Humanosta nema granici. Lugeto znaat da pruzat ljubov. Nekoi skeptici velat deka toa go cinat za pari. No, razni detski dodatoci baraat i roditelite koi se grizat za svoite deca. Vakvive manifestacii ne smeat da pominat nezabelezano.
ОДБЕЛЕЖАН "1 ЈУНИ" ДЕНОТ НА ЗГРИЖУВАЧИТЕ ПРЕД СПОМЕН-ДОМОТ МАЈКА ТЕРЕЗА
Пет до шест илјади денари за семејството кое ќе згрижи дете
Целта на
настанот, според организаторите е, да им се даде признание на оние
семејства кои досега згрижиле деца и воедно да се охрабрат, со што ќе
им се подигне свеста на оние другите кои сакаат да направат ваков
сличен хуман гест
Пригоден
хепенинг како што доликува на дечињата кои живеат во згрижувачки
семејства, вчера пред спомен-куќата на Мајка Тереза, во Скопје се
одбележа 1 јуни, Денот на згрижувачите. Присутни на настанот покрај
државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Душко
Минковски, кој им даде признанија на семејствата кои згрижиле деца, беа
и претставниците од Црвениот крст, но и хуманите ѕвезди од музичката
естрада.
Пред присутните Миновски посочи дека во Македонија згрижувањето деца
дава извонредни резултати, но рече оти треба да работат повеќе за
анимирање на семејствата - згрижувачи, каде се симулира вистинско
семејство за децата што останале без дом. - Во Македонија се згрижени околу 500 деца во 150 згрижувачки семејства, но ни требаат многу повеќе, рече Миновски.
Згрижувачи, информира тој, не можат да бидат корисници на социјална
помош. - Треба барем еден член од семејството да е вработен и да има
слободен простор, да имаат доволно средства, средствата што ги добиваат
да не ги користат за сопствено издржување, туку да се спојат
практичното и корисното, појасни Миновски.
За згрижено дете семејството добива од пет до шест илјади денари, а
за дете со посебни потреби 1.000 денари повеќе. Може најмногу да се
чуваат пет деца, а доколку децата имаат пречки во развојот три, додаде
државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика. Портпаролката
на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје, Надица
Ничевска посочи дека целта на настанот е да им се даде признание на
оние семејства кои досега згрижиле деца и воедно да се охрабрат, со што
ќе им се подигне свеста кај оние другите кои сакаат да направат ваков
сличен хуман гест.
Инаку, хепенингот го организира Меѓуопштинскиот центар за социјална
работа на Град Скопје во соработка со Заводот за социјални дејности и
Црвениот крст на Град Скопје, а со поддршка на Министерството за труд и
социјална политика.
На дечињата, кои ги сликаа своите желби на хартија, им помогнаа
поп-пејачката Каролина Гочева и годинешните претставници на Македонија
на Евровизија, "Некст тајм".
Дејан СРБИНОВСКИ
-------------
|