|
Германски накратко (к у р с) |
Внеси реплика | страница 123 8> |
Автор | |
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 07.Јануари.2009 во 12:31 |
Германскиот јазик спаѓа во индоевропската група на јазици, во истоимената германска јазична гранка заедно со холандскиот, англискиот, норвешкиот, данскиот, шведскиот, исландскиот и уште некои други помали јазици.
Германскиот јазик во Австрија, Германија, Лихтенштајн и Швајцарија има статус на службен јазик(во Швајцарија заедно со францускиот и италијанскиот). Но исто така е мошне раширен во средна Европа и регионите каде што има гeрманско малцинство на пр. Унгарија, Словачка, Чешка, Полска па и Војводина(северот на Србија). А во Аргентина и Бразил поголема е веројатноста да наидете на некој кој зборува германски како странски јазик отколку англиски. Причината за тоа е дека многу германци токму во тие земји се населиа по втората светска војна. Самиот јазик има бројни дијалекти меѓу кои можеби најразличен е тнр. швицердуч(кликни за видео) кој се зборува во Швајцарија. Но секој оној кој ќе го научи тнр. хох-дојч(Hoch-deutsch) односно литературниот јазик, без проблем ќе биде разбран во сите германски говорни подрачја. Во наредните неколку постирања ќе научиме да читаме германски како и неколку основни збора и реченици. Мал краток к у р с по германски јазик Изменето од Majkl - 09.Јануари.2009 во 16:38 |
|
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ako zboruvas za germanski dijalekti, gi ima bezbrojni...ete ja cepam original BAYRISCH......
a schwiezerdütsch ne e dialekt, tuku bi rekol toa e svajcarski |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од германскиот знам само неколку зборови, колку да го извадам ќотекот!
Многу ми е чудно, интересно, пишувањето на огромни зборови (зборови со многу букви). Нешто слично како нашиот збор: „народноослободителна“. Еднаш пронајдов германски збор со 26 (дваесет и шест) букви. ПојМа немам како/кој беше тој збор. Знаете ли вие некој таков? |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Donaudampfschiffsfahrtsgesellschaft
aj izbroj |
|
blue666
Сениор Регистриран: 28.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 4465 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
35 - taka - prevod, molam te zemam za licen mentor Изменето од blue666 - 07.Јануари.2009 во 13:23 |
|
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
donau - dunav
dampfschiff- brod na parea fahrt - prevoz gesellschaft - zdruzenie |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе си го искршив јазиков додека го изговорам. Остај друго, додека дојдам до крајот на зборот, заборавив што беше на почетокот!
|
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Читањето и пишувањето во германскиот е многу полесно од францускиот или англискиот, но сепак има некои мали правила кои е добро да се знаат.
На пр. некои букви или нивни комбинации се читаат поинаку. Како на пр.: Z = ц - на пр. Zitat(цитат)=цитат; или Zeit(цајт)=време V = ф - vier(фиир)=четри /бројот 4/; или Vater(Фатер)=татко W = најобично в (како македонскиот збор: вода); на пр. Wald(Валд)=шума; или Wohnung(Воонунг)=стан S = з, под услов да стои пред самогласка(a,e,i,o,u,ö,ä,ü) - на пр. See(Зее)=езеро. Во другите случаи е обично С. SS = с SCH = ш - на пр. Schneeman(Шнииман)=снешко TSCH = ч - на пр. Tschechisch(Чехиш)= Чешки ST = шт - на пр. Strasse(Штрасе)=улица; или Stein(Штајн)=камен SP = шп - на пр. Spiegel(Шпигл)=огледало; или Spiele(Шпиле)=игра CH = нечисто х, но нема да згрешите ако го изговорите какообично македонско х (како во зборот: храна). На пр.: sechs(зехс)= шест /бројот 6/ EI = ај - на пр. ein(ајн)=еден; Schweiz(Швајц) Швајцарија EU = ој - на пр. eurethalben(ојретхалбен)=заради вас; или euro(ојро)=евро /парична единица на Евроспката Унија/ исто така во германскиот јазик постојат тнр. умлаути, кои во македонскиот јазик ги нема. Тоа се гласовите кои се бележат со следните букви: Ä = е долго (како во македонскиот зборови: сее, жнее, вее), но при изговорот на многу зборови не секогаш се слуша како долго. Истата буква ќе ја сретнете и во шведскиот, финскиот но и во словачкиот јазик, таму, додуша мошне ретко. Пример: ähnlichkeit(еенлихкајт)=сличност; die Ägäis(ди Егеис)=егејско море Ö = за да го изговорите овој глас, направете ги усните за да кажете О но изговорете Е. Внимавајте, ова не е гласот О, туку засебен глас. Овој глас и буква ќе го сретнете и во шведскиот, финскиот, унгарскиот и некои други јазици. пример: Östereich=Австрија(буквално значи: Источно царство) или Schönn=убав. Ü = направете усни како да сакате да кажете У а изговорете И. Внимавајте, ова не е буквата У, туку представува посебен глас. Оваа буква ја има и во унгарскиот, естонскиот и турскиот јазик и се изговара кај сите нив исто. пример: überwinden=надминува; fünf=пет /5/ ß = една необична буква(не спаѓа во умлаутите) која личи на старогрчката буква β (бета), но ако ѕирнете поблиску ќе видите дека не е иста ниту по изглед, ниту во изговорот. Имено германската ß носи име „ес-цет„ а се чита едноставно како нашата с(во македонскиот збор: среќа). Постојат правописни правила каде се пишува наместо ss но со тоа нема да се занимаваме, бидејќи тука целта ни е да научиме само да читаме. Следната лекција е на стр. 3 од темава, а на стр.2 ја имате германската химна со мелодија акосакате да вежбате читање(и пеење) Изменето од Majkl - 25.Јануари.2009 во 01:41 |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи Чачак би му дошло вака = Tschatschak
По се изгледа ова „tsch“ е пример за глас кој се пишува со најмногу букви. |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ova ti e greska! germanskoto S e najobicno nase C |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е грешка. Најчесто се чита како З. На пр. sieben се чита зиибен и значи седум (бројот седум).
Одлично за почеток Златник! Изменето од Majkl - 07.Јануари.2009 во 14:11 |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ja, ja! Dankeschen!
Ај, па јас во некоја следна прилика ќе ве учам арапски! ОК? Изменето од Zlatnik - 07.Јануари.2009 во 14:28 |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кратка реченица за вежба:
Heute im Mazedonien ist Weinacht. Frohe Weinacht wünsche ich dir! (Хојте им Mацедониен ист Вајнахт. Фрое Вајнахт вüнше их дир!)= (дословен превод)Денес во Македонија е Божиќ. Радосен Божиќ посакувам јас тебе! Забележете дека зборот ist(=е) го читаме нормално „ист„(не ишт, или изт). Обрнете внимание на уште едно правило во германскиот правопис. Именките(лични и општи) секогаш се пишуваат со голема буква, независно каде стојат во реченицата. На пр. Weinacht(Божиќ), Quelle(извор), Vater(татко), Leben(живот) и тн. Изменето од Majkl - 07.Јануари.2009 во 14:28 |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чекај, и општите се пишуваат со голема буква? На пример риба, птица клупа ...?
|
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Внеси реплика | страница 123 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |