IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Исусова молитва - исцелител
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Исусова молитва - исцелител

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 29>
Автор
Порака Обратен редослед
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2008 во 01:33
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Originally posted by makarios makarios напиша:




Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Koga Isus se molel na Tatkoto,
Зошто се плашиш да го употребиш терминот Отец? Кога се кажува Отец, целиот тек на настаните добива духовна смисла. Ако кажеш татко, па макар и Татко (со голема буква), целиот тек добива световна и приземна смисла.....
? збунетост
<font size="2" color="#000066">Макариос, простете што ви се мешам, но нели нам Исус ни даде ексклузивно право да Му се обраќаме на Бог Отецот со “Аба“? Во превод тоа е “татенце“-не е ни татко, значи можност за еден близок и здрав однос на релација родител-дете...Зошто тогап потреба од мистификација? Кој вели дека Отец има подлабока духовхна смисла од татко-татенце? Ако сакаме близок однос со Бог, кое име има подуховна димензија?
Се согласувам. Еве на пр. ние во прахристијанската заедница Универзален живот, конкретно во македонските преводи го употребуваме и терминот „Татко„ и терминот „Отец„ на пр. има една мала збирка кратки објави од Бог Татковите зборови и за тебе (ја презентирав веќе тука) а кога во заедницата ја пееме молитвата на еднството текстот оди: „Оче наш, кој си на Небото...„ иако германскиот оргинал се среќава само еден збор "Vater" - Татко.

Зборовите сами по себе се како лушпи. Битно е што се положува во нив, во лушпата, како смисла од страна на самите луѓе. Тоа е оноа битното, исто така и при молитвите за исцелување.

Изменето од Majkl - 31.Декември.2008 во 01:39
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 22:31
Амин.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 22:26
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Originally posted by makarios makarios напиша:




Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Koga Isus se molel na Tatkoto,
Зошто се плашиш да го употребиш терминот Отец? Кога се кажува Отец, целиот тек на настаните добива духовна смисла. Ако кажеш татко, па макар и Татко (со голема буква), целиот тек добива световна и приземна смисла.....
? збунетост
<font size="2" color="#000066">Макариос, простете што ви се мешам, но нели нам Исус ни даде ексклузивно право да Му се обраќаме на Бог Отецот со “Аба“? Во превод тоа е “татенце“-не е ни татко, значи можност за еден близок и здрав однос на релација родител-дете...Зошто тогап потреба од мистификација? Кој вели дека Отец има подлабока духовхна смисла од татко-татенце? Ако сакаме близок однос со Бог, кое име има подуховна димензија?


Otec i Tatko, seedno e, braka i sestri vo Hrista. Neka e blagosloven Otecot na nasiot Gospod Isus Hristos. Amin!
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 20:39
Originally posted by makarios makarios напиша:

Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Koga Isus se molel na Tatkoto,

Зошто се плашиш да го употребиш терминот Отец? Кога се кажува Отец, целиот тек на настаните добива духовна смисла. Ако кажеш татко, па макар и Татко (со голема буква), целиот тек добива световна и приземна смисла.....
? збунетост


Макариос, простете што ви се мешам, но нели нам Исус ни даде ексклузивно право да Му се обраќаме на Бог Отецот со “Аба“? Во превод тоа е “татенце“-не е ни татко, значи можност за еден близок и здрав однос на релација родител-дете...
Зошто тогап потреба од мистификација? Кој вели дека Отец има подлабока духовхна смисла од татко-татенце? Ако сакаме близок однос со Бог, кое име има подуховна димензија?


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 18:15
Miki P,

Убаво кажа дека верата без дела е мртва, и јас се согласувам со тоа. Но никаде Библијата не ТВРДИ дека делата се услов за спасение на човекот. Напротив таа ТВРДИ дека спасението исклучиво е ДАР БОЖЈИ, дело кое што единствено можеше да го направи Исус на Голгода. Една и единствена капка од крвта на спасителот Исус пролеана на Голгота е доволна да ги исчисти сите гревови од светот, само под еден услов:
Ако човекот вистински поверува дека само крвта Исусова е доволна за да го исчисти од сите гревови, ако ги исповеда своите гревови и се покае за сторениот грев, ако реши да започне да живее нов живот во Исуса Христа (да се повторно роди или наново роди) Јован 3 глава.

И за крај, еве ти уште еден цитат, кој што убаво објаснува, по каков начин, и кој е единствениот начин за човекот да биде оправдан. Верата или делата (јасно дека делата имаат своја улога кај верниот и Спасениот човек, но немаат никаква улога во процесот на спасувањето или СПАСЕНИЕТО):

„ ...зашто преку ДЕЛАТА НА ЗАКОНОТ пред Него НЕМА да биде ОПРАВДАН никој; бидејќи преку Законот се познава гревот.
А сега независно од Законот се јави Божјата праведност, посведочена од Законот и од Пророците.
Божјата праведност преку верата во Исус Христос е во сите и врз сите оние што веруваат. Зашто нема разлика,
сите згрешија и лишени се од славата Божја.
Но ќе бидат оправдани преку дар, со БОЖЈАТА БЛАГОДАТ (Милост), а преку откупот во Исус Христос.

Него Бог Го постави со КРВТА Своја да биде жртва за помирување преку верата, за да ја покаже Својата праведност во опростувањето на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение, за да ја покаже Својата праведност во сегашно време, дека е Тој справедлив и дека го оправдува секого што верува во Исус.

Каде е, пак, пофалбата? Таа е исклучена. Според кој закон? Дали според оној на делата? Не, туку според законот на верата.
Така ние заклучуваме дека човекот се оправдува со верата, без делата на Законот.
(Римјаните 3:20-28)




...„зашто, ако со устата исповедаш дека Исус е Господ и во срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите,ЌЕ СЕ СПАСИШ;(ништо повеќе) бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение.
А и Писмото вели: „Секој кој верува во Него, нема да се посрами.”
(Римјаните 10:9-11)


ПРИЈАТЕЛЕ МОЖИШ ДА СКОКАШ ДО ОБЛАЦИ, НО СПОРЕД ТВОЕТО УБЕДУВАЊЕ И ТВОЈАТА ТЕОЛОГИЈА, НИКОГАШ НЕМА ДА СТИГНЕШ ПОВИСОКО ОД ОБЛАЦИТЕ - А КАМО ЛИ ВО НЕБОТО.


НАВИСТИНА ЖАЛОСНО...........

Изменето од gospel - 30.Декември.2008 во 18:24
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 13:46
Originally posted by gospel gospel напиша:

Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:


Originally posted by gospel gospel напиша:


..... „Зошто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас, - Божји дар е;
НЕ Е ОД ДЕЛА, ДА НЕ БИ НЕКОЈ ДА СЕ ПОФАЛИ
(Ефесјаните 2:8,9) ...





Не знам што читате Вие, и како го разбирате прочитаното, но јас го разбирам вака:

Откровение Јованово: 12 стих:
„И еве, ќе дојдам скоро, и отплатата Моја е со Мене, за да му дадам секому според делата негови.“


Поздрав.



Е па Пријателе, ние читаме БИБЛИЈА или СВЕТО ПИСМО, а не БАЈКИ И ПРИКАЗНИ за мали деца.

А овај стих ако не си го сретнал до сега се наоѓа во Библијата и напишан е да знаеме по каков начин ќе бидеме спасени:
..... „Зошто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас, - Божји дар е;
НЕ Е ОД ДЕЛА, ДА НЕ БИ НЕКОЈ ДА СЕ ПОФАЛИ
(Ефесјаните 2:8,9) ...


За нашето спасение мораме исклучиво да му благодариме на Исус и тоа е единствено негова заслуга. А за да ја докажиме верата во него, бидејќи тој твори добри дела, мораме и ние да твориме добри дела, но тие дела немаат никакво учество во нашето спасение. Тие се потврда на нашата вера, бидејќи ако не твориме добри дела, нашата вера би била мртва вера.
За да докажеме дали нашата вера е Жива или Мртва вера, затоа сме повикани за вршење добри дела.

Би сакал да те прашам, и да ми одговориш: Какви дела направи разбојникот на крстот, кој што поверува дека Исус е спасителот на светот, а Исус му рече:Уште денеска со мене ќе бидеш во рајот?
Кои дела ги направи разбојникот, во која помесна православна црква одеше (како што вие тврдите дека православната црква спасува)и на кој свештеник му се исповеда?
Но сепак Исус му рече: Уште денеска ќе бидеш со мене во рајот!

И за крај стихот кој што го цитираше од Откровение 22:12
„И еве, ќе дојдам скоро, и отплатата Моја е со Мене, за да му дадам секому според делата негови.“

Би те запрашал: На кого се однесуваат овие зборови, на Спасените или на Неспасените?

Само да ти напоменам, дека Спасените никогаш нема да се појават на Големиот и Страшен Суд (Откр. 20:11-15), кој што треба да се случи на крајот од времето, кога Бог ќе ги суди луѓето, (мали и големи),не по нивната вера, туку по нивните лоши дела.

А погоре цитираниот стих баш за тоа зборува. Да им ја даде отплатата на сите оние кои што сакаа да работат за плата и да го заработат своето спасение исклучиво со свои сили и на свој начин, а не да примат спасение кое што Бог бесплатно го дава на сите кои што вистински го љубат и се негови следбеници.








Разбојникот на крстот доби ветување од Христа - Спасителот дека ќе влезе во рајот само затоа што побара милост (прошка) за неговите гревови (се покаја). Во овој случај, тоа беше единственото нешто што можеше да го направи. Но, се сеќавате, другиот разбојник не се покаја и отиде таму, каде што му е местото - во вечен неспокој.

„И еве, ќе дојдам скоро, и отплатата Моја е со Мене, за да му дадам секому според делата негови.“

Вака како што е напишано: Секому според делата негови. Ни на спасени ни на неспасени (како што велите вие).

Господ на секој ќе му суди според делата, а каква ќе биде пресудата ќе завивси од тоа, какви му се делата. Платата за гревот е смртта, а платата за животот во Христа - ВЕЧЕН СПОКОЈ. - Верата без добри дела е мртва.

Славете Го, Бога.


Изменето од Miki_P - 30.Декември.2008 во 13:49
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 13:14
Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:


Originally posted by gospel gospel напиша:


..... „Зошто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас, - Божји дар е;
НЕ Е ОД ДЕЛА, ДА НЕ БИ НЕКОЈ ДА СЕ ПОФАЛИ
(Ефесјаните 2:8,9) ...





Не знам што читате Вие, и како го разбирате прочитаното, но јас го разбирам вака:

Откровение Јованово: 12 стих:
„И еве, ќе дојдам скоро, и отплатата Моја е со Мене, за да му дадам секому според делата негови.“


Поздрав.



Е па Пријателе, ние читаме БИБЛИЈА или СВЕТО ПИСМО, а не БАЈКИ И ПРИКАЗНИ за мали деца.

А овај стих ако не си го сретнал до сега се наоѓа во Библијата и напишан е да знаеме по каков начин ќе бидеме спасени:
..... „Зошто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас, - Божји дар е;
НЕ Е ОД ДЕЛА, ДА НЕ БИ НЕКОЈ ДА СЕ ПОФАЛИ
(Ефесјаните 2:8,9) ...


За нашето спасение мораме исклучиво да му благодариме на Исус и тоа е единствено негова заслуга. А за да ја докажиме верата во него, бидејќи тој твори добри дела, мораме и ние да твориме добри дела, но тие дела немаат никакво учество во нашето спасение. Тие се потврда на нашата вера, бидејќи ако не твориме добри дела, нашата вера би била мртва вера.
За да докажеме дали нашата вера е Жива или Мртва вера, затоа сме повикани за вршење добри дела.

Би сакал да те прашам, и да ми одговориш: Какви дела направи разбојникот на крстот, кој што поверува дека Исус е спасителот на светот, а Исус му рече:Уште денеска со мене ќе бидеш во рајот?
Кои дела ги направи разбојникот, во која помесна православна црква одеше (како што вие тврдите дека православната црква спасува)и на кој свештеник му се исповеда?
Но сепак Исус му рече: Уште денеска ќе бидеш со мене во рајот!

И за крај стихот кој што го цитираше од Откровение 22:12
„И еве, ќе дојдам скоро, и отплатата Моја е со Мене, за да му дадам секому според делата негови.“

Би те запрашал: На кого се однесуваат овие зборови, на Спасените или на Неспасените?

Само да ти напоменам, дека Спасените никогаш нема да се појават на Големиот и Страшен Суд (Откр. 20:11-15), кој што треба да се случи на крајот од времето, кога Бог ќе ги суди луѓето, (мали и големи),не по нивната вера, туку по нивните лоши дела.

А погоре цитираниот стих баш за тоа зборува. Да им ја даде отплатата на сите оние кои што сакаа да работат за плата и да го заработат своето спасение исклучиво со свои сили и на свој начин, а не да примат спасение кое што Бог бесплатно го дава на сите кои што вистински го љубат и се негови следбеници.




Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 12:50
Друже, јас веќе нема да влегувам со тебе во полемика, затоа што си лажго. Како очекуваш да ти верувам дека ја кажуваш вистината кога ги лажеш сите за твојата вероисповед:



Originally posted by potpisot na pravoslaven potpisot na pravoslaven напиша:


IKONA KRST I KANDILO - TOA E MOJATA VERA PRAVOSLAVNA!!!!!!!


Ниту ги почитуваш иконите, хулиш на Богородица, и не ги користиш кандилото (во зависност од која деноминација - и крстот!).

Еве, пак велиш дека не си православен:
Originally posted by pravoslaven pravoslaven напиша:


Te citam i se cudam, ima li nesto posmeshno od pravoslavno tolkuvanje na bibliski citati


И пак!
Originally posted by pravoslaven pravoslaven напиша:


Ova e ushte eden katastrofalen lapsuz sto go pravat pravoslavnite vo tolkuvanjeto na zborot "postojano".


Еве уште еднаш:
Originally posted by pravoslaven pravoslaven напиша:


Znaci pak ke kazam, neka me opomeni i moderatorot ako treba, ne sum sretnal do sega nishto posmeshno od pravoslavno tolkuvanje na bibliski citati.


Не можеш да разбереш некои работи, затоа што си надвор од Црквата. Како може на слепо роден да му се објасни убавината на светот? Како може на оној кој не вкусил мед, да му се објасни сладоста на медот? Како може на глувиот да му се објасни убавината на некое песнопоење? Како може нам, кои сеуште не сме очистени од страстите, да ја сфатиме непрестајната молитва?

И само за крај, колку да видат другите дека не си во право:

1 Сол. 5:17

Оригиналот е:
ἀδιαλείπτως - unintermitting, incessant (Непрестаен), uninterruptedly (непрекинато), i.e. without omission (без изоставање) (on an appropriate occasion) (на одредената околност)

Преводи на други јазици:

на македонски - постојано молете се.
На српски - Молите се Богу без престанка.
На бугарски - Непрестанно се молете.
На руски - Непрестанно молитесь.
На англиски - Pray without ceasing.(без прекин)
На латински - sine intermissionе orate (без прекин)
На хрватски - Bez prestanka se molite!
На германски - betet ohne Unterlaß (без престан)
На шпански - Orad sin cesar
(без престан)
на албански - Lutuni pa pushim
(без престан)

Ако сакаш да разговараме, дај да се приземјиме и да зборуваме за молитвата, а не за високите степени, кои само ги знаеме теоретски.


Изменето од makarios - 30.Декември.2008 во 13:16
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 12:09
makarios, koja ti e poentata so tie citatite kade sto Bog im se javuval na nekoi lugje na son? Toa samo potvrduva deka tie spiele i sonuvale, a ne se molele kako sto ti i Opiten probuvate da ne ubedite tuka.
 
Originally posted by makarios makarios напиша:


1 Солунјаните 5:6 И така, да не спиеме како другите, туку да бдееме и да бидеме трезвени.
10 Кој умре за нас, та ние, будни ли сме, или спиеме, да живееме заедно со Него.
 
Ako gorniot citat go tolkuvas bukvalno, deka apostolot Pavle tamu zapoveda da ne spieme (i da dobieme nerven slom za desetina dena), togas odgovori mi sto pravele tie lugje na koi Bog im se javil vo SON? Budni sonuvale? голема%20насмевка
Od druga strana, vo vtoriot citat Pavle veli "budni li sme, ili spieme, da ziveeme zaedno so Nego". Od tuka gledame deka toj "dozvoluva" spienje, i ako tolkuvame po tvoj terk, sleduva deka toj e kontradiktoren so prviot stih kade "zabranuva" spienje.
Te citam i se cudam, ima li nesto posmeshno od pravoslavno tolkuvanje na bibliski citati голема%20насмевка
 
Originally posted by makarios makarios напиша:


1 Солунјаните 5:17 Молете се постојано!
...
1 Солунјаните 3:10 Кога дење и ноќе многу усрдно се молиме, за да го видиме вашето лице и да го дополниме она што и недостига на вашата вера?

 
Ova e ushte eden katastrofalen lapsuz sto go pravat pravoslavnite vo tolkuvanjeto na zborot "postojano". Tie go meshaat zborot "postojano" so zborot "neprekinato".
makarios, da te prasam nesto, koga uchitelot po pijano ke mu rece na svojot uchanik: "za da bidesh dobar pijanist, moras postojano da vezhbash doma", dali toa znaci deka toj treba bukvalno da ne stane od pijanoto i denje i nokje da sviri bez da jade, bez da spie, bez da ide po nuzhda itn?
A sto ke kazes za ovoj stih:
 

Дела 2:46 И секој ден беа постојано и еднодушно во Храмот; раскршуваа леб по домовите и примаа храна со радост и просто срце,
Kako e mozno da bile bukvalno POSTOJANO vo Hramot, ako vo prodolzhenie se veli deka raskrshuvale leb po DOMOVITE? голема%20насмевка
Zarem e mozno istovremeno covek da bide na dve mesta vo isto vreme?
Znaci pak ke kazam, neka me opomeni i moderatorot ako treba, ne sum sretnal do sega nishto posmeshno od pravoslavno tolkuvanje na bibliski citati.
Na predhodnata strana makarios ne ubeduvase deka kade sto Isus veli: "bidete budni", toa ne znacelo "bidete razbideni", a jasno se gleda od kotekstot deka toa "bidete budni" Isus im go kazal na Svoite uchenici koi SPIELE.
Sega tuka makarios ne ubeduva deka ne treba da spieme, i deka "molete se postojano" znaci da se molime 24 chasa na den, bez nitu edna sekunda pauza, duri i na son.
Pa dobro bre majke mu stara, dali nekoj ve plakja da bidete ubedeni vo ova, ili navistina go veruvate ova?


Изменето од Pravoslaven - 30.Декември.2008 во 12:09
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 09:50
Originally posted by gospel gospel напиша:

ПОСМЕШНО ТУМАЧЕЊЕ ДО СЕГА НЕ СУМ СЛУШНАЛ, ПА НИТУ СУМ ПРОЧИТАЛ.
НО ЕТЕ, ЗА СЕ ИМА ПРВ ПАТ.....


Значи:
Според Макариос, спасението е наша заслуга во зависност од тоа кој колку се молиме, а не заради ЗАСТАПНИЧКАТА СМРТ НА ГОЛГОТА И КРВТА ПРОЛИЕНА ОД НАШИОТ СПАСИТЕЛ ИСУС ХРИСТОС.

Јака теологија, се гледа дека е јака...


Алал да му е ...


i  dvajcata  ste  vo  pravo  samo  od  razlicno  glediste  na  mislata
  tocno  deka  isus  se  raspnal  zaradi  nas.  no  kako  toa?  za  toj  da  e  non  stop  vo  nas  zasto  isus  znaci   mir i  spojkotvo

 a  za  da  se   postigne  taa  sostojba  toa  spokojstvo"  da  e  vo  nas  potrebno  e  da  se   ispolnuva  edna  rabota  -pokajanie  koja  si  snosi  sama  posebe  nekolku  posledici  koi  se  manifestiraat  preku  odredeni  pravila  i  principi   koi  treba  da  gi  izvrsuvame  a  najvazna  od  site   tie  elementi  e  molitvata  pa  taka  so  pomos  na  taa   molitva  mozeme  da  go  postigneme  pokajanieto   koe  ke ni donese  ogromni  duhovni  bogastva i  sposobnosti.kako  sto  se  prozorlivost,sposobnost  tvojata  ideja  da se   vrezuva  vo  svesta  na  grugite, lecejne   samo  so  neposreden  kontakt................
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 08:40
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Ne e mozno molenje vo son, nekoe nedorazbiranje e toa... Kako moze vo son da se molis, koga ne si svesen???

 

epa i jas se cudam toa, ama ete, nekoja pravoslavna dogmatika da ti bilo toa, ushte edno... hmm kako da go narecam.. ushte edno "cudhno uchenje" vo pleadata chudni uchenja vo pravoslavieto.


Она што нам не ни е разбирливо, незначи дека е и невозможно. Мислам дека ме разбирате? Пример мене никогаш нема да ми биде јасно како јас сега типкам по тастатурата и сето тоа сите вие го читате и сл. Но тоа е реалност и факт кој неможам да го побијам. можев се да знев ќе бев бог, зашто само Бог се знае.

Она што за луѓето е невозможно за Бога е се возможно. Јас не сум критериум на вистината па сега се’ да расудувам преку мојот разум.Има некои работи што се и надразумни. Ако за нешто го пишува во Светото Писмо и ако тоа го потврдило светоотечкото предание јас во тоа и верувам.

Еднаш кај авва Пимен дошол некој друг авва и почнал да му зборува за Бога и возвишени нешта,а авва пимен цело време си молчел. Тогаш го запрачале зачто не му одговара на братот. Аввата одгоорил: Тој е од горните и зборува за вознишените нешта, а јас сум од долните, грешен човек и незнам за тоа“. Тогаш другиот отец се сетил и почнале да разговараат за подолните нешта. ( за ваша информација авва Пимен бил еден од поголемите отци )

Така и ние. ја изучивме молитвата, ја примивме во срцето и се обоживме па сега зборуваме за највозвишениот стадиум на молитва со што си ја покажуваме нашата гордост и превознесеност.

јас знам дека според светите отци, молитвата е уметност на уметностите, врв на сите добродетели дека за тоа треба голем напор и посветеност. Живот свет.

Еднаш еден мој брат во Христа беше во еден од нашите манастири, се исповеда, добил бројаничка на дар и молитвено правило и кога се врати беше среќен и задоволен. Но подоцна, доаѓа кај мене тажен и разочаран.

Му велам што е ?

Тој ми вели: Мојот духовен отец не е добар.

Зашто?

Па јас очекував да ми даде духовен совет, поголема молитва..., а тој ми рече: „Научи ја Исусовата молитва“.

И тогаш јас пак го прашав: „И ти ја научи?“

Тогаш тој се сети што сакал да му каже духовниот отец и блажено се насмевна.

Значи не е потребно само да ја нучиме на памет, туку да ја примениме и прифатиме во живото. Сиот наш живот да е молитва.

Молитвата Господ Исус Христе е молитва на срцето која, според светите отци, треба да се спои со нашето дишење, па се што и да правеме во нашиот ум, а подоцна и срце, да си тече молитвата. Но за да се дојде до тоа треба да се започне.

Отпочеток, додека нашиот ум е научен да се шета кај сака и наследува со што сака и затоа е потребно и напор зашто Царството Божјо насила се граба и само подвижниците го наследуваат.

Повторањето е потребно не заради Бога, Бог знае што ни е потребно, туку заради нас. како што рековме за да можеме да го зауздаме нашиуот ум и да го насочиме во полезно дејствие и врзиме за Бога.

Нели затоа Господ рекол дека првата и најголема заповед е да го сакаме Бога со сето свое срце, сиот свој ум, сета своја душа и сета своја сила. А за тоа е потребо сиот свој живот на Христа Бога да го предадеме. Што и да правеме да го правиме заради Бога. Тогаш и Бог ќе ја излие Неговата благодат на нас и полека полека ке напредуваме во духовниот живот, созерцанијата и Богопознанието. Тогаш Христос ќе се всели во нас и не ние ќе живееме туку Христос ќе живее во нас, и тоа значат зборовите на св.Јованм Крстител: „ јас да се смалувам а тој да расте.“ И нема ништо поубаво на светот кога Бога ќе го имаме во своие срца.

Да се преиспитаме каде сме ние во духовниот живот? колку сме со Бога? колкупати ќе можеме концентрирано да ја кажеме молитвата.

Јас сум на почетокот






Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 03:23
П.надПесн. 5:2 Возљубената: Спијам, но срцето мое е будно; ете го гласот на мојот возљубен.

Архиепископот Нижгородски Јаков вели:
Како што рибата живее во водата, така и душата, која Го љуби Бога, живее во молитва и со молитвата. А тоа произлегува од таму што душата, која Го љуби Бога, непрестајно тежи и жеднее да беседи со нејзиниот мил Створител. Тоа тежнеење понекогаш е толку големо така што луѓето, кои силно Го љубат Бога, се молат на Бога и во сон и притоа тако силно, што понекогаш солзи на умиление им го прекинуваат сонот. За тоа се говори во книгата Песна над Песните: "Спијам, а срцето мое е будно" (5, 2), односно, Јас спијам, а срцете мое е будно - Го љуби Бога, го бара Бога, се моли на Бога, се насладува со Бога. Јас спијам, а срцете мое не спие, гори, свети, пребива на небото.

1 Солунјаните 5:6 И така, да не спиеме како другите, туку да бдееме и да бидеме трезвени.
10 Кој умре за нас, та ние, будни ли сме, или спиеме, да живееме заедно со Него.

1 Moj. 20:3 Но Бог дојде при Авимелех ноќе во сон, и му рече: „Ете, ќе умреш заради жената, која си ја зел, зашто таа има маж.”

1 Moj. 31:24 Но Бог му дојде на Лавана Арамеецот ноќе во сон, и му рече: „Пази се, не зборувај му на Јакова лошо!”

3 Царства 3:5 Во Гаваон Господ му се јави на Соломона ноќе во сон и му рече: „Барај што сакаш да ти дадам.”

Матеј 1:20 Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави насон и рече: „Јосифе, син Давидов, не  бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух.

Матеј 17:15 и рече: „Господи, смилувај се на мојот син, зашто при нов месец го фаќа бес и се мачи многу; често паѓа во оган и често - во вода;

Свети Исак Сирин вели:
„Затоа што Духот кога ќе се всели во некој од луѓето, не престанува со молитвата, затоа што Самиот Дух се моли за нас со неискажливи воздишки (Рим 8, 26). Тогаш, ни кога спие, ни буден, молитвата не престанува во неговата душа, туку било да јаде, било да пие, било да спие и било што да прави, и дури и ако би спиел во најдлабок сон, зачините и пареата на молитвата неуморно изникнуваат во неговото срце, и тогаш молитвата нема ни раздвојувања, ни преграда, туку сето време е со него. Дури и ако таа молитва би престанала надвор од него, во тајност таа постојано му служи.

Затоа што пребивањето на непорочните е непрестајна молитва, вели еден од Христоносците, зашто нивните мисли секогаш се со Божествени движења, а движењата на чистото срце и ум се кротки гласови, кои скришно Му пеат на Скриениот.

Владиката струмички Наум вели:
Третата молитвена состојба на умот се случува кога иако човекот спие, или разговара, или чита, или што било друго прави, неговиот ум истовремено пребива и во зборовите на молитвата, соединет непрестајно со своето срце. Оваа молитва, која се нарекува и непрестајна умносрдечна молитва е извонреден дар Божји кој, според светите Отци, го добива само (едвај) еден подвижник во секоја генерација. Кога умот се наоѓа во оваа молитвена состојба, може да му се случи Божјо грабнување (или екстаза) и гледање на несоздадената Божествена светлина. Созерцанието на Божествената светлина е предвесник на крајот од оваа молитвена состојба.

1 Солунјаните 5:17 Молете се постојано!

1 Тимотеј 5:5 А онаа што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и пребива во молитви и молења дење и ноќе.

Дела Ап. 1:14 Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со браќата Негови.

1 Солунјаните 3:10 Кога дење и ноќе многу усрдно се молиме, за да го видиме вашето лице и да го дополниме она што и недостига на вашата вера?

2 Коринтјани 12:2 Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не  знам: Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо.

Внимавајте, опасно е да дискутираме за ова, кога немаме доволно духовен опит. Постојано (непрестајно, без крај, перпетуално) созерцание е возможно, молитвата во сонот е возможна, та дури и да бидеме грабнати до третото небо (со тело или без тело!).
Но, тоа е христијанскиот идеал кој се стремиме. Затоа да се приземјиме малку, и да прозбориме за Исусовата молитва на првиот степен, односно кога сеуште не сме очистени од страстите.

Непрестајната молитва ја имаат совршените.



Изменето од makarios - 30.Декември.2008 во 03:51
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 02:16

Koga e covek vo son, moze da sonuva razni gluposti...

Togas raboti covekovata podsvest i mene mi e cudno kako moze covek da se moli vo son, ne znam.

Nema sansi mozokot da se moli vo sonot, togas se osloboduvaat mentalni sliki i misli od podsvesta, mozes da sonuvas razni raboti.

Mozes da se molis pred da zaspies, da, ama cela vecer vo son da se molis e neostvarlivo ni teoretski, ni prakticno, ni naucno.....
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 02:09
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Ne e mozno molenje vo son, nekoe nedorazbiranje e toa...

Kako moze vo son da se molis, koga ne si svesen???
 
epa i jas se cudam toa, ama ete, nekoja pravoslavna dogmatika da ti bilo toa, ushte edno... hmm kako da go narecam.. ushte edno "cudhno uchenje" vo pleadata chudni uchenja vo pravoslavieto.
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 29>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.