Би сакал да се исповедам...
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17437
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 18:52 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Би сакал да се исповедам...
Постирано од: dras
Наслов: Би сакал да се исповедам...
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 18:11
....Би сакал да се исповедам,....само кажете ми кај кој поп ...и колку чини.....
|
Коментари:
Постирано од: Miki_P
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 19:12
dras напиша:
....Би сакал да се исповедам,....само кажете ми кај кој поп ...и колку чини..... |
Ако сте припадник на Црквата Христова, може да се исповедате кај духовно лице-свештенослужител, претставник на Црквата Христова, било тоа да е од белото или црното (монашко) свештенство.
А тоа, колку ќе Ве чини!?
Мислам дека тоа ќе Ве чини многу, многу напор, многу, многу самоодрекување, поточно, тоа треба да биде Ваш деноноќен напор да направите нешто со себе што ќе предизвика голема радост кај Создателот, кај Вас и кај вашиот духовен отец.
Но, тоа не треба да Ве плаши, напротив, тоа треба да предизвика бура од радост и да Ви го „запали срцето“, затоа што преку овој чин со голема брзина се доближувате кон Небесниот Цар.
Се молам на Севишниот Господ Бог, тоа да Ви се случи многу, многу бргу.
------------- Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 19:14
50 evra od saat
Samo e potrebna golema psihicka podgotvenost. Ne e lesno covek da se otvori celosno.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Miki_P
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 19:26
blueprayer напиша:
50 evra od saat Samo e potrebna golema psihicka podgotvenost. Ne e lesno covek da se otvori celosno.
|
Целосно се согласувам дека е потребна силна решеност, и голема подготовка.
Само, без тие 50 евра
Голем поздрав.
------------- Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 19:28
toa bese sala
Jas ne mozev dolg period. Ne deka ja sum ubila nekogo ili ne znam sto. Ama sepak treba covek da razmisli zatoa sto prethodno misli deka ne e gresen a potocno ima grevovi koi ti se gledaat tolku sitni a grev si e grev kakov i da e-dali ti bi rekol mal ili golem toa e toa.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 19:32
Блу, тоа дури и не е најстрашното при исповедањето...
Најстрашниот момент и најтешкиот според мене е она "...Оди и не греши повеќе...". Тоа е целта на исповеданието, а не само да ти олесни на душата затоа што си кажал некому. Исповедањето не е само муабетење за грешките што си ги направил, а е менување на животот од корен. Се она кое до тој момент си го правел и е грешно, треба да престане, затоа што свештеникот може да ти даде опростување, само ако искрено се покаеш, а искрено може да се покаеш само ако се откажеш од гревот со целото свое битие...
Тоа е најтешкиот дел од исповедањето...
------------- Do what is right, come what may...
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 19:33
Токму така. Мене ми беше чудна една работа. Многумина после исповедта се чуствувале тешко и немоќно поради сознанието какви се гревови имале. Додека човек не ги каже на глас не се толку болни изгледа. Мене па ми олесни за разлика од нив А факт е дека нема шанси а да не се згреши после исповедта.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 19:35
Pa, vsushnost ispoveduvanjeto e soochuvanje so vistinata za sebe i rekapitulacija na grevovite.
Ima stara vistina koja veli: ako si ISKREN svedok na svoite grevovi, togash tie ednostavno kje se rastopat i kje ischeznat... nema da se zakoravat vo tvojata dusha i ke prestanat da te machat.
Toa e prviot chekor kon prochistuvanjeto.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 19:41
Месинџер, токму така...
Блу - се разбира дека ќе се греши и по исповедањето... но - ајде еден конкретен пример.
Една проститутка оди на исповедање... кажува дека згрешила, се кае (тоа е поентата на одењето на исповед)... свештеникот и простува и и вели "Оди и не греши повеќе...". Таа станува, и оди кај следниот клиент.
Претходните гревови ниту се простени, ниту и олеснале (баш според примерот на Месинџер)... само таа ги кажала јавно, па си мисли дека и е полесно заради тоа.
Сосема друго е да излезе оттаму и никогаш повеќе да не се занимава со проституција... Се разбира - ќе згреши со нешто друго, но никогаш повторно нема да се врати на гревот од кој се откажала.
------------- Do what is right, come what may...
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 19:43
А дали ако пример. ете таа се покајала поради тоа што го правела и прекинува да го прај. Сега оди убива човек. тоа е грев нели. дали сепак тоа претходно што го направила и се покајала и е простено????
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Miki_P
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 19:46
blueprayer напиша:
Токму така. Мене ми беше чудна една работа. Многумина после исповедта се чуствувале тешко и немоќно поради сознанието какви се гревови имале. Додека човек не ги каже на глас не се толку болни изгледа. Мене па ми олесни за разлика од нив А факт е дека нема шанси а да не се згреши после исповедта.
|
Треба да биде обратно: Свесни дека сме се „натовариле“ со тежина и мачнина, заради погрешниот начин на живеење, неусогласен со Евангелието, тие (тежината и мачнината) треба да му претходат на чинот - Исповедание (поради тоа одиме да се исповедаме), а тоа што треба да следи е големо, големо растоварување, заради фактот дека на небесата е поголема радоста за еден грешник што се кае, отколку илјада праведници.
------------- Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 19:46
Тоа се две сосема одделни работи.
Таа правела грев проституција, на пример... Се покајува искрено за тоа и престанува да го прави. За тој грев, не може да и судиме, затоа што искрено се покајува за него.
Понатаму - прави грев убиство.
Тука има два грева во тој чин - првиот - убиството.
Вториот - падот на верата... Ако нејзината вера била силна, како во моментот на откажување од првиот грев, тогаш не би го направила вториот грев.
Но првиот грев (за кој се покајала) не може да го надоврзуваме на вториот.
------------- Do what is right, come what may...
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 20:05
dras напиша:
....Би сакал да се исповедам,....само кажете ми кај кој поп ...и колку чини..... |
Одсрце ти посакувам да го сториш тоа!
Јас сум сигурен дека има свештеници кои се доста блиску до СОВРШЕНИОТ СВЕШТЕНИКи дека Тој ќе те состави со еден таков.
Но ако неможеш да најдеш еден таков свештеник на кого можеш потполно да веруваш и да му се отвориш, знај сигурно дека СОВРШЕНИОТ СВЕШТЕНИК тие поблиску од твојот удар на срцето!
Кажи Му Нему!
Тој те сака повеќе од било кој друг свештеник во универзумот!
Неговата КРВ е МИЛОСТИВО ПРОСТУВАЊЕ и сигурен Спас за сите што искрено веруваат!!!
Се молам затебе!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 22:36
Јас бев на исповед еден единствен пат во мојот живот........
Размислив дома убаво што и како ќе кажам, за што искрено се каам, што искрено ми тежи........и мислев дека сум подготвена силно да се соочам со себе си......
Влегов кај свештеникот и кога требаше да почнам да зборувам како кнедла да имав во грлото......солзи почнаа да ми течат, да ми се превртува желудникот, срцето да ми лупа............
Плачев........но не поради тоа што ми беше тешко........туку поради тоа што знаев дека ми следува олеснување.......како да плачев од среќа пред исповедта воопшто да почне.......
Чувството потоа беше неописливо. Нешто како леснотија, мир, спокојство, хармонија, задоволство, среќа.......
Сега кога требаше да се исповедам пред да земам причест, не го направив ни едното ни другото иако постев..........едноставно се чувствував неподготвено.......како да не беше времето сега..............како да ќе требаше да се лажам себе си и Бог ако отидев на исповед..........
|
Постирано од: Miki_P
Датум на внесување: 11.Јануари.2009 во 23:27
polzavce напиша:
Сега кога требаше да се исповедам пред да земам причест, не го направив ни едното ни другото иако постев..........едноставно се чувствував неподготвено.......како да не беше времето сега..............како да ќе требаше да се лажам себе си и Бог ако отидев на исповед.......... |
Можеби доцна си почнал(а) да размислуваш за исповед, кога веќе се наближило времето за причест?
Требало, истовремено, со почетокот на постот, да се подготвуваш за исповед. Тогаш, верувам, ќе си имал(а) доволно време „да се средиш“, зашто и самиот (самата) еуфорично ја објаснуваш состојбата, во која си се наоѓал(а), после првото исповедување.
Самата помисла на таквата состојба (по првата исповед), требало да ти биде дополнителен мотив за пак да почувствуваш таква радост.
Инаку, подобро што не си се причестил(а), зашто, треба да знаеш дека исповедта е духовна бања, која, заедно со исправниот пост, ги подготвувваат и телото и душата за „средба“ со Христа Господа преку примањето на телото и крвта Негови. Нели не бива Пречистиот да се сместува во нечисто.
Поздрав во Христа Господа.
------------- Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 12.Јануари.2009 во 00:01
Исповедај Му се на Господ се што ти лежи на душата и за што се чувствуваш грешна Нему кажи Му.
Какви свештеници, немаш потреба нив да им се исповедаш.Гревовите се исповедаат пред Господ!
п.с. Исповедањето пред свештеник православната црква почна да го практикува пред десетина години.
|
Постирано од: Miki_P
Датум на внесување: 12.Јануари.2009 во 00:09
izvoren напиша:
...Исповедањето пред свештеник православната црква почна да го практикува пред десетина години. |
Прости му, Господи, за слабото знаење, т.е., за незнаењето.
------------- Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 12.Јануари.2009 во 00:57
И јас би сакал да се исповедам......многу сум грешен.....местото во пеколот секако ми е загарантирано...барем да не ми тежи на душава....
------------- Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.
|
Постирано од: butterflyM55
Датум на внесување: 12.Јануари.2009 во 01:03
Veke ti e rezervirano mestoto?
Jas ne sakam da se ispolvedam.Sama na sebe si se ispovedam,dovolno e toa.
------------- Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 12.Јануари.2009 во 01:04
butterflyM55 напиша:
Veke ti e rezervirano mestoto?
Jas ne sakam da se ispolvedam.Sama na sebe si se ispovedam,dovolno e toa. |
Уште од поодамна....
------------- Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.
|
Постирано од: butterflyM55
Датум на внесување: 12.Јануари.2009 во 01:09
Znaci mozno e i da sme komsii so mestata(placovite)
------------- Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 12.Јануари.2009 во 01:11
Не верувам....За мене нема надеж.....
------------- Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 12.Јануари.2009 во 01:12
Палестинец напиша:
И јас би сакал да се исповедам......многу сум грешен.....местото во пеколот секако ми е загарантирано...барем да не ми тежи на душава....
|
Site sme gresni, no dodeka sme zivi Bog moze da ni go promeni zivotot, ako se ispovedame pred Nego i da go promenime nasiot zivot, od toj moment, Bog so Svetiot Duh ke vlijae vrz nas. Ne se sekiraj, na nikogo ne mu e rezervirano mestoto vo pekolot pred vreme...
Isus koga im gi prostuvase grevovite i na najgolemite gresnici velese: Odi i ne gresi veke...
Malku da te ohrabram , site nie lugeto sme gresni.
Ako ne e Bozjata milost, nemase da postoi covek na Zemjata. Pozdrav Palestinec i Bog da te blagoslovi!
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 15.Јануари.2009 во 18:52
Според учењето на Универзален Живот невозможно е свештеник или гуру(духовен учител) да ни го разреши или да ни го превземе гревот. Евентуално лицето во кое имаме голема доверба може да биде од корист да не сослуша и ни укаже на нешто што самите не го гледаме а е важно за наше преобраќање. Тоа може да биде и драг пријател или добар психотерапевт.
Во Христовите објави примени преку пророкот на денешницата објаснето е дека:
Одлучувачко за разрешување на гревот е самиот поединец да сфати што е тоа што го направил, но и да дадат искрена прошка оние кои се оштетени. А за да повеќе не го прави истото или сличното грешно, важно е да се праша самиот себе си „Зошто го направив тоа што го сторив?„ и да дојде до корените на своето погрешно однесување.
Што ако некој некого излаже или ограби, па потоа отиде, ете макар и искрено, кај свешетникот да се исповеда, а оној кому му е сторена неправда не може и не сака да ни прости? Ставете се во ситуација на оштетениот! Замислете Бог да му каже: „Ајде не кукај многу многу, тој грев што ти го направиле тебе нерпијателите, веќе им го простија моите представници на земјата!„ - Како би се чувствуал оштетениот тогаш? Каде оди неговото чувство на потиштеност или можеби и желба за освета? Каде е тогаш праведноста Божја?
Но доколку човек искрено го замоли Христос за проштевање на гревот и притоа отиде и кај оштетениот да се извини и го поправи стореното онолку колку што е тоа сеуште можно, а оштетениот и покрај искрената молба и надокнада не сака да прости тогаш Бог со тек на време поинтензивно ќе ја допира со светлосни импулси неговата душа за да го наведе на предомсилување и му даде сила да прости. Кога оштетениот навистина ќе прости, гревот е разврзан и повеќе ниту едниот ниту другиот не ги кочи во нивниот пат кон царството Небесно.
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 15.Јануари.2009 во 20:21
Би сакала да се исповедам и тоа многу, ептен сакам некој да ме ислуша затоа што имам за многу работи да кажувам...
------------- You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
Постирано од: Miki_P
Датум на внесување: 15.Јануари.2009 во 21:14
Majkl напиша:
Што ако некој некого излаже или ограби, па потоа отиде, ете макар и искрено, кај свешетникот да се исповеда, а оној кому му е сторена неправда не може и не сака да ни прости? Ставете се во ситуација на оштетениот! Замислете Бог да му каже: „Ајде не кукај многу многу, тој грев што ти го направиле тебе нерпијателите, веќе им го простија моите представници на земјата!„ - Како би се чувствуал оштетениот тогаш? Каде оди неговото чувство на потиштеност или можеби и желба за освета? Каде е тогаш праведноста Божја?
|
Вака размислуваат сите кои не ја разбираат суштината на покајанието и исповедта.
Имено, тој што би исповедал дека ограбил, прва задача, пред да добие „епитимија“ (поправна мерка) ќе биде, задолжително да го врати проневереното на оштетениот (начинот на враќањето на одземеното, ако не е подготвен да го направи транспарентно, ќе мора да најде друг начин), потоа, во друга средба, треба да „реферира“ дека задачата ја извршил, ќе следува изрекување на „поправна мерка“ (сразмерно на тежината на гревот), а молитвата за разрешување ќе биде прочитана, по исполнувањето на „мерката“ - најверојатно на третата средба.
Некој би рекол, тој може и да излаже дека го вратил украденото само да добие простување, но тој (што се исповеда) знае дека преку искрената исповед доаѓа до ослободување од гревот, па, ако не го направил тоа, и по прочитувањето на молитвата за ослободување од гревот, гревот му останува.
Значи, оштетениот го добива своето, а тој што се кае, штом помине низ ваков „филтер“, знаејќи дека тоа му е за спасение, никогаш повеќе нема да се врати на „блуваното“, како песот што се враќа на касапница.
------------- Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 15.Јануари.2009 во 23:10
Miki_P напиша:

| Се согласувам МikiP но за жал тоа е ретка пракса, а патем што е со исповедта на смртната постела?
|
Постирано од: Miki_P
Датум на внесување: 15.Јануари.2009 во 23:50
Majkl напиша:
Се согласувам МikiP но за жал тоа е ретка пракса, а патем што е со исповедта на смртната постела? |
Имав гости и не забележав дека имало текст на кој, на некој начин, сум повикан да одговорам. Не разбрав што значи ова но за жал тоа е ретка пракса, но нејсе.
Исповедта на смртната постела е безусловна, т.е., без обврски за исполнување на „поправна мерка“, слично како разбојникот на крстот кој побара прошка и доби, побара влез во Небесното Христово Царство, и влезе.
Ако продолжува дилемата околу тоа што ако имало злоупотреби, од типот на грабеж, тоа, со дозвола на тој што се исповеда, ќе го надохнади неговото семејство, како што рековме погоре, транспарентно или на друг начин.
Ваквото исповедање (на лица на смртна постела, а во свесна состојба) пожелно е да се практикува што почесто, како повеќе луѓе би се спасиле.
Овде, во ваков случај, кога свештеното лице доаѓа во домот на болниот со себе носи и причесна, го исповеда, и го причестува со телото и крвта Христови.
Црквата учи, ако покојникот пред смртта се исповеда и се причести, заминува на средба со Севишниот без гревови, се спасил. Затоа таа (Црквата) апелира, преку своите свештенослужители, што повеќе луѓе да практикуваат исповед, бидејќи никој од нас не го знае крајот на овоземниот живот.
------------- Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 15.Јануари.2009 во 23:52
Miki P, да, до тебе беше прашањето, ти благодарам на одговорот иако не се согласувам со тој став.
поздрав
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 16.Јануари.2009 во 20:25
Miki_P напиша:
Majkl напиша:
Се согласувам МikiP но за жал тоа е ретка пракса, а патем што е со исповедта на смртната постела? |
Имав гости и не забележав дека имало текст на кој, на некој начин, сум повикан да одговорам. Не разбрав што значи ова но за жал тоа е ретка пракса, но нејсе.
Исповедта на смртната постела е безусловна, т.е., без обврски за исполнување на „поправна мерка“, слично како разбојникот на крстот кој побара прошка и доби, побара влез во Небесното Христово Царство, и влезе.
Ако продолжува дилемата околу тоа што ако имало злоупотреби, од типот на грабеж, тоа, со дозвола на тој што се исповеда, ќе го надохнади неговото семејство, како што рековме погоре, транспарентно или на друг начин.
Ваквото исповедање (на лица на смртна постела, а во свесна состојба) пожелно е да се практикува што почесто, како повеќе луѓе би се спасиле.
Овде, во ваков случај, кога свештеното лице доаѓа во домот на болниот со себе носи и причесна, го исповеда, и го причестува со телото и крвта Христови.
Црквата учи, ако покојникот пред смртта се исповеда и се причести, заминува на средба со Севишниот без гревови, се спасил. Затоа таа (Црквата) апелира, преку своите свештенослужители, што повеќе луѓе да практикуваат исповед, бидејќи никој од нас не го знае крајот на овоземниот живот.
_________________________________________________________
Опасна работа се поповите.Доагаат со торбичка, таму им се монтирани сите потребни елементи за простување на гревовите, само тој што е пред умирање им ги исповеда гревовите и тие му ги простуваат, или пак ургираат кај Господ да им ги прости.
Другите што нема да викнат поп за гревоисповедание, нема простување.
Поповите имаат извадено лиценца простувањето гревови да оди преку нив.
|
|
Постирано од: Miki_P
Датум на внесување: 16.Јануари.2009 во 20:44

Имам нешто и за тебе, брате пасторе:
Miki_P напиша:
[QUOTE=Miki_P] Старец Клеопа:
Слушате ли што вели светиот апостол Јаков: „Ако дојдат некои при вас голи и без насушна храна и ви побараат помош, па им речеш: Оди брату! Оди си со мир! Бог нека те храни; Бог да те направи здрав, Бог да те прими, а не му дадеш ништо, каква ќе биде користа“ (Јак. 2, 14-17)?
Ќе му речете: Пријателу, немам ништо со тебе, ти не си предмет на мојата грижа, тоа Бог од мене не го бара - јас сум спасен(а) по благодат, тоа не ми е потребно, а тоа што ми е потребно го правам (секојдневно) - читам Свето Писмо и Му се молам на Бога!
Да чува Господ!!!
Бог можел да го помилува и да не го прати при тебе. Но, го праќа кај тебе за да ја види твојата љубов, за да ја види твојата вера, да види дали си подготвен да правиш дела што спасуваат, да види дали ќе сакаш (во името на Христа Господа) да му помогнеш, да го нахраниш, да го примиш како странец во својот дом и да го напоиш.
Ваквите дела предизвикуваат радост на Небесата; ваквите, и слични, дела Му се угодни на Бога, ама не и на секташите!
| Амин.
|
Постирано од: Miki_P
Датум на внесување: 16.Јануари.2009 во 22:40
Исповедта може да ја извршува само свештено лице што има Апостолско преемство!
За тоа ќе најдете потврда во Светото Предание:
Тоа е постаро од Светото Писмо, кое и настанало од Светото Предание. Во прво време апостолите усно го проповедале Евангелието. Во Светото Писмо не е запишано сè што правел и учел Исус Христос (Јован 21, 25) и апостолите (2. Јов. 12). Во Новиот Завет има заповед (1. Тим. 6, 20; 2. Тим. 2, 2) и пофалба (1. Кор. 11, 2) за придржување и чување на Светото Предание. Исто така има и опомена: „Браќа пазете некој да не ве заведе... според човечкото предание“ (Кол. 2, 8). Токму тоа се случило, прво на секташките верници, бидејќи го наследиле и го држат преданието на своите основачи. Невистинито е тврдењето на секташите дека веруваат само во Светото Писмо, тие им веруваат на своите „пророци и основачи“ (Хелена Вајт, Милер, Расел итн.) и на нивното толкување на Светото Писмо.
|
Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 16.Јануари.2009 во 23:24
Дури сега видов дека сум испуштил дел од претходниот пост на Мики.
Мики - имаш официјална опомена за навреда врз други религии!
Изворен - истото важи и за тебе!
Смирете го малку тонот на дискусијата!
------------- Do what is right, come what may...
|
Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 00:07
Изворен - избришани ти се постовите затоа што се лична дискусија со друг член. И ти си опоменат за навреда на туѓата религија во еден од постовите. Да не се објаснуваме непотребно, имајте доволно доблест да не кукате кога ќе нарушите правила и поднесете ги модераторските критики достоинствено.
Мики - втора опомена имаш! За текстови кои не се на тема, и за упорно навредување на туѓа вероисповед. Ако го употребиш зборот секта и секташ уште еднаш ќе те банирам! Не ме интересира кој и која литература го употребува. Јасно сме ставиле до знаење дека на овој форум не се користи! ТИ се имаш согласено со тие правила кога се зачлени на форумов - стој си на зборот!
------------- Do what is right, come what may...
|
Постирано од: Pentakostalec
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 00:55
Lugje zar ima po ubavo ispoveduvaje od toa da se ispovedas na Bog...jas sekoj den se ispoveduvam na Bog pa i po nekolku pati vo denot...no ne e loso da se ispovedas i na svojot brat/sestra vo hrista,pastor,staresina/Svestenik...Bog i toa go dozvoluva ama vazno e sekoj den da se ispovedame na Bog toa e nesto sto te odrzuva vo svet zivot i posveten na Bog
btw:Ne znam kako si go svkjate ispovedaje no jas go svkjas kako "Koga se ispovedas za nekoj grev,primer si kradel.toa znaci deka povekje nema da krades inaku uzalud bi bilo tvoeto/moeto,ispovedaje ako prodolzime istite grevovi da gi pravime.
{Mislam deka ovaa tema ne bi morala da ima zestoka diskusija,debata da dojde duri do Banovi,Strpete se:D}
Bog da ve blagoslovi.
------------- Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
Постирано од: MAG
Датум на внесување: 17.Јануари.2009 во 18:39
Ispovedanjeto e pomiruvanje so Bog,a svestenoto lice e samo svedok. A oprostuvanjeto na grevovite e po milosta Bozja. Ako nie im gi prostime grevovite na nasite dolznici,duri togas i Bog ke mozi da gi prosti nasite grevovi.Ako se navrakame na grevot sto ne maci,znaci seuste ne ni e prosteno.
|
Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 21.Јануари.2009 во 18:18
Оној кој се исповедал знае што е исповед, покајание и простување на гревовите, а другиот може само да нагаѓа.
------------- Господи Исусе Христе помилуј не
|
Постирано од: Pravoslaven
Датум на внесување: 21.Јануари.2009 во 18:26
MAG напиша:
Ispovedanjeto e pomiruvanje so Bog,a svestenoto lice e samo svedok. |
Аха, демек Бог не знае дали ние искрено сме се покајале или не, па му требаат сведоци да сведочат за нашето покајание
------------- Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 21.Јануари.2009 во 18:52
Во Новиот Завет порачано ни е “Чеда, исповедувајте си ги своите гревови еден на друг“, или така некако. Што значи тоа?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|