|
Поуки од Светите Отци |
Внеси реплика | страница <1 1516171819 32> |
Автор | |||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Старец Софрониј Сахаров Во почетокот беше Словото. Без Него ништо не постои. Катадневно го вкусуваме болниот и беден живот во нашето тело. А сепак, создадени сме според образот на Христа, Апсолутниот. Проблемот, тајната на нашиот живот, е во преминот од релативното во Апсолутниот. Ако битието е создадено од Бога, не треба да умре. Бог го создаде животот, не ја создаде смртта. Нашата цел е животот во Христа Бога, во бесмртноста, во вечноста. Согласно Откровението, возможно е вечноста Божја да ни се подаде. |
|||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Свети Силуан Атонски Ако мислиш лошо за луѓето, тоа значи дека лошиот дух живее во тебе. И тој ти ги вметнува лошите помисли за луѓето. И ако некој не се покае и умре, не простувајќи му на братот, тогаш неговата душа ќе отиде таму каде што живее лошиот дух, што ја заробил душата. Таков е духовниот закон: ако простуваш, значи дека и тебе Господ ти простил. А ако не му простуваш на братот, значи дека и твојот грев останува со тебе. Господ сака да го љубиме ближниот. И ако размислуваш за него, дека го љуби Господ, значи дека љубовта Господова е со тебе. И ако мислиш дека Господ многу го љуби Своето создание, и самиот ја сожалуваш сета твар, и ги љубиш своите непријатели, себеси, пак, се сметаш за полош од сите, значи дека со тебе е голема благодат на Светиот Дух. |
|||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||
bob
Нов член Регистриран: 03.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 32 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
... GOSPODI ISUSE HRISTE pomiluj ne... Изменето од bob - 16.Декември.2008 во 07:35 |
|||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
свети Симеон Нов Богослов Во сегашниов живот, кога преку покајанието слободно и доброволно влегуваме во Божјата светлина, ние сме обвинети и судени; меѓутоа, со Божјата љубов и милосрдие, ова обвинување се врши во тајност, во длабочините на нашата душа, за наше очистување и за прошка на нашите гревови. Тогаш, само Бог и самите ние ги гледаме длабочините на срцата наши. Оние што во овој живот трпат ваков суд, нема што повеќе да се плашат од друг испит. |
|||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
страец Софрониј Како да го поминеме денот без грев, или поинаку речено, свето? Еве го нашиот секојдневен проблем. Како да ги преобразиме нашето битие, умот, чувствата, самите наши природни реакции, така што да не сториме грев против нашиот Небесен Отец, против Христа, против Светиот Дух, против човековата ипостас, против нашиот брат и против секое нешто на овој свет. |
|||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Старец Софрониј
Бог може да го допре духот на човекот и на непосреден начин да му го даде самопознанието. Постои голема разлика помеѓу ова познание и она што се стекнува во теолошките школи. Може да е многу опасно да се студира теологија, без егзистенционален опит на животот, во Духот Христов. Во опасност сме, навистина да ја изучуваме теологијата во нејзините апофатички форми, како философија или поезија. Во опасност сме да присвоиме некој погрешен став, да се сметаме себе си како нешто големо, што е доволно за да се загубиме. Должни сме да бараме во животот еден друг вид на вдахновение, во Христа. Теолошката наука што се учи во школите и која стана научна дисциплина достапна за сите, не ни овозможува познание на Бога. Познанието на Бога извира од животот во Бога, кој се раѓа во внатрешноста на срцето. |
|||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
свети Амвросиј Оптински
Молитвата на митарот Господи смилувај се на мене грешниот, ќе ги придружува праведниците до вратата на Царството, зашто на патот кон спасението христијанинот мора постојано да се наоѓа меѓу стравот и надежта. Свети Исаак Сирин оваа мисла ја изразил со еден трогателен збор ’каењето – вели тој – е треперење на душата пред вратите на рајот’. |
|||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
стрец Софрониј
За да ја зачуваме благодатта на Светиот Дух, должни сме да се држиме подалеку од секоја помисла која не Му е угодна на Бога – ни вели Старец Силуан. Ова е нашето дело. Ова е нашето духовно восовршување. Но, бидејќи станува збор за спасение во вечноста, ова восовршување никогаш не завршува. Почнуваме и повторно почнуваме, без крај! |
|||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Старец Софрониј од Есекс Во условите што владеат во современиот свет молитвата бара натчовечка храброст, бидејќи ѝ се спротивставуваат севкупните космички енергии. Да се сочува молитвата нерасеана значи победа на сите нивоа на природното постоење. Овој пат е долг и трнлив, но доаѓа моментот кога зракот на Божествената Светлина ја пробива густата темнина и пред нас се отвора простор низ којшто можеме да го видиме Изворот на таа Светлина. Тогаш Исусовата молитва добива космички и метакосмички димензии. |
|||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Слепиот човек кој седеше покрај патот близу Ерихон, ја кажа молитвата: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме.“ Свети апостол Павле во своето прво послание до Тимотеја вели: „Христос дојде да ги спаси грешниците, од кои првиот сум јас“. Овие две реченици ни ја откриваат една од најважните молитви во Црквата - Исусовата молитва: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот“.
Отците на Црквата велат дека оваа едноставна молитва е најдиректен и наједноставен начин на исполнување на заповедите на Новиот Завет да се молиме непрестајно. Оваа молитва може да ја кажува секој, од најмало дете, до најуспешен бизнисмен. Од оваа молитва, никогаш не може да се измориме. отец Матеј, парохиски свештеник на Американска Православна Црква |
|||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Изменето од Tetratka - 09.Декември.2008 во 16:02 |
|||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Синко, можеби нема ни малку да обратиш внимание на овие мои зборови. Но, Бог знае дека само од сочуство и љубов кон тебе и грижејќи се за твое добро, ти зборувам и ти го изнесувам сето ова. Не ти барам ништо. И Христос не ти бара ништо. На Бога ништо не Му е потребно. Единствено што сака е тебе да ти е добро. Тој сака и ти да се радуваш со Него, како и толку многу други што Му се радуваат. Те љуби и те посакува во Својата близина, како што таткото го љуби своето чедо. Меѓутоа, ти дава и право да Го отфрлиш, Него, својот Отец и Создател. Толку ја почитува твојата слобода, толку го цени твојот слободен избор! Не те сака во Своја близина присилно, нити како Негов роб, туку како слободно чедо на Благодатта Негова. Те сака како Свој брат и пријател. Ако Го прифатиш, Тој прв ќе дојде и ќе се радува со тебе. Ќе пребива во тебе и ќе ти го даде Својот спокој. Толку ќе бидеш спокоен, што ќе плачеш од радост и среќа каква што не можеш ни да замислиш. Ќе Му благодариш и ќе Го прославуваш. Ако пак, Го отфрлиш, ќе го прифати тоа со горчина и ќе си замине. Нема да ти нанесе ама баш никакво зло. Само ќе ја боледува твојата болка, твојата несреќа, твојот пустош, затоа што ќе бидеш далеку од Него. Трпеливо ќе те чека пред вратата од домот на твојата душа, зашто, можеби, за среќа, ќе се покаеш и ќе те чека до крај, за повторно да те приведе при Себе. Прими Го, дете мое, како што ти реков и ако сакаш, заради радоста своја, задржи Го! Со благослов од Архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир |
|||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||||
blagorodna
Сениор Регистриран: 16.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 568 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Od ko iscitav so rekle svetive oci za sekso, se razocarav zas samo tamu im bil pameto i nema da gi verua mnogu.
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 1516171819 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |