|
Природни маски за лице, коса и тело |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | |
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Декември.2007 во 11:56 |
Рецепти од ’’баба’’
ЛИЦЕ За мешовита кожа: - 100гр квасец помешуваме со вода, а 100 гр со маслиново масло. Првиот дел се става во Т-зоната, а вториот на образите и челото околу косата. - Жолчка се меша со неколку капки маслиново масло и се нанесува на образите и челото околу косата. Белката се мати во цврст снег и се нанесува во Т-зоната. - 2 лажички павлака се меша со лажичка мед и се нанесува во Т-зоната. На останатото се додава малку маслиново масло и се нанесува на образите и челото околу косата. За масна кожа: - лосион за миење: чај од лавандин цвет е добар за миење на масна кожа. - лажичка пченично брашно се меша со лажичка јогурт. Се остава 15 мин, и се мие со млака вода. - ситно се меле краставица и грејп, се нанесува и остава 20 мин, и потоа се одмива со млака вода каде сме ставиле малку лимонов сок (масна кожа без мозолчиња) - парче пекарски квасец се меша со млеко, се нанесува и се остава 20 мин. Се одмива со чај од камилица ( масна кожа со мозолчиња) - 2 лажички сок од портокал, лажичка сок од лимон и неколку капки бадемово масло. Чиста газа се натопува во течноста и се обложува на лице. За сува кожа: -пасирана банана се меша со малку мед и 10 капки лимонов сок. Се држи до 30 мин и се одмива со топла вода ( или банана со неколку капки маслиново масло) -печена јаболка со малку бадемово масло. - млеко помешано со растопен путер повремено обложете на лице. -згмечена кајсија и мед, се нанесува и држи 20 мин, се одмива со ладна вода. - жолчка, лажичка мед и ситно сомелен розмарин, добро помешано, нанесуваме и држиме 15 мин на лице, па одмиваме со млака вода. Ја прави кожата мазна и свежа, а делува и антисептички. Митесери: - загрејте малку мед, благо натапкајте на лице, и измијте со топла па ладна вода. - направете лосион од малку овошен оцет и вода, 8 пати повеќе од оцет. Темни дамки и пеги: - редовно миење со мешавина од сок од домати и 2 лажички млеко. -лимонов сок се втријува на лице и се покрива со ладен облог. После 25 мин се мие со ладна вода и се нанесува масна крема. -во чаша вода се става шака магдонос и се остава преку ноќ. Наутро со таа вода се мие лицето. Брчки: -жолчка и лажичка маслиново масло се мати и нанесува на лице и врат. Се остава 10 мин и потоа преку тоа се нанесува цврст снег од изматена белка. После 15 мин, се мие со млака вода. За свежина на лицето, нормална кожа: - рендано јаболко се вари во малку млеко додека не се добие згустена маса како џем. Додека е уште топло, се нанесува на лице. После 15-20 мин се мие со млака вода. -ситно исечкајте краставица, додадете неколку капки маслиново масло добро измешајте и нанесете на лице. Измијте со млака вода или со чај од камилица. Изменето од Kali - 25.Декември.2007 во 17:35 |
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КОСА
- косата се мие со чај од розмарин против опаѓање. Потоа се плакне. - лосион од чај од коприва во однос 50гр цвет од коприва и 1/4л вода, се употребува 3 пати неделно. -Против перут: чај од 20 гр мајчина душичка, розмарин и жалфија. Освен бактерицидното делување врз микробите кои ја напаѓаат кожата на главата и предизвикуваат перут, ја активира и циркулацијата на крвта. Лосионот се користи еднаш дневно, се втријува во коренот на косата, а свеж лосион се прави секоја недела. Исто, и чај од целеров корен за против перут. - Витамински пакет за уморна коса: јогурт и изрендана лимонова кора. Се држи 15-20 мин. За плакнење, може да се употреби малку ломонов сок во последната вода или чај од розмарин. - За јакнење на косата: во малку топла вода се раствара лажичка мед и меколку капки јаболков оцет. Се втријува и се држи 10 мин, после убаво се мие косата. Изменето од Kali - 25.Декември.2007 во 12:10 |
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ej ovie mnogu ke mi koristat, posebno tie maskite za pegi(ic ne gi sakam)
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве уште еден облог за избелување пеги, ќе можеш на лето да го користиш: - 2 лажички сок од јагоди се меша со лажичка млеко. Со таа мешавина се мие лицето, или се остава неколку минути како облога. Уште неколку маски.. МАСКИ ЗА ЛИЦЕ ЗА НОРМАЛНА КОЖА: - малку пченични семки ( варени) богати со витамин Е се мешаат со жолчка и сончогледово масло. Маската може да ја држите и до половина час. Има извонредно својство да брзо и успешно ја нахрани и смири кожата. - 10гр ливаден мед, 0,5 дл млеко, и 4 лажички фино пченично брашно. Се нанесува млака смеса и се остава 10-15 мин. ЗА НЕЖНИ РАЦЕ: - рапава кожа најдобро се омекнува со глицерин во кој сте додале малку лимонов сок и малку колонска вода - во литро врела вода ставате неколку ловорови ливчиња, орев, целер и мелен лешник. Во таа вода ги потопувате рацете и благо ги масирате 5 мин. После нанесувате хранлива крема за лице. - лимонов сок+ лажичка шеќер нанесувате на рацете. Ако кожата ви е сува, додавате малку глицерин. - лимонов сок со неколку капки бадемово масло. Ова можете да го користите и за рапави лакти. - нокти: на памукче истискајте малку лимон, може да додадете и некја капка маслиново масло. Ги зајакнува ноктите. ОТЕЧЕНИ ОЧНИ КАПАЦИ И ПОДОЧНИЦИ: - во две делчиња чиста газа изрендајте сиров компир. Облогата ја држите 15 мин на очите. Се миете со ладна вода. -парче свежа смоква ставете на капаците -сварете чај од магдоносов корен, натопете памукче и ставете на капаците. - 2 кесички чај од камилица, потопени во врела вода, кога малку ќе се подизладат, се ставаат на капаците неколку минути. Камилицата е N1 успешна и позната билка за смирување на очите. - За раст на трепките: 10 капки чисто масло од лаванда со 40 капки рицинусово масло се мешаат и пред спиење се нанесуваат на трепките. Ќе станат поеластични и ќе се поттикне нивниот раст. Изменето од Kali - 25.Декември.2007 во 17:36 |
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
super se, zakon e baba ti
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова е се убаво, ама многу кашканици прави, а и не прија секому.
Јас верувам во технологијата, корисниот дел од билката или овошјето или што да е, екстрахиран, поконцентриран, прочистен, и поделотворен, нема зашто да не се ползуваме и со готовите (добри, проверени) маски.
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
nikita
Сениор Регистриран: 29.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1610 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
KALI PA SOVETIVE SE ZAKON BE.....EDVAJ 4EKAM DA GO PROBAM TOA ZA PROTIV PRVUT I PROTIV OPAGJANJE....
|
|
She sells seashells by the seashore...
|
|
Aisha
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Локација: Palestine Статус: Офлајн Поени: 1119 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mi se dopaga toa za trepkite.
No me interesira nesto: Ke mozat li dvata masla da se mesaat. "10 капки чисто масло од лаванда со 40 капки рицинусово масло се мешаат и пред спиење се нанесуваат на трепките. Ќе станат поеластични и ќе се поттикне нивниот раст." Inaku gi sakam prirodnite maski, vsusnost se sto e prirodno |
|
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
|
|
maki_seker4e
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 131 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ako znaete nekoi prirodni kupki i maski pisete tuka
|
|
I love saying yes...and doing the opposite. a friend is alweys there when you need them.NOT ME!
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шеќерче, еве ја темата за природни маски и купки за тело. Те молам, пред да отвориш нова тема, разлистај низ постарите...
|
|
-B-lue E-yes-
Сениор Регистриран: 16.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 111 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хмм еве ви една маска против акни
(малце смрди али јбг, убавината таква е) Ќе исечкате една глава лук на ситни парченца и потоа исечените парченца ќе ги згмечкате убаво (односно ќе ги истолчите) Потоа, згмечаниот лук се става на целото лице, избегнувајќи го пределот околу очите Маската се остава околу 15 минути (но ако стане печењето неподносливо, пожелно е предвремено да се извади смесата пошо може да дојде и до горење на кожата) Извадете го лукот и измијте го лицето со студена вода! |
|
Командантица
Сениор Регистриран: 27.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
^ ..нема шанси да би го ставила тоа на лице.. [:-&]
|
|
..Живеам за да умрам..!
|
|
-B-lue E-yes-
Сениор Регистриран: 16.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 111 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
јбг командантице...трпи баба за ѓиздус...цела соба ја усмрдувам кога си ставам... али трпи за убавина, со тоа си се тешам секогаш
|
|
Командантица
Сениор Регистриран: 27.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
без разлика,..не можам да ја поднесам таа миризба, па не да би го ставила,....на лице,...има и други природни маски за убавина,...
|
|
..Живеам за да умрам..!
|
|
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |