|
Би сакал да се исповедам... |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
dras
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 11.Јануари.2009 во 18:11 |
....Би сакал да се исповедам,....само кажете ми кај кој поп ...и колку чини.....
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако сте припадник на Црквата Христова, може да се исповедате кај духовно лице-свештенослужител, претставник на Црквата Христова, било тоа да е од белото или црното (монашко) свештенство. А тоа, колку ќе Ве чини!? Мислам дека тоа ќе Ве чини многу, многу напор, многу, многу самоодрекување, поточно, тоа треба да биде Ваш деноноќен напор да направите нешто со себе што ќе предизвика голема радост кај Создателот, кај Вас и кај вашиот духовен отец. Но, тоа не треба да Ве плаши, напротив, тоа треба да предизвика бура од радост и да Ви го „запали срцето“, затоа што преку овој чин со голема брзина се доближувате кон Небесниот Цар. Се молам на Севишниот Господ Бог, тоа да Ви се случи многу, многу бргу. |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
50 evra od saat
Samo e potrebna golema psihicka podgotvenost. Ne e lesno covek da se otvori celosno. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Целосно се согласувам дека е потребна силна решеност, и голема подготовка. Само, без тие 50 евра Голем поздрав. |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
toa bese sala
Jas ne mozev dolg period. Ne deka ja sum ubila nekogo ili ne znam sto. Ama sepak treba covek da razmisli zatoa sto prethodno misli deka ne e gresen a potocno ima grevovi koi ti se gledaat tolku sitni a grev si e grev kakov i da e-dali ti bi rekol mal ili golem toa e toa. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Блу, тоа дури и не е најстрашното при исповедањето...
Најстрашниот момент и најтешкиот според мене е она "...Оди и не греши повеќе...". Тоа е целта на исповеданието, а не само да ти олесни на душата затоа што си кажал некому. Исповедањето не е само муабетење за грешките што си ги направил, а е менување на животот од корен. Се она кое до тој момент си го правел и е грешно, треба да престане, затоа што свештеникот може да ти даде опростување, само ако искрено се покаеш, а искрено може да се покаеш само ако се откажеш од гревот со целото свое битие... Тоа е најтешкиот дел од исповедањето... |
|
Do what is right, come what may...
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Токму така. Мене ми беше чудна една работа. Многумина после исповедта се чуствувале тешко и немоќно поради сознанието какви се гревови имале. Додека човек не ги каже на глас не се толку болни изгледа. Мене па ми олесни за разлика од нив А факт е дека нема шанси а да не се згреши после исповедта.
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pa, vsushnost ispoveduvanjeto e soochuvanje so vistinata za sebe i rekapitulacija na grevovite.
Ima stara vistina koja veli: ako si ISKREN svedok na svoite grevovi, togash tie ednostavno kje se rastopat i kje ischeznat... nema da se zakoravat vo tvojata dusha i ke prestanat da te machat. Toa e prviot chekor kon prochistuvanjeto. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Месинџер, токму така...
Блу - се разбира дека ќе се греши и по исповедањето... но - ајде еден конкретен пример. Една проститутка оди на исповедање... кажува дека згрешила, се кае (тоа е поентата на одењето на исповед)... свештеникот и простува и и вели "Оди и не греши повеќе...". Таа станува, и оди кај следниот клиент. Претходните гревови ниту се простени, ниту и олеснале (баш според примерот на Месинџер)... само таа ги кажала јавно, па си мисли дека и е полесно заради тоа. Сосема друго е да излезе оттаму и никогаш повеќе да не се занимава со проституција... Се разбира - ќе згреши со нешто друго, но никогаш повторно нема да се врати на гревот од кој се откажала. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А дали ако пример. ете таа се покајала поради тоа што го правела и прекинува да го прај. Сега оди убива човек. тоа е грев нели. дали сепак тоа претходно што го направила и се покајала и е простено????
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Треба да биде обратно: Свесни дека сме се „натовариле“ со тежина и мачнина, заради погрешниот начин на живеење, неусогласен со Евангелието, тие (тежината и мачнината) треба да му претходат на чинот - Исповедание (поради тоа одиме да се исповедаме), а тоа што треба да следи е големо, големо растоварување, заради фактот дека на небесата е поголема радоста за еден грешник што се кае, отколку илјада праведници. |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа се две сосема одделни работи.
Таа правела грев проституција, на пример... Се покајува искрено за тоа и престанува да го прави. За тој грев, не може да и судиме, затоа што искрено се покајува за него. Понатаму - прави грев убиство. Тука има два грева во тој чин - првиот - убиството. Вториот - падот на верата... Ако нејзината вера била силна, како во моментот на откажување од првиот грев, тогаш не би го направила вториот грев. Но првиот грев (за кој се покајала) не може да го надоврзуваме на вториот. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одсрце ти посакувам да го сториш тоа! Јас сум сигурен дека има свештеници кои се доста блиску до СОВРШЕНИОТ СВЕШТЕНИКи дека Тој ќе те состави со еден таков. Но ако неможеш да најдеш еден таков свештеник на кого можеш потполно да веруваш и да му се отвориш, знај сигурно дека СОВРШЕНИОТ СВЕШТЕНИК тие поблиску од твојот удар на срцето! Кажи Му Нему! Тој те сака повеќе од било кој друг свештеник во универзумот! Неговата КРВ е МИЛОСТИВО ПРОСТУВАЊЕ и сигурен Спас за сите што искрено веруваат!!! Се молам затебе! |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас бев на исповед еден единствен пат во мојот живот........ Размислив дома убаво што и како ќе кажам, за што искрено се каам, што искрено ми тежи........и мислев дека сум подготвена силно да се соочам со себе си...... Влегов кај свештеникот и кога требаше да почнам да зборувам како кнедла да имав во грлото......солзи почнаа да ми течат, да ми се превртува желудникот, срцето да ми лупа............ Плачев........но не поради тоа што ми беше тешко........туку поради тоа што знаев дека ми следува олеснување.......како да плачев од среќа пред исповедта воопшто да почне....... Чувството потоа беше неописливо. Нешто како леснотија, мир, спокојство, хармонија, задоволство, среќа....... Сега кога требаше да се исповедам пред да земам причест, не го направив ни едното ни другото иако постев..........едноставно се чувствував неподготвено.......како да не беше времето сега..............како да ќе требаше да се лажам себе си и Бог ако отидев на исповед.......... |
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |