|
Развод пред бога се купува за 2.000 денар |
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Автор | ||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
tamu nikoj nemoze da se razvede,ako e vencan pred boga
|
||
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Zidarski, dobra replika!
Mi se dopagjaat komentari koi ne begaat od realnosta, koga direktno se soochuvaat so nea i koi proektiraat iskrena volja za razreshuvanje na postoechkite problemi. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Vo crkva odam taka reci sekoj vikend, a vo toplite denovi sekoe popladne. Mirot i spokojstvoto postoi. Barem vo mojata "maticna" crkva pomagaat site. Nie si napravivme mesto kade naminuvame, razgovarame. I edno kje ti kazam. zabelezuvam deka pomladite sveshtenici se mnogu po korektni. Za parastosi, za krshtevki, za molitvi koga kje prasha vernikot kolku pari sekogash velat...kolku imate...ako nemate...gospod kje plati. Ne se drzat do cenovnik. Sum bila svedok kade zena moli za "peenje" na grob ama postariot pop i se razvika deka ne moze bez pari, podocna eden pomlad sveshtenik i se obrati da poceka i otkako mu zavrshi smenata na "reonskiot dedo pop"... mladoto popce dojde ispea i si zamina. Zaradi takvite kaj lugjeto ima nekoja verba. Jas zboruvam od doziveano. Изменето од mamamd - 15.Декември.2008 во 12:51 |
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прво. Ме интересира кој од модераторите (Зидарски или Месинџер) има ставено „pending approval“ на мојот пост од првата страна и зошто?
Второ. Зидарски од овој твој цитат:
сфаќам дека ти го оправдуваш начинот на избегнување од одговорноста на Стефан! Дали тоа значи дека секој кој е обвинет за нешто, треба да се оправда со тоа што ќе се повика на бога и да биде изземен од понатамошни дејствија? Или тоа важи само за свештените лица? Трето. Во врска со забелешката на Мамад. Каква е тоа црква или манастир кој ти наплатува за преноќиште? А, доколку немаш пари, дда си одработиш. Ајде еден практичен пример. Одам в манастир во 21,35 часот. Утредента треба да станам рано во 5,00 часот. Значи освен што немам пари, немам ни време да се оддолжам, т.е. да си го одработам спањето. Според тебе, свештениците не треба да ме примат, или со други зборови, да ме остават надвор во ноќта да ме јадат в’ците! И баш ме интересира како ја одредуваат цената за едно преноќување, која btw. е речиси колку хотелските (Теово) И додека сме кај наплатата во црквите и манастирите. Летово бев во Охрид и покрај другите посетители, и јас бев непријатно изненаден кога ми побараа пари за влезница во православните храмови (Св. Софија и Канео) Едни срби дури и гласно протестираа, како може да се наплаќа во вакви објекти.
Кај нив се е политика. Токму тоа и го мислев кога го пишував оној пост кој е ставен под pending approval Само нашиов народ многу бргу заборава. Не е лошо некои од телевизииве да пуштат снимки од тогашните превирања. Колку за потсетување. |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zalam sakav odgovorot da go obelezam vo druga boja ama ne znam kako... |
||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Златник - каде тоа реков дека некој се иззема од одговорност?!
Напротив - (и затоа напишав - кој како го разбира тоа) - тој превзема целосна одговорност и смета дека не треба да се брани, затоа што нема корист од тоа. Кому му должи извинување и објаснување и за што?! Десетици обвинувања секојдневно фрчат од разно разни бизнис-медиуми, и ниеден од нив не е поткрепен со докази, факти, и ниту едно од тие обвинувања потоа не завршило ниту со судење, ниту со некакво конкретно обвинување. Рекла-казала. Што треба - да почнат да покренуваат судски спорови за клевета, како што прават политичарите?! Што тогаш? Тогаш ќе рипнат сите и ќе ја обвинуваат црквата дека не простува... секогаш некој нема да биде задоволен. Ако во било кој манастир појдеш и ти треба преноќиште, ќе те прифатат и ќе ти дадат и покрив над главата и храна. И ќе те сместат заедно со послушниците (а не во хотелите!). Тоа што го реков за работењето не се однесува на случајни залутани патници, а се однесува на луѓе кои сакаат да одат таму, а се правдаат со тоа дека ете - немаат пари за да отидат. Секогаш има решение - само што кога земаш, редно е и да дадеш... А ти, ако ти дадат преноќиште една вечер - дали наредниот месец кога ќе бидеш во можност ќе им се оддолжиш по некаков начин? Или сметаш дека на нив тоа им е обврска, а не тебе не ти е?! Колку за Св.Софија и Канео - тоа се музеи, а не литургиски објекти. Провери ги фактите првин. Сеуште се во заедничка сопственост со државата. Мамамд - пак ќе речам - ајде да зборуваме со факти, а не со претпоставки и заклучоци. За Австралија конкретно - ти реков - основната причина заради која се почна со судски спор е заради обидите да се оттуѓи црковно земјиште. Второ - самата го велиш на крајот на својот пост, она што го напишав претходно - дека промени има, но дека ќе треба време. Не можеш ти некој свештеник кој 30 години се научил дека службата му е само за да земе пари, да го преобратиш за две-три години. За сметка на тоа - многу од младите свештеници се навистина посветени и работат онака како што треба... Ќе треба многу време - но како што самата велиш - работите одат на подобро, секој ден... Затоа - наместо празни критики, треба да се делува. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мамамд - пак ќе речам - ајде да зборуваме со факти, а не со
претпоставки и заклучоци. За Австралија конкретно - ти реков -
основната причина заради која се почна со судски спор е заради обидите
да се оттуѓи црковно земјиште.
Второ - самата го велиш на крајот на својот пост, она што го напишав претходно - дека промени има, но дека ќе треба време. Не можеш ти некој свештеник кој 30 години се научил дека службата му е само за да земе пари, да го преобратиш за две-три години. За сметка на тоа - многу од младите свештеници се навистина посветени и работат онака како што треба... Ќе треба многу време - но како што самата велиш - работите одат на подобро, секој ден... Затоа - наместо празни критики, треба да се делува. ----------------------------------------------------------------------------------------------- Smetam deka MOZE da se natera nekoj sveshtenik koj zemal 30 godini da se skrasi i da ne zema. Na koj nacin? Na nacin na izbor? Da mi se dade pravo da go izberam sveshtenikot koj sakam da mi osveti kukja, da mi krshteva , vencava a ne koj e dezuren. Ako nikoj ne go bara, ako nikoj ne gi saka negovite uslugi kje se podzamisli. Ne moze da mu platam 500 den, a na parastos da pee 5 min i da si zamine. Pa ni najdobrite baritoni i soprani ne im cini minutata 100 den. A za kritikata. Sekoja kritika e patokaz kon promena. Licno kako covek kritikata ja primam kako dobronamerna sugestija. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Jas go sokriv (ne go izbrishav za da imash uvid deka si postiral i da prochitash shto e napishano - znachi so najdobri nameri). a ako sakash da znaesh zoshto, pishi mi LP i ke ti objasnam. Nema potreba od javno razjasnuvanje okolu neshto sto nikoj ne go gleda. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zosto na ovie temi gi nema bogobranitelite...
|
||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мамамд - критиката може да е конструктивна и празна. Конструктивната критика е кога се предлага решение.
Тоа што го велиш во врска со избирањето на свештеник е доста конструктивна идеја - но такво нешто постои. Ти реално можеш да викнеш кој сакаш поп да дојде кај тебе, но се разбира, треба да го познаваш, за да можеш да го викнеш токму него (инаку - како би знаела кого да викнеш?!). Инаку - во право си - тоа е начинот да се натераат некои неадекватни лица да се замислат и да се променат. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...Da definirame... od seto prethodno navedeno izleze neshto korisno... Promena... Ushte da moze da se sprovede... Ne mozam da si biram "maticen" pop zatoa shto ne e od mojata crkva... tuku e od druga. Za nashiot reon zadolzenite popovi ne bi sakala da mi vlezat vo kukja...
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде, еве да прифатам дека лимузините и се друго (земја, објекти, мебел ...) е добиено од донаци. Но, што пишуваше во библијата за продавање на земјата и поделување на парите на сиромашните? Не треба ли прво црквата да се придржува кон писанијата? Напротив, тие уште повеќе земаат, наплатуваат од сиромашните, за тие да живеат (пре)удобно. Зошто пак црквата мора да има свој имот? Се си мислам дека удобно за себе и угодно пред бога некако не оди заедно. Ама, народ ... ! Ем гледа дека го „стрижат“ ем пак оди кај нив.
Ај да не пишувам повеќе оти ќе има бањ - бањ! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Аха... Ајде да тргнеме по твојата логика...
Црквата го продава целиот свој имот и го раздава на бедните целосно. Што после, откако ќе го раздаде? На наредните бедни што ќе им даде? Како ќе постои? Кого ќе нахрани, кога самата нема да има леб? Она што е црковно е народно, само што народот наш не го разбира тоа. Го разбираат со премногу соц логика - односно - дај ми го штом е мое. Не помислуваат дека штом е мое, треба да работам, да го помагам. Секој кој е активен во црквата ги видел благодетите од таа своја активност. Многу е бесмислено да се даваат такви општи критики без да се гледа целосната слика. Има конкретни работи кои треба да се променат, но тоа нема да се случи со негирање на се и критикување на се, а за жал, кај нас токму тоа се прави. Мамамд - можеш да го промениш свештеникот, дури и да не е од твојот реон, провери... |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Иако атеист, што само по себе би значело најтешка казна за мене, само да знаете колку сакам да дојде тој суден ден токму денес, сега. Да дојде Исус и да види што прават неговите „следбеници“, или поточно тие кои го шират неговото учење, значи свештеноучителите, ако можат така да се наречат.
Да не зборуваме за другите атрибути (морал и сл. оти можен е бан), ајде само за скромноста во живеењето. Зарем Исус не им беше доволен пример и воедно доказ како треба да се живее и делува? Дали Исус се возел со луксузни коли (кочии) или одел пеш, а во најдобар случај на магаре? Дали Исус наплатувал за своите проповеди, дали на крштевањето му дал некоја пара на Јован и дали овој (Јован) претходно, на другите луѓе, наплатувал? Дали Исус наплатувал и која му била тарифата за лекување од разни болести, дали за воскреснување тарифата му била поголема, дали пречекувал луѓе во отмени канцеларии со длабока резба и кожни фотељи, дали се мешал во световната власт, дали ..., дали? А ете, без приходи, без никаква материјална надокнада, тој им помагал на луѓето, а со самото тоа им покажал како треба да живеат, посебно на тие кои ќе се одлучат да го следат неговиот пат и да се нарекуваат негови ученици. Зарем тој не велел да не се грижат што ќе јадат или пијат утре? Верувам во мојата заблуда дека со моето однесување во мојот живот, повеќе јас ќе бидам во милоста божја, иако не верувам во него, отколку тие кои во името на бог приграбуваат поудобен живот за самите себе. |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |