![]() |
|
Исусова молитва - исцелител |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 29> |
Автор | ||
izvoren ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ефесјани: 6:18 со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време, и заради тоа бдејте со сето постојанство и со молба за сите свети
МИКИ П од стихов може да забележиш дека никаде не пишува ниту колку пати треба да кажеш одредена стихотворба чиј автор е некој преподобен човек, ниту во одреден период од денотдека треба да се молиш. Напротив пишува 'молете се во Духот во секое време'.Фактички без претходно посетување на некаква обука за молење, секој верник може да му се обрати на Бог преку молитва. Значи тој твојот прирачник за молење нема христијанско потекло, затоа сите што се одлучиле да бидат христијани немаат никаква потреба од него и тие брошури ке си останат непродадени . |
||
![]() |
||
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Според тебе, пријателу, и светителите (кои се во Божјата милост) немаат христијанско потекло, па и нивната силна и непоколеблива вера во Христа - Спасителот, ништо не значи, единствено значат само твоите секташки безбожни брборења. Ашколсун. |
||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
||
![]() |
||
izvoren ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
Pravoslaven ![]() Сениор ![]() Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
izvoren, зарем не примети до сега дека библиските стихови за кривославните се "безбожни брборења", а доколку им цитираш некој цитат од некој "свет отец" тоа е за нив "Божји Збор"
![]()
Сите христијани се во Божјата Милост, а не само некои одредени христијани кои вие ги цртате со ореоли на главите. И биди Му благодарен на Бог што тоа е така, инаку тешко дека ќе се протнеш во Божјото Царство без Неговата милост.
|
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
![]() |
||
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Да, сите христијани треба да се во Божјата милост, но не се, и не можат да бидат зашто многумина отпаѓаат од Црквата заради кривоверието и лажеучењето на сектите кои „изникнаа“ последниве два века, а отпаднаа како суви гранки од стебло зашто не беа достојни чеда на Мајката - Црква.
Светиот Јован Златоуст не поучува: Зoштo трeба да сe слуша Црквата, а нe eдeн чoвeк, кoј мисли прoтив Црквата, макар тoј да бидe нарeчeн најгoлeм мислитeл? Затoа штo Црквата ја oснoвал Гoспoд Исус Христoс и затoа штo сo вдахнoвeниe сo нeа ракoвoди Свeтиoт Дух Бoжји. Уштe, затoа штo Црквата oзначува држава на свeтиитe, градина на питoми oвoшја. Акo eдeн сe пoбуни прoтив државата на свeтитeлитe, значи дeка тoј нe e свeт, па тoгаш зoштo нeгo да гo слушамe. „Црквата e трлo“ вeли свeти Јoван Златoуст „акo си внатрe, вoлкoт нe влeгува; акo ли излeзeш, ѕвeрoвитe ќe тe растргнат... Нe oддалeчувај сe oд Црквата; нeма ништo пoсилнo oд Црквата. Црквата ти e надeж и спасeниe. Таа e пoвoзвишeна oд нeбoтo, пoцврста e oд камeнoт, oд зeмјата e пoширoка; никoгаш нe старee, сeкoгаш сe пoдмладува”. Изменето од Miki_P - 04.Јануари.2009 во 03:35 |
||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
||
![]() |
||
Pravoslaven ![]() Сениор ![]() Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Мики, ако некој не е во Божјата милост, тогаш тој не е христијанин. Кога Јован Златоуст велел "Црквата", тој мислел на "Христовата Црква", на онаа Црква која се раководи по Божјиот Збор, по Христото учење, а не на "православието" кое подоцна ќе се јави како плод на човечки учења помешани со еден куп паганизми, идолатрија, мистицизам, национализам, политка, бизнис итн.
|
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
![]() |
||
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Светителот Јован Златоуст, бил архиереј во Црквата Христова и деноноќно се борел со ѓаволот и неговите слуги и истомисленици од човечки род. Тие се труделе да ја уништат светоста на Црква. Може ли да се урне нешто што Бог го соѕидал? Како ти се чини? Можеби светителот,„отпаднатите суви гранки“ кои никнаа во 18 и 19 век ги именувал со поимот - Црква. Што мислиш??? Изменето од Miki_P - 04.Јануари.2009 во 03:57 |
||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
||
![]() |
||
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Блаженствата се скалила кон небесата, кон Цраството Божјо, односно кон Бога. Молитвата(Исусова)е исто така скалило кон Бога. Да се искачиме треба да почнеме од почетокот, од првото скалило. „Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството Небесно!“ Во почетокот се крие и крајот. Ако успееме да се смириме тогаш, автоматски го имаме и Царството Божјо во нас. Смирението е услов и почеток на секоја добродетел и доблест. Смирението е темел на добродетелниот молитвен христијански живот. Колку подлак и поцврст темел-толку посигурно здание. Колку подлабоко смирение-толку подобар христијански живот и толку посилна молитва. „Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат!“ Откако ќе се искачиме на првото скалило се качуваме на второто, плачот и покајанието за своите гревови. Откако сме се смириле, си ја гледаме својата грешна, падната и жална состојба. Си ги признаеле и своите гревови и се јавува покајанието и плачот. Ако не сме се смириле, тогаш немаме ни вистинско покајание. како може да се кае оној кој за себе има високо мислење и се се прави здрав и се знае и се превознесува над сите? Таквиот е во духовна прелест и таквата молитва е прелест. Затоа и ние во молитвата со покајание бараме прошка... „помилуј ме (грешниот(ната))“. Колку подлабоко смирение толку поголемо покајание и толку поголема благодат и утеха. Плодот на покајанието е утехата Божја што ни се дава. Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!“ Откако сме се смириле и во покајание сме побарале прошка сега Господ ја излева благодатта на Светиот Дух во нас ги смирува нашите страсти во срцето и ни дава кротост и милост на душите и затоа уште овде на земјата сме добиле милост и наследство. „ Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат“ Тогаш во тие луѓе, откако ги поминале овие скалила се појавува ненаситна глад за Бога, И постојано во нивниот ум и срце го повикуваат името Божјо. Господи Исусе Христе, помилуј ме! Господи Исусе Христе, помилуј ме! како што советува свети Јован Златоуст „ Браќа, почнувајќи од утрото преку целиот ден, ако е возможно продолжете да повикувате и во текот на ноќта: Господи Исусе Христе, помилуј ме. И присилувајте го вашиот ум на ова дело постојано, до самата смрт!“ „ Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани“ Милосрдието е резултат на отворено срце, сепредаденост на Бога и живот и љубов за другиот. По секое милосрдно дело и ние сме помилувани преку благодатта Божја која се умножува во нас. „ Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога“ Откако ќе се очисти срцето од страстите тогаш ќе се пројави крштенската благодат и во очистеното срце ќе го гледа Бога кој како Цар седи на својот престол кој се наога во нашите срца. Срцето е трон и дом Божји, но само чистите срца. Во нечистите , за жал, царуваат страстите односно демоните зад нив. Со пањето пак, на Адам, сите постанавме грешни и носители на таа падната Адамова природа, па и затоа треба цел живот да се трудиме во тој подвигот на очистувањето на страстите поврорно сместување на Бога во него. . . . „ Радувајте се и веселете се зашто голема е вашата награда на небесата!“ |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
![]() |
||
izvoren ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ЛУКА 11:28. А Тој рече: „Уште повеќе се блажени оние, кои го слушаат Божјото слово и го пазат.”
А пак Божјото слово е запишано само во Библијата, и затоа немојте многу да си го трошите времето во мудрување, туку прифатете ја како единствено веродостојно писмо испратено од Бог. |
||
![]() |
||
Pravoslaven ![]() Сениор ![]() Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Бог ја созидал Христовата Црква и таа не може да се урне.
Но Византиската Црква (која по нејзиното отцепување од Католичката црква ќе се самонарече "православна") е созидана од паганинот Константин и таа може да биде урната и ќе биде урната дирекно од Господ Бог заедно со сите стари, нови, постари, понови "цркви" чиј телел не е Исус Христос и кои се водат по човечки зборови, традиции, преданија, обичаи, синоди, папи итн., а не по Божјиот Збор - Светото Писмо.
|
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
![]() |
||
izvoren ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
2 Јованово: 1:9 Секој, кој оди натаму и не останува во Христовата наука, Го нема Бога. Кој останува во Христовата наука, тој Го има и Таткото и Синот.
Значи господа православни, држете се само до Христовата наука, а не до учењето на некои ваши преподобни идоли. |
||
![]() |
||
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Бог ја соѕидал Црквата на темелите од нововерците, секташите и безбожниците пред нешто повеќе од 100 години, Господи Боже мој!!! Стеблото ќе го умножуваат „исушени гранки“, Господи Боже мој!!! Повеќе од две илјади години „Креаторот“ - Семилостивиот Господ Бог ја крепи Црквата Христова, а со неа раководи Светиот Дух, преку луѓе што Му се мили на Господа, т.е., преку луѓе што целосно се предале во служба на Бога. Може ли таква градба да се сруши!?!?!? Нечестивиот (сатаната) вели дека може, и тоа вели преку устите на своите слуги - нововерците, секташите и безбожниците. Ќе изумев да те прашам, кога ќе славите 100 години од постоењето??? Што мислите за една таква „креација“ од човекоубиецот, колку Му е мила на Создателот?!?!?! |
||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
||
![]() |
||
izvoren ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Mnogu nepotrebni zborovi napisano.Hristovata crkva postoi 2000 godini, a ne 100 kako sto si napisal.
|
||
![]() |
||
Pravoslaven ![]() Сениор ![]() Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Татко наш, да се свети името Твое! (Исус Христос) |
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 29> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |