IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 114115116117118 146>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2008 во 20:28
НОВА ГОДИНА


Стара баба беззаба
во пензија ќе оди,
место неа година
нова ќе се роди.

Елката е стокмена
желби рој се ројат
полна санка дарови
в ноќта бела бродат

Весели сме сите
песна силно ечи:
здравје, радост, благодет,
секој нека сети,


на сите мои пријатели, наместо новогодишна честитка, со желба да го зачуваат детето во себе, оти без него животот е многу посиромашен адушата многу потесна... Здравјето и среќата нека бдеат цела година на секој миг од вашиот живот...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2009 во 15:11
АПЛАУЗ

Кога го учев слонот да оди по жица
Тој велеше „Глеј ме, поет сум!“

Ракоплескајќи му заборабив да му кажам
Дека над него е небото а под него земјата

Но и да му кажев, зарем ќе ме слушнеше тогаш
Со ушите оглушени од аплаузот?

А некој, во меѓувреме, ги украл и скалите...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2009 во 15:14
МРТОВ ГЛАС


Со ист камен ист белег
судбината ни направи:
ти храбро болката ја пушти
птица црна во денот бел да лета
јас глас мртов сум
стутулено јајце од кукавица
во камењар со змии преполн
и надеж потајна
дека ќе заборавам се
па и тоа:
во денот бел
црната птица на болот
кога сакав да ја разлетам.
А некои сеуште ми велат
Поет сум бил...
Не, не било толку едноставно
За вистинската болка да пееш....
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 20:52


Кога ноќта со својата наметка
ќе го обвитка денот
ќе нема ништо светло
само ѕвездите и Месечината
...а секаде околу тебе темно!

И кога сказалките на часовникот
ќе се поклопат на полноќ
ќе дојде границата
помеѓу животот и смртта
ќе запре студениот здив за момент
...а во телото врела сеуште ќе биде крвта

И гледаш, почнува да се зазорува
чиниш ноќта почнува да бега
ко Сонцето неа да ја гони
...ко да сака побрзо да ја снема


Изменето од Lithium - 04.Јануари.2009 во 20:53
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 21:20
ќе нема ништо светло

СЕ МИСЛАМ ДАЛИ Е ГРЕШКА ИЛИ ГЕНИЈАЛНО
но нека е генијално  ми се допаѓа , таа фраза
можеби ќе ти ја украдам и да ја вметнам кај мене некаде
поздрав големо%20гушкање


Изменето од anakin - 04.Јануари.2009 во 21:29
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2009 во 21:04
Каубојски филм

Нема потреба
едниот од нас да го напушти овој град
за да има мир.
Нема потреба
да се соочиме кај коралот „ОК“.
Нема потреба
да правиме претстава пред салунот
за говедари, проститутки и копачи на злато,
да навиваат и да се обложуваат
кој од нас двајцата прв ќе го извади
(револверот)
а кој ќе остане
со фаца зариена во правта.
Дај да треснеме со тупаница на шанкот,
да дрмнеме уште по некое виски,
и како добрите цврсти момци
Гари Купер и Џон Вејн
Да го завршиме овој филм со
The (Happy) End.


Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2009 во 23:39
ЦРН СНЕГ

Денес, остајте ме сите:
со длето од неверба
празен простор длабам
низ белата тага на снегот црн
и пркосам му чинам
на крикот клет
од телалот зловест
со цртеж на красен лик
во насмевка детска стокмен,
колку мигот да го скротам,
во кој вистината ко кртче рие
а гласот немо во прашање се крие
- зар ја нема веќе?

Денес не сакам да се разбудам:
маѓепсајте ме во последниот час
од вчерашниот ден со чинки
на најстрашно проклетство,
во последната забоболка
жива мака скаменете ме,
сред глутница волци
во најцрната ноќ распнете ме,
но не будете ме
- денес ја нема веќе...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 17:27


Кога тмурни облаци
ќе надвиснат над твоето небо,
стравуваш дека си сосем сам
набрзо во себе ќе почувствуваш немоќ

Ќе сакаш да се бориш
а никакво оружје ќе немаш
само силна желба во тебе
облаците да ги нема

Ќе чекориш, ќе бараш
пат чист, без трње
а него ќе го нема
нема да го најдеш
само ужаси без крај
и можен пекол црвен....!
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 20:44

Цути ружа мирисна
млада мома ја набрала
во долга коса ставила
украс црвен што мириса.

Млада мома низ село прошетала
студена вода од кладенец дома да донесе
на стара мајка бистра вода да и однесе
жедна уста накваси,бел леб да замеси.

Жешко сонце мома ја излажа
свилена кошула раскопча
гради ,гале*и бели покажа
моминска песна за љубов запеа.

Зад грмушки момче калешо
млада мома ја здогледа
очи желни од нејзе не тргна
убава мома од Господ подарена.

Јато јаре*ици го издаде
млада мома како јаре*ица се сокри
зад грмушки густи зелени
студена вода од канатче истури.

Еј,ти младо моме убаво
што бегаш,што се криеш
од мои очи желни ти бегаш
покажи бели гради што ги криеш.

Твојата коса од ружа по мирисна
ех да сум вода,твои гради да ги мијам
капка студена вода, твоја жед изгаснам
твоите боси нозе да ги измијам.

КЛАДЕНЕЦ

Даница Петровска „08„
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 20:54
Само ужасен крик се слуша
од душа проколнета,душа не мртва
таа не умира,таа повторно се раѓа
на други судбини да преткаже.
Свои маки ниту на Господ не кажува
не се слушат молитвите,крик затаен
во душа само јадови,чемер и јад
душа не мртва,таа не умира.
Проколнета вечно да претскажува
туѓи судбини на душа ги носи
смртта нивна во око им гледа
љубоморна на смртта што ги повикува.


Проклетство.
Љубов и само љубов
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2009 во 11:18
МИРИСОТ НА ВЕЧНОСТА
(реминисценција)

Интервалите на твоите насмевки
меѓу две видувања и две разделби
мирисаа посилно од вечност.

Исто како и музиката на росата
што ја претвораше ехо
со белите одблесоци на босите нозе
кога ги полегнуваше тревите
со разџагорени неба во очите
кај поилото на првите бакнежи.

Тивка музика со боја на срамежливост.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 15:46
Кула

Кога ќе го истресеш
и последното
чувство од
касичката за штедење,
ќе побараш
да ти изградам кулa
од зборови,
за да заспиеш
со уверување
дека уште можам
да ти го распарам
небото.
Но, јас морам
да го спакувам
лажното сонце на
овие зимски утра
и да наронам снег
до четкичката за заби...
Додека спиеш,
пругите чекаат да
им го одредам правецот,
градовите во стутканата мапа
чекаат да ги помилувам...
Кулата од зборови
громогласно ќе се сруши,
а ти за првпат ќе дознаеш
како звучи тишината.
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 15:46
Наопаку

Грб свртен кон моето "Оди си"
и догорче што не дише
од усните и чадот,
чадор што ненадејно ми
се наоѓа во август
и љубов што почнува од
закопчувањето на шлицот.
Ветви стихови што мирисаат
на свежо печен леб ,
блудна симфонија и
литургии на кои се
проповедаат
инцестуозни
библиски приказни.
Очи прашално наведнати,
раце омисивно протегнати,
најлонска ќеса укината со
силата на грев што земјата
нема сила да го распадне
и пцост кажана со намера
мајките пак да бидат девици.
Сите нешта свртени наопаку,
истресуваат по нешто
неоткриено.
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 15:47
Превез

Во аглите на просторот
каде молкот си
го пишува својот блог,
дајте ми моливче и светлост,
и ќе го преименувам светот
во лулка што никогаш
не била нишана,
плот во која не продрел
клучот на смртноста...
Сега сме на еден гриз
од јаболкото на гревот.
Зачувај си ги црвените усни
за подобри времиња.
Бледилото е на мода.
За се што било и не било
ставаме цртки во
небесната тетратка
со тесни и широки.
Превезот на смртта
ќе ни долета.
Низ него ќе си правиме
кловновски фаци
и смеејќи се
ќе завршиме.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 114115116117118 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.