![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4243444546 138> |
Автор | |
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
.....Иако знаеш да бидеш бескруполозен,груб...сепак си прекрасен...
Дури и во тие моменти го сакам секој твој збор кој како нож боде по душава и ги буди заспаните чувства. Дури и тогаш си најпрекрасната личност,со која би сакала да сум, без разлика колку тоа боли. Оти болката значи дека сум жива...чувствувам...знам. Сигурен во себе,елегантен,инспиративен,спонтан... Многу се зборовите со кои би можела на некој начин да те опишам.Во мене предизвикуваш бура од мисли....вулкан од чувства...букет од желби... Посакав да те допрам,да те видам,да те почувствувам. Посакав...и...желбата ми се исполни... Те запознав и те сочував тука....во градиве, каде што е најтопло ама и најразиграно,весело,треперливо...... Нема да исчезнеш од таму никогаш... Нема да си повреден таму никогаш.... Нема да те боли мило таму додека спиеш, оти јас ќе те чувам....ТЕ САКАМ Изменето од butterflyM55 - 29.Ноември.2008 во 11:24 |
|
![]() |
|
Дак ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Д О П И Р
Допир...Тој допир. Колку ли ќе останам зарбена во овој затворен круг на емоции, кои без чувствително ме приковаа за да ја почувствуваат мојата болка? Да,ја посакуваат мојата солена солза која веќе одамна е засушена,затаена во оваа грло,вресок од душа што и волците од најтемната шума би се уплашиле. Посакувам да го допрам недопирливото...твојот допир. Те допирам само во сон,јавето за мене не постои,како да живеам во туѓо тело непочувствувајќи го твојот допир кој некако е астрален,неможам да те допрам освен кога ги затворам очите...Ти,дали постоиш?Каде си ти? Ноќта се приближува,желно чекајќи го сонот да ми падне на очите. Ноќен јавачу на моите сништа доприме!Допри го мојот сон за да живеам во твјот сон,недопирливото ќе биде допрено,невозможното ќе биде возможно. Само уште еден чекор до бесконечноста и тука си,тука сум со твојот допир. Пронајди ме,побарај ги трагите од мојата засушена солза,допри ја,ќе ја почувствуваш мојата тага,таа ќе те одведе до мојата душа,до темното небо без ѕвезди.Но,само една ѕвезда сеуште сјае,трепери со сиот нејзин сјај,патоказ до ѕвездата Даница...Ти само допри ме,ќе ти го покажам патот до нејзиниот сјај,а тогаш сите ѕвезди ќе затреперат...прекрасен космос во моите очи. Допри го мојот сон...Ти,само допри ме. Даница ПЕТРОВСКА„О8„ |
|
Љубов и само љубов
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не можам
никако не можам колку и да сакам колку и да копнеам, нешто во мене наредби издава, а јас сум само војник за ноќни стражи што само знае за ветер, студ и самотија. Нема начин ниеден преку себе да прејдам бар малку да се предадам да заборавам зошто до сега преживеав, толку е силно толку е моќно играчка сум негова. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Желба наизменична
низ гради ми мине здив ми сопира, сакам да допрам сакам да продрам сила ми снемува. Неважен блиц пред очи ми светнува како слепец се тетревам, потсмев од некаде ечи во некој ќош глушец умира, ме гледа со последен поглед што замира, со порака некоја навидум неразбирлива гради ми раскинува. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бакнеж до бакнеж
никогаш не е доста милиони допири се помалку се еден во друг неможност еден без друг часовникот на парчиња лежи некаде доле некаде на патот забрзани го газат. Некаде сме горе на висина со вечноста сами сме засекогаш никаде ништо не постои сем тоа што сме ние наместо тоа што бевме се подалеку сме од она што беше. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ни денес нема да биде
онака како што беше некое вчера не си сам а некогаш е подобро да си од поплава исфрлен од ајкули нагризан додека си се борел со она што видливо е со она што предвидливо е иако парче од рака те чеша што веќе го немаш, унаказен и за очи непријатен лицемерие познато секојдневно од исти профил на лица пријатели ги нарекуваш. Изменето од zbunet - 04.Декември.2008 во 22:43 |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Слепец тврдоглав
сум си бил ја у свој свет замислен засекогаш загубен за реален свет параноичен, секаде рогови гледам и очници искезени што се стремат кон врат мој откриен. Сите лоши се сал ја најарен сум од мене поарен нема и не ќе има, а само безвеза зборат дека сум од старците еден на балконот зајадливо што седат и на жабецот што се поти му се смеат. Ми викаат слеп сум еднаш, па уште еднаш па уште два пати јеби га што знаат они најарен сум ја. Изменето од zbunet - 06.Декември.2008 во 13:29 |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не сум оној
јавачот на коњ бел и со насмевка бела оти уште возам фиќо жолто и имам жолти заби не светкам кога идам оти на пазар алишта ефтини купувам и молам бога да не заврне и да проверам квалитет кинески од кимоно навака ништо квалитетно немаат. Неучено и просто изгледам онака како ќе се срамиш ако другарки те видат за муабет тема еден месец ќе им бидеш како и ќелава глава моја на која кармин твој стоеше. |
|
![]() |
|
mrzla ![]() Сениор ![]() ![]() натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ми дише глава
многу ептен многу барајќи го каменот тој мирис од дланки твои на себе што носи глава што ми дупна и промаја ме бие ме боли знам од што и сепак пред тебе клечам оти по јајца ме клоцна и на лошење ми иде ти ми плачеш дека ме сакаш велиш дур шамари ми лепиш и за коса ме кубеш дур низ магла те гледам додека чекам јасно да ми бидне. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Имав плоча
да играш да се изнаиграш од мерак за уши да се фатиш, ама да сецка почна оти гребната бидна од мака на патос клекнав и брејк денс почнав најбољи бев у собирање прашина од која улица наша најчиста бидна. Дојде малој моме а мене уште од џамлии красти раце ми красеа њу романтик да фатам терав менѓушка си обесив бабите у маало за зет ме неќеа више. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Она на работа брзаше
а мене млеко не ми се пиеше оти од уши ми течеше, очи да се тргнат чекав велев дека жешко е, а она трчаше многу и се брзаше ништо не и се гледаше, грб ми сврте она у кујна по сендвич тргна грабнав брзо шоља и од молња побрз низ балкон да го истурам, а она не гледаше дур трчаше под балкон мој дур од шоља млеко течеше а чекори од кујна идеа а она бела од млеко стануваше, кратко се видовме зошто од кујна она идеше а не знаеше дека знаев ќутек дека ме чекаше. |
|
![]() |
|
fleur de lis ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 01.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 25 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МОЛЧИ Добредојде назад...хахаха... И молчи! Молчи! Знаеш...тогаш...додека трчаше по дождот и бараше засолниште, беше потопла...понежна...сега си мртва, мртва риба во аквариумот на времето. Не, не ти се лутам, знаев дека ќе се вратиш, затоа и те пуштив да си одиш...да го почувствуваш уште еднаш на усните раѓањето на гласот кога љубиш. Да го почувствуваш блесокот на љубовта кој удира и ја ништи последната трага на каењето и те исполнува, весели...да го почувствуваш галопот на срцето додека му се подаваш во нокта која пулсира во ритамот на вашите тела. Но ти сега и срцето го немаш...така безумно го загуби уште на почетокот...го подари. Сега си како мене, иста...хахаха... И не ме гледај така, со тој поглед на бисерна капка што полека умира. Дојди поблизу, не плаши се! Погледај...тука ти е насмевката која ти навираше од усните на твојата душа додека го гледаше него...ха...ја украдов и сочував...за да те мачам заедно со гласот на спомените...за да не заборавиш никогаш повеќе дека само звездите бесcмртно горат, а ти, ти не си звезда. И затоа ке ти кажам МОЛЧИ!!! Молчи и остави ја душата спокојно да сонува. ![]() ![]() Изменето од fleur de lis - 09.Декември.2008 во 02:00 |
|
...''beauty rejoices, not those who possess it, but those who are capable of loving it and worshipping it''...
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ај душиче слатко
да те сакам знам правосмукалка неќам да те љубам ептен знам од садови раце ми пукаат да те галам после ќе неќеш изгребана по тело ќе бидеш ко у Змајевом гнезду Брус Ли кога се вжешти како сега што ме гледаш спремна меѓу огледалата да ме излупаш. Наглув више биднав од твојот моќен ек дај малу душа смеј ми се малу не ми глуми Бетмен и лилјаци не ми пуштај ти мажи многу не си имала штом на мене мани ми наоѓаш. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4243444546 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |