|
Југоносталгичар сум...признавам |
Внеси реплика | страница <1 106107108109110 213> |
Автор | |||
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ех како не ти е мака на секое да ме поправаш |
|||
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ајде Југоносталгичари славите ли - на денешен ден - 1918.- Во Белград регентот Александар Караѓорѓевиќ го прогласи обединувањето и создавањето на Кралството на Срби, Хрвати и Словенци кое е почеток на раѓањето на Југославија.Инаку Југославија е хрватска измислица како би се одвоиле од Австрија а Србија е наградена со проширување и своевидно кралство.Оваа федерација на мали државички траеше точно 70 години кога сојузното собрание на СФРЈ прогласи повекепартиски избори и две години подоцна почнаа крвави војни по што СФРЈ се распадна
|
|||
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ги има,и ќе ти даев линк,ама нејќам да размислувам за тоа,сакам побрзо да заборавам на тие луѓе. |
|||
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Најголема глупост на Петар Први е државата СХС, што после се претвори во Југославија. Апетитите на Србија за поголеми територии доведе до тоа да на сопствена штета им помогнат на словенците, хрватите, а после и македонците, црногорците и шиптарите на Косово да направат сопствени држави. Скапа историска лекција со наравоучение, лаком газ два к*ра јаде.
|
|||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|||
DelijaSkopje
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во право си можеби немаше да постои Југославија, НО ќе постоеше Србија и тоа ќе си се граничеше со Словенија... |
|||
DelijaSkopje
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Југославија Хрватска измислица...?????????????????????? Ваква ГЛУПОСТ сеуште не сум прочитал...!!! |
|||
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
A 29 noemvri? go zaborajvte!
|
|||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|||
da be
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
http://www.igenea.com/index.php?content=132&st=378
The name of a country doesn't mean this country have the same roots. See the examples in Croatia or Serbia. These names come from the slavic group of the Croatians and Serbians, who arrived around the 6th. century, but not all Croatian or Serbians have slavic roots.... леле то не останале словени во Jуголавиjа |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Може не ти се верува но кралството схс всушност се прави ради хрватска - србија веке била независна држава - на хрватската идеја се приклучуваат и словенците и црногорците Повеке пишува во книгата за Југославија од кралот југословенски |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Mozebi dosega boogie uspevashe da me donese do nekoja dilema deka navistina covek ne treba da zali po neshto shto pominalo i deka nekoi lugje trpea od taa drzava. Sega vekje ne. denovive se dokaza deka shpioni ne bile ostanatite od sakanata ni "umrena drzava" tuku tokmu tie koi sedat do nas, zaedno katadnevno si kazuvame tajni, delime maki. A za shto? za pomeka fotelja, za nekoj aram denar plus. Denovovive nash*te kolegi, nash*te dovcerashni kolegi odea vo opshtinite i na celnicite im "referiraa' koj shtrajkuva, koj shto kazal protiv niv a potoa "celnicite" ucenuvaa, pretea. Shpiunite nema da bidat kazneti, nema da ima zakon za lustracija. Naprotiv, kje bidat nagradenis so povisoki pozicii." Shpioni od sopstvenite redovi "vo samostojnata ni drzava, ne vo "umrenata" Shpionunite ni gi vospituvaat decata, a tie se najopasni. Kje ni indoktriniraat mnogu mladi lugje. Niv gi snimaa kamerite, gi vidoa site.
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мамад, ако на некој начин boogie беше инспирација за да го пишеш горниов пост, тогаш ти (поточно шпиуните што ги спомнуваш), си моја инспирација за мојов пост.
Прочитав десетина поста од сто и кусур-те страници на оваа тема и, како што очекував, има аргументи за и против Југославија, за и против Тито (или како што некој милува да го нарекува - маршалот), за и против Македонија и македонците ... Па, си реков зошто и јас да не дадам свое видување по ова прашање! За да има некаква следливост, на почетокот би започнал од маршалот. Од многуте агенти (или ако милувате-шпиуни) на руската НКВД чиј ученик бил и тој, кои се бореле за лидерското место во партијата, победил токму тој, Валтер. Мора да се признае дека тоа е огромен успех покрај таквата конк*ренција. А, за тоа човек едноставно треба да е способен. Понатаму, кога веќе дошол на власт, успеал да се справи со фракционерството во КПЈ и да го наметне своето видување, односно своето гледиште, па ако сакате и своите цели. Многумина и тука се обиделе, но не успеале во сопствената намера. А тој, Валтер, успеал. Случајно?! Во војната, успева да поведе неколку милионски народ со себе во борба против фашизмот. Иако и други се обидувале да го сторат истото (Павелиќ, Михајловиќ ...), не успеале (барем не во толкава мерка) како тој - сега веќе Тито. Значи Тито беше тој кој ја започна борбата (се разбира на овие простори) против фашизмот. И, тој успеа да се наметне како клучен фактор пред југословенските народи. КПЈ се спротивстави со 27-мо Мартовските демонстрации. Каде беа македонските јунаци да сторат такво нешто? Официјално, битката против фашизмот започна на 4-ти Јули 1941. А до 11-ти Октомври? Што правеа и зошто чекаа македонските идеолози и борци за самостојна Македонија? Каде беа прво тие да рипнат за ослободување на Македонија? Скоро половина година! Па после го пратиле тој, овој, оној ... Пак некој друг ни’ е крив! Типично македонски. Ако кај нас немало мажи со мадиња, барем да не го напаѓаме тој кој ги имал! Ова е за кај нас. Ами кон меѓународниот фактор, т.е. кон големите сили?! Повторно е Тито тој кој успеал да се наметне како клучен играч. И, со кого големите сили ќе прговараат? Со некој кој веќе се докажал, или со некои кои само сакаат самостојна држава, ама некој друг да се избори за неа? Тој успева да ја добие наклонетоста на големите сили кон себе. Тука во прашање биле финеси од таа специјална војна. Сите се труделе да докажат дека тие се тие „вистинските“ кои се борат против тројната оска. Тито успева да ја добие и таа битка, поддршката од запад, покрај онаа која веќе ја имал од СССР. Дали мислите дека во тоа време во Македонија имало луѓе кои со своите капацитети (тука подразбирам организациски способности, раширени врски со странски лидери и, како најважно од се - развиена разузнавачка мрежа преку која се добивале важни информации, но и преку која се делувало на странските сили), ќе го привлечеле вниманието на странските (големите) сили за признавање на Македонија, па плус тоа и припоена со сите нејзини делови? И, кога сме кај деловите на Македонија, таа не е „на три дела делена“ туку на 4. Го заборавате делот на Македонија кој е припоен кон Албанија! Ова е само едно зрнце од она што се’ не се правело пред, за и по војната од тие разузнавачки служби. Кога читам таква литеретура, едноставно не ми се верува дека сето тоа е можно. А, Тито тоа го правел. Треба малку повеќе да прочитате за неговата разузнавачка работа. Така ќе стекнете сосема други видувања за неговите способности, можности, капацитети, интелигенција... Работи што многу поранешни, но и сегашни познати лидери и историчари му ги признаваат. Се разбира, освен некои политикантски анонимуси кај нас. Тито бил голем стратег и бил единствениот врховен командант во втората светска војна кој директно учествувал во воените операции. После војната, на само негов својствен начин, успева да ги „врти“ големите сили. Користејки ги врските со запад успева да се откачи од канџите на дотогаш неприкосновениот лидер на истокот - Сталин. Успева да воспостави еден систем во кој сигурноста, сигурната егзистенција, моралот ... беа одлики за кои денес (скоро) сите чезнееме! Им даде право на сите да си го искажат своето национално чувство. Едноставно, тој човек беше многу способен, итар, визионер, решителен, храбар ... И, што направи за себе и за своето семејство, гледано од материјалната страна? Ништо. Едноставно само ги користеше привилегиите на позицијата на која се наоѓаше. А, има(ло) ли некој, порано и сега, што не го прави тоа, почнувајќи од претседателот на некое риболовно друштво, па до претседател на држава? Ај, доста со добрите работи, за некој да не помисли дека сум член на „титови леви сили“ Што е тоа што му се замерува од страна на македонците? Македонските војници ги испратил на сремскиот фронт, наместо да ја ослободат (цела) Македонија. Тоа е факт. Но, ако гледаме малку пошироко на таа проблематика, да си поставиме прашање дали навистина можел и тоа да го постигне. Сметајте, тука биле интересите на Англија и Франција пред се. Ова е хипотетичко прашање, што би било кога би било? Не можеме да знаеме! Можеби ќе успеел ако бил по решителен кон македонското прашање. Но, тогаш ќе се појавел проблемот со Срем. А, кога веќе мора да бира, ќе го одбере подоброто за целата држава (Војводина ја хранеше скоро цела СФРЈ). Тој можеби воочил дека во такви услови и за Македонија ќе биде подобро ако биде во рамките на СФРЈ. Прво еден дел (српскиот) да се ослободи, па понатаму, со тек на време (кога ќе станеме дел од европската унија ) Македонија повторно ќе биде цела Понатаму, го обвинуваат за Голи оток. Точно. И мене ми е криво зошто настрадале невини луѓе (меѓу нив и мојот чичко - брат на татко ми), но што да се прави, од секогаш имало кодоши кои правеле нечесни работи. Значи, јас лично не го окривувам (до толку) Тито, туку полтроните околу него. А тие сепак биле македонци. И, навистина е хипотетичко прашање (како што и претходно реков) што би било кога би било. Тоа е уште еден факт. Но, замислете се вие во негова улога. Како вие ќе го заштитите и одржите тоа за што сте се бореле? Така лесно ќе дозволите на некого да ви го одземе? Затоа тој ги праќал на Голи оток. ( btw. тоа е идеја на Иван Крајачиќ, со НКВД-овско шпиунско име Стево и уште некои други блиски соработници, меѓу кои и на Мештровиќ, кој од таму користел камен за изработка на своите кипарски дела...) ! Е, сега друго е прашањето како таму со нив постапувале. Тоа е за целосна осуда. Исто и за тоа што таму испраќале и за некои недокажани работи. Како што вели нашиот народ, покрај сувото гори и суровото. Тешко тој што ќе го снајде. А за што јас највеќе му замерувам на Тито. Причината е од идеолошка природа. Имено, не требаше да го воведе социјализмот, туку требаше постепено да се изгради систем на „благи“ капиталистички односи! Нешто слично како денес во Кина. Од една страна, преку марксизмот не’ учеа дека светот се развива по историски фази, прво првобитно општество, потоа робовладетелство, па феудализам, па капитализам, за да преку социјализмот дојдеме до најсовршеното општествено уредување комунизмот. Е, арно ама кај нас од феудализам директно се префрливме во социјализам. Капитализмот сеуште не беше развиен. Значи сме прескокнале една алка во синџирот. Или како што јас обично велам, куќа со темели и покрив. Спратот го нема! Затоа и социјализмот падна, немаше здрава основа. За разлика од нас, денес кај развиените капиталистички земји (Норвешка, Шведска, Канада...) веќе е социјализам, Ај да не речам дури и комунизам. Ама тие се развиваат постапно, како што учеше дијалектичкиот материјализам. Се разбира тие земји тоа нема да го признаат, но факт е дека сите погодности што ние ги имавме во времето на СФРЈ, сега ги имаат тие. Бесплатно школство, здравство, убави плати, а со тоа и сигурна егзистенција ... и да не набројувам. Навистина би сакал да прочитам други негативни работи од страна на Тито, кои се однесуваат конкретно на/за македонците, но да немаат допирни точки со горенаведеново. Само немојте за развојот на стопанството. Зошто Македонија не била развиена, односно запоставена? Од Тито? Не! Туку од нашите македонци во Белград. Едноставно не се бореле за македонската кауза како што тоа го правеле другите во федерацијата. А и ако за нешто се избориле, ние самите си го уништувавме. Само еден пример као потврда на ова што го велам. Раде Кончар и фабриката за фрижидери во Битола беа изградени (речиси) во исто време и со ист капитал. Каде отиде Раде Кончар, а каде фабриката во Битола? Тито е крив за тоа? Дали, ако Тито не успеал за прв пат во историјата на Македонија да го признае суверенитетот на Македонија како држава и, постоењето на македонската нација, ќе сме биле она што денес сме? Дали македонските револуционери, стратези, идеолози... ќе успееле да се справат со меѓународниот фактор околу освојувањето на цела Македонија? Мислам дека немало тоа да се случи, бидејќи тие наши македонски идеолози не успеале да се справат ниту со Тито (за добивање самостојност на Македонија), а каму ли со лидерите на големите сили, за обединување на Македонија. Ако не бил Тито, голема била веројатноста да не го добиевме она што сега го имаме. Токму поради тие негови манипулантски способности. Уште еднаш ќе кажам, Тито имаше грешки кои во претходните редови ги кажав (а, кој е тој кој нема?!), но, мораме да признаеме дека токму тој е најзаслужен (секако со учеството на македонските војници, бидејќи без македонската војска неможел ништо да стори колку и да бил способен) во издејствувањето кај странскиот фактор за добивање државноста на Македонија. А тој, меѓународниот фактор, бил и сеуште е клучен во одлучувањето дали некој ќе има држава или не. Или можеби сум грешка? Убеден сум дека не само тогаш, туку ниту денес во Македонија (од оваа цела политичка гарнитура која се менува де на власт де во опозиција), нема човек кој би успеал да „создаде“ држава од територијата Македонија (како што беше пред војната)! Се се’ плашам да не ја изгубиме и оваа за која нашите татковци се изборија. Но, тоа е само мое размислување! Би ги замолил сите читатели, да ги разгледаат овие мои размислувања, па нека донесат заклучок по однос на заслугите на Тито за Македонија. Немора тоа јавно да признаете дека не сте биле во право, за да случајно не се чувствувате понижени, иако за мене тоа би претставувало гест на големи луѓе (ако се признае грешката). Надвор од темата политика е ова што сега планирам да го пишам. Но, сепак е поврзано со носталгијата, а тоа е музиката. Неизоставно, кога се потсетувам на „нашите времиња“, музиката има голема улога во тоа. И во овој момент сакам да зборувам за музиката. За музиката што ни’ ја пружа на пр. Кемал Монтено (на неговиот концерт од пред скоро две години. Мислам дека беше во универзална сала, а во целост беше емитуван на А1 некој ден потоа). Квалитетот, содржината на неговите песни, неговите гласовни способности ... чувството кое тие ги предизвикаа, само тие што биле млади во времето кога настанаа овие песни можат, преку неговите песни, да ја почувствуваат вредноста на слушнатото и да се потсетат на времињата кога, слушајќи ги, се заљубувавме во девојки од целата наша бивша држава... србинки, црногорки ... словенки... Јадран... Кај мене тоа предизвика пријатно, сентиментално чувство, сеќавајќи се на убавите средношколски и посебно убавите студентски (но, и пост студентски) денови. Да скратам. Дали треба да ги потиснам сите овие мои прекрасни доживувања од времето кога живеев прекрасно, бидејќи тоа беше време кога владееше странецот, немакедонецот, диктаторот, злосторникот? А, и луѓето кои ја доловија целата таа атмосфера беа странци - Кемал и Арсен! На крај, треба ли да пишам за непреченото патување по целиот свет без визи. Нешто за што денес секој од нас копнее. Р.Ѕ. Верувам дека има луѓе кои нема да се согласат со ова што го пишав погоре, дека во времето на Југославија имаше подобар живот. Исто како што има луѓе кои сеуште не веруваат дека човекот (Нил Армстронг & Со) бил на Месечината и, за тоа изнесуваат „цврсти аргументи“ |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Златник ... ме замори читајќи
Сега скоро прочитав или слушнав нешто, не можам да се сетам во моментов, вака од прилика... „Дедо, дедо ај кажи кога било поубаво сега или во Бившата?...“ „Во Австро-Унгарска внучко тогаш беше најдобро...“ „Како бе дедо, па нели тогаш сме биле поробени, како може тогаш да било подобро...?“ „ Да, ама јас тогаш имав 18 год.“ |
|||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А тек мене како ми беше пишувајќи?! Да, и јас го слушнав тоа. Беше на телевизија, но на која и кој го рече ... да ме отепаш незнам. Во моментов. Р.Ѕ. Сани, ќе те утепам! Ме стави во мисла каде го слушнав ова со австро-унгарија. Мислам дека беше на хрватска телевизија (HRT1) Изменето од Zlatnik - 03.Декември.2008 во 19:03 |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Златник морам да го поздравам твојот пост и да ти кажам дека се помачив да го прочитам до крај но ми се допаѓа начинот на кој ги опиша настаните од минатото и дека си ги опфатил сите аспекти без посебна пристрасност.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 106107108109110 213> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |