IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Само Љубовта е вистина, се друго е...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Само Љубовта е вистина, се друго е...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314>
Автор
Порака
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2009 во 21:54
Осмиот член од Символот на верата:

„И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој исходи од Отецот; Кому Му се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот, и Кој говорел преку пророците;“

Духот Свет, е едно од Трите Лица од Светата Троица, со еднаква чест и слава со Отецот и Синот, со Кои сопостои од вечност. Затоа Го нарекуваме „Господ“, зашто кога ќе речеме Света Троица, тогаш мислиме за Три различни Лица: Отец, Син и Свет Дух, Кои се еднакви по суштина. Од друга страна, тоа единство на кое мислиме кога велиме Еден Бог се огледа во Личноста на Бога Отецот, чија Личност е извор на единството во Светата Троица, па според тоа, ние веруваме во Еден Бог, а не во три.

Поинаку речено: Бог е една Заедница, единство на Три Лица, па Го нарекуваме Еден, зашто Божјата Заедница не можеме да ја споредиме со никаква друга заедница. Ние за Бога знаеме толку, колку што Он им се открил на луѓето, а Бог не им ја откривал својата суштина на луѓето, затоа што не им е (неопходно) потребно за спасение.

За нас, доволно е да знаеме дека Светиот Дух произлегува од Отецот, како што и Синот се раѓа од Отецот, вечно и неизменливо.

Овде не станува збор за произлегување или раѓање во човечка смисла на зборот, како што човекот се раѓа или произлегува од својот родител (татко), во еден временски момент, а дотогаш не постоел.

Кога е во прашање Божјата суштина, тогаш секој збор или поим добива поинаква смисла, зашто човечкиот ум, а со тоа и јазик, не е во состројба да ја сфати или да ја искаже или опише Божјата суштина. Тоа што ние го знаеме е дека Бог Отецот е изворот на единството во Светата Троица.

Во толкувањето на ова прашање има разлика помеѓу Православната и Римо-католичката Црква. Римо-католиците и протестантите во 8. член од Символот на верата вметнале: и од Синот..., што би значело дека Светиот Дух произлегува и од Отецот и од Синот. Овој богословски проблем се нарекува - filioque.

Не влегувајќи, засега, подлабоко во овој проблем, можеме да кажеме дека Православната Црква цврсто се држи до Христовите зборови, кога на Своите ученици им дава ветување дека ќе им го „испрати Духот на Вистината, Кој излегува од Отецот...“ (Јн. 25, 26.)

Светиот Дух се нарекува и Животворен, затоа што Он му дава дух на живот на целото создание. Тоа го забележуваме кај Христовото зачнување, како што Архангелот Гавриил Ѝ објавува на Пресвета Богородица: „Светиот Дух ќе слезе над тебе и силата на Севишниот ќе те осени...“ и на крштението Христово, кога Он (Светиот Дух) во облик на гулаб, слегува над Христа и (преку Неговото присуство и гласот на Отецот) бидува објавен на светот дека Христос е Помазаник, Месија и Спасител.

Светиот Дух говорел преку пророците, вдахновувајќи ги да објавуваат и да ја исполнуваат Божјата волја.

Црквата е основана со слегувањето на Светиот Дух на Апостолите. Затоа Црквата Христова, празникот Духови – Педесетница (денот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите во вид на огнени јазици) го нарекува „Роденден на Црквата Христова“. Од овој момент, сè она што Христос го говорел и го правел се оживотворило, т.е., започнало да живее во Црквата.

Секој што ќе се крсти, постанува член на Црквата, т.е., ги прима благодатните и животворни дарови на Светиот Дух - добива нов живот во Црквата Христова. Всушност, во крштението, умира стариот човек, а се раѓа нов, во Светиот Дух.

Светиот Дух Го подига Христа од мртвите, објавувајќи му повторно на светот дека Светата Троица сè прави заедно.

И ние веруваме дека Светиот Дух ќе нè подигне (воскресне) од мртвите во денот на Судот, како што се вели во Светото Писмо: „Но ако Духот на Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исуса, живее во вас, тогаш Оној, Кој Го воскресна Христа од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас“ (До Римјаните, 8, 11.).




Изменето од Miki_P - 30.Јануари.2009 во 19:30
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2009 во 23:04
Miki_P, dobro i nashiroko ja objasni dogmata za Svetiot Duh, ama ne dade odgovori na prashanjata sto gi potavi Marko sk    
.   
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 18:20
Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

...
- Kade se’ prebiva Sv. Duh ?

...


Се надевам дека следниве зборови ќе ти помогнат за во пронаоѓањето на точниот одговор.

Ветерот дува каде што сака, и го слушаш неговиот шум, а не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој, кој е роден од Дух.
   
   
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 23:16
Originally posted by spiros spiros напиша:

Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

...
- Kade se’ prebiva Sv. Duh ?

...


Се надевам дека следниве зборови ќе ти помогнат за во пронаоѓањето на точниот одговор.

Ветерот дува каде што сака, и го слушаш неговиот шум, а не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој, кој е роден од Дух.
   
   
    
mnogu ubav odgovor brate spirose
pozzz
----------osana--------
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 12:23
Asya, a normalno i site drugi koi se smataat za kompetentni) bi sakal da gi iskomentirate dolenavedenive prashanja:
Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

…Ushte vo samite pochetoci na Crkavata, hristijanite go znaele Boga vo tri lika:
1. Otecot, Sozdatel , Sudija, go dal Zakononot i t.n.,
2. Gospod Isus Hristos koj voskresna, ni go pokazha patot na spasenieto i t.n.
i sega da prokometirame za:
3. Svetiot Duh, Koj ima mokj da go obnovi zhivotot i da go ostvari Carstvoto. ( citat od Istorija na relig. Elijade, a spored najstarite crk. zapisi ova e izvornata forma i sodrzhina, no za zhal avtorot ne dava pokonkretni objasnuvanja, tuku ja naveduva kako pojdovna teza i pochnuva da gi elaborira po hronloshki red ponatamoshnite poznachajni teokoncepti za Sv Troica. No eve i jas kako izvornive, da ja razgledame prvichnata koncepcija koja datira ushte od I vek, neobremeneta od podocnezhnite teologii).

Znachi, mozhe li malku da se doobjasni sl:
a)     Sv Duh ima mokj da go obnovi zhivotot ?
b)     Sv Duh ima mokj da go ostvari Carstvoto ?

Od druga strana, se naveduva deka Sv Duh e duhot na vistinata !

Isto taka se nalagaat i sl. prashanja:

- Koga Bog go sozdade Adam od glina, i koga mu vdahna duh i go ozhive, dali toj duh e Sv. Duh ( tretoto lice od Sv. Trojca)

- Ako e toa Sv. Duh, i analogno na faktot deka sme potomci na Adam, znachi site nie go ( imame)nosime Sv Duh vo nas, koj spored ( najranata) crkva, go dava zhivotot ?
Spored drugi tolkuvanja, Sv. Duh go primame samo so nasheto krshtevanje, a spored treti, Sv. Duh prebiva samo kaj crkovnite lugje, t.e. vo Crkvata, osobeno za vreme na liturgijata ?

- Kade se’ prebiva Sv. Duh ?



Miki so osmiot chlena od Simvorot na Verata dava odgovor :

Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:

[FONT=Veranda]…. Не влегувајќи, засега, подлабоко во овој проблем, можеме да кажеме дека Православната Црква цврсто се држи до Христовите зборови, кога на Своите ученици им дава ветување дека ќе им го „испрати Духот на Вистината, Кој излегува од Отецот...“ (Јн. 25, 26.)

Светиот Дух се нарекува и Животворен, затоа што Он му дава дух на живот на целото создание. Тоа го забележуваме кај Христовото зачнување, како што Архангелот Гавриил Ѝ објавува на Пресвета Богородица: „Светиот Дух ќе слезе над тебе и силата на Севишниот ќе те осени...“ и на крштението Христово, кога Он (Светиот Дух) во облик на гулаб, слегува над Христа и (преку Неговото присуство и гласот на Отецот) бидува објавен на светот дека Христос е Помазаник, Месија и Спасител.

Светиот Дух говорел преку пророците, вдахновувајќи ги да објавуваат и да ја исполнуваат Божјата волја.

Црквата е основана со слегувањето на Светиот Дух на Апостолите. Затоа Црквата Христова, празникот Духови – Педесетница (денот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите во вид на огнени јазици) го нарекува „Роденден на Црквата Христова“. Од овој момент, сè она што Христос го говорел и го правел се оживотворило, т.е., започнало да живее во Црквата.

Секој што ќе се крсти, постанува член на Црквата, т.е., ги прима благодатните и животворни дарови на Светиот Дух - добива нов живот во Црквата Христова. Всушност, во крштението, умира стариот човек, а се раѓа нов, во Светиот Дух.

Светиот Дух Го подига Христа од мртвите, објавувајќи му повторно на светот дека Светата Троица сè прави заедно.

И ние веруваме дека Светиот Дух ќе нè подигне (воскресне) од мртвите во денот на Судот, како што се вели во Светото Писмо: „Но ако Духот на Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исуса, живее во вас, тогаш Оној, Кој Го воскресна Христа од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас“ (До Римјаните, 8, 11.).



No sepak moite prashanja ne se odgovoreni ? Mozhe li prvin na ovie da se dadem komentar, stav, mislenje, pa posle na sl. dve - tri novi prashanja:

Zashto se veli deka samo hulata na Sv Duh nema da se prosti. Zoshto samo ovaa hula ima takov tretman, a ne i hulite kon Otecot i Sinot ?
Mozheme li , analogno na ovoj stav za hulite da konstatirame deka Sv Duh e posenzitiven i funkcionalno poznachaen ?
Dali zabelezhuvate - vo vash*te diskusii, deka go potencirate Sv Duh so negovoto deluvanje - dodeka sme zhivi na ovoj svet, Toj ima konkretna funkcija i deluvanje. Toj ne vodi i ni ja pokazhuva vistinata, patot i t.n. a Otecot i Sinot se na nebesa.
E sega , bez da bidam pogreshno razbran, a mozhebi i od nedostatok na crkoven vokabular (deluva malku “nesmasno” i nesoodvetno kako prashanje), no mozhe li da se pojasni - koja e funkcijata na Hristos i na Otecot dopdeka sme nie ovde na zemjava ? Pogore spomenav, Otecot e Tvorecot na se’ i Sudijata, Hristos gi otkupi sita nashi grevovi, so smrta ja pobedi smtra i ni go najavi Crastvoto Bozhje i ni go dade uchenjeto za nasheto spasenie, no koi se nivnite segashni deluvanja ? ( pak nesmasno definiranje na poimite, no ok, prostate za ova)
Se nadevam deka pravilno me razbravte, i ne bi sakal da mi se odgovara vo stilot: Stani crkoven pa kje razberesh. Toa e isto ako jas- kako economist, koga bi se pobaralo objasnuvanje za bankarskiot sistem, da recham: Pochni da shtedish pari vo banka pa kje razberesh shto e bankarski sitem, monetarisam , uloga na centralna banka i t.n. Znam deka sporedbata ne e soodvetna, nemozhe bank. sistemi da se sporeduvaat so vera, no sepak mislam deka primerov e dovolno indikativen za da bidam pravilno razbran.

PS. Ako mozhe po red na postavenite prashanja ( pochnuvajkji od mojot kvotiran post za Sv Duh, vnimatelno sledejkji go simvolot na verata - boldirav edna rechenica kako primer, pa potoa na novive prashanja) da se odgovori ?


Изменето од Marko sk - 30.Јануари.2009 во 12:48
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 16:13
Здраво Марко.

Ке ти биде одговорено на твоите прашања секако. Ке се обидам понатаму сега само за твојата забуна околу хуката на Светиот Дух.

Светиот Дух е духот на Вистината и оние кои упорно се противат на вистината а ја знаат тие хулат на Светиот Дух и на нив нема да и се просте гревот. Бог е семилостив но ништо неправи наслино , се со наше содејство или дозвола. Непокајанието е најголемаа хула на светиот дух и само тој грев нема да ни се прости односно секој непокаен и неисповедан грев а секој друг па макар и ерес, одкако ке се освестиме и се покаеме ке ни биде простено, но ако упорно стоиме во гревот тогаш...

Не се вели за Синот затоа што вистина имало забуна мегу народот кој е Христос, нели сите неможеле да го препзнаат и НЕСВЕСНО грешиле како Савле, односно Павле. А Отецот пак никој никогаш не го Видеј, нНего го Објави Неговиот Единороден Син и затоа и тој грев е од непознавање
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 17:47
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

...
Не се вели за Синот затоа што вистина имало забуна мегу народот кој е Христос, нели сите неможеле да го препзнаат и НЕСВЕСНО грешиле како Савле, односно Павле. А Отецот пак никој никогаш не го Видеј, нНего го Објави Неговиот Единороден Син и затоа и тој грев е од непознавање


Stanuva pojasno, ok Opiten, thx a lot....pozdrav!
_________
PS. da ne ja zaterame diskusijava vo drug pravec, no zabelezhuvam velish : Najgolema hula e nepokajanieto...pa neli najgolema hula e samoubistvoto i na nivnite pogrebi pravoslavnite sveshtenici ne drzhat ni opelo, nitu se molat za nivno sapasuvanje...?



Изменето од Marko sk - 30.Јануари.2009 во 17:52
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 18:59
Ако дозволиш, би ги одговорил твоите прашања според учењето на прахристијанската заедница Универзален живот.Овие информации немаат ништо заедничко со православното или протестантското теолошко учење.

Според моето убедување тоа се информации кои се примени директно од Христос преку пророчицата за денешно време преку кој Тој се објавува повторно.

Дел од ова длабоко знаење го имале и манихејците, Ориген, богомилите, катарите и други движења кои се влеваат во прахристијанската струја низ историјата, но за жал нив институционалните цркви ги прогонувале како еретички и кривоверни. Христос повторно му го открива на човештвото, но за прв пат во сите детали.
Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

...
Znachi, mozhe li malku da se doobjasni sl:
a)     Sv Duh ima mokj da go obnovi zhivotot ?
b)     Sv Duh ima mokj da go ostvari Carstvoto ?

Od druga strana, se naveduva deka Sv Duh e duhot na vistinata !

a) да, бидејќи тој е самиот Животот.
б) ?(се извинувам, но не го разбирам прашањето)

Божјиот Дух, е врвната реалност, затоа и се вели дека тој е духот на вистината.
Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

- Koga Bog go sozdade Adam od glina, i koga mu vdahna duh i go ozhive, dali toj duh e Sv. Duh ( tretoto lice od Sv. Trojca)

Божјото создавање е духовно-етерично, тој не го создал Адама. Адам и Ева се првите потполно материјални луѓе кои почнале да се размножуваат преку сексуални односи. Тие се првите луѓе кои се идентични во форма со денешните. Но пред нив исто така имало луѓе - делумно материјални битија, но нивната метаморфоза во луѓе во тоа време сеуште не била завршена - огрубувањето и обвиткувањето на нивните духовни тела со материја бил процес којшто траел со милиони години. После Адам и Ева и други парови станувале потполно материјални и тие понатака се размножувале преку сексуални односи, независно од Адам и Ева. Настанокот на човекот и материјалниот универзум е последица на падот, не на директно Божјо создавање.
Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

- Ako e toa Sv. Duh, i analogno na faktot deka sme potomci na Adam, znachi site nie go ( imame)nosime Sv Duh vo nas, koj spored ( najranata) crkva, go dava zhivotot ?
Spored drugi tolkuvanja, Sv. Duh go primame samo so nasheto krshtevanje, a spored treti, Sv. Duh prebiva samo kaj crkovnite lugje, t.e. vo Crkvata, osobeno za vreme na liturgijata ?
Сите ние го носиме светиот Дух, но во некого тој струи латентно, во друг засилено. Тоа зависи од самиот човек, имено колку силно тој се насочува преку своите чувства, 5 сетила, мисли, зборови и постапки кон Светиот Дух и Божјите Закони. Кога Светиот Дух повторно ќе се активира во целост кај човекот, велиме дека е крштен со светиот Дух.
Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

- Kade se’ prebiva Sv. Duh ?

Светиот Дух е сеприсутен. Тој се наоѓа во душите на луѓети, животните, растенијата, минералните царства, ѕвездите и тн... Без него ништо не би можело да постои. Сите создадени форми се проструени од светиот Дух. Чистите духовно-небесни форми се израз на светиот Дух, а материјалните форми тој само ги одржува.
Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

mozhe li da se pojasni - koja e funkcijata na Hristos i na Otecot dopdeka sme nie ovde na zemjava ?
Отецот е манифестирана форма на Светиот Дух. Светиот Дух значи самиот себе си си дал облик. Христос пак, е првороден син на Бог-Отец. Христос бил воздигнат до ниво на со-владетел на Царството Небесно. По налог на Бог - Отец, Христос се инкарнирал како Исус од Назарет за да ги врати отпаднатите деца Божји. После распетието Тој станал избавител и спасител на сите луѓе и души. Процесот на враќање е во тек, но мерено со човечки сфаќања и време трае мнооогу долго.

Значи Бог е владетел со царството Небесно, а Христос негов помошник, воедно моменталната мисија Христова е враќање на сите души во вистинската Татковина - духовниот универзум.

Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

...Hristos gi otkupi sita nashi grevovi, so smrta ja pobedi smtra i ni go najavi Crastvoto Bozhje i ni go dade uchenjeto za nasheto spasenie, no koi se nivnite segashni deluvanja ?
Христос не ги откупил сите наши гревови. Кога тоа би било така, ние би сме биле безгрешни. Тоа би значело дека би сме биле совршени како нашиот Татко во Небесата. Тогаш во овој свет не би имало болести, несреќи, катастрофи и сл. Тие се последица на гревот. Секој поединец ги сноси последиците од своите лични гревови, не на некој друг.

Христос го распределил своето огромно духовно наследство, кое се всадило во форма на искри во сите луѓе и души. Таа е еден вид, духовен осигурач. Христовата искра овозможува, колку и да некој згреши против Божјите закони (а преку тоа се оддалечи од Светиот Дух кој е извор на Животот) сепак еден ден му биде возможно преку процес на чистење на душата, да се врати дома кај Бога.

Тоа значи дека ниту еден човек и ниту една душа нема да бидат вечно проколнати, изгубени и уништени. Но секој ќе мора да си ја срка манџата што самиот си ја зготвил преку сопствените гревови доколку правовремено гревовите не ги спознае и исчисти преку каење, молење за прошка, простување, поправање и не правење повеќе.




Изменето од Majkl - 30.Јануари.2009 во 19:03
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 19:00
да де, кој самоубиец се самоубил покајан. Тоа е разликата помегу Петар и Јуда.

и двајцата згрешиле ама едниот се покајал и му било простено а другиот останал непокајан во својот грев.

во Филмот на Мел Гипсон е многу убаво преставен ликот на Јуда
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 19:12
И Јуда се покајал самошто тоа било световно покајание.Признал пред самиот себе дека згрешил и самиот се казнил.Се ставил во својство на судија.

Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 19:24
покајанието не само осознавање на својот грев, туку смирено признавање и барање на прошка за да се исправи и си го промени животот. Метаноиа- преумување.

Јауда си го осознал својот грев и свесно останал во него несакајки да го исповеда, и нели е баш тоа Хулата на Светиот Дух.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 19:29
Da ne beshe Juda nemashe da se ostvari Isusovata misija onaka kako sto se sluchi.

Juda e najmalu razbranata karika vo lanecot na zbidnuvanjata.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 19:29
Јуда се покајал, сватил дека згрешил, дека направил грев.Инаку зашто би се самоказнил.
Затоа викам дека тоа не е Библиско покајание.
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 19:31
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Da ne beshe Juda nemashe da se ostvari Isusovata misija onaka kako sto se sluchi.

Juda e najmalu razbranata karika vo lanecot na zbidnuvanjata.


немораше, Меси. Господ е семоќен да го оствари својот спасотелен план и не му се потребни жртви
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.