IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРЕДЛОГ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРЕДЛОГ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 9>
Автор
Порака
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 18:36
Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Znaejki deka nema megju nash*te chlenovi budist si dozvoliv da napisham tema za Budizmot http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17343&PN=1.


od kaj duvale istochni vetrovi....

OK, prilogot e povekje od soliden, sublimirano, jasno, pregledno...bravo !


Za pishuvachite na tekstot koj kje ima pretenzii da bide sticky -post za Hristijanstvoto, eve mala pomosh, tekstov ( vidi link ) zafakja sushtinski prashanja koi zasluzhuvaat kometar i od nashive forumski eksperti ....
http://www.globusmagazin.com.mk/default.asp?ItemID=E31A1B89A67B184181506C888FF88807




Го прочитав набрзина.

Според мене, освен одличната информираност, текстот нема никава длабочина. Има многи неточни ставови за христијанството и е доста филосовски, а за само едната поента ( јас толку успеав да видам) во него. Идејата за екуменизмот.

Едно само би ве запрашал.

Зашто сите бараат само Паравославните да попуштат и отстапат од своите ставови?

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 19:53
Ima, ima prashanja koi vredat da se prodiskutiraat, ama sega nemam vreme, ok !
Hristos se rodi !

Изменето од Marko sk - 07.Јануари.2009 во 19:55
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 21:01
Да се чуди човек дали е во прашање инает или искомплексираност... малку ми е преку глава од баналниве расправии, па ќе пишувам директно - кој сака нека се лути, кој што треба нека разбере што точно велам.
Идејава за стики теми е пред се од практични причини, а не од филозофско-теолошки аспект!
Еве ќе поставиш тема "Библиски Христијани"... читател на форумов ќе се заинтересира и ќе реши дека токму тоа е најблиску до неговото лично убедување. Каде ќе ја идентификува таа црква? Кон која заедница ќе се обрати? Кога ќе пише на авторот на соодветниот пост/тема, тој пак во крајна сметка ќе му каже - дојди во "Таа и таа" црква.
Зошто уште на самиот почеток, заради подобра прегледност тоа да не стои во самиот наслов на темата?!
Дали некому му е страв дека на тој начин ќе изгуби на "пропагандна" вредност?!
Се разбира - некој мисли дека е подобро од маркетиншки аспект да зборува за "Библиско" и "Изворно" Христијанство, наместо да каже од практичен аспект тоа што претставува - односно, каде се собира заедницата, како се вика, како е уредена таа заедница - и какви се принципите на кои таа црква почива и какви се нивните верски убедувања.
Секоја една црква е заедница на барем неколку луѓе. Секоја таква заедница има свој назив и име со кој е регистрирана, или име и назив со кој фигурира меѓу луѓето кои ја посетуваат.
Конкретен пример - никој не вели "Одам во недела во библиската црква", туку ќе рече "Одам во недела во баптистичката црква" или "во Радосна Вест".
Ако некој тука има причини да се срами од својата заедница и затоа сака да го сокрие името на црквата во која оди на служба, тогаш не гледам потреба да пишува таква тема воопшто. Ова е сепак предлог за да се даде што повеќе конкретна и практична информација за различните деноминации и нивните верски убедувања.
Затоа - без ефтин маркетинг и провидни квази-теозофски расправии - најдете начин да го соберете сопственото его и претставете едноставна и јасна информација што ќе биде од корист на сите.
Do what is right, come what may...
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 23:21

Што правиме (?) со оние кои велат: Секаде кадешто двајца или тројца ќе се сретнат во Името на ЉУБОВТА БОЖЈА, таму е мојата заедница!

Значи со оние луѓе на кои им е поважна суштината одколку институцијата, нацијата, традицијата, архитектурата ... церемонијата?

Оние луѓе кои недозволуваат ниеден колективен его да ги раздели од сеопфатната заедница (семејство) на ЉУБОВТА БОЖЈА?

Дали смеат и тие да се престават, тука?

поздрав     

п.с. Вистинската заедница не ја сочинуваат камењата туку срцата кои вистински веруваат на ЉУБОВТА БОЖЈА! Тоа се живите камења! Тоа е ВИСТИНСКАТА КАБА!

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 23:30
Navistina ne ochekuvav vakov antagonizam megju chlenovite koga ja ponudiv idejata za ovoj proekt. Mislev deka toa ke bide prifateno so entuzijazam i zhelba za seopfatna i nesebichna pomosh,

Zakluchuvajki deka temata HRISTIJANSTVO verojatno nema nikogash da se otvori so vakvite nedorazbiranja, reshiv jas da go napisham vovedniot opsht del , a vam da vi gi prepushtam denominacijskite delovi. Mislam deka toa kje ve primiri megjusebno i vednash ke vi otvori pole za konkretna sorabotka.

Da ve potsetam, temata kje bide sekogash otvorena za nadopolnuvanja i eventualni korekcii.

Ajde, so Gospod napred!
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 23:37

Idejata e dobra, sekoj da si izlozi vo sto veruva , kako sto napravi Majkl so negovata tema.

Ne znam zosto se prepukuvate, nema potreba.

Iako jas ne se slozuvam so ucenjata na Majkl i negovata zaednica, sepak gi procitav negovite postovi i nauciv nesto za negovata zaednica...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 00:02
Kako sto mozhete da vidite osnovite na Hristijanstvoto gi prezentirav na najkoncizen nachin i vo forma koja dava shansa za lesen uvid i pomnenje na hristijanskite principi i veruvanja.

Se nadevam deka vaka pretstavno i edno dete od osnovno uchilishte ke bide vo sostojba da gi nauchi osnovite na hristijanstvoto vo rok od polovina chas.

Otvoriv prostor za Pravoslavieto i Katolicizmot, kako i blokovi za Protestanstvoto i Baptizmot. Se razbira, koj kako ke se prikluchi so svoj prilog ke bide vmetnat spored redot na prijavuvanjeto.



Изменето од Messenger - 08.Јануари.2009 во 00:03
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 02:31
Брате мој, знаев каде ке не однесе дискусијата. Ништо ново.

Го погледав тоа што си го напишал и имам мали забелешки.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 02:38
Опитен - како по-опитен во овие работи - изложи ги забелешките за да може да се корегира нешто ако е погрешно. За тоа се овие дискусии...
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 03:27

Поздрав до сите и среќен Божиќ до сите кои го слават Христовото раѓање!

Иако пред неколку месеци одлучив да не пишувам на овој форум, сепак, на долго инсистирање на еден форумски пријател, одлучив да дадам свој придонес на оваа тема.
 
Messeger, ми се допаѓа твојата предлог-идеја за правење на еден увид на основните верувања на попознатите вероисповести како добар почеток за квалитетни дискусии на овој подфорум.
Читам како се одвивала дискусијава на тековниве 4 страни овде и реакциите ми се повеќе од очекувани. Ти гарантирам дека како и да пресечеш, на крајот секогаш ќе имаш некои членови кои ќе бидат незадоволни, кои ќе се чувствуваат дискриминирани, обесправени итн. Биди подготвен на тоа.
 
Околу темата "Христијанство". Ја разгледав внимателно и првото нешто што ми удри во очи беше тоа што е напишана на латиница, а не на многу полесно разбирливата кирилица.
Сепак одвоив време да ја препишам на кирилица, а притоа и малку ја обработив. Во изложувањето на основните верски начела на Христијанството се трудев да бидам максимално објективен и да не навлегувам во оние спорни точки во кои различните деноминации имаат различни ставови. Се надевам дека ќе ти се допадне. Доколку имаш забелешки на мојот предлог, јас сум отворен за дискусија на оваа тема, се разбира доколку има обострано расположение за такво нешто.
 
Еве го мојот предлог за воведниот блок на темата "Христијанство":
 
 
 
Христијанството е една од трите најбројни монотеистички вери во светот и се базира на учењата и животот на Исус Христос, како што е опишано во Новиот Завет.
Христијанската вера произлегува од Јудеизмот, наследувајќи ги старозаветните свети книги (канон) од евреите, но со 
дополнување на истиот со уште 27те новозаветни книги и воспоставување на Нов Завет (пакт, договор) на темел на Христовата жртва на Голготскиот крст.
Христијанската Црква започнува на еврејскиот празник Педесетница, 51 ден по Христовата смрт, со слегувањето на 
Светиот Дух врз апостолите.
Христијанската вера е сметана за ерес (секта) и како нешто што им носи проклетство на околните жители и затоа
христијаните биле прогонувани, убивани, спалувани на клади, фрлани во арени и распарчувани од диви животни и сл.
Со едиктот на толеранцијата во Милано, во 313 година, Константин го легализирал христијанството со што сопрело крвавото прогонство на христијаните.
Христијанството како официјална државна религија во Римската Империја се востановува во 380 година од императорот Теодосиј на истокот и Грацијан на западот, а притоа се забрануваат другите религии.
Различни христијански деноминации имаат различни ставови околу предностите и непогодностите од ова официјализирање на христијанството како државна религија и уделот на световната власт во него.
 
 

Свети книги: Христијанските имаат две главни свети книги: Стариот и Новиот Завет.
 

Основни верувања и доктрини

1. Бог е Еден, но по природа претставува Свето Тројство: Бог Отец, Божјиот Син (Христос) и Светиот Дух
2. Бог е семоќен, безпочетен, вечен, сеприсутен, сезнаен, прапричина на се што постои итн.
3. Бог е (безусловна) љубов, многумилостив, долготрпелив, верен на Своите завети и ветувања итн.
4. Христос е еднородниот Божји Син Кој беше пратен од Бога за искупување на човековите гревови.
5. Човекот е материјално и духовно битие.
6. Човекот е создаден по Божјиот образец (лик, подобие)
7. Човекот се раѓа со грешна природа заради Адамовиот прародителкски грев.
8. Спасот од гревот се постигнува само преку (делотворна) вера во Исус Христос.
9. Исус беше роден од девицата Марија преку нејзиното осенување од Светиот Дух
10. Исус беше распнат на крст и умре на Него за гревоите на луѓето.
11. Исус воскресна на третиот ден.
12. Исус се вознесе на Небото 40 дена по Неговото воскресение.
13. Исус повторно ќе се врати на истиот начин како што замина.
14. Светиот Дух им е даден на Христијаните како Придружник, Утешител и Упатувач во Вистината.
15. Црквата претстсавува Христово тело, а Христос е нејзината Глава (Поглавар)
16. Молитвата претставува комуникација со Бог преку која ние ги искажуваме пред Бог нашите просби, благодарности,
барања, тешкотии, преку која го величаме и славиме Бог итн. Христијаните го молат Бог во Христовото Име.
17. Крштевањето претставува одговор на Христовата заповед, заветување пред Бог со чиста совест, идентификација со
Христовата смрт, погребување и воскресение.
18. Господовата спомен вечера (причест) претставува разделување на раскршен леб и гроздов плод меѓу верниците со цел
да си припомнуваат на Христовата застапничка смрт за нивните гревови и да ја разгласуваат истата на идните поколенија.
Итн.
 
 
Десетте Божји заповеди (Стар Завет)
 
1. Јас сум Господ Бог твој и да немаш други богови освен Мене.
2. Не прави идол или слика од оноа што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им
се поклонувај и не им служи.
3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог.
4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден
посвети го на Господа, твојот Бог.
5. Почитувај ги таткото свој и мајката своја за да биде добро и да поживееш долго на земјата.
6. Не убивај.
7. Не прави прељуба.
8. Не кради.
9. Не сведочи лажно против својот ближен.
10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
 
 
Неколку од поглавните учења и заповеди на Исус Христос (Нов Завет)
 
- Љуби го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, сиот свој разум и со сета своја сила.
- Љуби го ближниот свој како што се љубиш себе си.
- Прави им на другите она што сакаш тие да ти прават тебе.
- Блажени се бедните по дух, оние кои тагуваат, кротките, оние кои гладнуваат и жеднуваат за правда, милостивите,
оние со чисто срце, миротворците, оние кои се гонети заради правда, оние кои се гонети заради верата во Христос, и оние кои го слушаат и извршуваат Христовото учење и заповеди.
- Не судете, за да не бидете судени.
- Проштевајте им на другите, ако сакате Бог да ви прости вам.
- Љубете ги своите непријатели и молете се за оние кои ве прогонуваат.
- Не грижете се за храната и облеката. Барајте го најнапред Божјото Царство и Неговата правда, и сето тоа ќе ви се
додаде.
- Молитвите, постот и милостината треба да бидат дискретни.
- Бог сака внатрешна искрена побожност, а не надворешна, фалбаџиска и ритуална.
- Што и да побарате од Мојот Татко во Мое Име, ако молите со вера и не се сомневате, ќе ви биде дадено.
- Правете го ова (причеста) за Мој спомен!
- Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание!
- Одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги 
да пазат се што Сум ви заповедал!
Итн.
 


Изменето од EvAngelos - 08.Јануари.2009 во 04:33
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 04:42
EvAngelos dobredojde!

Blagodaram na tvojata inicijativa za nadopolnuvanje na objaveniot tekst. Tokmu taka go zamisluvav ovoj zaednichki proekt.

Za pismoto... sto da ti kazham, jas koristam latinica i problem mi e da se prefrluvam na kirilica. Mislam deka latinichnoto pismo e chitlivo od site lugje na svetov, pa taka i za makedoncite od diasporata od koi mnogumina ne se dovolno familijarizirani so kirilichnoto pismo. No, ako smetate deka mora teksot da se pishuva na kirilica, togash jas nemam nishto protiv toa.

Go prochitav tvojot alternativen tekst i toj definitivno izgleda podetalen (nekade mislam i malu otpovekje za eden generalen voved) od prvichnata varijanta sto ja postirav vo temata.

Eve sto mislam jas, pa ti odgovori mi na toa.

1. Христијанската вера произлегува од Јудеизмот, наследувајќи ги старозаветните свети книги (канон) од евреите, но со дополнување на истиот со уште 27те новозаветни книги и воспоставување на Нов Завет (пакт, договор) на темел на Христовата жртва на Голготскиот крст.

Moja zabeleshka: mislam deka poradi gramatikata vmesto " со дополнување на истиот" bi trebalo da stoi "so dopolnuvanje na istite". Imeno, zbroruvash za "старозаветните свети книги" (mnozhina), dodeka "(канон)" tie staven vo zagrada kako doobjasnuvanje.

2. Rechenicata sto sledi potoa "Христијанската Црква започнува на еврејскиот празник Педесетница, 51 дена по Христовата смрт, со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите." iako e informativna mislam deka malu otpovekje kako informacija za ovoj tip na tema. Jas bi ja izostavil bez grizha na sovest deka vkupniot tekst bi izgubil neshto znachajno od svojata vrednost.

3. Istoto bi go rekol i za slednata rechenica "Христијанската вера е сметана за ерес (секта) и како нешто што им носи проклетство на околните жители и затоа христијаните биле прогонувани, убивани, спалувани на клади, фрлани во арени и распарчувани од диви животни и сл." kako prvo, mislam deka za sega ne e vazhno da se akcentira deka Hristijanstvoto na pochetokot bilo smetano za eres i sekta, pa deka poradi toa hristijanite bile progonuvani, spaluvani i t.n. Od druga strana ova bi bilo apsolutno neodbeglivo vo blokot "Istorija na Hristijanstvoto" shto bi se nadovrzal na temava. Dokolku si zainteresiran za pishuvanje na ovaa istorija, te molam izvesti me za da se dogovorime okolu toa.

4. Vo rechenicata "8. Спасот од гревот се постигнува само преку (делотворна) вера во Исус Христос." go imash vmetnato pod zagradi zborot "делотворна", koj za sega mislam deka mozhe da se izostavi zatoa sto vnesuva element na prashanje - Sto znachi sega delotvorna? Mislam deka za prvichnoto poednostavuvanje na tekstov mozhe da se odi i bez toj zbor.

5. Site znaeme sto sakash da kazhesh so rechenicata "13. Исус повторно ќе се врати на истиот начин како што замина.", no nekoj sto za prv pat se soochuva so hristijanstvoto ke pomisli deka Hristos kje se vrati so raspnuvanje na krst, po tri dena i t.n. Ako mozhesh preformuliraj i poednostavi ja ovaa rechenica.

6. Imash napraveno greshka vo eden zbor na rechenicata "16. Молитвата претставува комуникација со Бог преку која ние ги искажуваме пред Бог нашите просби, благодарности, барања, тешкотии, преку која го величаме и славиме Бог итн. Христијаните го молат Бог во Христовото Име.

7. Mislam deka treba da se poednostavi rechenicata "17. Крштевањето претставува одговор на Христовата заповед, заветување пред Бог со чиста совест, идентификација со Христовата смрт, погребување и воскресение." Dovolno bi bilo prviot del " Крштевањето претставува одговор на Христовата заповед, заветување пред Богa." Ostatokot ke probudi mnogu prashanja i nedorazbiranja za onie koi sakaat da se upatat vo osnovnite raboti na Hristijanstvoto. Mislam deka me razbiras.

8. Ne znam dali treba za sega, vo osnovnite veruvanja i doktrini da stoi i ovaa rechenica: 18. Господовата спомен вечера (причест) претставува разделување на раскршен леб и гроздов плод меѓу верниците со цел да си припомнуваат на Христовата застапничка смрт за нивните гревови и да ја разгласуваат истата на идните поколенија." Ne deka ne e veruvanje i doktrina vredna za spomenuvanje, no mislam deka so nea vekje se navleguva podlaboko vo tie raboti otkolku sto bi trebalo da se pravi vo eden prvichen opshto informativen tekst.

9. Vo "Неколку од поглавните учења и заповеди на Исус Христос (Нов Завет)" za pogolema kompaktnost na ovaa tema bi gi izzemal ovie rechenici:

- Блажени се бедните по дух, оние кои тагуваат, кротките, оние кои гладнуваат и жеднуваат за правда, милостивите, оние со чисто срце, миротворците, оние кои се гонети заради правда, оние кои се гонети заради верата во Христос, и оние кои го слушаат и извршуваат Христовото учење и заповеди.

- Правете го ова (причеста) за Мој спомен!

- Што и да побарате од Мојот Татко во Мое Име, ако молите со вера и не се сомневате, ќе ви биде дадено.

- Одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат се што Сум ви заповедал!

Prvata rechenica e premnogu kompleksna i vo sushtina ne e tolku uchenje kolku sto e akcentiranje na benefitot za onie koi go prifakjaat Negovoto propovedanje. Drugite tri rechenici isto taka govorat za lichnosta na Isus, negovata poraka i vrednosta na uchenjeto, kako i za shirenjeto na toa uchenje. Mislam deka za sega seto toa ne e neophodno da se postira vo ovaa tema.

Na drugoto ne mozham da najdam nekoja zamerka. Mnogu dobro e srocheno na makedonski jazik, dovolno precizno i ne e premnogu rashireno i detalizirano. Mene mi se dopagja.

Te molam odgovori mi na postavenite zabeleshki. Te uveruvam deka se dadeni so najdobra namera.

Изменето од Messenger - 08.Јануари.2009 во 04:49
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 09:47
Христос се роди.

Ја разгледав твојата воведна верзија и ја искористи предлог верзијата на Евангелос, прости ми брате без твоја дозвола, мислам нема да се лутиш :-) ои го сосдтавив тектот кој го бараше од мене.

   Христијанството монотеистичка вера во Еден Бог, Творец, Седржител и промислител на на се што постои.

Христијантвото е продолжение на Јудеизмот, кое се исполнил со воплотувањето во тело на Спасителот, ветениот Месија , Господ Исус Христос, Кој дошол на земјата проживеал меѓу луѓето, пострадал, бил распнат на Крст, по три дена воскреснал и се вознел на небесата и седнал оддесно на Отецот, со што ја завршил Својата искупителна и спасителна дејност која е и главната доктрина во Христијанството.

Господ Исус Христос им ја оставил Спасоносната наука, која подоцна била запишана од Неговите непосредни и посредни ученицим, а тоа е Светото Писмо на Новиот Завет составцена од 27 книги и поделена на два дела. 4 Евагелија и 23 книги на Апосолите со што заедно со Старозаветните книги го составуваат целовкупното Светото Писмо на Стариот и Нов Завет


Во првите векови од своето постоење таа била гонета и забранета религија но Со едиктот на толеранцијата во Милано, во 313 година, светиот цар Константин го легализирал христијанството со што сопрело крвавото прогонство на христијаните.
Христијанството како официјална државна религија во Римската Империја се востановува во 380 година од императорот Теодосиј на истокот и Грацијан на западот, а притоа се забрануваат другите религии.

Денес Христијанството главо се пројавува во трите главни поголеми групи на вероисповед:

Православие
Римокатолоцизам и
Протенстатизам.

Свети книги: Христијанските имаат две главни свети книги: Стариот и Новиот Завет.


Основни верувања и доктрини

1. Бог е Еден по природа но тоичен по лица. Отец, Син или Слово и Свети Дух, Света Троица. Тоа не се три оделни Бога туку три лица на единиот Бог, Кој не се разликува по својата природа туку по своите лични својства.

2. Бог е семоќен, безпочетен, бесконечен вечен, сеприсутен, сезнаен, причина и извор на се што постои... транцедентен(недостапен) по својата природа како Бог, но за нас спознатлив и достапен преку своите Неговите енергии: љубов, слобода, многумилостив, долготрпелив...
        5. Бог е создател на се што постои. Небесата( духовниот свет, ангелите) и земјата, материјалниот свет и човекот кој е создаден според образ и подобие Божјо, како креација на сите дела Господови и соединување на духовното и материјалното.

4. Христос е еднородниот Син Божји Кој е роден беспочетно од вековите од Отецот без мајка и во времето во тело од Дева Марија девствено без татко. Кој беше испратен од Бога Отца за искупување и спасение на светот и човекот. Кој дојде на земјата, проживеа меѓу луѓето, пострада, беше распнат на Крст, погребан, по три дена воскресна од мртвите, се вознесе на небесата и седнал оддесно на Бога Отецот. И кој пак ке дојде, сега со слава, да им суди на живите и мртвите и даде секому според своите дела.

17. Крштевањето претставува одговор на Христовата заповед. Умирање на стариот човек и раѓање за новиот во христа воскреснатиот и обновен човек како услов и влез во Црквата и Царството Небесно.


8. Господ Исус Христос поживувајќи меѓу луѓето го остави начинот до спасението а тоа е само преку Него, зашто Самиот Он рекол: Јас сум патот, животот и вистината. И двете најголеми заповеди која во суштина еедна. Возљуби го Бога со сето свое срце, со сиот твој ум, со сета твоја душа и со сета своја сила и својот ближен како самиот себе си.

13. Вера во Царство Небесно кое делумно се пројавува во Црквата, а по второто Христово доаѓање и во својата полнота.
15. Црквата е Христово тело, а Христос е нејзината Глава. Бидеки главата (ОН) е свет, свето е и телото(Црквата) И бидејки еден е Господ, една е главата, една е вера една е и Црквата. Во Црквата Он ги остави Своите свети тајни, крштевање, мирпомазание, причест...




Десетте Божји заповеди (Стар Завет)

1. Јас сум Господ Бог твој и да немаш други богови освен Мене.
2. Не прави идол или слика од оноа што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи.
3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог.
4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог.
5. Почитувај ги таткото свој и мајката своја за да биде добро и да поживееш долго на земјата.
6. Не убивај.
7. Не прави прељуба.
8. Не кради.
9. Не сведочи лажно против својот ближен.
10. Не пожелувај ништо што е туѓо.


Неколку од поглавните учења и заповеди на Исус Христос (Нов Завет)

- Љуби го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, сиот свој разум и со сета своја сила.
- Љуби го ближниот свој како што се љубиш себе си.
- Прави им на другите она што несакаш тие да ти прават тебе.
- Блаженствата
- Не судете, за да не бидете судени.
- Проштевајте им на другите, ако сакате Бог да ви прости вам.
- Љубете ги своите непријатели и молете се за оние кои ве прогонуваат.
- Не грижете се за храната и облеката. Барајте го најнапред Божјото Царство и Неговата правда, и сето тоа ќе ви се додаде.
- Молитвите, постот, вера
Добродетелен живот во Христа
Непрестајна молитва како заедница и разговор со Бога.

ПРАВОСЛАВИЕ:

РИМОКАТОЛИЦИЗАМ:

ПРОТЕНСТАНТИЗАМ:



п.с Можеби некој нема да се сложат со генералната поделба што ја направив, но сиот свет и сета светска литература така ја признава и милам дека и ние така треба да ја прифатиме
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 16:03
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


1. Христијанската вера произлегува од Јудеизмот, наследувајќи ги старозаветните свети книги (канон) од евреите, но со дополнување на истиот со уште 27те новозаветни книги и воспоставување на Нов Завет (пакт, договор) на темел на Христовата жртва на Голготскиот крст.

Moja zabeleshka: mislam deka poradi gramatikata vmesto " со дополнување на истиот" bi trebalo da stoi "so dopolnuvanje na istite". Imeno, zbroruvash za "старозаветните свети книги" (mnozhina), dodeka "(канон)" tie staven vo zagrada kako doobjasnuvanje.
 
Точно така. Добро ја владееш македонската граматика за некој што живее во дијаспората среќа
Исто така можеби е подобро да се промени она "на темел на" со "втемелен на".
Еве ти ја ревидирана реченицата, па можеш да и направиш копи-пејст:
 
1. Христијанската вера произлегува од Јудеизмот, наследувајќи ги старозаветните свети книги (канон) од евреите, но со дополнување на истите со уште 27те новозаветни книги и воспоставување на Нов Завет (пакт, договор) втемелен на Христовата жртва на Голготскиот крст.
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


2. Rechenicata sto sledi potoa "Христијанската Црква започнува на еврејскиот празник Педесетница, 51 дена по Христовата смрт, со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите." iako e informativna mislam deka malu otpovekje kako informacija za ovoj tip na tema. Jas bi ja izostavil bez grizha na sovest deka vkupniot tekst bi izgubil neshto znachajno od svojata vrednost.
 
Ок.
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


3. Istoto bi go rekol i za slednata rechenica "Христијанската вера е сметана за ерес (секта) и како нешто што им носи проклетство на околните жители и затоа христијаните биле прогонувани, убивани, спалувани на клади, фрлани во арени и распарчувани од диви животни и сл." kako prvo, mislam deka za sega ne e vazhno da se akcentira deka Hristijanstvoto na pochetokot bilo smetano za eres i sekta, pa deka poradi toa hristijanite bile progonuvani, spaluvani i t.n. Od druga strana ova bi bilo apsolutno neodbeglivo vo blokot "Istorija na Hristijanstvoto" shto bi se nadovrzal na temava.
 
Ако не се спомне овој податок, тогаш нема смисла да се спомнува и легализирањето на христијанската вера во 313 год.
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


4. Vo rechenicata "8. Спасот од гревот се постигнува само преку (делотворна) вера во Исус Христос." go imash vmetnato pod zagradi zborot "делотворна", koj za sega mislam deka mozhe da se izostavi zatoa sto vnesuva element na prashanje - Sto znachi sega delotvorna? Mislam deka za prvichnoto poednostavuvanje na tekstov mozhe da se odi i bez toj zbor.
 
Ок.
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


5. Site znaeme sto sakash da kazhesh so rechenicata "13. Исус повторно ќе се врати на истиот начин како што замина.", no nekoj sto za prv pat se soochuva so hristijanstvoto ke pomisli deka Hristos kje se vrati so raspnuvanje na krst, po tri dena i t.n. Ako mozhesh preformuliraj i poednostavi ja ovaa rechenica.
 
Исус повторно ќе се врати од небото, на истиот начин како што се вознесе на небото пред очите на Галилејците.
 
Разни христијански деноминации различно го толкуваат враќањето на Христос. Затоа тешко е да се формулира оваа реченица без да се толкува истата. Ако имаш подобар предлог, слободно напиши го. Се работи за следниот стих: (Дела 1:11)
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


6. Imash napraveno greshka vo eden zbor na rechenicata "16. Молитвата претставува комуникација со Бог преку која ние ги искажуваме пред Бог нашите просби, благодарности, барања, тешкотии, преку која го величаме и славиме Бог итн. Христијаните го молат Бог во Христовото Име.
 
Тој збор "просби" се јавува во македонските преводи на Светото Писмо (1 Тимотеј 2:1), во сите изданија на Светото Писмо од 1990 и во ревидираното издание од 2006. Тој збор означува "да просиш, да молиш". Се согласувам дека е малку архаичен зборот, па може да се замени со "молби".
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


7. Mislam deka treba da se poednostavi rechenicata "17. Крштевањето претставува одговор на Христовата заповед, заветување пред Бог со чиста совест, идентификација со Христовата смрт, погребување и воскресение." Dovolno bi bilo prviot del " Крштевањето претставува одговор на Христовата заповед, заветување пред Богa." Ostatokot ke probudi mnogu prashanja i nedorazbiranja za onie koi sakaat da se upatat vo osnovnite raboti na Hristijanstvoto. Mislam deka me razbiras.
 
Можеби ова би изгледало појасно:
 
Крштевањето претставува одговор на Христовата заповед за крштевањето, заветување пред Бог и симболично поистоветување со Христовата смрт, погребение и воскресение.
 
Доколку го изоставиме вториот дел, тогаш не сме прецизни и наведуваме само половична дефиниција на крштевањето. Првиот дел од дефиницијата е изведен од следниве два стиха: (Матеј 28:19) и (1 Петрово 3:21), а вториот дел е изведен од следниве два библиски стиха: (Римјаните 6:3-4) и (Колошаните 2:12).
 
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


8. Ne znam dali treba za sega, vo osnovnite veruvanja i doktrini da stoi i ovaa rechenica: 18. Господовата спомен вечера (причест) претставува разделување на раскршен леб и гроздов плод меѓу верниците со цел да си припомнуваат на Христовата застапничка смрт за нивните гревови и да ја разгласуваат истата на идните поколенија." Ne deka ne e veruvanje i doktrina vredna za spomenuvanje, no mislam deka so nea vekje se navleguva podlaboko vo tie raboti otkolku sto bi trebalo da se pravi vo eden prvichen opshto informativen tekst.
 
Причеста е едно од главните учења на Христос и една од главните пракси на апостолите, првите христијани, а и на сите христијански деноминации денес. Без разлика колку мистична или (не)значајна таа ни претставува на нас, таа била, е и ќе биде една од основните верувања и пракси на буквално сите христијани.
Не сум сретнал досега ниту еден основен христијански образовен к*рс, семинар или нешто слично каде што не била спомната причеста како основно учење и пракса во христијанството. Не сакам да звучам како Јеховин сведок, ама вистина е дека тоа е единствениот празник (одбележување) во Новиот Завет заповедан од Христос. Таа претставува еден вид замена на старозаветната Пасха. Е сега ти замисли евреин да ти ги каже основните верувања на Јудеизмот, без да ти ја спомне Пасхата среќа
Може да ја преформулираме реченицата, но јас лично не се согласувам да ја изоставиме. Секако, бидејќи не си го земам толку при срце форумов, нема воопшто да се лутам ако ја тргнеш таа реченица.
Како што гледаш, воопшто не навлегував доктринално во тоа колку често треба да се одбележува причеста, дали лебот и гроздовиот плод буквално или симболично Ги претставуваат Христовото тело и крв, дури и намерно напишав т.е. цитирав "гроздов плод" внимавајќи на тоа дека некои цркви практикуваат вино, некои шира, некои сок од грозје итн. Секој збор од таа реченица, како и секогаш, ми е изведен од конретен библиски стих.
 
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


9. Vo "Неколку од поглавните учења и заповеди на Исус Христос (Нов Завет)" za pogolema kompaktnost na ovaa tema bi gi izzemal ovie rechenici:

- Блажени се бедните по дух, оние кои тагуваат, кротките, оние кои гладнуваат и жеднуваат за правда, милостивите, оние со чисто срце, миротворците, оние кои се гонети заради правда, оние кои се гонети заради верата во Христос, и оние кои го слушаат и извршуваат Христовото учење и заповеди.
Prvata rechenica e premnogu kompleksna i vo sushtina ne e tolku uchenje kolku sto e akcentiranje na benefitot za onie koi go prifakjaat Negovoto propovedanje.
 
Се согласувам.
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


- Правете го ова (причеста) за Мој спомен!

- Што и да побарате од Мојот Татко во Мое Име, ако молите со вера и не се сомневате, ќе ви биде дадено.

- Одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат се што Сум ви заповедал! 

Drugite tri rechenici isto taka govorat za lichnosta na Isus, negovata poraka i vrednosta na uchenjeto, kako i za shirenjeto na toa uchenje. Mislam deka za sega seto toa ne e neophodno da se postira vo ovaa tema.
 
Тоа со молитвата можеби и побудува дополнителни прашања, но сепак е учење на Исус неколку пати повторено во Новиот Завет. Ако твојот критериум за овој катехизис е верувањата да не побудуваат дополнителни прашања, тогаш може да се изостави тоа учење. Само ако се согласиме тоа да важи за повеќе такви учења/верувања, тогаш најдобро е тоа да се напомне во воведот на темата.
Темата секако треба да има вовед, каде што ќе се каже намерата на темата, каде што ке се каже дека ова претставува еден краток и едноставен осврт (увид) на основните верувања на одредената вера/религија.
 
Заповедта за проповедањето на Евангелието, за поучувањето и крштевањето можеби излегува од контекстот на предходните морални учења и заповеди на Исус, но само заради тоа, сметам дека не би требало да ја изоставиме како таква. Таа е последната заповед на Исус додека бил на земјата, непосредно пред вознесувањето. Првото нешто што апостолите го напраиле откако го примиле Светиот Дух, било исполнувањето на оваа заповед, проповедале, поучувале, крштевале. Во таа заповед Исус не зборува за вредноста на Неговото учење, ниту за Својата личност, туку едноставно заповедува, а учениците без пардон исполнуваат и така поучуваат.
Но сепак и за ова учење/заповед останува мојот коментар како и за причеста. Да не се повторувам.
 
Аирлија работа messenger среќа
Поздрав.


Изменето од EvAngelos - 08.Јануари.2009 во 16:05
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 17:48
OK EvAngelos, blagodaram za odgovorot.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.