|
Развод пред бога се купува за 2.000 денар |
Внеси реплика | страница <1234 6> |
Автор | ||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Mamamd - обично ги почитувам твоите написи на форумов, но овде морам да кажам дека не си во право... ајде едно по едно...
Од каде го знаеш ова? Од весници? Од весници кои не се трудат да приложат ниеден јасен доказ, и вообичаено по неколку месеци печатат скриено демантче на написот некаде на 15 страница...? За луксузните автомобили, објаснив еднаш веќе тука на форумот - тоа се поклони од фирмите кои ги увезуваат во Македонија. И условот е да не се препродаваат, туку да се заменат за понови од самата фирма увозник по неколку години. Ова го знам со сигурност, затоа што сум присуствувал на вакви дискусии во фирми авто-увозници. Конкретно Стефан, додека беше владика Брегалнички - немаше сопствено возило! Го возеше неговиот внук, во неговото сопствено југо, без надомест при тоа. Откако стана Владика, се вози во државно возило, со државно обезбедување. Причината за тоа не е луксуз или чалам, туку е услов поставен од државата, затоа што има многубројни смртни закани. Си давате сметка што ќе се случи во земјата доколку има атентат врз личност на таква функција? Ова меѓудругото е пракса во целиот свет, и кај сите деноминации. Ама пусто мора да критикуваме, имале или немале докази за тоа. Единствениот владика кој искористи црковни пари за да купи возило е сега граѓанското лице Зоран В. кој заврши в затвор за тоа (меѓудругото). Проверувајте ги фактите пред да вадите заклучоци.
Дали воопшто имаш претстава што точно се случува во Австралија?!?!?! Ова што го пишуваш е точно - но во обратен правец. Затоа што црковните одбори решија да си прават сопствен бизнис од пари кои се дадени за Македонската Православна Црква и решија наместо да средствата да бидат управувани од епархијата, дека самите ќе вртат сопствени бизниси, ќе продаваат и купуваат земјишта, ќе продаваат цркви итн... без при тоа да имаат мандат за такво нешто (црковниот одбор има јасни ингеренции, кои во Австралија беа крајно нарушени!). Судењата не се меѓу сите нашинци и црквата, а меѓу една банда на луѓе кои си ги присвои црквите за себе, без при тоа да има ниту правна, ниту морална основа за тоа - и црквата и македонските здруженија од друга страна. Провери, многу лесно се наоѓаат точни податоци за тоа.
Точно - треба да се изнајде решение за проблемот со "дуќаните", но во моментов не постои адекватна алтернатива. Бедните истотака можат да запалат свеќа - ако побараат од свештеникот, ќе им даде. Освен тоа - ако се предложат да помогнат во црквата за средување, чистење и слично (кое што впрочем се прави со парите кои се собираат од свеќи и други работи) - на драго срце ќе им дадат свеќи за да запалат. Црквата е заедница и треба активно да се учествува во неа. Оној кој нема време - остава пари, оној кој нема пари - треба да вложи време. Ама пусто ние сакаме ни време, ни пари, ни минимален труд и внимание да и посветиме на црквата, а за сметка на тоа бараме од црквата да биде благодатна кон сите. Ако црквата почне да го раздава својот имот на народот - тогаш за неколку години нема да има црква, затоа што сите ќе земат, но малкумина ќе дадат!
Народните кујни ги отвора министерството за социјала, по иницијатива на МПЦ. Причината заради која се отвораат од страна на министерството е за да нема конфликти од религиозна природа и обвинувања кон припадниците на различните вери кои ги користат тие кујни. Тоа се случи кога се отвори кујната во Света Петка. Кој свештеник отишол на одмор на Хаваи или на Дубаи? Наведи еден пример - инаку ова е чиста клевета! Црковни конаци каде што може да се преспие има многу. Низ цела Македонија. Во било кој манастир ако отидеш, ако побараш засолниште, ќе те примат. Нема ни да те прашаат зошто си отишол. Но - утрото ќе ти дадат да работиш (освен ако не си болен), исто како што работат сите монаси кои живеат во тој манастир. Трудот во манастирите е заеднички за сите, како што се и благодатите. Повторно - сите сакаме да добиеме нешто, но малкумина сакаат да дадат.
Криминалното поведение на поединци (внимавај - во написот дури стои дека е тоа "поранешен свештеник"), не значи дека сите не чинат! Црквата има јасна процедура која треба да се утврди за да се провери дали може да се дозволи развод или не. Написот повторно - не нуди ниеден конкретен доказ, а тврдење на некој дека некој друг му завршил работа. Типично македонско приложување на цврсти докази! А тоа што го велиш за разведувањето - кај нас црковниот брак не е валиден од правен аспект, така да, разведувањето, преженувањето и трошењето на капиталот се случуваат со или без црковен брак, односно развод. Црквата не е по никаков начин виновна за разводите меѓу луѓето! Така што - пред да се нафрлиме да обвинуваме некого - нека првин да ги погледнеме фактите, нека да се преиспитаме, нека да провериме. Многу е лесно да се каже - тие се криви, ама многу е тешко да се вратат назад тие зборови и навредата која тие ја нанесле кога ќе излезе дека не е така. |
||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||
Anthony
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 3379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Originally posted by mamamd
1. Nashiot ni dedo Stefan od prviot do Boga stana prv do bankite, do hotelite do luksuznite avtomobili. Pa shto? Pa i Noe imal luksuzen kruzer so ime Arka...mozda neashiot Stefan od nego zel primer? |
||||||
It’s nice to be important....it’s important to be nice!
|
||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
.. Za generaliziranjeto SE IZVINUVAM... no kako shto rece kaj nas se se generalizira...site politicari zaposluvaat svoi rodnini..site biznismeni kradat...site doktori zemaat mito...site uciteli ne rabotat... Tocno, ne se site,jas ne rekov deka se site, no ima koj shto toa go pravat penzioneri ili ne toa go pravat vo ime na Crkvata i zatoa treba javno da se izlezi da se kazat ili da se demantira, da se zashtitat tie koi toa ne go pravat. Zoshto do sega nemavme demant od CRKVATA za site napisi GOVRLEVO, IZGREV, VOZNIOT PARK na MPC...IVZ... i mnogu drugi aferi, tepacki koi gi gledavme po TV ili gi citavme vo vesnicite. |
||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
... Noe beshe pred Hrista...ili po Hrista |
||||||
Anthony
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 3379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
E dobro de - da gi zanemarime sitnicite...tu, pa i ti shto si bila, sitnicharka. Pa ete i sveti Petar imal brod -ne tolku luksuzen- ama sepak brod si e brod. Primeri kolku sakash |
||||||
It’s nice to be important....it’s important to be nice!
|
||||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
абе ја сите да си ја гледата ГРЕДАТА ВО ВО ВАШИТЕ ОЧИ,
А НЕ РАСКАТА...
на кој му одговара нека ги “користи“ “услугите“ на МПЦ, на кој не ... не мора....
ајт...
|
||||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||||
Anthony
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 3379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
абе ја сите да си ја гледата ГРЕДАТА ВО ВО ВАШИТЕ ОЧИ,
А НЕ РАСКАТА...vo okoto na dedo Stefan?-toa ti beshe mislata? на кој му одговара нека ги “користи“ “услугите“ на МПЦ, на кој не ... не мора.... ајт... ova demek- pazarna ekonomija? ako najdish za poevtino vo nekoja druga crkva SPS na primer ili onaa na Vranishkovski- ili pak ushte povekje vo Islamska Verska Zaednica - bujrum, bujrum , bujrum, ,tamu ? |
||||||
It’s nice to be important....it’s important to be nice!
|
||||||
Секташ.
Нов член Регистриран: 14.Декември.2008 Локација: Israel Статус: Офлајн Поени: 22 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Значи ако не ти одговара смени си го дуќанчето.мпц си има стални муштерии и нема проблем,не се секира за другите испуштени кои ке идат во бпц,спц,гпц или кај вранишковски.Море само ако слушне дедо стефан дека му ги бркате муштериите лом ќе ве направи. |
||||||
......тој е челник на назаретската секта. Дела 24:5
|
||||||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
2 Тимотеј: 4:3 Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители,за да им ги скокоткаат ушите, Во случајов МПЦ создала наука која им ги скокотка ушите на своите верници, а пак тие ги прифакаат зошто учењето им одговара според нивните страсти. |
||||||
Секташ.
Нов член Регистриран: 14.Декември.2008 Локација: Israel Статус: Офлајн Поени: 22 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Пун погодок. Не да им одговара него се тепаат да докажат кој е поголем православец со тоа кој ќе направи поголема слава.Или кој ке испие повеќе греана ракија на бадник. |
||||||
......тој е челник на назаретската секта. Дела 24:5
|
||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Mamamd - јас по некоја случајност имам информација од прва рака за многу од овие работи за кои пишуваш, па затоа и навлегувам во повеќе детали. А колку до медиумите - кога еден медиум е сопственост на Велија Рамковски и е во служба на неговите бизнис интереси, јасно е каде е објективноста. Доста слична е ситуацијата и со другите. Но дури и тогаш, може да се провери информацијата која ја пласираат. Дури и самите написи ако ги читаш - секогаш ќе видиш дека сето тоа се празни изјави, празни обвинувања, празни муабети. Секогаш е "некој" кој рекол нешто, направил нешто друго, и слично. Никогаш нема конкретна информација, никогаш нема доказ за тоа што се пишува.
Демант од г.г.Стефан никогаш нема ни да добиете во врска со било што! Неговата логика е - Бог ја знае вистината, нема потреба да ја докажуваме. И во право е. Кој како го разбира тоа... За Австралија - да, две тамошни групи се тужат, едната од които е заедно со МПЦ, другата е против. Тие што сакаат да ги присвојат црквите се една минијатурна група на бандити кои сакаат туѓи пари, туѓ имот и туѓ труд да присвојат. Колку до единството - 11 години имаше обиди да се изгради единство со нив и да се смири ситуацијата! Откако се доведе во ризик постоењето на целата црковна заедница и откако имаше обиди да се продадат црквите и имотите - тогаш се покрена судски спор, затоа што додека трае спорот, не можат да оттуѓуваат земјиште. Затоа - проверувајте пред да обвинувате. За тоа што не се знае - подобро е да се праша, а не да се вадат заклучоци. Колку до донациите на возила - тоа прашај ги сопствениците на авто-куќи. Тоа се нивни донации, нивно решение, нивни начин на располагање со средства. Но - во крајна сметка, што и да се направи, секогаш ќе се најде некоја замерка и некој нема да биде задоволен. За преспивањето во конаците - не си во право. Убаво објаснив - оној кој сака да одмора таму - ќе си плати, оној кој сака да работи, секогаш е добредојден! Ако моментално нема работа, услови или храна во некој манастир, ќе те препратат во друг. Истото е и во црквите. Велиш има толку бедни, што нема доволно цркви... Ајде те молам отиди до најблиската црква и поседи неколку часа таму... и види колку луѓе ќе дојдат да помогнат. После ќе разговараме посериозно. Не велам дека нема проблеми во црквата и дека не треба многу работи да се средат. Но празното обвинување не помага никому - ниту може да поттикне промена, ниту служи за некакво добро. И секогаш тргнувајте со сопствениот пример... |
||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
da e rozovo se ne e...da moze da stori poveke za siromasnite moze (a ne pravi)...e kaj e problemot...recete so sakate ama narodot prvo gleda nadvoresno...a i dzaba ne rekle kaj ima cad ima i ogan...
fakt e: 1 vozat skapi koli 2.naplatuvaat razlicno od eparhija do eparhija 3.se ispotepaa koj ke odi na pecalba vo stranstvo 3.naplatuvaat razlicno od pop do popce 4.vodat politika :nadvoresna i vnatresna 5.ne pomagaat nikomu 6.crkvite se gradat od samodoprinosi 7.se napraja pogolemi pecalbari od pecalbarite 8.se poveke ima interes kaj mladite za bogoslovija poradi gorenavedenoto 9.poveke gledaat na svojot dzep otkolku da go naucat narodot da na grobista ne se nosi hrana (sega e toa totalen cirkus) 10.vrti suci se se vrti okolu parite...ima uste , ama ke ve mrzi da citate... |
||||||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Нелсон - како што самиот реков - има многу проблеми, но тие ниту се решаваат, ниту се посочуваат со генерализирање. Ако има конкретен проблем, треба да се посочи и да се предложи јасно, долгорочно решение.
Македонската Православна Црква, не постоела повеќе од два века, за потоа добри 30 години да се развива во комунистички услови и влијание, и само 18 години во независна држава (со илјада други проблеми - како признавањето на пример)... Треба време за да се средат работите, но треба и помош од луѓето. Ајде едно по едно за точките кои ги наведуваш: 1. Да, возат. Како што објаснив, скапите коли се донации од разни бизнисмени и од фирмите увозници. Како такви, не може да се продадат или заменат за поефтини. Тоа е факт, а не претпоставка! 2. Да, точно - и тоа треба да се среди и да се промени. Сега за сега, причината е тоа што различните епархии имаат различни трошоци и немаат можност да воведат единствен систем на протокот на средства. Со малку повеќе воља и административна помош, тоа ќе се среди. 3. Да, многумина сакаат да заминат во странство, но немој да мислиш дека во странство заработуваат којзнае како... не е точно. Неодамна разговарав со свештеник тука на таа тема и можам да ти кажам дека не се воопшто во завидна ситуација. Предноста е што тука, луѓето многу повеќе пари оставаат во епархијата, која пак затоа може да им покрие многу трошоци, па затоа и илузијата дека живеат којзнае колку добро. (провери во МПЦ, лесно се доаѓа до информација колку е платата на свештениците во странство). 4. Да, водат политика и тоа не е добро. Од друга страна - приморани се, затоа што многу често и од внатре и од надвор се поставувани како тег на општата политичка вага. Црквата отсекогаш се занимавала со политика во една или во друга форма. Дури и апостолите имаат изјави кои во тоа време се сметале за политички. 5. Не е точно. Тоа што ти немаш лично искуство или не си го видел, не значи дека не постои. Прошетај по манастирите, прошетај по црквите, ќе видиш. Можеби не помагаат доволно, но сепак, многу помагаат! 6. Точно. Така и треба да биде. Црквите се дарение од народот за црквата, но не знам дали знаеш дека црквите се сопственост на црковните одбори, кои пак се составени од жителите, а не од свештеници (со исклучок на одреден број цркви). 7. Тоа го објаснив во 3. 8. Во секое жито има кукол. Како што реков - за само 18 години, и особено во таква матна држава како што е Македонија, многу време треба за да се средат работите. Прашањето е - како ќе селектираш кој од кандидатите на Богословија е таму за пари, а кој за вистинска духовност?! Освен тоа - владиците (кои се тема на целава дискусија) се монаси и поминале доста голем дел од својот живот во манастири и немаат лична сопственост. Побарај некогаш да ја посетиш резиденцијата на Архиепископот (кај касарната Илинден). Иако куќата е голема, внатре нема никаков луксуз. Изгледа исто како што изгледаат конаците во било кој манастир во Македонија. 9. Едукацијата е почната и се одвива во моментов. Не очекувај дека нешто што со векови било утврдено како традиција ќе се промени одеднаш. Сега за прв пат имаме свештеници (владици) кои пишуваат колумни во весници, објавуваат книги, печатат списанија, одржуваат интернет портали и сајтови и ги информираат луѓето. Се повеќе млади луѓе се информираат правилно за црквата и за религијата и тргнуваат по правиот пат, а не по патот на квази-традицијата. 10. Генерализирањето никому не му помага. |
||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||
marrina
Нов член Регистриран: 15.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
sto?
|
||||||
Внеси реплика | страница <1234 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |