|
Секс - како вие гледате на него? |
Внеси реплика | страница <1 34567 36> |
Автор | ||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Asya e potpolno vo pravo, toa e Bibliskiot stav za brakot. |
||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Vo Biblijata Isus zboruva za brakot vo Matej 19:3-12, i toa zboruva konkretno pod koi uslovi moze da se dobie razvod na brakot, a ne zboruva za seksualnite odnosi , osven vo stihovite 5 i 6 kade veli: "Zatoa ke ostavi covek tatko i majka i kje se prilepi do zenata svoja i obata ke bidat edno telo. Pa taka, tie veke ne se dvajca a edno telo. A Bog sto sostavil, covek da ne razdeluva." No, ima mnogu citati od Biblijata koi kazuvaat deka seksot e dar od Boga koj treba da se uziva vo brakot. Izreki 5:15-21; Evreite 13: 4; 1 Korintjanite 7:1-9; Ako imas Biblija messi, proveri gi stihovite . |
||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
I za ova mora da ja pofalam Asya, dobar komentar i Bibliski ,vo sekoj slucaj. |
||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Zarem svetite Otci se zanimavaat so polovite odnosi na sopruzhnicite? I shto veli Svetoto Pismo? Kako mazhot i zhenata bi mozhele da se splotat vo edno telo i edna dusha? Jas ne rekov deka sexot go osmisluva brakot, tuku brakot mu e daden na padnatiot chovek, za da ne se raspushti vo svetot i da pogine vo nego, imeno na spasenie. Vo hristijanskiot brak, mazhot se splotuva so zhenata, koja shto sam ja izbral, t.e. na nekoj nachin ispituval ljubov ili privlechnost kon nea (ne so bilo koja, zaradi zhivotinski nagoni ili legalizacija na sex), i dobrovolno ja prifatil za zhivoten partner, po patot na spasenieto. Svetite Otci bile monasi i otshelnici, a nivnite zborovi se najchesto pogreshno svateni i manipulirani od duhovno neopitni duhovnici. Pred da se chitaat svetite Otci, za pravilno da se svatat, neophodno e, da se ima solidna osnova. Ne mozhe "Lestvica" da se odnesuva na mirjanite, bidejki taa e monashki pravilnik, a pravilata za monasite se razlikuvaat od tie za mirjanite. Monahot se otkazhuva od svetot, a brachniot mazh, preku stapuvanje vo brak, se obvrzuva kon zhenata, i ima svoja zadacha i funkcija vo opshtestvoto (vo svetot), koja shto treba pravilno da ja ispolnuva. Na toj nachin, sluzhejki im na drugite, prvenstveno na svojata sopruga i semejstvo, vodejki i podigajki go ispravno, toj mu sluzhi na Boga. Gospod se pogrizhil za se, pa i za chovechkata strast, koja stivnuva so godinite i starosta. Za zhal, nekoi sveshtenici na MPC preku nokj stanaa "starci", i samite imaat pogreshno svakjanje za svojata uloga vo zhivotot na mirjanite. Duhovnikot nema pravo da se mesha vo nechij brak, a vernicite treba da se sovetuvaat so nego koga imaat realna potreba, ako se raboti za problem od duhovna priroda, a ne za se i seshto, i koj kako da ja legnuva svojata zhena. Pa, toa e uzhasno! Za mirjanite, bitno e da gi ispoveduvaat svoite grevovi, ne vo "duhovna beseda", tuku vo sv. tainstvo na pokajanie, i vo poslushanie da gi ispolnuvaat odredbite na sveshtenikot. No, toa se odnesuva na duhovniot zhivot, a ne na sekoj zhitejski aspekt. Za sexot i sexualnite problemi, vo kolku postojat, mazhot treba da se sovetuva so svojata zhena, i zaednichki da reshavaat kako kje zhiveat. Ako vo soglasnost odluchat da apstiniraat od sex, toa e v red, no ako edniot partner ne se soglasuva, bi bilo krajno sebichno od drugiot, da se potchinuva na soveti od duhovnik, komu voopshto ne e mesto vo tugja brachna postela. Изменето од Asya - 05.Декември.2008 во 22:10 |
||||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Aj aj, da mi prostite, ali ova nema smisla.
Strasta e grev? Strasta na covekot e blud? Pa strasta e vo osnovata na se, na radosta, na ljubovta, ako sakate, na duhovnoto izdignuvanje. Strasta e samiot motiv za nesto, strasta e zivotnost! I sto velite, osnovata na brakot e spasenieto? Od sto treba covekot da se spasuva, lugje, ne uspevam da go razberam toa? Zarem na covekot gledate kako na sustestvo koe se ragja gresno i edinstvena misija vo zivotot mu e da se spasi od gresnosta? Ednostavno ne go cuvstvuvam toa za vistinito, prostete mi, no celoto moe bitie vristi deka coveckata dusa i telo se ragjaat cisti kako solza. I telesnoto zadovolstvo na covekot e prirodna dolznost, ne opstestvena. Изменето од Kali - 05.Декември.2008 во 21:58 |
||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Vo Biblijata ima odgovor i se regulirani site prasanja kako covek treba ispravno da zivee. Vo edno si potpolno vo pravo: Covekot ne e zivotno, covekot saka da crta, saka da cita,saka da pisuva poezija, saka da igra i da gleda fudbal, saka da istrazuva i razmisluva za duhovni raboti, saka da ima zadovolstvo i vo seksot , saka da komponira muzika, saka da gleda filmovi, itn. Covekot e unikatno sustestvo zatoa sto za razlika od zivotnite toj ima razum i saka da uziva vo zivotot. Na pr. Kolku pati sme se voodusevuvale na vinozito ili na zajdisonce? Zamisli nekoe tele ili kuce da se voodusevuva na zajdisonce ili da gleda vinozito? Smesno e da se sporeduva covekot i zivotnite Istata rabota e i za seksot kako dar od Boga , samo vo ramkite na bracnoto ziveenje |
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Шалом месинџер! Целото Писмо сведочи и упатува на суштината за СЛОВОТО БОЖЈЕ (ХРИСТОС)! Ѕирни во Shir ha Shirim, мислам ќе најдеш тоа што бараш. |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Iskluchoci ima sekogash, no tie se tolku retki, shto mozhe da se izbrojat na prsti. Znachi, ne e Bozhja Volja sekoj brachen chovek da se otstrani od svojata zhena, a Bog povikuva nekoi lichnosti vo iskluchitelni sluchai, kakov shto e sluchajot na Sv. Jovan Kronshtatski. Изменето од Asya - 05.Декември.2008 во 22:47 |
||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Koj mozhe neka zhivee taka. No, sekoj treba da dejstvuva vo granicite na svojata sila. Amon go istoshtuval svoeto telo cel den na nivite, a chovekot koj sedi pred kompjuter, na internet, ili raboti so zheni po 8 chasa dnevno, dodeka svoevolno se otstranuva od svojata zhena, mozhe lesno da bide soblaznet. Zatoa, mnogu e bitno, sekogash da e zadovolen od svojata zhena, i obratno, zhenata od svojot mazh, i ako se vozdrzhuvaat od polovi odnosi, toa da bide po dogovor. Chitajte: Poslovici 5:15-19). Изменето од Asya - 05.Декември.2008 во 22:44 |
||||
rabani
Сениор Регистриран: 02.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ami shto ako mazot ne e zadovolen od zenata?
ima li pravo da i pushti na primer porno film za da i pokazi kako treba taa da go zadovoli? ili nekoe porno spisanie? |
||||
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII |
||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Литвиненко, пофалби за твојот труд,каде јасно го нагласуваш исламскиот став до детали по ова прашање. Чисто ко солза. Аферим.
|
||||
Litvinenko
Група Регистриран: 02.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 52 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
верувам дека кога поединците од овој форум кога и малку би вложиле својот труд и би нашле време да ги прочитаат постираните постови како исламот гледа кон сексуалните односи во брак, би ја виделе чистотата на Исламот и со која прецизност и јаснотија го објаснува начинот како човек да се заштити од несреќите и последиците кои настануваат во некои интимни ситуации
|
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Во поново време, во православната Црква се појавуваат идеи на New Аge движењето (кое пак се потпира на паганизам и гностицизам) во поглед на телесните односи, или како што некои велат, осветување на еротските желби (=страсти).
Накратко, НСП (новиот светски поредок) вели дека сексуалноста е света, затоа што претставува споделување на енергија. Слично на ова, еден православен отец (не споменувам кој) вели: „Сексуалноста, т.е. интимните прегратки помеѓу мажот и жената и нивното телесно сплотување е свет олтар. Моментот кога љубовта ги води мажот и жената на сплотување на нивните тела е свет момент и свет чин. Телесното општење во бракот е акт на рекреација, рестроктуирање на човештвото во микрокосмичка форма. “ Ајде да видиме што велат Светите Отци. Свети Игнатиј Брјанчанинов: „Не само секоја грешна емоција и грешна мисла ја раскинува врската на умот со срцето (која е цел на духовниот живот и состојба на вистинска молитва), дури и секоја природна помисла и чувство маскирано под плаштот на праведност, може да ја уништи таа врска, и да ги раздвои умот од срцето во спротивни насоки.“ Свети Марко Подвижник: „Ако веќе не ја исполнуваме страста на телото, тогаш со Божја помош сите зла во нас лесно може да се отстранат.“ Свети Нил Синајски: „Ако копнееш да се молиш во Духот, не надевај се на ништо телесно.“ Свети Григориј Римски: „Бидејќи телесниот однос во бракот е пропратен со телесна страст, оние кои ја вршат добро е да се воздржуват од влегување во свето место (веднаш потоа), затоа што оваа страст не е непорочна. Давид кој вели - ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја - не беше зачнат незаконски, но во озаконет брак. Но знаејќи дека бил зачнат во беззаконие (грешност), тагуваше дека е роден во грев. Велејќи го ова, тој не го условува телесното општење во брак како нечисто, но страста од таквото општење.“ И на друго место, истиот светител вели: „Кога страста доаѓа на местото на желбата за деца, самиот акт на општење станува нешто, за што брачниците треба да жалат. Свети апостол Павле вели - ако не можат да се воздржат, нека се мажат - но веднаш потоа додава дека ова го вели поради допуштение, а не како заповед. Ова допуштение, односот го озаконува, но не го прави добар, па кога зборува за допуштение, не вели дека односот е безгрешен.“ Свети Атанасиј Велики за псалм 50: „Првичната замисла на Господ беше не да се раѓаме преку брак и распадливост, но нарушувањето на заповедтта, како резултат на Адамовиот грев, се појави бракот.“ Значи, Бог го создаде човекот без гревови, чист, подобен на ангелски чин. Телесното општење, како што можеме да видиме од Отците од погоре, е последица на падот. Но, некои современи отци на Црквата, денеска велат дека таа интерпретација на човековата состојба се однесува на Стариот Завет, и дека благодатта од Новиот Завет му дава друго значење на бракот. Еве што велат: „Современиот човек најпрвин треба да се врати кон земното, да се повзат со својата анималистичка природа, па потоа да станат кандидати за христијанска преобразба. Мора најпрвин да дојдеме до реалистичко искуство и прифаќање на нашите нечисти импулси и чувствата што доаѓаат со нив. Не треба да го следиме искушението тие импулси да ги отфрлиме. Треба да ја надополниме нашата анималистичка природа со љубов, а не треба да се одрекуваме од истата. Треба да разбереме дека сексуалната енергија, наместо да биде непријателска на божествената, може вистински да не` поврзе со Бога.“ Еден друг современ православен теолог вели: „Енергијата во човекот која се манифестира како сексуална енергија го има својот извор длабоко во порите на суштествувањето. Тоа е енергија на живот, божествена по потекло и света по природа, и не престанува да биде света дури и кога нејзината употреба, преку игнорантност или зајадливост, се злоупотребува или изопачува.“ А еве што вели еден НСП: „Нашата сексуална енергија е најблиска енергија до духот. Таа е најблиска енергија до божествената.“ Но, Свети Јован Дамаскин има подруго сфаќање за таквата сексуална енергија: „Заповедта - множете се - не мора да подразбира телесно општење. Господ може да го зголеми човештвото и на друг начин, ако човекот ги зачуваше ненарушени заповедите до крај.“ А еве што вели еден наш современик, владиката Артемије: „1. Црквата, која е верна на Господ Исус Христос, Светите Апостоли и Светите Отци, ја става девственоста на повисоко ниво од бракот; 2. Поради нашата слабост, Црквата го дозволува и бракот, го благословува, и го осветува. На тој начин таа го дозволува телесното соединување „во едно тело“, но тоа е благословено ако се работи само за потомство. 3. Црквата снисходи на нашите слабости, та ги толерира и односите во бракот кои се побудени од недостаток на самоконтрола (1 Кор. 7:5-9), и немаат за цел потомство. Но, таквиот треба да го види својот недостаток од самоконтрола, и смирено да се понизи пред Господ. Таквиот човек не треба да очекува да прими венци, но да се надева дека Господ ќе му се смилостиви заради неговата унизеност. Таквото допуштение не треба да се протолкува како толерирање на употреба на презервативи како мерка за незачнување. 4. Црквата не снисходи повеќе од тоа, и го смета за грев користењето на било кои средства кои го спречуваат зачнувањето. Тие што користат презарвативи, го сметаат сензуалното задоволство за цел на телесното општење. Црквата на таквите ги одлачува од причест, а исто така ги одлачува тие кои не се држат до учењето на Апостолите, и не се воздржуваат од телесните страсти.“ Ова е во согласност на светоотечкото учење: Свети Иринеј: „Бог ги создаде мажот и жената за одржување на потомството.“ Свети Климент Александриски: „Поради светоста во одржување на потомството, семето на мажот да не биде залудно исфрлано, ниту пак оштетувано, ниту пак залудно потрошено. Да се има телесен однос, надвор од одржување на потомството е повреда на природата.“ Свети Епифаниј: „Тие (египетските еретици), практикуваат полови дела, но го спречуваат зачнувањето деца. Половите односи ги прават не за потомство, ами за да ги задоволат своите страсти - па тие подлежат на распадливост.“ Свети Јован Златоуст: „Многумина платија со пари за да бидат бездетни, но тие имаат распадлива природа, затоа што не само што ги убиваат новородените, туку делуваат во спречување воопшто тие деца да почнат со живот.“ Блажени Августин: „Тие општат на срамен начин, само за да ги задоволат страстите на нивните жени, а одбиваат да имат деца. Кога децата се одземаат од бракот, а продолжува телесното општење, сопрузите се бесрамни љубовници, сопругите блудници, а нивните брачни одаи постануваат бордели.“ И повторно блажени Августин: „Телесното општење заради потомство е достојно во бракот. Но, сето што го надминува ова, не следи никакво оправдание, туку блуд. “ Се надевам ќе направите разлика меѓу светоотечкото поимање на сексуалноста, и толкувањето на некои современи теолози, кое е многу блиску до New Age учењето. Изменето од makarios - 06.Декември.2008 во 00:43 |
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Овие два става се контрадикторни.
Примерот со Свети Јован Кронштадски вели дека не мора секогаш да биде така. Тука немало договор - жената отишла да се жали кај владиката.
Не се осветува оној кој копа на нива, или оној кој работи на компјутер, туку оној кој се подвизува во Божјата мудрост и го има очистено срцето од страстите. |
||||
Внеси реплика | страница <1 34567 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |