|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 112113114115116 146> |
Автор | |
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сал ја сум најсовршен
најумен најубав циганко една само ти ми беше и мораше да ми заминеш таму негде угоре други таму некои со широка уста чорапаста да ги фалиш и на рака да им гледаш дур у џеп им брцкаш мори една никаква непоштена, те сакав и таква една и никаква. Не чекај ме без чадор да ме најдеш таков нема те гледам ма мори една од одблак темен кај ми ѕиркаш, да ме наврниш да ме настиниш, е нема, не давам, мори една. |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I pak se ragja noviot den
pak bez sonce, samo oblaci tmurni mrak seuste okolu mene so sto li jas ova go zasluziv? Kazna li e ili sudbina? Prasanja milion ama bez odgovor tisina....tisina...ja cuvstvuvas li? nema sepot..nitu zbor... okovi na taga me vrzale a kluc nema, seuste sum ziva...zarem???? Изменето од Lithium - 09.Декември.2008 во 21:36 |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СВЕТЛАТА СТРАНА НА МРАКОТ
Побарај ме кајшто соцето личи на твоите насмевки кога се будиш… Кај што ветрот шепоти низ лисјето со твоите чекори кога низ мислите ми минуваш… Кај што небото е големо око во кое се збрани сите твои солзи а времето сеуште без прекин тече, како реката во која ги прекрсти моите стари навики и им го даде името на твоите неисполнети желби да се препознавам самиот себе во секој што ќе го изговори твоето име… Но немој, не барај ме во срцето твое кајшто времето е проколнат сликар што изгубил дар да наслика срна во светлата шума на спокојот…. Но немој, не барај ме во срцето твое: јас сеуште личам на дождлива есен и мирисам на збор што убива насмевки… |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Koga ke bides sam pomegju 4 zida
Koga ke bides tazen so najcrni misli Seti se... Koga ke mislis deka zivotot e ubav Koga ke mislis deka postoi vistinska ljubov Seti se.... Koga ke baras nacin da izbegas od sebe Koga ke baras malku sonce vo temninata Seti se.... ...ke sfatis deka si go odbral pogresniot nacin na zivot seti se...deka NEMA VRAKANJE NAZAD! |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
x . . . .
најкраткиот пат до ветената земја води низ сонот |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jingle bells
Кога заборавам да те сакам, небото и земјата си простуваат, на постела од изгубени релјефи и размачкани хоризонти. Перниците се глуви тотеми на ноќта, што ги одлепуваат зборовите од своите значења. Олтарите ги оживуваат прошталните звуци, а крстовите веќе не можат да распнуваат. Лош ветер сум за патоказите, а неверојатно добро знам да се одминам себе си, за краток предавнички бакнеж. Најслатка е крвта што се леди во декемвриското лудило. Jingle bells… Времето ме вкоричува во томови што никој не ги отвора. |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Соговорници (лаф-муабет)
Уште колку време ќе им треба на мртвите да ми прозборат? Умеам да чекам. Ако е потребно ќе станам и потстанар во нивните гробови, а ноќите ќе бидат покривка за отапениот сон и премрзнатиот страв, додека чекам одговори на прашањата... ...зошто не си ги потргнуваат лисјата на жалните врби од лицата, зошто никогаш не ги дојадуваат јадењата што им ги готвиме со љубов, зошто косите не им се нишаат кога јужни ветрови го лулаат небото, зошто не се смеат на попската песна со ноти вредни 1500 денари... Зошто не одговараат...? Тука нешто смрди. Или мојот здив или нивното его. Изменето од Quentin - 14.Декември.2008 во 22:02 |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Врв
Колона од невидливи светла, ноќва те води до мојот одар, стихови од изгмечена тишина крадешкум те љубат на местата што никој не ти ги опеал досега. Брзоплето ме крадеш од разбушавениот тефтер на градот, кој ги бележи минувачите што доаѓаат, но не и оние што си одат. Не научи да ми бидеш далечна, ти откована лудачке од моите неподвижни сни... Не научи да ги сакаш луѓето што никогаш не биле на врвот, оти им е страв од остри предмети. |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Обид
За секој од нас, небото чува по една фиока. Осамени по пустините, копнееме дождот да не' одмине, оти мразиме да цапаме со мокри чевли. Се' е старо веќе, луѓето ги открија сите форми на водење љубов. И сите комбинации на зборови се составени веќе за да се означат значајни и помалку значајни нешта. И сите канали за одвод се запушени веќе, со нашите пластични емоции и стаклени насмевки. Ајде да се обидеме да се сакаме, јас од едната а ти од другата страна на излогот од скапа продавница за женска облека. |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I zosto sekoj glas me potseka na tvojot?
I vo sekoe lice ima nekoja tvoja crta? I zosto togas se budev so ubava misla? I zosto denot bese posvetol so tebe? I zosto zivotot togas imase smisla? A zosto sega denovite se dolgi? I nokjte bessoni, so maglivi utra I patot se cini dolg, kalliv, I sekoja moja postapka e pogresna???? |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I koga mislis deka se e sovrseno,
koga izgleda deka sonceto nikogas ne zaogja, koga i nokjta ne ti se cini tolku crna, i koga dozdot ne e tolku poroen, i koga crnoto e belo, koga ti se cini deka zivotot e ubav i deka nema nisto poubavo.... ....ke se najde nekoj kreten sto ke go unisti seto toa |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АЧКА ГАЧКА – КАРАКАЧКА
Ачка Гачка – Каракачка за појадок еже смачка... До ручек уште брав и страчка, две лисици и дива мачка. За вечера волк и мечка, печен слон сосе печка Се што сретна смачка Ачка, се што виде спастри Гачка но пак е гладна Каракачка - ненаситна Ачка Гачка. Леле боже што да прави, леле боже што да чини гладот како да го смири!? Се досети Ачка Гачка, везден гладна каракачка: Кога нема веќе страчки, ежиња и диви мачки кога нема веќе мечки слонови и стари печки, Ачка Гачка – Каракачка реши сама да се смачка. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЧИРИ БУ – ЧИРИ БА
Чири бу – чири ба Пес ќе прави колиба! Желби силни место греди Собрал вполе две - три педи, Цел ден в сенка, ене, седи, Во мислите сал ги реди. Чири бу – чири ба, Леле каква колиба! Ветрец тивко штом ќе пирне И низ гранки лач ќе ѕирне Ќе го фати, ќе го скроти Меѓу греди ќе го вплоти... Чири бу – чири ба Што ќе му е колиба!? Два – три лакти густа сенка Скаени под стара дренка Покрив широк ќе му бидат Дур горештини да минат. Чири бу – чири ба Пес ќе прави колиба! |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Stojadin Lord
Сениор Регистриран: 30.Јуни.2008 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nazad kuci
Preko njive, preko polja s's velik kozuv i krdo snova idem brzo, pjevam glasno, opinke mi u dva dela zjaju, pogled mi sv nasmejan ko sunce vracam se kuci u opajskom kraju. D'lge sm godine tudza krda paso vreme je da svoju stalu zidam, da oplodim ovce i krave i sve ostale zivotinjke male... Iz daleka vidim opajske odzake stare i kazane sta puhu kd rakiju vare, po neku momu ss prsa ka opajski bostan smrad sta od sebe niz sokake siru i pozutele gace sta im pod mrsne robe viru.. Ah, selo moje eto sm ti opet tu raduj se jer zivot ce opet napred da krene kd prostruji lordova krv niz sve kozje vene. Ah, selo moje..... |
|
u mojoj kozi najbolje disem....
|
|
Внеси реплика | страница <1 112113114115116 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |