|
Дали верувате во Митарства? |
Внеси реплика | страница <12345 18> |
Автор | |||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 14.Ноември.2008 во 21:16 | ||||
Dobra poenta Asya!
|
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Испратена: 24.Ноември.2008 во 00:08 | ||||
Vo Biblijata ne pisuva nisto za mitarstva
Znam deka nekoi Crkovni Otci zboruvaat za taa tema , no jas licno ne sum siguren dali e bas taka. Nase e da bideme ispravni pred Boga i so cista sovest,a sto ke bide posle smrtta Bog znae, nie ne treba da spekulirame mnogu .... |
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Испратена: 19.Септември.2009 во 00:41 | ||||
Бидејќи неколкупати на несоодветните теми се спомнаа митарствата, еве ја темата каде што можеме да дискутираме за нив. Тие што не се запознаени со митарствата во православието, им препорачувам да го прочитаат краткиот вовед на темава колку да знаат за што станува збор.
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Испратена: 19.Септември.2009 во 00:52 | ||||
Jas go rekov mojot stav na ovaa tema ...Malku pogore . |
|||||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Испратена: 19.Септември.2009 во 01:38 | ||||
АКО... ако постојат митарствата, сигурна сум дека многу луѓе
од нашава земја ќе ги ,,зафатат,, а последниве неколку дена
читајќи овде на Вероисповед, ќе бидат и некои членови,од овде , опфатени со митарствата.......
|
|||||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Испратена: 19.Септември.2009 во 02:02 | ||||
Митарствата во православието се пандан на чистилиштето во католицизмот. И едното и другото се нехристијански учења. |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 19.Септември.2009 во 05:27 | ||||
Воведот на Евангелос нема врска со Православното учење, a ги прочитате сите три страни од темава, ќе забележите дека тој почна демек да објаснува што е православното гледиште за митарствата, а самиот не знаеше дали Блажена Теодора се исповедала или не. Па кога некој ќе почне во туѓо име нешто да образложува, треба барем да го прочита тоа за кое говори!!!
Имено, митарства не се царини каде се дава откуп, туку за време на митарствата се изнесуваат сите гревовои и добри дела на човекот што ги направил за време на животот. Bидејќи после смртта душата минува низ воздушните просторства каде царуваат демоните, тие на секој можен начин се трудат да ги изнесат сите гревови на таа душа за да ја обвината дека е голем грешник и да ја земат во пеколот. Но, ангелот чувар е тој кој ги изложува сите добри дела на душата и го оправдува. Митарствата на Блажена Теодора кажуваат дека за секој грев ќе треба да дадеме сметка. А она што Евангелос вели дека е царина што ја плаќала, ќесето со „откуп“ што го дал нејзиниот духовник, cе ДОБРИТЕ ДЕЛА ШТО ТАА ГИ НАПРАВИЛА КОН НЕЈЗИНИОТ ДУХОВНИК. Евангелосе, а што, според тебе, се случува со душата после смртта? Изменето од Maran Ata - 19.Септември.2009 во 05:32 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Испратена: 19.Септември.2009 во 10:57 | ||||
А дали човек мора да верува во митарства за да се спаси?
Мислам каква разлика прави тоа дали ги има митарствата или не во однос на спасувањето? |
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 19.Септември.2009 во 11:59 | ||||
Самото прашање што го имаш поставено е малку спорно.
Со оглед на тоа што знаеме дека секој ќе добие според своите дела, и дека откако човек ќе се упокои, неговата душа оди на одредено место, ако нема митарства, се поставува прашањето каде оди и како се одредува каде ќе оди? Разликата во однос на прифаќањето на митарствата и не прифаќањето, е во нашиот однос кон животот и воопшто. Неодамна имав дискусија со луѓе со протестантски ставови кои ги негираа митарствата, и тие во разговорот цело време ми кажуваа дека Христос дошол за нас да не’ очисти од гревот, па затоа ние немало повеќе од што да се плашиме, демонот бил уништен и ништо не ни можел и сл. Тоа е неспорно. Христос навистина дошол за да не’ очисти од гревовите и да не’ спаси и навистина го поразил демонот за да не ни може ништо, но сето тоа само ако ние доброволно го сакаме. Не може да правиш што ќе ти падне на памет (и добро и зло, кое не мора да е насочено кон другите, туку и кон себе си), и потоа човек да очекува спасение. Тоа е несмисливо. Спасението доаѓа само со нашето содејство со Христос. А со самото негирање на митарствата, т.е. положувањето сметка за нашите дела, се поставува прашањето: која е целта тогаш некој да се труди во подвиг, а некој не, кога сите ќе одат на исто место? |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Испратена: 19.Септември.2009 во 17:56 | ||||
Таканаречениот духовник на Теодора, Василиј, им дал едно ковчеже на ангелите и им рекол:
„Кога ќе треба да ги поминувате воздушните митарства, искупувајте ја земајќи од ова ковчеже и давајте им на лукавите и зли духови". Јас никаде не реков дека во ова ковчеже имало пари, но сепак имало нешто со што им било плаќано на демоните за гревовите на Теодора, значи се вршело откуп за гревовите нејзини и покрај тоа што Библијата учи дека Христос со Својата крв им дари вечен откуп на оние кои веруваат во Него и живеат под Неговата љубов и милост.
"Христос... влезе еднаш засекогаш во Светината над светините, и тоа не со крвта на јарци и јунци, туку преку Својата крв, и ни прибави вечен откуп." (Евреите 9:12)
"Тој не избави од власта на темнината и не пресели во Царството на Својот возљубен Син, во Кого имаме откуп, преку Неговата крв; простување на гревовите" (Колошаните 1:13-14) "Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина" (Исус Христос во Матеј 10:28) "Исус Христос... во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите, според богатството на Неговата благодат" (Ефешаните 1:7) Оттука гледаме дека православното учење за митарствата дирекно противречи на учењето на евангелието, на суштината на Христијанското учење.
Небаре Господ не знае колку гревови сме направиле, па му требаат обвинениата на демоните. Учењето дека демоните можат да ја грабнат душата на патот до Небото и да ја однесат во пеколот противречи на евангелието кое што вели:
"Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ."
(Римјаните 8:38-39) Понатаму, од учењето за митарствата следи дека не е Господ Тој што им суди на луѓето, туку дека судот паѓа во рацете на терезијата која е поставена меѓу ангелите и нивното ковчеже од едната страна и демоните и нивниот список на нашите гревови од другата страна, па кој наводно ќе ја надвагал таа терезија, тој ја добивал душата на човекот.
Но Светото Писмо учи дека Бог е Суверениот Судија Кој ќе одлучува дали една душа ќе оди во пеколот или не, и тоа ќе го прави без да им дава "пардон" или "отчет" на демоните.
"Кој верува во Него (Христос), нему не му се суди" (Исус во Јован 3:17)
Значи демоните велат: Ама таа крадеше, пцуеше, се пијанчеше итн. А ангелите вадат од ковчежето некое ливче и велат: Да, но таа еднаш му зготви ручек на нејзиниот духовник?
Или пак велат: Да, таа ги направи сите тие гревови, но нејзиниот Господ и Спасител Исус Христос плати за тие гревови со Неговата скапоцена крв?
"Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој."
(Ефешаните 2:8-9)
Тешко нам, тешко на сите нам ако Бог според делата наши одредуваше кој каде ќе оди. Бидејќи никој нема беспрекорни дела, сите ние ќе завршевме во пеколот. Но Бог...
"Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. "
(Исус Христос во ев. Јован 3:16)
Кој одредува? Па сигурено не демоните туку одредува Суверениот Господ Исус Христос:
Нановородените Христијани, не прават добри дела за да си го заработат спасението, ниту пак од страв, туку истите ги прават од љубов, ги прават затоа што уживаат кога ги прават, затоа што тоа им го налага новородената природа во нив, затоа што таа нова природа во нив не е родена од крв и месо, ниту од телесна похот, ниту од воља на маж, туку од Бог.
Ние сме создадени за да правиме добри дела, за да ги љубиме другите безусловно како што се љубиме себе си. По тоа сме ние слични на Бог, тоа е Божјото подобие кај нас - затоа што во нас има капацитет за безусловна љубов, како што и Бог безусловно љуби и безусловно ни прави добри дела.
Оној христијанин кој е наклонет кон грешни дела и со мака се труди да прави добри дела, тој не е нановороден, тој го нема Светиот Дух во себе. Човек е среќен кога е во центарот на Божјата воља, кога го прави она за што е создаден. Се што создал Бог, создал за одредена цел и созданието е среќно и исполнето кога ја исполнуваа таа Божја цел. Ние сме создадени за добри дела и не се мачиме кога ги правиме истите, туку уживаме во нив.
"Имено, Негово дело сме, создадени во Христа Исуса, за добри дела, кои Бог ги подготви однапред, за да живееме во нив."
(Ефешаните 2:10) |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Испратена: 19.Септември.2009 во 19:28 | ||||
Зошто спорно? Фино-лепо прашав: дали верувањето во митарства е неопходно за наше спасување? Ако било така, зошто Исус или Павле не ни кажале нешто за митарствата? Што со тие христијани кои поверувале пред Теодора да го добие ова откровение? Од една страна потврдуваш дека “Спасението доаѓа само со нашето содејство со Христос. “ Од друга страна “ А со самото негирање на митарствата, т.е. положувањето сметка за нашите дела, се поставува прашањето: која е целта тогаш некој да се труди во подвиг, а некој не, кога сите ќе одат на исто место?“ Целта на подвигот...Дали некој демон треба да суди за јачината на мојот подвиг? Па нели Бог е тој што суди? И што тоа треба да му направам на својот духовник за да се смета за добро дело? Изменето од maria_magdalena - 19.Септември.2009 во 19:29 |
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Испратена: 19.Септември.2009 во 19:29 | ||||
Kako sto rekov, nema da bide kratok patot posle smrtta do Gospoda.
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Испратена: 19.Септември.2009 во 19:46 | ||||
Хммм навистина занимливо прашање
А колку од прилика би траело тоа патување? Еден ден? Два дена? Повеќе од недела? Месец? Година? Години? Што мислиш ти? Изменето од EvAngelos - 19.Септември.2009 во 19:49 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Испратена: 19.Септември.2009 во 20:02 | ||||
“Вистина, вистина ти велам, уште денес ќе бидеш со мене во рајот“
|
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
Внеси реплика | страница <12345 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |