|
Екологијата и Христијанската етика |
Внеси реплика | страница 123 9> |
Автор | ||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 21.Ноември.2008 во 14:13 |
|||
Екологијата и Христијанската етика
Денес слушнав на работа абер, дека од далечниот исток (десетина илјади километри оддалеченост) се вратени 14 ролни алуминиум (со 4000 килограми тежина) поради едно единствено човечко влакно со должина од 10тина сантиметри. Кажетеми дали е ова нормално и дали некој нормален човек би требал сеуште да се сомнева во ВИСТИНИТОСТА НА ЕВАНГЕЛИЕТО? И што би рекле неверните моќници на овој свет кога некој (верник или монах, монахиња) би им кажал дека: ГОСПОД (во својата пасивност) набрзо ќе ги уништи сите што ја уништуваат земјата? Дали Христијаните смеат воопшто да работаат во вакви или слични фирми кои со својата дејност БОГОхулат, ги уништуваат луѓето, животните, растенијата и целата земја? Дали Христијаните смеат да работаат во фабрики за оружје, атомски централи, хемиски и слични фабрики? И народите се разгневија, и дојде Твојот гнев и времето да им се суди на мртвите, и да им се даде награда на Твоите слуги, на пророците и на светите и на оние, кои се бојат од Твоето име, мали и големи, и да ги уништиш оние, кои ја расипуваа земјата.” (Откровение 11:18) п.с. Јас лично возам во просек (околу) 15 000 километри во година! |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
спирос, убаво е да се верува во Господ и да се биде верник.... но, секој од нас има обврски животот кои мора да ги заврши... не работи некој во атомски централи поради желба да ја уништи земјата, ( добро сеа има исклучоци ) или пак произведува оружје затоа што сака да убие некого... тоа е едноставно работа... секој гледа да се снајде и да преживее како што знае и умее,... и токму заради тој хаос,... се губат они духовни вредности...
ти, се посочуваш самиот себе дека минеш голема километража секоја година... да бидеме реални, кој од нас заради тоа што е верник не се вози во автомобил ?? како јас што знам, никаде во Библијата не пишува да не се возат автомобили доколку сакаме да си ја подобриме и да ја зачуваме околината, треба да го направиме тоа пред се за самите нас,... а потоа затоа што верата ни го налага тоа... |
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Бисе, ти зборуваш за верата и за нас и тоа е во ред, тоа е многу убаво. Но поубаво и поправилно е да мислиме, да твориме, да зборуваме, да живееме во ГОСПОДА. Зошто без ГОСПОДА нема нити живот, нити вера, нити пак може да нё има нас! Ако Го убиеме повторно (како што го убиваме) ќе разбереме дека се убиваме себеси и нашите најмили. (Лука 23:28) Но Исус се заврти кон нив и им рече: „..., не плачете за Мене; туку плачете за себеси и за своите деца! Јас сум уверен дека со потполна промена на правецот на размислување и живеење, ќе помилува ГОСПОД и нашите деца (заедно со нас) ќе имаат прекрасна иднина. Поздрав |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Beseda na Gorata koja Hristos Bozji denes povtorno ni ja doblizi i aktuelizirase preku prorockata rec za denesno vreme, voedno Besedata na Gorata site hristijani ja poznavaat od Biblijata(sodrzana e vo Evangelieto spored Matej) stoi zlatnoto pravilo: "Ona sto ne sakate vam da vi go pravat, ne pravete im vie ni na drugite". Vo ova spadjaat i prirodnite carstva vo koe ziveat rastenijata i razlicnite vidovi zivotni.
Tokmu poradi zloupotrebata i pljackosuvanjeto na prirodnite carstva od strana na covestvoto, ekoloskata ramnoteza se naodja pred kolaps, zakanuvajci se serizno da go poremeti zivotot i na samite ludje. Zagaduvanjeto na atmosferata, ostetuvanjeto na ozonskiot omot koj stiti od opasnite vselenski UV zracenja na sonceto, ima mnogu vrska i so jadenjeto meso, odnosno ubivanjeto zivotni, ne samo so vozenjeto avtomobili. Imeno: masovnoto odgleduvanje zivotni, so cel da se zadovolat potrebite na mesnata i mlecnata industrija, no pred se za da se zadovoli nezadovolivata zelba za profit, predizvikuva cel lanec nastani na poremetuvanje od ekoloski aspekt. Na pr. govedata koi masovno se cuvaat za kolenje proizveduvaat golemi kolicini stetni gasovi. Nivniot izmet koj se sobira za "prirodno" djubrivo ima usmrtuvacko dejstvo vrz iljadnici mikroorganizmi i zivotinki koi ziveat vo pocvata. Toa ima natamosni negativni efekti, medju drugoto pocvata so tek na vreme "umira", stanuva nesposobna da daruva hrana. Bidejci zivotnite za tovenje masovno se kljukaat so anti-biotici i hemikalii za da mozat zdravstveno da gi izdrzat krajno nehumanite uslovi vo stalite, istite se izlacuvaat vo mesoto no i izmetot koj potoa odi vo pocvata. Cekor poblisku kon zdrava zivotna sredina znaci e i postepeniot premin od mesna kon bezmesna hrana. Изменето од Majkl - 22.Ноември.2008 во 20:48 |
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Секој ден изумираат 100 врсти на животни и растенија. Секој ден!
Овој феномен се појавува со масовната индустијализација и глобализација која официјално започна со првата светска војна. Зошто сеуште ги игнорираме пророчанствата на ЕВАНГЕЛИЕТО? . Изменето од spiros - 23.Ноември.2008 во 00:42 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Па за да се оствари божјото предвидување за апокалипсата. Како би било ако не го игнорираме евангелието? Тогаш нема да се оствари тоа библиско пророштво. Значи дека некој пророк „ја утнал“ работата со предвидувањето.
Спиросе, јас ли сум абдал и нешто овде не разбирам, или ти нешто имаш испомешано? Хм, ќе мора де е до мене! Нај искрено те молам, дај кажи ми ја поврзаноста на овие две работи од твојот цитат погоре! И не само поврзаноста на тие две работи. Која е врската меѓу влакното, алуминиумот и евангелието, а и понатаму во твојот текст кој несакав да го пастирам, за вработувањето на христијани во одредени фирми? И сето тоа во контекст на Екологијата и Христос. Р.Ѕ. Ова ме потсетува на некогашните времиња „Маркс и вегетацијата“ или „марксизмот и неговото влијание врз зголеменото производство на мед во СФРЈ“! |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Златен златник, ЕВАНГЕЛИЕТО многу убаво ги опишува времињата во кои живееме! Јас воопшто неморам да гледам кон далечна азија или америка дека тоа е така. Ова предскажување се исполни врз мене. Јас читајќи го ЕВАНГЕЛИЕТО ми се раздени дека тој профил на човекот кого го опиишува тоа сум баш јас и сличните на мене меѓукои јас (можеби) сум најголемиот грешник. Второ послание до Тимотеј, Глава 3
Сакаш да кажеш дека и нехристијанските азијати, атеисти, арапи, африканци, и сите кои со своето животонепријатно делување ја уништуваат оваа прекрасна планета се всушност христијани кои се трудат да го исполнат пророчанството кое е запишано во ЕВАНГЕЛИЕТО? Ззлатен златник, кобна е за сите нас неверата во ЕВАНГЕЛИЕТО а најкобна за нашите деца! Но нека ти биде. Терај ти и сите и понатаму мајтап со најважното ... Откровение 22:11 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не! Не сум го рекол тоа и не сакам да кажам дека сите азијати, атеисти, арапи и африканци се христијани. Тоа ти го наметнуваш по некоја си твоја логика! Истоа така, според тебе, животот на сите овие горенабројани народи (и атеисти) претставува „животнонепријатно делување“? Тогаш ајде, бидејќи овие не веруваат во него, не заслужуваат да живеат, дај сите испотепајте ги, за да му угодите на вашиот бог. Само, повторно ќе те прашам, како тогаш ќе се оствари библиското пророштво (ако не’ нема нас, грешни души), дали и како ќе дојде до апокалипсата? Зошто тогаш воопшто би имало уништување (ако не’ нема нас)? Или нема да се оствари апокалипсата? Ами што ќе стане со писанието (Откровението) на Јованче? Абе гледаш ли! Не можете без нас „грешните“! Потребни сме ви за да го потврдиме вашето „свето учење“.
Зошто ако јас не верувам во твојот бог, тоа да биде кобно по мене, а уште повеќе тоа да биде кобно по моите деца, кои можеби се или ќе бидат поголеми верници од тебе и од било кој друг? Дали твојот милозлив бог ќе ми се свети мене со тоа што ќе ги уништува моите поколенија (па и до седмо колено), како што тој умее често да прави? Многу хумано. Алал нека ти е и тебе и на твојот бог. И на крај, дај доста со тие цитати од библијата. Имаш ли ти некое свое лично мислење, свој став? Дај еднаш да прочитаме нешто изворно од тебе. Или твојот ментален склоп, кој е во целост зависен од бога, не е во состојба за такво нешто?
А за тебе ова (евангелието - радосната вест) е најважното? Во ред, терај си натаму и радувај се дека радосната вест ќе дојде. Тоа е твое неоттуиво право! |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Златник, секој човек (без разлика на конфесија, нација, раса, ...) кој се однесува со збор и дело животоНЕпријатно е душман на ОТЕЦОТ на ЖИВОТОТ и си ги казнува самиот своите деца (до 7 колено).
За да ги спаси сите свои чеда ОТЕЦОТ преку ДУХОТ се отелотвори во СИНОТ и го стори тоа што го стори. Пророчанставата во ЕВАНГЕЛИЕТО на СПАСИТЕЛОТ се точни но со сила ТОЈ нема никого да спаси! Кој плука нагоре нетреба да се чуди ако плунката му падне на глава! поздрав Изменето од spiros - 24.Ноември.2008 во 23:38 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Da.
Dogma deka za segashnata promena na klimata vinoven e chovekot. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
А како се вика таа догма кога луѓето ја забиваат главата во песок, како не би виделе што им дува од под задникот? а. Struthio camelus б. Homo Vulkanus п.с. Мултиплицирај ги пресеците на ауспусите и издувните гасови на автомобилите што сега работаат и замислиго во форма на вулкански кратер. |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Pochna povtorno da se gubish vo komentarite... sto ima vrska kazhanoto so Христијанската етика?
|
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Луѓето кои потекнуваат од Христовата култура и се барем малку воспитани во истата етика, тие немаат потреба да се кријат од затемнетата реалност која не опколува и за која сме соодговорни.
Загубен, но најден! |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Внеси реплика | страница 123 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |