|
Правен факултет Јустинијан Први |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |
momce
Нов член Регистриран: 08.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pravniot fakultet e prikazna sama za sebe... Koj ne studira na praven ne znae kako e...
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... ova e redok biser...
Вечните професори Шкариќ, Пеливанов, Галев и Поповски не ги напуштаат кабинетите Универзитетските професори Светомир Шкариќ, Тодор Пеливанов, Владо Поповски, доскорашниот декан Гале Галев, се само дел од пензионираните професори на правниот факултет „Јустинијан Први“, кои се веќе пензионирани, а сè уште ги користат кабинетите на факултетот. Деканот Борче Давитковски и професор по управно право вели дека со писмо им наложил на професорите да ги ослободат своите канцеларии најдоцна до крајот на месецов. zarem vaka treba da se zavrshi karierata...zarem treba da se ceka nekoj da te izbrka..kade e dignitetot..profesorski i covecki...pa lugje moi doagjaat novi lugje... sekoj shto si go odraboti svoeto...treba da im go ostapi mestoto na novite sili...zoshto zaboravija ovie lugje deka i tie nekogash bea mladi...pocetnici...zoshto ne se ogledaat na nivnite profesori-mentori... |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...i ova vredi da se znae...
Како што рекоа од факултетот, идната година во пензија треба да заминат Димитар Бајалџиев, професорот по основи на политички науки, и Миодраг Мицајков, професорот по вовед во право. Во Законот стои и дека редовен професор во пензија може да им предава само на студенти што се на докторски студии, а не и на студенти што се на додипломски и на постдипломски студии. |
|
Blind Justice
Нов член Регистриран: 21.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Abe fakultetot e odlicen spored novata programa na ekts se nudat poveke moznosti za dobivanje na ocenka,ne deka tie moznosti se realni za dobivanje na ocena a toa so pazenjeto od profesorite sea ne e potrebno zaso student po ekts programata nema skoro nikakvi dopirni tocki so profesorot za ocenuvanje i itn,ja sum apsolvent i eden sovet,NE GI SLUSAJTE GLASINITE bidejki u prva i vtora se iznaslusav glasini so koi samo dopolnitelno se zamarav
|
|
Irenica
Сениор SIC ITUR AD ASTRA! Регистриран: 20.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 2899 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не мислев дека Поповски и Галев се во пензија...не ми изгледаат толку старо! А тоа дека фотелјата тешко им се дава...ништо ново...кој има син/ќерка скоро секогаш ја наследува! Сепак мислам дека Давитковски ќе ги среди колку-толку работите на факулетет!Човекот е прилично принципиелен и строг! |
|
Понекогаш токму она што го бараш е она што не можеш да го видиш!
|
|
Irenica
Сениор SIC ITUR AD ASTRA! Регистриран: 20.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 2899 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За ова ќе има славје на факултет! |
|
Понекогаш токму она што го бараш е она што не можеш да го видиш!
|
|
Irenica
Сениор SIC ITUR AD ASTRA! Регистриран: 20.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 2899 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Убаво колега...само што на Јустинијан сеуште има и студенти по стара програма...како мене! Поздрав! |
|
Понекогаш токму она што го бараш е она што не можеш да го видиш!
|
|
Blind Justice
Нов член Регистриран: 21.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Убаво колега...само што на Јустинијан сеуште има и студенти по стара програма...како мене!
Поздрав! [/QUOTE] DA IMA STUDENTI PO STARA PROGRAMA AMA OVA IM E POSLEDNA GODINA,NEGO STO KE SE PRAVI NA POSTDIPLOMSKI? |
|
Irenica
Сениор SIC ITUR AD ASTRA! Регистриран: 20.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 2899 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
DA IMA STUDENTI PO STARA PROGRAMA AMA OVA IM E POSLEDNA GODINA,NEGO STO KE SE PRAVI NA POSTDIPLOMSKI?[/QUOTE] Погрешно си информиран колега...последна година за студентите по стара програма е академската 2009/2010! А за постдипломски...појма немам што ќе се прави! |
|
Понекогаш токму она што го бараш е она што не можеш да го видиш!
|
|
Eli
Сениор Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
taka e..slikata e poinakva pred da se upises..ali zatoa koa ke se upises gleas so si naprvil ustvari |
|
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..Najnovite informacii velat...
Криминалци и тепачи ни ги едуцираат студентите На студентите во Македонија им предаваат професори за кои има судски одлуки или правосилни пресуди за издржување затворски казни. Љубе Трпески, кој е осуден на затворска казна во траење од четири и пол години, сè уште е професор на скопскиот економски факултет. Деновиве јавноста ја разбранува пресудата за професорот по римско право Владо Бучковски, кој доби затворска казна од три и пол години. - Со кое лице сега професорот ќе застане и ќе ни предава право? Јасно ни е дека кај нас сè е политизирано и дека можеби таа пресуда е само политичка хајка. Но недозволиво е да нè учат неморални професори или, пак, професори со криминално досие - реагираат студенти на Правниот факултет, на кои тој им предава римско право. Тие не заборавија да го споменат и нивниот професор по меѓународно право Љубомир Фрчкоски, кој пред извесно време се степа со момче на паркинг. - На што личи име на универзитетски професор да се влече по медиумите затоа што се тепал со некого - коментираат студентите. Кај нас нема јасни критериуми за тоа каков треба да биде профилот на еден професор, смета Слаѓана Тасева, деканка на Факултетот за детективи и криминалистика на Европскиот универзитет. - Секако дека ваквите пресуди и кривични пријави за професори влијаат на нивниот углед. А по правило, тие треба да се пример по кој ќе се угледаат младите луѓе, но и сите граѓани. Професорот е врв на етика, принципи, а тоа подразбира дека тој не смее ниту да помисли да е дел од некаков криминал - вели Тасева. Според неа, најголем проблем е тоа што универзитетските професори, откако ќе дојдат на функцијата, стануваат незаменливи. - Мора редовно да се прават евалуации за работата на професорот, да се испитува дали студентите се задоволни од него, па потоа да се утврди дали тој треба да продолжи да предава или не. Кај нас тоа го нема, затоа ситуацијата е каква што е - додава Тасева. Професорот Трпески, кој беше и гувернер на Народна банка, е осуден на затворска казна за проневера на државни пари. Тој и бизнисменот Методија Смиленски, кој, пак, веќе е на издржување на затворската казна, префрлале пари на сметката на Смиленски со кои купувале обврзници. Судот по пресудата ги обврза двајцата да и вратат на државата 22 милиона долари. Фрчкоски, пак, досега не е осудуван, но не е странец за судовите. Медиумите пренесуваа за многу кривични пријави што биле поднесувани против него. Најпозната беше пријавата што ја доби за незаконска набавка на очилата „рејбан“ за полицајците во Министерство за внатрешни работи во периодот кога тој беше министер. Сега е актуелна кривичната пријава за клевета што премиерот Никола Груевски ја поднесе против Фрчкоски. Етички кодекс - што беше тоа? Некои професори немаат поим што е содржано во етичкиот кодекс на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во тоа се уверивме по разговорот со професор на Правниот факултет, кој вели дека професорите мораат да го почитуваат кодексот. Кога побаравме да ги каже барем суштинските норми што треба да се почитуваат, тој рече: - Ама не знам сега јас, ќе го најдете и ќе си прочитате! Овој кодекс е усвоен пред две години. Во него стои дека на универзитетот нема место за неморално однесување, корупција и каква било злоупотреба. Криминалот и неетичкото однесување се недозволиви. Студентите коментираат дека залудно постои таков кодекс. - Ако некој од професорите почувствувал морална одговорност за некое дело што го направил, ќе поднел оставка. Такво нешто досега никој не направил - велат тие. |
|
гоcтин
Гостин Регистриран: 24.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1797 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бајалџиев и Мицајков....
|
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тууу бре, толку многу правници, а државава никако да се исправи!
|
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Арогантен
Нов член Регистриран: 26.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 28 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Потешко е сега на Мастер студиите, одошто беше предходните 3 години. Но сепак, мастер е мастер, ќе мора многу повеќе да се учи. Инаку горе-доле задоволен сум од факултетот. Има пропусти, но каде ги нема?
|
|
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |