|
Ѓорѓи Пулески |
Внеси реплика | страница 123 24> |
Автор | ||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 14.Декември.2008 во 16:47 |
|
Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски (1817, Галичник – 13 февруари 1893, Софија) бил македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач.
Роден во селото Галичник, Ѓорѓија од печалбар-ѕидар во Романија до почетокот на 60-те години својот животен пат го продолжува низ разните ослободителни војни и востанија во текот на целата втора поволина на 19 век. Тој ја започнува борбата за слобода на својот народ, истовремено учествувајќи во ослободителната борба и на другите балкански народи. Верувајќи дека со тоа се бори и за својата татковина, Пулевски најпрвин се вклучува како доброволец во ослободителните акции во настаните од 1862-1863 година кога, како наредник на „понтонерска чета“, се бори против турскиот гарнизон во Белград. Потоа, по избувнувањето на Српско-турската војна (1876) тој пак се вклучува како доброволец, на страната на српската војска. Веќе во следната година започнува Руско-турската војна и Пулевски е одново со својата чета во редовите на авангардата на руската армија при ослободувањето на Бугарија. Со Одринското примирје и Санстефанскиот прелиминарен договор е прекинато заземањето и на Македонија. Но уште во следната година (1878) Пулевски пак активно учествува како војвода во Кресненското востание, ставајќи се директно во функција на борбата за слобода на македонскиот народ. Не помалку е значајна неговата културно-национална дејност како учебникар, лексикограф, граматичар, поет, фолклорист, етнограф и историчар. Негово првопечатено дело е „Речник од четири јазика“ (четиријазичник), објавено во Белград во 1873 година. Тоа е всушност петјазичник, бидејќи во колоната на српскиот јазик дава лексички материјал од двата блиски, но сепак различни јазика: македонскиот и српскиот. Втората публикувана книга на Пулевски е „Речник од три јазика“ (тријазичник), објавена исто така во Белград во 1875 година. Ова дело е особено значајно поради јасната концепција и отворено изнесената идеја за татковината Македонија, за македонскиот народ и македонскиот јазик како посебни во словенскиот свет. По неуспехот на Македонското Кресненско востание и неговото заминување во Софија, во 1879 година Пулевски сепаратно ја публикува првата патриотско-политичка поема во нашата литературна историја „Самовила Македонска“. Во неа е одразена идеологијата на македонските учесници во Кресненското востание. Во тоа време ја објавил и првата одделна стихозбирка на македонски јазик во македонската литературна историја „Македонска песнарка“ (во две книшки). Стихозбирката содржи три лични и повеќе народни песни. Во следната 1880 година излегува од печат и „Слогница речовска“, којашто претставува прва публикувана граматика на македонскиот јазик. Во неа Пулевски се обидел да создаде основни норми на македонски литературен јазик, комбинирајќи го централно-македонското наречје со словенската писмена традиција во Македонија, креирајќи притоа мошне интересна лексика и позајмувајќи зборови и од другите словенски јазици, но секогаш изразито македонизирани. Како дел од активноста на Пулевски сред македонската емиграција во Софија е и формирањето на Словеномакедонската литературна дружина во 1888 година, под негово претседателство. Таа има особено значење како прва македонска литературна асоцијација воопшто и тоа е само уште еден доказ за неговата патриотска културна дејност и национално-политичка ориентација. Меѓутоа, посебно место во претставувањето на делото на Пулевски зазема неговата „Славјанско-маќедонска општа историја“, завршена во 1892 година непосредно пред неговата смрт. Не е за занемарување и неговиот обемен ракопис, насловен како „Јазичница“, завршен исто така во Софија, којшто претставува специфичен прирачник за изучување на македонскиот јазик. Тријазичникот на Ѓорѓија Пулевски Насловната страна на "Славјано-македонска општа историја" пред да се испечати. Изменето од macedon_alex - 14.Декември.2008 во 16:52 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како може да е Бугарин кога цело време говори за Македонци и посебна македонска нација? Прочитај, имаш горе и документи. А да не зборуваме дека пишува и за Александар Македонски. А инаку во твојот документ говори за Европа, а не специфично за Македонија, додека во оние кои ги постирав јас говори за Македонија. Значи твојов документ не држи вода. Изменето од Boogie - 14.Декември.2008 во 18:08 |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Моjот документ е документ на МАНУ. Изтегли то од тука: http://damj.manu.edu.mk/materijali.html |
||
Vladimir88
Сениор "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Колку време ја барав странава неможев да ја најдам, абе Бугар ја најде, ја да неможам да ја најдам, секоја чест, добри сте вие со ова стратегииве што ги имате против нас, морам да ви го признаам тоа, за се сте информирани. Изменето од macedon_alex - 09.Јули.2009 во 15:11 |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Добре... ама знаеш ли дека Георгиjа Пулевски напишал и еден четири-jазичник. И знаеш ли како ги нарекол четирите јазика? Знам дека не знаеш и затоа ке ги споменем: “Речник от четири језика. І Српско-Албански, ІІ Арбански-Арнаутски. ІІІ Турски. ІV Грчки. Скроена и написана от Џорджа М. Пулевски, архитекта у Галичник окружие дибранско 1872 година. І-ва част. Београд, штампарија Н. Стефановича и дружине. 1873.” Многу чудно ги именувал јазиците. Изменето од macedon_alex - 09.Јули.2009 во 15:12 |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Знам. Горе во биографијата го пишува и тоа. Погледни. Иако е четиријазичник има голем дел од македонскиот народен говор. |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се си кажал човеков - како да знаел дека ке дојде времево денешно кога ке притреба ваква книгичка
|
||
Georgija Kastriot
Група Регистриран: 12.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 53 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Najzakon covek na 19 vek,lek za site bugari.
|
||
minimidi
Група Регистриран: 15.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
потполно се сложувам
|
||
naemnik
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 658 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Abe vladko, tuka go ima oshe odamna Изменето од macedon_alex - 09.Јули.2009 во 15:13 |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Буги - сакам да те прашеам нешто. Гледам насекаде Пулевски го нарекува jазикот не просто "македонски" а "с. македонски". Таа кратенка "с."обично ја толкуваат како "славо" т. е. "славо-македонски". Но дали е така? Кратенката "с." може да означава исто и "северна" а исто "србо" - т. е. "србо-македонски"... Знаеш ли зошто си мислам така? Ако погледнеш последниот одговор: "Рускиод и бугарскиод по близу се, а хрватскиод и бошнjачиjод и македонскиод наj близу се" Ме чуди што недостасува српскиот jазик.Има хрватски и бошњачки јазик, па српски нема? Да не би "с.македонски" да означува "србо-македонски"? Ако е така - нештата се изjаснуваат... Изменето од macedon_alex - 09.Јули.2009 во 15:15 |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На неколку места се спомнува с. - славјано македонски - да - но ако погледнеш претходното што го имам извадено ке видиш и зошто така напишал - пишува - Македонскиот е најблиску до старославјанскиот,на тој јазик се пишувани црковните книги- Од тука може да се извади и заклучок за Македонскиот јазик кој е посебен во дадениов случај Инаку ова се само неколку извадоци,има уште кои ја означуваат не само јазичната разлика туку и етничката разлика на Македонците од другите балкански народи - напишав-како да знаел Пулески дека денешното негирање ке дојде,се убаво напишал |
||
naemnik
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 658 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
"с. македонски" Ti si izgleda slep, pa da videsh deka ima samo makedonski. Tochno e deka nekade ima i s.makedonski, ama ima i samo Makedonski. I ako poglednesh "Slavjano Makedonska opshta Istorija" ke svanesh zasho toa S stoe. Puleski go koriste Slavjansko, zato ahso i on sam kazha, Makedonskiot e najblizok so Crkvoniot Slavjanski A ako prochitash u "Slavjano Makedonska opshta Istorija" ke mozhesh da videhsh deka znae tochno kolku Carevi sa vladejale vrz Makedonci i koj sa bile:
Изменето од naemnik - 15.Декември.2008 во 13:19 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Грешка си повторно. Ако Пулевски немал средства, тој не би можел да се спротивстави на сите барања на српската пропаганда, туку би морал да ги прифати сите барања. Така да не би било можно српската пропаганда да влегува во компромис, ако некој зависел од неа. Размисли малку. А од друга страна имало и Македонци во Србија, а и луѓе кои не се занимавале со пропаганда, туку интерес им бил научната дејност. |
||
Внеси реплика | страница 123 24> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |