|
МПЦ и спорот со СПЦ |
Внеси реплика | страница <12345 20> |
Автор | ||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Небеа ли пред 2000 години, баш егоистичните “политичари“ и “верници“ тие што го заковаа ЖИВОТОТ на Крст? поздрав Изменето од spiros - 03.Јануари.2009 во 23:46 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Tokmu taka brate Spirose, i mene mi e zal zosto MPC ne e priznaena od drugite Pravoslavni Crkvi zaradi politika. Treba da razmislat malku site sto se vkluceni vo ovoj spor dali "ne go kovaat Sinot Bozji pak na krst"? Zatoa Isus rece , "malkumina se onie koi ke se spasat", toa ke bidat iskreni poedinci sto veruvaat vo Isus i imaat dela dostojna za nivnata vera, a ovie institucii i crkvi koi sami za sebe tvrdat deka kolektivno spasuvaat se vo golema zabluda, bez razlika dali se pravoslavni, katolicki, protestantski ili ne znam kakvi hristijanski zaednici . Stom politikata i religijata zamesat prsti, tuka e necistiviot. Isus rece: Matej 7:13. "Vlezete niz tesnata vrata; oti siroki se vratite i sirok e patot sto vodi kon propast, i mnozina minuvaat niz niv; 14.a tesni se vratite i tesen e patot sto vodat kon zivotot, i malcina go naogaat." Bog neka se smiluva nad site nas i da ni dade cisto srce. AMIN! |
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
I najbitno od se e MPC i nejzinite vernici da bidat priznaeni od Gospoda i da se najdat megju pravednicite, otkolku da bides priznaen od institucii i gresni luge a da zavrsis kade sto ne treba. Rimjanite 14:12. "I taka, sekoj od nas ke ogovara pred Boga za sebe." Inaku, golema nepravda e sprema MPC sto ne e priznaena zaradi politicki pricini. Sramota! |
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во многу си во право Давид.
По тоа се гледа дека проблемот не е Црковен туку политички , но Господ е голем, ќе даде и едното и другото да се запазат. Еве и еден краток историјат на некјои побитни збиднувања помеѓу овие две помесни Цркви. Македонскиот народ е покрстен од Апостолите уште во првиот век. И уште од апостолите има организирана Црква. Подоцна се јавува Солунската Архиепископија па Јустинијана Прва во 5 и 6 век. се покрстува србскиот народ и настануваат првите Епископии. 9 и 10. св.Климент. Охридската Архиепископија и подоцна Патријаршија во 1о век. Во 13 век Византиското Царство се поделило на два дела. Никејско и Еписрко. Ние сме паднале под Епир, а Цариград бил во Никејскот Царство. Свети Сава, синот на србскиот крај Стефан Немања, подоцна св.Симеон Мироточив, скајки да ја зајакне дрзавата на татка си и на својот народ да му даде своја матична национална Црква, успешно ги искористил тогашните политички прилики и намерно го заобиколил правилниот канонски ред, го прескокнал св.Димитриј Хоматијан и Охридската Архиепискипија во чии сосотав спагале епархиите на србскаат држава и пошол кај царот ( го заборавив кој беше) и со негова наредба неканонски биле одвоени и од тие епархиите во 1219 год. е формирана Пеќката Архиепископија. Охридскиот Архиепископ Димиртиј Хоматијан , кој бил голем канонист го проколнал св.Сава и неговата Црква, за неговиуот недобар акт. Но подоцна ја симнал анатемата, ги разабрал нивните потреби, дека најдобра мисија се врши со домородна Црква, Епискиопство и свештенство. во 1766 е укината Пеќката Патријаршија а во 1767 и Охридската Архиепископија. И девете по неканонски пат со декрет од Султанот. во 1831 на српската црква и се дава афтономија, а во 1879 година веднач по Берлинскиот конгрес откако србија повторно се осамостоила како држава црквата добива и афтокефалија. Во 1916 за кратко македонските епархии подпагаат под србите за подоцна да паднат под Бугарската Егзархија. Во 1920 година со голем откуп во злато од Цариград е донесена одлука епархиите од според нив „Јужна Србија“ се присоединат кон обиденетата СПЦ. Во почетокот на втората световна војна српската црква, епископите, свештениците и монасите ја напучтаат Македонија. По завршувањето на втората световна војна македонскиот народ бара своја самостојна Црква. Во 1958 година е донесена одлука за осамостојување на Македонската Црква која одлука подоцна Српскиот Патријарх Герман и синодот на СПЦ ја признае таа одлука и и даде самостојност на МПЦ и и ракопложи епископат како членови на светиот Архиерејски Синод на самостојната МПЦ. Со промена на Српскиот Патројарх ставот кон оваа одлука бил променет. сеуште не ја прифака. Во 1967 е прогласена Афтокефалност на МПЦ која одлиука СПЦ сеуште не ја прифака. |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
GOSPOD E GOLEM, brate Opiten , vo pravo si. Ti blagodaram za kratkiot istorijat za zbidnuvanjata pomegju MPC i SPC. Mnogu poucni informacii. Inaku jasno e deka problemot e POLITICKI. Muslimanite velat: ALLAHU EKBER! I vo pravo se . Toa znaci : BOG E GOLEM, i da gi ostavime site nasi problemi i licni i crkovni vo Negovi race, ke se resi se vo Negovoto vreme koe go odredil, a sekoj ke odgovara za svoite namerni greski, bez razlika dali e Patrijarh ili mirjanin. |
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од предходниот текст може да се потенцираат некои моменти.
1) Првото покрстување на македонците се случува уште во првиот век и тоа е запишано во Светото Писмо. Намерно не го спомнав само св.ап. Павле затоа што тој не бил единствениот. Низ Македонија проповеда и Светиот апостол Андреј Првоповикан кој и го поставува Светиот апостол Урбан за прв епископ во Македонија, св.ап.ев. Лука, св.ап.ев. Марко, св.ап. Тимотеј. Светиот апостол Силуан бил првиот епископ во Солун, а Епафродит во Адрија или Адријакија (погранично место со Тракија). Што значи дека уште тогаш се поставени темели на организирана Црква. Би спомнале тука и дека апостолите Аристарх и Секунд биле Солунјани, Епафродит бил од Филипи, а Гај од Добер (Дервија) Првото покрстување на србите било за време на Византискиот цар Ираклиј во 7 век од страна на големите христијанки центри Цариград и Солун, и подоцна во 9 дури пак ос светите брака Кирил и Методиј и нивните ученици. 2) моментот, начинот и последиците од основањето на Првата Српска Архиепископија. Ниту моментот, ниту начинот на кој св.Сава се здобил со самостојна Црква не се канонски и оправдани, за што следела и Анатемата од Охрискиот Архиепископ св.Димитриј Хоматијан. Но нешто подоцна св.Димитриј и синодот на Охриската Архиепископија зарди мирот и единството на Црквата го надминала сето тоа и ја повлекле анатемата, со што им благословиле на Србите самостојно да си организираат Црква од домородно свештенство за поуспешна мисија мегу своите. 3)во 1920 со голем откуп во злато биле припоенио македонските епархии кон Српската Црква 4)Во почетокот на втората световна војна српската црква, епископите, свештениците и монасите своеволно ја напуштаат Македонија. Изменето од Опитен - 08.Јануари.2009 во 13:45 |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Опитен, зарем не е симонија да се купуваат и продаваат епархии за злато? |
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Братче, за тоа прашај ги подобро српските Владици. Симонија е кога се продава и купуваат даровите на благодатта Божја. На пример да си платиш и да дојде некој Владика да те ракоположи за свештеник. Овде не се работи за чиста симонија, но како и да е актот не е воопшто црковен. А то дали знаеш дека скоро сите денешни афтокефални Цркви си ја имаат изборено својата афтокефалија за многу пари? И ние да имавме или сакавме да дадеме на Цариград парички не ке имаше проблем. До сега ќе бевме признаени, но ние не сакаме да одиме по тој пат. Својта борба за рамноправност помегу сите други помесни афрокефални Цркви сакаме да си ја добиеме по канонски и црковен план иако многумина не обвинуваат за спротивното. Но ти велам ако го избравме „полесниот“ пат доп сега ке бевме признаени. |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Без ниедна навреда кон другите јас вака гледам на работите:
Дека мн мн од ваквите цркви МПЦ,СПЦ не знам уште кој гледаат само пари да пикнат у 4еб еден добар пример Зошто им доволува МПЦ на народот да се остава пари на икона{А на народот никогаш не му рекол вие оставате пари за сиромасите{МПЦ ке се правда со тоа што кје рецат парите одат во добри цели одат за сиромаси} а за зал лугјето оставаат пари на сб.јован,марија,не знам кој со цел да им помогнат за некоја болеста.срекја,лјубов,надез Со истото вршат ерес Изменето од Pentakostalec - 08.Јануари.2009 во 14:35 |
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пента, извини вака, ама брате ептен ги мешаш работите. Тоа да се остава пари на икона , не чини. Самите свештеници апелираат за тоа. Има каса, кој сака ќе остави во касите- ги има на секој чекор во Црква. Јас оставам пред икона ,само ако нема каса таму, инаку си имам обичај во касата да ги оставам парите. Барем така мислам дека е правилно. А парите не ќе ти помогнат- молитвата ќе ти помогне. Ако сакаш да ги просиш молитвите од светиите, не треба тоа со пари да го правиш- со вера, љубов и молитва. Така ќе испросиш и светиите да се молат за тебе. А инаку не е лошо донации да се даваат, зар не? Барем јас не гледам ништо лошо. За тоа никаква ерес не гледам јас... |
||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Opiten, ubavo pochna so istoriskite koreni na Crkavata na ovie teritorii. Ne sum dovolno kompetenten da ja iskomentiram problematikata od aspekt na istorijata na crkvata na ovie prostori, no bi sakal da prozborime za slednovo:
- Na Ohridskata Arhiepiskopija, se do nejzinoto ukinuvanje , kolku shto imam info, sade grci bile arhiepiskopi? - Koga se vozobnovuva MPC, 1958, se vozobnovuva Ohrid. Arhiepiskopija ili se konstituira nova Maked. prav. crkva ? - Zashto cela pravoslavna ekumena vrshi pritisok na MPC da najde kompromis so SPC, kade jasno ni se ukazhuva deka SPC e Crkvata Majka. Znachi li toa deka nie navistina 1967 sme napravile nekakonski akt, samovolno sme si dodelile aftokefalnost ? - Kolku vina ( bi rekol uslovno) ima so nepromisleniot akt na Nishkata spogodba, taka da blagodarenie na toj akt situacijava sedi vaka pasivizirana na nasha shteta? - Dali RPC i dava podrshka na SPC, istovremeno dobivajkji od SPC podrshka za slichnite problemi koi RPC gi ima so Ukrainskata Crkava, istite gi ima i so ( mislam beshe) Estonskata ?, RPC ne im dava i na ovie dve crkvi aftokefalnost ? - I na kraj, neli e ova slabost vo "crkovniot poredok" na pravoslvievo ? PS: Znam deka ne e lesno da se komentiraat ovie prashanja na eden objektiven nachin, no sepak ubeden sum , ako gi premolchuvame ne i pravime dobro na vistinata, nitu na nashata MPC. Kolku da bidam pravilno razbran, jas ne sum crkoven, no MPC ja smetam za moja crkva i stojam na pozicijata deka nie sme sepak obespraveni po ova prashanje ! Изменето од Marko sk - 08.Јануари.2009 во 15:17 |
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Марко, прашањата ти се суштествени и клучни, иако малку ми го прскокнуваат мојот зацртан ред на изложување на проблемот.
Секако дека ке се потрудам да ти одговорам но да оставиме за некој друг ден. Ќе може? |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
OK !
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ќе пробам малку од историски аспект некои работи да ги одговорам ( нека ме поправи Опитен ако грешам во однос на некои канонски работи ). 1.Na Ohridskata Arhiepiskopija, se do nejzinoto ukinuvanje , kolku shto imam info, sade grci bile arhiepiskopi? Не биле сите Грци, иако повеќето биле. Сепак не може да стане збор за Грци,туку претежно за Византијци. Нормално, Охридската Црква била во рамките на Византија, па нормално било Византија да имала влијание врз Црквата. Од друга страна пак, има и доста Архиепископи кои не биле Грци, а се покажале како исклучителни. Инаку во времето на Самуил Архиепископи биле Македонци. - Koga se vozobnovuva MPC, 1958, se vozobnovuva Ohrid. Arhiepiskopija ili se konstituira nova Maked. prav. crkva ? Кога се возобновува МПЦ во 1958 година, се возобновува Светиклиментовата Охридска Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, на чело со Архиепископ со титулата "Архиепископ хридски и скопски и Митрополит македонски". - Zashto cela pravoslavna ekumena vrshi pritisok na MPC da najde kompromis so SPC, kade jasno ni se ukazhuva deka SPC e Crkvata Majka. Znachi li toa deka nie navistina 1967 sme napravile nekakonski akt, samovolno sme si dodelile aftokefalnost ? Можеби Православната Екумена врши притисок врз МПЦ, но верувај статусот не е проблем. Ако ние се откажеме од името Македонска Православна Црква, ќе добиеме веднаш афтокефалност. Никој нема да ја праша СПЦ. Грчкиот блок Цркви веднаш ќе ја признаат нашата Црква, само да го нема името Македонска Црква. Инаку МПЦ го направила она што многумина пред неа го направија. Истото го направија и СПЦ, БПЦ, Грчката Црква, која ден-денес има проблеми со Вселенската Црква. - Dali RPC i dava podrshak na SPC , istovremeno dobivajkji od SPC podrshka za slichnite problemi koi RPC gi predizvikuva vo Ukrainskata Crkava i mislam beshe Estonskata ?, SE zane, RPC ne im dava i na ovie dve crkvi aftokefalnost ? Тука несомнено има политка, но нели, каде ја нема. Сепак таму мислам дека работата е почудна, бидејќи Цариград ја признава афтокефалноста на Украинската Црква, а Москва не ја признава. А СПЦ се плаши да не изгуби подршка од Цариград и Москва, бидејќи доколку нема заеднички став меѓу овие две Цркви, СПЦ нема да може толку лесно да влијае врз Македонската Црква. - I na kraj, neli e ova slabost vo crkovniot poredok na pravoslvievo ? Мислам дека секаде има слабости и предност. Предноста е во тоа што домашните пастири најдобро ја знаат состојбата во нивната Црква, меѓутоа пак тука се вплеткуваат и политиката и националните прашања. Значи и предности и слабости. Сепак, Црквата е совршена, ние (луѓето) не сме. Ние ги правиме грешките. |
||
Внеси реплика | страница <12345 20> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |