IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Перење Мозок
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Перење Мозок

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
Автор
Порака
SuicideMessiah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SuicideMessiah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Перење Мозок
    Испратена: 03.Декември.2008 во 09:31
По двете години власт и стоте дена владеење, луѓето можат Груевски да го читаат како селски буквар.
Сега е веќе јасно дека ако утре се очекува некоја лоша оценка за владата од меѓунардните организации, вечерта спроти тој настан некој ќе биде уапсен и тоа ќе биде главната вест а не лошите оценки. Таа вечер ќе започне нова рекламна кампања на телевизиите платена од страна на владата или ќе биде објавена анкета на ИРИ која ќе тврди дека ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски ја зголемиле својата предност во однос на опозицијата од 2:1, колку што изнесуваше на изборите на 6:1 само за неколку месеци.
Така Груевски ги убива лошите вести и постојано не убедува дека преородбата што ја замислил продолжува.
Во филмот на Емил Костурица „Се секаваш ли Доли Бел„ Славко Штимец на таванот од една плевна ја вежба својата хипноза врз зајакот на кого му ја повторува политичката мантра на тоталитаризмот која гласи:„ Секој ден во секој поглед се повеќе и повеќе напредуваме„ Кога во тоа ќе ги убедиш луѓето, всусшност напредување веќе не мора ниту да има. Доволно е тие да веруваат во тоа што им се кажува. Политиката на Груевски е сега во таа фаза.
Македонија го доби извештајот од Европската комисија за својот напредок. Во него се вели дека Владата на Груевски не била способна да организира фер и демократски избори, (биле како во Уганда). Медиумската слобода е на пониско ниво од времето кога тој не беше на власт, реално гледано сите телевизии се претворени во огласни табли на владата а новинарите што ја критикуваат владата се на суд(како во земјите на муслиманскиот фундаментализам). Судството никогаш не било помалку независно и не работело толку под диктат на еден поранешен комунистички министер за правда (и е вратено во времето на комунизмот), А политичкиот дијалог е сведен на фарса бидејќи владата сака да ја уништи опозицијата (како Лукашенко во Белорусија). Македонија од земја со статус кандидат член за ЕУ, ја изгуби својата перспектива за влез во НАТО и во ЕУ и останува само во друштвото на Србија, Босна и Косово.
Сите во земјата се незадоволни освен владата и Премиерот. Тие се гордеат со своите постигнувања и се фалат дека реализирале 90% од ветеното и дека не чека светла иднина. Тоа е истата онаа состојба кога сите на Љупчо Георгиевски во 2002, година, по војната и потрошените пари (без контрола од ММФ) за оружје и градби, му кажуваа дека работата не чини а тој реши да излезе на избори со слоганот „Главата горе„.
Груевски ја држи главата горе и не гледа што се случува долу.
Да погледне ќе види дека речиси ништо не е помрднато од мртва точка.
И невработените и сиромашните и стечајците се сите на број и уште чекаат некое од ветените подобрувања.Наместо тоа тој ги смалува работничките права.
Индустријата на тешки и обоени метали на која се темелеше порастот и извозот заради добрите цени на металите на светските берзи е во криза. Цените на металите рапидно паѓаат, ценета на електричната струја расте тие полека но сигурно веќе затвораат погони и отпуштаат работници. Истото се случува и во текстилната индустрија во која за 40% се смалуваат порачките за наредната година бидејќи се смалува потрошувачката во земјите во кои извезуваат заради кризата.. Македонскиот извоз кој се темелеше на евтина електрична енергија и евтина работна сила ке се смалува а ке се зголемува и онака големиот трговскиот дефицит. Први на удар во земјите погодени од кризата ке бидат нашите државјани на привремена работа во странство и ќе се смалат нивните нето девизни приливи. Светските компании кои би можеле да дојдат во Македонија ќе гледаат што им се случува на ЕВН(кој Груевски сака да го истера од Македонија) или на Лотарија на Македонија(која зарди не добиена лиценца губи милионски суми добивка) а не што зборува Груевски на своите туристички тури по Америка и преку своите реклами на Си Ен Ен. Прашал ли Груевски колкава беше користа за развојот на туризмот во Македонија од рекламата за Македонија на Си Ен Ен што се емитуваше пред изборите во 2006 година и за која тогашната влада на Бучковски потроши 400 илјади долари. Знае ли тој да учи на грешките од другите или научил само како да троши туѓи пари без одговорност.
Го прашала ли неговата советничка Маковеј, што ја плаќа британската влада, за борба против криминалот, зошто троши буџетски пари за перманентната изборна кампања кога е тоа кривично дело? И зошто не даде отчет колку вкупно буџетски пари се потрошени за рекламирање на владините успеси?
Македонија со реклами или без нив нема да ја избегне еконономската криза.Уште помалку Груевски ќе ја убеди македонскта јавност дека има на ум некаква успешна алтернативана стратегија за развојот на Македонија и ако не влезиме во НАТО и во ЕУ. Во тоа му веруваат за сега само оние кои не смеат да кажат дека царот е гол. Оние кои го смалуваат производствот на електрична енергија во земјата, го зголемуваат увозот без тендер и остваруваат лични профити.Нив и не ги интересира кампања за штедење на струја.
Груевски како мало дете на кое му се дадени неограничени пари за играчки секој ден си порачува нова кампања и нови рекламни спотови. Тој е главен клиент на рекламните агенции.Опседнат е со бројот сто и прогласувањето Денови за нешто.
Неговата програма за 100 година власт на ВМРО е во сто чекори.
Најави дека ќе гради 100 катници во центарот на Скопје. Распиша тендер за набавка на 100 автобуси за градскиот сообракај во Скопје. Програма за изградба на 100 спортски сали. За 100 дена од владата објави 100 реклами. Работи 24часа во неделата по седум часа за доброто на народот и во тоа време веројатно го вклучува и времето за секс и за обавување на физиолшките потреби. Се за доброто на народот. Човекот со други зборови 100% живее за нас. Посветено.
Но не само тоа. Неговиот султански дух не му дозволува да биде религиозен и да ги почитува десете божји заповеди од кои едната гласи: шест дена работи и седмиот одмарај. Тој е како повоените револуционери „Нема одмора док траје обнова„. За разлика од нив кои не се дрзнуваа работен ден да прогласат за неработен и да наредат по негова волја да се работи во сабота тој тоа си го дозволува. Веќе втор пат, на иницијатива на невладина организација, тој среда 19.ноември ја прогласува за Ден на дрвото и наредува дека тој ден ќе биде неработен а сите по негова волја изгубените работни часови ќе ги одработуваат во сабота. Загадувањето на Окта со која тој во ноќта спроти Нова година без присуство на камери, според некои извори, потпиша договор за продолжување на правото на натамошно загадување на човековата околина за него не проблем. Тој ќе сади 6 милиони дрвца наспроти мислењето на експертите дека е тоа нестручно унишување на садниот материјал кој е скапо платен и купен без тендер. Како во приказните за добрите кралеви, кога на Груевски ќе му снема идеја што да работи тој прогласува Ден на идеи, и секој што има некоја идеја за работа на владата е должен да дојде да му ја соопшти. Денот на неговата партија по негова милост е сега Ден на на македонските револуционери.
Не знам само уште колку долго ќе чекаме неговиот роден ден или имен ден да бидат прогласени за празник нормално на барање од народните маси. Човекот толку сака Денови во кои тој и неговата влада ќе бидат во центарот на вниманието.
Но тој за да видиме дека е културен човек води и кампања за почитувањето. Било убаво да се почитуваме меѓусебно како тој и негоовите партиски пријатели што го почитуваат Претседателот на државата Бранко Црвенковски. Како што ја почитуваат опозицијата која би сакале да ја снема. Како што ги почитуваат новинарите кои тој и неговите министри ги обвинуваат за велепредавство или клеветета и им се закануваат со суд. Преродбата го забрани плукањето на јавни места. Бајруш Сејдиу ќе биде казнет со 50 евра затоа што додека го водеа со лисици на рацете плукна во тревникот пред судот. Велат порано плукал во марамче ама овој пат рацете му биле врзани.Нема врска. Закон си е закон.Не може секој туку така да плука пред оваа власт. Сепак еден ден и пред Груевски некој ќе каже: Царот е гол. Дотогаш главата горе.
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 09:34
stiskaj cat pat enter izmegju.....se ubiv citajki
Кон врв
SuicideMessiah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SuicideMessiah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 09:39
Тешките одлуки се непријатни за моментот кога се донесуваат, но се од круцијална важност за иднината. Со такви одлуки лидерите си градат историја

Манипулацијата со чувствата на јавноста е главната двигателна сила со која власта им пристапува на фундаменталните прашања. На секој преземен чекор, на лицето на владините структури стои маска на локал-патриотизам. Се врши перење на мозоци, бидејќи штетно е за власта кога мозокот не е испран. А во принцип мозокот е почист кога е неиспран. Така власта троши голема енергија за вакви работи во времето кога сиромаштијата навлегува во сите пори на живеењето. Кога постите не се повеЌе религиозна туку социјална категоија. Независно од тоа да ли таквиот патриотизам е искрен или лажен, сосема е сигурно дека во повеЌето од случаи е многу фатален, оти ако несоодветно се користи вообичаено државите ги доведува до работ на опасен кањон.
Со таква политика, нашата власт сега ја има загубено симпатијата кај најрелевантните центри на моЌ. Таа $ ги пореметила плановите на НАТО за Балканот; таа сериозно го разнишува пријателството со САД; таа се повеќе се одалечува од Европската унијата. Сега паѓа во вода и тоа што беше сосема сигурно за 2009-та година - либерализирање на визниот режим. Секој релевантен фактор од западниот свет Ќе ви каже - ако не сакате самите себе да помогнете, не го очекувајте тоа од другите. Се поизвесно е дека вакви опасни чекори на власта нема да поминат без тешки последици по граѓаните и државата. Опасноста сега се насетува од секого што барем научил три букви во политиката. Тоа веЌе го зборуваат и немите, го гледат и слепите, го слушат и глувите. Само нашата власт не може да ја почуствува, оти лети на облаци и ужива во лажната нирвана.
Поради низа политички грешки, на државате во летање и се скршени двете крила. Пред нашите очи ни се урнуваат четирите носечки столбови - НАТО, ЕУ, Коридорот 8 и АМБО. Со години ни се укажуваше дека надвор од Алијансата сите стратешки проекти Ќе ни паѓаат во вода. А власта, не само што остана глува туку го работеше спротивното. Меѓувреме, Грција за три години извлекла дополнителни две милиарди евра за довршување на попратните компоненти на Виа игнација. И сега врската од Средниот исток (Кавказ) и Блискиот исток која требаше да се одвива низ Коридорот 8, Ќе се пренасочува преку Грција (од Александрополис до пристаништето Игуменица). Дебели милјарди Грците Ќе профитираат од тој коридор. Уште сега тие годишно заработуваат околу 400 милиона евра од транзитот и бројните други услужни дејности.
Оттука, се поизвесно е дека Грците намерного го пласирале прашањето на името како меѓудржавен спор, за да ги елиминираат сите стратешки проекти од Македонија и да ја маргинализираат нејзината географска поволна позиција. Паметна власт по никоја цена немаше да наседне на таква замка. Така, полека но сигурно, свесно или несвесно станавме успешен адвокат на ѓаволот. Со тоталното поткопување на Коридорот 8 и АМБО, Македонија Ќе остане слепо црево во Балканот и далеку од развојот. За неколку години Ќе ни биде сосема јасно дека Грците воопшто не ги интересирало името. Овај црн сценарио, свесно или несвесно перфектно е голтано од нашите политичарчиња и продолжува да се реализира од нас самите. Со загубата на овие проекти Македонија ќе загуби половина век и во иднина директно сообраќајно Ќе биде зависна (и условена од Грција). На се ова секој упатен би кажал - среЌен е оној народ што нема ваква власт. Нашите водачи и кога дознат за грешките не се повлекуваат. Не се свесни дека кога човек ја признава грешка, тој покажува дека е позрел отколку кога истата ја направил.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 10:09
Од кој се текстовите?
Кон врв
SuicideMessiah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SuicideMessiah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 10:35
Originally posted by anastea anastea напиша:

Од кој се текстовите?


Мој само од друг форум,ме интересира коментар тука на идивиди,ја менува вистината?
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 10:55
И што е поентата?
Ај еве глупациве немаат поим од водење држава...
Еве испрочитав се што е напишано и што нечини за оваа влада...
(впечаток ми е дека СЕ нечини)...
Е ај сега Suicade кажи ни како понатаму...?
Што треба да прави некоја си хипотетично добра влада...
Ама ако може конкретно...Без празни зборови...
И перење мозок...
П.С. No1. и без поезија...ако може..
П.С. No2. ехее...абе критичари и експерти у државава пун к*рац...
ама креативци..нема нешто...



Изменето од којсумјас - 03.Декември.2008 во 11:00
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 11:06
Самоубицо, ти би да си ги испереме мозоците сами, демек да заборавиме што било досега, да потпишеме некое си име Северна, Горна, Долна... Македонија, по дифолт одма влегуваме во НАТО и ЕУ, и си живееме среќно и весело до крајот на нашите горно или долномакедонски животи...
Е арно ама историјата не почнува ни од денес, ни од вчера, ни од ’91...
Кон врв
SuicideMessiah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SuicideMessiah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 11:12
Зачувување на македонскиот национален идентитет.Со, само силна, развиена и демократска Македонија која ќе биде способна да го негува и развива својот национален и културен идентитет во рамките на семејството на цивилизираните народи и пред се одговорна надворешна политика.

Изменето од SuicideMessiah - 03.Декември.2008 во 11:13
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 11:12
Битно Suicide си ја постигна целта...
Се промовираше како текстописец... форумџија...
Привлече внимание...
ОК и тоа е дозволен начин на промовирање...


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 11:16
Originally posted by SuicideMessiah SuicideMessiah напиша:

Originally posted by anastea anastea напиша:

Од кој се текстовите?


Мој само од друг форум,ме интересира коментар тука на идивиди,ја менува вистината?
 
 
Знаев дека не е твој текстот, само не знам зошто мораше да лажеш...
Или мислиш дека само ти на светот читаш весници?...
Бедно, победно здравје...губитник
 
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 11:19
Еј Мајчичке Македонијо зошто дозволуваш секој да ти чекори по снагата.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
SuicideMessiah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SuicideMessiah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 11:19
Не е битно дали е мој битно е дали ја менува вистината или не од пишаниот текст,како што реков еднаш не е битно како и од кого е напишано битно што е и како е напишано.

Кажи ми дали ја менува тоа вистината?Затоа те прашав.

Изменето од SuicideMessiah - 03.Декември.2008 во 11:24
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 11:28
Да, ја менува битно....
Твојата перцепција на вистината...
И твојата претстава за перење мозоци!
Кон врв
SuicideMessiah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SuicideMessiah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 11:31
Originally posted by anastea anastea напиша:

Да, ја менува битно....
Твојата перцепција на вистината...

И твојата претстава за перење мозоци!


Остави ја мојата перцепција е небитна во моментов дали е лажна или не него дај анализирај од она што сум го постирал.

Изменето од SuicideMessiah - 03.Декември.2008 во 11:32
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,180 секунди.