|
Германски накратко (к у р с) |
Внеси реплика | страница <1 23456 8> |
Автор | |
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Guten Abend! Продолжуваме со личните заменки. Тоа се оние зборови кога велиме: Јас, ти, тој, таа, тоа - во еднина, односно Ние, вие, тие во множина. Истовремено ќе го погледнеме од поблизу глаголот што го спомна doriangrey sein=сум во сегашно време(Präsens).
Еднина(Singular) ich bin = Јас сум du bist = Ти си er ist = тој е sie ist = таа е es ist = тоа е Множина(Plural) wir sind = Ние сме ihr seid = Вие сте sie sind = Тие се Sie/Зи/ - со голема почетна буква се употребува како учтива форма, како што тоа во македонскиот го правиме со зборот „Вие„ иако се обраќаме на една особа. А напишана со мала значи „таа„ или „тие„ зависно од наставките за кои пишуваше дориангреј во претходниот пост. Но исто така разликата се гледа во некои реченици доколку е наведен глаголот „сум„ за женски род ist(=е)или за множина(тие) sind(=се). Личните заменки со глаголот „sein„ низ примери изгледаат вака: еднина: Ich bin Majkl aus Mazedonien(Македонија) Du bist Hermann aus Deutschland(Германија) Er ist Klaus aus Östereich(Австрија) sie ist Monika aus Frankreich(Франција) es ist spät = Доцна е. множина: Wir sind junge Leute aus Europa Ihr seid radio hörer aus Indien (Индија) sie sind schulerinen aus Schweden(Шведска) aus=од Hörer=слушатели Schüllerinen=ученички Ако сакате да прашате некого „Кој си ти?„ тогаш употребете го зборот Wer = кој? но потребно е и да се направи рокада помеѓу личната заменка и глаголот. Значи: Wer bist du? - истата рокада важи и за другите облици на еднина и множина. При одговорот меѓутоа си останува по старо(лична заменка/нпр.јас/+глагол/сум/+име/нпр.Клаус/) Можете ли самите да составите неколку примери? Прашајте или напишете на германски јазик на пр.: Добро утро! Јас сум _________(вашето име). Кои сте вие? - Здраво. Ние сме пријатели(=freunden) од Шведска. Изменето од Majkl - 10.Јануари.2009 во 16:39 |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ovie i ja gi znam
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Guten Morgen
Ich bin Biserna. Wer sind Sie ? Hallo. Wir sind freunden aus Schweden. ... |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Halo, Biserna! Ganz gut!=Здраво! Сосема добро! Заборавив да замолам тоа вежбите да не ги правите на форумов, туку дома во тетратка или пред огледало(нека мислат домашните дека сте луди, нема врска - германскиот е пред се` ). А ако сакате да прашате некого како се вика, кажете: Wie heißt du?/ви хајст ду?/ = Како се викаш? или во учтива форма(вие) Wie heißen Sie/ви хајсен зи?/ = Како се викате? Одговорот може да биде: Ich heiße _________(име) Eве како изгледа глаголот во сите форми за сегашно време: ich heiße du heißt Er, sie, es heißt wir heißen ihr heißt sie heißen Односно: Јас се викам, ти се викаш, тој, таа, тоа се вика...и тн. А ако нечие име или презиме не го разбирате при изговор, замолете учтиво: Buchstabieren Sie bitte! bitte = молам И тогаш тој би требало да го изговара буква по буква. На пр. M-ü-l-l-e-r. Наскоро ќе се запознаеме со бројките и ќе вежбаме пополнување на едноставен формулар. До тогаш: Tschüss! Изменето од Majkl - 09.Јануари.2009 во 11:29 |
|
ShmIzLi4kA
Сениор Регистриран: 21.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 123 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Леле браво за темава немам коментар. Премногу е добра па дури и земав тетратка и запишувам се кога видов дека нема повеке станав ваква затоа очекувам да продолжиме во најкраток рок
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
null=0 ein=1 zwei=2 drei=3 vier=4 fünf=5 sechs=6 sieben=7 acht=8 neun=9 zehn=10 elf=11 zwölf=12 dreizehn = 13 vierzehn = 14 fünfzehn = 15 sechzehn = 16 siebzehn = 17 achtzehn = 18 neunzehn = 19 zwanzig = 20 За бројките од 21 до 99 кажете ја најпрвин втората цифра па und па првата. На пр.(=z.B) 25 ќе биде fünf+zwannzig=fünfundzwanzig einundzwanzig = 21 zweiundzwanzig = 22 usw.(und so weiter/унд зо вајтер/=и така натака) 30 dreißig 40 vierzig 50 fünfzig 60 sechzig 70 siebzig 80 achtzig 90 neunzig 100 (ein)hundert 200 zweihundert 300 dreihundert 1000 (ein)tausend 2000 zweitausend 1,000,000 eine Million пример за петоцифрен број: fünfzigtausend viehunedrt acht und sechszig = 50486(педесет илјади четиристотини осумдесет и шест) Од редните броеви ќе ги спомнеме првите три: erste = прв; zweite = втор; drite = трет; Изменето од Majkl - 09.Јануари.2009 во 12:12 |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- Halo! Wie heßt du? - Ich heiße Horst, und ihr? Wer seid ihr? - Wir sind Klara und Juta aus Zürich, Schwiez. - Freue mich mich... - Bist du nicht aus Schweiz auch? - Nein, ich bin aus Hamburg, Deutschland. - Ach so... Wie alt bist du Horst? - Ich bin siebenundzwanzig jahre alt. Und sie? - Wir sind achtzehn und neunzehn. Was machst du hier? - Ich warte auf meine freunden aus Ungarn(Унгарија). - Schön. Wir warten auf unsere eltern aus Spanien(Шпанија). alt = стар auch = исто така eltern = родители Frohe mich! = Драго ми е(досл.Се радувам!) hier = тука machst = правиш од machen=прави so = така schön = убаво, фино warte = чекам (од warten=чека) Можете ли со дадените непознати зборови(=worten) да го разберете дијалогот помеѓу тројцата млади луѓе кои се запознаваат? Изменето од Majkl - 15.Јануари.2009 во 16:26 |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи „Wie alt bist du?„ = „Како стар си ти?„ или по нашки „Колку имаш години?„ А ако сакате да прашате „Колку многу?„ има од нешто, кажете: „Wie viel?„ на пр: "Wie viele sterne stehen am die Himmel?" = Колку многу ѕвезди има(досл.стојат) на Небото?„ - одговорот би можел да биде Unzählbahr viel = „Неизбројливо многу!„ Поинаку ќе кажеме за временско чекање. Ако чекате да се видите со директорот на фирмата поради важен разговор а чекате веќе долго време прашајте: „Wie lange noch muß ich warten?„ = „Уште колку долго морам да чекам?„ А ако службеникот ноншалантно ви одговори: „Noch zwei stunden nur...„= „Уште два часа само!„ можеби ќе одговорите Nur?! Das ist ungehörig = Само?! Тоа е нечуено!„ Во тој случај можеме само да ви советуваме: Sei ruhig und geduldig! = Бидете мирни и трпеливи! Сосема поинаку се вели за „Колку е часот?„ имено: „Wie spät ist es?„ = „Колку е доцна?„(дословно: Како доцна е тоа?) Но за тоа подоцна. Himmel = небо lange = долго spät = доцна stehen = стои Stern = ѕвезда Unzählbar = безбројно, неизбројливо Изменето од Majkl - 09.Јануари.2009 во 14:40 |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Wir gehen weiter... = (Ние) одиме понатака...
Во одредени службени прилики потребно е да пополниме формулар со наши(=unsere) лични податоци. Формуларот би можел да изгледа вака... Anrede(Herr/Frau):_______ = Ословувањe(Господин/Госпоѓа) Nachname:________ = Презиме Vorname:__________ = Име Geburtsort und Datum:_________ = Место на раѓање и дата Staatsangehörigkeit:__________ = државјанство Aufenthaltsland:__________ = држава на живеење Straße:_________ улица(адреса) Ort und PLZ(кратенка од:Postleitzahl):_____= Место и поштенски број - понекогаш може да пишува Wohnungsort место на живеење Provinz:_______= Провинција(во Македонија немаме такво нешто) Land:_________ = земја Telefon numer: = телефонски број E-mail: = и мејл Muttersprache:____= мајчин јазик Korrespondenzsprache:____ = јазик на допишување - т.е. јазикот на кој сакате да комуницирате) Изменето од Majkl - 09.Јануари.2009 во 14:31 |
|
Ssssssssssssss
Сениор Регистриран: 21.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 197 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ja vol
|
|
ShmIzLi4kA
Сениор Регистриран: 21.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 123 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
uhhhh ova teshko odi poslednovo :)
|
|
Mon4e.ms
Нов член Регистриран: 10.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zdr!
Samo i tuka ima greska!!!!!!!!!! Se pisuva Hörer za slusateli bidejki e imenka i Schüllerinnen se pisuva so golemo S bidejki e imenka i dve "n" za formata vo mnozina!!! Imas greski i vo prethodnite postovi, no da ne gi naveduvame site neli? Izvini na korekcija. |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Abe, tolku za tie pari! Toa e minusot kaj besplatnite k*rsevi... Navedi gi site mozni greski, toa e duri i pozelno - vo interes na site! Viele dank! p.s. gi koregirav greskite sto gi navede. Изменето од Majkl - 10.Јануари.2009 во 16:40 |
|
Mon4e.ms
Нов член Регистриран: 10.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- Halo! Wie heißt du?
- Ich heiße Horst, und ihr? Wer seid ihr? - Wir sind Klara und Jutta aus Zürich, Schweiz. - Freue mich... (за Frohe не сум сигурен дали треба Freue - doriangrey корегирај ме слободно) - Bist du nicht auch aus der Schweiz? - Nein, ich bin aus Hamburg, Deutschland. - Ach so... Wie alt bist du Horst? - Ich bin zweiundsiebzig? (verojatno siebenundzwanzig) jahre alt. Und sie? - Wir sind achtzehn und neunzehn. Was machst du hier? - Ich warte auf meine Freunde aus Ungarn(Унгарија). - Schön. Wir warten auf unsere Eltern aus Spanien(Шпанија). I vo poslednata Viele dank --- Vielen Dank Изменето од Mon4e.ms - 11.Јануари.2009 во 08:26 |
|
Внеси реплика | страница <1 23456 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |