IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски фудбал
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски фудбал

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 13>
Автор
Порака
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 20:43
Pred nekoj den pisuvase Trifun definitivno ostanuva vo Vardar a sega pisuva shansata e golema deka ke se vrati Braco.

Neznam sto da kazam se nadevam deka e ovoj vo pravo sto mi kaza...Sepak mi rece im kazale sigurno deka Trifun ostanuva pa sea ke vidime...

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 21:55
Дај боже реков јас среќа
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2008 во 12:25
Честито есенска титула на ѓорче петров

http://www.youtube.com/watch?v=FhtVRTXuLDY


али необичен начин за прослава на титула   
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2009 во 16:55
Победи за Македонија ЃП и Вардар

Лидерот на табелата во елитното домашно фудбалско натпреварување, екипата на Македонија ЃП стигна до полн погодок на гостувањето во Битола против Пелистер, додека тимот од долниот дел на табелата, Металург успеа да се избори за бод на тешкото гостување против претендентот за висок пласман, Ренова.

Фудбалерите на кумановски Милано ја продлабочија кризата во која се наоѓа скопски Работнички, совладувајќи го со 1:0, додека Вардар, на нашиот најголем стадион славеше во дуелот на некогашните лути ривали, совладувајќи го Силекс со 2:0. Екипите на Напредок и Хоризонт Турново ги поделија бодовите играјќи нерешено, без голови.

Резултати:

    * Пелистер - Македонија ЃП 0:2 (Ивановски 24', Брњарчевски 36')
    * Милано - Работнички 1:0 (Алими (п) 72')
    * Ренова - Металург 1:1 (Ибраими 39' - Илијоски 35')
    * Вардар - Силекс 2:0 (Емрулаху 3', Костенцоски 65')
    * Напредок - Хоризонт Турново 0:0
    * Екипата на Победа беше слободна


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 16:46
Битка за влез во финалето на фудбалскиот куп на Македонија

Првите полуфинални натпревари од Купот на Македонија во фудбал ќе се одиграат денеска со почеток од 16 часот.

На „Градски“ Работнички е домаќин на единствениот второлигаш во полуфиналето, Шкендија од Тетово.

Во Ѓорче Петров, Македонија ЃП ја пречекува екипата на Милано од Куманово.

Реванш натпреварите се закажани за 6 мај, а финалето треба да се одигра на 24 мај.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2009 во 01:24
Драстична казна за Победа

Македонскиот фудбалски клуб Победа од Прилеп драстично е казнета, бидејќи во следните осум години нема да може да настапува во европските натпреварувања.

Дисциплинската комисија при УЕФА одлучила дека, покрај клубот, треба да се казни и претседателот на Победа, Александар Забрчанец, како и поранешниот капитен Николче Здравевски, со доживотна забрана за вршење на функција во фудбалот.

Казната уследи по истрагата поради мечот од 1 коло во квалификациите за Лигата на Шампионите меѓу Победа и Пјуник одиграни на 13 и 21 јули 2004 година.

Ерменскиот претставник помина неказнет во случајов, а Победа има рок од три дена за жалба до повисоките инстанци.

Сега на потег е Фудбалската федерација на Македонија која најави дека ќе ги чека упатствата од УЕФА и ќе ги спроведе во целост. Тоа би значело дека на Победа може да и бидат одземени бодови што би донело и преселба во понизок натпреварувачки ранг.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2009 во 09:59
"Местењето е велепредавство"

По соопштението од страна на ФК Победа во кое како главни "виновници"-информатори за казните добиени од УЕФА поради сопствените криминални дејанија ги посочија Миленко Неделковски, Никола Илиевски - Џиџи, Драган Христовски и Мијалче Дургутов, вчера до нашата редакција со соопштение се огласи и Миленко Неделковски поради како што вели "изнесените лаги, измислици и навреди на негова сметка" од страна на ФК Победа од Прилеп.

"Македонската јавност, не само фудбалска, заслужува да ја знае вистината во врска со настаните во Нион каде за ФК Победа и нејзините луѓе беа изречени драконски казни заради местење натпревар. Ќе презентирам само факти. Оние факти кои се во обвинението и пресудата. Значи, не субјективни плачења, кодошења, етикетирања и закани. Само факти. Така што секој слободоумен и некорумпиран човек ќе може да си донесе свој заклучок:

- Обвинението е покренато врз основа на пријава од водечките европски обложувалници. Така стои во обвинението, така стои и во пресудата. Иницијатива и зла намера од кој било човек од Македонија не постои.

- Цврстиот доказ го презентираше експертот од Белгија, господинот Дот, кој приложи документи и анализа според која на таков натпревар, од тој ранг на екипи, во тој квалификациски циклус, обртот на обложувалниците низ светот би требало да биде околу 100.000 евра. За жал по Победа, бројките говорат дека само зијанот низ европските обложувалници бил меѓу 4 и 5 милиони евра. Тогаш е запалено црвеното светло во УЕФА. Значи, не по пријава на Македонци.

- Обвинителот во случајот на доживотно суспендираниот германски судија Хојцер беше еден од четворицата судии на рочиштето против Победа. Така што суспендирањата во Италија (Јувентус), разоткривањето на аферата Хојцер, апсењето на судиите во Полска само кажуваат дека УЕФА не удира само по 'некои таму мали клупчиња'. Напротив, дава јасна порака дека ќе се бори против ова зло на современиот фудбал насекаде низ светот.

- Моето присуство во Нион беше во улога на 'витнес оф д витнес' и на 'обџектив витнес', две правни форми за кои адвокатот на Победа немаше поим дека постојат. Тоа го пишува и во обвинението и во пресудата. Значи, никако не сум главниот сведок.

- На судењето, македонскиот фудбал максимално беше заштитен од самите судии кои не дозволија да се води расправа или кавга за работи во врска со ФФМ, фудбалот кај нас, и слично.

- Четворицата судии пресудата ја донесоа едногласно со 4:0.

Да заклучам. Не постои таква сила, уште помалку таков новинар, најмалку, пак, од Македонија што може да ја изманипулира УЕФА за да казни некој клуб со таква драконска казна.

Местењето на натпревари на штета на сопствениот тим и сопствената репрезентација е чин на велепредавство. Чин на поганење на својот народ и вера. Оние што им прогледуваат на местењата низ прсти се соочесници во велепредавството.

Македонија безмалку 25 века е делена територијално, по етничка, верска, а во најново време и по партиска основа. Чинам дека дојде времето на уште една поделба меѓу нас!? На оние што местат натпревари, и оние што се против тоа. Јас сум во овие вториве", се вели во соопштението од страна на Миленко Неделковски.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 18:00
FT     Fk Metalurg Skopje     1 - 0     Napredok
FT     FK Sileks     2 - 3     Pobeda
FT     FK Vardar     2 - 0     Rabotnicki
FT     Makedonija     0 - 0     Pelister
FT     Milano Kumanovo     1 - 2     FK Turnovo


Napred Vardar!!! Konecno go igraat toa so se ocekuva...a od leto ke bide uste podobro.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 21:01
Милано вторпат сезонава го совлада Вардар

Комплетното 29-то коло од Првата македонска фудбалска лига им припадна на домаќините. Победија во сите натпревари вклучувајќи ги дерби дуелите во Куманово, во Тетово и во Прилеп.

Единствената промена на табелата ја направи Силекс во бегство од опасната зона. Милано вторпат сезонава го совлада Вардар, овојпат дома со 1:0.

Ренова за одржување на втората позиција со 1:0 со голот на Ибраими беше подобра од Работнички кој очигледно се фокусираше на завршницата на купот.

Во мечот со најмногу голови Силекс го победи Напредок. За домаќините погодија Марковски, Темелков, Андонов и Ѓорѓевиќ, за гостите стрелци беа Степановски и Џангаровски со автогол.

Во пелагониското дерби, Крстев и Ацевски направија пресврт за триумф на Победа од 2:1 против Пелистер кој залудно поведе со голот на Димитровски.

Слободен беше металург.

Македонија стигна до 56 бода, но остана на плус 8 пред Ренова. Победа на следните два натпревара ќе ја промовираат во нов шампион.

Милано одржа приклучок со 46 бода, Вардар остана на 39 на 4-то место, Работнички петти со 38.

Силекс и Хоризонт Турново си ги сменија местата благодарение на гол разликата, кратовци речиси сигурно ќе имаат мирно лето.

Металург и Победа следуваат со по 28, Пелистер има 24, Напредок е последен со 21.

Katastrofa!!!

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2009 во 17:24
Македонија ЃП е новиот македонски фудбалски шампион

Македонија Ѓорче Петров е шестиот фудбалски шампион во самостојна Република Македонија. Се исполнија очекувањата дека дербито на „Градски“ од 30. коло ќе се претвори во пресметка на стариот и новиот првак.

Триумфот од 1:0 на ѓорчепетровци им дозволи на три кола до крајот да ја почнат прославата.

Мирко Ивановски и ја донесе титулата на Македонија, во Куманово Глигоровски беше подобар голгетер од Ступиќ. Капитенот на Милано постигна хет трик Ступиќ два гола за Силекс.

Пелистер го совлада Напредок со 3:1 со головите на Главевски, на Јандриќ и на Димитровски иако кичевци поведоа преку Левков. Немаше победник на средбата Хоризонт Турново - Металург 1:1, Стефановиќ за гостите, Георгиев стрелец за домаќините.


Македонија ЃП заслужено го понесе пехарот

Кон врв
Neptun74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Orbiter

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2643
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neptun74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2009 во 10:51
"Македонија ЃП е новиот македонски фудбалски шампион "

Gjorce ima uste eden shampion...
Sega na red e titula u Liga na Shampioni...
DeepBlue
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2009 во 11:00
Ќе биде ич да немаш гајле.
Ако не во овај век во другиот сигурно.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2009 во 23:23
Dada garant ke vlezat vo liga na shampioni.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 14:11
Македонија ЃП против Вардар денес на А1 од 16:00 часот

Фудбалските прволигаши денеска ќе ги одиграат натпреварите од 3. коло, а лидерот на табелата Ренова гостува во Скопје кај екипата на Работнички.

Првакот Македонија ЃП по двете гостувања во Тетово првпат во новото првенство ќе биде домаќин и тоа на тимот на Вардар.Натпреварот ќе може да го проследите на А1 телевизија со почеток во 16 часот.

Во Кратово се очекува интересна битка на Силкес и на Слога Југомагнат, две екипи кои имаат освоено вкупно шест титули.

Дуел на големите ривали од минатото ќе има во Тетово, помеѓу Тетекс и Победа.

Во другите натпревари Хоризонт Турново е домаќин на Металург, а Пелистер на Милано.

На чело на табелата е Ренова со шест бодови, пред Вардар, Хоризонт Турново, Работнички и Пелистер кои имаат по четири.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.