|
Вести |
Внеси реплика | страница <1 1011121314 61> |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СЕЛЕКТОРОТ ГО "ОБВИНИ" КАПИТЕНОТ ЗА НЕГОВИТЕ КВАЛИФИКАЦИСКИ НЕУСПЕСИ Катанец "удри" по Седлоски!!! *Шок за капитенот кој е единствениот "заборавен" за престојниот тест дуел со Црна Гора во Подгорица Гоце Седлоски го нема во списокот на Среќко Катанец за престојниот
тест меч со Црна Гора. Го нема само главниот столб и капитенот на
националниот тим од сите оние фудбалери кои беа дел од стартниот
неуспех во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2010. Среќко
Катанец со овој свој потег директно го "обвини" Седлоски како главен
виновник за поразот од Исланд. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВО ПОСЛЕДНИТЕ МИНУТИ ОД МЕЧОТ РЕНОВА ДОЈДЕ ДО БОД НА ДЕРБИТО ПРОТИВ "ЦРВЕНО - ЦРНИТЕ" Нухиу не дозволи радост на Вардар *Со прекрасен лоб-удар во 88. минута играчот за врска му "откина" два бода на гостинскиот тим РЕНОВА - ВАРДАР 1:1 (0:1) Иако Вардар на овој меч влезе со една голема неефикасност, и беше без победа седум меча, без многу стандарни играчи, сепак, според почетокот на мечот се доби впечаток дека на нашиот најтрофеен клуб конечно ќе му тргне и конечно ќе почне да победува. Гостите постигнаа гол уште во 21. минута, преку Емрулаху, кој претходно беше одлично проигран во казнениот простор на Ренова. Ова беше најава за добра фудбалска претстава, а подоцна очекувањата се исполнија. Вардар малку се повлече на својата половина, Ренова ја презеде играта на средината на теренот и со неколку шанси се закани кон противничкиот гол. Тетовските "сино-бели" на овој меч немаа среќа, с$ до две минути пред крајот на мечот. Во 88. минута Али одигра повратна топка до Нухиу, кој од работ на шеснаесетникот со прекрасен лоб-удар го израмни резултатот на 1:1 и воедно го постави конечниот резултат. Вардар може да жали за пропуштената можност за победа, но од друга страна може и да биде среќен за ремито. Пред да го израмни резултатот, Ренова двапати го погоди дирекот од голот на Пачовски, и тоа двапати преку Ираими. При резултат 0:0, напаѓачот на тетовци од слободен удар го погоди дирекот, а потоа при 0:1 во 32. минута, на речиси ист начин заврши неговиот силен и прецизен шут. Како и да е, овој натпревар го оправда епитетот дерби бидејќи двата тима одиграа отворено со понеколку шанси и, се разбира, неизвесно до самиот финиш. М. Постолоски Милко Ѓуровски: |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
vardar ... veciti luzer
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
мислам дека претеруваш
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Слабиот пласман на пелистерци резултат и на недисциплина
Половина тим поцрвенет Битола. - Пелистер важи за најнедисциплинираниот тим во изминатите 15 кола во Првата лига. Петмина првотимци заработија црвен картон, додека жолтата картонијада ја надминува бројката од 40. Покрај нив, два црвени картона има добиено и тренерот Неџат Хусеин, кој пред 20-ина дена беше разрешен од местото шеф на стручниот штаб. Ваквата недисциплина бездруго има своевиден одраз и врз резултатите на тимот, со кои битолчани воопшто не можат да бидат задоволни, бидејќи од можните 39, освоија само 12 бодови и по 15. коло се најдоа на претпоследното место на табелата. Нервозата и психолошката оптовареност не е ни малку случајна ако се имаат предвид потресите во клубот кои се присутни уште од летоска, од неисплатените плати за четири месеци, преку заминувањето на неколкумина првотимци, до оставките на менаџерскиот тим и на претседателот на УО. E oва ,Мирослав, се вечни лузери |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕАКЦИИ ПО НАТПРЕВАРИТЕ ОД 5. КОЛО ВО ГРУПИТЕ "Е", "Ф", "Г" И "Х" ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
Пола осминафинален капацитет - пополнет! Манчестер Ј., Виљареал и Јувентус добија ново друштво.
Осминафиналната рунда е достапна од завчера и за Реал (М), Арсенал,
Порто, Баерн (М) и Лион. Ова се тимовите кои на коло пред крајот во
кварталот "Е" - "Х" успеаја да си обезбедат место во собирот на 16-те
најдобри во Европа. Напаѓачот на Реал (М), Раул, се израмни со Филипо Инзаги од Милан по
бројот на постигнатите голови во европските купови. Со вчерашниот
погодок против екипата на Бате Борисов тој стигна до 62. гол во Лигата
на шампионите, односно 64. гол во натпреварите во европските купови. Тренерот на Олимпик Лион, Клод Пуел, не го криеше задоволството од
победата над Фиорентина од 2:1 и изјави дека неговиот тим ја заслужил
победата. Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини, изјави дека е задоволен од
претставувањето на неговата екипа на средбата со Зенит и пласманот во
1/8 финалето од Лигата на шампионите. Тренерот на Виљареал, Мануел Пелегрини, по нерешените 0:0 со
Манчестер Ј. изјави дека најважно е што Виљареал успеа да се пласира во
следната фаза. Тој не крие дека оваа средба можеше да заврши и поинаку,
но смета дека сега е важно тимот да се подготви за новите предизвици. Главниот коментар кој можеше да се чуе по средбата Фиорентина - Лион
(1:2) се однесува на неискуството на "виолетовите". За нив Лигата на
шампионите годинава дојде како сосема ново искуство, од кое очигледно
не можеа да излезат како победници. Тренерот на Манчестер Ј., Алекс Фергусон, изјави дека напаѓачот на
тимот Вејн Руни им се извинил на своите соиграчи и на навивачите за
симулирањето прекршок во шеснаесетникот на Виљареал на завчерашниот меч. Откако и четвртипат Виљареал и Манчестер Ј. одиграа без постигнат
гол, фановите низ светот се молат само овие две екипи да не се сретнат
уште еднаш годинава во Лигата на шампионите. Најмалку од с$,
вистинските љубители на фудбалот сакаат тоа да биде нивна пресметка во
финалето во Рим. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сколари го сака Адријано како замена за Дрогба
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рамос во Милан во размена за Пато
Првите луѓе на Милан не отстапуваат од својата намера да го доведат на „Сан Сиро“ десниот бек на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, Серхио Рамос. Овој фудбалер никако не успева да се договори со „кралевите“ за продолжување на верноста кон најтрофејниот европски клуб, поради што се прогнозира дека тој веднаш по завршувањето на сезонава ќе биде продаден од претседателот Калдерон. Доколку ваквите најави се реализираат, скоро сигурно е дека Рамос својата кариера ќе ја продолжи во дресот на Милан, со оглед на фактот дека „росонерите“ нема да жалат пари за да го доведат овој фудбалер во своите редови. Досегашните понуди на Милан за услугите на Рамос беа експресно одбивани од „кралскиот клуб“, но ситуацијата би можела да се смени ако се знае дека Адријано Галијани е подготвен во овој трансфер да го вметне и Алехандре Пато. Во таборот на Реал Мадрид имаат сериозен проблем со недостигот од елитни напаѓачи, и во Пато сигурно гледаат идеално решение за голгетерската криза, и тоа на подолг рок ако се земе предвид возраста на бразилскиот тинејџер. Останува да се види дали „кралевите“ ќе се согласат на директна размена Рамос - Пато или, пак, ќе бараат доплата од десетина милиони евра, варијанта што сигурно нема да им одговара на претставниците на Милан. Понуда за Вилијам Гала Покрај интересот за Рамос, челниците на Милан не кријат и дека во јануарскиот преоден рок ќе се обидат да го ангажираат Вилијам Гала. Екскапитенот на Арсенал е во војна со соиграчите и со управата на клубот, поради што е јасно дека зимава ќе го напушти англискиот тим. Иако многумина прогнозираат дека францускиот дефанзивец ќе се врати во татковината, последните информации говорат дека Милан ќе испрати многу сериозна понуда за услугите на Гала. Имено, на овој фудбалер ќе му биде понуден тригодишен договор вреден четири милиони евра по сезона (сума што Гала не може да ја добие во ниту еден француски клуб), додека со Арсенал може да биде договорена отштета од околу шест милиони евра. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Кралевите“ пресилни за Бате
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БОРБАТА ЗА НАШИОТ НАЈТРОФЕЕН КЛУБ ПРОДОЛЖУВА
Централниот регистар го враќа Брацо во Вардар? Поранешниот спонзор на ФК Вардар, Слободан Брацо Вујчиќ повторно би можел да се врати на чело во нашиот најтрофеен клуб одкако вчера Централниот регистар го доби решението од второстепената комисија да постапи по упатствата на Управниот суд и да го регистрира собранието од 25 февруари во "Тасино чешмиче" како легитимно. На тоа собрание, за претседател на "Црвено-црните" беше избран пуленот на Брацо, Атанас Костовски - Централниот регистар го прими решението и во рок од осум дена очекуваме да донесе одлука. Мое лично мислење е дека ќе го врати Атанас Костовски како претседател - изјави Емил Османов, правниот застапник на Костовски и поранешниот спонзот на Вардар, Слободан Брацо Вујчиќ. Претходно, Управниот суд ја прифати тужбата на Атанас Костовски против Комисијата за молби и жалби, која ја одби неговата жалба против решението на Централниот регистар да не ги прифати одлуките од собранието во "Тасино чешмиче". Пресудата на Управниот суд значеше дека Централниот регистар донел незаконска одлука и треба повторно да постапи по случајот. Завчера, техничкиот директор на Вардар Дејан Чекарев кажа дека ќе ја почитуваат секоја одлука што ќе ја донесе Централниот регистар. По собранието во "Тасино чешмиче", беа одржани уште две собранија, од кои на второто за претседател на клубот беше избран Трифун Костовски, чии луѓе сега го водат клубот. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нашата фудбалска репрезентација ќе остане без селектор
Катанец се заминува по квалификациите Селекторот Сречко Катанец ќе си замина од кормилото на македонската фудбалска репрезентација по завршување на квалификациите за Светското првенство, во октмоври, следната година. На вчерашниот кафе-муабет со новинарите што се одржа во хотелот Алексан Селекторот Сречко Катанец ќе си замина од кормилото на македонската фудбалска репрезентација по завршување на квалификациите за Светското првенство, во октмоври, следната година. На вчерашниот кафе-муабет со новинарите што се одржа во хотелот Александар Палас, Катанец во својот препознавлив стил, искажа задоволство од играта на неговиоте избраници, а вината за слабите резултати ја префрли кај лошото судење и неефикасноста. - За секој селектор па и замене е премногу да одработи три квалификациски циклуса со една репрезентација и затоа кога ќе завршат квалификациите, ќе си заминам. Од нејзината досегашна игра сум задоволен, но не и од постигнатите резултати. Пред се, причина за таквите исходи, се судиите како и пропуштените шанси за гол. Квалификациите ги загубивме уште на мечот со Холандија, кога бевме оштетени за поништен гол и недосуден пенал - се правдаше Словенецот. Според него, во бледиот резултатски мозаик на нашиот национален тим се надоврзуваат и скромните услови за подготовки, како и слабата медиумска подршка. - Гледате на какви терени тренираме и како се хранат репрезентативците. Не смее да се случи репрезентативец да нема копачки со крампони, а тоа кај нас се случи. Имаме играчка база од 15 фудбалери, кои дел од нив, како што се Тасевски, Јанчевски, Стојков... можеа и мораа повеќе. Што се однесува до Славчо Георгиевски, тој сам се елиминира со изјавите дадени во еден од весниците. На средбата во "Палас", на која подоцна се појави и претседателот на ФФМ Хари Хаџи - Ристески падна збор и за квалитетот на репрезентацијата, недисциплината во нејзините редови, изоставањето на Седлоски од мечот во Подгорица, како и за причините за поразите од Исланд и Црна Гора. "Нормално" Катанец во ниеден момент не се почувствува за виновен за резултатите и за се она што се случува во и околу репрезентацијата. На крајот на средбата на која паднаа тешки зборови и обвинување од страна од дел од новинарите за наводна тајно играње на карти во една од хотелските соби во Подгорица непосредно пред мечот со Црна Гора, како и присуството на еден наш репрезентативец во едно скопско касино на ден по победата над Шкотска, селекторот се огради и истовремено побара од претставниците на медиумите да и дадат подршка на репрезентацијата до крајот на квалификациите. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
HI)H(
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 22.Јуни.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 258 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
1 Година верен форумџија
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да ве чујам, кој збореше за криза во Рома
Позитивната серија на фудбалерите на Рома продолжува. По победата над Клуж (3:1) во Лигата на шампионите ја запишаа и четвртата победа во последните пет натпревари. Исто така по воведните два пораза во групата А од Лигата на шампионите добија три во низа, и се пред последните 90 минути на првото место во групата со реални шанси за минување. Одлуката ја носи домашниот натпревар против францускиот Бордо. “Сега изгледа дека дојде време веќе да не збориме за кризата во Рома. Одигравме уште еден одличен натпревар, а играчите само ми го покажаа она што го знам за нив. Дека се талентирани и подготвени за најголемите работи“, рекол Спалети и продолжил: “Дојдовме во перфектна ситуација по стартните два порази. Иако групата е силна успеавме да ја свртиме приказната во наша корист. Клуж? Одлична екипа, технички безпрекорна и затоа оваа победа е значајна“. На крај Спалети додал: “Уживав да гледам како и со затворени очи се разбираа Тоти, Баптиста и Перота“. Изменето од blueprayer - 29.Ноември.2008 во 09:07 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И Катанец "распука" по ФФМ!
Македонскиот селектор Среќко Катанец на неформална, крајно динамична, занимлива, а во одредена мера искрена средба со медиумите се одлучи, како никогаш претходно, вчера во хотелот "Александар Палас" да го отвори своето срце за сите случувања во и околу нашиот национален тим, за сите успеси и неуспеси, за сите различни меѓусебни гледишта за значењето на позитивен резултат, за... Посака Среќко на крајот од годината по двата неуспешни резултати против Исланд и Црна Гора да си каже се што му лежи на душа, притоа конечно по три години зачудувачки "осознавајќи" и дека ФФМ го држи мак-фудбалот во континуирано "мртвило", која е една од причините што сите ние залудно очекуваме некаков резултатски исчекор... "Овде репрезентацијата нема никакви услови за работа. Сакате сите некои феноменални резултати, а притоа не се погледнуваат придружните фактори. Не знам друга репрезентација во светот која сака да оди на СП, а притоа фудбалерите да се облекуваат во хотел па потоа така со километри да одат на тренинг", го отвори срцето Катанец притоа продолжувајќи: "Погледнете само каков комплекс Фудбалскиот сојуз на Црна Гора успеал да направи за само една година. Какви услови им се нудат на нивните фудбалери. А, што имаме тука? Ете читам и Милко Ѓуровски пред извесно време потенцираше дека и македонските клубови живеат и работат без минимум услови. Македонската лига е таква каква што е, лоша, а таа треба да биде базата од каде ќе произлегуваат репрезентативците", вели македонскиот селектор, притоа јасно можеби на индиректен начин сега и тој го потенцира целокупното нефункционирање на ФФМ од неколку аспекти. Катанец си го кажа своето мислење кое, сепак, на вчерашната средба со новинарите не успеа да го слушне и претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, откако пристигна само неколку минути подоцна... На констатацијата, пак, дека токму поради сето тоа што тој сега го нагласува можеби бил и обидот за промена на раководството на ФФМ, кое, пак, претходно грчевито го бранеше, Катанец со краток одговор: "Не, јас не знам околу тоа ништо. Јас не се мешам во тоа. Јас само си го кажувам своето мислење..." А, зошто па дури сега го кажува мислењето за начинот на раководење на мак-фудбалот од страна на актуелното раководство на ФФМ, кое повеќе или помалку добро & е познато на целокупната домашна фудбалска јавност, селекторот со нагласок дека бил трпелив три години, но... "Не може веднаш по пристигнувањето да кажувам дека нешто не е в ред. Ете чекав три години во од да се менуваат нештата, но ништо не се менува. Па јас три години се убедувам и околу специфичноста и неопходноста на храната која треба да им се овозможи на фудбалерите, за што може да ви потврди и докторот, но ништо од тоа. Навистина при одредени работи нема никаква професионалност, а се бараат резултати", констатира Катанец за нашата жалона фудбалска вистина која досега упорно ја сокриваше, а за која конечно се осмели и самиот да проговори. Убаво го потенцираше Словенецот хаосот околу функционирањето на ФФМ, но може ли ова да се протолкува и како задоцнета реакција на селектор кој е повеќе од свесен дека многу брзо ќе го напушти столчето на клупата на нашиот национален тим, па откако минатата година силно се "жртвуваше" за Хаџи-Ристески сега се сети дека треба да се зборува вистината. А, од друга страна Среќко Катанец, како и на сите претходни прес-конференции, упорен е и со својата "вистина" дека "А" селекцијата демонстрира виден напредок по неговото доаѓање, а нашата јавност не треба да ги гледа резултатите, но пред се задоволството од прикажуваните игри. "Ни останува овој квалификациски циклус, а потоа јас заминувам. Затоа со ваша помош посакувам конструктувност во овие квалификации за да се подигне атмосферата и да има подобри резултати. Ова е мое последно вакво обраќање", ја соопшти притоа Катанец и причината за ненадејниот собир со медиумите. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Внеси реплика | страница <1 1011121314 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |