IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Универзален Живот - Прахристијани
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Универзален Живот - Прахристијани

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 26>
Автор
Порака
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 22:30
За да не пишувам офф топик во темата Молитва, прашањето на Нео го префрлив тука:
Originally posted by neo_wmaster neo_wmaster напиша:

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Следните стихови понекогаш ги пееме кaко вовед пред вечерна молитва во заедницата на Универзален живот:


Вечер пак се спушта над шуми, полиња.
Се спушта мирот и светот почива.

Само поток жубори таку кај карпите,
тече и се пени без одмор оди тој.

И ниедна вечер не му носи мир,
нема ѕвонче да му ѕвони песна за одмор.

А на таков пат си и ти срце мое,
само БОГ ти пружа вистински вечерен мир.


Офтопик: Имате вечерни собири во Универзален Живот?

Извинете за офтопикот, но морав да прашам.


Да. Секој петок од 19:15, и повремено во текот на годината и други денови кога има свечени вечери.



Изменето од Majkl - 11.Ноември.2008 во 22:31
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 18:13

Prorok br.13 - Zatvorete ja Biblijata!
Predavstvo na Isusa, Hrista, i prorocite






Ovoj pat, Gabrielle, prorocicata bozja, prva go zapocnuva razgovorot so zborovite: Seushte postojat "chuda": Eden struchnjak po katolichka i eden struchnjak po luteranska(protestnatska) teologija se stavia sebe si na raspolaganje za da na Prorokot mu odgovorat na prasanjata vo vrska co crkovnite uchenja...

Bidejci prahristijanskata zaednica Univerzalen Zivot vo Germanija i prorochicata Bozhja koja tamu deluva, bea cestopati meta na napadite od strana na katolcikata i protestantskata crkva(koi tamu imaat status na oficijalni crkvi, povisok od drugite verski zaednici i religiozni grupi) i nivnite opolnomostenici i strucnjaci za sekti, istite tie i pokraj mnogubrojnite oficijalni pokani na prahristijanite, nitu ednash ne se odazvaa na nitu eden javen razgovor za verata.

Kon krajot na devedesetite godini(20 vek), dvajca teolozi so povece decenijsko iskustvo(koi medjutoa svoite dobro plateni crkovni rabotni mesta smenija, a po versko ubeduvanje stanaa prahristijani) razgovaraat so Bozjata prorocica za verata, Biblijata, Bogorodica, trojstvoto, svestenstvoto, studiranjeto teologija, smislata ili apsurdnosta na crkovnite katehizmi(citirajci gi pritoa) i tn..

Vo brosurata "Prorok br.13" se naodjaat i dva tekstualni priloga koi sodrzat i nekolku dokumenti:

Prilog 1 :Nekolku fakti za bogatstvoto na crkvite vo Germanija i poshiroko - kade se zboruva za crkovnata "skromnost" teska milijardi.
Prilog 2 : Konkordat pomedju Negovata Svetost, papata Pio XI i Bavarskata drzhava(oblast na jugot od Germanija) - iako potpisan 1924 godina, konkordatot go regulira finansijskoto pomaganje koe go uzhiva katolickata crkva vo Germanija(i drugi EU zemji)od strana na drzavata do den denes, a finansirano preku danocite zemeni od obicniot gradjanin koj nuzno i ne e clen na nekoja crkva.
Dogovor pomedju Bavarskata Drzava i Evangelistichko-Luteranskata crkva vo Bavarija desno od r.Rajna
Prilog 3 : Kakva korist od pishuvanje, kakva korist od prikazki? Toa go spoznav - od crkvata vece istapiv"

Bidejci ova izdanie predizvika brojni reakcii po izleguavnjeto na prvoto izdanie, vo vtoroto vo prilog se objavuvaat i pismata od razni citateli, radi polesen pregled nasloveni so razlicni naslovi: "Tuka vece na coveka mu se kreva kosata na glava";"Ostanuvam ateist sè dodeka Isus ne izbega od ovaa Crkva";"Podobro e da se stane ateist...";"Vie ste opasni...";"Samo koga Toj bi doshol da prevzede cistenje na hramot!"; "Ne go razbiram vahiot Isus. Toj treba neshto da stori. Da stori!"; "Sega konechno ja zatvoriv Biblijata" i tn...

Vo nekoi od pismata se naodjaa i prasanja od citatelite do samite teolozi sto razgovaraa so prorocicata, na pr.:"Se cuvstvuvate li seushte kako teolog?" i "Kako da go razresham `sojuzot na krshtenie`? koi tie otvoreno gi odgovorija na krajot od brosurata.

Celata brosura moze besplatno da se cita ili downloadira na hrvatski jazik na sledniov link:
Prorok br.13: Zaklopite Bibliju! Izdaja Isusa, Krista, i proroka



Изменето од Majkl - 23.Декември.2008 во 17:13
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 12:32
Prorok br.14
Ateistot - prijatel na Prorokot?




Vo ovoj broj so bozjata prorocica Gabrielle, telefonski razgovara edna osoba koja po ubeduvanje e ateist. Vo dijalogot tie medjutoa eden drug se oslovuvaat so zborovite pocituvan sogovorniku. Rrazgovorot bese voden proletta 1999 godina, se spomnuvat i nastanite na Kosovo i bomardiranjeto na togasnata SCG od strana na NATO alijansata.

Toj skepticno ja rasprasuva so prasanjata kako na pr.: Mozes li da mi go dokazes Boga koga vo religijata ima kup nelogicnosti? Zosto ti poinaku ucis i od dvete crkvi(vo Germanija toa se katolickata i Evangelicko-luteranskata t.e. protestantskata)? Ti veruvas vo tvojot Bog, katolicite vo nivniot, protestantite vo nivniot...Znaci li toa deka ima povece bogovi pa sekoj mu se moli na svojot? Zosto Bog, ako postoi, go dozvoluva haosot vo ovoj svet? Dali tvojot Bog ce ne indoktrinira so negovite deset zapovedi i Beseda na Gorata? Ne moram da bidam podanik na crkvata, no moram li da bidam podanik Bozji? A Gabrielle ljubezno i trpelivo edno po edno mu gi odgovara.

Prorok br.14 e preveden i na makedonski jazik, no zasega ne e izdaden. Vo pecatena i elektronska forma najdov link kon izvadok na germanski jazik koj go postiram dokolku se najde nekoj da znae germanski:

Prophet nr.14 - Der Atheist, ein Freund des Propheten (Ateistot, prijatel na prorokot? - germanski)


Изменето од Majkl - 30.Ноември.2008 во 12:33
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2008 во 20:09
I poslednite dve brosuri od serijata Prorok.

Prorok br.15 "Zivotnite tazhat, prorokot obvinuva - Dva vselenski Boga. Bogot Mojseev i Bogot Isusov, ili eden promenliv Bog?"
Go predstaviv vece porano na str. 6 od temava.



Besplatno na makedonski jazik moze da se cita na sledniov link(mu treba vreme da se vcita, zavisno od brzinata) Prorok br.15 "Zivotnite tazat, prorokot obvinuva!"

Prorok br.16 "Ubivanjeto zhivotni e smrtta na ludjeto: Taka e kako shto e, ne menuva vo rabotite dali veruva covek vo toa ili ne"

Besplatno na makedonski jazik moze da se cita na sledniot link: Prorok br.16 "Ubivanje zivotni e smrtta na ludjeto" (makedonski)



Prorocicata bozja, vednas na pocetokot go analizira(i odgovara) prasanjeto koi mnogumina denes gorlivo go postavuvaat. Imeno: Zosto e taka kako sto e? Ako Bog postoi, zosto ne se vmesa vo se potemnata sudbina na ovoj svet i covestvoto?


So ova gi prezentirav site broevi od serijata Prorok: List na vistinata - temelnoto vo nasheto vreme za razmisluvanje i samospoznavanje. Istite mozat besplatno da se naracaat kaj izdavacot.
Vo naredniot post ce go pretstavam verskoto i zivotnoto ubeduvanje na prahristijanite vo Univerzalen Zivot, vo shto tie veruvaat i vo shto tie NE veruvaat.


Изменето од Majkl - 22.Декември.2008 во 20:15
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2008 во 16:28
Vecerva, sreda, 24.12.2008 god. vo 20 casot srdecno
ve pokanuvame na premierna video proekcija na videoto:


Vnatresen Bozik

vo prostorijata na Univerzalen Zivot vo Skopje
na ul. Crvena Opstina b.b. sprat: 3
(zgrada na smetkovoditeli, do Daut Pasin amam - vlez nasproti MNT)
tel. 02/3111-043

VLEZOT E SLOBODEN






Изменето од Majkl - 24.Декември.2008 во 16:50
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2008 во 04:44
Како што ветив, го пренесувам:


Верското и животното убедување
на прахристијаните
во Универзален живот



Во што веруваат прахристијаните?

Ние веруваме во Бога, вечниот Дух, кој ја прострујува бесконечноста и во се и во сите е неделив, присутен Живот.


Ние веруваме дека Бог е моќната творечка сила и изворот на создавањето, струја во која живеат сите битија на светлината и природните царства.


Ние веруваме дека моќната создателска сила, изворот на целото Постоење, е во сите градбени елементи на природните царства, во минералите, растенијата и животните.


Ние веруваме дека моќната создателска сила, изворот на целото Постоење, е светлина и живот во сите ѕвезди на Универзумот.


Ние веруваме дека моќната сила, прекрасниот Божји Дух, е љубов во сè, сеприсутна и пулсирачка сила во сите души и луѓе.


Ние веруваме во Едниот, Единствениот, во Бога, нашиот вечен Татко на љубов, чии деца
се сите битија, души и луѓе.


Ние веруваме дека Бог – Таткото персонифицирано битие на љубовта, кое сите ние како чисти битија повторно ќе Го гледаме лице в лице.


Ние веруваме дека Христос, Синот Божји, е Совладетел на Небесата, кој седи десно од Таткото.


Ние веруваме дека од Бога сме биле создадени како чисти и слободни битија, од кои некои преку мислата на падот се оптовариле и повлекле и други светли битија со себе во оптовареноста, преку што светлите духовни тела со грешното сè повеќе и повеќе се засенувале, обмотувале и згуснувале и, конечно, сосема постепено, станале луѓе.


Ние веруваме во предегзистенција на душата, која преку финоматеријалните подрачја на чистење пак се враќа назад и повторно станува чисто битие, бидејќу таа како чисто битие била создадена од Бога, а се оптоварила низ Падот.


Ние веруваме во вечен живот и дека сите души, чекор по чекор, ќе се вратат во царството Божјо преку Исуса, Христа, нашиот Избавител.


Ние веруваме дека сите луѓе и души се браќа и сестри, сите сместени во големиот Дух на
љубов, во Бога, нашиот Татко.


Ние веруваме дека сите луѓе се храмови Божји и во сите живее Духот на Христа Божји, кој е Дух на слободата.


Ние веруваме во Исуса, Христа Божји, Синот на вечниот Отец, кој е Избавител на сите души и луѓе.


Ние веруваме во неосквернавеното природно зачнување на човекот Исус.


Ние веруваме во зборовите на Исуса, на Христа, дека ние повторно стануваме лика и прилика на нашиот Татко кој нас како чисти нè гледал и создал и кого ние повторно ќе Го гледаме кога нашето духовно тело чисто и совршено ќе засветли како лика и прилика на вечниот Татко, кое, исто така, го отелотворува и принципот Мајка, оти Бог, сеприсутната струја, ги соджи и обата принципа – како Татко - принципот, така и Мајка - принципот.


Ние веруваме дека Исус, Христос, нашиот Избавител, уште пред 2000 години започнал со
водењето на сите души и луѓе назад, и дека сите повторно ќе се вратиме преку Христа, нашиот Избавител.


Ние веруваме дека без Избавителот на сите души и луѓе нема да стигнеме кај вечниот Татко и дека Избавителската сила, која дејствува во сите души и луѓе, на секоја душа и на секој човек им е поткрепа, потпора и водство во вечниот Татков дом. Тој е Патот, Вистината и животот.


Ние веруваме во рамништа на чистење, каде што живеат оптоварени души, или за да влезат
постепено во царството Божјо, или за да се вратат повторно на Земјата за да станат луѓе.


Ние веруваме во реинкарнација, во отелотворување на тешко оптоварени души, или на души кои како луѓе за краток период на години можат да очистат и поправат многу, а кое што за нив како души би било возможно дури во долги циклуси; ние веруваме во инкарнација на светли души, кои стануваат луѓе за да Му служат на Земјата на
Оној, кому Му припаѓа сета чест, слава и фалба.


Ние веруваме во законот на сеидба и жетва: што човек сее, тоа тој и ќе жнее.

Ние веруваме во големата Божја милост и милосрдие, која е при нас и ни помага своите гревови навреме да ги препознаеме, да ги окаеме, да ги очистиме и повеќе да не ги чиниме, пред да нè погодат нашите гревови како судбина.


Ние веруваме дека ако со помошта на нашиот Избавител ги користиме деновите, така
што грешното го окајуваме, го исчистуваме и повеќе не го правиме, можеме без понатамошни инкарнации да се вратиме назад во нашата вечна Татковина, во вечното Постоење.


Ние веруваме дека нема случајни судбински удари, дека преку реинкарнацијата нашето земно постоење добива на значење и дека тоа ни дава одговор на прашањата: зошто сме во овој свет и зошто ова и она е така како што е. Ние причините ги препознаваме тогаш кога законот на сеидба и жетва ќе го вклучиме во одвивањето на реинкарнацијата, при што треба еден на друг да му помага во носењето на товарот.


Ние веруваме во Десетте Божји Заповеди дадени преку Мојсеја и во Исусовата Беседа на Гората.


Ние веруваме дека исклучиво активната вера, т.е. исполнувањето на Десетте Божји Заповеди и на Беседата на Гората овозможува да станеме едно со Христа.


Активната вера, која што со Христа води кон Животот, за нас прахристијаните значи и препознавање на своите гревови, окајување со помош на нашиот Избавител, молење за прошка, простување во однос на нашите ближни, поправање на штетата - толку колку што уште е можно - и веќе не правење на овие од нас препознаени и очистени гревови.


Во ова веќе-не-правење на гревовите лежи постепеното исполнување на Божјата волја, која што Вечниот нам ни ја покажа во Десетте Заповеди и Исус во Беседата на Гората.

Ние веруваме во длабоката, искрена молитва во тивка одјака и во помошта од Христа Божји преку молитвата.

Ние веруваме дека сè што е згуснато ќе се раствори за да биде тогаш повторно финоматеријално, онакво какво што е во вечното Постоење од Прапочеток.


Ние веруваме дека Исус, Христос Божји, го изградува Царството на мирот на Земјата и дека очистената Земја, која станува сè посветла, како светлосна суспстанција постепено ќе влезе во вечното Постоење.


Ние веруваме дека Бог е едниствениот Живот, кон него ние преку Христа се стремиме низ остварувањето на Неговот учење, оти Тој како Исус кон тоа нè поттикнуваше со cледните зборови: „Кој ова Мое учење го слуша и го спроведува тој е исто што и умен човек кој својата куќа ја изградил на карпа. И сега кога падна пороен дожд и водите надојдоа и ветровите дувнаа и удрија на куќата, таа, сепак, не се сруши, оти беше втемелена на
карпа. А кој овој Мој говор го слуша, а не го спроведува, тој е исто што и будалест човек, кој својата куќа ја изградил на песок. Кога сега поројниот дожд падна и водите надојдоа и ветровите удрија на куќата, таа се сруши, и нејзиниот пад беше голем.„


Ние се стремиме кон животот во Бога, така што го чиниме она што Исус сакаше, за преку Христа и со Христа да воскреснеме, за да влезем во срцeто Божјо, во Царството на мирот.


Ние веруваме дека само преку мир на едни со други може да има мир и меѓу народите а не со оружје.


Верата и животот за нас прахристијаните се едно единство. Без активна вера, значи без
исполнување, чекор по чекор, на Десетте Заповеди и на Беседата на Гората нема живот во Бога.



Во продолжение ќе постирам во што прахристијаните во Универзален живот, НЕ веруваат...



Изменето од Majkl - 27.Декември.2008 во 22:22
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2008 во 20:47
Majkl,

Samo sto go zavrshiv chitanjeto na tvoite preporaki Prorok br.13 - Zatvorete ja Biblijata! Predavstvo na Isusa, Hrista, i prorocite i Prorok br.15 "Zivotnite tazhat, prorokot obvinuva - Dva vselenski Boga. Bogot Mojseev i Bogot Isusov, ili eden promenliv Bog? (delot za Stariot Zavet koj e osoben ineteres za mene vo ova cheivo) i mozhem da kazhan deka sum krajno iznenaden kako moite stavovi vo aspekt na onie prilozhenite tamu se skoro potpolno identichni! Za nekoi od niv neodamna vodev otvorena konverzacija so KINGDAVID vo edna od otvorenite temi na ovoj podforum.

Odlichno chetivo za sekoj chlen, bez obzir na verskata pripadnost (vkluchuvajki gi i ateistite).
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2008 во 21:55

Interesni veruvanja imaat(Univerzalen zivot- Prahristijanite, mora da priznaam deka Majkl e mnogu vnimatelen pri iznesuvanjeto na stavovite na negovata zaednica, site treba da se ugledame na nego, a "ne da kritikuvame i da ja gledame raskata vo okoto na bratot"

Toj gi kazuva slobodno svoite ubeduvanja bez da gi obvinuva drugite.

Alal da ti e , Majkl. Iako ne se slozuvam so ucenjata na tvojata zaednica, go pocituvam tvojot stav
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2008 во 07:02
Za takvite, sv. apostol Pavle veli: "Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители,за да им ги скокоткаат ушите" (2 Tim., 4:3).

Dali zdrav razum mozhe da veruva vo reinkarnacija i vegetarijanstvo?! Vprochem, sledbenicite na Gabriele se vegani.

"А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења, преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест, кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината. Зашто секое Божјо создание е добро, и ништо не треба да биде отфрлено, ако се прима со благодарност, зашто се осветува преку Божјото слово и молитвата" (1Tim. 4:1-5).



Изменето од Asya - 28.Декември.2008 во 07:20
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2008 во 07:26
Asya, imam zabelezhano deka koga ne se slozhuvash so nechii mislenja sekogash gi postirash ovie zborovi na predupreduvanje deka:

"Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители,за да им ги скокоткаат ушите" (2 Tim., 4:3).

I deka:

"А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења, преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест, кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината. Зашто секое Божјо создание е добро, и ништо не треба да биде отфрлено, ако се прима со благодарност, зашто се осветува преку Божјото слово и молитвата" (1Tim. 4:1-5).

Sekako oti ovie zborovi se na mesto i definitivno ja slikaat stvarnosta, no onoa sto mi pagja vo ochi e deka sekogash smetash oti tie zborovi vazhat za onie DRUGITE, a ne mozhebi i za tebe ... da bidam iskren, site mislat taka, no ne se izrazuvaat kako tebe tolku direktno i grubo.

Na strana od toj fakt, koj bezdrugo treba da ne sopre vo nashata prelest i da go skroti nasheto ego, pomognuvajki ni da se usredotochime povekje na nash*te dushi vmesto da gi sudime drugite, onoa sto isto taka e interesno e sto tie zborovi ne velat deka SITE ke propovedaat gjavolski uchenja i ke bidat licemeri i lazhgovci, tuku samo NEKOI.

Toj zbor NEKOI, mnogu konvencionalno se previduva koga se odi priv site onie sto ne go delat NASHETO veruvanje i nashata interpretacija na Isusovoto propovedanje.

Kako sto reche Nitzche, koga se odi protiv neprijatelot i loshata pesna i kiseloto vino se dobri.

Ova se samo zborovi za edna iskrena refleksija, malu pointimno razmisluvanje i sopstveno preispituvanje... nishto povekje.


Изменето од Messenger - 28.Декември.2008 во 07:46
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2008 во 07:39
Realnosta e surova, i pogreshno e da ja iskrivuvame vistinata za da im ugodime na lugjeto! "Зашто нашето бодрење не беше од заблуда ни од нечистота, ниту со измама, туку како што Бог нè испита да ни го довери Евангелието, така зборуваме не угодувајќи им на луѓето, туку на Бога, Кој ги испитува нашите срца. Зашто, како што знаете никогаш не настапивме со ласкави зборови ниту со притаено лакомство. Бог е сведок за тоа" (1Solun. 2:3-5).

"Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко, бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа" (Galatjani 1:9-12).





Изменето од Asya - 28.Декември.2008 во 07:50
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2008 во 07:49
Originally posted by Asya Asya напиша:

Realnosta e surova, i pogreshno e da ja iskrivuvame vistinata za da im ugodime na lugjeto! "Зашто нашето бодрење не беше од заблуда ни од нечистота, ниту со измама, туку како што Бог нè испита да ни го довери Евангелието, така зборуваме не угодувајќи им на луѓето, туку на Бога, Кој ги испитува нашите срца. Зашто, како што знаете никогаш не настапивме со ласкави зборови ниту со притаено лакомство. Бог е сведок за тоа" (1Solun. 2:3-5).




Ubeden sum deka SITE gi podrzhuvaat ovie zborovi i tuka nastapuvaat so niv na um.

Rabotata e sto chesto pati se misli deka DRUGIOT ja iskrivuva vistinata, a nie sekogash ja prezentirame onaa PRAVATA.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2008 во 07:51
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by Asya Asya напиша:

Realnosta e surova, i pogreshno e da ja iskrivuvame vistinata za da im ugodime na lugjeto! "Зашто нашето бодрење не беше од заблуда ни од нечистота, ниту со измама, туку како што Бог нè испита да ни го довери Евангелието, така зборуваме не угодувајќи им на луѓето, туку на Бога, Кој ги испитува нашите срца. Зашто, како што знаете никогаш не настапивме со ласкави зборови ниту со притаено лакомство. Бог е сведок за тоа" (1Solun. 2:3-5).




Ubeden sum deka SITE gi podrzhuvaat ovie zborovi i tuka nastapuvaat so niv na um.

Rabotata e sto chesto pati se misli deka DRUGIOT ja iskrivuva vistinata, a nie sekogash ja prezentirame onaa PRAVATA.


Pa, "ako baba lazhe, rog ne lazhe"! Vistinata se sostoi od fakti, a ne od chovechki mislenja!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2008 во 08:06
Toa vazhi za SITE, vkluchuvajki te i tebe.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.