Перење Мозок
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16857
Датум на принтање: 28.Ноември.2024 во 17:43 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Перење Мозок
Постирано од: SuicideMessiah
Наслов: Перење Мозок
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 09:31
По двете години власт и стоте дена владеење, луѓето можат Груевски да го читаат како селски буквар.
Сега е веќе јасно дека ако утре се очекува некоја лоша оценка за владата од меѓунардните организации, вечерта спроти тој настан некој ќе биде уапсен и тоа ќе биде главната вест а не лошите оценки. Таа вечер ќе започне нова рекламна кампања на телевизиите платена од страна на владата или ќе биде објавена анкета на ИРИ која ќе тврди дека ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски ја зголемиле својата предност во однос на опозицијата од 2:1, колку што изнесуваше на изборите на 6:1 само за неколку месеци.
Така Груевски ги убива лошите вести и постојано не убедува дека преородбата што ја замислил продолжува.
Во филмот на Емил Костурица „Се секаваш ли Доли Бел„ Славко Штимец на таванот од една плевна ја вежба својата хипноза врз зајакот на кого му ја повторува политичката мантра на тоталитаризмот која гласи:„ Секој ден во секој поглед се повеќе и повеќе напредуваме„ Кога во тоа ќе ги убедиш луѓето, всусшност напредување веќе не мора ниту да има. Доволно е тие да веруваат во тоа што им се кажува. Политиката на Груевски е сега во таа фаза.
Македонија го доби извештајот од Европската комисија за својот напредок. Во него се вели дека Владата на Груевски не била способна да организира фер и демократски избори, (биле како во Уганда). Медиумската слобода е на пониско ниво од времето кога тој не беше на власт, реално гледано сите телевизии се претворени во огласни табли на владата а новинарите што ја критикуваат владата се на суд(како во земјите на муслиманскиот фундаментализам). Судството никогаш не било помалку независно и не работело толку под диктат на еден поранешен комунистички министер за правда (и е вратено во времето на комунизмот), А политичкиот дијалог е сведен на фарса бидејќи владата сака да ја уништи опозицијата (како Лукашенко во Белорусија). Македонија од земја со статус кандидат член за ЕУ, ја изгуби својата перспектива за влез во НАТО и во ЕУ и останува само во друштвото на Србија, Босна и Косово.
Сите во земјата се незадоволни освен владата и Премиерот. Тие се гордеат со своите постигнувања и се фалат дека реализирале 90% од ветеното и дека не чека светла иднина. Тоа е истата онаа состојба кога сите на Љупчо Георгиевски во 2002, година, по војната и потрошените пари (без контрола од ММФ) за оружје и градби, му кажуваа дека работата не чини а тој реши да излезе на избори со слоганот „Главата горе„.
Груевски ја држи главата горе и не гледа што се случува долу.
Да погледне ќе види дека речиси ништо не е помрднато од мртва точка.
И невработените и сиромашните и стечајците се сите на број и уште чекаат некое од ветените подобрувања.Наместо тоа тој ги смалува работничките права.
Индустријата на тешки и обоени метали на која се темелеше порастот и извозот заради добрите цени на металите на светските берзи е во криза. Цените на металите рапидно паѓаат, ценета на електричната струја расте тие полека но сигурно веќе затвораат погони и отпуштаат работници. Истото се случува и во текстилната индустрија во која за 40% се смалуваат порачките за наредната година бидејќи се смалува потрошувачката во земјите во кои извезуваат заради кризата.. Македонскиот извоз кој се темелеше на евтина електрична енергија и евтина работна сила ке се смалува а ке се зголемува и онака големиот трговскиот дефицит. Први на удар во земјите погодени од кризата ке бидат нашите државјани на привремена работа во странство и ќе се смалат нивните нето девизни приливи. Светските компании кои би можеле да дојдат во Македонија ќе гледаат што им се случува на ЕВН(кој Груевски сака да го истера од Македонија) или на Лотарија на Македонија(која зарди не добиена лиценца губи милионски суми добивка) а не што зборува Груевски на своите туристички тури по Америка и преку своите реклами на Си Ен Ен. Прашал ли Груевски колкава беше користа за развојот на туризмот во Македонија од рекламата за Македонија на Си Ен Ен што се емитуваше пред изборите во 2006 година и за која тогашната влада на Бучковски потроши 400 илјади долари. Знае ли тој да учи на грешките од другите или научил само како да троши туѓи пари без одговорност.
Го прашала ли неговата советничка Маковеј, што ја плаќа британската влада, за борба против криминалот, зошто троши буџетски пари за перманентната изборна кампања кога е тоа кривично дело? И зошто не даде отчет колку вкупно буџетски пари се потрошени за рекламирање на владините успеси?
Македонија со реклами или без нив нема да ја избегне еконономската криза.Уште помалку Груевски ќе ја убеди македонскта јавност дека има на ум некаква успешна алтернативана стратегија за развојот на Македонија и ако не влезиме во НАТО и во ЕУ. Во тоа му веруваат за сега само оние кои не смеат да кажат дека царот е гол. Оние кои го смалуваат производствот на електрична енергија во земјата, го зголемуваат увозот без тендер и остваруваат лични профити.Нив и не ги интересира кампања за штедење на струја.
Груевски како мало дете на кое му се дадени неограничени пари за играчки секој ден си порачува нова кампања и нови рекламни спотови. Тој е главен клиент на рекламните агенции.Опседнат е со бројот сто и прогласувањето Денови за нешто.
Неговата програма за 100 година власт на ВМРО е во сто чекори.
Најави дека ќе гради 100 катници во центарот на Скопје. Распиша тендер за набавка на 100 автобуси за градскиот сообракај во Скопје. Програма за изградба на 100 спортски сали. За 100 дена од владата објави 100 реклами. Работи 24часа во неделата по седум часа за доброто на народот и во тоа време веројатно го вклучува и времето за секс и за обавување на физиолшките потреби. Се за доброто на народот. Човекот со други зборови 100% живее за нас. Посветено.
Но не само тоа. Неговиот султански дух не му дозволува да биде религиозен и да ги почитува десете божји заповеди од кои едната гласи: шест дена работи и седмиот одмарај. Тој е како повоените револуционери „Нема одмора док траје обнова„. За разлика од нив кои не се дрзнуваа работен ден да прогласат за неработен и да наредат по негова волја да се работи во сабота тој тоа си го дозволува. Веќе втор пат, на иницијатива на невладина организација, тој среда 19.ноември ја прогласува за Ден на дрвото и наредува дека тој ден ќе биде неработен а сите по негова волја изгубените работни часови ќе ги одработуваат во сабота. Загадувањето на Окта со која тој во ноќта спроти Нова година без присуство на камери, според некои извори, потпиша договор за продолжување на правото на натамошно загадување на човековата околина за него не проблем. Тој ќе сади 6 милиони дрвца наспроти мислењето на експертите дека е тоа нестручно унишување на садниот материјал кој е скапо платен и купен без тендер. Како во приказните за добрите кралеви, кога на Груевски ќе му снема идеја што да работи тој прогласува Ден на идеи, и секој што има некоја идеја за работа на владата е должен да дојде да му ја соопшти. Денот на неговата партија по негова милост е сега Ден на на македонските револуционери.
Не знам само уште колку долго ќе чекаме неговиот роден ден или имен ден да бидат прогласени за празник нормално на барање од народните маси. Човекот толку сака Денови во кои тој и неговата влада ќе бидат во центарот на вниманието.
Но тој за да видиме дека е културен човек води и кампања за почитувањето. Било убаво да се почитуваме меѓусебно како тој и негоовите партиски пријатели што го почитуваат Претседателот на државата Бранко Црвенковски. Како што ја почитуваат опозицијата која би сакале да ја снема. Како што ги почитуваат новинарите кои тој и неговите министри ги обвинуваат за велепредавство или клеветета и им се закануваат со суд. Преродбата го забрани плукањето на јавни места. Бајруш Сејдиу ќе биде казнет со 50 евра затоа што додека го водеа со лисици на рацете плукна во тревникот пред судот. Велат порано плукал во марамче ама овој пат рацете му биле врзани.Нема врска. Закон си е закон.Не може секој туку така да плука пред оваа власт. Сепак еден ден и пред Груевски некој ќе каже: Царот е гол. Дотогаш главата горе.
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Коментари:
Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 09:34
stiskaj cat pat enter izmegju.....se ubiv citajki
------------- http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 09:39
Тешките одлуки се непријатни за моментот кога се донесуваат, но се од круцијална важност за иднината. Со такви одлуки лидерите си градат историја
Манипулацијата со чувствата на јавноста е главната двигателна сила со која власта им пристапува на фундаменталните прашања. На секој преземен чекор, на лицето на владините структури стои маска на локал-патриотизам. Се врши перење на мозоци, бидејќи штетно е за власта кога мозокот не е испран. А во принцип мозокот е почист кога е неиспран. Така власта троши голема енергија за вакви работи во времето кога сиромаштијата навлегува во сите пори на живеењето. Кога постите не се повеЌе религиозна туку социјална категоија. Независно од тоа да ли таквиот патриотизам е искрен или лажен, сосема е сигурно дека во повеЌето од случаи е многу фатален, оти ако несоодветно се користи вообичаено државите ги доведува до работ на опасен кањон.
Со таква политика, нашата власт сега ја има загубено симпатијата кај најрелевантните центри на моЌ. Таа $ ги пореметила плановите на НАТО за Балканот; таа сериозно го разнишува пријателството со САД; таа се повеќе се одалечува од Европската унијата. Сега паѓа во вода и тоа што беше сосема сигурно за 2009-та година - либерализирање на визниот режим. Секој релевантен фактор од западниот свет Ќе ви каже - ако не сакате самите себе да помогнете, не го очекувајте тоа од другите. Се поизвесно е дека вакви опасни чекори на власта нема да поминат без тешки последици по граѓаните и државата. Опасноста сега се насетува од секого што барем научил три букви во политиката. Тоа веЌе го зборуваат и немите, го гледат и слепите, го слушат и глувите. Само нашата власт не може да ја почуствува, оти лети на облаци и ужива во лажната нирвана.
Поради низа политички грешки, на државате во летање и се скршени двете крила. Пред нашите очи ни се урнуваат четирите носечки столбови - НАТО, ЕУ, Коридорот 8 и АМБО. Со години ни се укажуваше дека надвор од Алијансата сите стратешки проекти Ќе ни паѓаат во вода. А власта, не само што остана глува туку го работеше спротивното. Меѓувреме, Грција за три години извлекла дополнителни две милиарди евра за довршување на попратните компоненти на Виа игнација. И сега врската од Средниот исток (Кавказ) и Блискиот исток која требаше да се одвива низ Коридорот 8, Ќе се пренасочува преку Грција (од Александрополис до пристаништето Игуменица). Дебели милјарди Грците Ќе профитираат од тој коридор. Уште сега тие годишно заработуваат околу 400 милиона евра од транзитот и бројните други услужни дејности.
Оттука, се поизвесно е дека Грците намерного го пласирале прашањето на името како меѓудржавен спор, за да ги елиминираат сите стратешки проекти од Македонија и да ја маргинализираат нејзината географска поволна позиција. Паметна власт по никоја цена немаше да наседне на таква замка. Така, полека но сигурно, свесно или несвесно станавме успешен адвокат на ѓаволот. Со тоталното поткопување на Коридорот 8 и АМБО, Македонија Ќе остане слепо црево во Балканот и далеку од развојот. За неколку години Ќе ни биде сосема јасно дека Грците воопшто не ги интересирало името. Овај црн сценарио, свесно или несвесно перфектно е голтано од нашите политичарчиња и продолжува да се реализира од нас самите. Со загубата на овие проекти Македонија ќе загуби половина век и во иднина директно сообраќајно Ќе биде зависна (и условена од Грција). На се ова секој упатен би кажал - среЌен е оној народ што нема ваква власт. Нашите водачи и кога дознат за грешките не се повлекуваат. Не се свесни дека кога човек ја признава грешка, тој покажува дека е позрел отколку кога истата ја направил.
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 10:09
Од кој се текстовите?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 10:35
anastea напиша:
Од кој се текстовите? |
Мој само од друг форум,ме интересира коментар тука на идивиди,ја менува вистината?
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 10:55
И што е поентата? Ај еве глупациве немаат поим од водење држава... Еве испрочитав се што е напишано и што нечини за оваа влада... (впечаток ми е дека СЕ нечини)... Е ај сега Suicade кажи ни како понатаму...? Што треба да прави некоја си хипотетично добра влада... Ама ако може конкретно...Без празни зборови... И перење мозок... П.С. No1. и без поезија...ако може.. П.С. No2. ехее...абе критичари и експерти у државава пун к*рац... ама креативци..нема нешто...
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 11:06
Самоубицо, ти би да си ги испереме мозоците сами, демек да заборавиме што било досега, да потпишеме некое си име Северна, Горна, Долна... Македонија, по дифолт одма влегуваме во НАТО и ЕУ, и си живееме среќно и весело до крајот на нашите горно или долномакедонски животи...
Е арно ама историјата не почнува ни од денес, ни од вчера, ни од ’91...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 11:12
Зачувување на македонскиот национален идентитет.Со, само силна, развиена и демократска Македонија која ќе биде способна да го негува и развива својот национален и културен идентитет во рамките на семејството на цивилизираните народи и пред се одговорна надворешна политика.
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 11:12
Битно Suicide си ја постигна целта... Се промовираше како текстописец... форумџија... Привлече внимание... ОК и тоа е дозволен начин на промовирање...
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 11:16
SuicideMessiah напиша:
anastea напиша:
Од кој се текстовите? |
Мој само од друг форум,ме интересира коментар тука на идивиди,ја менува вистината? |
Знаев дека не е твој текстот, само не знам зошто мораше да лажеш...
Или мислиш дека само ти на светот читаш весници?...
Бедно, победно здравје...
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0BC74F6CCE964A4886A54AFB5BFFC5E7 - Твојата омилена партиска литература...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 11:19
Еј Мајчичке Македонијо зошто дозволуваш секој да ти чекори по снагата.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 11:19
Не е битно дали е мој битно е дали ја менува вистината или не од пишаниот текст,како што реков еднаш не е битно како и од кого е напишано битно што е и како е напишано.
Кажи ми дали ја менува тоа вистината?Затоа те прашав.
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 11:28
Да, ја менува битно....
Твојата перцепција на вистината...
И твојата претстава за перење мозоци!
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 11:31
anastea напиша:
Да, ја менува битно....
Твојата перцепција на вистината...
И твојата претстава за перење мозоци! |
Остави ја мојата перцепција е небитна во моментов дали е лажна или не него дај анализирај од она што сум го постирал.
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 11:32
Леле .... Ако е suicide... Ѓорѓи Спасов... Ќе си го изедам за доручек...
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 11:41
SuicideMessiah напиша:
anastea напиша:
Да, ја менува битно....
Твојата перцепција на вистината...
И твојата претстава за перење мозоци! |
Остави ја мојата перцепција е небитна во моментов дали е лажна или не него дај анализирај од она што сум го постирал. |
море како не е битно бе човеку,сакаш да истераш некоја работа да се потврди како вистина со помош на лага.
зошто не кажа дека текстот е позајмен,туку лажеше?
одма ни ја навредуваш интелигенцијата,а после не повикуваш да го изанализираме постираното.
ццццццццццццццц добро бе како можеш вака,одма си проѕирен бе човече.
самиот почеток ти е погрешен,пишуваш перење мозок за наслов,против тоа си,а се обидуваш да наметнеш твоја вистина преку лага.
неверојатно..........
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 11:41
Самоубица... и се е можно...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 11:46
anastea напиша:
Самоубица... и се е можно... |
абе сум пишал сто пати на форум и пак ќе пишам.
член на форум што користи мрачни имиња за ник,долги ,тешки за паметење и сложени за изговор,сака само да привлече внимание кон себе,ништо повеќе.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 11:49
А дека ќе стаите вие пак никови како патриот,македонец и сл. ќе ја опраите работата.
П.С. Модераторите како такви треба да ги упатат членовите на форум да не забегуваат од темата а не истите т.е. модераторите да се иницијатори на погрешната варијанта.
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 11:55
Која погрешна варијанта?...
Па баш на темата зборуваме: перење мозок!...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 12:27
... Ova mi izgleda nefer...trojca (i toa moi omileni kontrashi...ama i omileni forumashi) protiv eden. Vo shto e poentata... tekstot ne e na avtorot na temata... ili ne vi odgovara temata... Zoshto prvo prashanje beshe za tekstot... ili neshto vi e poznat nikot...pa ne vi odgovara civ prtstavnik e ...t.e. na cija partiska opcija.... Neshto mi zabergavte od temata... go napadnavte covekot... lugjeee idividovci s epoznati po ljubeznost... a i po pravdolubivost...
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 12:45
SuicideMessiah напиша:
anastea напиша:
Од кој се текстовите? |
Мој само од друг форум,ме интересира коментар тука на идивиди,ја менува вистината? |
ова е проблемот,а не нешто друго.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 12:46
anastea напиша:
SuicideMessiah напиша:
anastea напиша:
Од кој се текстовите? | Мој само од друг форум,ме интересира коментар тука на идивиди,ја менува вистината? |
Знаев дека не е твој текстот, само не знам зошто мораше да лажеш...
Или мислиш дека само ти на светот читаш весници?...
Бедно, победно здравје...
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0BC74F6CCE964A4886A54AFB5BFFC5E7 -
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 12:46
...jas seushte sum vo faza na opisno ocenuvanje... mozam samo cek lista za narusheno povedenie da im podgotvam...pa da pobaram tatkovcite da dojdat na individualen razgovor...... ...nego aj da se vratime na temata... zoshto morashe da se odbere bash izraz...perenje mozok...perenje pari... zoshto ne se koristat bash narodski zborovi... lazenje...pravenje slep pri oci...
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 13:02
е тоа е проблемот мамичке.
проблемот со изразувањето кога ќе сакаш да привлечеш внимание за нешто на што не си му дораснат има еден познат рецепт како истото да го направиш интересно и мистично.
употреби некој страшен израз и стави пјагијат коментар кој нормално ќе го пријавиш како твој и побарај мислење од други за анализата што си ја направил.
е сега ако те фатат,нека те фатат,ова е форум кој те знае
никој ништо не ти прави ,само малку ќе те избламираат како ник,ама немаш гајле некој ќе заборави одма некој подоцна,а ако не забораваат сите ќе го смениш никот и се супер ќе биде...
тоа е проблемот мамичке што некој се обидува да ти ја навреди интелигенцијата.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 13:15
Problemot e sto ne vi odgovara napisanoto !
Anastea potseti se sto si napisala na tema ETIKETIRANJE . Celata da zalepis etiketa na nekogo so cel da mu go narusis ugledot i kako kraen rezultat se dobiva deka toa sto go kazal - napisal e nevredno posto prethodno e dokazano deka i on samiot e nevreden !
Ne primetiv deka nekoj probase da debatira okolu tekstot ili da kaze ova ili ona ne e taka tuku e vaka .
------------- [IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 13:38
...nema problem...sega kje si dojde moira...kje udri krpata... i kje mora da sepocituvaat pravilata.. i da se diskutira na temata... ..a okolu "plagijatot"... shto ne e plagijat...pa lugje palati izgradija so plagijati
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 13:45
zenmaster напиша:
Problemot e sto ne vi odgovara napisanoto !
Anastea potseti se sto si napisala na tema ETIKETIRANJE . Celata da zalepis etiketa na nekogo so cel da mu go narusis ugledot i kako kraen rezultat se dobiva deka toa sto go kazal - napisal e nevredno posto prethodno e dokazano deka i on samiot e nevreden !
Ne primetiv deka nekoj probase da debatira okolu tekstot ili da kaze ova ili ona ne e taka tuku e vaka . |
А зошто да не ми одговара напишаното? Нити сум Груевски, нити сум дел од влада или партија. Текстот може само да не ми се допаѓа, но не и да не ми одговара.
На темата етикетирање се сеќавам и дека имам напишано за луѓе кои сами си лепат етикети... Никој не го натера самоубица да се перчи со туѓи текстови, што впрочем е и недозволиво според правилата на форумот.
Ако свртиш една страна наназад ќе видиш дека јас кажав што мислам за текстот: перење мозок, со цел да си го смениме името за брз влез во НАТО и ЕУ.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 13:48
Зошто мамамд ни припишуваш нарушено поведение? Затоа што посочив дека членот ни подметна туѓ текст како свој? Каде е тука нарушеното поведение?...
И зошто моира да брише?... Што има тука за бришење?...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 13:50
mamamd напиша:
ili ne vi odgovara temata
|
Не е до мене до темата е,некој осетлив е на критикување на Груевски
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 13:54
... od koga sum na forumov...i citam postaveni temi...ne sretnav vednash posle tekstot postaveno prashanje od kade e tekstot... mnogu pati ne e daden izvorot a ne prashuvame od kade e... jas samo prashuvam..zoshto prashanja...komentiram ili ne komentiram...a za narushenoto odnesuvanje... beshe odgovor na sugestijata za kec...edinica... ne upateno na narushenoto odnesuvanje na clenovite...
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 13:56
anastea напиша:
Никој не го натера самоубица да се перчи со туѓи текстови |
Кога ме праша дали е мој текстот знаев дека ќе го најдиш текстот на Авторот ама за да бидеш крајно некоректна наместо да коментираш на темата и текстот одбра мене да ме коментираш.Наместо како Модератор да ги држиш сите на темата ти упорно ги навлекуваш другите во стилот на "Да морам да му вратам" наместо да коментирам или коментираат на темата.
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 13:59
mamamd напиша:
... od koga sum na forumov...i citam postaveni temi...ne sretnav vednash posle tekstot postaveno prashanje od kade e tekstot... mnogu pati ne e daden izvorot a ne prashuvame od kade e... jas samo prashuvam..zoshto prashanja...komentiram ili ne komentiram...a za narushenoto odnesuvanje... beshe odgovor na sugestijata za kec...edinica... ne upateno na narushenoto odnesuvanje na clenovite...
|
Текстот е од форум воденица и тоа копирано и пастирано од Зоран Заев лично ама јас не скокнав да го барам авторот на текстот туку коментирам на текстот дали е ок или не и ако нешто не е ок го коментирам со мој став,нема тука друг простор за полемика и напаѓање,она што сум го пастирал тука е буквално истиот став кој го поддржувам и зад кој стојам за разлика од некој што го менува по 10пати ставот,како на пример Груевски,еднаш вика ЕУ и НАТО потоа вика f**k EU f**k НАТО или прави реклама за истото.
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 14:03
Прочитај ги http://forum.idividi.com.mk/pravila.asp - правилата на форумот , па можеби ќе ти стане јасно зошто те прашав: кога препишуваш текст од друг автор ставен на нет, барем наведи го или стави линк, без да лажеш дека е твој. За ова може да се одговара.
Не сум модератор на Политика и тука немам улога воопшто во насочување на дискусијата. Јас само посочив на една неправилност, а за тоа што и други реагираа, не сум јас виновна.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 14:04
Не си ти виновна што излезе ОФ топик друг е...уживај
И не ставив на нет поради тоа што е цитат од друг форум а линкови од други форуми не се дозволени...така?
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 14:07
Не ја тупи до толку. Можеше да кажеш дека е од друг форум или да кажеш само од Ѓорѓи Спасов. Не мораше да лажеш дека е твој текст.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 14:11
Па досадни сте,што и да испастирам од кај е ова од кај е она,ќутете и коментирајте таму да му се сневиди,а обично ретко пастирам ама она на почеток вредеше,пишувано е со ум а не во стил на Латас Лапрдовиќ
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 14:19
...ako e navistina od Gjorgi spasov...kje branam da ostane...covekot mi e em pameten...em ubav...em realen... toj posle Gruevski ...e moj favorit ..iako e od protivnickiot tabor...covek kogo go respektiram...
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 14:21
bidejki nikoj ne diskutira po tekstot i jas ke bidam off topic,,, iako vo pravilata stoi koga nesto se pastira od drug forim ili sajt itd, da se potkrepi so link kako dokaz deka e toa navistina nekade pisano, jas koga go napravi toa Moira spored nejzinite pravila mi gi brisese linkovite so obrazlozenie deka e toa reklama za drug forum
e pa usoglasete se ... nekoj navistina ne gi cita pravilata ili svesno gi krsi...
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 14:25
...a da pocneme site so diskusii na temata... ... Vo Makedonija...najpametnite sugestii se davaat od pozicija na OPOZICIJA... Politicarite nashi se najpametni koga se vo opozicija... a koga se vo pozicija..zadolzitelno se kolegijalni... si davaat koaliciska podrshka...zaboravaat na drzavnite interesi...
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 14:26
butel2 напиша:
iako vo pravilata stoi koga nesto se pastira od drug forim ili sajt itd, da se potkrepi so link kako dokaz deka e toa navistina nekade pisano, jas koga go napravi toa Moira spored nejzinite pravila mi gi brisese linkovite so obrazlozenie deka e toa reklama za drug forum
|
Ете затоа не пастирам линк на изворот
П.С. Изворот е од друг форум
П.П.С Барам јавно извинување од anastea за упропастување на 3 страни од мојата тема без никаква причина навлегување на оф топик.
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 14:27
бутел и нејзината најслаба точка Моира.
бутел ајде нека не става линк,не е проблем ама на прашањето од Анастеа дали текстот е од самоубиецот,тој одговори потврдно...што е спорно во тоа?
никој од нас не е оф топик,се додека неговата поента што го поттикнала да одговори така не се покаже како обид да го прави тоа што го нергира со самото поставување на насловот на темата Перење Мозок.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 14:29
mamamd напиша:
Vo Makedonija...najpametnite sugestii se davaat od pozicija na OPOZICIJA
|
Ке бидам краток, кога СДСМ беше на власт и чекаше корекција од тогашната опозиција на ДПМНЕ ...ДПМНЕ го напуштија собранието а потоа истите протестираа со тенџериња.
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 14:35
SuicideMessiah напиша:
Ете затоа не пастирам линк на изворот
П.С. Изворот е од друг форум
П.П.С Барам јавно извинување од anastea за упропастување на 3 страни од мојата тема без никаква причина навлегување на оф топик. |
Последен пат: го имав прочитано весникот, затоа и те прашав од кој е текстот. Ти безобразно излажа дека е твој, а можеше само да кажеш дека е од друг форум или од Ѓорѓи Спасов, не мораше ни линк да ставаш.
Да ти се извинам јавно???... Затоа што излажа???...
Мислам дека ти треба да се извиниш, јас немам причина за извинување што посочив на една лага!
Повеќе не мислам да коментирам, да не ти ја “расипувам“ темата... кажав се што мислев.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 14:39
fiks напиша:
бутел и нејзината најслаба точка Моира.
. |
Moira vo nikoj slucaj ne e moja najslaba tocka, taa e samo najlos moderator na idividi
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 14:46
Многу интересен човек овој suicide... Отвара тема наречена Перење Мозок... Потоа постира туѓи колумни.... Па лаже дека се негови... Па потоа откако другите ќе увидат дека лаже.... Самиот ќе увиди дека веќе не може да лаже... Па ќе прогласи дека тоа не е битно... Па ќе почне да набедува други дека му ја уништиле темата... А он е невин како мајски цвет... Па затоа сега треба некој да му се извинува... за тоа што тој лажел...
И како шлаг на торта ... Човекот зборува за Груевски дека денес кажал едно... а утре друго...
Држ ми го копилево... да и се насмеам на копиљаркава...
И не мислам дека сме off topic.... Типов (suicide) во контекст на темата... се обиде практично да ја изведе операцијата... Перење Мозок...
И пак ќе речам... Такви ги има пун к*рац... Ги нема оние другите...
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 14:51
Јас го кажав своето никој од нас не е оф топик,се додека неговата поента што го поттикнала да одговори така не се покаже како обид да го прави тоа што го нергира со самото поставување на насловот на темата Перење Мозок.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Marko sk
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 15:42
Koga se postira nekoj tekst, nekogash i ne mora da se navede avtorot, od prichina - da se zadrzhi vnimanieto na sodrzhinata na tekstot, vo sprotivno so polit. pripadnost na avtorot, se gubi od navedenoto i se tolkuva kako otvoren napad na drugarta polit opcija koja vo momentov e na vlast.
No Suicide, koga veke beshe direktno zaprashan koj e avtorot na tekstov, nesmeesh da lazhesh.
OK, se nadevam deka povekje nema da ti teknuvaat vakvi nesmasni izjavi da davash.
Sega da se zadrzhime na tekstot !
Navedenoto e odlichen scan na sostojbite vo drzhavava. Soodvetno na ova, spored mene ( kje se fokusiram na kapacitetot na ovaa vlada, vo pogled na svetskava kriza), zhalosno e koga na vakov premier mu se dade vakva silna podrzhka ( a sigurno seushte ja ima - popularnsota i verbata deka toj e onoj koj "pravilno ja tera vodata"), a samo pred 2 meseci javno izjavuvaa deka krizata nema da ja pogodi Mkd.
Znam deka "prilepskite" diplomci ( sade mudri glavi) se so skromni performansi, no gluposti od typot Mkd e mala ekonomija i ne e integrirana vo svetskite ekonomski procesi, pa krizata nemalo da ne pogodi i sl., se imamentni za "ekonom. eksperti" koi veze nemaat ne samo od ekonomija, tuku od elementarnite tekovi na opshtestvenata reprodukcija.
Ako cenite na metalite pagjaat, i piljar da si kje vidish od strukturata na izvozot, deka toa e katastrofa za Mkd, isto i za LON -arebeit arazhamanite, kako i za doznkite -nekomercijalnite transveri kako priliv na devizi od nashata diaspora. Ova se trite kljuchni izvori na devizen priliv so koi nie go pokrivame uvozot i kolku tolku funkcionirame kako ekonomski sistem. So nivnoto namaluvanje nie vleguvame - pagjame vo sostojaba vo koja drastichno mozhe da se uspori siot proces na normalno odvivanje na opshtenst. reprodukcija a so toa i na drzhavata vo celina....ama od kaj da znae vakvi raboti.....
Vladinovo prezentiranje na nastanite, nivniot obid da gi pretsavat kauzalnostite i posledicite po Mkd preku edna porozova percepcija, kako podnosliva za obichniot narod, jasno govori za nivniot skromen kapacitet ne samo shto nemozhat nishto da napravat, tuku predlozhenite merki koi denovive bea prezentirani, se imanentni na vladi koi nemaat hrabrost poseriozno i so pogolema odgovornost Mkd ne samo da ja zashtitat od krizava, tuku i da storat neshto so vistinskiot razvoj na nashata ekonomija.
Eve ideja ( bonus od mene do vladava) da se razmisli za mozhnosta da se iskoristat deviznite rezervi, da se izmenadjiraat vo produktivni celi i da ne trcha so predvremeni otplati na kreditite> Samo ekonom. nepismeni ljugje, bez ideja za razvojna politika, koga imaat nekoja para "vishok", ili ja chuvaat onaka kako vo trezor, ili gi vrakjaat anuitetite predvremeno, iako doveritelite toa ne go baraat...
|
Постирано од: moira
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 17:02
Ја прочитав целата дискусија која сте ја воделе и искрено да ви кажам дека апсолутно не се согласувам со дел од коментарите кои се претставуваат барање за извесно бришење на постови и околу наводни офтопици за кој се жали авторот на темата, кој патем наместо културно како што доликува на прашање кое се однесува на авторството на текстот кој го поставил како вовед на темата, кажува конструкција со која го присвојува наведениопт текст а потоа се жали за упропастување на темата. Темата воопшто не е упропастена затошто и дискусијата која се води се води повторно околу текстот. Така да бришење на коментари нема да има, иако од наведените можеби три-четири и заслужуваат да бидат избришани, но нека стојат и тие се во контекст на дискусијата сем оние "добронамерни" сугестии околу начинот на модерирање.
Линкови од други форуми нема да се дозволат на Идивиди, но доколку е текстот авторски сигурно не е поставен само на форум туку е превземен од друго место и пожелно е да се наведе изворот. А доколку е текстото напишан од истиот автор кој го поставува како тема на овој форум, а го има и на друг форум, тоа воопшто не треба да се наведува, бидејки ниеден пост, а со тоа и текст објавен на форум не е сопственост на форумот, туку на авторот.
Поздрав и продолжете ја дискусијата на тема.
------------- ...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 21:15
Леле мори мајко,значи пак јас крив ...хаха
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 21:18
Абе да му се сневиди, ти на секој форум ја имаш отворено истава тема.... што е мислам работава?
-------------
http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling
|
Постирано од: moira
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 21:20
Перење Мозок
...toa e rabotata...
------------- ...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...
|
Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 04.Декември.2008 во 00:26
Еххх пекарите за кој прават леб.......
------------- За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 04.Декември.2008 во 00:40
koj to peree mooozook? a da mi gi ispere i plackive? i da gi spegla po moznost?
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 04.Декември.2008 во 21:58
Падна обвинетието за Змиско око, само седуммина во затвор
Падна обвинението за организиран криминал на 72 обвинети во Змиско око. Судот пронајде докази само за злоупотреба на службената положба на седум контролори, кои ги казни со по две години затвор. Највисоката од три години за поткуп ја доби заменикот на полициската станица во Петровец.
Останатите, сите инкасанти, заминаа дома со условна казна. Четворица се целосно ослободени од обвинението. Обвинителството не успеа.
„Ќе видиме Апелација што ќе каже во тој дел. Тоа е мислење на судот, мое мислење е дека постои злосторничко здружување и организиран криминал, оценка на судот е дека не постои“, вели Вилма Рускоска, Одделение за организиран криминал.
Пресудата обвинетите ја дочекаа емотивно. По една година од спектакуларните апсења, сепак задоволни, не остана ништо од тврдењата дека организирано украле над пет милиони евра преку наплатните рампи, како што се тврдеше тогаш.
Адвокатите делумно задоволни, тврдат дека ова е компромис од минимална казна за да не се плаќа отштета која обвинетите би ја побарале за поминатото време во притвор.
„Казните од две години за контролорите, не да се високи, него контролорите немаат кривично дело и во тој дел за контролорите ќе жалиме“, изјави Саво Коцарев, адвокат.
„Беше храбра одлуката, дали беше во конкретниот случај оправдана или не, ќе коментираме подоцна“, рече Мирослав Вуиќ, адвокат.
Од обвинетите судот ќе бара да ги вратат солидарно парите кои беа прифатени во постапката како направена штета. Тоа значи, заедно да вратат 2,7 милиони евра или по околу 40 илјади евра секој.
И оваа одлука се убедени дека ќе падне. Во понеделник пак, од „Македонија пат“ ќе бараат да ги врати на работните места од каде беа суспендирани не неодредено време додека им трае притворот. Судот го укина за сите обвинети.
E ova e perenje mozok!
I povtorno :
Процесот “Мавровски работници“ повторно одложен
Судскиот процес за малтретирањето на работниците на “Маврово“, и денеска, не се одржа поради не присуство на повеќето обвинети. Главниот претрес се одложува по трет пат. Новото рочиште е закажано за 24 декември.
Судијата Горан Бошевски информираше дека не е постапено по наредба на судот за обезбедување на дел од обвинетите. Не добиле известување од МВР, дали постапиле по наредбата. Мерката притвор продолжува.
Адвокатот на пратеникот на ДУИ, Џемаили, Елези, изјави дека Џемаили не можел денес на дојде во Судот поради здравствени причини. На новинарско прашање дали знае каде е неговиот клиент, тој со одговор дека не знае.
Пред судската зграда братот на Шкодран Идризи, Влазмир со транспаренти од дописот на Карла Дел Понте од 14 мај 2002 година, во кој се наведува дека обвинителката одлучила да не ги оптужува Идризи и Фадил Ферати. Влазмир Идризи побара од надлежните институции да не ги обвинуваат и да го почитуваат Законот за амнестија.
Chudna rabota. Em ne gi baraat, em ne mozhat da gi najdat,ili em znaat kade se i em nemozhat da gi najdat.
E ova e Perenje Mozok!
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 04.Декември.2008 во 22:58

E ova e Perenje Mozok! |
И ова е перење мозок
Фрчко не бил свесен ни што збори ни што пишува
Фрчкоски како тужен за клевета на суд изјави дека не се сеќава што пишувал во својот коментар, дека текстовите по објавувањето во весниците не ги чита, а Дневник објавил негов текст кој не му го дале на авторизација. Поголема навреда за Дневник и плукање врз себе како ова одамна не е видено
Премиерот Никола Груевски вчера на суд се соочи со професорот Љубомир Фрчкоски. Груевски го тужи Фрчковски за клевета заради лагите изречени во колумна на професорот објавена во весникот Дневник, во која тој посочува дека премиерот потпишал два анекси кои ја направиле најголемата штета на државата. Премиерот вчера како приватно лице даде исказ во Кривичниот суд во Скопје, потенцирајќи дека невистините, навредите и префрлувањата изнесени од Фрчковски во септември во 2007 година, тешко му ги повредиле угледот и честа.
"Јас работам и живеам од угледот и честа и благодарение на угледот и честа јас уживам доверба кај граѓаните, на таа основа станав и Премиер. Намалувањето на довербата кај мене како личност и како Премиер дури и на само еден граѓанин како последица на напишаните невистини за мене е тешка последица" - посочил Груевски.
Фрчковски пак пред судијата кој го води предметот се бранел дека тој само претпоставувал дека тоа го направил и дека провоцирал. Тој додал дека како тужен за клевета на суд изјави дека не се сеќава што пишувал во својот коментар, дека текстовите по објавувањето во весниците не ги чита, а Дневник објавил негов текст кој не му го дале на авторизација.
(Б.З.)
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=4A6B3C84B80CDD43B1555F71F5D4EF45
-------------
http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling
|
Постирано од: SuicideMessiah
Датум на внесување: 08.Декември.2008 во 08:19
Vladimir88 напиша:
И ова е перење мозок
Фрчко не бил свесен ни што збори ни што пишува
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=4A6B3C84B80CDD43B1555F71F5D4EF45 |
Lele mori majko..hahaha Jas ti postiram dokazi od sekojdnevieto ti mene gomnojadecot na vlasta Latas Laprdovikj od koj i samite vmrovci se gadat.Latas mozhe najmalku da zboruva za perenje mozok.
------------- Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former. " - Albert Einstein (1879- 1955)
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 08.Декември.2008 во 11:43
se e isto "samo njega nema"
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 29.Декември.2008 во 16:41
vakvo perenje na mozok nemase nigde i nikogas(ako ne ja racuname germanija vo vremeto na hitler)
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 21.Ноември.2010 во 00:42
ova e makedonija!
nema tuka perenje mozoci,...samo ...izmieni ima!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 21.Ноември.2010 во 08:37
Има и небањати...па нели тие се на власт???
Инаку за перење на мозок народот МОРА да си плати по 130 денари плус
провизија на Македонската Телевизија како столб на ДПМНЕ и која е задолжена да го пере мозокот на лековерните и со ДПМНЕ овски тези и бесплатни реклами да ја ШИРИ ВИСТИНАТА НА РОЗОВАТА СТВАРНОСТ..Затоа се враќаме далеку во историјата...и наоѓаме херои кои го исклале токму Македонскиот народ...и сл.....?
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 21.Ноември.2010 во 22:16
перењто мозок... се вика и е**ње во мозок... за некого е ментална гимнастика... за некого е ментално силување... како и да е... не недостига секс... упс... во политика сум... подфорум...
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 22.Ноември.2010 во 13:09
којсумјас напиша:
перењто мозок... се вика и е**ње во мозок... за некого е ментална гимнастика... за некого е ментално силување... како и да е... не недостига секс... упс... во политика сум... подфорум...
|
И тоа каков секс-токму во Политика. Се распалува страста со афери кои немаат крај нити завршеток, а аферџиите од двете страни си го живеат животецот. Катадневните бесмслени палаври- Црвенковски направил ова, Груевски она се супер пандам зад кој се крие она што и на едните и на другите им одговара и не сакаат да се дознае -КОЛКУ ПАРИ ИМААТ ВО СВОИТЕ ПАРТИСКИ КАСИ И КОЈ ИМ ГИ ДОНИРА??? http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112210958557&id=9&prilog=0&setIzdanie=22139 - Никој не знае колку пари има на партиските сметки Ова ако не е перење мозок и тоа со Вениш кој не остава ни една флека, незнам што е?!
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 22.Ноември.2010 во 15:05
Pokraj prostitucijata, perenjeto mozok e najstar zanaet na svetot.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 22.Ноември.2010 во 18:13
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 29.Ноември.2010 во 13:56
Нели е ова перење мозок- Рамковски вели едно, владата и провладините медиуми друго. Ќе ја дознаеме ли еднаш вистината? Може ли да се докаже воопшто вистината?
http://www.time.mk/read/04bb1aa245/3a335fa9e0/index.html - Рамковски: Груевски ми даде кеш! Хајката беше дека ми платил 25 милиони, а во три години не се повеќе од 4 милиони.
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 03.Декември.2010 во 00:26
http://www.time.mk/read/506f91ce9d/90e033df90/index.html - Австралиски професор ги нарекол Македонците “лесни за перење мозок“
...ete...po shto bile , nadaleku vekje,...prochueni makedoncive!............
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 03.Декември.2010 во 13:07
Навистина овие...од власта не направија ПРОЧУЕНИ...а да собираме вакви изјави....за документарни комични серии...Пропаганда за НАШАТА ДОБЛЕСТ...која надвор ја екрпонираат овие некадарниве од власта...Затоа сите почнаа да се подигруваат со нас...Сметаат дека народот е поглупав од оваа власт...Инаку вакво нешто не би се случувало...срам за сите нас...а овие од власта продолжуваат со глупирања...Вистините ќе ги слушаме однадвор...овде е забрането...имаме чувари на рејтингот и ликот и името...на ОВЧАРОТ...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 03.Декември.2010 во 13:45
мислам дека на никој не му е испран мозокот, сите си знаат што е и како е, само никој не го интересира вистината и реалноста, туку нешто друго!
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 03.Декември.2010 во 18:57
Оние со испран...ем задоволни ем во власта ем осигурани...ем децата во процесот на перење...
Перењето продолжува...а и множење на ВЛАСТИТУТКИТЕ...кои подоста помагаат во ова перењето...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 04.Декември.2010 во 09:14
Професорот Џонс ја омаловажи Македонија и Македонците во Перт
02.12.2010 - 10:01 | Македонија
Крајно расистичкото и антимакедонското предавање на Австралискиот Професор Џон Мелвин Џонс ја прелеа чашата и предизвика жестоки реакции кај Македонската дијаспора.
Прости, лесни за манипулација и со испрани мозоци, вака еминентниот професор ги оквалификува Македонците во Австралија.
Со официјален допис до Деканот на Универзитетот Обединетата дијаспора бара Професорот јавно да им се извини на Македонците од Перт и статијата веднаш да биде отстранета од изданието на “Американ Хроникал”.
- Тој се обидува да ги омаловажи Македонците и негативно да ја претстави Македонската историја. Ние вакви ставови не прифаќаме и затоа протестиравме до Универзитетот и бараме официјално извинување. Уште чекаме одговор, но ќе ги бараме утре се додека не добиеме официјално извинување - изјави Ордан Андреевски, Претседател на ОМД - Австралија.
Со позајмена реторика од Караџаферис и Караманлис, Професор од Универзитетот на Западна Австралија на предавањето во Мелбурн убедувал дека Македонскиот народ е Бугарски и дека Македонија ја краде грчката историја.
- “Најдобро решение е да ги натераме “Фироманите” да се сложат нивната држава да се нарекува Северна , Горна, или Македонија –Скопје.Знам дека тоа е прифатливо за грчката Влада . Тогаш ФИРОМ ке може да застане во редицата држави за членство во ЕУ. Но ќе мора претходно да ги промени и агресивните ставови кон Грција “.
Професорот критикувал дека антички скулптури во Скопје ужасно ги нервирало Грците.
”Да го претставуваш Александар Македонски како фигура од ФИРОМ е исто како да тврдиш дека Дедо Мраз бил Турчин. Ако е така граѓаните на ФИРОМ, треба да го воведат грчкиот јазик и да учествуваат во Олимписките игри под грчко знаме”.
Антимакедонските настапи не се честа појава, но сепак се доказ за силното грчко лоби во Австралија кое е инфилтрирано не само меѓу политичарите, но и меѓу интелектуалците, вели Андреевски.
Предавањето професорот го одржал на барање на Австралиско-Македонскиот Совет, организација, под контрола на грчката дијаспора.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/profesorot-dzons-ja-omalovazi-makedonija-i-makedoncite-vo-pert - Тука
------------- Homo homini lupus est...
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 04.Декември.2010 во 10:07
Kaj nas so pereweto na mozocite golem del gragani smetaat deka e NORMALNO da se partizira drzavata i se sto e vraboteno vo drzavnata administracija normalno e da e od vladejackata partija..Inaku i poimaweto na pluralizmot e iskrivokolceno..i navistina imame problemi so demokratijata a posebno so pluralizmot...A i ona upikuvanjeto...dodvoruvanjeto ...na vlasta zema zagrizuvacki razmeri...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 04.Декември.2010 во 11:48
marsovec напиша:
Kaj nas so pereweto na mozocite golem del gragani smetaat deka e NORMALNO da se partizira drzavata i se sto e vraboteno vo drzavnata administracija normalno e da e od vladejackata partija..Inaku i poimaweto na pluralizmot e iskrivokolceno..i navistina imame problemi so demokratijata a posebno so pluralizmot...A i ona upikuvanjeto...dodvoruvanjeto ...na vlasta zema zagrizuvacki razmeri... |
Зарем некој мисли дека овој народ има кратко паметење? Зарем мисли дека се заборавија како се правеше реорганизација на државната администрација само и само да се донесат партиски кадри. Лично мнооооогу убаво се сеќавам на реорганизацијата на Манасиевски -министерот со скапите чевли (како милувавме да го викаме) кога многу мои пријатели -долгодошни службеници и носители на дејноста во својата бранша беа “реорганизирани“ во обични чувари, вратари. Затоа сега СДСМ визави ЛДП најмалку имаат право да се јавуваат во функција на заштитници на администрацијата. Копривите пораснаа ама г****ата останаа- не се покрија.
-------------
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 04.Декември.2010 во 13:02
Затоа оние непартијците го окркаа најмногу????Па затоа само тие и се со самопочит и доблест...а колку се???
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 04.Декември.2010 во 16:23
Ем изгубив време да читам, ем ништо не разбрав ако некој разбра-нека ми разјасни, http://www.vest.com.mk/?ItemID=9B0D6778BC11734597B3292F7EB0152A - Сите тајни на Пастирот посебно овој дел Зборот на мајките и во овие краишта е библија, конечно сетете се на
генијалниот стрип во "Фокус" и што се случи минатата недела, кога
мајката на премиерот Груевски, изнервирана од испрашувањата на
амбасадорот Фуере за нејзините банкарски трансакции, го прашува: "Така
ли зборувате во Европа со мајките?" каква врска има со сето кажано
-------------
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 04.Декември.2010 во 18:54
Постирано од: brza
Датум на внесување: 04.Декември.2010 во 23:23
ma nema tuka vo zemjava perenje na mozok!
...ima samo ...izramnuvanje na brazdite od mozokot na nekoi...za da ne mozet da mislat so svoja glava!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Radijator
Датум на внесување: 05.Декември.2010 во 07:17
Анастеа напиша:
Самоубицо, ти би да си ги испереме мозоците сами, демек да заборавиме што било досега, да потпишеме некое си име Северна, Горна, Долна... Македонија, по дифолт одма влегуваме во НАТО и ЕУ, и си живееме среќно и весело до крајот на нашите горно или долномакедонски животи...
Е арно ама историјата не почнува ни од денес, ни од вчера, ни од ’91... |
Бев иснпириран да ти реплицирам бидејќи го употребуваш проблемот со името како главен аргумент, за веќе докажана уникатна и незаменлива македонска политичка неспособност за водење на држава...
Е да, историјата не почнува, завршува секој ден. Но, почнува иднитата за жал или за среќа, како сакаш , според мене, за среќа !!! Иднината не е само во името Анастеа. Нашите предци успеале 2300 години да го задржат идентитетот и традициите и тоа без држава. Тоа исто е и наша обврска, а ние веќе си имаме наша независна држава така да од таа гледна точка воопшто не се плашам дека ќе дојде до кој знае какви промени по однос на тоа прашање за име и идентитет. Прашањето до тебе ми е следно, и не сакам да ме разбереш погрешно но ,дали навистина мислиш дека фамилија што нема доволно финансиски средства да покрие месечни расходи за струја, вода, храна итн. и е гајле како ќе се вика нашата држава???
Од друга страна пак сме сведоци дека оваа власт се докажа како најспособна за трошење пари без врска, или како што кажа Самоубиец, исто како да му дадеш пари на мало дете нормално е да оди и да си купи играчки. Од кампањата 24/7 останаа само рекламите па верувам дека од тие причини и темата го носи името ПЕРЕЊЕ МОЗОК. За инвестициите од 8 милијарди евра, реформи во судството, обновување на здравството како целост од А до Ш, подобрување на животниот стандарт на граѓаните, демократија, НАТО и ЕУ, Скопје 2014........но комент.
А и да ти кажам искрено, ако треба да изберам да живеам среќно, со Северна Република Македонија и несреќно со Поранешна Југословенска Република Македонија, ке го изберам првото!!! Поздрав и остани ми со здравје
------------- Just because i see the world with my own eyes, that doesn't make me a sinner !!!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Декември.2010 во 15:02
А зошто па да не ни го центрифугираат мозокот, кога ако не сме подзамиени и со свртен мозок, ќе почнеме да мислиме, да прашуваме. Ним им е арно-еднаш на 4 години ги бираме-раат да си тераат. Контролите, казните, маките се за нас обичните смртници, за нив не-за нив важи недопирливоста
http://www.time.mk/read/NONE/7c85ec57bf/index.html - Пратениците недопирливи
-------------
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 13.Декември.2010 во 22:38
Ма недопирливи се и к*ририте доколку се високо во партиската хиерархија...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 14.Декември.2010 во 00:07
убаво си рече еден мудар член, не е тоа перење на мозок, баш напротив има тука многу со здрави и разумни мозоци, туку е*ење во здрав мозок мене всушност тоа најмногу ме нервира кај сегашната влас, тоа што од сите нас прават будали
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 14.Декември.2010 во 07:09
zabegan напиша:
убаво си рече еден мудар член, не е тоа перење на мозок, баш напротив има тука многу со здрави и разумни мозоци, туку е*ење во здрав мозок мене всушност тоа најмногу ме нервира кај сегашната влас, тоа што од сите нас прават будали
|
На баш сите...некои биле и пред тоа...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 14.Декември.2010 во 10:34
никогаш не ја окривувајте власта , народот е крив што ги гласал
------------- во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 14.Декември.2010 во 21:25
...normalno !
doagja moment koga ne e kriv toj shto ti pravi neshto tuku,
ti,..... shto mu dozvoluvash da ti go pravi toa!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 14.Декември.2010 во 21:28
Кога народот ќе се избори за слобода тогаш ќе биде слободен...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 15.Мај.2011 во 22:57
Е ако ова не е перење мозок , незнам што е.Ја зборува ли некој вистината во Македонија? Кој не знае да брои бре Повеќе нема да се лутам кога зборуваат дека од нашето образование излегуваат слаби кадри http://www.time.mk/read/23dfd9c428/96bf1543b5/index.html - Над 70000 граѓани на протестниот митинг пред влада
http://www.time.mk/read/f47f1bd9aa/380ea06986/index.html - Слаб одзив на протестниот митинг на СДСМ
-------------
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 15.Мај.2011 во 23:01
И после се лутат кога за новинарите ќе речеш дека се платеници на некоја партија.....абе тоа се моментално најголемите рекетари и спроведувачи на партиските идеологии во државава....затоа верувам само на временската прогноза, на ништо друго не им верувам веќе....
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 15.Мај.2011 во 23:17
Ако месецов не ми пукне лагер од оваа партиска центрифуга, арно ќе е.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Мај.2011 во 16:21
...ma,...da e samo pranjeto...i ke pomine nelako,
...posle nego doagja i peglanje,...za da ne ostane nekoja naborina,...sluchajno,
.....mislam ...namerno !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 27.Мај.2011 во 22:36
Ова според мене е перење мозок, затоа што нема партија, нема сила која може да заплаши 70% од населението Во краен случај не е крив оној што заплашува-крив е тој што се плаши.
http://www.time.mk/read/806016f37d/20555bb913/index.html - 70% од граѓаните се плашат да искажат сопствено мислење
-------------
|
Постирано од: ljoce
Датум на внесување: 27.Мај.2011 во 23:16
Тоа е фазата кога ја ставаме главата во македонски медиумски простор и веруваме во се.
------------- Се што било,поминало и се што ќе биди ќе помини.
|
Постирано од: Radijator
Датум на внесување: 03.Јуни.2011 во 04:33
Вечерва се шетав по плоштадот во Струмица и налетав на нешто многу сериозно што нема шанси а да не го спомнам токму во оваа тема.
Се случува следното, се приближувам кон центарот на мојот роден град и од далеку слушам како некој зборува меѓутоа звучеше токму како да се одржува митинг, иако знаев дека денеска сме поштедени од политичко дежа ву сепак бев љубопитен да видам што точно се случува. Но кога стигнав на лице место бев сведок на нешто што до пред тоа го имав видено само на филм, жанр - научна фантастика.
Значи на голем видео бим пред Домот на Културата беше пуштено да врти видео од митинг на ВМРО-ДПМНЕ(најверојатно од оној во Струмица), говорот на Никола Груевски и Зоран Ставревски непрекинато се повторуваше во рок од неколку часа, а помеѓу нивните говори одеше рекламен спот на кампањата и химната на ВМРО-ДПМНЕ.
Епа добро де , знам дека се избори ама се си има граници. Ова е веќе психичка тортура врз граѓаните и е надвор од сите норми на нормална политичка кампања. Изгледа како на цело да заборавија дека сме сеуште само обични луѓе и дека и нам ни е потребна релаксација.
За иронијата да биде уште поголема, во говорот на Груевски и Ставревски нон-стоп се спомнува Зоран Заев, и како упорно се трудат да им го вметнат тоа на луѓето во главата, дека човекот е неспособен. Леле леле леле леле, си велам што ли нема да доживеам во оваа наша Македонија. Да стојам на сред центар и да слушам грди зборови против човекот што му го промени лицето на плоштадот и општо на градот за неполни 5 години, и токму од тие што со сите сили на секаков можен начин се трудеа колку што е можно повеќе да го влечат проектот Гасификација за Струмица, за на крајот да ми помине една многу морбидна мисла - кој е тука идиотот, само јас, ние или тие....???
А морам да го напоменам следното. Доколку на некој од вас ви е гледан филмот EQUILIBRIUM мислам дека би требало да ви е повеќе од јасно за што станува збор. Доколку го немате гледано ви го препорачувам.
Навистина не знам колку ова би било ефективно по свеста и потсвеста на луѓето но според мене, поголем обид за ПЕРЕЊЕ НА МОЗОК од ова што го видов и слушнав, здравје!!!
------------- Just because i see the world with my own eyes, that doesn't make me a sinner !!!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 22.Јули.2011 во 10:45
Секогаш кога ќе прочитам изјава од некој “државен службеник привремено на некоја одговорна функција“се потсетувам на директорка или што ли беше и каде беше-Петра како ли се презиваше што беше судена нешто околу она случајот со -мислам беше-“дворецот на Водно “ на балдаската на Љубчо Ѓоргиевскии секогаш се прашувам- Со што им го перат мозокот за да постапат спротивно на законот односно по закон кој има еднократна употреба. Сега читам за актуелниов случај со автентичноста и нормално е да се прашам- Во некое идно време, со некои други законски норми-Ќе имаме ли некои нови Петри, ќе одговара ли секој оној кој ќе се осмели да го стори ова?????? http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=01574C372F21E64BBFD2250B4123572B - Шврговски: Четирите хашки предмети ќе ги затвориме законски
-------------
|
Постирано од: Persej7
Датум на внесување: 22.Јули.2011 во 15:38
Radijator напиша:
Но кога стигнав на лице место бев сведок на нешто што до пред тоа го имав видено само на филм, жанр - научна фантастика. Значи на голем видео бим пред Домот на Културата беше пуштено да врти видео од митинг на ВМРО-ДПМНЕ... Епа добро де , знам дека се избори ама се си има граници. Ова е веќе психичка тортура врз граѓаните и е надвор од сите норми на нормална политичка кампања. ... |
Тоа што си го видел за прв пат (видео бим за време на изборна кампања) за некои и навистина се граничи со научна фантастика. Вистинска психичка тортура која се гарничи со лулдило. Да се чуди човек како можеле такво нешто да направат?! Кој им дозволува, со кое право?! Дури и Црвените Кмери не го мачеле населението до таа степен.
Друг пат напиши туку кога ќе си го скршиш ноктот, споредли со нас, немој да се патиш. И немој да викаш брза помош...
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 23.Јули.2011 во 00:16
Radijator напиша:
Вечерва се шетав по плоштадот во Струмица и налетав на нешто многу сериозно што нема шанси а да не го спомнам токму во оваа тема.
Се случува следното, се приближувам кон центарот на мојот роден град и од далеку слушам како некој зборува меѓутоа звучеше токму како да се одржува митинг, иако знаев дека денеска сме поштедени од политичко дежа ву сепак бев љубопитен да видам што точно се случува. Но кога стигнав на лице место бев сведок на нешто што до пред тоа го имав видено само на филм, жанр - научна фантастика.
Значи на голем видео бим пред Домот на Културата беше пуштено да врти видео од митинг на ВМРО-ДПМНЕ(најверојатно од оној во Струмица), говорот на Никола Груевски и Зоран Ставревски непрекинато се повторуваше во рок од неколку часа, а помеѓу нивните говори одеше рекламен спот на кампањата и химната на ВМРО-ДПМНЕ.
Епа добро де , знам дека се избори ама се си има граници. Ова е веќе психичка тортура врз граѓаните и е надвор од сите норми на нормална политичка кампања. Изгледа како на цело да заборавија дека сме сеуште само обични луѓе и дека и нам ни е потребна релаксација.
За иронијата да биде уште поголема, во говорот на Груевски и Ставревски нон-стоп се спомнува Зоран Заев, и како упорно се трудат да им го вметнат тоа на луѓето во главата, дека човекот е неспособен. Леле леле леле леле, си велам што ли нема да доживеам во оваа наша Македонија. Да стојам на сред центар и да слушам грди зборови против човекот што му го промени лицето на плоштадот и општо на градот за неполни 5 години, и токму од тие што со сите сили на секаков можен начин се трудеа колку што е можно повеќе да го влечат проектот Гасификација за Струмица, за на крајот да ми помине една многу морбидна мисла - кој е тука идиотот, само јас, ние или тие....???
А морам да го напоменам следното. Доколку на некој од вас ви е гледан филмот EQUILIBRIUM мислам дека би требало да ви е повеќе од јасно за што станува збор. Доколку го немате гледано ви го препорачувам.
Навистина не знам колку ова би било ефективно по свеста и потсвеста на луѓето но според мене, поголем обид за ПЕРЕЊЕ НА МОЗОК од ова што го видов и слушнав, здравје!!! |
radijator,не мора да се чудиш многу тоа е само една пропаганда,која наликува на НАЦИ општеството и ништо друго.
Во светлото на таквите настани вистина е само една ,а тоа е дека се само тие во право и ништо и никој друг,СЕГА СЕ ТИЕ ГОЛЕМОТО ОКО и тие знаат се најправилно.
Но само да се потсетиме,тоа се втората ГЕНЕРАЦИЈА(Исфрустрирана) од УДБАШИТЕ кои во името на ВМРО,а се само ДПМНЕ,ја зазедоа власта,а немаат врска со таа идеологија тие се НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДАВНИЦИ,кој што сака нека зборува,и млати празна слама ,тоа е сеење на СТРАВ, и само на тој начин успеваат,демек сите се неправилни,само тие биле во ред, а се знае дека се само ТУЃИНЦИ.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 23.Јули.2011 во 17:23
Фашизмот влегува на голема врата, прашање е дали ќе се спротивставиме или ќе ја подвиткаме опашката...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 09.Мај.2012 во 23:59
Богами за мене и ова е перење н мозокот-низ своите кавги еден за друг си кажуваат кој од кого земал односно кој на чиј платен список бил. И после човек да ги верува кога ќе кажат некоја вест или кога ќе не убедуваат кој е подобар политтичар за народот. http://sky.mk/makedonija/21524-%D0%9B%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%81-10-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BC-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D1%9A%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5.html" rel="nofollow - Латас: 10 години имам највисоки примања помеѓу новинарите
-------------
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 10.Мај.2012 во 00:26
кој филм ни прават боже мили,нека е на арно само....
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 10.Мај.2012 во 18:23
mamamd напиша:
Богами за мене и ова е перење н мозокот-низ своите кавги еден за друг си кажуваат кој од кого земал односно кој на чиј платен список бил. И после човек да ги верува кога ќе кажат некоја вест или кога ќе не убедуваат кој е подобар политтичар за народот. http://sky.mk/makedonija/21524-%D0%9B%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%81-10-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BC-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D1%9A%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5.html" rel="nofollow - Латас: 10 години имам највисоки примања помеѓу новинарите
|
Незнам зошто толку се напаѓа Латас... Тој јавно си изјави дека има газда и си пишува за газдата... значи он е професионалец... онака како што тој го разбира новинарството... кој ќе го плати повеќе... за него ќе работи...
е јеби га, тоа е...
|
Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 10.Мај.2012 во 19:33
Перам мозоци - ефтино, успех загарантиран или враќам пари дупло. Шо бе дупло, тродупло! Целиот приход ќе биде ставен во функција на резвој на слободната мисла во општеството.
------------- Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|
Испечати | Затвори го прозорот
Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk
|
|