IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Има ли Бранко граници?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Има ли Бранко граници?!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 51>
Автор
Порака
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2008 во 13:43
Црвенковски:Преговори за името нема да има подолго

Скопје /18/12/ 13:15

Вистински преговори за проблемот со името со Грција нема да има подолг период, изјави претседателот Бранко Црвенковски, во годишното обраќање пред пратениците во македонскиот Парламент.

Според Црвенковски, со потезите што ги влече Владата, надежите за поскоро зачленување на земјата во НАТО и Европската унија(ЕУ) стануваат сè помали.

Македонскиот претседател нагласи дека со популистичка политика, поделба на патриоти и предавници, евроинтегративните процеси водат кон неуспех.

Црвенковски истакна дека без членство во ЕУ и НАТО, нема влез на странски инвестиции, а ќе стагнира и економскиот развој.

„Ако подолго време останеме надвор од ЕУ и НАТО, постои опасност од зачувување на меѓуетничките односи“, рече Црвенковски.

Според него, проблемот со името треба да се реши на достоинствен начин.

„Треба да се обидеме да го решиме спорот со името, но истовремено, да го зачуваме нашиот национален идентитет и јазикот“, порача Црвенковски, нагласувајќи и дека тужбата што Македонија ја поднесе пред Меѓународниот суд на правдата е легитимна, но не е корисна за Македонија.

Црвенковски ја обвини Владата дека со својата популистичка политика ја оддалечува земјата од ЕУ и НАТО, без притоа да му објасни на народот каков план има доколку Македонија подолго остане надвор од овие организации.

Според него, земјата не ја искористила историската поддршка што ја имала од САД за решавање на проблемот со името.

Тој нагласи дека одлуката да се оди на предвремени избори била избрзана, поради што земјата по трет пат испушти шанса да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Говорејќи за светската економска криза, Црвенковски рече дека бил непријатно изненаден од лежерноста на Владата, која не се подготвила како да се справи со кризата.

Тој додава дека мерките што Владата неодамна ги објави не се добри, бидејќи им се простуваат повеќегодишни долгови на некои фирми, а најзасегнатите сектори не добиваат ништо.

Според Црвенковски, Владата треба уште еднаш да се намали јавната и буџетската потрошувачка планирана за 2009. година, бидејќи во спротивно, како што рече, ќе се продлабочат ефектите од кризата.

Црвенковски предупреди и на обемниот буџет што е планиран за 2009. година, додавајќи дека зголемената потрошувачка на тие пари власта не треба да ја користи за победа на следните претседателски и локални избори.

Осврнувајќи се на надворешната политика, Црвенковски рече дека со признавањето на независноста на Косово е признаена новата реалност во регионот, но предупреди дека било каква поделба на Косово, може да ги дестабилизира и останатите земји од Западен Балкан.

Претседателот на државата упати уште еден повик до Владата да именува нов амбасадор во Белград, а со цел, побрза нормализација на односите со Србија.

Црвенковски истакна дека треба да се овозможи демократска и здрава дебата на сите потенцијали во земјата, а сè со цел, изготвување на стратегија што ќе ја води Македонија напред.

На крајот на своето обраќање, македонскиот претседател на својот наследник му посака успех во работата.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2008 во 20:01
Едни аплаудираа, други седеа, така и реагираа. За опозицијата и ДУИ говорот на претседателот реален. За ВМРО-ДПМНЕ чист кариеризам, популизам и жално и недостоинствено обраќање на партиски лидер а не на шеф на државата. За СДСМ срамен потег неприсуството на премиерот, за владата-министрите кои имаат заеднички ингеренции беа во салата.

Нивната оценка во духот на француска шансона, зборови, зборови, зборови.

„Класичната дефиниција за популизмот е токму тоа што денеска го направи претседателот Црвенковски“, изјави Ивица Боцевски, вицепремиер.

„Добрата вест беше што ова е негово последно обраќање, како претседател кој е избран на фалсификувани избори“, вели Антонио Милошоски, министер за надворешни работи.

Еден говор инспирираше многу желби и редица за реакции од владеачкото мнозинство.
Адеми: Излагањето на претседателот беше реално


„Бара прошка, погрешил. Добро е што се признава дека е погрешено, меѓутоа за прошка незнам дали ќе има време“, рече Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието.

„Се на се, надвор од земјата има излезено петнаесетина пати, од кои сигурно десетина во Црна Гора и во Србија на концерти“, изјави Оливер Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Очекувани оценки од власта ,очекувани и од опозицијата.

„Очекуваме дека и парламентарното мнозинство ги сфати препораките, иако не сака да ги признае слабостите“, рече Цветанка Иванова од СДСМ.

„Премиерот на Владата не беше тука. Пропуштивме уште една шанса да демонстрираме пред Европа и пред светот дека сме способни да имаме политички дијалог“, вели Тито Петковски, претседател на НСДП.

И за ДУИ говорот добро конципиран.

„Излагањето на претседателот беше реално. Да, 2008-ма беше таква“, изјави Џеват Адеми од ДУИ.

ДПА за прв пат на говор на Црвенковски прати две пратенички во салата. Останатите беа во Собранието, следеа преку телевизорите, но никој не коментираше. На говорот на претседателот вообичаено присутните за вакви пригоди, не дојде ниту еден лидер на поголемите партии.
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2008 во 21:20
Излагањето на претседателот беше реално


„Добрата вест беше што ова е негово последно обраќање, како претседател кој е избран на фалсификувани избори“, вели Антонио Милошоски, министер за надворешни работи.

a ova bese krajno bezobrazno i nekorektno...da gi vidam koga ke bide sprotivna situacija...

Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
SuicideMessiah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SuicideMessiah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2008 во 09:53
Силвана Бонева ли нашла да го коментира Бранко. А Антонио за изјавата против ОМО никаде го немаше, важно сега со Бранко бил засегнат, а?
ДУИ кажаа, без разлика што се во коалиција со ДПМНЕ, дека говорот бил реален
Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2008 во 12:20
Владеачката коалиција почна да лета во облаците.Човек кога е на власт,заборава како било кога не бил.Само да не излезе народната:КОЈ ВИСОКО ЛЕТА, НИСКО ПАЃА.Или кој на друг гроб му копа, сам во него паѓа.Па владата е сојуз со православната црква, а наместо добрини на секој да прави, како Господ што сака, гледа зло да ни нанесува.Како мисли да преживееме со тие извршители што ке КОСАТ низ жална Македонија.Тешко нас,сиромашните и изгладнетите.Уште колку ќе ја трпиме оваа тиранија.Сосема ке ги истребат Македонците од РМакедонија, ќе останат само БУГАРИТЕ. Ќе им се оствари сонот за приграбување на источна Македонија. Нека ме демантира некој, со други аргументи.

Изменето од lilica - 19.Декември.2008 во 12:22
Кон врв
minimidi Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 61
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај minimidi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2008 во 13:42
Originally posted by nema sto nema sto напиша:

„Јас имам сон дека еден ден моите четири малечки деца ќе живеат во нација која нема да им суди според бојата на нивната кожа, туку според карактерот. Имам сон...“, изјавил Мартин Лутер Кинг. i jas go imam toj son...no tesko deka ke mi se ostvaruva...sepak, vredi da se sonuva...



а и јас го имам тој сон, ама немам 4 деца
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2008 во 14:02
Originally posted by nelson nelson напиша:

Излагањето на претседателот беше реално


„Добрата вест беше што ова е негово последно обраќање, како претседател кој е избран на фалсификувани избори“, вели Антонио Милошоски, министер за надворешни работи.

a ova bese krajno bezobrazno i nekorektno...da gi vidam koga ke bide sprotivna situacija...


...pa i ova e realno...tie se raduvaat...ama so gjavolot sadat krastavici pa kje im izlezat krivi. Ne znam zoshto imam cuvstvo deka Crvenkovski pak kje se kandidira i toa so izjava: Narodot me bara. A narodot kje go odbere, ne za zasluga, za inat na VMRO koj ako ne se koregiraat otidoa jabana , isto kako SDSM na prethodnite izbori.
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2008 во 16:55
amin...
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2008 во 22:58
кога треба да дадат изјава за некој клучен момент,ги нема никаде
кога ги видов вчера како чекаа ред да го коментираат говорот на претседателот,сватив дека ја имаме најступидната влада до сега
каде им е достоинството?
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Georgija Kastriot Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 12.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 53
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Georgija Kastriot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2008 во 23:02
Site se iznatresija gluposti
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2008 во 23:56
a i ne im e prvpat..
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 15:56
Знаете,Б.Ц.(ако воопшто се кандидира)може да го гласаат само ако нема за кој друг да се гласа.Срџан Ќ. е од малцинство,а Љ.Бошковски е бивш,кој бил под истрага(без обзир што не го осудија).А сегашниот Претседател имаше супер излагање,ама истината боли.Во салата на Парламентот луѓето од парламентарното мнозинство дојдоа со наочари за сонце(како Мадона-која падна)па се направија слепци.Ама,по тоа што изјавија по излагањето,сигурно се и наглуви.Во секој случај,лугето кои живеат во својот свет и тешко комуницираат со различните од себе, медицината ги нарекла АУТИСТИ.Тие си тераат по свое и не можат да ги разберат соговорниците што им кажуваат.Еден портпарол ми личи на таков,ама и еден новинар подзаличува.А премиерот тој ден(ем не комуницира,ем и) државата ја згрешил,заминал во странство,а излагањето на Б.Ц. беше во Р.Македонија.Типично за некој што живее во свој свет. Ние, кои имаме аутисти дома,лесно ги распознаваме мегу лугето,оти многу од аутистите(со блага форма) го поминуваат својот живот без да им се постави дијагнозата.Поздрав
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 16:10
Originally posted by lilica lilica напиша:

Знаете,Б.Ц.(ако воопшто се кандидира)може да го гласаат само ако нема за кој друг да се гласа.Срџан Ќ. е од малцинство,а Љ.Бошковски е бивш,кој бил под истрага(без обзир што не го осудија).А сегашниот Претседател имаше супер излагање,ама истината боли.Во салата на Парламентот луѓето од парламентарното мнозинство дојдоа со наочари за сонце(како Мадона-која падна)па се направија слепци.Ама,по тоа што изјавија по излагањето,сигурно се и наглуви.Во секој случај,лугето кои живеат во својот свет и тешко комуницираат со различните од себе, медицината ги нарекла АУТИСТИ.Тие си тераат по свое и не можат да ги разберат соговорниците што им кажуваат.Еден портпарол ми личи на таков,ама и еден новинар подзаличува.А премиерот тој ден(ем не комуницира,ем и) државата ја згрешил,заминал во странство,а излагањето на Б.Ц. беше во Р.Македонија.Типично за некој што живее во свој свет. Ние, кои имаме аутисти дома,лесно ги распознаваме мегу лугето,оти многу од аутистите(со блага форма) го поминуваат својот живот без да им се постави дијагнозата.Поздрав



Се согласувам дека власта има симптоми на аутизам, мегутоа за говорот на председателон неможам да разберам што беше толку добро во тој говор, затоа би те прашал.

Дали тој говор беше достоен за председател или повеке личеше на предизборен говор?
Дали во тој говор освен што критикуваше , им кажа на граганите како тие проблеми можат да се надминат?
Дали говореше за неговите успеси и тоа што го сработил како председател???
Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 16:58
KULTUZIN се надевам не ти го погрешив името.Реално не пратам редовно што прави Претседателот секој ден.Ретко и вести имам време да гледам.
А Функцијата Претседател не е работно место,па да се мерат успеси(посдтигнувања), заради напредок во кариерата.Секаде каде беше на посета, достојно не претстави.Не се секавам на лапсус или гаф што го направил за време на посета.Никој не му откажал гостопримство или недај боже да го набркал.Достојно облечен,потстрижан.
Во излагањето не критикуваше,туку изнесуваше свои ставови(не верува дека скоро ке отпочнат преговори за името и сл.)А тој не смее да им кажува на граганите како да ги надминат проблемите(тоа е веке пред изборна кампања),тие треба да одберат некој(на избори)за да го направи тоа.
Не слушнав предизборен говор,туку изнесување на гола вистина.Ееее, ама за некој мнооооогу болна!Така ли? Поздрав
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 51>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.