв
karamandi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1496
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај karamandi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 11:11
abe ssssssss aj jas ke te posinam tebe moze i taka si dete bez tatko
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 12:55
Ni na nebo ni na zemja. maltretirani vo domot za deca bez roditeli, mlatretirani i doma od svoite roditeli. Ima li pozalna slika od maltretirani deca?тага

Пијаниот татко со стап ги претепал и ги исфрлил на улица
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 12:59
Zarem treba dilemi dali na decata im e podobro vo dom semejstvo koga kje s eprocitaat vakvi neshta...
Тригодишно девојче било одгледано од куче

Тригодишната Мадина од Русија не знае да зборува, не знае што е прибор за јадење и оди на сите четири нозе како куче. Девојчето поради нејзината негрижлива мајка, која постојано била пијана, за да преживее, се борело за остатоците од храна на кучето кое ја чувало, пишува „Космопититскаја правда“. Руската полиција завчера ја уапсила 23-годишната мајка на девојчето, која ја израснала својата ќерка како куче. Иследниците го нашле детето во една соба, каде што глодало коски и ‘ржело на песот. На само метар од неа мирно седела мајка и , која не сфаќала во што е проблемот. Таа при апсењето тврдела дека е добар родител. Докторите што го прегледале девојчето се уште не знаеле дали таа е заостаната во развојот, но се надеваат дека со рехабилитација ќе успее да се социјализира. Мајката ја родила малата Мадина откако останала трудна од нејзиното момче, кое ја оставило кога му кажала дека е трудна. По тоа таа почнала да пие и да оди на оргии. Детето го хранела со остатоци од храна. Најдобар другар на девојчето му било кучето Лесли, со кое спиело и се борело за остатоците од храна.


Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 21:46
Cesto sme svedoci na natpisi vo vesnici za decata bez roditeli, odnosno razni humanitarni akcii za donacii pred Nova Godina. No toa za decata od domot. Shto so decata bez roditeli po nastapuvanje na polnoletstvoto?
Vladata donese zakon z adavanje odredena materijalna pomosh za startot na samostojnosta no kako toa fumkcionira, dali ovie mladi lugje dobro se snaogjat, naogjat li rabota smestuvanje, um stasuvat li tie pari ili ne?
Nekako mnogu malku informacii za niv. Kako a zavrshuva grizata za niv so nivnoto porasnuvanjeтага
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2009 во 16:18
Барем се исклучени од четвртата Божја заповед, односно почитувај ги мајка си и татко си.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2009 во 07:03
Humanosta nema granici. Lugeto znaat da pruzat ljubov. Nekoi skeptici velat deka toa go cinat za pari. No, razni detski dodatoci baraat i roditelite koi se grizat za svoite deca. Vakvive manifestacii ne smeat da pominat nezabelezano.

ОДБЕЛЕЖАН "1 ЈУНИ" ДЕНОТ НА ЗГРИЖУВАЧИТЕ ПРЕД СПОМЕН-ДОМОТ МАЈКА ТЕРЕЗА


Пет до шест илјади денари за семејството кое ќе згрижи дете


Целта на настанот, според организаторите е, да им се даде признание на оние семејства кои досега згрижиле деца и воедно да се охрабрат, со што ќе им се подигне свеста на оние другите кои сакаат да направат ваков сличен хуман гест


Пригоден хепенинг како што доликува на дечињата кои живеат во згрижувачки семејства, вчера пред спомен-куќата на Мајка Тереза, во Скопје се одбележа 1 јуни, Денот на згрижувачите. Присутни на настанот покрај државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Душко Минковски, кој им даде признанија на семејствата кои згрижиле деца, беа и претставниците од Црвениот крст, но и хуманите ѕвезди од музичката естрада.

Пред присутните Миновски посочи дека во Македонија згрижувањето деца дава извонредни резултати, но рече оти треба да работат повеќе за анимирање на семејствата - згрижувачи, каде се симулира вистинско семејство за децата што останале без дом.
- Во Македонија се згрижени околу 500 деца во 150 згрижувачки семејства, но ни требаат многу повеќе, рече Миновски.

Згрижувачи, информира тој, не можат да бидат корисници на социјална помош. - Треба барем еден член од семејството да е вработен и да има слободен простор, да имаат доволно средства, средствата што ги добиваат да не ги користат за сопствено издржување, туку да се спојат практичното и корисното, појасни Миновски.

За згрижено дете семејството добива од пет до шест илјади денари, а за дете со посебни потреби 1.000 денари повеќе. Може најмногу да се чуваат пет деца, а доколку децата имаат пречки во развојот три, додаде државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика.
Портпаролката на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје, Надица Ничевска посочи дека целта на настанот е да им се даде признание на оние семејства кои досега згрижиле деца и воедно да се охрабрат, со што ќе им се подигне свеста кај оние другите кои сакаат да направат ваков сличен хуман гест.

Инаку, хепенингот го организира Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје во соработка со Заводот за социјални дејности и Црвениот крст на Град Скопје, а со поддршка на Министерството за труд и социјална политика.

На дечињата, кои ги сликаа своите желби на хартија, им помогнаа поп-пејачката Каролина Гочева и годинешните претставници на Македонија на Евровизија, "Некст тајм".

Дејан СРБИНОВСКИ

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.