IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 138>
Автор
Порака
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 14:46
Отворено
цело твое битие
никаде отпор
бар на секунд
да сопрам,
веќе да се прашувам престанав
дали сум
или кој сум,
претпоставувам,
ти знаеш,
но како те гледам
ни ти.
Нешто тивко
безволно се слуша
нешто да се пазело треба,
што ли ти значи
кој знае,
а и баш ми е гајле.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 15:16
Испрекинати и полни
линии
минуваат брзо,
а ти велам
волан ти држи сега,
за да молкум
копчиња ти откопчам
и лице
во кошула ти заријам,
бесно и брзо
и со раце брзоплети
најдам она што ми требаше
а никако време немаше.
Да се одвојам не ми се даваше
свирки, клетви
и зачудени фаци
зад нас имаше,
но ти непоколебливо
воланот го држеше,
браво !
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 19:58
Завеса спуштена
претстава завршена
изгасени светла
ние заборавени и сами
додека надвор вее
додека надвор студи
нам ни е топло
нам ни е добро
се дур заборавени сме.
Пред нос на сите
нам ни е добро
и далеку од сите
оние
кој утре ќе дојдат
да не обземат и освојат
кои да ги заборавиме
да смееме нема
и затоа само
времиња скришни само ќе крадеме
исто како овој
што ќе го паметиме
до моментот следен
некој нареден и премолчан.
Кон врв
Requiem Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Requiem Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2008 во 02:38
Lingering in whatever

Се будам во истиот кревет, оној во кој вчера се обидував да се почуствувам дека тонам или телепортирам во мојата Градина на Сурреалноста. Целиот фригиден, ни грам интерес за нештата и новиот ден. Ништо нема за денеска во менито на овој аморефен ум, само поинтензивна индеферентност од кога и да било. Се обидувам да станам од креветот или наречете го Бајконур. Нема доволно сила да ме направи среќен што не се будам во туѓ кревет од гласот на вајана рандом девојка, цитирам "Бебенце, сакаш кафе да ти сварам?" Преку такво ми е од кафиња и бебиња и лигавење, не се фалам само троа се жалам, но осеќам нешто ме држи прикрепен за креветот. Ко гром од ведро небо, ја гледам Мрзата, гола ко од мајка родена во мојот кревет. Прво нешто што помислувам е да ја испцујам. к*рво,кој к*р...ех ја снема за миг, гласно извикав. Скокнав од креветот како да имаше змија под ќебето. Индеферентноста уште ме преовладува. Секое утро иста рутина, во огледалото гледам фаца и таа гледа во мене, со подочњаци како лубеници. Еј па тоа сум јас,помислив и неможев да згрешам.Но ете ти проблем, се гледаме со типот од што се рефлектира во суптилната површима од сребро, пробувам да го прашам кој ќе биде неговиот прогрес за денеска. Ни го сакам, ни го мразам, што би рекле овие енглезиве In Between. Мртва тишина, фригидни погледи разменуваме со Типот, само шуштењето на чешмата на шутракот под мене, му дава мешаница на тоа мртвило. Бришан простор, ништо на повидок, бела ќелија но не за криминалци..... Во интерес на драгоценотот мое и твое време ќе застанам на оваа точка.




Сите ситуации, лица и слични творби се случајни или измислени.
Н.Д 07.01.2008


Изменето од Requiem - 23.Ноември.2008 во 02:39
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2008 во 03:05
Чекориш по трагите
на немирот во тебе,
а тој те води некаде
далеку од самата себе.
Како да си одблесок
на копнежлив зрак,
како да си чад
на пепелот од страст.
Никогаш нема да знаеш
колку ке ти недостигам
ако не заминам од тебе.
Затоа не тагувај сега
Заминувам за да се вратам...



НЕ ЈА НАПИШАВ ЈАС,НО МОЈА Е,МЕНЕ МИ ЈА ПОДАРИЈА
Кон врв
fragola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3829
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fragola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2008 во 18:46
Повторно со восхит,
скриена во темнината,
ја гледам таа ноќна кралица,
да,токму неа,месечината,
онаа која не избра
за ликови главни
на својата сказна
и првите редови ги напиша
во ноќта тивка и празна.
Но не беше таа
во рингот што не стави,
боксерски ракавици
сами си наметнавме,
причина за секој удар
самите измисливме,
а таа се бореше
победник да нема,
милион почетоци
на приказна една,
за среќен крај
кутрата жедна.
И сега кога ја победивме,
обидот нејзин за ремек дело
конечно го уништивме,
знај дека само ние ке жалиме,
зашто почеток нов
таа некаде пишува,
некаде далеку од животи наши,
магични моменти прави,
каде точка по среќен крај
на приказна туѓа ке стави.
I get enough exercise...just pushing my luck.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2008 во 18:53
На планина кон некој врв
пешачам сам
стап и едно куче
имиња им дадов,
со себе гранки влечам
колиба да правам
за себе и на тие
имиња што им дадов.
Ноќе крај оган
кажувам како беше
онака како јас гледав,
кучето сожаливо ме лизна
ми поверува
очите наши се споија
залајав,
се насмеа.
Небо ведро со звезди ми намига
како ли порано не се сетив
да се живее може
само ако те снема
од очи човечки
и пресметки нивни.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 21:50
Одбери звезда
одбери миг
да ја дадам
цела онаа страст
цел нов живот,
заборави на денес
утре да има нема
онакво за какво знаеш.
Одалечено од толпа
на звезда далечна
гнездо ново чека
крилја да се рашират
мои што беа твои
каде има нови
со сите бои содржани
заради мои додадени.
Маска да симнам
време е
да видиш во што ме претвори
она од тебе што дојде
очи веќе не барај
таму само звезди има.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2008 во 21:48
Парче некое од нешто
низ тело се стркала
за ветер да го одвее
за набргу далечини да го одземат
парче невидено,
непрепознатливо,
кое се враќа за да застане
пред височините да ги освои
долго како ѕвезда да стои
иако на ѕвезда личи,
а никогаш не било
како такво препознаено.
Секоја шега,
секој потсмев
замолкнуваат
тогаш и само тогаш
кога разбирање ќе бликне
кога препознаено ќе биде
дека тоа парче
е од душа нечија.


Изменето од zbunet - 26.Ноември.2008 во 21:49
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 02:19

Хаику - емотивно врзано

The%20image%20“http://www.afterelton.com/archive/elton/blog/uploads/2007/03/Monkey%20With%20Funny%20Glasses_Larry%20King.jpg_thumb.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.

 http://www.pottscpa.com/images/2008/02/10/old_tennis_shoes.jpg

патика стара
на жицата се суши
неразбирливо

 

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 11:54
Раце мои плускавични
со лузни од лисици
како во талог од кафе
ликови гледам
судбина со длабоки брчки прошарана
одалеку видлива
секому позната
толку секојдневна.
Во мисли мои посрамени
лузни на гради женски гледам
од прсти мои огрубени,
времето за разговор помина
кафето толку трае
локум никој веќе не дава
сељачко било.
Не сум само за денес
а не сум ни за утре
некако ми се гледа
дека нема што да се види
сем оглав што ме чека
во бразда резервирана
каде веќе и пушење забранија.

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 18:15

стари прашања

 

Огледало. огледалце, кој сум јас?
Кој сум јас?
Абе, Ти си огледало!
,,,си огледало!
Шо муабет ќе биде со тебе? Досаден!
,,досаден!
Знам дека сум досаден, но сакам да знам кој сум јас?
Јас?
Ахам.јас....хммммм
....хмммм

Од каде бе ќе знаеш ти, кој сум јас, кога не си мое огледало? Од никаде!
,,,никаде!
Знам
......знам.
Ништо ти не знаеш, исто како и тој во огледалото.

Зашто сум јас тој испред тебе, да имам толку прашања?
Што не сум тој во тебе, да одговарам со одговори, кои се всушност стари прашања.

...прашања 

мрш!
мрш!



Изменето од anakin - 28.Ноември.2008 во 18:16
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 10:55
Со борбен урлик
кон херојски дела тргнав,
старото,
на бастунче се подсмевна,
не знае кој сум
и кој ќе бидам,
не го забележувам
достоен не е.
Низ мориња од докажувања
препливав
ајкули со смешка клоцав
љубови многу заљубив
никој како мене не беше.
Излегов на суво
уморен и тажен
зар само тоа било ?
Бастунот
крај гробот негов стоеше,
го зедов,
се подсмевнав.
Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 11:12
бастунот добро ти прилега,но тоа нема да биде забележливо за оние кои допрва ке тргнуваат или се тргнати кон херојски дела... оние кои можеби нема да излезат на суво...
сепак убавината е во тој пат....


Изменето од ZeZnAtA - 29.Ноември.2008 во 11:12
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.