|
Власи |
Внеси реплика | страница <1 23456 66> |
Автор | |||
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Само едно ме чуди кај бајрон,вели дека македонците држат,како беше името на кривите сабји.
Јатаган да не беше. Изменето од macedon_alex - 27.Април.2009 во 16:16 |
|||
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Врз основа на крвожедноста ти заклучи дека Македонците на Бајрон се Власи. А од кога Власите се толку крвожедни? Баш напротив. Власите се мирни луѓе, никогаш не биле крвожедни. |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Eve ushte edna vistina skriena pod sloevi prashina.
Во доказите што успеал да ги открие и да ги собере историчарот Стерјевски дошол до сознание дека парите, односно каматите од влогот во Грција, секоја година требало да доаѓаат во Битола и да бидат вложени во добротворни цели. Но, оние во чии раце биле доверени средствата без никаква причина пред речиси 80 години ја прекинале донацијата. Сега со документирање на сите факти Стерјевски бара помош од локалната самоуправа во Битола да поведе постапка богатството на Димитриу да стаса на вистинската адреса. Иако битката на докажување ќе биде тешка, Стерјевски вели дека на крај правдата ќе се бара во Стразбур. „Во 1896 година, познатиот трговец кој располагал со големо богатство Јован Димитриу-Пиника и неговиот брат Теохар, кои безрезервно ја сакале Битола, оставиле богатство од 10.000 златни фунти во националната банка во Атина. Со услов да се ползува, како Алфред Нобел, само каматата. И таа доаѓала секоја година, дваесет години по ред, до 1927 година. Средствата од оваа донација се користеле за разни благотворни дејства“, раскажува Стерјевски. Но, според неговите истражувања, парите наеднаш се стопираат и веќе не доаѓаат во Битола. „Основната причина било тоа што во Вардарска бановина во 1927 година се прави нова реорганизација и се формираат три самоуправни области, Битолска, Штипска и Скопска. И тогаш оние што се грижеле за парите на Димитриу нашле изговор да ги прекинат донациите со причина дека не се исполнувала желбата на донаторот. Дека од парите ќе ползуваат и дебарчани и струмичани и сите останати градови што влегувале во Битолската област“, објаснува Стерјевски. Сега овој битолски хроничар со целокупната архива на документи што ја поседува, дел од неа напишана на грчки јазик, ја поттикнува Општината да ги искористи сите правни лекови со цел наследството на битолчани да се врати на вистинското место. „Му предложив на градоначалникот на Битола да се погрижи, да најде сили да ги добие тие средства и да бидат употребени во хуманитарни цели. Тие пари и' припаѓаат на Битола и таа треба да ги ползува“, смета Стерјевски. Од локалната самоуправа во Битола велат дека предлогот на битолскиот хроничар е прифатлив. Градот ќе се обиде да направи се' што е во рамките на законот. А по правдата ќе се оди дури и до Судот за човекови права во Стразбур. Инаку, Димитриу и неговиот брат Теохар биле познати трговци на памук кои располагале со голем имот во Александрија. Интересна е нивната животна приказна, за која Стерјевски вели дека битолчани ја пренесуваат од колено на колено. Се раскажува дека кога живееле во Битола, биле сиромашни. Наводно, еден ден влегле во храмот „Св. Димитриј“ во Битола и украле златен сад за крштавање. Се прекрстиле пред иконата на светецот и правдајќи се дека тоа го прават од нужност, ветиле дека ако спечалат пари, во градот ќе вратат стократно повеќе. Среќата им се насмевнала. Воопшто не се штеделе за Битола. Безрезервно го трошеле стекнатото богатство на своите сограѓани. За широкото срце на браќата Димитриу сведочат дел од нивните донации во градот. Старата зграда на градската библиотека во Битола е изградена токму со нивни пари, исто така, и објектот на старата болница што се наоѓала во центарот на градот кај сегашната долна гимназија. Фотографија од Јован Димитриу стои во еден од објектите на храмот „Св. Димитриј“ во Битола. (А.Б.) |
|||
Georgija Kastriot
Група Регистриран: 12.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 53 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Интересна приказна,најбогатите луѓе во Битола беа власи и евреи,исто во Солун.
|
|||
Carnation
Сениор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 3499 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
a koja e razlikata megju romanskiot i moldovskiot jazik?razlikvit akcentot(ruski) i ekstremno mal broj na zboroj,zato moldovskite studenti koi so idet vo romanija ne posetvat podgotvitelna godina kako stranskite studenti od ostanatite zemji.
|
|||
Понекогаш дури и за Фројд бананата е само банана
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
... literaturniot romanski...shkolskiot ... se razbira... no da bideme nacisto deka toj najmalku se govori... Vo romanskiot ima primesi od drugi jazici...vo nashiot vlashkio ima makedonizmi...turcizmi...
Koga bi se govorelo na 'starite" bez primesi i tugji vlijanija mislam deka bi se rabrale mnogu. |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Dodeka Vlasite molcat drugite gi asimiliraat bez problem. Ocigledno ima po nekoj poedinec koj saka da ja kaze vistinata ama tie se mnogu retki. Belkim kje s erazbudi svesta i kaj Vlasite. Pa taka i za Majka tereza. Nekako podzaboravija deka ziveela vo popularnoto Vlashko maalo i deka bila od meshan brak majka Albanka katolikinja, tatko pravoslaven Vlav.
Колку Албанка, толку и Влаинка (Повод: Колумната на Теута Арифи „За Ањезе“, „Дневник“, 2 февруари) Со внимание ја препрочитав Вашата колумна. Но, кај мене се наметна прашањето дали и Вие на сличен начин не ги парафразирате констатираните тенденции. Се сомневам дека интелектуалец како Вас, не е можно да не' забележува дека „скопјанката“, Мајка Тереза има карактеристично световно име и презиме, Гонџа Бојаџиу. Во тој смисол, ако е факт дека таа е Албанка од Скопје, Албанка од Македонија со католичка вероисповед, факт е и дека таа имала двајца родители со различно етничко потекло. Не е за коментирање дека по мајка е Албанка. Но, по татко таа е со влашка етничка припадност со карактеристично влашко презиме Бојаџиу, односно таа е исто толку Влаинка (Цинцарка) онолку колку што е Албанка. Да бидеме искрени, етносот на Мајка Тереза не е баш затскриен! Вие тоа го констатирате од Вашата перспектива на гледање. Дека не е така можеше да се увериме од искажаното на свеченото отворање, од натписите и документите во спомен-куќата. Затскриен е, а и Вие го заскривате влашкиот етност на Гонџа Бојаџиу (чудно, зошто на ова не реагираат здруженијата на Власите), кој сам по себе се изнедрува од карактеристичноста на презимето. За Ваша информација треба да знаете дека домот на Гонџа Бојаџиу, Мајка Тереза бил на ул. Папакочина 31, (падежна форма на називот на улицата) во Скопје во близина на фотостудио „Бимбо 2“, во Градскиот трговски центар (констатирано од планот на Скопје од тоа време). Според тоа месинганата плоча на асфалтот за наводното место на нејзината куќа е дезинформација на градските власти. Во се' друго Ве подржувам и се согласувам со Вас и би сакал за Вашите констатации за „кичот“ да даде поттик и к*раж на стручни од областа на архитектурата (пред да им ги одземат дипломите и овластувањата спрема предлогот на авторот на „кичот“, „Нова Македонија“ 30 јануари 2009), јавно да се произнесат за архитектонските, естетските и ликовните вредности за екстериерот и интериерот на Домот на Мајка Тереза. Ташку Бојаџију, Битола |
|||
Miksi_69
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 25.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Da nabrzina gi procitav site komentari za nas Vlasite i gledam oti na nekoj im e interesno da se zanimavaat so nas Vlasite da ni kazuvaat od kade sme koj sme i sto sme.Pa sega da se izrazam i toa da nivnite izjavi blago receno se i provokativni ama dobro ima vzesteni glavi i neka im bide.
Sakam da kazam samo edna i toa mnogu vazna rabota za nas Vlasite toa e faktot oti nie Vlasite vo R.Makedonija sme gragani na nasata drzava R.Makedonija i toa LOJALNI so celata nasa dusa i srce. Kratko samo ke potsetam oti vo celata istorija na nasata R.Makedonija imame aktivno i verno ucestvo vo istorijata na R.Makedonija. Da zivee MAKEDONIJA Lojalni gragani na R.Makedonija |
|||
Legenda883
Сениор Регистриран: 28.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 701 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Vlasite NIKADE vo antikata ne se spomnuvaat kako "Vlasi". Zatoa sekoja sporedba so nekakvi "podsekanja na nekogo"od antikata se bezsmisleni i zaludni.
Tie ako i voopshto imaat nekoj antichki gen, toj gen sigurno NE E VLASHKI, tuku Makedonski, Ilirski ili Trakijski. Grchki NE mozhe da bide zatoa zhto Grcite nitu vo antikata nitu pak sega SE ETHNIKUM.
Se soglasuvam so site tvrdenja deka tie se ASIMILIRAN/Romniziran narod, shto ne po sekoja cena imaat antichki koren. Barem NE site shto denes se narekuvaat Vlasi ili Cincari.
Pa odtamu e i imeto shto TIE go preferiraat "Aromani" ili neshto slichno na toa.
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Vlasite ne negiraat deka Nikola Bojadziu se borel za siromashnite i ugnetenite no ne samo Albanci tuku za site. Postarite Vlasi koi ziveele vo togashnoto Vlashko maalo zboruvaat kako za nego se zboruvalo deka im pomagal na siromasite i velat deka Majka Tereza imala od kogo da uci za humanost. I deneska vo Albanija ima Vlasi koi pridonesuvaat za dobroto na Albanija na svoj nacin i na svoe pole pr. Eli Fara Vlasite nikogash ne odele protiv maticnata zemja i sekogash rabotele za nejzino dobro. Iako mrazam da se vulgarizira so koristenje na necie ime postojano, ama vo ovoj slucaj kje spomnam- Toshe Proeski. Znaci po ovaa logika i nemu po nekoe vreme kje mu se negira vlashkoto poteklo???? A okolu asimilacijata, cudo e kako Vlasite nikomu ne negiraat etnicka pripadnost i poteklo, a na Vlasite site im kazuvaat koi se i shto se. Zarem site onie uceni Vlasi koi vo svoeto pole na interes dokazuvaat za drugite ne uspeale da kazat nishto za sebe??? Sekoj shto znae barem malku latinski zne deka sekogash a pred zborot znaci negiranje aroman= neroman; antihrist=nehrist. Vo latinskiot a=anti, e negacija. Zatoa site onie koi sakate da mi kazete koi se Vlasite ne se trudete, jas znam koi se, jas pishuvam za Vlasite, istrazuvam, citam. Vlasite nikogo ne negiraat zatoa nemojte da gi negirate. |
|||
Kasnakoski
Сениор Регистриран: 20.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Prasanje do mamamd i dr. Vlasi
Znae se deka Arm`nite vo Romanija se narekuvaat Makedoni i Makidoni. Imam citano "Bana Armaneasca" i dr. Gledam deka vo minatoto Vlasite se velele, kako naprimer baronot Konstantin Beliu - Makedonecot. Sega mislam deka i Ivan Ierekar od seloto Vlasto bil Vlav. Poimot Aromani bil voveden od naucnikot Vajgand kon krajot na 19 vek. Znaci nema kako da bide vozmozno pred toa Vlasite da se narekuvaat sami Arm`ni. Mene me interesira dali slucajno i denes ne go koristat endonimot MAKIDONI, kako e i vo Romanija. Blagodaram odnapred. |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Vo Romanija gi narekuvaat Macedonitsi shto vo prevod bi doshlo makedonski. Toa ostanalo od 29/30 godina koga mnogu Vlasi masovno odele vo Romanija vo potraga po bodobar zivot. Onie od Makedonija se narekuvale sebe Armãnj di Macedonia ( Vlasi od Makedonija) od shto proizleglo Macedonitsi, onie od Grcija Armãnj dit Grcii a podocna gi zarekle Grets- Grci duri tamu podelbata odi po teritorii pa gi vikaat Janinji, Pindtsi, a onie od Albanija Arbinesh. Znaci se imenuvaat spored teritorijata od kade se dojdeni.
Изменето од mamamd - 19.Февруари.2009 во 11:51 |
|||
Kasnakoski
Сениор Регистриран: 20.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Macedonitsi e edno, Machidoni e nesto sosema drugo.
Sakam da doznam kakvo e mislenjeto na mamamd za Konstantin Makedonecot i dali vo minatoto Vlasite se narekuvale Makedoni. Изменето од macedon_alex - 27.Април.2009 во 16:25 |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па и денеска се нарекуваат Арман Мацедоник...ама тоа значи од Македонија. Власите не биле Македонци по етничка припадност туку од секогаш си се Арман-Власи. И Горги Хаџи токму тоа и го кажал дека по потекло е од македонија, Арман Мацедоник
|
|||
Внеси реплика | страница <1 23456 66> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |