IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Православни проповеди - текстови, MP3
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Православни проповеди - текстови, MP3

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 10>
Автор
Порака
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2008 во 23:41
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2008 во 23:43
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2008 во 23:46
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2008 во 23:47
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2008 во 13:03


http://fb.esnips.com/doc/6f5b509d-0ce6-4fe1-bc15-7e3ed7f043fa/p4.-Izreke


Изреки од Свети Антониј





Изменето од Miki_P - 24.Декември.2008 во 13:21
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2008 во 13:14
РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО

Во Евангелието не е укажан точниот датум на раѓањето на Исуса Христа. Не е укажано дури ни времето на годината, и судејќи по тоа, што во евангелските раскази се говори за пастирите кои ноќе го пасат стадото, може да се помисли дека овој настан се случил во лето. Оттука се јавува прашањето: од каде и како се појавил христијанскиот датум на Рождество - 25 декември? Ова прашање - не е бескорисно љубопитство. Одговарајќи на него, ние дознаваме нешто и за суштината на христијанската вера, поточно - за сфаќањето на христијаните на својот однос кон надворешното, т. е. кон Христа Кого светот се уште не го познавал, во Него се уште не верувал.
Всушност, истовремено со распространувањето на христијанството, на почетокот на нашата ера, во грчко-римскиот свет се случило многу брзо распространување на последната поголема незнабожечка религија: култот кон сонцето. Во седумдесетите години од III-от век римскиот император Аврелијан дури оваа религија на сонцето ја прогласил за официјална религија на целата Римска империја. Таа го прославувала сонцето како извор на животот и затоа - како повозвишена божествена сила. Како и целото незнабоштво, тоа било обожавање на природата, природните животворни сили. Главен празник кај религијата на сонцето биле деновите на таканаречната зимна краткодневница, т.е. последните денови од декември, кога по најголемото оддалечување на земјата од сонцето повторно започнува нашето приближување кон него, и според тоа - зголемување на топлината и светлината, приближување кон пролетното оживување на природата и торжество на животот над умирањето. Астрономските закони на вртење на земјата околу сонцето, се разбира, се уште не ги знаеле луѓето од таа епоха. За нив оваа победа на светлината над темнината, тоа оживување на природата - било божествено чудо. А во центарот на чудото е - сонцето - изворот на светлината, изворот на животот. Култот кон сонцето и постанал последна голема религија на веќе осуденото на смрт незнабоштво, а празникот на зимната краткодневница во декември - последен поголем незнабожечки празник. Затоа овој култ за христијаните бил главен противник и соперник, имено со него христијанството ја водело последната битка.
На почетокот на IV-от век римскиот император Константин, кој самиот на почеток бил поклоник на сонцето, се обрнал во христијанство. Се завршила епохата на гонењето, на христијанската црква и било овозможено отворено и без пречки да го устројува својот живот, да гради храмови и, главно, слободно да ја проповеда својата вера. Според пресметките на историчарите, во моментот на обрнувањето на Константин во христијанство христијаните составувале не повеќе од 10% од целокупното население на империјата, при што тие, речиси целосно, припаѓале на градското население. Земјоделскиот слој речиси воопшто не бил допрен од христијанството. И станала неопходна проповедта за Христа како за Спасител да се донесе до оние 90%, тие да се обрнат во новата вера. А за ова требало да се победи незнабоштвото, и тоа не со надворешни, принудни мерки, а одвнатре, т.е. јавувајќи му ја на човекот не само предноста на христијанството над незнабоштвото, но и универзалната и спасителна вистина која во него се содржи.
Главен метод на обрнување и станало ползување на христијаните со незнабожечките верувања, еден вид на нивна “сублимација”: нивно очистување и исполнување со христијанска смисла. Во декември незнабожците го празнувале раѓањето, раѓањето на сонцето. И ете, во овој ден христијаните започнале да го празнуваат рождеството на Исуса Христа, да го празнуваат како раѓање на вистинското, духовно сонце, влегување во светот на вистинската, духовна светлина... Бидејќи ете, дури и денес на денот на Рождеството Христово, главното песнопеење на овој празник кое го слушаме е: “Рождеството Твое Христе, Боже наш, му засветлило на светот со светлината на разумот... не научило да Ти се поклонуваме на Тебе, Сонцето на правдата...” Како што гледаме, христијанството ја примило вообичаената тема за незнабожците и сите дохристијански култури, тема на сонцето како светлина и живот и преку неа ја разоткривало својата вера во Христа. “Вие верувате во сонцето - како да му кажувала Црквата на светот - но тоа природно, физичко сонце е - символ, одблесок, орудие на друго, возвишено, духовно сонце. Божественото Сонце - и во него е животот, светлината, победата... Вие го прославувате раѓањето на физичкото сонце, ние ве повикуваме да го прославите доаѓањето во светот на Божественото Сонце, ве повикуваме од физичкото, видливото да го воздигнете вашиот ум кон духовното и невидливото”.
Така празникот на Рождество Христово станал еден вид на исполнување на она што го празнувало незнабоштвото: празник на настаните кои го завршувале, исполнувале чекањето, очекувањето, верувањата на сите луѓе. Се она што човекот го сместувал во своето поклонување на сонцето: верата на човекот во смислата на светот, во неговата светлоносност, во неговата разумност и божественост - на се тоа христијанството како да му дало име - Христос. Така се појавил празникот на Рождество Христово и како увенчување на сите човечки претчувства и очекувања, целата неискоренлива жед по смисла и добро на човекот, и во исто време - како почеток на нова религиозна епоха. Епоха која повеќе не ја обожавала природата и нејзините слепи сили, а се поклонувала на Оној Кој е над природата, иако и одразен во неа. Оној Кој - самиот е извор на целиот живот, негова содржина и цел. Така одвнатре било надвладеано незнабоштвото, то ест поклонувањето на творбата, а не на Творецот, така бил ослободен човекот од ропството на светот и природата со примањето на “светлината на разумот” од Христа.

Светлина на разумот

“Рождеството Твое, Христе Боже наш, му засветли на светот со светлината на разумот...” Така започнува тропарот на празникот на Рождество Христово, со тврдењето дека со Христа во светот не влегол само образот на совршениот човек, но и повозвишеното, сеопфатно откровение на Смислата.
Светлина на Разумот! Тука имено од вечност се води битка против христијанството и Христа, и стануваат против Него сите оние кои мислат дека имаат разум во себе и по себе, и дека во име на разумот и разумноста тие треба да го уништат се она што е поврзано со Младенецот од Витлеемската пештера.
Речиси две илјади години се одолговлечува овој спор. Ете доаѓа апостол Павле во Атина и стапува во Ареопагот, каде седат светилата на науката и философијата од тоа време, и таму - во срцето на светот на Антиката - го проповеда Христа Распнатиот и Воскреснатиот. И тие, овие мудреци, му се смејат и му говорат: “За ова ќе те слушаме утре”. А зад нив стои целата моќ на големата Римска империја.
Со христијаните се борат, ги гонат, ги тепаат, во течение на речиси две стотини години - тие се надвор од законот, лишени од се, парии. Над нивното учење се потсмеваат, нивните обреди - ги исмеваат, ги клеветат.
Но среде овој мрак и злоба истиот апостол Павле им пишува на христијаните, и толку едноставно, толку спокојно: “не сметаат за измамници, но ние сме верни, ние сме непознати, но ќе дознаат за нас. Не сметаат за умрени, но ете, ние сме живи. Не казнуваат, но ние не умираме. Не огорчуваат, а ние секогаш се радуваме. Сиромашни сме, но многумина ги збогатуваме. Ништо немаме, но со се владееме”.
Поминуваат години. По малку, постепено, философите, научниците започнуваат да се замислуваат над ова учење кое им се чинело толку несфатливо, нерационално, туѓо. Ете, во средината на вториот век, еден философ по име Јустин. Тој го поминал целиот живот трагајќи по вистината, ги изучил сите науки, и најпосле пришол на христијанството. До нас дошло неговото дело. Што го привело кон оваа гонета вера и маченичка смрт? Тој одговара: “светлината на разумот”, возвишената разумност, сеопфатната мудрост на христијанското Откровение. Тоа, христијанството - единствено тоа одговара на сите прашања, единствено тоа до крај е способно да ја задоволи гладта на човечкиот ум и жедта на човечкото срце.
Тоа е Логос, што на грчки значи “смисла” и “разум”. А зарем не е кажано во Евангелието, дека Тој е - Логос, смисла и разум на се? Уште неколку десетлетија - и пред нас е друг претставник на античниот Олимп - Климент Александриски. И тој исто така, преминува во христијанска вера и ја разоткрива како врв на разумот, како граница и исполнување на сите барања, на сите очекувања на човекот. И колку ги има, слични на Јустин и Климент. И најпосле, самата Империја ја наведнува својата горда глава пред распнатиот Учител, Кого толку долго го презирала.
Започнува “христијанската ера” во историјата на човечкиот развој и култура. И зар може да се заборават корените од кои израснало се тоа преку кое ние живееме и дишеме? Христијанството влегува во плотта и крвта на нашиот живот, без него не е сфатлива ни уметноста, ни философијата, ни науката.
Но ете, во наши денови повторно се бунтува надменоста на умот човечки против ризницата на разумот, доброто и убавината. Загледајте се во тој бунт - за што тој се држи? Само за силата. Спор ли е тоа или убедување? Кај непријателите на христијанството, на крајот на краиштата, не сретнуваме други аргументи, освен клеветата и пропагандата.
Како одговор - со таква сила се слуша од храмовите торжествената песна: “Рождеството Твое, Христе Боже наш, му засветли на светот со светлината на разумот”. Толку уверено, толку цврсто ние исповедаме дека таму каде што има чесна потрага, жед по вистината и љубов кон неа - тие порано или подоцна ги приведуваат кон Христа. “Зашто во Него беше животот, и животот им беше светлина на луѓето...” “И светлината - продолжува евангелистот Јован - во темнина светли, и темнината не ја обзема”.
Во ова тврдење, во оваа исповед е - смислата на празникот Рождество. Светлината на Разумот влегла во светот и засветлувајќи ни тогаш, не си заминала, не се угаснала. Колку далеку сме пошле во изучувањето на светот, и ете, најдобрите умови на нашето време започнуваат да ја чувствуваат славата Божја, светлината на Неговиот разум во оној неопфатлив космос, во неговите закони, во неговата убавина. Ѕвездата која ги водела мудреците до пештерата, престанува да биде умилна сказна, ние повторно ја слушаме предвечната правда на зборовите на псалмот: “Небесата раскажуваат за славата Божја, за творбите на рацете Негови возвестува сводот небесен!” Целиот свет се стреми кон единство, мир, љубов. Но каде ќе ги најде? Во економијата? Во ѕвечкањето на оружјето? Во соперништвото?
Се поочигледно расте тагата по нешто, што навистина би влегло во срцето како сеосветувачка светлина на животот. Но во човекот нема срце, освен Христа. Нема друг пат, освен заповедта на љубовта од Него дарувана. Нема друга мудрост, нема друга цел, освен Царството Божјо од Него возвестено, нема друг пат, освен совршенството од Него јавено: “Бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен...”
Ете, со оваа космичка љубов, со оваа светлина гори и светли Рождеството. Со духовниот слух ние ја слушаме истата торжествена слава: “Слава на Бога во височините, и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја”. Со духовниот поглед ја гледаме истата светлина на разумот, со духовен глас одговараме на оваа радосна вест преку благодарствена песна: “Христос се роди - славете! Христос на земјата - дочекајте го! Христос од небесата - вознесете се!

Богомладенецот

“Дете младо - предвечен Бог - со ова ликувачко поистоветување на Младенецот Кој се родил во Витлеемската Пештера се завршува едно од главните песнопеења, составени во ВИ век од знаменитиот византиски песнописец Роман Слаткопоец. Еве го во македонски превод:
Дева денес Го раѓа Оној што постоел од секогаш
И земјата на Недосатапниот пештера Му принесува.
Ангелите со Пастирите Го прославуваат,
А мудреците со ѕвездата патуваат; зашто
заради нас се роди Дете младо, Превечниот Бог.

Детето - Бог, Бог - детето... Зошто дури и кај луѓето кои не се ни топли ни ладни кон верата, дури и кај неверните - не престанува радосно да се стегнува срцето при созерцување, во овие денови на Рождеството - на единственото, неспоредливо видување: млада мајка со дете на рацете, и - околу неа - мудреците од исток, пастирите од ноќното поле, животните, небото, ѕвездите? Зошто толку цврсто знаеме, и повторно и повторно тоа го узнаваме, дека на оваа скрбна земја наша нема ништо попрекрасно и порадосно од ова видување, кое вековите не можеле да го избришат од нашето сеќавање?
На ова видување ние се враќаме, кога немаме повеќе каде да одиме, кога, измачени од животот, ние го бараме она што може да не спаси. Бидејќи ете, во евангелскиот расказ за Рождеството на Исуса Христа Мајката ништо не говори, и се разбира, ништо не говори и Младенецот - како да не се потребни никакви зборови, зашто со никакви зборови не се објаснува, не се определува, не се пренесува смислата на тоа што се случило и извршило тогаш.
А сепак, ќе се обидеме. Не за да објасниме и за да толкуваме. Но како што е кажано во Светото Писмо, “од изобилието на срцето глаголи устата”. И не му е можно на човекот ова изобилие да не го подели со другите.
Бидејќи во овие зборови дете и Бог е најнеобичното откровение на тајната на Рождество. Во некоја длабока смисла оваа тајна, пред се, е обрната кон детето кое продолжува скриено да живее во секој возрасен. Кон детето кое продолжува да го слуша она што возрасниот повеќе не го слуша, и да одговори на тоа со онаа радост за која нашиот здодевен, возрасен, уморен и циничен свет повеќе не е способен.
Да, празникот на Рождество Христово е детски празник, не само во таа смисла што за детето се палат елките, а и во таа, многу подлабока, смисла, што само децата не се зачудени пред тоа што, кога Бог доаѓа на земјата, Тој доаѓа во образ на Дете, и овој образ на Бог-Дете продолжува да ни светли од иконите, се воплотува во безбројни дела на уметноста, најглавното, најпоследното, најрадосното во христијанството се содржи имено тука, во ова “вечно детство на Бога”.
Возрасниот, дури и кога тој разговара на “религиозни теми”, сака и очекува од религијата - објаснувања, анализа, сака се да биде научно, сериозно. И исто толку сериозно и, на крајот на краиштата, досадно размислува за религијата и нејзиниот непријател, атеистот, пукајќи во неа од своите “научни” пушки. Ние немаме попрезирачки однос кон што и да е, од она што е изразено во зборовите: “Ова е за деца од помлада возраст”. Тоа значи - не е за возрасни, не е за умни и сериозни луѓе. Но децата ќе пораснат и исто така, ќе станат такви сериозни и досадни.
А Христос рекол: “Бидете како деца”. Што значи ова? Она што обично го нема кај возрасните, и поточно, што кај “возрасниот” е затрупано, потопено, задушено со дебелиот слој на неговата возрасност? Зарем, пред се - не им е на децата својствена способноста да се восхитуваат, радуваат и, главно, да бидат целовити и во радоста и во тагата? И уште способноста - да се доверуваат, да се предаваат, да љубат и да веруваат со цело суштество? И најпосле, сериозно го примаат тоа за што возрасниот веќе не е способен, за мечта, за она што го пробива нашиот делничен опит, нашата цинична недоверба, таа длабочина на тајната на светот и на се во него, што им се открива на светите, децата, поетите.
И затоа, само пробивајќи се кон детето, кое скриено живее во нас, радосната тајна на доаѓањето за нас на Бога во образ на дете - може да ни постане наше достоинство.
Детето нема ни власт, ни сила, но во својата безвласност тој се покажува како цар, а во бессилноста и незаштитеноста е - неговата зачудувачка сила. Она дете од далечната Витлеемска пештера не сака, ние да се плашиме од Него, Тој влегува во нашето срце не со застрашување, не со докази за својата сила и власт, а само со љубов. Како дете - тој ни се предава, и како дете - ние можеме само да Го возљубиме и да Му се предадеме себе.
Во светот царува власта и силата, стравот и ропството. Од нив не ослободува Богомладенецот Христос. Само љубов, слободна и радосна, само да Му го дадеме нашето срце, Тој бара и сака од нас. И Му го предаваме незаштитено, до крај доверувајќи Му се на Младенецот.
На празникот на Рождество Христово Црквата ни ја јавува радосната тајна: тајната на слободата, на љубовта од никого ненаметната. Љубовта која е способна и Богомладенецот да го увиди, ќе узнае, ќе го возљуби Бога и ќе стане дар на новиот живот.

По Рождеството

Само што се допревме до радоста на Рождеството, овој празник на мир и добра волја, кои зрачат од образот на витлеемскиот Младенец, Евангелието како да не повикува да бидеме сведоци на изблик на страшна злоба кон Него, злоба која веќе никогаш не ќе се прекрати, никогаш не ќе ослаби. “Кога Исус се родил во Витлеем во деновите на цар Ирод, во Ерусалим дошле мудреците од Исток, кои говореле: каде е родениот Цар Јудејски? Бидејќи ние ја видовме Неговата ѕвезда на исток и дојдовме да Му се поклониме. Откако го слушнал тоа, царот Ирод се растревожил... и собирајќи ги сите првосвештеници и книжници народни, ги прашал: каде треба да се роди Христос? Тие му рекле: во Витлеем Јудејски, бидејќи така е напишано кај пророкот... Тогаш Ирод, тајно повикувајќи ги мудреците, го узнал од нив времето на појавување на ѕвездата и, испраќајќи ги во Витлеем, рекол: појдете, внимателно дознајте се за Младенецот и, кога ќе го најдете, известете ме, и јас да појдам да Му се поклонам. Тие, откако го ислушале царот, пошле. И цело време - ѕвездата која ја виделе на исток, одела пред нив, и најпосле пришла и се запрела над местото каде што бил Младенецот. Увидувајќи ја ѕвездата, тие се израдувале со многу голема радост и, откако влегле во домот, го виделе Младенецот со Марија, Мајката Негова, и паѓајќи на колена Му се поклониле, и отворајќи ги ризниците свои, му принеле дарови: злато, ливан и смирна. И откако во сон примиле откровение да не се враќаат кај Ирод, по друг пат си заминале во својата земја. Кога пак, тие си заминале, Ангел Господов му се јавил на сон на Јосиф и му рекол: стани, земи го Младенецот и Мајката Негова и бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам, бидејќи Ирод сака да го бара Младенецот, за да Го погуби. Тој станал, Го зел Младенецот и Мајката Негова и пошол во Египет... Тогаш Ирод, увидувајќи дека е исмеан од мудреците, многу се разгневил и испратил да ги убијат сите младенци во Витлеем и во сите краишта негови, од две години надолу, според времето кое го узнал од мудреците. Тогаш се случило кажаното низ пророкот Јеремија, кој говори: глас се слуша во Рама, плач и ридање, олелија голема; Рахил плаче за децата свои и не сака да се утеши, зашто ги нема”. Таков е евангелскиот расказ.
Да ги оставиме настрана прашањата, кои овој расказ ги предизвикува кај современиот читател: кои биле овие мудреци, кои дошле од исток да Му се поклонат на Христа? Како да се сфати ѕвездата која ги донела во Витлеем? Кои пророци возвестувале за раѓањето на Спасителот во Витлеем? И така натаму. Со сите овие прашања многу се занимавале учените истражувачи на свештениот текст, и нивните одговори се интересни. Но најглавното во овој расказ е друго. Најглавното - тоа е реакцијата на Ирод. Од историјата ние знаеме дека Ирод, кој царувал во Палестина со согласност на римските окупатори и под нивно покровителство, бил тиран, жесток и несправедлив. Во евангелскиот расказ ни се дава еден вид на вечен образ на судир на земната власт, која за себе нема друга цел, освен да владее и со сите сили да се крепи и оградува себе - од она во што гледа закана и опасност. Колку познато ни е се тоа! Пред се - стравот и сомничавоста на Ирод. Со што, би се рекло, му се заканува на него Младенецот, за чие раѓање не се нашло друго место, освен пештера? Но ете, доволно е, некој - во дадениот случај тоа се таинствените мудреци од исток - да го нарече непознатото, незаштитено, сиромашно дете цар, за да биде пуштен цел механизам на истрага, иследување и гонење. “Тогаш Ирод тајно ги повикал мудреците...” Задолжително тајно, бидејќи овој тип на власт знае дека таа може да дејствува само тајно, и тоа значи - беззаконо, несправедливо. И понатаму: “Појдете - говори Ирод - кај мудреците, внимателно узнајте за Младенецот”. Така го гледаш налогот на иследникот: да се создаде “дело”, внимателно да се подготви, за да нема пропуст во расправата која се подготвува. Потоа лагата: “Известете ме, за и јас да појдам да Му се поклонам...” Колку сме виделе, колку сме преживеале такви лаги, таков удар кој, лека-полека, се подготвува. И најпосле, бесмислената и крвава расправа: за да се уништи еден, да се убијат стотина. Да се дејствува без ризик, упорно и не заради нешто друго, освен заради сочувување на посакуваната власт, во која нема никаква поткрепа, освен насилие, жестокост и готовност да се убие... Светлината на Рождеството и темнината на оваа злобна власт, развратена од страв и сомничавост. “Слава на Бога во височините, и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја”, а од друга страна, страшната зла волја која никогаш не умира, мртвиот здив на мртвата власт. Омраза кон светлината, кон мирот, кон слободата, кон љубовта. Желба да се искоренат без остаток. Отсуство на секаква жал. Што и е грижа на таа власт за плачот и ридањето на мајките, кои не можат, не сакаат да се утешат?
Две илјади години поминале од тогаш. И истите тие две власти противстојат една на друга на оваа наша многустрадална земја: власта на властољубците, слепите во својот страв, страшните во својата жестокост - и светлата власт на витлеемскиот Младенец. И како целата сила, целата моќ да е во таа земна власт, во нејзината полиција, во нејзините иследувачи, во нејзините бесмртни /стукачи-нема во речник/. Но како и да е: бидејќи секогаш над светот стои и светли ѕвездата, секогаш светли образот на Младенецот во рацете на Мајката. И не замолкнува песната: “Слава во височините на Бога”, не умира надежта, верата, љубовта. Рождеството се случило во минатото: но неговата светлина останува со нас.


Изменето од Miki_P - 24.Декември.2008 во 13:27
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2008 во 13:16
ВОЗДВИЖЕНИЕ НА КРСТОТ

Празникот на Воздвижение на Крстот... Со векови во овој ден на соборите на архиереите, опкружени со зборот на духовенството, среде храмот, високо над оние кои се молат се издигал крстот и ги осветлувал сите четири страни, а хорот во тоа време громогласно пеел “Господи, помилуј!” Тоа бил празникот на христијанската империја, која се родила под знакот на Крстот, во денот кога императорот Константин во видение го видел Крстот и зборовите: “Со ова ќе победиш...” Тоа е Празник на победата на христијанството над царствата, културите и цивилизациите, празник на оној христијански свет кој се распаднал, се распаѓа пред нашите очи.
Да, и оваа година, како и секоја, ќе се изврши овој торжествен древен обред. И хорот радосно ќе пее: “Крстот на царевите им е држава, крстот - е убавина на вселената”. Но околу храмот ќе трешти огромниот град, без учество во ова сокриено торжество, никако со него поврзан, милиони луѓе ќе продолжат да си го живеат својот секојдневен живот, со неговите немири, интереси, радости, таги, не имајќи никаков однос со она што се извршува во храмовите. Зошто се осмелуваме да ги повторуваме овие зборови на победата, повторувајќи ги одново и повторно за Крстот, дека тој е - неуништлива победа?
За жал, треба да се признае дека многу христијани не би знаеле да одговорат на овие прашања. Многу христијаните како да се навикнале на тоа, Црквата да биде изгонета на заден план на животот, да биде протерана од културата, од животот, од училиштата - од секаде. Многу христијани се задоволни со тоа што со презир им дозволуваат да ги “исполнат своите обреди”, само тие да се однесуваат тивко и послушно, да не му пречат на светот да го гради својот живот - без Бога, без Христа, без вера, без молитва. Тие, овие уморни христијани, веќе и не се сеќаваат што рекол Христос ноќта пред Распетието: “Во светот ќе имате жалости, но не плашете се, зашто Јас го победив светот”.
Но ми се чини, ако го празнуваме овој празник на Воздвижение на Крстот, ако ги повторуваме древните зборови на победата и торжеството, тоа не е за да си спомнеме за победата на минатото, да си спомнеме за тоа што било и што повеќе не е. А за тоа, би требало, за подлабоко да се замислиме околу смислата на овој збор “победа” во христијанската вера.
Можеби, само денес, кога сме лишени од надворешна сила, надворешна победа, подршка на власта, небројни богатства, лишени од се она што се чинело символ, знак на победа, ние сме способни да сфатиме дека, можеби, се тоа и не била вистинска победа.
Да, со злато, сребро и драгоцени камења бил украсен оној Крст кој преку рацете на свештениците се издигал над човечката толпа, но ни златото, ни среброто, ни драгоцените камења не се способни да ја затемнат вистинската и првобитна смисла на Крстот: срамно орудие и мачна казна, на кое со клинци бил закован човекот од сите отфрлен, задишан од бол и жед.
И ќе имаме храброст да се запрашаме: зар не згаснале поради тоа сите тие христијански царства и култури, зар не се превртела во пораз победата поради тоа што сме ослепеле ние, христијаните, за последната смисла, последната содржина на главниот символ. Решиле дека со злато и сребро може да се затемни оваа смисла и дека се што од нас сака Бог - тоа е да се поклониме на минатото.
Но да се почитува Крстот, да се подигне, да се пее за победата на Христа - не значи ли тоа, пред се - да се верува во Распнатиот, да се верува дека крсниот знак - тоа е знак на еден потресувачки, единствен по својата смисла, пораз, кој - само во силата на овој пораз, само во мерата на неговото примање како пораз - и станува победа и торжество.
Не, не дошол Христос во светот за надворешна победа: Нему Му било предложено Царствотот, и Тој го отфрлил. Во моментот на Неговото предавање на смрт, Тој рекол: “Зарем мислите дека Јас не можам да го умолам Мојот Отец да ми испрати легиони на ангели, кои би ме заштитиле?”. Но никогаш Христос не бил повеќе Цар од тогаш кога, опкружен со злобната и занишана толпа, одел кон Голгота, носејќи го на грбот Крстот Свој. Никогаш не била толку очигледна Неговата царственост и сила, како во тој час, кога Пилат го извел пред толпата, облечен во багреница, осуден на смрт како престапник, со трнов венец на главата, и кога Пилат и рекол на збеснатата толпа: “Еве го Царот ваш!”
Бидејќи само тука е целата тајна на христијанството, и затоа неговата победа е - во радосната вера, во тоа што во отфрлениот, распнатиот и осудениот во светот засветлела љубовта Божја, се открило Царството, над кое никој нема власт. Секој од нас треба само да го прими Христа, да го прими со сето срце, со сета вера, со сета надеж. Инаку сеедно е, никакви надворешни победи немаат смисла.
И можеби, на нас ни било неопходен тој надворешен пораз на христијанскиот свет, неопходно било тоа осиромашување и отфрлање, за да се очисти нашата вера од секоја земна надменост, од надежта на надворешната сила, на надворешната победа. За да се очисти нашето видување на Крстот Христов, кој се вознесува над нас и над светот, дури и ако ние и светот не го гледаме тоа.
Се вознесува и победува, без разлика на се. “Крстот е - убавина на вселената”. И во каква и темнина да е човекот, колку и надворешно во светот да торжествува злото, срцето знае и слуша: “Не плашете се. Јас го победив светот”.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2008 во 13:32
Протојереј Александар Шмеман


Символот на верата

1. Вовед

Во животот на христијанската Црква одамна зазел и продолжува да зазема посебно место таканаречениот Символ на верата: релативно кратко исповедање на она во што верува Црквата. Зборот “символ” во неговото првобитно значење може да се преведа вака: она што “одржува заедно, соединува, содржи”. Така ете, Символот на верата ги содржи сите тие вистини кои - Црквата верува - се неопходни за човекот, за полнотата на неговиот живот и за спасение од гревот и духовната гибел.
Историскиот Символ на верата се појавил од подготовките на новообратените, т.е. оние кои повторно поверувале, подготвени да стапат во Црквата, кон тајната на крштевањето. Во древноста, главно крштевањето го примале возрасни. Како и денес, луѓето пристапувале на верата, го примале Христа, сакале да стапат во Црквата, да станат членови на црковната заедница - секој како резултат на својот посебен пат. Бидејќи секое обратување, секоја средба на човекот со Бога - е тајна на благодатта Божја, во која да проникнеме не ни е дадено. Едни му пристапуваат на Бога во страдание и мака, други во радост и среќа. Така било, така ќе биде секогаш.
Раѓањето на верата во душата на човекот е тајна. И се разбира, самата вера во Христа го приведува човекот кон Црквата, кон заедницата на оние кои веруваат во Христа. Самата вера бара и треба единство на верните кои со ова свое единство, со љубовта еден кон друг сведочат пред светот дека се ученици и следбеници Христови. “По тоа ќе ве познаат дека сте мои ученици, - рекол Христос - ако имате љубов меѓу себе.” Љубов и единство на верата, за која апостол Павле вели дека таа ја чини главната радост на христијаните: “многу сакам да ве видам - и пишува тој на христијанската Црква во Рим - за да се утешам со вас во заедничката вера, ваша и моја...”
Христијанскиот живот на неофитот започнувала со тоа што него го носеле кај епископот на помесната Црква, и тој со раката правел крст на челото на новиот христијанин, како на него да става знак Христов. Човекот пришол на Бога, поверувал во Христа. Сега, се разбира, треба да ја дознае содржината на верата. Тој станува ученик, го прогласуваат, како што се говори во црковните книги, за огласен. Бидејќи христијанството - тоа не е емоција, не е едноставно чувство, не, тоа е - средба со Вистината, тоа е - тежок подвиг на негово примање со цело суштество. Како човек кој страстно ја љуби музиката, за да ја изведува, треба да помине низ тешка обука, така и оној кој поверувал во Христа, го возљубил Христа сега треба да ја осознае содржината на својата вера и тоа на што таа го обврзува.
Во предвечерјето на празникот Велигден - бидејќи во раната Црква крштевањето се извршувало во велигденската ноќ - секој кој се подготвувал за крштевање торжествено го читал Символ на верата, го извршувал “давањето на себе”, го исповедал своето примање и своето стапување во единството на верата и љубовта. Во секоја поголема помесна Црква - Римската, Александриската, Антиохиската - имало свој символ на верата, и иако сите тие насекаде биле изразени со едната и неразделна вера, во стилот, фразеологијата, тие се разликувале помеѓу себе. На почетокот на ИВ век во Црквата се појавиле големи спорови кои се однесувале на основното христијанско учење за Христа како за Бога. Во 325 год. во градот Никеја се собрал првиот Вселенски Собор и на него бил изработен заедничкиот, за сите христијани единствен Символ на верата. По неколку десетлетија, на вториот Вселенски Собор, во Константинопол, Символот на верата бил дополнет и го примил називот Никео-Цариградски, заеднички за целата вселенска Црква. Најпосле, третиот Вселенски Собор во Ефес во 431 година, востановил, овој символ за вечни векови да остане неприкосновен, со други зборови, на него да не се прави никакво дополнување.

Оттогаш вселенскиот Символ на верата се пее или чита во Црквата на секоја литургија. Тој е сеопшт, за сите обврзувачки израз на Црквата на својата вера. И затоа секој кој сака да дознае во што верува Црквата, во што се состои нашата вера, во што е нашата Вистина која христијанството му ја носи на светот, - одговорот на тоа се наоѓа во Символот на верата.
Верувам...
Да се задржиме на оној збор со кого започнува Символот на верата. Тој збор е - верувам. Тоа со себе ја определува целата тоналност на Символот на верата, неговата духовна исклучителност и единственост. Затоа, макар тој збор да ни се чини познат и сфатлив, треба да се замислиме над него, секој од нас треба потворно да го открие и постојано да го открива.
Значи, што говорам, или подобро кажувам - за што говорам кога го произнесувам словото верувам? Ми се чини дека доволно е да се зададе ова прашање, за да се почувствува, пред се, најдлабоката различност на самиот збор “верувам” од сите други, со кои ја изразувам содржината на моето внатрешно “јас”.
Кога велам - “јас мислам” и на мене и на другите им е сфатливо за што станува збор: за усмереноста на моето сознание на овој или оној објект. Да се рече “јас мислам кој е Бог” - тоа значи да се искаже некоја претпоставка, изградена на овие или оние премиси... Кога велам “јас знам, убеден сум, чувствувам” - останувам во границите на потполно објаснивите, разумни состојби на моето сознание, кои во себе не содржат ништо загадочно. Ни на една од овие состојби зборот “верувам” не е применлив, бидејќи тој за нив не е неопходен. Да се рече “верувам дека ќе падне дожд” - едноставно е глупаво, бидејќи тука имам работа со објективен факт.
На тој начин, очигледно е дека зборот верувам се однесува само на она што во мене и надвор од мене е - лишено од очигледност. Инаку говорејќи, на она што е лишено од сетилна очигледност, и рационална очигледност, и најпосле, фактична очигледност.
А со тоа, и овде доаѓаме до она главното, зборот верувам не само што постои и, според тоа, соодветствува, макар и во мене, на нешто реално и исполнето со внатрешна сила, такаречено нема потреба од потврда однадвор. Јас велам “верувам” само за тоа што очите не го гледаат, ушите не го слушаат, рацете не го допираат, со што нема однос никакво “два плус два се четири”, туку она во што јас верувам и што низ таа вера знам.

„Бога никој никогаш не го видел...“ За верните верата е различна од се, бидејќи во тоа е нејзината суштина, што таа е усмерена на она што “едноставно” да се знае и “едноставно” да се докаже не е возможно. Во таа смисла верата може да се нарече и чудо, и тајна. Преку чудото таа се чувствува. Навистина, од каде во душата, од каде во сознанието таа истовремено радосна и страшна несомненост на присуството, средбата, духот на љубовта која обзема? Како да не сум тоа јас, а некоја сила во мене говори верувам како одговор на таа средба. Јас не можам да ја објаснам со зборови, такаречено зборовите зборуваат - се за земното, за фактите, за видливото, за допирливото. А опитот на верата - толку очигледно - е опит одгоре - и како да се изрази, како тој да се пренесе? Како јас да не сум пришол некаде, а некој да пришол кон мене, се допрел до моето срце: “стојам пред вратата и чукам!”... тоа чукање, тоа доаѓање го почувствувала душата, се радува и знае...
Чудо и, според тоа, тајна. Верата е - тој допир со тајната, согледување на друга димензија, својствено на се во светот. Во верата оживува тајната смисла на животот. Зад мазната, објаснива, еднозначна површност на нештата започнува да светли нивната вистинска содржина. Самата природа започнува да говори и да сведочи за тоа што е над неа, внатре во неа, но различно од неа. Говорејќи со наједноставни зборови - верата гледа, знае, го чувствува во светот - присуството на Бога. Таа, според тврдењето на апостол Павле, е “обличје на нештата невидливи”, и навистина - за верниот се во животот и самиот живот започнува да се чувствува како пројава. “Небесата зборуваат за славата Божја, творбата на рацете негови светот ја возвестува”. Тоа не е - поезија, тоа е глас, тоа е сведоштво на верата. Чудо, тајна, знаење, радост, љубов. Се тоа прозвучува во зборот “верувам!” - кој истовремено е и одговор и утврдување. Одговор на Оној Кој ме возљубил, утврдување на моето примање на овој настан, реалност на оваа средба. “Верувам!” - и понатаму целиот Символ на верата - расказ, сведоштво за тоа што во оваа средба душата го узнала.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2008 во 13:34
Протојереј Александар Шмеман

2. Во единиот Бог Отец...

Верувам во единиот Бог Отец. Ова исповед на единиот Бог е почеток на сите почетоци, основа на сите основи, на христијанството. Христијанството влегло во светот во кој царувало многубоштвото. Бидејќи дохристијанскиот човек бог ја нарекувал и ја обожувал природата, т.е. многуобразноста на силите кои дејствувале во неа. “Светот е полн со богови” - рекол грчкиот философ Талес, и тоа во превод на денешниот јазик, означувало дека во светот дејствуваат мноштво на сили и “закони”.

Христијанството со својата проповед, со своето исповедање на единиот Бог станало против обожувањето на светот. Единиот Бог - тоа значи дека сите сили, целиот живот, сите “закони”, се што живее во светот и самиот свет - е од Бога, но не е Бог. Незнабоштвото, многубоштвото го чувствувало божествениот извор на светот, но не знаело за Бога. Неговите “богови” биле само одраз на светот. Оттука во многубоштвото - постои соперништво на “богови”, оттука идолопоклоничкиот, магиски, карактер на незнабоштвото.
Затоа да се објави, исповеда единиот Бог - значи да се утврди првенството на духовното, повисоко битие, кое единствено е способно да ја пројави смислата на секоја појава во животот.

И истовремено Символот на верата го нарекува овој еден Бог - Отец. “Верувам во единиот Бог Отец...” Бидејќи ако зборот Бог ја означува апсолутната височина на Божеството, Неговото апсолутно превасходство над светот, опитот на Бога, како Возвишен, Недостиглив, Друг, тогаш именувањето на Бога со Оца не ја утврдува само врската на Бога со светот, но и таквата врска, чија суштина е во љубовта, блискоста и грижата. Ако христијанството го отфрла многубоштвото и го објавува Бога како апсолутно битие, со таква сила го отфрла и восприемањето на Бога кое се нарекува деизам. Тоа е сфаќање на Бога како “причина”, или, според знаменитата аналогија на Волтер, како Часовничар кој создал сложен механизам, го привел во движење, но во самото движење веќе не учествува.

Имено таквото - апстрактно, чисто философско - сфаќање на Бога и се отфрла во именувањето на Бога со Отец. Отецот дарува живот, но продолжува да го љуби своето создание, да се грижи за него, да учествува. За Бога во Евангелието е речено дека “Тој е љубов”. И затоа во тоа именување на Бога со Отец - веќе е заложена, веќе е изразена и нашата возвратна љубов кон Него, нашата доверба, нашето љубовно, синовско послушание на Него.
Нарекувајќи го Бога Отец, Символот на верата Го исповеда и како Седржител. “Верувам во Бога Оца, Седржителот”. Со овој збор ја изразуваме својата вера во тоа дека Бог, кого ние го нарекуваме Отец, во својата промисла го содржи - целиот живот, или подобро речено - тоа дека се во Неговиот свет, се е од Него, се живее преку Него.

За ништо христијанството не вложило толку усилби колку на борбата со таканаречениот дуализам, со верата на многу христијански религии во постоењето на две начала: светлото и темното, доброто и злото. Дуализмот се појавил од опитот на страдањето, злото, грдотијата, кои царувале во светот. Бидејќи пак, страдањето, злото, во сфаќањето на дуалистите - е од материјата, од неа е неопходно да се бега во чистата духовност. “Материјата” е - од злото, таа е зло... Понатаму уште ќе зборуваме за тоа, како христијанството го сфаќа злото, разлеано во светот кој е создаден од благиот и светол Бог. Сега ќе подвлечеме само дека ова сфаќање исклучува каков и да е дуализам.

Светот е создаден од љубов. И ако отпадне од љубовта, тоа е пад, а не суштина на светот.
И најпосле, Символот на верата го исповеда Бога Отецот. Седржителот и “Творецот на небото и земјата, на се видливо и невидливо”. Светот е создаден, неговиот извор е во Бога. Тој не е само од себе, не е случајно спојување на клетките, не е апсурд. Тој е осмислен, тој има почеток и има цел, и се во него е во однос со возвишената Божествена мудрост: небото и земјата, видливото и невидливото. “И виде Бог дека е добро...” Со оваа исповед се отфрла секое упростено сфаќање на светот, секое негово сведување на чиста “објективност”. Создаден од Бога, светот ја одразува Божествената мудрост, Божествената убавина, Божествената вистина. Се е од Бога, се е проникнато со повозвишена смисла - и во ова, како што ќе видиме понатаму е - и радоста, но и трагизмот на светот и животот во него.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2008 во 13:39
Протојереј Александар Шмеман

2. И во единиот Господ Исус Христос

Зборот или титулата Господ, на грчки - к*риос во епохата на раѓањето на христијанството означувал - водач на кого му е доделена Божја власт и сила, испратен од Бога, во име Божјо, за да управува со светот. Оваа титула си ја присвоиле римските императори, за да го нагласат Божествениот извор на својата власт.

И оваа титула христијаните на императорот не им ја признавале, не плашејќи се ни од смртта, ни од гонењата, тврдејќи дека во светот постои еден Господ, еден носител на Божествената власт и дека овој Господ е - Исус Христос. И поради тоа, поради тоа откажување, Римската Империја два века ги гонела христијаните. Но затоа од овој збор и следува да се започне објаснувањето на христијанската вера во Христа.
“Верувам во Едниот Господ Исус Христос, Синот Божји Единороден”. Произнесувајќи ги овие зборови, ние веднаш влегуваме во срцевината на христијанството, неговата “оригиналност”. Верата во единиот Бог е својствена на сите поголеми религии - исламот, јудаизмот и на оној распливнат “деизам”, т.е. признавањето на повисоко Божествено начало и извор на животот, распространето среде милиони луѓе, кои не се прибројуваат на ниедна историска или традиционална религија.

Од сите овие религии христијанството се разликува по тоа што, истовремено со најчистиот монотеизам, т е. верата во едниот Бог, тоа исто така е вера обрната кон Христа: кон Човекот, по име Исус, кој живеел во Палестина пред околу две илјади години, чиј живот: доаѓањето, учењето, смртта - се опишани и запишани во книгата која се нарекува Евангелие - т.е. блага и радосна вест, составено од четирите евангелисти: Матеј, Марко, Лука и Јован.

Христос. Произнесувајќи го ова слово, ние прво соединуваме две имиња - Исус Христос, и забораваме дека ако првото име - Исус - е навистина човечко име, кое доволно често се сретнува во Палестина во таа епоха, тогаш второто - Христос - е титула која означува Помазаник. Овој збор е преведен од древноеврејското Месија. Низ сите книги на Стариот Завет се сретнува пророштво за тоа дека Бог во светот ќе испрати Месија, Помазаник, т.е. Човек кого Тој, Бог, ќе го облече во божествена власт, ќе го исполни со Свет Дух, и ќе го испрати на луѓето за да им ја возвестува својата волја, да ги спаси од гревот и злото, да ги соедини со себе за вечни векови.

Како што царевите и пророците ги помазувале со елеј, символот на духовната сила, така и овој Божествен пратеник ќе биде Месија. Очекувањето на Месијата посебна напрегнатост достигнало во епохата опишана во Евангелието. Првото тврдење на Евангелието и се состои во тоа дека Човекот Исус, започнувајќи ја Својата проповед во Палестина, и е Месија, Помазаник Божји - Христос. Оној Кого го очекувале, за кого се молеле и кого го објавувале сите пророци, дошол. Човекот Исус - е Христос. Таков е почетокот на христијанската вера.
...И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина, вистински Бог од вистинскиот Бог, роден, нестворен, едносуштен на Отецот, преку Кого се станало...
И најпосле, последното, кое овенчува се со себе, сеопфатното откровение: овој Господ, овој Христос Кого Бог го испратил во светот, како Своја љубов и Свое спасение - е Син Божји Единороден. Нарочно велам - откровение. Бидејќи сите останати слова: Господ, Христос, Помазаник - ние ги наоѓаме во историјата на спасението, тие се уште можат да бидат ограничени со човечкото, тварното.
Но да го јави во Христа Синот Свој Единороден може само Бог, само Отецот. И во денот кога Исус Христос доаѓа да биде крстен од Јован Претеча, во смирено послушание на Бога, Бог ни ја открива таа тајна:
И во тие денови, дојде Исус од Назарет Галилејски
И се крсти од Јован во Јордан,
И кога излезе од водата, ги виде Јован небесата отворени.
И Духот како гулаб, кој слегуваше на Него.
И се слушна глас од небесата: Ти си Син Мој возљубен,
Во Кого е моето благоволение.
Тука завршува спорот. Бидејќи нема со кого да се спори. Овде е тајната, а за тајната не се спори, неа ни ја открива Бог. Тој нема потреба ни од “утврдување”, ни од оправдување. Целата историја на светот, историјата на спасението водела кон ова Божествено Откровение, кон овој дар на љубов и светлина, и секој кој е од светлината, ќе ги прими. Христос е Син Божји, Христос е Бог. И ние веруваме во ова, затоа што му веруваме на Отецот и му веруваме на Христа. Бидејќи “Бог толку го возљуби светот, што го даде Синот Свој Единороден, за секој кој верува во Него да не загине, но да има живот вечен”.

Символот на верата додава: “во Синот Божји Единороден”. Тоа значи дека Христос е - Син Божји не во онаа општа смисла, во која сите луѓе, бидејќи создадени од Бога, можат да бидат наречени деца Божји, а во смисла на единственото и исклучително слово Единороден, т.е. единствен, еден - несоздаден, а роден од Отецот пред сите векови. Така учел Христос за Себе, и оваа вера ние ја примаме од Него. Ние Му веруваме. И во оваа вера Бог престанува да биде апстрактна идеја. Тој се разоткрива како Отец на Синот Свој Единороден, затоа што Тој е вечна Љубов кон Синот, вечна радост за Него, Негово вечно возвратување: “...Отецот го љуби Синот - говори Христос - и се Му предал...” Исто така и Синот: вечна љубов, послушание, вечно возвраќање на љубовта.

Да, се истоштува нашиот ум, нашиот паднат и ограничен разум. Се изнемоштува пред длабочината, величието и - човечки речено - и непостигливоста на оваа тајна. Но оваа тајна ни ја возвестува Христос: сосем друго, ново за нас и неслушнато учење за Самиот Бог. И ете на ова Црквата не престанува да тврди дека Христос е - “Светлина од Светлина, вистински Бог од вистинскиот Бог”.

Тука, во ова неслушнато учење, поминува линијата меѓу оние кои оваа вера ја примаат и преку неа живеат, и оние кои не ја примаат, велејќи дека, иако Христос на луѓето им донел забележително, возвишено морално учење, Самиот Тој е - човек, а не Бог. Ќе се запрам на овој избор, затоа што тој, без сомнеж, го определува целото наше сфаќање на христијанството. Може да се каже вака: или целосно го примаме Евангелието, го примаме целото учење на Христа, како што тоа ни е дадено во Евангелието. Или, слично на Толстој, нешто примаме во него, а нешто отфрламе. Го примаме она со што се согласуваме, што го “разбираме”, а го отфрламе она што не го разбираме. Треба само да се сфати дека, ако го одбираме вториот пристап, ние самите стануваме судии на Евангелието, и што е уште пострашно, сметаме дека Христос погрешил и учел на невистина. Но ако во нешто Тој погрешил и учел на невистина, тогаш каква е вредноста на другите Негови слова и на целото Негово учење? Ако го читаме Евангелието без предубедување, тогаш не може да има никакви сомнежи во тоа дека Христос се сознавал себе како Син Божји, испратен во светот од Отецот, за да го спаси светот. И во тоа е целата смисла на Евангелието, т.е. на таа блага вест, која учениците на Христа ја разнеле по целиот свет, таа тајна, која Исус Христос му ја возвестил и јавил на светот.

Затоа со примањето на оваа тајна и започнува христијанската вера, и во вечното вдлабочување во неа се состои христијанскиот живот.
Во што се состои тајната, која Отците и учителите на Црквата ја нарекувале пресветла и прерадосна? Одговорот на ова прашање се наоѓа во едно слово, и ова слово е - Љубов. За Бога и Евангелието е речено дека Тој е Љубов. Не се работи за тоа дека меѓу Божествените “својства” е и призивот кон љубов, а самиот Бог е Љубов. Но нема љубов без оној кој љуби и оној кој е љубен и нивното единство. И ако оваа љубов е апсолутна, таа и се воплотува во апсолутно единство, така што оној што љуби може да каже: ние сме - единствени, ние сме - едно.

Затоа може да се каже вака: ако Бога го нарекуваме совршено Битие, ако совршенството ни е разоткриено како Љубов, ако “Бог Љубов е”, тогаш Бог не е осаменост, такво вечно Јас - без вечно Ти. Не, Бог е апсолутно, себлажено единство на Оној Кој љуби, Оној Кој е љубен и љубовта, или како што од Него Самиот ни е разоткриено: Отецот, Синот и Светиот Дух.

“Оче! - говори Христос во ноќта на предавството - да бидат сите едно - како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе, така и тие да бидат во нас едно - да поверува светот дека Ти си ме пратил”. Ете ја смислата на Символот на верата за Синот Божји Единороден.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2008 во 13:44
Протојереј Александар Шмеман

3. Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небесата...

Пред се, да се запреме на словото спасение. Да се запреме затоа што овде имаме работа со сфаќањето кое на секој верен му е извесно, на кое тој толку се навикнал, што тоа за него престанало да звучи во целата своја смисла. Затоа треба да се нагласи дека христијанството - тоа е религија на спасението. А тоа не значи - едноставно “подобрување” на животот, помош во секојдневните тешкотии, разоткривање на апстрактните норми и принципи на поведение, а спасение. Спасението ја претпоставува гибелта. За спасение, а не за утеха и утешни слова моли човекот кој тоне, или човекот чиј дом е во пламен, или човекот кој лета во пропаст. Меѓутоа, чувствувањето на гибелта - и затоа преживувањето на христијанството како спасение - како да изминало през долгите векови на христијанството и големото мнозинство на христијани, иако по навика и го повторуваат словото “Спасител”, “спасение” и молбата “спаси не”, внатрешно, потсвесно ги преживуваат поинаку, не така како што ги преживувале христијаните на почетокот.

Во христијанството се случила своеобразна замена на зборовите, или подобро е да се рече - не на зборовите - бидејќи зборовите останале исти - а на смислата на зборовите, на тоа како тие звучат. Таа замена се случила затоа што сме престанале да се чувствуваме како суштества кои навистина гинат, суштества чиј живот неумоливо се стреми кон бесмислено распаѓање, кој е проголтан од злото, бесмислата, ужасот на умирањето и смртта, животната борба за опстанок, страшната страст за власт, војната на сите против сите, лагата која ги труе самите извори на животот, сивилото и осудата на сите на смрт, то ест се она што се обидува, и за жал, со успех, да го задуши, да го извалка нашата таканаречена “цивилизација”. Сме се научиле да го не забележуваме се тоа, а така веќе е многу страшно да се живее. Се тоа сме се научиле да го заговоруваме со суетата на секојдневниот живот. Не, не случајно се посилно грми заглушувачката бучна музика, се прекарува ритамот на животот, се зголемува бројот на новини кои не заглушуваат со секој ден. Тоа е човештво кое се плаши да се запре, се плаши да се замисли, се плаши да остане насамо со себе и да ја увиди гибелта, стравот, омразата и злото како самиот живот на кој сме осудени. Меѓутоа, таквото чувствување е образот на животот во Евангелието. Христос доаѓа при луѓето, “кои во темнина се” и “сенка смртна”. Тоа е првата определба во Евангелието на судбината човечка. Радоста на божиќната ноќ веднаш е помрачена. Ирод сака да го убие Младенецот и заради тоа убива мноштво на младенци, и ете, евангелистот Матеј пишува: “во Рама се слуша глас, плач и ридање, Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши, зашто ги нема...”

Христос проповеда само за љубовта, само за проштевањето. Но од каде таа омраза која се збива околу Него и Го приведува, безизлезно, неумоливо, на крстот? Во центарот на Евангелието е овој ужас на предавството, изневерувањето, страшната злоба, потта која паѓа на земјата како крв. Човекот кој во претсмртната мака “започнува да се ужаснува и да тагува”, викајќи од крстот: “Боже мој! Боже мој! Зошто си ме оставил?” - го предава од страв пред толпата Пилат, му се потсмеваат, го тепаат, го плукаат римските војници, му се потсмеваат фарисеите, народот вика - распни, распни Го! - ете го во Евангелието образот на светот и животот. Доволно е да се замислиме еден миг, за да увидиме дека се ова секогаш се случувало, секогаш се случува, дека во светот царува и со животот управува гибелта. И ако човек не се врати кон ова чувствување, ако не започне од него, тогаш во христијанството нема смисла, и тоа, всушност, нема што да им каже на луѓето. Бидејќи само разоткривајќи ја длабочината и ужасот на гибелта, христијанството се разоткрива себе - или, поточно, Христа, Неговото учење и Неговиот повик - како спасение. Спасение не од ова или од нешто друго, а спасение на самиот живот, кој толку безнадежно се истргнал од сопствената содржина, од Бога, од светлината, од небото, од Вистината, од вечноста, и во ова истргнување станал страшно и смрдливо вриење на луѓето, еднакво осудени на бесмислена гибел. Се ова ние и го исповедаме кога во Символот на верата ги произнесуваме едноставните и вечни слова: “Заради нас луѓето и заради нашето спасение”. Заради нас, за мене, за тебе, за секој поединечно и за сите заедно; за нашето спасение. Секој пат кога го повторуваме тоа тврдење, ние исто така, го утврдуваме и нашето знаење за гибелта.

Многумина би сакале да ја оддалечат од христијанството оваа сврзка: спасение од гибелта, спасение затоа што постои гибел. Многумина би сакале да го “обезвреднат” христијанството, да го направат додаток на животот, бит, древност, добар обичај. Но како што од Евангелието не може да се истави крстот и распетието, така од христијанството не може да се истави овој сооднос на гибелта и спасението. Може да се каже: секоја вистинска средба со Христа ми ја разоткрива, пред се, темнината, гибелноста и бесмисленоста на мојот живот. Го гледам Христа, и затоа што Го гледам, сфаќам дека овој живот кој го живеам, не е тој, не е вистинскиот, а е живот проникнат со гибел, осуден на гибел. И мојата вера во Него, во Христа од таму започнува, со тоа што на некој таинствен и необјаснив и со тоа, не помалку самоочигледен, начин, дознавам дека само Тој, Христос, може да ме спаси, дека само Тој, само во Него е спасението и мое, и на ближните, и на сите, и на се. “Заради нас луѓето и заради нашето спасение”. Така целото Евангелие, целата вера, преку овие слова од Символот на верата, се однесува на мене и на мојот живот. И само ако го почувствувам тоа со целото суштество, станувам способен да се замислам над тоа во што се состои спасението.

И се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева, и стана човек...

Од Светиот Дух и Марија Дева. Мислам дека за неверните, за луѓето надвор од христијанството, нема поголем камен на сопнување и соблазна од верата на христијаните во тоа дека Исус Христос се родил од Дева. Од верата во тоа, за жал, се откажале и многу христијани, особено оние протестантски образовани луѓе /научници/ кои го изучуваат Евангелието и верата “научно” и на кои верата во Мајката-Дева им се чини неприфатлива, им се чини насилие над умот, суеверие. Не се сомневаат, смирено го прифаќаат ова евангелско учење простите луѓе и оние кои се смирени. И не само што го примаат, но го примаат и како радосен дар, како светла и радосна тајна, која на Бога му било угодно да ни ја открие. А бидејќи да се докаже “вистинитоста” на ова безмажно зачнување и раѓање е невозможно, и ние, било да веруваме, било да не веруваме во тоа, било смирено да го прифаќаме, било, такаречено, “принципиелно”, во името на науката и во името на разумот отфрлајќи го, па и говорејќи за него ние можеме да се обидеме само да раскажеме што оваа вера му дава на нашето сознание, на нашето срце, што ни открива таа во длабочина.

Се разбира, верата во раѓањето на Христа од Дева, која е објавена во Евангелието, повторно и остро го поставува прашањето за умот, за разумот и за границите на овој научен пристап кон сите појави, кои единствено нашиот разум и ги знае и во кои тој навистина е врховен судија. Ова прашање е толку важно затоа што девството на Божјата Мајка, како што Црквата ја нарекува Марија, Мајката на Исус, се отфрла преку разумот. Разумот говори: тоа не се случува, и затоа ова не може да биде, и затоа ова не се случило. И затоа тоа треба да се избрише од Евангелието. Така што, на крајот на краиштата, се се сведува на избор: што е на повозвишено ниво - Евангелието или разумот, кој кого суди, што со што се проверува - Евангелието ли со разумот, или разумот со Евангелието? Веднаш ќе забележам дека оваа дилема воопшто не се однесува само на тврдењето на верата - на раѓањето на Христа од Дева. Таа се однесува, како што ние одлично знаеме, пред се, на Самиот Бог. Истиот тој разум, истата таа наука не знае ни за Бог-Творец, ни за Бог-Љубов, ни за Бог-Спасител. Бидејќи науката знае само за она што може да го провери и низ оваа проверка, како што говори философијата, емпириски да го докаже. Според тоа, проблемот се проширува. Станува збор за тоа, постои ли сфера на знаење, на појави на животот, која, не станува збор за тоа дали е потчинета на умот, не - христијанството на умот му дава високо место - но во која умот, во секој случај, нашиот земен, човечки ум, нема потполна власт, не може и затоа не треба да донесува никаков потполн суд. Или уште вака: има ли умот граници, надвор од кои, ако само тој е вистински, такаречено, “умен ум”, говори: јас не знам. Велам “умен ум”, затоа што, надвор од секој сомнеж, постои и глупав ум, и тој обично и вика посилно од сите и се смета себе сезнаен. Вистинскиот ум, вистински образованиот човек за многу нешта говори: “јас се уште ова не го знам”, и ова незнаење е неизмерливо подостојно за вистинската наука, од надменото сезнаење.

Ете така, христијанската вера, христијанството во однос на умот зазема таква позиција: тоа, како прво, го признава умот за возвишен дар од Бога на човекот, навистина Божествен дар; тоа, како второ, тврди дека, како и се во светот, како и целиот човек, умот е помрачен и ограничен од гревот и затоа не може веќе се да познае и објасни. И најпосле, како трето, тоа смета дека умот може и треба да се просветли, просвети, задлабочен и роден низ верата. А за ова умот треба да се смири, а тоа значи - да се дозволи дека во светот не дејствува само тој и /од друга страна/ слепата и непромислена причинетост, која единствено умот ја достигнува, а тоа дека во светот дејствува Бог, за кого е речено, дека Неговите патишта не се наши патишта, Неговата мудрост не е наша мудрост, и дека Бог ја руши гордоста на умот, кој го утврдува своето сезнаење. Но тогаш отпаѓаат и сите аргументи /противења, несогласности/ за кои зборувавме на почетокот: тоа не се случува, и затоа тоа е невозможно, тоа не соодветствува на законите на природата кои ни се извесни, и затоа тоа не се случило, и така натаму. Бидејќи, најдлабоките закони на светот и не ни се познати, непозната ни е неговата мистична длабочина, со која умот се сретнува преку дејството во него на Бог-Творецот, Бог-Љубовта, Бог-Промислителот. Затоа што верата и Црквата сосема не утврдуваат дека тоа се “случува” и дека тоа е “возможно”, то ест деца можат да се раѓаат без татко, од дева. Верата и Црквата само тврдат дека овој нечуен, невиден и за нашиот паднат ум невозможен настан се извршил тогаш, само тогаш, кога на земјата, во образ човечки дошол Самиот Бог! Затоа верата во девството на Марија, Мајката на Исус, сосема не зависи од тоа “возможно ли е” или “невозможно ли е” тоа, се случува или не се случува. Самата Црква во една од своите молитви утврдува: “туѓо им е на мајките девството и туѓо му е девството на мајчинството”. Оваа вера зависи само од тоа, веруваме ли ние дека Христос е - Бог, кој дошол на земјата, при нас, “заради нашето спасение, заради нас луѓето”.

Ако веруваме, тогаш станува сфатлива (не, не на голиот разум, а на длабочината на нашето сознание) и тајната на безмажното раѓање. Бидејќи во оваа тајна и се содржи верата на Црквата во Христа, Неговото знаење како Бог и Човек, како Бог Кој станал човек, како Човек исполнет со Бога, обожен. На нас не ни е дадено да го сведеме Бога на земја и да Го вочовечиме. Тоа Божјо решение, Божја иницијатива, причината на Неговото вочовечување не е во земното, не е во еден од земните закони, но само во Бога, Христос е - Син Божји. Но своето човештво, својата плот и крв Христос ја прима од нас, луѓето, и ја прима од Дева Марија, на која преку Духот Божји, Неговата творечка сила и љубов и е дадено да стане Мајка и со ова мајчинство за вечни векови, засекогаш и до крајот да не сроди со Христа, Синот Божји, да го јави како еден од нас, како Син Човечки. Слободното решение на Бога, кој создава нов човек, слободното примање на човекот на овој дар: ете ја смислата на нашата вера, ете ја радоста нејзина. Бог снисходи од небото, за човекот да се искачи на небото. Низ Исуса Христа - ние сме деца Божји, низ Марија - Христос е со нас, во нас, наш брат, наш син, наш Спасител. Се ова и е изразено во краткото исповедање на Символот на верата: “и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева, и стана човек...
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2008 во 13:50
Протојереј Александар Шмеман

4. И кој беше распнат за нас во времето на Понтиј Пилат

Каква е смислата на ова спомнување - на Пилат, при набројување на се она во што верува Црквата? Зошто тоа име се спомнува во врска со распетието, смртта и воскресението на Христа, едно име среде безброј имиња на луѓе кои учествувале во осудата и мачењето на невиниот Учител? На ова прашање треба да се дадат два одговора еднакво важни за нашата вера, суштествени, централни.

Првиот одговор е ваков: името на Пилат се спомнува затоа што со тоа Црквата ја утврдува историчноста на овие настани, во кои го исповеда спасението на светот и човекот.

Постои и втора причина за спомнувањето на името на римскиот управник во Символот на верата, и таа јасно е укажана во зборовите на Пилат, кој тој, според Евангелието по Јован, му ги кажал на Христос Кој стоел пред него. Христос молчи. И Пилат прашува: “Зошто не ми одговараш? Зарем не знаеш дека имам власт да Те распнам и власт да Те отпуштам?” Тоа значи дека земната судбина на човекот кој стоел пред Пилат, смртта и животот на човекот зависеле од него, Пилат. И Пилат, како што ни е познато, знаел дека во овој човек нема никаква вина. “Оттогаш - пишува евангелистот Јован - бараше како да Го отпушти”, то ест Пилат барал случај, за да го отпушти Христа - и не го отпуштил. Не го отпуштил, бидејќи се плашел од толпата, бидејќи полесно му било да и угоди, предавајќи на смрт невин човек, отколку да го отпушти - да ризикува да дојде до немири, бунт, поткажувања во Рим и слични нешта. Пилат бил слободен. Неговата власт, говори Христос, му била дадена одозгора, и тоа значи - за правда, праведност, заштита на слабите. Пилат слободно го избрал злото. Имало еден момент, еден, само еден - кога се зависело од него, и тој го знаел тоа, и свесно постапил против совеста, против правдата... Не, тука немало судбина, Пилат не бил бесмислен исполнувач на туѓата волја, играчка во нечии раце. Пилат бил слободен. И токму таа слобода на Пилат ја прави неговата постапка толку безизлезна, толку страшна и апсолутно трагична. Затоа спомнувањето на името на Пилат во Символот на верата - (секогаш, секој ден, во тек на илјада години), тоа ни е напомнување, на секого од нас, за тоа дека ние сме слободни. Оној миг кога Пилат можел да го отпушти Христа или да го ослободи - тој миг трае вечно, трае во животот на секој од нас. Нема ден во кој ние не стоиме пред изборот, и нема ден во кој на секој од нас преку власта која му е дадена одозгора според гласот на совеста кој никогаш не лаже, да ја знае правдата /вистината/ - и или да ја одбере, или да ја отфрли.

Во секој човек можеме да го узнаеме образот на Христа, и или да му направиме добро, или да Го предадеме - од страв, од слабост и малодушност, како што тогаш, во тој петок пред Пасхата, во шестиот час тоа го направил Пилат. Само во однос на оваа слобода, која никој нема власт да ни ја одземе, и се решава нашето спасение или пак, нашата духовна гибел. Христос не спасил, но тоа спасение кое ни го дарувал да го направиме наше спасение - можеме само самите ние, само гледајќи на човекот кој стоел пред Пилат, од сите отфрлен, од сите предаден, од сите оставен. “Тогаш излезе Исус во трње и багреница. И му рече Пилат: ете човек!” - не знаејќи, дека во овие зборови е единствениот суд над нас, бидејќи секој од нас е слободен да го прими или да го отфрли и предаде Него. Така, спомнувајќи го името на еден човек, Символот на верата, за вечни векови ни ја разоткрива целата неопфатлива длабочина на човечката слобода. Самиот Бог стои пред нас - не во величие и слава - бидејќи тогаш би му се потчиниле и би станале Негови плашливи робови, не - во трнов венец и багреница. И само во однос кон Него ние сме слободни, како што бил слободен Пилат, и во оваа слобода секој ја решава својата вечна судбина.

Кој беше распнат...

Во човекот Исус Бог не соединил со Себе, ни ја јавил Својата безмерна љубов, ни го отворил пристапот во вечното царство на љубовта и светлината. И ете светот не Го примил и Го отфрлил, како што говори евангелистот Јован Богослов: “Он дојде при своите, и своите не Го примија...” Слезе од небото, и ете - распнат е. Се воплоти, и ете - осуден е на страдање. Се вочовечи - и ете, убиен е и погребен. Во овие спротивности, во овој судир на љубовта со омразата, во судирот на средбата и отфрлањето, дарот и непримањето, Символот на верата ни го разоткрива христијанското сфаќање, или - подобро речено - христијанското знаење, христијанскиот опит на злото, а исто така знаењето и опитот на победата Христова над злото, Неговото уништување на злото...

Првото прашање: зошто Христос бил отфлен? Од каде таа постепена растечка омраза кон Него, чиј последен израз вечно звучи во страшното викање на толпата: “Распни Го, распни Го!”? Бидејќи од моментот кога му се покажал на народот, целото служење на Христа, целата Негова проповед - тоа е едно непрекинато воплотување на љубовта, доброто, сострадувањето и милосрдноста. Христос говори за себе со зборовите на древниот пророк: “Духот Господов е на Мене, затоа што Он ме помазал да им благовестувам на ништите, и Ме испратил да ги исцелам скрушените по срце, на заробените да им проповедам ослободување, на слепите видело, измачените да ги отпуштам на слобода...” Христос оди низ градовите и селата, и толпа луѓе Го следат, кај Него донесуваат болни и страдалници, Го слушаат и, би се рекло, Го опкружуваат со љубов и почитување. Каде исчезна таа толпа, кога Христос стои пред првосвештеникот, а потоа пред Пилат, кога Го тепаат и Му се потсмеваат римските војници, кога Му ги пробиваат дланките и стапалата, заковувајќи Го на крстот? Или тоа е - истата таа толпа, истите тие луѓе? Но тогаш - што ја претворило љубовта во омраза, почитувањето - во отфрлање? Ете Пилат говори: “Не наоѓам во Него никаква вина”; ете разбојникот распнат спроти Христа, говори: “Овој човек не сторил никакво зло...” Но се е бессилно против страшниот напор на омразата, желбата овој човек да го нема повеќе, да биде убиен...

Смислата на евангелскиот расказ, ако се восредоточиме, замислиме, соживееме во него, е едноставна: Христос го отфрлаат, Христос го мразат, Христос го распнувааат не за тоа во што е обвинет, не за измислените престапи, за кои лажливо и клеветнички Го обвинуваат пред Пилат и кои, знаејќи дека тоа е лага и клевета, ги отфрла и Пилат, со тоа не помалку предавајќи Го Христа на срамна и страшна смрт. Не, тука нема недоразбирање, тука нема никаква случајност. Христа Го распнуваат само затоа што доброто и љубовта во Него, заслепувачката светлина која се излевала од Него, на луѓето им се покажале несносливи. Несносливи затоа што Неговата светлина го разобличува злото во кое луѓето живеат и кое тие сами од себе го кријат. Бидејќи во тоа е ужасот на паднатиот свет, во тоа што во него не само што царува злото, но уште и се издава себе за добро, секогаш се крие зад маската на доброто. Во светот царува кружна порака на злото, кое се издава себе за добро! Во името на доброто, слободата, грижата за човекот - и не само тогаш, а секогаш, и сега, во нашите денови - ги заробуваат и убиваат луѓето, ги мамат, лажат, клеветат, уништуваат; секое зло вика: јас сум - добро! И не само што вика, но уште и има потреба постојано да му одговараат. “Ти си - добро, ти си - слобода, ти си - среќа!”

Злото не би имало никаква победа, никаква власт во светот, ако тоа отворено би се покажувало како зло. Злото победува со измама, издавајќи се себе како добро. И таа измама му дава можност на човекот да ја оправдува омразата, убиството, ропството, лагата, изопаченоста. Ете оваа измама и ја разобличува и ја разоткрива Христос. Не ја разоткрива и разобличува само со своите зборови, а пред се со Себе, со своето јавување, со своето присуство. Христос е сведок, а секој престапник знае дека, пред се, треба да се уништи сведокот на престапот, да се огради кружната порака на злото. “И станаа оттогаш - од денот на предавството и убиството и Ирод и Пилат пријатели”. Во оваа кратка забелешка на евангелистот се содржи целата страшна вистина за злото.

Да, Христос го следела толпа, додека Тој помагал, исцелувал, творел чудеса. И истата таа толпа го отфрлила Христа, и врескала “распни Го!” Луѓето преку страшниот инстикт на злото почувствувале дека во овој совршен човек, во оваа совршена љубов е - нивното разобличување, дека со својата љубов, со своето совршенство - Христос од нив бара живот кој тие не го сакаат, љубов, вистина, совршенство, кои за нив се несносливи, и затоа овој сведок треба да го осудат, да го уништат.

Ете - само во ова е целата смисла, целата длабочина на крстот и распетието - во ова видливо торжество на злото, всушност, торжествува доброто. Бидејќи торжеството на доброто започнува со разоткривање на злото како зло. Првосвештениците знаат дека тие клеветат. Пилат знае дека тој предава на смрт човек кој за ништо не е виновен. И миг по миг, чекор по чекор, во ова страшно торжество започнува да се разгорува светлината на победата. Победата прозвучува во раскајувањето на распнатиот разбојник, во зборовите на стотникот, кој раководел со казната: “Навистина овој човек е - Син Божји! Човекот кој умира на крстот - го завршува своето сведоштво. И од него одвнатре - не, се уште не однадвор - е уништено злото, бидејќи е пројавено и вечно се пројавува како зло. Повторувам, крстот - тоа е началото на оваа победа, чиј завршеток е - во смртта и воскресението на Распнатиот.

И страдаше...

“И страдаше...” - говори Символот на верата. Зошто ова повторување, бидејќи зборот “распетие” го содржи во себе сфаќањето на страдањето? Како одговор на ова треба да се каже следното: говорејќи “распнат”, ние пред се, говориме за оние кои го распнале Христа, говориме за злото, за тоа видливо торжество и победа на злото, кои ги изразува крстот и распетието и низ кои од злото, бидејќи тие го изразуваат злото како зло, се симнуваат сите покривки - и започнува уништувањето на злото. Говорејќи пак, “и кој страдаше”, ние говориме за Христа, ние не се восредоточуваме на распнувачите, туку на Распнатиот на Кој го восредоточуваме својот духовен поглед. Ако, како што учеле некои лажни учители осудени од Црквата, Христос не страдаше на крстот, не ги искусеше ужасните физички и душевни страдања, тогаш се, решително се би се сменило во нашата вера во Христа, во верата во Него како Спасител на светот и човекот. Бидејќи тоа би значело дека ние од оваа вера сме го отфрлиле главното, а имено - верата во спасителноста на слободното страдање, самопредавање на Христа на најстрашниот, најнеобјаснивиот и безизлезен закон на “овој свет” - законот на страдањето.

Не ни требаат никакви докази за тоа дека светот е исполнет со страдање. Со физичко страдање и душевно страдање, со бол и мачење во потполна смисла на овие зборови. Со страдање кое често се покажува посилно од стравот од смртта, бидејќи за човек да се ослободи од него, за повеќе да не страда, да не се мачи, тој се убива себе, се откажува од животот. Но ете, толку е очигледно и тоа дека, без разлика на овој сеопфатен и сесветски закон на страдањето, човекот не го прима. Сите религии, сите философии, сите идеологии, кратко речено - сите “рецепти” кои му се предлагаат со векови на човекот, сите без исклучок, ветуваат ослободување од страдањата, прекратување на страдањата. Овде, во ова ветување, исчезнува разликата помеѓу “индивидуализмот” и “колективизмот”, меѓу религијата и атеизмот, меѓу конзерватизмот и радикализмот, и.т.н. И овој факт дека луѓето го примаат ова ветување, веруваат во него, и во извесна смисла само преку него и живеат, докажува дека во човекот неискоренливо е потсвесното или свесното чувствување на страдањата како нешто недолжно. Ако се нарекува нормално тоа што се случува секогаш и секаде, тогаш нема ништо “понормално” од страдањето. Но тоа “нормално” човекот од вечност го чувствува како ненормално.

И ете, треба со сета сила да се каже дека само христијанството, само тоа не му ветува на човекот ослободување од страдањето. “Во светот ќе имате тага” - вели Христос, иако самиот Тој, за време на целото свое служење, само тоа и прави, им помага на оние кои страдаат. Но правејќи го ова и на нас заповедајќи ни да го правиме истото, Христос ни еднаш, никаде не говори, дека Тој дошол да го ослободи светот од страдањето, да го прекрати и уништи. Христос, слободно, знаејќи што Го очекува, “влегува во Ерусалим”, оди да пострада и слободно го прима страдањето, и нас не предодредува за тоа, само ако и во најништожна мера Го следиме и постапуваме според Неговите заповеди. Зошто? Во што е смислата на оваа противречност која ни се покажува? Ете во што: ако Христос во својот земен живот, цело време страда, и сожалува, и исцелува, и помага, тогаш оттука е очигледно дека Тој, како и сите луѓе, не ги прима страдањата како нешто нормално и при средбата со нив, како и секој човек, “се возмутува во духот”. Не, не за страдање и мачење, а за радост и живот преизобилен Бог го создал човекот, и за Христа секое страдање - тоа е победа на злото и злото во светот, создаден од Бога. Сепак, во тоа е ужасот на злото, што тоа го направило страдањето нормално и, заедно со смртта, единствен апсолутен закон на светот и животот. И затоа ниеден “рецепт” против страдањата, меѓу другото дури и чудото на исцелување и оживување на мртвите, не го ослободува светот и животот од страдања, можеби дури и обратно - ја нагласува сесилноста на страдањето, неговата безизлезност. Ја нагласува сета ужаснувачка “нормалност” на ненормалното... Исцелениот повторно се разболува и умира. Утешениот и усреќениот повторно ја спознава тагата и болката на животот, торжеството на злото кое го опкружува, распаѓањето и маките. “Во светот ќе имате тага...” И само сфаќајќи го ова, може да се сфати дека и тоа само ако се има духовен слух, е одговор на Христа, одговор на христијанството - на страдањето. Овој одговор: не е уништување на страдањата, што е невозможно во паднатиот свет, а претворање на страдањето во победа.

Ете тоа претворање и го извршува Христос, слободно примајќи го страдањето, слободно предавајќи му се. Ние не можеме дури ни да ги слушаме тие зборови: претворање на страдањето во победа - или тие засекогаш би останале најбесмислено нешто од сите реторики, од сите самоутехи - ако нашето срце, нашето духовно сеќавање не го чуваше образот на Христос кој страда. Што ни говори тоа сеќавање? Христос, Синот Божји, сјајот и светлината на Бога на земјата, влегол во нашето страдање, го примил до крај, го направил свое страдање во неговата најпотполна и страшна мера: заедно со нас, како еден од нас, но само во натчовечка полнота, “Он започнал да се ужаснува и да тагува”. На тој начин, Тој со своето страдање ни ја открил можноста нашето страдање да го претвориме во сострадување на Него - и тоа значи во духовен подвиг, во духовна борба, во духовна победа. Страдањето - венецот и торжеството на бесмислата и апсурдот - Христос го исполнил со својата вера, својата љубов, својата надеж, и тоа значи - со смисла. Страдањето - од уништување на животот - Христос го направил можност за раѓање во вистински, духовен живот. Можност, велам, бидејќи нема ништо маѓијско во страдањата на Христа. И нема потежок, човечки расудувајќи, понапорен и невозможен подвиг, од претворање на оваа можност во реалност.

Човечки - ние се уште сакаме од Бога, од Христа, прекратување, а не претворање на страдањата, го сакаме она што го сакале луѓето од Него, кои во Христа гледале само исцелител, го гледале само Оној Кој може да го уништи страдањето. Но Христос не ги уништил страдањата ни за Себе, ни за нас. Христос не сметал достојни за неизмерливо поголеми работи: вклучувањето во Неговите страдања, примањето на страдањето како уништување на неговата уништувачка сила, како влез во верата, надежта и љубовта, како победа на духот, како влез во Царството Божјо. “Силата Божја во немоќта се покажува”. И само ако внимателно погледнеме околу себе, ќе се убедиме дека, ако во светот постојат вистински победи на духот, победи на верата, надежта, љубовта, победи во луѓето - на Христа, тогаш сите тие, без исклучок - тоа се победи на ова страдање на Христа, наше страдање со Христа. Се тоа, кажано на нашиот слаб и сиромашен човечки јазик, од вечност сјае и гори само во еден збор од Символот на верата: “и страдаше”.

И беше погребан...

По исповедањето на Христа Кој беше распнат и страдаше Символот на верата тврди и “беше погребан”. И повторно ние неволно се прашуваме: зошто овој збор, а не зборот “и умре”. Погребот, очигледно, ја вклучува во себе, ја претпоставува смртта, а сепак, не е случајно тоа што не се вели смрт, а погреб, кој Црквата го спомнува набројувајќи ги оние настани на животот и служењето на Христа, во кои и низ кои, верува таа, се извршило и вечно се извршува спасението на светот и човекот. И затоа, одговарајќи на прашањето за смислата на словото “и беше погребан”, се допираме до нешто многу важно, до нешто што е срцевина за христијанската вера.

Може да се каже вака: смртта, умирањето се уште се однесуваат на нашиот земен, видлив живот, тие се негов крај и завршување. Смртта, во нејзината биолошка суштина, е самоочигледен факт, непобитен како за оние кои веруваат во она што луѓето го нарекуваат “задгробен живот”, така и за оние кои не веруваат во него. Но погребот на умрениот веќе не се однесува на моментот на смртта, а на она што следува по неа, кон она, како што се однесуваат кон неа, како што мислат и веруваат за неа оние кои го извршуваат погребот. За едни тоа е обред на вечно разделување, признавање на неотповикливоста на смртта како апсолутен крај, како враќање на човекот во она небитие, од кое тој поради нешто се појавил и во кое безизлезно се враќа. Тоа разделување може да се организира со поголемо или помало торжество, да се украси со говори и цвеќиња, но тоа ништо не менува во чувството на безнадежност, бесмисленост, апсурд, со кое е проникнато погребното торжество; човекот постоел, а сега не постои. Крај. За друг погребот ја изразува верата во продолжување на животот по смртта: во древните незнабожечки култови во гробот на умрениот ставале храна, оружје, некогаш дури убивале и жена, за таа да може и во задгробниот живот да биде со својот маж. Таквиот погреб ние одамна сме го разоткриле како детска наивност, суеверие. Така или инаку, погребот секогаш е утврдување на определено сфаќање на смртта. И затоа Црквата во Символот на верата не говори за смртта, а за погребот на Христа. Повеќе од тоа, секоја година, на денот кој му претходи на Велигден, денот кој таа го нарекува Велика и Благословена сабота, Црквата како да го повторува овој погреб, повторно и повторно разоткривајќи го, јавувајќи го, тоа што се извршило, пред се, со самата смрт, кога ја примил, слегол и се нурнал во неа Исус Христос, Синот Божји. Кога по темнината на Великиот Петок, денот на распетието и смртта, денот на пројавување на сета сила на злото, кое се урнало на Христа, ние стапува во сабота - среде храмот се издигнува таканаречената плаштаница, то ест гробот со изобразба на него на мртвиот Христос. Но секој кој макар еднаш во животот, заедно со другите го доживеал тој ден единствен по својата длабочина, по својата светлина, по својата бела тишина, знае - и знае не со разумот, а со цело свое суштество - дека овој гроб која, како и секој гроб, секогаш е сведоштво за торжеството и непобедливоста на смртта, започнува да се озарува со некоја видлива светлина, која речиси може да се почувствува, дека гробот, како што пее Црквата, се претвора во “живоносен гроб”. Да, видливо смртта торжествува во оваа неподвижност на мртвото тело, на овој човек кој не дише. Се се завршило, на се дошло крај. Но смислата, длабочината, со ништо во светот неспоредливата убавина на оваа служба е во тоа што, извршувајќи се крај гробот и околу смртта, таа е созерцување, јавување на необичноста, новина на оваа единствена смрт на овој единствен човек. “О Животе! Како ти умираш? Како можеш ти да се вселиш во гробот?” Ете го прашањето кое ние му го задаваме на Христа кој во гробот лежи. И постепено ни доаѓа одговорот. На ридањето, на недоумот, на очајот на својата мајка, на целиот свет, на целата творба, Христос одговара, и овој одговор прозвучува во потресувачките песнопеења на овој ден: “зарем ти, зарем вие не сфаќате - како да ни говори Христос. - Имав двајца пријатели на земјата: Адам и Ева. И дојдов кај нив и не ги најдов на земјата, која Јас им ја дадов. И љубејќи ги, се спуштив таму каде што се тие - во темнината и ужасот и безнадежноста на смртта”. Да, се тоа е изразено, се тоа е кажано, се тоа се пее на јазик детски, во образи, символи, како во сказна. Но како поинаку да се објави, покаже потресувачката нова вест на тоа што се случува? Оној за Кого Евангелието говори дека “во Него бил животот, и животот им бил светлина на луѓето” - Оној Кој е самиот живот - во љубов и сострадување се спушта во смртта, која Тој не ја создал, но која завладеала со светот, го отрула животот. Смртта го проголтува животот, но ете - во смртта на Христа истата се покажува проголтана од Животот. Во темнината и сенката смртна, во самотијата и ужасот на смртта се запалува светлина. Црквата пее: “Спие Животот и Смртта трепери...”

Рано наутро, се уште во потполна темница, ја носиме плаштаницата околу храмот. И ете веќе не се разнесува ридање, а победна песна: “Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни!” Христос влегува во царството на смртта, на заробениците на смртта објавувајќи им, дека на тоа царство му се приближил крајот. Од сега секоја смрт, колку и да ни се чини ужасна, печална и страшна одвнатре, е победена со тоа што неа ја примил, преживеал и во себе ја изживеал Христос. “Смртта е проголтана со победата” - воскликнува апостол Павле, и крај гробот на секој умрен, ние пееме за “надгробното ридање, кое се претвора во победна песна Алилуја!”

“И беше погребан...” Тоа значи - примајќи ја смртта како своја судбина и исполнувајќи ја со љубов, и тоа значи - со живот, со вера, и тоа значи - со живот, надеж, и тоа значи - со живот. “Каде ти е смрт, осилото? Каде ти е, аду, победата?”
На сите нас ни претстои да влеземе во смртта, да умреме. Но со зборовите на Символот на верата Црквата тврди дека во смртта ние го сретнуваме Христа, дека Тој смртта ја обрнал во средба со себе, во предворие на воскресението.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2008 во 13:52
Протојереј Александар Шмеман

5. И воскресна во третиот ден, според Писмото...

После крстот, после слегувањето во смртта, воскресението од мртвите - тоа е основното, главно, решавачко тврдење на Символот на верата, тврдење само по себе, на срцевината на христијанството. Навистина “ако Христос не воскресна, верата ваша е суетна”. Тоа се зборови на апостол Павле, и тие за христијанството остануваат основа до ден денешен. Христијанството - тоа, пред се, е вера во тоа дека Христос не останал во гробот, дека од смртта засветлел животот и дека во воскресението на Христа од мртвите, апсолутниот, сеопфатен закон на умирањето и смртта кој не трпи исклучок, одвнатре бил урнат и надвладеан...

Воскресението на Христа, повторувам, го чини самото срце на христијанската вера, на христијанската благовест. А сепак, колку и да ни е тоа чудно, во реалниот живот на христијанството и христијаните денес, оваа вера зазема малку место... Таа како да е замаглена, и современиот христијанин, и самиот не знаејќи, не како да не го прима тоа, а како да го избегнува, не живее со тоа, како што живееле со тоа првите христијани. Да, ако оди во црква, тој, се разбира, ги слуша ликувачките тврдења кои одекнуваат во христијанската богослужба: “со смртта смртта ја победи”, “проголтана е смртта со победата”, “животот царува”, “ни еден нема мртов во гробот”. Но ако го прашате што навистина мисли за смртта, тогаш често, премногу често, ќе слушнете некое распливнато тврдење за бесмртноста на душата, кое постоело и до христијанството, и нејзиниот живот во некој задгробен свет. Тоа е се уште добро. Во полоша смисла - ќе се сретнете едноставно со збунетост, незнаење: “знаете, јас никогаш вистински не сум се замислил околу тоа”. Меѓутоа, да се замислиш за “тоа” е апсолутно неопходно, бидејќи повторувам, на верата или неверата - не едноставно во “бесмртноста на душата”, а имено во воскресението - во воскресението Христово и на крајот на времињата нашето “општо воскресение” - на оваа вера се држи целото христијанство. Ако Христос не воскресна, тогаш Евангелието е лага, најстрашна од сите лаги. Ако Христос воскресна, тогаш радикално се менуваат, едноставно отпаѓаат сите наши дохристијански претстави и верувања во “бесмртноста на душата”, тогаш целото прашање за смртта се претставува во потполно различна, радикално различна светлина. Бидејќи воскресението, пред се, го претпоставува односот кон смртта, сфаќањето на смртта - на најдлабок начин различно од обичните религиозни претстави за неа, а во некоја смисла и едноставно обратно од овие претстави.

Треба директно да се каже дека класичното верување во бесмртноста на душата ја исклучува верата во воскресението, бидејќи воскресението - и тука е коренот на се - ја вклучува во себе не само душата туку и телото. Едноставното читање на Евангелието не остава никакво место за сомнеж во ова. Откако го виделе воскреснатиот Христос, апостолите, според расказот во Евангелието, мислеле дека гледаат призрак, привид. И првото дело на воскреснатиот Христос било да им ја јави, да им ја даде, да ја почувствуваат, реалноста на Неговото тело. Тој зема храна и јаде пред нив. На Тома кој се сомневал Тој му вели да се допре до Неговото тело, со палецот да се увери во воскресението. И кога апостолите поверувале, имено објавувањето на воскресението, неговата реалност, неговата “телесност” и станала главната содржина, сила и радост на нивната проповед. Главна тајна на Црквата станува причестувањето со лебот и виното како тело и крв на воскреснатиот Господ - и во овој акт, како што говори апостол Павле, “смртта Господова објавувајќи ја, воскресението Негово го исповедаат”.

Оние кои се обрнуваат во христијанство не се обрнуваат кон идеи и принципи, а ја примаат оваа вера во воскресението, овој опит, ова знаење на воскреснатиот Учител. Повеќе од тоа, тие со оваа вера ја примаат верата во сеопштото воскресение, и тоа значи - во надминувањето, разорувањето, уништувањето на смртта како последна цел на светот. “Последниот непријател ќе се истреби - смртта!” - во некој духовен восхит воскликнува апостол Павле. И секоја велигденска ноќ ние воскликнуваме: “Каде ти е смрт, осилото, каде ти е аду, победата?... Христос воскресна и нема ниеден мртов во гробовите, воскресна Христос и животот царува!” На тој начин, примањето или непримањето на Христа и христијанството е, во суштина, примање или непримање на верата во Неговото воскресение, и тоа значи, говорејќи со јазикот на религиозните претстави, во соединувањето во Него на душата и телото, чие разделување, чие распаѓање и е смртта. Можеме да не говориме за оние кои го отфрлаат воскресението на Христа од едноставна причина, што тие го отфрлаат самото постоење на Бога, то ест можеме да не говориме за убедените, умислени дека се убедени, атеисти, безбожници. Тука очигледно спорот се префрла на друго ниво. Многу е поважно тоа чудно “замаглување” на верата во воскресението, за кое толку говорев, тоа замаглување среде верните, христијаните, кои на чуден начин го поврзуваат радосното празнување на Велигден со фактичкото, често дури и потсвесно отфрлање на воскресението Христово. Во историското христијанство како да се појавило навраќањето на дохристијанското сфаќање на смртта кое, како прво, се состои во нејзиното признавање како “закон на природата”, то ест појава својствена на самата природа, со која, од истата причина, колку и смртта да ни е страшна, треба да се “помириме”, која треба да ја примиме. Навистина, сите нехристијански, сите природни религии, сите философии во суштина само со тоа се занимаваат, не помируваат со смртта, се грижат да ни го покажат началото на бесмртниот живот, бесмртната душа, во некој друг, задгробен свет. И се разбира, како што учи, на пример, Платон, а по него и безброј негови приврзаници, ако смртта е посакуваното ослободување на душата од телото, тогаш верата во воскресението на телото станува не само беспотребна и несфатлива, но едноставно лажна, невистинита.
Значи, за да ја почувствуваме смислата на христијанската вера во воскресението, не треба да започнеме од него, а од телото и смртта, од христијанска гледна точка на разбирање. Тука е коренот на недоразбирањето дури и внатре во христијанството.

Бесмртност

Религиозното сознание го восприема воскресението на Христа, пред се, како чудо, какво, се разбира, тоа и се покажува. Но за битовото религиозно сознание ова чудо останува “единечно”, такво кое се однесува на Христа. А бидејќи ние Христа го признаваме за Бог, ова чудо во некоја смисла дури и престанува да биде чудо: Бог е сесилен, на Бога се му е возможно. И се разбира, што и да ни означува смртта Христова, Неговата божествена сила и власт, не Му дале да остане во гробот. Но се работи за тоа што ова ја составува само половината на почетното христијанско восприемање на воскресението Христово. Радоста на раното христијанство, радоста која и до сега живее во Црквата, во нејзините богослужби, во нејзините песнопеења и молитви, особено во празникот Велигден кој со ништо не може да се спореди - не го одделува воскресението Христово од “општото воскресение”, од воскресението на сите луѓе, воскресението кое започнало во воскресението Христово.

Празнувајќи го, една недела пред Велигден, воскресението на умрениот пријател Христов Лазар кое Тој го извршил, Црквата торжествено, радосно утврдува дека ова чудо е “потврда на општото воскресение”. Но ете во сознанието на верните верата во воскресението на Христа и верата во “општото воскресение” кое со тоа се започнало како да се разединиле. Останала негибната верата во станувањето на Христа од мртвите, Неговото воскресение во тело, за што го повикува Тома кој се сомнева да го допре: “Стави ги прстите твои во раните Мои и не биди неверен, но верен...” Во она што се однесува до нашиот последен удел и судбина по смртта, тие постепено престанале да се восприемаат во светлината на воскресението Христово и во однос кон него. За Христа ние утврдуваме дека Тој воскреснал, за самите себе говориме дека веруваме во бесмртноста на душата, во кое нешто долго пред Христа верувале Грците и Евреите и до ден денешен веруваат сите религии без исклучок, но за таквата вера воскресението на Христа, колку тоа и чудно да ни звучи - дури и не е неопходно.

Во што е причината на ова чудно раздвојување? Причината е во нашето сфаќање на смртта или, подобро кажано, во сфаќањето на смртта како одделување на душата од телото. Целата дохристијанска и нехристијанска “религиозност” се повикува на одделувањето на душите од телата, и истото го сметаат не само за “природно”, но и апсолутно сигурно, во тоа го гледаат ослободувањето на душата од телото кое и смета да биде духовна, чиста и блажена. Бидејќи во човечкиот опит злото, болеста, страдањето, страстите се - од телото, смисла и цел на религијата, на религиозниот живот природно станува ослободувањето на душата од овој “затвор” на телото”, ослободување кое ја достигнува својата полнотија во смртта... Но со сета сила треба да подвлечеме дека таквото сфаќање на смртта е - нехристијанско, повеќе од тоа - несовмесно со христијанството, отворено противно /противречно/ на него. Христијанството објавува, тврди и учи дека одделувањето на душата од телото кое го нарекуваме смрт, е зло. Тоа е она што Бог не го создал. Тоа е она што влегло во светот и го покорило на себе, но против Бога, нарушувајќи ја Неговата замисла, Неговата волја за светот, за човекот и за животот. Тоа е она што Христос дошол да го уништи. Но не за да се сфати, но за да се почувствува христијанското восприемање на смртта, на почеток треба да се кажат неколку зборови за таа Божја замисла, онолку колку што таа ни откриена во Светото Писмо и во својата полнота јавена во Христа: во Неговото учење, во Неговата смрт, во Неговото воскресение.

Кратко, упростено оваа замисла може да се прикаже вака: Бог го создал човекот со душа и тело, то ест истовремено духовен и материјален, имено ова соединување на духот, душата и телото во Библијата и во Евангелието се нарекува човек. Човекот како што го создал Бог - тоа е воодушевено тело и воплотен дух, и затоа секое нивно разделување, и не само последното - во смртта, но и до смртта, секое нарушување на нивното единство - е зло, е духовна катастрофа. Оттука е и нашата вера во спасението на светот преку воплотувањето на Бога, то ест преку Неговото примање на плотта, телото, и тоа не призрачно, “како тело божемно”, а тело во потполна смисла на овој збор: такво кое има потреба од храна, кое се уморува, кое страда. На тој начин, во смртното разделување на душата и телото се завршува она што во Светото Писмо се нарекува живот, то ест она во што и се одржува човекот како одушевено човечко тело и воплотување на духот. Не, во смртта не исчезнува човекот, бидејќи на творбата не и е дадено да го уништи она што Бог го повикал од небитие во битие. Но тој, човекот, се нурнува во смртта, во темнината на безживотноста и бессилноста, тој, како што говори апостол Павле, се предава на распаѓањето и тлението.

Сакам уште да повторам и да подвлечам: не за ова разделување, умирање, распаѓање и тление го создал Бог светот. И затоа христијанското Евангелие објавува дека “последниот непријател се истреби - смртта!” Воскресението е повторно создавање на светот во неговата првобитна убавина и целосност, тоа е потполно одухотворување на материјата и потполно воплотување на духот во созданието Божјо. Светот му е даден на човекот како негов живот, и затоа, според нашето христијанско православно учење - Бог не ќе го уништи, а ќе го преобрази во “ново небо и нова земја”, во духовно тело на човекот, во храм на Божјото присуство и Божјата слава во творбата.
“Последниот непријател е истребен - смртта...” Ова уништување, ова истребување на смртта започнало тогаш кога Синот Божји слободно, од бесмртна љубов кон нас, самиот слегол во смртта и нејзината темнина, нејзиниот очај и ужас го наполнил со својата светлина и својата љубов. Ете зошто на Велигден ние пееме не само “Христос воскресна од мртвите...”, но исто така: “Со смртта смртта ја победи...”

Воскресна од мртвите само Тој, но ја уништи нашата смрт, го уништи нејзиното владеење, нејзината безнадежност, нејзината неотповикливост. Не, Христос не ни ветува нирвана, не ни ветува блед задгробен живот, а востановување на животот, ново небо и нова земја, радост на сеопштото воскресение. “Ќе воскреснат мртвите и оние кои се во гробовите ќе се зарадуваат...” Христос воскресна, и животот жителствува, животот живее... Ете ја смислата, ете ја бесконечната радост на ова навистина главно тврдење и срцевина на Символот на верата: “И воскресна во третиот ден според Писмото”. Според Писмото, то ест во согласност со она знаење на животот, со онаа замисла за светот и за човекот, за душата и за телото, за духот и материјата, за животот и за смртта, кое ни е откриено во Светото Писмо. Во ова се состои целата вера, целата љубов, целата надеж на христијанството. И ете зошто “ако Христос не воскресна, верата ваша е суетна...”
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2008 во 13:55
Протојереј Александар Шмеман

6. И се вознесе на небесата...

“И се вознесе на небесата - продолжува Символот на верата по исповедањето на воскресението на Христа од мртвите - и седна оддесно на Отца” (то ест, во преводот од црквенословенски “до десната рака на Оца”). На тој начин, наше следно прашање, тоа е прашањето за тоа што во нашата вера, а исто така и во нашиот живот изразуваат, кон што повикуваат овие зборови, ова тврдење за вознесението на Христа на небото. Овде треба да се запреме на христијанската смисла, христијанското “прозвучување” на зборот “небо”. Тоа е неопходно, бидејќи непријателите на религијата се ползуваат со него, недобросовесно толкувајќи го како сочувување на христијанството на првобитното, донаучно сфаќање на небото - како небо, такаречено “физичко”, како место во вселената, каде се наоѓа и престојува Бог.

Меѓутоа, ова древно верување нема ништо заедничко со христијанското сфаќање, чувствување и употребување на зборот “небо”. Да, се разбира, тој е земен од оној природен просторен символизам, кој е својствен на сите култури, и во оваа смисла тој треба да се разгледува по аналогија со нашето употребување на таквите зборови, како “висок /возвишено/” и “низок”, “широк” и “тесен”, и.т.н. Бидејќи кога зборуваме за некоја постапка дека таа е “висока”, а за друга - дека е “ниска”, за секого е очигледно дека овде не станува збор за простор, а за наравствена, духовна оценка на дадените постапки, исто како што, определувањето на човекот како “широк” или “тесен” самоочигледно нема ништо заедничко со неговиот телесен состав. Така ете, зборот “небо” на јазикот на речиси сите народи, секогаш имал, освен својата “природна” смисла, исто така и смисла символична или духовна, како што е символот на возвишеното, чистото, дури и задграничното. Да, во своите првобитни претстави за светот, за космосот, примитивниот човек често овој символизам го сфаќал буквално. Првобитната космологија го делела светот, вселената на три степени: небо, земја, пекол, и природно, светото, божественото, возвишеното го населувала на небото, а злото, гревовното и страшното - во пеколот. Така и во физичкиот свет, во физичкиот опит небото “природно” е прекрасно, светлозарно, чисто, возвишено. Но за тоа дека христијанството нема никаков однос кон оваа космологија, сведочат дури и зборовите на апостол Павле, кој ги повикува христијаните “да мислат на небесното, а не на земното”, или зборовите на свети Јован Златоуст, кој радосно говори: “...што ќе ми е небото, кога самиот станувам небо...”

На тој начин, повторувам, секој обид христијаните да се разобличуваат со помош на зборот “небо” за ненаучност, примитивност, глупаво суеверие - тоа не е само обид со негодни средства, но и обид, пред се, нечесен. И се разбира, не може да има никаков сомнеж во тоа дека зборот, дека символот на небото во христијанската вера навистина има клучно значење. Пред се, во расказот за создавањето на светот од Бога, светот се определува како небо и земја. “На почетокот - така се отвора Библијата - Бог го создал небото и земјата”. На тој начин, небото - тоа во христијанската вера не е нешто надвор од светот, не е друг свет. Тоа е - својствено на светот, на творбата својствено духовно, такаречено, негово вертикално измерување. Небото - тоа во светот е нешто возвишено, чисто, духовно, тоа е она што во човекот христијанството го нарекува дух, душа. Оние кои не веруваат во Бога, материјалистите го отфрлаат постоењето на духовна, возвишена, света, реалност својствена за светот. За нив се во светот се објаснува од долу, од материјата, од нејзините чисто физички безлични закони. Но за верниот не земјата, то ест не материјата, а небото го мери со себе животот и неговата смисла, не се сфаќа небото преку земјата, а земјата и земното - преку небото. Носителот на небото во светот, според христијанската вера е - човекот. Човекот е создаден “според образот и подобието Божјо”, на човекот му е даден ум - и според тоа, сила на знаење, на човекот му е дадена совест - и според тоа, знаење на доброто, на човекот му е даден дух - и според тоа, можност да ја постигне убавината и совршенството. Но во својата слобода човекот може да отпадне од небесното во себе, може да посака да живее само на земјата, само со земното, или, соодветно говорејќи, да ги спушти очите свои - и тоа значи својот духовен поглед, своето срце - надолу. Ете тоа и го нарекува христијанството грев и пад. Христијанството верува и тврди дека од овој грев, од ова отпаѓање надолу, од ова оттргнување од небото и дошол да не спаси Христос.

Со своето доаѓање во светот, со своето “вочовечување”, Христос повторно го пројавил “небото на земјата”, образот на животот, обрнат кон височината, кон Бога, то ест, кон возвишеното, чистото, доброто, вистинското, прекрасното - кон се од што се оттргнал човекот во својата редукција, во своето сведување на животот на земјата и земното. Христос ни го отворил, ни го дарувал небото, преку себе ни ја укажал смислата на животот како искачување, восходење, вознесение и со силата, правдата, божественото совршенство на небото ја наполнил не само земјата, но говорејќи со јазикот на примитивните символи, и пеколот.

Христос слегол на земјата. Тој слегол во смртта. Но со Христа и во Него и во животот и во смртта било вратено небото, отворен патот кон победата над се она што е само земја, само земно, и чие крајно и безнадежно завршување е - темнината на смртта. Извршувајќи го се тоа Христос “се вознесол на небото”. И тоа за христијанската вера значи, дека во Христа на небото е вознесен Човекот, дека човекот е приопштен на небесната правда, и тоа значи - се вратил на Бога, на знаењето за Бога, и во Него - кон единствено вистинскиот, а затоа и вечен живот. Секогаш кога во Символот на верата тврдиме: “и се вознесе на небесата” - не говориме само за Христа, говориме и за самите себе. Ако веруваме во Христа, ако сме со Христа - тогаш и ние сме на небото, или, во секој случај, кон небото, кон Христа, кон Бога е устремена нашата вера, нашиот дух, нашата љубов. Ние го знаеме небото како наш вистински живот, и во ова знаење осмислен и радосен станува и нашиот земен живот, бидејќи тој во Христа станал воздигнување кон вознесението.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,265 секунди.