|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 6566676869 97> |
Автор | |||
Losho
Нов член Регистриран: 20.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 18 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
dobra ideja. Pojdi i uzivaj i ti |
|||
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Pu, pu ne daj boze. I kade pisuva deka treba da ima monasi ?
|
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
јас колку што знам никаде не пишува дека треба да има монаси.
а може грешам,не сум сигурен. Изменето од fiks - 25.Ноември.2008 во 14:46 |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
Losho
Нов член Регистриран: 20.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 18 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Zoshto be pu, pu? Pa uzivaj ako monashtvoto e toa shto velish izbegnuvanje od obvrski. Veruvaj mi ne toa shto go mislish za monashtvoto, a za toa deka pishuva ima veke napishano predhodno. Mozesh da prochitash. |
|||
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ako na toj nacin se doprinesuva vo nekoja drzava, togas dobro, neka bide.
|
|||
Losho
Нов член Регистриран: 20.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 18 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Присуството на вистинските монаси кај лугето ја буди заспаната совест, го трезни опиеното срце, го урива рационалниот поглед на светот. Нивните мисли, зборови и дела се преносници на силата на Царството Небесно во овој свет. Никој во нивнотот присуство не останува рамнодушен. Монаштвото во својата суштина е онтолошки бунт против паднатиот свет, паднатата природа и самољубието. Монахот не му пренесува на Бога само нешто што е негово, туку самиот себеси, сиот свој живот и надеж, а Бог му се открива и пренесува нему како личност. Дефинициите на монаштвото што ги дадоа неговите одговори заговараат едно ни одалеку ненасетено искуство, кое Црквата овде денес веке почнува еднодушно и длабоко да си го посакува себеси. -Сестринството од манастирот Пресвета Богородица Елеуса возглавено од Монахиња Сара. |
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Fiks, ова само за тебе и за оние кои не беа во тек со муабетот. Читај го мојот коментар Од каде потекнува монаштвото |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
немам време сега маран ата,завршувам со работа ама утре сигурно ќе го прочитам.
|
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
vizant
Нов член Регистриран: 26.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Za pravilno da se govori za Monastvoto treba covek da ima odredeno poznanie, da zivee kako monah, ili da ja ima oseteno blagodata na boga pri poseta na nekoj manastir kontaktirajki so bracata ili sestrite.
Ako covekot veruva vo Boga moze pocelosno da gi primi site ubavini od bozestvenata liturgija, ispovedta i poleznosta od duhovnite razgovori so monasite & monahinjite. No ako covek e ateist, ili prakticira druga vera bi trebalo pred da go dava svojot sud: dali treba da postoi monastvo, dali e pravilno i dali treba da se molat, da se molat po 5 -6 saati, dali treba ili ne treba da bidat zatvoreni vo manastirite, bi trebalo barem da go napravat najmaliot cekor bez predrasudi da posetat nekoj manastir. Koga za prvpat ke ja doziveete sredbata so nekoj od monasite prasajte i ke Vi se dade odgovor, primete gi informaciite i razmislite. Togaj koga ke dobiete barem osnovni poznanija ke mozete i da imate barem nekoe mnenie za monasite i voopsto za monastvoto. Kako mene mnogute i jas i ke mozam da kazam deka site sredbi so monasite i monahinjite pri poseta na manastirite pocnuvale i zavrsuvale so radost. Da se bide prisaten i da se dozivee edna lirugija vo manastir e preubavo cuvstvo. So samoto vleguvanje vo manastirot se smiruvate, go ostavate svetovniot metez i go vdisuvate mirisot na bozjata harmonija. Bi mozel da pisuvam uste mnogu raboti za monastvoto i negovata opravdanost no bi Vi upatil predlog da razmislite sto e toa sto ne samo denesnite monasi/monahinji gi dovelo vo manastirite tuku pojdete podaleku so razmisluvanjeto i prasanjeto neka pojde so uste prvite monasi pred dve iljadi godini, da se otkazat od svetot, nekoi od svoite tituli kako kralevi za samo da ja oblecat crnata rasa i da stanat monasi, da se otkazat od svoeto semejstvo i od site raboti od svetot, za samo da se molat, da postat, da bdeat, da prostevaat, da ljubat da mu vospevaat na Gospoda, mislam deka odgovorot sami ke go najkdete a toa e nasovrsenata ljubov toa e samiot Bog. I za na kraj ne sum jas ili bilo koj drug koj ke go opravda postoenjeto na monastvoto toa e samiot Gospod koj go sotvoril monastvoto i go blagoslovil za da zivee se do denesnoto vreme i vo vecni vekovi amin. Blazen e onoj covek , sto moze podednakvo da go ljubi sekoj covek. |
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ИНТЕРВЈУ со Митрополит Американско-Канадски, г. Методиј
Пред неполни десет години, на 33-годишна возраст, ја напуштивте работата во пошта и бевте првиот што им се приклучи на светогорските монаси Наум и Климент. Како го доживеавте овој премин од световното во духовното? -Па, за тоа се подготвував десет години порано и некаде во средината на осумдесеттите почнав да живеам во Црквата како христијанин, кој редовно ги посетува богослужбите, кој се исповеда, се причестува, пости, значи почнав да водам активен духовен живот. Тоа беше во времето додека бев вработен во пошта, кога на некој начин ги стекнував првите искуства во духовниот живот. По тој период од десет години, во мене некако созреа потребата на тој начин да го реализирам својот духовен живот, зашто духовниот живот и мојот ангажман на човек што сака да му служи на Бога, сакав да го ставам во функција за да биде корисен и за целата црква. И тогаш, од љубов спрема Бога, решив со тој претходен живот да расчистам, ја напуштив работата, претходно го подготвив семејството за моето заминување во манастир, така што покрај благословот од мојот духовен отец, го добив и благословот од семејството. Откако ги подготвив сите неопходни претпоставки за својот живот да го преобразам во оној монашки, ангелски образец на духовен живот, кој како традиција христијанството го живее толку векови, заминав во манастир. Како го прими тоа заминување во манастир Вашиот брат-близнак? - Се случи речиси во исто време, недели беа во прашање, тој да стапи во брак, а јас да заминав во манастир и на еден одреден начин, за кусо време, во семејството имавме две многу свечени ситуации - два брака - на мојот брат со неговата сопруга кој произлезе како реализација на нивната љубов, и мојот брак со Црквата кој беше реализација на мојата љубов. Сето тоа се случи многу природно и кога денес се навраќам на тие моменти, како сам Господ да ги отвораше сите врати - никаков проблем, ниту административен ниту емотивен, не се појави во таа пасха, во тој мој премин од животот кој дотогаш го живеев во животот кој почнав да го живеам како монах. И, се надевам, дека како монах во срцето, тој живот ќе продолжам да го живеам и натаму, со единствен мотив - љубов спрема Бога и спрема народот на кој решив да му служам со целиот свој живот. Ви го поставувам ова прашање, затоа што на ум имам една Ваша реченица во која велите: Кога човек стапува во манастир, надворешниот свет умира за него и тој умира за надворешниот свет. - Да, токму така, и во монаштвото тоа е една од главните премиси - да умреме за светот и светот да умре за нас, меѓутоа, под тоа подразбираме една специфична конотација на поимот свет. Зашто ние и во Библијата наоѓаме една парадоксална состојба - од една страна се вели светот лежи на зло, и тоа е точно, а од друга страна сам Бог вели: ,,Бог толку го возљуби светот што го предаде и својот возљубен син на живот на светотти. Во тој парадокс лежи и монашкиот однос спрема светот - светот умира за нас и ние за светот - во смисла на оние лажни утехи, на оној комфор или компромиси кои човекот кој живее во светот на некој начин е и присилен да ги прави, а монахот - не. Вие бевте малку нетипичен, да речам урбан монах што се движеше на оние места на кои се движиме и ние. -Да, јас мислам дека и свештенството и монаштвото треба да бидат такви, зашто ние со самата наша појава, конечно и со облеката, сведочиме на овој свет за постоењето на Бога и за постоењето на тој божествен морал на кој секојдневно треба да се потсетуваме. Од друга страна, пак, и моите обврски како професор во Богословијата, како човек што постојано се среќава со луѓето, меѓу другото, и поради проектите на Црквата, сметам дека во таа смисла тие работи не се негативни. Напротив, на тој начин и треба да постапува Црквата за постојано да биде пред очите на светот, сведочејќи му, не агресивно, туку со својот живот. Како досега живеевте во својата тесна ќелија во црквата ,,Свети Спаси и каде ќе живеете во иднина? - Тесната ќелија во "Свети Спас" ќе ми остане и понатаму, бидејќи тоа е местото каде што сум монах, иако моето монаштво е внатре во мене, во моето срце и ќелијата на мојата молитва и на мојата осама е во срцето. Тоа не ми пречи, истовремено секогаш да бидам и во молитвено тихување и во комуникација со луѓето. Покрај тоа, ќе имам и кабинет во Архиепископијата затоа што со овие нови функции што ќе ги имам, поради комуникацијата со луѓето ќе мора да имам и соодветен простор за да ги пречекам. Но, и тој простор ќе биде дел на мојата личност, она што јас го носам со себе, со што на луѓето им сведочам за Христа. Ви се смени ли секојдневјето по хиротонијата, Ви се измени ли животот? - Во основа не, затоа што мислам дека тука суштински и не може нешто да се промени - и во секојдневните средби со луѓето и во тоа да ме видат како се движам низ град, како купувам во самопослуга... Утрински Весник 2006 Изменето од Maran Ata - 27.Ноември.2008 во 04:35 |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Подвижничкиот или монашки живот е определба за Царството небесно, и како таков тој претпоставува оддалечување од светот. Бегајќи од светот монахот ја бара вистинската заедница а тоа е заедницата на љубов кон Бога и ближниот, бидејќи христијаните во светот со Бога се соединети индиректно, преку светите тајни, а монасите пак директно и најнепосредно се соединуваат со Бога. Така, монасите се откажуваат од Божјите дарови, за да би можеле да општат со самиот Дародавец - Христа. Таков дар е на пример брачната заедница, која монахот ја отфрла, но не затоа што го презира бракот, туку поради копнежот за повозвишен, мистичен брак со Христа. "Оваа тајна е голема...(ефес. 5,32)
За да ја постигне оваа непосредна заедница со Бога и ближните, монахот се труди, преку деноноќно покајание, испосништво и послушание, да се очисти од страстите кои произлегуваат од самољубието и кои се главна пречка за таа заедница. Светите отци јасно истакнуваат дека оној што се љуби себе си, не може да го љуби Бога, а ни браќата. И уште, тие велат дека себељубието е корен на сите зла. Страстите ни пречат да изградиме правилен однос кон Бога, Неговите дарови и луѓето, зашто се острастуваме кон нив и ги гледаме со заболен, искривен духовен вид. Светот е добар. Тој станува лош за нас кога го гледаме острастено. Затоа Авва Исак вели: 'Светот тоа се нашите страсти" Монахот кој е ослободен од страстите ги чисти и очите на душата и има непристрасен однос ( во зависност од степенот на неговото очистување) кон луѓето и предметите. Затоа може на правилен начин да ги користи предметите и да комуницира со луѓето. Архимандрид Георгиј Капсанис игумен на манстирот Григориат на Света Гора |
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Добро, кој грев го имаат тие направено за постојано да се молат? Па тие едноставно воопшто и немаат време да сторат било каков „грев“ ако постојано се молат. Пак ќе повторам, зошто постојано да се молат? Нели е доволно само еднаш во мислите да го замолиш бог да ти ги прости гревовите? Сепак, тоа целодневно молење е чисто човечка определба која самиот си ја поставил, „норма“ со која мисли дека така повеќе ќе му се приближи на бога!
А јас ти тврдам дека за мене ми е поубаво кога не сум со бог! И затоа, ги молам тие кои се молат за мене, да престанат тоа да го прават. Ги ослободувам од таа обврска (иако никогаш и не сум им ја дал)! И поради тоа, нека ми извинат што им го испразнив предвиденото време за „мојата“ молитва. Затоа, еве наместо за мене, уште еднаш нека се помолат за лошото девојче! Р.Ѕ. А добра беше и оваа забелешка на збунетион, дека бегаат од одговорност! Фаќа место. |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не е работа, Златниче, во простувањето на гревот, тоа не е сомнеж, туку во излекувањето од него. Просто речено, операцијата е успешно изврешена, но за залекувањето на раната бара време и соодветна терапија. Секекој од нас е заробен од страстите, некој е свесен за тоа некој не. Тие што се свесни и се лечат. Молитвата, која е заедница со Бога е едно од најефикасните лекарства. Некој сака повеќе да е со Господа и духовно да напредува во соврченството. Велиш, дека ти е поубаво без Бога, од каде пак знаеш дека нема да ти е подобро ако си со Бога кога не си го искусил тоа чуство. Јас го познавам и двете состојби и чуства и ти трвдам дека незанаеш колку е благ Бог. |
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
Внеси реплика | страница <1 6566676869 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |