|
Абортус? |
Внеси реплика | страница <1 2425262728 44> |
Автор | |||||||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Не е така. Јас никогаш не реков дека се ќе чекам од Бога, како во вашата банална приказна за давениците и спасувачите, тоа ни Маран Ата не го кажа па ни Макариос, туку вие така сакате да е. реков: “Ако, недај Боже дојдат, тогаш би се молем на Бога, но без да престанам да работам, зашто молитвата е во умот и во срцето, а не во рацете, и со својата вера, дека се што се случува се случува по Божја волја и заради Божјо допуштение, а тој е Добар, Семоќен и Премилостив и во Негови раце е се и тогаш ќе биде тоа што ќе биде. Господ е моќен и мртви да воскреснува.“ Каде туку го препознавате вашиот верен давеник, кој седи и чека само на Божјата милост? реков: “Според мене, да се убие не е лесно, па макар тоа било и заради причина. Тука пред се на испит е испитување на совестта. И се молам на Бога никој да не падне во такво искушение. “ каде гледате страв и бегање од одговорност во овие зборови? Страв или совест? Различни термини мислам се, само почетната буква „С“ и е заедничка. И никаде не реков што ќе превземам, се зависи од реалната ситуација, ама барем не убив никој како вие кој веке му пресудивте на едниот. Мислам дека сум јасен, а вие ако сакате одете понатаму па толкувајте ги моите зборови според ваш ум, бидејќи ние верните сме занесењаци и живееме во еден свој свет на илузии. п.с Простете ми што не сум баш најстѕручен правилно да ги постирам коментарите Изменето од Опитен - 22.Ноември.2008 во 03:53 |
|||||||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Тука има едно многу интересно видео од многупознатиот д-р Бернанд Нејтсон ... видите што кажува од личен опит...
Насловот е НЕМ КРИК
ВИДИТЕ КАКО МАЛИТЕ ДЕЦА, НЕМО БЕЗ КРИК СЕ УБИВАНИ ПО ЗАПОВЕД ОД СВОИТЕ РОДИТЕЛИ!!!!
ВИДИТЕ И УЖАСЕТЕ СЕ СИТЕ ВИЕ ШТО САКАТЕ ДА ВРШИТЕ АБОРТУСИ...
ВИДИТЕ И РАЗМИСЛИТЕ ШТО ОПРАВДУВАТЕ...
ВИДИТЕ И РАЗМИСЛИТЕ ДАЛИ СО ВАШИОТ СТАВ СТАНУВАТЕ СОУЧЕСНИЦИ ВО УБИСТВО...
РАЗМИСЛИТЕ ДАЛИ САКАТЕ ТАКА ДА СТРАДААТ И ВАШИТЕ ДЕЦА...
АБОРТУС - НЕ!!!
Изменето од Tetratka - 22.Ноември.2008 во 16:16 |
|||||||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Каде го препознаваме? Па од целиот твој пост (и не само овој) може да се заклучи дека оставаш на бог да одлучи по твојата молитва, дали ќе ја прифати или не. Единствено со неколку зборови наведуваш нешто од кое може да се разбере дека освен молитвата превземаш некои други активности, „без да престанеш да работиш““. Е никако јасно и гласно да го кажете што е тоа (освен молитвата) што ќе го работите или поточно, „што нема да престанете да го работите“? Се некако „дипломатски“ избегнувате одговор.
Аха! Кои мерки ќе се превземат зависи од реалната ситуација!? Значи сепак, како една од можните опции, зависно од реалната ситуација, може да биде и абортусот. Така? Немој сега да речеш дека не е така.
ДА ЖИВЕЕ УБИСТВОТО НА МАЈКИТЕ! |
|||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
"РАЗМИСЛИТЕ ДАЛИ САКАТЕ ТАКА ДА СТРАДААТ И ВАШИТЕ ДЕЦА..."
АБОРТУС - Da |
|||||||||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|||||||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
"Случајно“ денес разговарав со еден човек кој го имал искушението за кое ние сега кршиме копја и сега има здрав жена и син стар 16 години. Сепак Бог постои, Златниче. прости ми , ама вистина не би сакал повеќе да се докажувам Изменето од Опитен - 23.Ноември.2008 во 06:42 |
|||||||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Izvini brate messenger sto ne ti odgovoriv porano, imav nekoi obvrski nemav vreme no sega slucajno go procitav prasanjeto. Da ne bev vernik, da ne bev siguren deka postoi Bog i jas mozebi bi rekol deka abortusot e pravo na zenata. Zatoa ne go osuduvam nelson i drugite koi ne veruvaat vo Bog deka taka razmisluvaat bidejki i jas go imav istoto mislenje pred da go spoznaam Boga. Postavi edno od najteskite prasanja koi zasluzuvaat mnogu vnimatelen odgovor. Ke se povikam na Bozjiot stav od Biblijata, kako nas Tvorec toj znae najdobro sto da pravime ... Kako prvo, namerno predizvikan abortus samo za da se izbegne ragjanje na nepozelnoto dete e odzemanje na covecki zivot. Ova se odnesuva duri i na slucaite na siluvanje , koi nekoi gi spomnuvaa vo svoite postovi. Kako vtoro, dokolku se javi nekoja komplikacija da mora da se se zacuva ili deteto ili majkata vo tekot na poroduvanjeto, ke kazam samo da ne dade Bog ni najgolemiot dusman sto mi e da mu se sluci toa. Sepak se slucuvaat i takvi raboti, iako ne se sekojdnevni, sepak citame vo vesnicite, deka se slucuvaat i takvi zalni raboti..... Bibliskiot stav e mnogu jasen: 1 Jovanovo 3:15 veli deka nieden covekoubiec nema zivot vecen vo sebe. 2 Mojseeva 20:13 glasi:"Ne ubivaj!"(Sestata zapoved od Dekalogot). Ako za vreme na raganjeto treba da se napravi izbor pomegju zivotot na majkata i deteto, toa ostanuva na poedincite koi se vkluceni vo taa nesakana situacija. A sto bi napravil jas licno? Ne daj Boze toa da se sluci, no so kratka molitva do Bog da mi dade mudrost sto da napravam bi odlucil, iako ne bi sakal NIKOJ da ne se najde vo takva situacija..... Ova e licno prasanje za koe sekoj treba sam da odgovara pred Boga.......i da gi snosi posledicite. |
|||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
За сите оние кои се за абортусот во онаа ситуација која ја посочивте - што би правеле ако ние сме доктори и на пораѓај доаѓа до компликации и треба да бираме помеѓу животот на мајката или на детето? - сакам да ви раскажам еден вчерашен мој разговор со мои пријатели. Ме немаше некое време на оваа тема од причина што истражував. Барав конкретни примери, и имам неколку интересни случки да ви кажам. Сите овие случки се на мои пријатели (морам јавно да им се извинам на оние кои ги вознемирив додека им поставув одредени болни прашања и да им се заблагодарам за одговорите).
Прво ќе почнам со еден брачен пар, луѓе кои многу си ги сакам. Со нив разговарав вчера на оваа тема. Имаат две прекрасни дечиња, но и после нив би требале да имаат уште 4 други, но за жал, тие не доживеале да видат бел ден - биле абортирани. Разговорот го започнав наивно: - Сакам да ве прашам нешто, но не сум сигурна дали треба - бидејќи знаев дека тоа е вознемирувачко и болно за нив. - Во ред е, прашај што те интересира - ми рекоа. - Сакав да поразговараме за вашиот случај околу абортусите, ми треба вистинска приказна за на форумот. Кога го спомнав ова, жената почна да плаче и не можеше да се смири до крајот на разговорот. Плачејќи, почна самата отворено, пред едно од нејзините деца, да ми кажува: - Ги гледав сликите пред некоја недела што ги стави на форумот... не можам да се помирам со тоа што им направив на моите кутри дечиња. Се додека не видиш, не знаеш. Имав 4 абортуси, од кои 2 во иста година. Последното абортирано дете беше во 3 месец од бременоста, го видов на ехо дека е оформено, и кога ги видов сликите кои ги имаше ставено.... си го видов моето дете. Знам дека сум голем грешник, знам дека не заслужувам ништо добро и на секоја богослужба плачам поради моите гревови, поради тоа што им го направив на моите дечиња. Сакав дури и помалото да го абортирам (девојчето сега има 14 год.). Кога бев во првиот месец на бременоста со неа, имав големи компликации - отеков и докторот ми рече дека ќе морам да ја абортирам. Иако цело време пред тоа размислував да го сторам тоа, кога тој ми рече така, сфатив дека не сакам да ја изгубам, дека ја сакам. - Зошто ги абортира тие деца? Како размислуваше во тоа време? Кои беа причините? - Не размислував реално. Се сакав премногу себеси и гледав да си ја задоволам својата суета. Со маж ми мислевме дека тоа е во ред. Не сакавме да бидеме конзервативни, туку модерни, да застапуваме ставови „во тек со времето“. Јас си мислев дека со секоја бременост ќе ми се деформира телото и дека нема да изгледам така добро како што изгледав пред тоа. Еххх, гордост и самољубие... те тераат дури и без совест да одземеш нечиј живот. А згора на тоа, кога последен пат абортирав, докторот се вџаши и не праша дали сме свесни што значи тоа за организмот на една жена? Ни објасни дека со секое прекинување на бременоста, настануваат страшни хормонални промени, хаос во организмот, и на крај, ни рече дека ако сакаме да имаме уште едно дете, тогаш тоа ќе биде со деформитети. На тоа се надоврза сопругот: - Среќан сум што денеска размислувам поинаку и дека моите деца нема да ги повторат истите грешки. Доколку им се случи нешто неочекувано, ние секогаш ќе бидеме тука да им помогнеме и да ги поддржиме. Среќен сум што барем тие уште од мали се научени што е добро и што значи животот. И на крај и двајцата ги прашав што би направиле доколку таа е на пораѓај и се случат некои компликации кои „бараат избор“ помеѓу животот на бебето и мајката. Мојата пријателка категорично одговори: - Би го избрала животот на детето!!! А кога се загледав во нејзиниот сопруг, тој рече: - Јас оставам на жена ми за тие прашања, како таа ќе одбере! Изменето од Maran Ata - 24.Ноември.2008 во 04:13 |
|||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Зошто постојано се повикувате на поединечни случаи? Зошто не гледате во глобала? Зарем треба да се ориентираме само по тие случаи кои ние ги знаеме, кои ни’ се нам блиски? Кога е така, еве и еден „мој“ случај. Пред 20-тина години таткото си доби ќерка, но ја изгуби сопругата при породување. (Додуша сега е преженет, тогаш беше многу млад и мораше тоа да го направи). И? Кој е сега во право?
Пред овие зборови испушти да напишеш:„Според мене“! Ако де, верувај си дека постои. Тоа е твое неоттуѓиво право! На почетокот на читањето сакав да те прашам дали тој брачен пар биле верници, но со понатамошното читање на постот, од овие редови:
се ми беше јасно!
Ова дури и за моите сваќања е премногу. Овие одат од крајност во крајност. Толку чести абортуси, па и во 3-ти месец! Секако дека ова и јас не го оправдувам, посебно не од причините поради кои тие се одлучувале за абортус - да не си го деформирала телото!?!?!? Ова најблаго речено е незрелост. За поостар коментар ќе се воздржам од респект кон тебе, бидејќи сепак тие се твои пријатели. |
|||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Колку што јас читам, ти и тајфата се повикувавте на поединечни и тоа ретки случаи - а што ако некоја забрамени оd силувач, а што ако, а што ако...Хипотетички! Јас ти давам реални примери, од тазе разговори.
Хммм, па не според него, затоа што Бог навистина постои - тоа е докажано и предокажано. Ти можеш да кажеш дека Бог не постои според тебе, затоа што јасно е речено, ако некој Го одрекува Бог, Тој Самиот не може да се одрече.
Епа тој брачен пар не биле верници, туку станале. Многу интересен е овој пример. Многу кажува каква (не)совест има неверникот, а каква верникот. И многу интересна работа, за која верувам не секој атеист се запрашал во животот - А што ако еден ден јас си го сменам ставот и станам верник? Како ќе живеам со некои мои дела кои сега ги одобрувам и правам? - Читај ја приказната, имаш одговор и на тоа прашање.
A зошто е премногу за твоето сфаќање? Зарем не знаеш дека „легално“ е да се абортира до 20-та недела? Изменето од Maran Ata - 24.Ноември.2008 во 11:09 |
|||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Аха, така е речено, да! Колку што и Амон ќе се одрече од сопственото постоење? Или Зевс? Или ...
Ќе си се покајам и - готово! Што, зарем нема дедо боже да ми прости ако се покајам?
Премногу е дека 4 пати абортирала (и тоа за ептен глупава причина - да не и’ се деформирало телото!?!?!?!?) А и секој абортус после 8-та недела (значи втор месец) е со зголемен ризик по мајката. А, како што велиш ти, до 20-та недела (тоа е петти месец) ризикот е преголем. Изменето од Zlatnik - 24.Ноември.2008 во 11:23 |
|||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Бог е докажан преку чуда, исцеленија, воскреснување на мртви... а дали Амон или Зевс се докажале на тој начин? |
|||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Ууууу како не! Па земи прочитај ја хеленската митологија и ќе видиш. Или староегипетската. Еве на пр. само за Озирис. Тој умрел и со помош на боговите повторно оживеал. Доказ? Така пишува во историските книги за стариот египет. Исто како и во историската книга на евреите - библјијата. А и друго. Зарем само по некои чуда треба бог да се „докажува“ за да некој поверува во него? |
|||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Покајувањето не значи дека работата ќе биде ко ништо да не било. Прочитај пак што имав пишано. Ако се покаеш, тоа не значи дека ќе биде само момент, туку постојано. А и Бог не работа на принципот: Ќе правам се, Господи, ама понатаму ќе се покајам. Чекај ме до тогаш.
И да надополнам, тоа бил само нејзиниот однос кон телото, а друга работа било тоа што абортирала бидејќи мислеле дека немаат финансиски средства да ги издржуваат децата. Како и да е, не сме тука за да судиме, затоа што ако почнеме така, можеме да почнеме од себе, а не од тие кои се покајале. Како сакаш врти, факт е дека легално може да се абортира до 20-тата недела. И башка тоа, пази ја работава, најчесто абортираат здрави мајки - здрави деца. Прочитај, интересно е Изменето од Maran Ata - 24.Ноември.2008 во 11:42 |
|||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Златник, за тоа дека Бог воскреснува мртви, има современи примери, од 21 век! |
|||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||||||
Внеси реплика | страница <1 2425262728 44> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |