|
МПЦ и спорот со СПЦ |
Внеси реплика | страница <1234 20> |
Автор | ||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Хм, another one! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Те молам ова немој многу гласно да го викаш – во твојата околина – бидејќи дури и луѓето со кои си во иста вода крстен може да ти направат голема штета, мислејќи дека му прават служба на БОГА! Брате Давиде, решението не е нити во возвишените национални цркви, нити во самовозвишените ненационални цркви – кои се прогласуваат за единствената вистинска црква – туку во прерождбата од БОГА! Кој е вака роден тој не се воздигнува над другите, туку и душата (ако е потребно) ја дава за заедницата на преродените Чеда БОЖЈИ, насекаде во светот. И самиот ГОСПОД ИСУС вели: “ ... кој ќе се понижи, тој ќе биде воздигнат! “ АМИН п.с. Чувајсе од тие што се воздигнуваат над другите поради својата национална или конфесионална припадност! Изменето од spiros - 30.Декември.2008 во 09:51 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Брате Спиросе не се работи за национализам, меѓутоа не сакам кога историјата ( која е нешто што многу го сакам и истражувам ) се искривува и се адаптира на нечии интереси. Така е и во случајо со МПЦ и СПЦ. Сите не обвинуват за етнофилетизам, а историјата покажува нешто сосем друго. Затоа и сакама ако веќе на овој форум ја отвара оваа тема, малку да се вратиме и историски да го погледнеме истиот, за да може да се увериме дали ние боледуваме од етнофилетизам или некој друг. |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Брате macedon_alex, секој човек кој сеуште е роб на националноста, боледува oд тој етнофулетизам! Секој! Јане Сандански тоа прекрасно (бидејќи и самокритично) го кажува со зборовите кои вака му се запишани на гробната плоча: Робот се бори за слобода а слободниот за совршенство! Овие зборови се – за мене – најубавите кои сум ги слушнал од еден македонски револуционер. Тие истовремено содржат и признание на својата грешност и истовремено упатуваат на Оној кој без да се фати за оружје, без да се колне на нож и пиштол кои биле ставени над библијата , Го дал својот Небесен Живот за спасение на сите! поздрав п.с.Чедата на ЉУБОВТА и МИРОТ Божји немаат потреба никому да се правдаат за својата здравствена состојба и да се препираат околу националната припадност која и припаѓа на стариот човек! (Види те молам во Епистел до Колосјаните, глава 3 а посебно стих 11 ) Изменето од spiros - 30.Декември.2008 во 15:09 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Брате Спиросе, убаво е некои работи од историски аспект да се објаснат. Мислам дека така и ќе се реши проблемот со СПЦ и сите други цркви, а тоа би било добро поради заедништво со другите Православни Цркви. Јас сакам да сум во заедништво со сите, но сепак сакам и да се знае вистината.Зар не дојде Господ Исус за да ни ја покаже вистината? Сепак те подржувам и сметам дека си во право дека јас или ти никому нема потреба да му се правдаме за нашата национална припадност, иако секогаш сум отвирен за разговор со сите оние кои сакаат да зборуваме за тоа. |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ХРИСТОС е ВИСТИНАТА а не александар македонски! Тоа за жал многу не го разбрале. Јас неможам никому да гарантирам дека во моите вени не тече и крв на античките македонци и илирска крв и славјанска крв, ...! Но со таа крв не се поносам туку со ХРИСТОВАТА! За неверниците и непреродените е тоа несватлива разлика, роде. Таквите се сеуште чеда на нацијата и спремни за неа да пролеваат крв (бранејќија се разбира ). Такви се тие национални (телесни) вистини – крвопролевни – додека на човекот не му засвети Небесната ВИСТИНА! Што треба сега со српските христијани на кои им е поважен свети Сава од ХРИСТОС или со македонските на кои им е поважен Свети Климент од ХРИСТОС , со бугарските, грчките, ... да се прави? Да се сака и да им се сведочи за ВИСТИНАТА , брате мој! Притоа тие ќе нè мразат и некои од ними ќе бидат спремни - за нивната национална или конфесионална “вистина“ – дури и да нè убијат! Но кој е спремен да ја следи Небесната ВИСТИНА - ХРИСТОС , тој и тогаш нема да ги мрази, како ИСУС што не ги мразеше неговите еврејски браќа и сестри (по мајка)! Се надевам ќе ме разбереш онака како е редно. АМИН! Изменето од spiros - 30.Декември.2008 во 16:10 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pozdrav i do tebe sestro vo Hrista. Politikata i nacionalizmot se opasna rabota, a koga ke se zamesa i religijata toa e tempirana bomba. Bog da ne cuva od sekoe zlo, AMIN! |
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ti blagodaram za predupreduvanjeto brate spiros, ama jas imam strav samo pred BOG . Dva citata od Svetoto Pismo mi davaat hrabrost i sila da ne se plasam od nieden covek ili bilo koja druga rabota vo ovoj zivot. Isus rece vo Luka 12:4,5 " A vam, na Moite prijateli, Vi velam: ne bojte se od onie, sto go ubivaat teloto i potoa nisto ne mozat da vi napravat; no ke vi kazam od kogo da se boite:bojte se od Onoj, Koj po ubivanjeto ima vlast da frli vo pekolot; da, vi velam. od Nego bojte se!" Evreite 13:6. "Taka sto slobodno da velime: 'Gospod mi e pomosnik,i nema da se uplasam: sto moze da mi napravi covek?" |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во ред тие размислувањето! ГОСПОД да ја умножи храброста тебе и на сите луѓе, за да можеме да ги надминеме сите колективни (национални,конфесионални, расни, класни,...) егоизми - кои се всушност само една тргична илузија на егото - и така потполно да ја препознаеме ВИСТИНАТА ! АМИН Изменето од spiros - 31.Декември.2008 во 15:55 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако човек подлабоко размисли ќе свати дека спорот кој моменталмо постои помегу МПЦ и СПЦ е асурден и безмислен. Спорот помегу МПЦ и СПС е чисто нецрковен истовремено и за чудење.
За чудење е и како може сеуште да не е решен? Кој сега овде воде инает? И ќе потенцирам. Ова не е спор на две Цркви, туку на една Црква наспроти неколку србски владици.Но ако има се време и трпение понатаму се по ред. Многу ми е тешко кога ги пишувам овие работи но за поблиско информирање на оние го побараа ова со тешко срце ке проговорам. Македон Алекс спомнуваше историја. Историја , да. Но од каде и што да се опфати? Но и за тоа може да проговориме. Најпрво би почнал со чуствата. Срцето ми се кине кога ке видам како ние кои го преставуваме едното Тело Христово, односно Црквата, да се делеме и не само да се делиме туку и да се напаѓаме. Дали некој се запрашал кој овде добива? А нецрковен е затоа што не е спор за никаква догма на Црквата, за никаков канон, туку за називот на една Црква. Како таа да се вика. Нешто што е надворешно и апсолутно нецрковно туку национално и политички, а јас ќе додадам и до суетата на поединци. Тоа владиката Наум , во неговата книга „ Соочување со апсурдот“ убаво го потенцира и самот чудејќи се како политичарите на двете држави ,па дури и грците, можат да се сложуваат и соработуваат на полички и деловен план, а епископите на двете Цркви да неможат да го надминат тоа и барем да сослужуваат ефхариски, Литургиски!? И пак владиката Наум, решението на проблемот го наога само во и преку умносрдечната исусова молитва заради кое наиде на многу остри и навредувачки критики. а зошто? Затоа што само на тој начин може спорот да се надмине, а не преку некакви измислени редови и правила кои, повторно ќе кажам, немаат ништо со догмите односно Црквата. Црковен проблем се решава со црковни решенија. Но на некои како да им одговара спорот да не се реши. Искрено се надевам,а и знам, ако имаме вистинско покајани е и љубов спорот ќе биде зад нас. Верувам и убеден сум дека современите преподобни отци спорот и не го признаваат. Господи Исусе Христе, помилуј не. Господ Исусе Христе, по молитвите на Твојата света Мајка дај ни сила во срцаиа и просветление на умот да го надминеме овој непотребен спор. Нека Господ Исус Христос ни даде во новата 2009 година заеднички да се сложиме и солужуваме и реално да се причестуваме од едната иста чаша. |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
AMIN , BRATE SPIROSE |
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ovoj spor e apsurden i besmislen, i za cudenje....taka e brate Opiten Isto kako sto e sporot za imeto na Makedonija aspurden, besmislen i istovremeno za cudenje. Ne sum prorok, daleku od toa, ama prasanjeto za MPC ke se resi koga ke se resi i prasanjeto za imeto na drzavata . Cista politika, i ne e spor na dve crkvi, tuku tretata crkva e onaa sto pravi problem, a taa crkva pripagja na nasiot juzen sosed, koj ni gi pravi i politickite problemi. Apsurdno,besmisleno, no vistinito, isto kako i so sporot so imeto na drzavata [:(] Sramota! Kaj se videlo na ovoj svet nekoja drzava da stava ime na druga drzava??? Najdete eden primer...Poradi istite pricini ne e priznaena i MPC. Pozdrav! |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Kade se videlo na ovoj svet nekoja drzhava da sedne i da pregovara so druga drzhava za svoeto ime? P.S. Samo ova e za drug forum, a ne za Veroispoved. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Vo pravo si brate messi, i za ednoto i za drugoto.
No dvete raboti se povrzani i taka e toa e koga politikata se mesa vo religijata... |
||
Внеси реплика | страница <1234 20> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |