![]() |
|
Црвено - црни новости |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 17> |
Автор | |
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Од каде се Вардар пласирани овие информации?
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Костовски се сретна со „Комитите“, проблемите се надминуваат
![]() „На задоволство на двете страни констатирано е жалење за немилите настани во изминатиот период, истите се надминати со цел подобрување на вкупната атмосфера во клубот која ќе и' помогне на младата екипа на првиот тим да го задржи нагорниот тренд во играта“, се вели во соопштението на фудбалскиот клуб Вардар по состанокот меѓу Трифун Костовски и навивачите на „црвено-црните“ одржан во вторникот попладне. „Периодот што следи, до завршување на првнството, ќе биде оставен за евентуални нови средби меѓу двете страни во кои заеднички ќе се разгледаат идните амбиции и планови на Вардар, а Трифун Костовски да реши дали со неговата групација ќе продолжи и натаму да го финансира и спонзорира клубот“, стои на крајот на вардаровото соопштение до медиумите. Moreee ima sreka sto ne go roknal nekoj... |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Daniel Ljuboja (SRB) i Nicola Ventola (ITA) se mozni zasiluvanja na Vardar.
Ako dojdat ovie, definitivno ke bidat najjakite transferi vo poslednive Godini vo Makedonskiot Fudbal... ![]() |
|
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Поповиќ се договори со Костовски за преземање на Вардар!
![]() Синоќешниот состанок меѓу Трифун Костовски и застапниците на Поповиќ, како уште еден во серијата пресврти околу клубот, и официјално, како што дознаваме, донесе договор со кој Костовски и Поповиќ, сепак, најдоа заеднички јазик за примопредавање со раководењето на најтрофејниот македонски клуб. И двете страни, како што дознавме, ги "испеглаа" меѓусебните недоразбирање единствено во интерес на ФК Вардар кој конечно треба да застане на новите победнички патеки со заедничка согласност за вистинска консолидација на тимот. Според последните информации, во текот на денешниот ден треба да следи и официјално соопштение до медиумите и јавноста и од двете страни за постигнатиот заеднички договор, и официјалната потврда на Мишо Поповиќ како нов спонзор на "црвено-црните". |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
"Планет М" нов сопственик на Вардар
Српскиот бизнисмен Мишо Поповиќ со неговата фирма "Планет М", и дефинитивно го презедоа раководењето со нашиот најтрофеен македонски клуб, Вардар. По речиси неколкудневните преговори, Поповиќ го стави потписот на договорот, кој треба да биде официјализиран на собранието кое, според нашите информации, најверојатно ќе се одржи во четврток. Со влегувањето на Поповиќ, Вардар конечно доби нов сопственик по напуштањето на Трифун Костовски кој се реши да ги прекине финансирањето на "црвено-црните" поради многу причини. ![]() |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Преговорите со "Планет М" се при крај
Преговорите околу преземањето на нашиот најтрофеен фудбалски клуб Вардар траат веќе три дена и во текот на денешниот ден се очекува разврска. Компанијата "Планет М", регистрирана на Малта, зад која стои српскиот бизнисмен Мишо Поповиќ од една страна и претставници на двата колективни члена во Управниот одбор на Вардар, Иницијативниот одбор за спас на Вардар и фирмата на Орце Камчев "Мода и спорт", се блиску до договор и доколку преговорите завршат со позитивен исход, викендов треба да почнат подготовките за пролетниот дел од сезоната. Денеска треба да пристигне и тренерот Милко Ѓуровски, кој по завршувањето на есенскиот дел се врати во Словенија. По завршувањето на преговорите ќе се знае и кој од играчите ќе остане во клубот. Според нашите информации, понудата на "Планет М" е истата од мај годинава, односно шест милиони евра за четири години управување, но тогаш нејзиниот обид да го преземе Вардар беше неуспешен и клубот отиде во рацете на Трифун Костовски. Српскиот бизнисмен сега сака чиста ситуација, односно сака целосно да има контрола врз клубот, што би значело заминување на сегашните членови на Собранието кој ги има 29. Оваа неизвесност околу Вардар почна по заминувањето на Трифун Костовски, кој издржа само шест месеци на чело на "црвено-црните". Повод за неговото заминување беше нападот на клупскиот автобус на "Стража" по натпреварот со Напредок во Кичево од страна на дел од навивачката група Комити, која е дел од Управниот одбор преку Иницијативниот одбор за спас на Вардар. ![]() |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
"ПЛАНЕТ М" НАЈАВУВА МОЖНОСТ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ
Мишо Поповиќ денеска со понуда за Вардар! * "Преговорите со двата колективни члена во клубот се во интензивна, завршна фаза. Утре официјално ќе ја доставиме нашата понуда до канцеларијата на клубот", ни изјави вчера Сашо Тасевски, адвокатот застапник на "Планет М" која и во мај 2008 понуди 6.300.000 евра за четиригодишен период Вчерашниот ден придружен со официјалното писмено повлекување на Трифун Костовски од најтрофејниот македонски клуб, за ФК Вардар донесе и најава од страна на компанијата "Планет М" за можност за преземање на тимот од "Градски". Српскиот бизнисмен Мишо Поповиќ кој стои зад компанијата со регистрирано седиште во Малта, вчера преку својот адвокат застапник Сашо Тасевски и со официјално известување дека во текот на денешниот ден до канцеларијата на "вардарци" во писмена форма ќе ја достават новата понуда за преземање на Вардар. "Утре официјално до канцеларијата на клубот ќе ја доставиме нашата понуда за финансирање во ФК Вардар. Понудата е максимално сериозна со намери вистински да се инвестира во клубот кој несомнено заслужува подобра иднина", ни изјави вчера Тасевски, притоа допрецизирајќи колкави се реално можностите за нивни влез во клубот. "Мислам дека сега веќе шансите се навистина реални. Релациите секако се двата колективни члена кои останаа во клубот, а со кои посакуваме и очекуваме соработка. Преговорите се во интензивна, завршна фаза", вели Тасевски. Како што е познато "Планет М", односно Мишо Поповиќ, уште во мај минатата година достави понуда за вложување во Вардар во период од следните четири години од вкупно 6.300.000 евра, или во првата година буџет од 1.200.000 евра, во втората - 1.500.000 евра, и во третата и четвртата година по 1.800.000 евра, меѓутоа поради одредени недоследности беше одбиена од страна на комисијата за избор на финансиер на ФК Вардар. Во понудата на "Планет М" се гарантира изградба на две помошни игралишта, мини хотел за потребите на првиот тим, модерна медицинска установа за младинските селекции и купување на деловен простор на име на ФК Вардар на новата Северна трибина од "Градски", при што сите овие ветување би биле осигурани преку писмен договор. Според тој договор Поповиќ би бил согласен доколку не испочитува барем едно од ветувањата веднаш да биде прекината натамошната соработка. Меѓутоа, низ актуелната понуда од "Планет М" истакнуваат дека во моментов како единствен услов го поставуваат останувањето на актуелните фудбалери во тимот. "Тешко е во зимски период да се преземе клуб без фудбалери. Затоа нашиот единствен услов, е со исклучок веќе на одредените заминувања, сите останатите актуелни фудбалери да останат во клубот, т.е во моментов да не се дозволи слободно заминување. Меѓутоа, верувам дека околу тоа брзо би се договориле", вели Сашо Тасевски. Што значи од "Планет М" официјално ќе ја достават својата понуда, меѓутоа сепак останува неизвесноста колку истата ќе биде прифатена од актуелните носители на Собранието на клубот. Околу Вардар с$ уште опстојуваат неколку варијанти за пролетен организациски изглед, па останува наредниве деновиве да го дадат конечниот одговор. |
|
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Косто Актуе По повик "Во текот "По првич Низ актуе |