IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4243444546 138>
Автор
Порака
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 11:22
.....Иако знаеш да бидеш бескруполозен,груб...сепак си прекрасен...
Дури и во тие моменти го сакам секој твој збор кој како нож боде по душава
и ги буди заспаните чувства.
Дури и тогаш си најпрекрасната личност,со која би сакала да сум,
без разлика колку тоа боли.
Оти болката значи дека сум жива...чувствувам...знам.
Сигурен во себе,елегантен,инспиративен,спонтан...
Многу се зборовите со кои би можела
на некој начин да те опишам.Во мене предизвикуваш
бура од мисли....вулкан од чувства...букет од желби...
Посакав да те допрам,да те видам,да те почувствувам.
Посакав...и...желбата ми се исполни...
Те запознав и те сочував тука....во градиве,
каде што е најтопло ама и најразиграно,весело,треперливо......
Нема да исчезнеш од таму никогаш...
Нема да си повреден таму никогаш....
Нема да те боли мило таму додека спиеш,
оти јас ќе те чувам....ТЕ САКАМ


Изменето од butterflyM55 - 29.Ноември.2008 во 11:24
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 11:41
Д О П И Р

Допир...Тој допир. Колку ли ќе останам зарбена во овој затворен круг на емоции, кои без чувствително ме приковаа за да ја почувствуваат мојата болка?
Да,ја посакуваат мојата солена солза која веќе одамна е засушена,затаена во оваа грло,вресок од душа што и волците од најтемната шума би се уплашиле.
Посакувам да го допрам недопирливото...твојот допир.
Те допирам само во сон,јавето за мене не постои,како да живеам во туѓо тело непочувствувајќи го твојот допир кој некако е астрален,неможам да те допрам освен кога ги затворам очите...Ти,дали постоиш?Каде си ти?
Ноќта се приближува,желно чекајќи го сонот да ми падне на очите.
Ноќен јавачу на моите сништа доприме!Допри го мојот сон за да живеам во твјот сон,недопирливото ќе биде допрено,невозможното ќе биде возможно.
Само уште еден чекор до бесконечноста и тука си,тука сум со твојот допир.
Пронајди ме,побарај ги трагите од мојата засушена солза,допри ја,ќе ја почувствуваш мојата тага,таа ќе те одведе до мојата душа,до темното небо без ѕвезди.Но,само една ѕвезда сеуште сјае,трепери со сиот нејзин сјај,патоказ до ѕвездата Даница...Ти само допри ме,ќе ти го покажам патот до нејзиниот сјај,а тогаш сите ѕвезди ќе затреперат...прекрасен космос во моите очи.
Допри го мојот сон...Ти,само допри ме.

Даница ПЕТРОВСКА„О8„


Љубов и само љубов
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 18:48
Не можам
никако не можам
колку и да сакам
колку и да копнеам,
нешто во мене
наредби издава,
а јас сум само војник
за ноќни стражи
што само знае
за ветер, студ
и самотија.
Нема начин ниеден
преку себе да прејдам
бар малку да се предадам
да заборавам
зошто до сега преживеав,
толку е силно
толку е моќно
играчка сум негова.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 19:37
Желба наизменична
низ гради ми мине
здив ми сопира,
сакам да допрам
сакам да продрам
сила ми снемува.
Неважен блиц
пред очи ми светнува
како слепец се тетревам,
потсмев од некаде ечи
во некој ќош
глушец умира,
ме гледа
со последен поглед
што замира,
со порака некоја
навидум неразбирлива
гради ми раскинува.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 17:03
Бакнеж до бакнеж
никогаш не е доста
милиони допири
се помалку се
еден во друг
неможност еден без друг
часовникот на парчиња лежи
некаде доле
некаде на патот
забрзани го газат.
Некаде сме горе
на висина со вечноста
сами сме засекогаш
никаде ништо не постои
сем тоа што сме ние
наместо тоа што бевме
се подалеку сме
од она што беше.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 22:42
Ни денес нема да биде
онака
како што беше некое вчера
не си сам
а некогаш е подобро да си
од поплава исфрлен
од ајкули нагризан
додека си се борел
со она што видливо е
со она што предвидливо е
иако парче од рака
те чеша
што веќе го немаш,
унаказен
и за очи непријатен
лицемерие познато
секојдневно
од исти профил на лица
пријатели ги нарекуваш.

Изменето од zbunet - 04.Декември.2008 во 22:43
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2008 во 13:26
Слепец тврдоглав
сум си бил ја
у свој свет замислен
засекогаш загубен
за реален свет параноичен,
секаде рогови гледам
и очници искезени
што се стремат
кон врат мој откриен.
Сите лоши се
сал ја најарен сум
од мене поарен нема
и не ќе има,
а само безвеза зборат
дека сум од старците еден
на балконот зајадливо што седат
и на жабецот што се поти
му се смеат.
Ми викаат слеп сум
еднаш, па уште еднаш
па уште два пати
јеби га
што знаат они
најарен сум ја.

Изменето од zbunet - 06.Декември.2008 во 13:29
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2008 во 02:10
Не сум оној
јавачот на коњ бел
и со насмевка бела
оти уште возам фиќо жолто
и имам жолти заби
не светкам кога идам
оти на пазар
алишта ефтини купувам
и молам бога да не заврне
и да проверам квалитет кинески
од кимоно навака
ништо квалитетно немаат.
Неучено и просто изгледам
онака
како ќе се срамиш
ако другарки те видат
за муабет тема
еден месец ќе им бидеш
како и ќелава глава моја
на која кармин твој стоеше.
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2008 во 02:21
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 00:55
Ми дише глава
многу
ептен многу
барајќи го каменот тој
мирис од дланки твои
на себе што носи
глава што ми дупна
и промаја ме бие
ме боли знам од што
и сепак пред тебе клечам
оти по јајца ме клоцна
и на лошење ми иде
ти ми плачеш
дека ме сакаш велиш
дур шамари ми лепиш
и за коса ме кубеш
дур низ магла те гледам
додека чекам
јасно да ми бидне.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 01:25
Имав плоча
да играш
да се изнаиграш
од мерак за уши да се фатиш,
ама да сецка почна
оти гребната бидна
од мака на патос клекнав
и брејк денс почнав
најбољи бев
у собирање прашина
од која улица наша
најчиста бидна.
Дојде малој моме
а мене уште од џамлии
красти раце ми красеа
њу романтик
да фатам терав
менѓушка си обесив
бабите у маало
за зет ме неќеа више.
 
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 01:58
Она на работа брзаше
а мене млеко не ми се пиеше
оти од уши ми течеше,
очи да се тргнат чекав
велев дека жешко е,
а она трчаше
многу и се брзаше
ништо не и се гледаше,
грб ми сврте она
у кујна по сендвич тргна
грабнав брзо шоља
и од молња побрз
низ балкон да го истурам,
а она не гледаше
дур трчаше
под балкон мој
дур од шоља млеко течеше
а чекори од кујна идеа
а она бела од млеко стануваше,
кратко се видовме
зошто од кујна она идеше
а не знаеше
дека знаев
ќутек дека ме чекаше.
Кон врв
fleur de lis Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 25
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fleur de lis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 07:50



МОЛЧИ

Добредојде назад...хахаха...
И молчи! Молчи!

Знаеш...тогаш...додека трчаше по дождот и бараше засолниште, беше потопла...понежна...сега си мртва, мртва риба во аквариумот на времето.

Не, не ти се лутам, знаев дека ќе се вратиш, затоа и те пуштив да си одиш...да го почувствуваш уште еднаш на усните раѓањето на гласот кога љубиш. Да го почувствуваш блесокот на љубовта кој удира и ја ништи последната трага на каењето и те исполнува, весели...да го почувствуваш галопот на срцето додека му се подаваш во нокта која пулсира во ритамот на вашите тела. Но ти сега и срцето го немаш...така безумно го загуби уште на почетокот...го подари. Сега си како мене, иста...хахаха...

И не ме гледај така, со тој поглед на бисерна капка што полека умира.
Дојди поблизу, не плаши се!
Погледај...тука ти е насмевката која ти навираше од усните на твојата душа додека го гледаше него...ха...ја украдов и сочував...за да те мачам заедно со гласот на спомените...за да не заборавиш никогаш повеќе дека само звездите бесcмртно горат, а ти, ти не си звезда.

И затоа ке ти кажам МОЛЧИ!!!

Молчи и остави ја душата спокојно да сонува.



Изменето од fleur de lis - 09.Декември.2008 во 02:00
...''beauty rejoices, not those who possess it, but those who are capable of loving it and worshipping it''...
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 12:20
Ај душиче слатко
да те сакам знам
правосмукалка неќам
да те љубам ептен знам
од садови раце ми пукаат
да те галам после ќе неќеш
изгребана по тело ќе бидеш
ко у Змајевом гнезду
Брус Ли кога се вжешти
како сега што ме гледаш
спремна меѓу огледалата
да ме излупаш.
Наглув више биднав
од твојот моќен ек
дај малу душа
смеј ми се малу
не ми глуми Бетмен
и лилјаци не ми пуштај
ти мажи многу не си имала
штом на мене
мани ми наоѓаш.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4243444546 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.