|
Поуки од Светите Отци |
Внеси реплика | страница <1 1617181920 32> |
Автор | |
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mnogu ubavi misli od Sv.Siluan Atonski. Ti blagodaram Opiten za ovoj post. Amin! Taka e! |
|
Orthodul
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 157 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Богочовекот е осовина на сите светови: од атомски до херувимски. Ако се откине од него било што веднаш се чувствува ужас, мака и страдање. Се откина Луцифер и постана Сатана, се откинаа и ангелите и постанаа демони, се откина и човекот во многу работи и постана нечовек. И секоја работа што ќе се откине од Него се претвора во тага и хаос. А кога народот како целина ќе се одрече од Богочовекот, тогаш неговата историја се претвора во патување низ пеколот и неговите стравотии. Богочовекот не е само основна Вистина на Православието, туку и сила и семоќ на Православието, бидејки единствено Тој го спасува човекот од смртта, гревот, и ѓаволот.
Преподобен отец Јустин Нови (Ќелијски) Изменето од Orthodul - 16.Декември.2008 во 00:01 |
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
старец Паисиј Светогорец Кога некој се обидува да ги постави црковните работи на православен начин, а целта му е себеси да си благоугоди, како може таквиот да биде благословен од Бога? Ниту пак, треба да се воодушевувате од оние што црковните проблеми ги поставуваат на многу добар начин, православно, а самите не си го знаат местото во Црквата и ја потресуваат со безрасудни крајности или лекомислености во однесувањето. Тие две крајности секогаш ја измачуваат Мајката Црква, а и оние што се држат за нив бидуваат измачувани, бидејќи крајностите вообичаено се судираат. Тоа е како едниот крај да го држи демонизиран, кога има духовна безочност, презир кон сè, а пак другиот како да го држи некој што е луд, со нездрава ревност и тврдоглавост. Тогаш - Бог да чува! Може двете крајности постојано да се судираат, а крајот никој да не им го најде. Оние што ќе можат да ги соединат двата краја ќе бидат овенчани од Христа со два невенливи венца. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
старец Ефрем Филотејски Колку повеќе Исусовата молитва нè соединува со Христа толку повеќе нè одвојува од ѓаволот. И не само од ѓаволот туку и од духот на овој свет, кој ги причинува и поддржува страстите. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Orthodul
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 157 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Владика Николај Велимировић
О три предмета не жури да говориш: О Богу – док не утврдиш веру у Њега, О туђем греху – док се не сетиш свога, и О сутрашњем дану – док не сване! Не можеш бити велики човек докле себе сматраш умрлим. Не можеш бити велики човек ни на једном месту на свету и ни у једном положају у друштву; - Прво, докле год имаш страх ма од чега мањег од Бога; Друго, докле год имаш љубав према чему мањем од Бога, и Треће, докле се год не привикнеш сматрати своју смрт нечим бившим, а не нечим будућим! Изменето од Orthodul - 21.Декември.2008 во 15:53 |
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старечник Говореа како авва Јован Колов кога се упатил еднаш кај некој од тивејските старци во Скитот, останал во пустината. А аввата, кога го зел неговиот сув стап, го засадил и му рекол: „Полевај го секој ден дури не донесе плод.“ А водата била толку далеку од нив што одел навечер а се враќал наутро. И така, после три години, оживеал стапот и донел плод. А старецот, кога го зел неговиот плод, го однел в црква, и им рекол на браќата: „Земете, јадете од плодот на послушанието“. Го прашле авва Исаија: „Што е озборувањето?“ А тој одговорил: „Непознание на славата Божја и завист кон ближниот.“ |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Архимандрит Софрониј Сахаров
Знаците на ’растот до полнотата Христова’ во пределите на земното се: молитва слична на Христовата Гетсиманска молитва и умирање слично на Неговото на Голгота. При ова човекот во полна мера влегува во Божествената вечност. Ова е влегување во радоста на својот господар (Мат. 25, 21). |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Максим Исповедник
Ако сакаш да го пронајдеш патот што води кон животот, тоа барај го во оној Пат, Кој Сам за Себе вели: Јас сум патот, вистината и животот (Јн. 14, 6), и таму ќе го пронајдеш. Но, барај го со голем напор, зашто малкумина го наоѓаат (Мат. 7, 14); во спротивно, ќе отпаднеш од тие малкумина, и ќе бидеш во мнозинството. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
старец Софрониј
Световната мудрост не може да го спаси светот. Собранијата, владите, многусложените организации на најразвиените современи држави на земјата се немоќни. Човештвото страда бескрајно. Единствен излез е да ја најдеме мудроста внатре во нас, решението да не живееме согласно земните идеи, туку, да го следиме Христа. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Taka e , amin! |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Тихон Задонски Барај го Божјиот благослов пред секое јадење и пиење Кога сакаш да јадеш или да пиеш, најнапред помоли Му се на Господа да ти ги благослови јадењето и пиењето. Биди свесен дека само во овој случај ќе јадеш и пиеш Божји дар, зашто сите земни плодови се Божја своина. Ако некој спечалил имот со кражба и неправда, кај себе држи проклетство, а не Божји благослов. Затоа во ваквите случаи не треба ни да го бараме Божјиот благослов. Исто така, не треба да го бараат Божјиот благослов ни оние што имаат намера да се опијат, зашто Бог го забранил пијанството. |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Симеон Нов Богослов
Во сегашниов живот, кога преку покајанието слободно и доброволно влегуваме во Божјата светлина, ние сме обвинети и судени; меѓутоа, со Божјата љубов и милосрдие, ова обвинување се врши во тајност, во длабочините на нашата душа, за наше очистување и за прошка на нашите гревови. Тогаш, само Бог и самите ние ги гледаме длабочините на срцата наши. Оние што во овој живот трпат ваков суд, нема што повеќе да се плашат од друг испит. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
свети Игнатиј Брчанинов
Ако не умреме за светот, не можеме да стекнеме плач и солзи. Нив ги стекнуваме во онаа мера во која умираме за светот. Трудот при самиот плач и излевањето на солзите се состои во присилувањето на плач, во великодушното поднесување на сушата и бездождието, од кои е оптоварен понекогаш блажениот подвиг, но после кои трпеливиот подвижник секогаш се наградува со обилен излив на солзи. Како што земјата која долго чека да биде оросена, конечно добива изобилство дожд и наеднаш се прекрива со нежно бујно зеленило, така и срцето истоштено од духовна суша, а потоа оживеано од солзи, шири од себе мноштво духовни мисли и чувства, украсени со заедничкиот цвет на смирението. Подвигот на плачот, бидејќи неразделен од подвигот на молитва, ги бара истите оние услови на успех кои се потребни и за молитвата. На молитвата и треба трпелив, постојан престој во неа. Истото тоа му треба и на плачот. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!
(Филипјаните 4:4) Свети Игнатиј Брчанинов, не повикува на Плачење и Тажење, а Светиот апостол Павле не повикува да се Радуваме секогаш во Господа Исуса Христа. Сега браќа мои Православци, ме ставивте во дилема, дали треба да тажиме и да плачиме или да се радуваме во Господа Исуса Христа затоа што ја победи смртта и ни донесе спасение преку неговата крв пролеана на Голгота? Те повикувам тебе брате ПРАВОСЛАВЕН, да ми разјасниш и објасниш околу оваа работа, бидејќи според ова што го изнесуваат твоиве православни соверници, и тоа што го зборува апостол Павле во Библијата, јас се најдов во Конфузија, незнам дали да плачам или да се радувам во Исуса Христа? Ти иако православец, твоиве постови некако најубаво Библиски ми се објаснети, па те замолувам објасни нешто околу оваа работа. Останативе твои соверници Православци некако контраверзни се во своите ставови, поготово на она што го зборува и тврди Библијата. |
|
Внеси реплика | страница <1 1617181920 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |