IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - BREAKING NEWS......!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

BREAKING NEWS......!!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 75>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 4,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 15:02
Обвинението за организиран криминал и за злосторничко здружување за Змиско око отпадна пред судот. Судијката Вангелица Маркудова пронајде докази само за злоупотреба на службената положба на седуммина контролори кои добија по две години затвор.

Највисока казна од три години затвор му досуди за поткуп на заменикот на полициската станица во Петровец, Дејан Готиќ.

Сите инкасанти во Петровец три години затвор, инкасантите условна казна затвор а тројца ослободени од обвинението за злоупотреба на службената положба.

„Во еден дел од пресудата сум задоволна во еден дел не сум. Ќе видиме како ќе се реагира по консултациите со обвинителот. Останувам на обвинето за организиран криминал и корупција“, рече Вилма Рускоска, обвинител во процесот.

„Тоа што отпадна обвинетото за организиран криминал и корупција е во ред. Казната од две години за контролорите се високи зашто не постои кривично дело и ќе ја обжалиме“, рече Саво Коцарев, адвокат.

„Судот донесе ослободителна само за тројца и со тоа само делумно е задоволена правдата,требаше ослободителна за повеќе обвинети“, рече Зоран Трајковски, адвокат.

Од обвинетите се бара да ги вратат солидарно парите кои беа прифатени од судот како отштетно побарување.

Тоа значи дека заедно ќе треба да вратат околу 2,7 милиони денари.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 15:06
otpadna poradi naslovot na akcijata ... trebalo da bide oko sokolovo голема%20насмевка ... a sto se odnesuva do stetata , da be ... kje e vratat ... kako ne  ... ima edna pogovorka ama ne e za javnost ...... kje procita taa novinarkata pa opet kje bideme BUMBARI смеење ......... sepak , vo akcijata nekoj profitirase ... nesomneno .... PARTISKITE VOJNICI KOI VEDNAS BEA UFRLENI NA MESTOTO NA PRITVORENITE ... I TOA MALKU PRED IZBORITE голема%20насмевка
Кон врв
Averoes Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 299
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Averoes Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 17:23

Овде во Македонија ке се случи српското сценарио... односно исто како што србите го подрзуваа Милошевич кој и покрај забелешките од мегународниот фактор сепак имаше голем рејтинг во Србија ,истото се случува и во Македонија наивниот народ го подрзува Груевски наспроти лошите сигнали од страна на Мегународниот фактор ,и тука како и во Србија ,исто како таму каде што потоа почнаа да не го сакаат и на крај да го симнат од власт Милошевич ,и тука истото ке се случи кога народот ке ја препознае политиката на груевски.



Изменето од Averoes - 28.Ноември.2008 во 17:25
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 18:53
Originally posted by Averoes Averoes напиша:

Овде во Македонија ке се случи српското сценарио... односно исто како што србите го подрзуваа Милошевич кој и покрај забелешките од мегународниот фактор сепак имаше голем рејтинг во Србија ,истото се случува и во Македонија наивниот народ го подрзува Груевски наспроти лошите сигнали од страна на Мегународниот фактор ,и тука како и во Србија ,исто како таму каде што потоа почнаа да не го сакаат и на крај да го симнат од власт Милошевич ,и тука истото ке се случи кога народот ке ја препознае политиката на груевски.

 
 
 
Е алал да ти е. Одамна е јасно дека Груевски е мали Слоба и веројатно е дека ќе заврши слично на него - можеби не во Хаг, ама претепан од сопствениот народ како Чаушеску, тоа е сигурно.
 
Психолошкиот профил на такви фацки како него им е добро познат на западњаците, тоа е т.н. empire builder, што секогаш завршува катастрофално и за империјата и за императорот. Такви не ги сакаат да водат фирма, камо ли држава.
 
 
 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 22:10
..politika...politikanstvo... ni traga od vistinata...

Од понеделник раководството на СОНК ќе штрајкува со глад доколку политичките притисоци не стивнат. На вакво решение од СОНК велат дека се одлучиле поради се посилните притисоци кон неговото членство за штрајкот да прекине.

„Претседателот на СОНК и членовите на претседателството на СОНК, донесоа лична одлука, од понеделник, ако и утре продолжат притисоците врз нашите членови кои се во штрајк, ќе влеземе од понеделник со штрајк со глад“, изјави Дојчин Цветановски, СОНК.

Многу од просветните работници кои штрајкуваат, се жалат на закани од локалната власт.

„Одма бевме повикани надвор и нападнати на некој начин, нормално вербално, дека полиција ќе викнат“, рече Миладин Костадиновски, наставник.

„Најмногу притисоци се изврши врз младите колеги кои се со договор на дело и затоа тие мислам дека и почнаа тие да ги земаат дневниците и направија еден хаос во колективитетот“, вели Тоше Геров, наставник.

Но, постои и раздор помеѓу просветните работници. Дел од нив не сакаат да штрајкуваат на ваков начин. И Средношколската унија повторно апелира за наставата да почне. Наставниците кои не штрајкуваат, ќе работат од утре.

„Тој нема право на учениците да им го одземе она што тие се должни, да одат на училиште“, вели Липа Шеќерова, наставник.

„Не е начинот децата да ги оставаме на улица. Не е начинот, по мое лично мислење“, рече Христо Крнинов, наставник.

Инаку, утре е работен ден поради одработување за неработниот Ден на дрвото. Училишта кои досега штрајкуваа и утре ќе штрајкуваат. Директорите на школите во скопските населби Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром и Бутел најавија дека утре ќе има настава.

СОНК ја отфрли идејата градинките и дневниот престој да престанат со работа. Тие од понеделник ќе работат. Штрајк пред Влада нема да има. Протестите ќе продолжат да се одвиваат како и досега, во училиштата.

...nema pravo ni gospogjata Lepa Shekerova da ja dezinformira javnosta...Site nastavnici i roditeli od opshtina Kisela Voda i Aerodrom znaat deka gospogjata manipulira zatoa shto zboruva samo kako nastavnik nastavnik...ama neshto zaboravi da kaze deka vo isto vreme e i SOVETNIK vo opshtina Kisela Voda...znaci...nejze mozebi i ne i trebaat tie pari...bidejki sovetnickata plata ne e taka mala...a nastavnickata potkrepena so sovetnicka e solidna plata... premierot Gruevski treba da presece i toa so dlabok hirurshki rez... vakvite ne ja branat negovata politika...naprotiv go srozija i ona malku dobro vo negovite idei. Se prashuvam...zarem tolku gospogjata ne najde ni eden nastavnik koj ne e politicki aktiven da zboruva...tuku morashe bash taa da izleze na pres konferencija...zarem preku grbot na decata i odenje protiv svoite kolegi se gradi politicka kariera. Ne e cudo taa nabrgu da bide  pretendet na ministersko ili zamenicko mesto...Vremeto kje pokaze... a bogami i premierot. jas seushte veruvam vo nego i negoviot zdrav razum...




Изменето од mamamd - 28.Ноември.2008 во 22:11
Кон врв
Neanticki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 564
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neanticki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 22:25
mamamd
ОД НЕКОИ ПОСТОВИ РАЗБИРАМ, ДЕКА ГО ЗНАЕШ ЛИМБА МАКЕДОАРМА`НА И САКАМ АКО Е ВОЗМОЖНО ДА ПОМОГНЕШ НА „ИСТОРИЈА“. БЛАГОДАРАМ!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 13:04
.. Dzingo nemal samo televizija...
СТРАНСКАТА ПОМОШ ОДИ ВО ПОГРЕШНИ РАЦЕ
Ѕинго стави министер и доби трактори
Поседот на најголемиот кратовски земјопоседник Љубисав Иванов- Ѕинго се ора со трактори од јапонската помош. Најмодерните трактори со полна пареа ораат и го собираат родот од пченка на најплодна земја, додека земјоделската механизација на земјоделците е пред распаѓање. - Видете ги нашите трактори кои се стари како за во музеј, а видете ги оние што ораат на нивите на Ѕинго. Ние обичните земјоделци ниту имаме пристап до земја, ниту, пак, можеме да добиеме од тие современи трактори. Нам ни останува да се мачиме, со старите трактори да ораме по ридовите, а тие што ја имаат власта во Кратовско, да можат да направат се што сакаат - вели земјоделец од Кратовско. Негов соселанец иронично забележува дека не е чудно што новите трактори ја ораат земјата на Ѕинго, бидејќи тој ја има најубавата земја, па мора и тракторите да бидат соодветни. Тракторите се купени со пари кои јапонската влада ги даде уште пред 11 години кога се набавија трактори и се поделија на земјоделците. Сега, по пауза од 7 години од наплата на тие трактори се купија нови и се објави оглас за нова поделба. За 140 трактори конк*рираа 160 земјоделци. Во меѓувреме, во последен момент, една од двете фирми што требаше да ги испорача тракторите се откажа, бидејќи фабриката не можела да ги испорача тракторите. Наместо планираните 140, за поделба останаа само 80 трактори. Иако одбрани на огласот, при поделбата пред два месеца без трактори останаа околу 60 земјоделци, но не и комбинатот на Ѕинго. На списоците до кои дојде „Време“, од вкупно 80 апликанти што добиле трактор нема ниту една компанија од Кратово, ниту, пак, е запишана „Земсил“, која е ќерка-фирма на РИК „Силекс“ и која ги работи нивите, иако на терен поседот на Ѕинго го ораат најнови трактори од марка „џон дир 5303“, исти такви какви што требаше да завршат во рацете на земјоделците. Кога побаравме став од Министерството за земјоделство за тоа кој се добил трактори од јапонската помош, излегоа со официјалниот список за поделбата на тракторите. Одеднаш на овој список се појавува и кратовската фирма „Земсил“. Ставот на Министерството е дека откако увиделе дека им остануваат 4 трактори, за нив дале оглас дека ќе се делат и тоа го објавиле на веб-страницата и на огласна табла. Тогаш „Земсил“ добила два трактора, но под важечките услови и начини за плаќање. Според информациите на „Време“, по завршувањето на јавниот оглас каде се било транспарентно, министерот Спасеновски направил втора комисија и така, на мала врата, фирмата на Ѕинго добила трактори. Земјоделците коментираат дека чудно би било Ѕинго да не добиеше трактори од јапонската помош кога ги делеше токму Ацо Спасеноски - министерот на Ѕинго.
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 14:24
i posle zosto lugjeto ne se zanimavaat so zemjodelstvo...

i mlekarite pak ostaveni na cedilo....

sto ne se rodiv 25 godini porano
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2008 во 23:42
Е да бе,ВМРО криви се за се,или па СДСМ...овци едни
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
oon Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 397
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 03:41






Сите институции кој ги контактиравме и официјално потврдија дека договори и дозвола за носење оружје на странски војски нема...за конечно и вечер да се вклучи со свој прилог.

подоле освен нови фотографии на овојпат Турски војници, ке најдете извадоци и официјална потврда за договорите и транзитните протоколи на Нато војските.

ОДГОВОРНОСТ ТРЕБА И КЕ СЕ БАРА најпрво од Бугарските војски кој без дозвола хараа по Ново село, потоа и кон сите други кој ги прекршиле законите на оваа земја.

Не е оваа земја под ваша окупација да ја уценувате и понижувате а за гостопримството да ни вратите со сеење страв, кршење на законите и заплаѓување на Македонските грагани....



Натовци со пушки на шопинг во Скопје
По којзнае кој пат, униформирани војници на КФОР и НАТО со автоматски пушки и со кесиња од шопинг шетаат во строгиот центар на главниот град

По којзнае кој пат, униформирани војници на КФОР и НАТО со автоматски пушки и со кесиња од шопинг, дефилираа на плоштадот Македонија во Скопје во моменти кога тој е полн со луѓе.
Во тоа време на плоштадот се наоѓаа стотина цивили, возрасни и деца кои ја коментираа глетката и настанот со негодување кон НАТО и вооружените војници на странска војска среде главниот град. Според ознаките на униформите овие петмина вооружени војници, тие се од воената полиција на турскиот контингент на КФОР на Косово. Ова не е првпат низ центарот на Скопје, но и во другите поголеми градови во државата, да шетаат вооружени војници на КФОР и на НАТО да се движат меѓу толпата луѓе. Повремено се случува вооружените странски војници да шетаат по продавниците на Градскиот трговски центар и да пазаруваат, како што најверојатно е во овој случај и тоа кога низ него има голема фреквенција луѓе. Со овој шопинг турските војници, кои со себе носат пушки и она што го купиле по продавниците, извршиле сериозна повреда на македонски закони и меѓународни договори за што треба да одговараат. Во Македонија, исклучиво само припадниците на Министерствата за внатрешни работи и одбрана имаат дозвола на јавни места да носат оружје. И никој друг. Согласно со СОФА договорот, како и правилата на странските војници за служење во Македонија, на НАТО војниците, а особено на косовската мисија КФОР, им е строго забрането да носат оружје во цивилна средина. Овие НАТО војници се фотографирани од репортерот на ВЕЧЕР во момент на прекршување на законот, со што стануваат обични криминалци. Особено ако овие турски војници не се на должност, а ако се тогаш тие мора да бидат следени од ОБСЕ и ЕУ.

НАТО мора да ги казни криминалците, заради својот углед, и нашиот респект кон Алијансата.
Одредбата да не се носи оружје во прошетка важи и за војниците на КФОР од Косово, кои како и нивните колеги во Македонија кои не се дел на нивната воена полиција, очигледно е дека досега во безброј случаи повеќепати се оглушуваат на наредбата дека не смеат да носат огнено оружје.
"Во договорот меѓу Македонија и НАТО стои дека странските трупи, вооружени можат да се движат исклучиво во конвој, со полициска придружба однапред и зад колоната", вели Иво Котевски, портпарол на МВР. Од МВР велат дека конкретниот случај не бил пријавен в полиција. Истовремено од полицијата објаснуваат дека официјално ќе ја алармираат воената полиција на КФОР во Косово.


Од штабот на НАТО во Скопје, за целата ситуација велат дека најчест проблем се војниците на КФОР во соседно Косово. Тие честопати ја минуваат границата и доаѓаат во Македонија. Знаејќи дека на Косово се обврзани да го носат оружјето на себе постојано, тие со него одат и низ центарот на градовите.

Дури и при службена посета во државава војниците оружјето требало да го стават на чување заедно со еден припадник во нивните армиски возила, а не да го носат со себе. Постои опција, објаснуваат од штабот на НАТО, пушките при влезот во Македонија евентуално да се остават кај нивните колеги на граничниот премин.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=31C6F7AB8F3D9344A9E6C3338B829613

Изменето од oon - 11.Декември.2008 во 03:50
Кон врв
oon Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 397
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 04:01
Ебати НАТО
Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 14:54
Turski vojnici vo sred Makedonijaголема%20насмевка
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 14:56
pa ti sto se raduvas ? .... treba da se raduva nekoj TURCIN збунетост
Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 14:58
Originally posted by miroslav_g8 miroslav_g8 напиша:

pa ti sto se raduvas ? .... treba da se raduva nekoj TURCIN збунетост
 
 
Pa ne napraja nesto loso,samo za soping dojdoaнамигнување


Изменето од Polaris - 11.Декември.2008 во 15:00
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 75>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.