![]() |
|
Исусова молитва - исцелител |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1819202122 29> |
Автор | |||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Под буден пред се` се подразбира на внимателен, на штрек, претпазлив. Не се мисли на разбуден. А што вели во вториот дел? Духот е бодар, но телото е слабо. Тоа значи дека телото од слабост спие, а духот е бодар на молитва. Дела 4:7 Но близу е крајот на се. Па бидете мудри и бодри во молитвите. А Господ вели бидете будни, затоа што не знаете во кој час ќе дојде денот.Зарем треба без престан телесно да сме со отворени очи? Или тоа се мисли на молитвата и на претпазливоста од ѓаволто дури и во сон? Како се истерува ѓаволскиот род? Матеј: 17:21 Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост.
Дали ти мислиш дека додека спиеме, нашата мисла секнува? Додека спиеме, телото делумно престанува со функција. Зошто е тоа така? Мозокот преку нервите испраќа порака до сите органи и ткива во телото дека е време за одмор. Мозокот и натаму останува активен, преку целата вечер. Тој е должен да процесира до кога е потребно спиењето, и да испрати нова порака со која ќе каже дека е доволно спиење. Органите и ткивата велам, делумно не работат, но сепак - работат со многу намален интензитет, додека моторните способности речиси и да не се активни, затоа што мозокот не дозволува на мускулите да се движат - од проста причина да не се повредиме додека спиеме (ова за моторните функции се учи на час по психолохија). Доказ: срцето работи и ние дишеме, во REM фазата, ние ги движеме очите, понекогаш мажите имаат течение во сонот и тн. Ова е така да кажам, биолошкото објаснување на цитатот „телото е слабо“. Но, зборуваме за телото. Ајде да видиме што прави мозокот. Мозокот постојано стражари над своето тело. И тој можеме така да кажеме влегува во забавен од, но сепак, во суштина, не престанува со работа. Е сега, кој е одговорен за проекција на сонот? Се разбира, мозокот. Тоа го прави преку мислите. Она што Светите Отци со векови го зборуваат, современата наука го потврдува: помислата, чувството, реакцијата, страста која сме ја апсорбирале во текот на денот - може да се продуцира во сонот. Еве, да речеме дека си во право, демоните не може да делуваат во сонот. Но, сето апсорбирано во денот, што значи и мислите предизвикани од демоните, ние ги проектираме во нашиот сон, а тоа значи дека дури и ти да си во право, демоните индиректно делуваат врз нас додека спиеме. Друго е прашањето како воопшто влегуваат демоните во нас. Па демоните постојано можат да си играат со нашите мисли, ако не сме во молитва. Нели така рече Господ? Демоните се истеруваат само со пост и молитва. Значи, ако не постиме и не се молиме, не може да ги истераме демоните. Ајде сега, да видиме дали сме ние несвесни во сонот: Матеј 1:20 Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави насон и рече: <Јосифе, син Давидов, не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух. Матеј 2:12 И кога примија в сон вест, не се вратија веќе при Ирода, а си заминаа по друг пат за својата земја. Матеј 2:13 А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосифа в сон, велејќи: Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму дури не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби. Матеј 2:19 По смртта на Ирод, на Јосиф, кој беше во Египет, му се јави насон ангел Господов Матеј 2:22 Меѓутоа, кога Јосиф дозна дека во Јудеја, на местото на Ирод дошол на власт неговиот син Архелај, се исплаши да појде таму. Па откако насон прими упатства, замина во покраината Галилеја. Велиш човекот е несвесен во сонот? Како може ангелот да му се јави во сонот тогаш на праведен Јосиф? Значи ли тоа, Јосиф бил марионета, бил лишен од слободната волја? А пази, демоните се паднати ангели, и тие можат подеднаков да се јават во сонот, како што можат и ангелите. Лука 17:34 Ви велам: во таа ноќ ќе бидат двајца на една постела: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават. Ова, дека едниот не бил буден во сонот, односно не се молел, а другиот се молел. Ова е објаснување за цитатот „духот е бодар“. Изменето од makarios - 29.Декември.2008 во 16:04 |
|||
![]() |
|||
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Марија, куќата се гради од темелите, па затоа советувам да спуштиме долу или како што ти кажа предходно дури и подолу и да започнеме со смирената и почетничка молитвата. Моливата во сон е пракса на совршените, според зборовите на св.цар. Давид кој вели: Јас спијам, а моето срце е будно Како тоа се одвива јас незнам, секој кој ја практикува молитвата (Исусова) споед благодатта на Светиот Дух и делумното лично искуство може одалеку да насети какво е тоа дејство. Само знам и верувам во силата Божја, она што го пишува во Светото Писмо и искуството на светите отци кои тоа предание ни го оставиле дека е така. еве и еден практичен совет од Старец Јосиф Исихаст Молитвата треба да се кажува со внатрешното слово, но бидејќи, на почетокот умот се нема навикнато на неа, ја заборава. Заради тоа ја кажуваме некогаш со уста, а некогаш со ум. Тоа се случува сѐ дотогаш, додека не се засити умот, така што молитвата станува енергија. Енергија имаш тогаш, кога кажувајќи ја молитвата, во себе чувствуваш радост и желба постојано да ја повторуваш. Значи, кога умот ќе ја преземе молитвата, така што, ќе стане што ти пишувам – радост, тогаш ќе се кажува внатре во тебе, непрестајно, без твој напор. Изменето од Опитен - 29.Декември.2008 во 16:09 |
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
![]() |
|||
Pravoslaven ![]() Сениор ![]() Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Pa tokmu i jas toa go velam, deka treba da sme budni dodeka se molime, a ne kako sto vie propovedate tuka, deka mozeme i spiejkji da se molime
![]()
Dve zabludi imas vo tekstot pogore.
Prvo, se zalazuvate sebe si deka se molite dodeka spiete, a vsushnost spiete.
Vtoro, ucite pogreshno deka demonite mozat da vlezat vo nas duri i koga spieme, nesvesno. Ova e bibliski pogreshno. Demonite ne mozat da vlezat vo nas dokolku nie svesno ne im go dozvolime toa. Demonite vleguvaat vo nas samo ako svesno im otvorime vrata, ako gi pokanime preku idolopoklonstvo, preku spiritizam, preku sledenje lazni uenja, no sekogas svesno, a ne vo spienje
![]() |
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
![]() |
|||
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Добро, а како изгледа молитва во сон? Мислам се моли додека паралелно се сонува (а сонуваме сите без исклучок) или се сонува дека се моли? Или пак е сепак тоа состојба на будност? Дали при тоа телото го добива потребниот одмор?Изменето од maria_magdalena - 29.Декември.2008 во 14:13 |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
![]() |
|||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Зошто се плашиш да го употребиш терминот Отец? Кога се кажува Отец, целиот тек на настаните добива духовна смисла. Ако кажеш татко, па макар и Татко (со голема буква), целиот тек добива световна и приземна смисла.
Ооо, и тоа како можеме! Матеј 26:41 Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо. Во овој стих јасно кажува дека затоа што телото е слабо на човек му треба одмор. Но на вистинскиот верник кој е со Бога духот секогаш му е со Него, духот секогаш му е бодар. Марко 13:33 Внимавајте, бидете будни и молете се, зашто не знаете кога ќе биде часот. Овде се вели дека треба да бидеме будни, затоа што не знаеме кога ќе дојде Бог. А дали тоа значи дека не смееме да спиеме, да се одмориме? Не! Тоа значи дека постојано треба да сме на стража на своето срце и да не дозволуваме да ни влезат лоши помисли. А сето тоа се остварува преку молитвата. Ај сега да видиме што вели Господ, и што велат Апостолите: Лука 21:36 бидете будни во секое време и молете се, за да го избегнете сето она што треба да се случи и да застанете пред Синот Човечки! Ефесјаните 6:18 Со секаква молитва и молба во секоја пригода молете се во духот. 1 Солунјаните 5:17 Молете се постојано! Постојано значи без престан, нон-стоп, без крај. Тоа е и нашата христијанска цел - да се молиме постојано, затоа што молитвата е разговор со Бога. Значи молитвата ја прави заедницата меѓу нас и Бог. 1 Тимотеј 5:5 А онаа што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и пребива во молитви и молења дење и ноќе. Дела Ап. 1:14 Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со браќата Негови. 1 Солунјаните 3:10 Кога дење и ноќе многу усрдно се молиме, за да го видиме вашето лице и да го дополниме она што и недостига на вашата вера? Дела Ап. 2:42 И беа истрајни во учењето на апостолите, во заедничкиот живот, во прекршувањето на лебот и во молитвите. (ем истрајни, т.е. постојани, до крај, ем не вели во учењето на Христос, туку учењето на апостолите - со што се потенцира Светото Предание!) 1 Солунјаните: 1:2 Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во молитвите наши, непрестано, 2 Тимотеј 1:3 Му благодарам на Бога, Кому уште од прародителите Му служам со чиста совест, додека постојано те споменувам во молитвите свои дење и ноќе; Дела Ап. 6:4 а ние целосно ќе и се посветиме на молитвата и на службата на словото Римјаните 12:12 радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани; Колосјаните 4:2 Бидете постојани во молитвата, бидете бодри во неа со благодарност! Друже, ако ја следиме твојата логика, испаѓа дека само денот треба да го резервираме за Господ? Зарем во тие 8 часа кога спиеме, треба да го заборавиме Оној Кој нас не` создаде, и да им се препуштиме на фантазиите, кои многу често не се плод на нашиот мисловен процес, туку се плод на демоните, кои успеваат да навлезат во нашиот мисловен процес. Зошто навлегуваат? Па, за да не` искушаат! Зошто? За да станеме силни и истрајни од верата, и да видиме дека сме ништо без Бога. А зошто успеваат да навлезат? Едноставно - ние ги пуштаме. Зошто? Затоа што не сме со Бога, и им робуваме на страстите. Како треба сега? 8 часа во денот да бидеме под власт на ѓаволот, а останатите 16 евентуално да бидеме Господови? ![]() Изменето од makarios - 29.Декември.2008 во 13:39 |
|||
![]() |
|||
Pravoslaven ![]() Сениор ![]() Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Molitvata e komunikacija so Bog. Koga Isus se molel na Tatkoto, toj komuniciral so nego, mu se obrakjal, mu zboruval.
Nekoi se obiduvaat tuka da ne ubedat deka mozeme da se molime i dodeka spieme, no Isus ne spiel dodeka se molel. Potsetete se na nokjta vo Getsemanskata gradina koga bese uapsen Isus. Zarem ne mozese Isus da se moli spiejkji kako sto ne ucat nekoi na ovaa tema? No sepak Isus ne spiese dodeka se molese, a isto taka i gi UKORI nekolku pati negovite uchenici koi spiea, namesto da se molat.
|
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
![]() |
|||
dejanpp ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
MNOGU LICA KOI SE MOLAT SE OBRAJCAAT NA NEKAVA TEMNINA VO NIV ILI OD NADVOR SO STO I SAMITE SEBE SE POMRACUVAAT PA TAKA MOLITVATA DAVA NEGATIVNI POSLEDICI ZNACI NAJVAZNO E NA POCETOK DA NE GO ZAMISLUVAME{GLEDAME} BOG VO GRESNA FORMA. A KAKO NEKOJ DA JA VIDI SVETLINATA VO SEBE {BOG} KOGA NONSTOP PRAVEL GESNI MRACNI DELA - TOJ NEZNAE ZA SVETLINA,,. PRVIOIT CEKOR E ODBEGNUVAJNE OD TIE POSTAPKI ODNOSNO POKAJANIE.PA TAKA ISUSOVATA MOLITVA ODI ZAEDNO SO POKAJANIETO KOGA SE ODDELNI TIE DVE RABOTI NIKAKOV EFEKT NEMAAT.
Изменето од dejanpp - 29.Декември.2008 во 11:00 |
|||
![]() |
|||
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Многу убаво објаснето, благодарам Опитен. Се наоѓам себеси на не првиот туку пред прагот на првиот степен, кога си ја изговарам спонтано, за смирување на умот во секоја ситуација, кога ми е тешко итн... |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
![]() |
|||
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Почетокот на безмолвието се состои во внимавање над срцето и одбивање на сите лоши помосли, како што правел Авва Јован Колов, кога седел во ќелијата и ги набљудувал помислите што му се приближувале и кога (некои од нив) не можел да ги победи, прибегнувал со молитва кон Бога и така се спасувал. А совршенството е да не се плаши од никакви возмутувања, однесувајќи се незаинтересирано кон нив и кон надворешните појави. Слично на тоа кога Авва Исаак слушнал глас на птицата и го прашал Авва Пимен: “Зар и тука ги има Авво”. А Aвва Пимен му одговорил: “Исаак, зошто ме принудуваш да зборувам, и таквите како тебе ги слушате, меѓутоа тој што бдее (нерасеано се моли) не се грижи за нив”
Великиот игумен на Синајската обител, и самиот атлета во мистичното искуство на молитвата, надоврзувајќи се на аскетско-исахистичкото предание на Аввите од египетската пустина, најподробно нé упатува во нејзините танји, откривајќи ни дека има три степени на молитва. На првиот степен одговара усната молитва, својствена за оние што го чистат срцето од страстите и гревовите. На овој степен е потребно откажување од грижата за тленото и отфрлање на трите главни страсти: славољубието, сластољубието и среброљубието. На овој степен умот кој e на чувар на срцето ја одбива секоја лоша помисла, собирајќи се скрушено и со плач во значењето на зборовите од молитвата, која треба да е кратка и едноставна, а не многусложена и со премудри зборови, зашто таквата молитва го расејува умот, а пак кратката го собира. Затоа е најпогодна кратката т.н. Исусова молитва: “Господи Исусе Христе, Сине Божији, пoмилуј ме грешниот (грешната)” или пократката нејзина верзија: “Господи Исусе Христе, помилуј ме”. А кога умот ќе се расее, треба повторно да се врати назад. И така повторно сé додека заради усрдноста Бог не го утвди (умот), зашто квантитетот го повлекува квалитетот. Исто така, за оние кои сé уште не го очистиле срцето, потребно е на молитвата да ѝ предходат милосрдие, послушание и сите добродетели. Тогаш Бог ја излева својата благодат и го очистува срцето, во него слегува умот и започнува вториот степен на молитвата, умносрдечната молитва. На овој степен Умот бива просветлен и постанува епископ (надзорник) над срцето и оддалеку ѓи забележува и одбива помислите, кои и заради благодатта на Светиот Дух во очистеното срце тие и неможат да му се приближат и затоа искуженијата доаѓат однадвор. А за да се зачува молитвата е потребен напор и усрдност. Аввите од пустината во таква состојба на чиста непрекината умносрдечна молитва поминувале и по неколку часови. На пример, Авва Арсениј ги подигнал рацете свои кон небото оставајќи го сонцето зад себе а, ја савршувал молитвата кога, тоа ќе го огреало во лице. И на третиот степен, на непрестајната благодатна умносрдечна молитва, молитвата тече постојано во чистото срце, а умот тежнее кон созрецанија и небесни виденија. И од Бога бива грабнуван вознесен до третото небо каде го гледа оно што око на световен човек не може да го види, го слуша она што уво на световен човек не може да го чуе, и му се открива она што на умот на световниот човек никогаш нема да му е познато, а во неговот срце Светиот Дух бескрајно повикува “Ава, Оче”. Овој степен се нарекува обожување. До тој степен на молитва стигнале и Свети Јован Лествичник, но и многумина од Аввите. Кога Авва Захариј дошол при Авва Силуан го нашол во занес со рацете издигнати кон небото. Во таква положба го нашол и во третиот и шестиот час, а во деветтиот го нашол како тихува па го запрашал: Сто ти е денес, Оче? А тој му одговорил: -Денес сум слаб, дете мое. И заради настојувањето на Авва Захариј му кажал. – Бев вознесен на небото и таму ја видов славата Божја, и таму стоев до пред малку, и сега сум отпуштен |
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
![]() |
|||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
|||
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Молитвата е благодатна и лична заедница со Бога. Средба лице в Лице со Него. Заради тоа, треба да имаме и background, односно живот исполент во благочестие и чистота за да се застане пред Лицето на живиот Бог. Молитвата не е момент туку цел живот е молитва. За да можеме да му се молиме отворено на Бога е потребен и добродетелен и побожен живот.
Благочестивиот живот е како масло во кандило.Молитвата е истовремено ќерка и мајка на сите добродетели.Колку повеќе нашиот живот е свет, толку повеќе и молитвата е појака и таа ги раѓа сите останати добродетели, а пред се љубовта, изразена преку сочуство и саможртвување за другиот. Животот на ближниот, постанува наш живот и ние благодатно и молитвено сочуствуваме со сите страданија и радости на другиот. Преку молитвата го оприсутнуваме Самиот Бог и заедничариме со Него. Бог е светлина и он ја дава таа Негова светлина и на нас и го просветлува нашето срце и ум. Молитвата носи енергија и нашиот живот, позитивно се преобразува, постанува свет. Во молитвата не бараме нешто, туку Него зашто Он е Животот и изворот на животот и единствен животодавец. Според тоа, кога се молиме ние учествуваме во животот и тоа вечниот живот. Вистнаската молитва е не кога од него бараме, туку кога Нему му се даваме. Самите себе, еден со друг и сиот наш живот на Христа го предаваме, како свеќа која гори за Бога. |
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
![]() |
|||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Целосно потценување, непочитување и вреѓање на личноста на луѓето кои не веруваат во бог (безумник), но и на тие кои не веруваат во тој, нивен, бог (тобожња божанства) Самоиздигнување на сопственото верување (истините вере) врз нечие друго, пропратено со негово омаловажување, потценување, дисквалифицирање (неправилног образовања ... лажним учењима...) Е, овде е она вистинската причина: „потцењивачког односа према руководству Цркве“ Од тука се гледа загриженоста за нивната егзистенција, а не за некаквиот спас на луѓето. Им е гајле ним за другите. Со овие работи само се потврдува негативното влијание на овие теолошки учења врз свеста на човекот. Потоа се чудиме зошто има верска нетолеранција, зошто избивале војни. Абе, теологијата е нај големо зло на човештвото. А се обидуваат да се прикажат како најголемни човекољупци, како нај морални личности... Од неа произлегуваат сите зла. Сите причини за војни меѓу луѓето. Зарем потребни се докази за овие мои зборови? Всушност, моиве зборови се само одраз на реалната состојба, која еве, секој може да ја согледа. Или во својата заслепеност некои неможат, а други заради користољубивост несакаат, да ја согледаат? |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
![]() |
|||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Така е. |
|||
![]() |
|||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ajde Asya odmori se ushte malu. Rekov deka povekje ne te opomenuvam i deka na ovoj Forum ne se dobredojdeni nikakvi pretenja kon moderatorite ili administratorite. Pri zachlenuvanjeto sekoj mora da se slozhi so objavenite pravila, a ako toa ne mu se dopagja ili ako postojano gi prekrshuvashuva, togash ima dve opcii: da ne doagja ili da bide baniran.
|
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1819202122 29> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |