IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Секс - како вие гледате на него?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Секс - како вие гледате на него?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 36>
Автор
Порака
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2008 во 13:19
taka e...
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2008 во 14:33
Им се восхитувам, или поточно, му се восхитувам на Оној кој ги обдарил оние луѓе кои вистински ја надминале   и телесната, и умсвената желба за секс!   

Истовремено сум безкрајно благодарен што мене несовршениот и грешниот не мие забрането (Во бракот) да смеам да ја изживувам мојата несовршеност и ( ако е Волја Божја) како таков да стигнам до совршеното смирение!

Благодарен сум исто, што дури и на владиката му е дозволено да се жени и со својата фамилија да биде пример на таквите како мене!

   

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
monitor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 97
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај monitor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2008 во 14:55
Како на најнормална работа.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2008 во 19:38
I zhivotnite imaat seks za raspold, no sfakjanjeto deka seksot za lugjeto e isto kako i za zhivotnite e kardinalna misinterpretacija na chovekovata seksualna energija dadena od Kreatorot kako vozilo za lichno osoznavanje vo periodot na nashiot zhivot.

Seksot e edinstvenata energija koja mozheme da ja potisnuvame, no nikogash ne mozheme svesno da ja kontrolirame. I ima mnogu dobra prichina zoshto taa ni e darena tokmu takva. Seksot e edna od alatkite koi ni pomaga vo nasheto osoznavanje i ultimativno vo nasheto prosvetluvanje. Negovoto nasilno potisnuvanje e samo pravenje dupka vo kajcheto koe treba da ne prenese na drugiot breg od rekata.

Tochno e deka seksot ne e glavnata cel na zhiveenjeto (ne mislam deka bilo koj normalen chovek bi go negiral toj fakt), no toj ne e negovata tezhina i ne e nikakva gjavolskja rabota, tuku naprotiv, toj e Bogodadena energija.

Seksot, kako alatka, sekako deka vo eden moment na zhivotot ke otpadne kako nepotrebna, no toa ne doagja so negovoto nasilno potisnuvanje, tuku so negovoto prirodno duhovno nadzhivuvanje.

Seksot mora da se zhivee, osoznae i upotrebi vo seta negova potpolnost za da mozhe potoa da bide ostaven. I Buda se odrekol od bogatstvoto, no prvin go dozhiveal vo potpolnost.

Za da mozhe neshto da se OSOZNAE, prvo mora da se dozhivee. Inaku se zboruva samo za DOZNAVANJE. A toa nema nekoja pogolema supsticijalna vrednost... togash samo zboruvame na pamet i povtoruvame nechii tugji zborovi bez da imame lichno razbiranje za niv.    

I se razbira, ne mora nikoj da se slozhi so napishanovo.


Изменето од Messenger - 26.Декември.2008 во 20:58
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2008 во 20:11
brakot ne sluzi za seks, toa e dokazano
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2008 во 06:30
Originally posted by makarios makarios напиша:






Не знам зошто се трудиш ова мене да ми го зборуваш. Ова се беседи на владиците Амфилохије и Артемије. Ако имаш нешто против ова, нему обрати му се.
Originally posted by Asya Asya напиша:

Vprochem, na devstvenost se povikani monasite i bezbrachnite, no ne i brachnite, bidejki pravoto na brakot dovagja vo paket so brachni dolzhnosti.
Дадовме неколку примери, каде што и брачниците живееле девствен живот. Пакетот на брачните должности не подразбира легализиран блуд, туку духовен живот.
Originally posted by Asya Asya напиша:

Monashtvoto ne e posebna (visoka) kasta, kako shto mislish ti, tuku pretsravuva povisok PODVIG na samoodrekuvanje, shto ne znachi deka Crkvata go stava na povisoko nivo, bidejki site lugje ne se povikani da bidat monasi (toa bi bilo pogreshno), tuku sekoj chovek e povikan da mu sluzhi na Boga vo svojot povik (monahot vo monashtvo, brachniot vo brak, ikonopisecot vo svoite talenti, hirurgot vo svojata profesija, itn.).

Ова е тема за монаштвото, која веќе е отворена и можеш да читаш (повторно учења од Црквата). Таму ти е нашироко објаснето што претставува монаштвото.
Originally posted by Asya Asya напиша:

A tvoeto uchenje ne e na Pravoslavnata Crkva, i prtstavuva eres! Naprotiv.
Моето учење е на Православната Црква, затоа што повеќето од постовите беа беседи од православни епископи, од Светите Отци на раната Црква, и од современи светители (Св. Серафим Роуз на пример).
Originally posted by Asya Asya напиша:

Opasno e za brachnite parovi da gi potisnuvaat svoite potrebi za intimnost, osobeno ako imaat semejni, rabotni i opshtestveni funkcii, bidejki vo odsustvo na soodveten duhoven podvig (postojan podvig vo Crkvata), toa e rechisi nevozmozhno, i mozhe da udri na drugo mesto, zemajki vo obdzir deka hormonite, isto taka, gi stvoril Gospod.
Еве,  на пример некој сака да јаде благо, а ако не јаде благо, многу се нервира и делува негативно кон останатите. Земајќи предвид дека и желудниот е створен од Господ, ние треба да гнетеме како бишки, за да не делуваме погрешно на средината. Ова се твои зборови.
Originally posted by Asya Asya напиша:

Za mazhite so visok testasteron, otsustvoto na ljubovni odnosi so svojata sopruga mozhe negativno da se odrazi na site shto se naogjaat vo nivna neposredna blizina, i vo sekoja sfera od nivniot zhivot.
Конкретно, ова е став на муслиманите.Зарем нема монаси со висок тестостерон? Знам, знам, тие се одрекле од сексот. Но, и тие имаат висок тестостерон. Значи, и тие во отсуство на секс, може негативно да влијаат на средината? Внимавај, ова повторно се твои зборови.
Originally posted by Asya Asya напиша:

 Odnosno, brachnite parovi, koishto imaat harmonichen brachen zhivot se poproduktivni vo brakot, semejstvoto i opshtestvoto. Za brachnite parovi da se odrechat od sex vo brakot, ne e dovolno da prisustvuvaat na Liturgija ednash nedelno, tuku se neophodni i drugi saoodrekuvanja. Megjutoa, chovekot koj ima semejstvo i treba da go izdrzhuva, ne mozhe sekoj den da bide v crkva i da se odrekuva od svetot, bidejki toj kako mazh, soprug, tatko, profesionalen rabotnik, itn., pokraj Bozhjata sluzhba, ima obvrski vo svetot, preku chie pravilno ispolnenie, isto taka, mu sluzhi na Boga. Zarem hirurgot ne mu sluzhi na Boga, koga operira chovechki organi?
Ова е секуларен поглед на животот. Литургијата не завршува со амин, туку таа продолжува и преку другите денови и треба да живееме како да сме на Литургија, за Христос. Но не секуларистички - одам еднаш неделно в црква, и тоа е тоа, а после како сакам ќе правам.

Originally posted by Asya Asya напиша:

3. Koj govori za perzervativi i sl. vo hristijanskiot brak? Gorespomenatiot Vladika govori za sexualnata revolucija i raspushteniot nachin na zhivot na sovremeniot chovek, a ne za hristijanski (crkoven) brak!
<span style="" lang="MK">Во ред, да
прифатиме дека Бог го дал сексот во брак и само за задоволство. Ако некоја
личност која не го прифаќа начинот на живеење кои го посочуваат Светите Отци, а
е православна, и е во брак, да речеме 15 години; 6 месеци од секоја година се
во пости, а останатите 6 не. Да претпоставиме дека има сексуален однос секој 3
или 4 ден, што би дошло 45 (минимум) пати во годината, и ако тие 45 пати се
помножат со тие 15 години, излегува дека за тоа време имала најмалку 675 пати
секс, а има 1-2, ретко и 3 деца. Тука се поставува прашањето, како е можно од
толку секс да не се зачнат повеќе деца? Значи, или се користи котрацепција или
се користат други форми на секс, што апсолутно се контрира со Божјите заповеди. <o:p></o:p></span>



Originally posted by Asya Asya напиша:

Tuku, vo sopstvenata preslest, ti ne si vo sostojba da razberesh ni prosti zborovi!
Ги молам администраторите да преземат нешто, затоа што ги навредува тие што имаат спротивно мислење од нејзиното (кое не мора да значи дека е исправно).
Originally posted by Asya Asya напиша:

4. Tvojata licemerna gordost e proizvod na prelesta, vo koja shto prebivash! Tebe, jasno ti se veli deka tvoeto uchenje ne se sovpagja so toa na Pravoslavnata Crkva, no sam ne mozhesh smireno da se ponizhish pred Gospoda,i prodolzhuvash da shirish eres, barajki od drugite neshto, na koeshto sam ne si sposoben.
Ги молам администраторите да преземат нешто, затоа што ги навредува тие
што имаат спротивно мислење од нејзиното (кое не мора да значи дека е
исправно). И асја, престани да изигруваш баба Ванѓа.

Originally posted by Asya Asya напиша:

5. Opasno e da si igrash so zborovite na Svetite Otci!
Ако знаеш да си играш со зборовите на Светите Отци (а беше повикана и од кинг давид), наведи цитати од Светите Отци на раната Црква, или на Светите Отци од денеска кои велат дека во бракот се може кој колку сака, и како ќе му се ќефне.(не ми постирај од Јанарас или некој друг новокомпониран теолог со либерални погледи, туку постирај ми цитати и мислења на светители кои се претставиле пред Господ, и кои Црквата ги прогласила за свети)Ти не правиш разлика од совршенството, и цело време се повикуваш на примери на маж и жена кои не се воцрковени. Не знам само, дали тоа од искуство го зборуваш, или на памет.


Za zhal, ti ne gi razbirash besedite na gorespomenatite vladici i Svetite Otci.

Moite konkretni zborovi se odnesuvaat na chovekovata priroda, a ne na zavisnosta od shekjer (slatko) i sl., kako shto ti vo svojot um gi iskrivuvash. Ochebijno, taka gi razbirash i Svetite Otci!

Obichno, mazhite so visok testosteron ne se opredeluvaat za monashtvo, tuku stanuvaat bokseri, pozharnikari i drugi fizichki rabotnici. Se razbira, toa ne e pravilo, no ako takov mazh stane monah, sigurno kje ima problemi, a pojavata na homosexualizam ne e novost srede monasite. Sv. Marija Egipetska se borela protiv ninfomanija chetirieset i sedum godini, sama vo pustinata, bez nikakvi udobstva, duri bez obleka i hrana, a jadela shto kje nashla. No, ti pogreshno mislish deka chovekot vo udobstvata na svremenata monashka obitel, mozhe da se izbori protiv svoite strasti vo eden den, za slednoto utro da se razbudi - isihast!

Seto tvoe umuvanje, kako i poistovetuvanjeto na ljubovnite odnosi pomegju sprotivnite polovi na crkovnite brachni hristijani, so blud i sexualnata revolucija na raspushteniot svet, nema smisla, bidejki Hristos so Svoeto prisustvo go osveti brakot na svadbata vo Kana, kade shto ja preobrazi vodata vo vino, i kako shto vodata vo Negovo prisustvo se probrazi vo vino, taka i plotskata/dushevna ljubov pomegju mazhot i zhenata, vo Hrista se osvetuva i preobrazuva vo duhovna ljubov. Ispolnuvanjeto na svoite obvrski i pochituvanjeto na zakonite vo svetot, voopshto ne e sekularen pogled na zhivotot, bidejki Hristos povela da mu go poddademe carevoto na carot, a Bozhjeto na Boga. Jas nitu ednash ne rekov deka Bog go dal sexot vo brakot samo za zadovolstvo, tuku apostolot Pavle veli deka vo brakot, mazhot nema vlast vrz svoeto telo, bidejki toa pripagja na negovata zhena, i obratno. Ti gi iskrivuvash tugjite zborovi, kako shto tebe ti godi, i odbivash da svatish, deka vo svoeto samovolie mu se protivish na Hrista.



Изменето од Asya - 28.Декември.2008 во 06:44
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2008 во 10:05
Originally posted by Asya Asya напиша:


Obichno, mazhite so visok testosteron ne se opredeluvaat za monashtvo, tuku stanuvaat bokseri, pozharnikari i drugi fizichki rabotnici. Se razbira, toa ne e pravilo, no ako takov mazh stane monah, sigurno kje ima problemi, a pojavata na homosexualizam ne e novost srede monasite.


Ова е крајна бесмислица! Читам и се чудам, како може некој кој вели дека го застапува „православното“ учење, да искаже вакво нешто. Мажите со висок тестестерон не можеле да бидат монаси? Бесмислено!!! Значи таквите мажи не може да Го љубат Бога со целото свое срце и со сета своја душа? Единствена пречка за некој да стане монах е ментално-психичка пореметеност и несвесност за донесување одлуки. Јасно ни е кој е таткото на блудот - ѓаволот. Треба да ни биде јасно дека монаштвото е победа над природата - како што вели св.Јован Лествичник. Монасите, а и секој Христијанин се бори против своите страсти во срцето, барем тоа требал да те научи духовникот (што сметам дека ти го кажал, ама кој има уши да слуша...)
Хомосексуализам среде монасите? Бог да не чува и да не брани од вакви мисли и вакви изумители на тие мисли. Зарем ова ти беше кажано за православното монаштво????
Господ да му помага на твојот духовник - кој знае какви мисли и за него ти доаѓаат и им веруваш, штом се осмели вака јавно ова да го пишеш.


Originally posted by Asya Asya напиша:

   Sv. Marija Egipetska se borela protiv ninfomanija chetirieset i sedum godini, sama vo pustinata, bez nikakvi udobstva, duri bez obleka i hrana, a jadela shto kje nashla.


Света Марија Египетска се борела против демонот на блудот 17 години, а не 47. Таа своја состојба ја стекнала преку постојано повторување на гревот, кој и станал навика, нејзина втора природа и ропство, што е сосема различно од нимфоманијата. И таа оваа нејзина страст ја победила кога заминала во монаштво и оваа светителка е добар пример дека „зголеменото лачење на хормони“ немаат никаква врска со љубовта кон Бога.

Или ова пак е уште едно од твоите квази толкувања и оправдувања на твојата немоќ да се воздржуваш?
Овој коментар беше крајно докажување колку си далеку од православието и светоотечкото учење.

Се молам на Господ да ти помогне!

И те молам, за се што имаш мака, провери си со духовниот отец!


Изменето од Опитен - 28.Декември.2008 во 11:02
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2008 во 12:05
Originally posted by Asya Asya напиша:


Za zhal, ti ne gi razbirash besedite na gorespomenatite vladici i Svetite Otci.

Мене не ми е јасно што има да се толкува од она што го рекле Отците. Нивните зборови се кристално јасни и не се искажани во параболи. И зошто на пример, не изнесеш некое светоотечко толкување кое го поткрепува твоето мислење? И ако јас не ги разбирам зборовите, зошто барем не се обидеш да ми ги појасниш?
Originally posted by Asya Asya напиша:


Moite konkretni zborovi se odnesuvaat na chovekovata priroda, a ne na zavisnosta od shekjer (slatko) i sl., kako shto ti vo svojot um gi iskrivuvash. Ochebijno, taka gi razbirash i Svetite Otci!

Паднатата природа на човекот не е неговата вистинска природа. Вистинската човекова природа е очистување од страстите и избавување од ропството на гревот. Крајна цел е обожението и станување бог по благодат. Токму за оваа природа како идеал зборуваат и сите Свети Отци, а кога зборуваат за паднатата природа, пред се ја кажуваат како неприродна состојба на човекот, и даваат совети како најлесно да се избавиме од тоа ропство, и да се стекнеме со потполна слобода на нашата личност.

Originally posted by Asya Asya напиша:


Obichno, mazhite so visok testosteron ne se opredeluvaat za monashtvo, tuku stanuvaat bokseri, pozharnikari i drugi fizichki rabotnici.

Ова не само што не е православно учење, ова не е религиозно учење. Вака учат секуларните луѓе, со рационален ум.

Originally posted by Asya Asya напиша:


Se razbira, toa ne e pravilo, no ako takov mazh stane monah, sigurno kje ima problemi, a pojavata na homosexualizam ne e novost srede monasite.

Велиш дека не е правило, значи, се понадевав дека претходната реченица ќе ја разјасниш со втората, но понатаму велиш: СИГУРНО ќе има проблеми, и како последица на тоа однапред заклучуваш дека таквиот монах ќе направи противприроден блуд.
Со тоа ти ја отфрлаш сета надеж во милоста Божја, а исто така забораваш на зборовите дека сето она што за луѓето не е можно - за Бога е можно. Можеби високиот тестостерон на некој монах е искушението кој Бог му го дал, преку кој ќе се стекне со спасение и благодат.

Страстољубието ги подразбира сите телесни страсти, вклучително и страста на блудот, но нам, Светите Отци и апостолите ни велат дека треба да се бориме
токму против истите: најпрвин да ги зауздаме, на тој начин што нема да стапиме во разговор со помислите, а потоа и да ги преобразиме (негативната и нечиста енергија која е насочена против нашето тело да ја преобразиме во љубовна енергија спрема Бога). Преобразбата доаѓа со преумувањето, т.е. покајанието, и бара многу солзи и молитви и надеж во Бог и Неговата преголема Милост. Јас досега не сум сретнал некој светител, апостол, маченик, јуродив, столпник, подвижник, девственик или преподобник да ги советувал луѓето дека острастен човек ќе падне во голема прелест или ќе стори уште поголем грев ако почне да се бори со своите страсти. Не сум сретнал да советуваат дека подобро да се оддадеме да не понесат страстите, умот да го пуштиме на пасење, и да се преправаме како ништо да не се случува.

Ајде сега неколку светоотечки примери:

На еден монах кој бил нападнат од демонот на блудот, Свети Пимен Велики му вели:
„Ако монахот ги скроти утробата и јазикот, и се одврати од расеаност, тој нема да има душевна смрт, а таа го стига секој оној кој пребива во блуд.“
„Како што царскиот телохранител секогаш стои во приправност пред својот цар, така и душата секогаш треба да биде во приправност против демонот на блудот.“

Пребодобен Касијан Римјанин им велел на монасите секоја придојдена грешна мисла веднаш да ја исповедаат кај својот старец. Но никако не ги одвратувал од монашкиот подвиг, и не ги советувал да станат боксери или гладијатори.

Свети Игнатиј Брајнчанинов вели дека монасите кои не се во можност секојдневно да ги исповедаат своите помисли пред својот старец (и додава дека ова не го кажува од себе, туку по преданието на отците), веднаш да ја отфрлат грешната помисла, никако да не влезат во беседа или во расправа со нејзе, затоа што од разговорот може да произлезе и страстно предавање на гревот (ова важи за неискусните; оние со доволен духовен опит стапуваат во разговор со помислите, им дозволуваат да влезат, но потоа се борат со нив, и ги победуваат со помош на Христос - а така вели авва Пимен Велики), а наместо во разговор со помислата, да се сконцентрираат во молитва. Како поткрепа за таков подвиг го посочува примерот со света Марија Египетска.

Понатаму, дека блудниот грев може да се победи вели и свети Нил Сорски:
„Ако некој, при секое искушение и при секоја помисла придојдена од непријателот, плаче и ја бара Божјата добрина за помош, тој набрзо ќе осети спокојство - под услов да се моли разумно.“

Свети Јован Лествичник вели:
„Како што е својствено за огнот да проголта суви гранки, така е својствено за чистите солзи да согорат секаква нечистотија на телото и духот.“

Originally posted by Asya Asya напиша:


 Sv. Marija Egipetska se borela protiv ninfomanija chetirieset i sedum godini, sama vo pustinata, bez nikakvi udobstva, duri bez obleka i hrana, a jadela shto kje nashla. No, ti pogreshno mislish deka chovekot vo udobstvata na svremenata monashka obitel, mozhe da se izbori protiv svoite strasti vo eden den, za slednoto utro da se razbudi - isihast!

Света Марија Египетска можеби е најубавиот пример (за мене лично), но не е единствениот.
Луѓето кои пред да почнат да водат духовен живот, а живееле развратен, откако ќе се покајат, демонот ги напаѓа токму преку страстите со кои го владеел човекот (го држел во ропство). Ако некои биле блудници, демонот ќе продолжи да ги напаѓа со блудните помисли, затоа што знае дека ова му е слаба точка на поранешниот блудник. Таков е примерот со Свети Мојсеј Мурин.
До, да не мислиш дека тоа е правило, со блудните страсти се бореле и девствениците какви што се Симеон Јуродиви и свети Јован Печерски
(Многустрадален). После победата над блудот, се задобивале со огромни благодатни дарови.

Други примери? Секако!

Пребодобен авва Доротеј, после стапувањето во манастир, како искушеник го напаѓале телесните желби, и во борбата против блудот секогаш се советувал и поучувал во зборовите на преподобен Варсануфиј Велики. Авва Доротеј се борел со страста на блудот цели пет години. Авва Варсануфиј го советувал:
„Битката која ја водиме со телото, се уништува со молитва проследена со плач.“

Преподобен Антониј Велики, особено засилено го напаѓале блудните помисли и мечти.

Дури и кај оние кои достигнале блажено бестрастие, неочекувано бивале напаѓани од нечисти помисли, какви што се примерите со преподобните Макариј Александриски, Јоаникиј Велики и други. Но, сите овие отци со помош на молитвата успевале да го победат блудот.

Светите Отци велат дека на своето тело може да му се верува единствено тогаш, кога ќе биде положено во гроб.

И уште еднаш, Свети Игнатиј Брјанчанинов вели:
„Ние стапуваме во манастир за да ги откриеме во себе скриените страсти и односот на нашата природа спрема духовите на злобата, која доброволно им се припоила. Ги раскинуваме оковите кои не` врзуваат за светот, оставаме се`, за да ги видиме нашите внатрешни окови и да ги раскинеме со десницата Господова. Второто не постои, ако претходно не се направи првото.
До смирение на духот можеме да стигнеме само тогаш кога во себе ќе го согледаме падот на човечкиот род, неговото заробеништво, суровата власт на демоните и вечната смрт над нас - само тогаш можеме да заплачеме за Бога со молитва и плачот да биде од длабочината на срцето, од сета душа. Со таквиот плач, осознавањето на својата погибел и беспомошна немоќ, ја привлекуваме кон себе Божјата благодат. Затоа, битките кои се одвиваат во нас, ако се бориме храбро, и ако не потклекнеме малодушно, допринесуваат на нашето духовно напредување“

За крај, преподобен авва Доротеј вели:
„Ученикот на некој голем Старец се изложил на телесната битка. Старецот го прашал: Сакаш ли да се помолам на Бога, да ти олесни во битката? Ученикот одговорил: Оче мој! Иако се трудам, и го гледам во себе плодот на трудот, подобро да му се помолиш на Бога да ми даде трпение во битката.“. Авва Доротеј додава: „Таквиот човек, вистински сака да се спаси.“


Originally posted by Asya Asya напиша:


Seto tvoe umuvanje, kako i poistovetuvanjeto na ljubovnite odnosi pomegju sprotivnite polovi na crkovnite brachni hristijani, so blud i sexualnata revolucija na raspushteniot svet, nema smisla, bidejki Hristos so Svoeto prisustvo go osveti brakot na svadbata vo Kana, kade shto ja preobrazi vodata vo vino, i kako shto vodata vo Negovo prisustvo se probrazi vo vino, taka i plotskata/dushevna ljubov pomegju mazhot i zhenata, vo Hrista se osvetuva i preobrazuva vo duhovna ljubov.

Не може да се вадиш на финтата дека умувам, затоа што цело време ги цитирам Отците на Црквата.

Плотската љубов се преобразува во духовна љубов? збунетост Од која далекоисточна религија го ископа ова?

Ти се молам, дај ми некој светоотечки пример кој го вели ова?

Originally posted by Asya Asya напиша:


Ispolnuvanjeto na svoite obvrski i pochituvanjeto na zakonite vo svetot, voopshto ne e sekularen pogled na zhivotot, bidejki Hristos povela da mu go poddademe carevoto na carot, a Bozhjeto na Boga.

Законите на светот водат кон трулежност и духовна смрт. Ние христијаните се стремиме да ги исполнуваме Христовите закони.

Originally posted by Asya Asya напиша:


Jas nitu ednash ne rekov deka Bog go dal sexot vo brakot samo za zadovolstvo,


Велиш:
Originally posted by Asya Asya напиша:


Brakot bi bil besmislen, koga mazhot bi se zhenel za da apstinira, i obratno.


Originally posted by Asya Asya напиша:


Toa shto sexot e rezultat na chovechkata padnata priroda, ne znachi deka brachniot chovek ne treba da gi ispolnuva svoite brachni dolzhnosti.


Originally posted by Asya Asya напиша:


zborot "brak" faktichki znachi "sex", t.e. soedinuvanje na polovite


Originally posted by Asya Asya напиша:


Shto se odnesuva na strasta na mazhot kon zhenata, i obratno, taa e prirodna i dobra, ako e vrzana za ljubovta kon edna lichnost od sprotivniot pol,


Originally posted by Asya Asya напиша:


Mazhot i zhenata vodat ljubov, t.e. se splotuvaat, bidejki si pripagjaat eden na drug, i na toj nachin, preku poloviot akt se soedinuvaat vo edna plot, zatoa e prirodno da se privlekuvaat i da uzhivaat, eden so drug, eden vo drug.


Originally posted by Asya Asya напиша:


Sexot vo ovenchan brak ne e blud, i Crkvata ne go zabranuva, osven vo vreme na post.


Точно, не велиш дека е само за задоволство, ами велиш дека е И за задоволство.

Originally posted by Asya Asya напиша:


Ti gi iskrivuvash tugjite zborovi, kako shto tebe ti godi, i odbivash da svatish, deka vo svoeto samovolie mu se protivish na Hrista.

Јас го искажувам моето мислење, и го проверувам дали е во склад со учењето на Црквата. Не велам дека сум најпаметен, а поради мојата огревовеност, сигурен сум се протнува и некоја глупост. Затоа служат духовниците, да се провериме до кај сме и што сме; затоа служи Светото Писмо, и Преданието.
Од друга страна, ти за себе тврдиш дека АПСОЛУТНО се` што велиш е вистина, и секое друго поинакво толкување на нештата е „умување“, „искривување“, „самоволие“, „неразбирање“, „плод на раскол“, „потсмевање“, „контролирање и мешање на други луѓе“... Со тоа ти се поставуваш како гуру водач, а испаѓаш како лидер на политичка партија: слушајте ме јас што велам, баталете ги другите.


Изменето од makarios - 28.Декември.2008 во 12:11
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2008 во 12:42
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

Мажите со висок тестестерон не можеле да бидат монаси?
 
Mozat, se razbira deka mozat, no site dobro znaeme primeri kako monasi se raspaluvale i se raspaluvaat eden na drug po toa manastirite i od "duhovni brakja" stanuvaat "topli brakja" љубов
 
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

Значи таквите мажи не може да Го љубат Бога со целото свое срце и со сета своја душа?
 
Zarem mora da se ide kontra Hristovite zapovedi (vo manastir) za da se ljubi Bog so celo srce i dusa?
Kakva e ovaa misticna i cudna bogoslovija?
Isus mu rece na apostol Petar: "ako me ljubis, pasi gi moite ovci", a ne da se zamonasi vo nekoj manastir. Ovcite se lugjeto, hristijanite, crkvata, tie se "pasat" vo svetot, a ne po manastiri usvet po planinite. Buvkalnite ovci se pasat po planini, a ovcite za koi sto zboruva Isus se pasat vo svetot. Taka sto pastirite od svetot go ljubat mnogu poveke Bog otkolku monasite.
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2008 во 12:54
Originally posted by makarios makarios напиша:


Ти се молам, дај ми некој светоотечки пример кој го вели ова?

 
A ti da dades nekoj BIBLISKI primer za ona sto go velis? голема%20насмевка

Originally posted by Asya Asya напиша:


Brakot bi bil besmislen, koga mazhot bi se zhenel za da apstinira, i obratno.
...
Shto se odnesuva na strasta na mazhot kon zhenata, i obratno, taa e prirodna i dobra, ako e vrzana za ljubovta kon edna lichnost od sprotivniot pol,
...
Mazhot i zhenata vodat ljubov, t.e. se splotuvaat, bidejki si pripagjaat eden na drug, i na toj nachin, preku poloviot akt se soedinuvaat vo edna plot, zatoa e prirodno da se privlekuvaat i da uzhivaat, eden so drug, eden vo drug.
...
Sexot vo ovenchan brak ne e blud, i Crkvata ne go zabranuva, osven vo vreme na post.

Moram da gi pozdravam ovie izjavi na Asya so eden OGROMEN APLAUZ
аплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплауз
 

Asya e malku ostra na zborovi, no, iako ne se slozuvam celosno so nejzinite ubeduvanja, sepak mozam da kazam deka ima najzdrava teologija od site drugi sto se narekuvaat pravoslavni na ovoj forum.



Изменето од Pravoslaven - 28.Декември.2008 во 13:04
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2008 во 16:23
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Originally posted by Опитен Опитен напиша:

Мажите со висок тестестерон не можеле да бидат монаси?

 

Mozat, se razbira deka mozat, no site dobro znaeme primeri kako monasi se raspaluvale i se raspaluvaat eden na drug po toa manastirite i od "duhovni brakja" stanuvaat "topli brakja" љубов

 

Originally posted by Опитен Опитен напиша:


Значи таквите мажи не може да Го љубат Бога со целото свое срце и со сета своја душа?

 

Zarem mora da se ide kontra Hristovite zapovedi (vo manastir) za da se ljubi Bog so celo srce i dusa?

Kakva e ovaa misticna i cudna bogoslovija?

Isus mu rece na apostol Petar: "ako me ljubis, pasi gi moite ovci", a ne da se zamonasi vo nekoj manastir. Ovcite se lugjeto, hristijanite, crkvata, tie se "pasat" vo svetot, a ne po manastiri usvet po planinite. Buvkalnite ovci se pasat po planini, a ovcite za koi sto zboruva Isus se pasat vo svetot. Taka sto pastirite od svetot go ljubat mnogu poveke Bog otkolku monasite.



Е брате, ова што го пишуван апсолутно нема врска. Ова е само желба за препирање и водење на инает.

Мојата реплика не беше дали монасите имаа борба со блудните страсти, туку со безумната изјава на асја дека таквите мажи не неможеле да бидат монаси и демек таквите постануваат хомосексуалци. Кој ги дава тие правила?

Навистина е безумно и крајно неосновано, ова да се тврди,па дури крајно навредливо.

Жити се, кои примери ти ги имаш? А топли браќа верувам дека има многу во светот околу тебе, затоа внимавај.

Светот му служи на страстите, а монасите се борат против нив.

И те молам не ми ги испревртувај моите зборови. Да повторам. Мојта реплика беше дека тие мажи демек неможеле да бидат монаси, а не кој да ги паси овците. Паси си ги ако ги имаш, никој не ти го спори тоа.

    
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2008 во 16:35
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Originally posted by makarios makarios напиша:

Ти се молам, дај ми некој светоотечки пример кој го вели ова?

 

A ti da dades nekoj BIBLISKI primer za ona sto go velis? голема%20насмевка

Originally posted by Asya Asya напиша:

Brakot bi bil besmislen, koga mazhot bi se zhenel za da apstinira, i obratno....
Shto se odnesuva na strasta na mazhot kon zhenata, i obratno, taa e prirodna i dobra, ako e vrzana za ljubovta kon edna lichnost od sprotivniot pol,...

Mazhot i zhenata vodat ljubov, t.e. se splotuvaat, bidejki si pripagjaat eden na drug, i na toj nachin, preku poloviot akt se soedinuvaat vo edna plot, zatoa e prirodno da se privlekuvaat i da uzhivaat, eden so drug, eden vo drug. ...

Sexot vo ovenchan brak ne e blud, i Crkvata ne go zabranuva, osven vo vreme na post.

Moram da gi pozdravam ovie izjavi na Asya so eden OGROMEN APLAUZ

аплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплауз

 


Asya e malku ostra na zborovi, no, iako ne se slozuvam celosno so nejzinite ubeduvanja, sepak mozam da kazam deka ima najzdrava teologija od site drugi sto se narekuvaat pravoslavni na ovoj forum.




опа, се појави новиот гуру, пророк и бог, кој ја поседува сета вистина и е критериум и авторитет на вистината.


Сите ние незнаеме само тој ја поседува вистината.
Ај ве молам, не изигравајте некакви самопрогласени богови и богчиња и да делете правда по форумот.



Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 11:22
Од старец Пајсиј Светогорец(1924-1994)

Ме прашуваш за сопружничките односи на женетите свештеници и на христијаните во светот.
Зошто светите оци не дават сосема одредени правила?
Тоа значи дека постои нешто неодредливо,затоа што сите луѓе не можат да живееат по еден шаблон.
Оците многу и препуштаат на нашата разробитост,на духовното чуство,на можностите и на трудот.
за да бидам поразбирлив ќе наведам неколку примери.
има луѓе што откако склопиле брак и изродиле деца ,продолжиле да живеаат во чистота.
Други стапуват во брачна интима само во време на раѓање на деца,а останатото време живеаат како брат и сестра.
Други се воздржуваат од брачни односи само во текот на постите а во останатото време имаат брачни односи.Некои не успеват ни тоа да го исполнат.
Има такви кои што општат во средината на неделата за да бидат чисти 3 дена пред Евхаристијата и 3 дена потоа.Некои и овде се сопнуваат ,и со тој повод Христос отако им се јави на апостолите во воскресението им рече:

21 Исус повторно ги успокои, пренесувајќи им Го својот мир, а потоа им рече: „Како што Мене Ме прати небесниот Отец, така сега Јас ве праќам вас.“
22 Откако го рече тоа, Тој им вдахна од Својот Дух, велејќи: „Примете Го Светиот Дух!
23 Ако на луѓето им ги простите гревовите - ќе им бидат простени, а ако не им ги простите - ќе им останат.“

целта е да се подизува секој со расудување и со грижливост, во согласност со своите духовни сили.
Во почетокот, се разбира, младоста пречи.
Но со време плотта слабе, а духот се осилува па и оженетите почнуваат по малку да предувкусуваат од божествените сладости. Тогаш луѓето, веќе по природен пат, се одвртуваат од телесните задоволства, кои што во нивните очи стануваат ништожни.
Ете така се подвизуваат оженетите.
Тие стигнуваат до рајот по зарамнет , заобиколен пат,а монасите истовремено,се искачуваат кон рајот , јазејќи се по карпи и искачувајчи се на врвови....
Бог го гледа трудот на секој христијанин, ја знае силата што Тој му ја дал и бара одговот во склад со тоа...

Овде, старец Пајсиј ја опишува силата на воздржување на поединци и според тоа како Црквата снисходи кон секој. Тој ги набројува неколкуте варијанти на сопружнички живот во однос на телесните односи, но нагласува дека секој има право на избор според својата слободна волја (што не значи дека е Божја волја, туку само допуштение) и според своите можности. Во исто време, нагласува дека оние кои не се способни да се воздржуваат, треба да бараат прошка од Бог преку светата тајна Покајание и Исповед. Вели дека целта е секој да се подвизува со расудување, затоа што не секогаш брачните партнери се верници или пак се со исти духовни сили. Најдобрата варијанта е ако и двајцата сопружници се на исто духовно рамниште и со исти сили се воздржуваат. И на крајот кажува дека сепак телесните задоволства се последица на нашата падната природа со текот на стареењето слабеат, за на крај да бидат воочени во нивната вистинска смисла.
Сепак, Бог е милостив+++



Изменето од ahmar1 - 05.Јануари.2009 во 11:45
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
becenevem Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2108
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај becenevem Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 11:37
Sexot e sveta rabota,
ama za zal se najde na tezga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.