IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали верувате во Митарства?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Затворена темаДали верувате во Митарства?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 18>
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2008 во 21:16
Dobra poenta Asya!
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 00:08
Vo Biblijata ne pisuva nisto za mitarstva


Znam deka nekoi Crkovni Otci zboruvaat za taa tema , no

jas licno ne sum siguren dali e bas taka.

Nase e da bideme ispravni pred Boga i so cista sovest,a sto ke bide posle smrtta Bog znae, nie ne treba da spekulirame mnogu ....
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 00:41

Бидејќи неколкупати на несоодветните теми се спомнаа митарствата, еве ја темата каде што можеме да дискутираме за нив.

Тие што не се запознаени со митарствата во православието, им препорачувам да го прочитаат краткиот вовед на темава колку да знаат за што станува збор.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 00:52

Jas go rekov mojot stav na ovaa tema ...Malku pogore .
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 01:38
 
 
  АКО... ако постојат  митарствата, сигурна сум дека многу луѓе
од нашава земја ќе ги ,,зафатат,,  а последниве неколку дена
читајќи овде на Вероисповед, ќе бидат и некои  членови,од овде  , опфатени  со  митарствата.......тага
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 02:02

Митарствата во православието се пандан на чистилиштето во католицизмот. И едното и другото се нехристијански учења.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 05:27
Воведот на Евангелос нема врска со Православното учење, a ги прочитате сите три страни од темава, ќе забележите дека тој почна демек да објаснува што е православното гледиште за митарствата, а самиот не знаеше дали Блажена Теодора се исповедала или не. Па кога некој ќе почне во туѓо име нешто да образложува, треба барем да го прочита тоа за кое говори!!!

Имено, митарства не се царини каде се дава откуп, туку за време на митарствата се изнесуваат сите гревовои и добри дела на човекот што ги направил за време на животот.

Bидејќи после смртта душата минува низ воздушните просторства каде царуваат демоните, тие на секој можен начин се трудат да ги изнесат сите гревови на таа душа за да ја обвината дека е голем грешник и да ја земат во пеколот. Но, ангелот чувар е тој кој ги изложува сите добри дела на душата и го оправдува.

Митарствата на Блажена Теодора кажуваат дека за секој грев ќе треба да дадеме сметка. А она што Евангелос вели дека е царина што ја плаќала, ќесето со „откуп“ што го дал нејзиниот духовник, cе ДОБРИТЕ ДЕЛА ШТО ТАА ГИ НАПРАВИЛА КОН НЕЈЗИНИОТ ДУХОВНИК.

Евангелосе, а што, според тебе, се случува со душата после смртта?

Изменето од Maran Ata - 19.Септември.2009 во 05:32
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 10:57
А дали човек мора да верува во митарства за да се спаси?

Мислам каква разлика прави тоа дали ги има митарствата или не во однос на спасувањето?

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 11:59
Самото прашање што го имаш поставено е малку спорно.

Со оглед на тоа што знаеме дека секој ќе добие според своите дела, и дека откако човек ќе се упокои, неговата душа оди на одредено место, ако нема митарства, се поставува прашањето каде оди и како се одредува каде ќе оди?

Разликата во однос на прифаќањето на митарствата и не прифаќањето, е во нашиот однос кон животот и воопшто. Неодамна имав дискусија со луѓе со протестантски ставови кои ги негираа митарствата, и тие во разговорот цело време ми кажуваа дека Христос дошол за нас да не’ очисти од гревот, па затоа ние немало повеќе од што да се плашиме, демонот бил уништен и ништо не ни можел и сл.

Тоа е неспорно. Христос навистина дошол за да не’ очисти од гревовите и да не’ спаси и навистина го поразил демонот за да не ни може ништо, но сето тоа само ако ние доброволно го сакаме. Не може да правиш што ќе ти падне на памет (и добро и зло, кое не мора да е насочено кон другите, туку и кон себе си), и потоа човек да очекува спасение. Тоа е несмисливо. Спасението доаѓа само со нашето содејство со Христос.

А со самото негирање на митарствата, т.е. положувањето сметка за нашите дела, се поставува прашањето: која е целта тогаш некој да се труди во подвиг, а некој не, кога сите ќе одат на исто место?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 17:56
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Имено, митарства не се царини каде се дава откуп,
 
Таканаречениот духовник на Теодора, Василиј, им дал едно ковчеже на ангелите и им рекол:
„Кога ќе треба да ги поминувате воздушните митарства, искупувајте ја земајќи од ова ковчеже и давајте им на лукавите и зли духови".
 
Јас никаде не реков дека во ова ковчеже имало пари, но сепак имало нешто со што им било плаќано на демоните за гревовите на Теодора, значи се вршело откуп за гревовите нејзини и покрај тоа што Библијата учи дека Христос со Својата крв им дари вечен откуп на оние кои веруваат во Него и живеат под Неговата љубов и милост.
 
"Христос... влезе еднаш засекогаш во Светината над светините, и тоа не со крвта на јарци и јунци, туку преку Својата крв, и ни прибави вечен откуп." (Евреите 9:12)

"Тој не избави од власта на темнината и не пресели во Царството на Својот возљубен Син, во Кого имаме откуп, преку Неговата крв; простување на гревовите" (Колошаните 1:13-14)

"Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина" (Исус Христос во Матеј 10:28)

"Исус Христос... во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите, според богатството на Неговата благодат" (Ефешаните 1:7)
 
Оттука гледаме дека православното учење за митарствата дирекно противречи на учењето на евангелието, на суштината на Христијанското учење.

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Bидејќи после смртта душата минува низ воздушните просторства каде царуваат демоните, тие на секој можен начин се трудат да ги изнесат сите гревови на таа душа за да ја обвината дека е голем грешник и да ја земат во пеколот.
 
Небаре Господ не знае колку гревови сме направиле, па му требаат обвинениата на демоните. Учењето дека демоните можат да ја грабнат душата на патот до Небото и да ја однесат во пеколот противречи на евангелието кое што вели:
 
"Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ."
(Римјаните 8:38-39)
 
Понатаму, од учењето за митарствата следи дека не е Господ Тој што им суди на луѓето, туку дека судот паѓа во рацете на терезијата која е поставена меѓу ангелите и нивното ковчеже од едната страна и демоните и нивниот список на нашите гревови од другата страна, па кој наводно ќе ја надвагал таа терезија, тој ја добивал душата на човекот.
Но Светото Писмо учи дека Бог е Суверениот Судија Кој ќе одлучува дали една душа ќе оди во пеколот или не, и тоа ќе го прави без да им дава "пардон" или "отчет" на демоните.
 
"Кој верува во Него (Христос), нему не му се суди" (Исус во Јован 3:17)
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Митарствата на Блажена Теодора кажуваат дека за секој грев ќе треба да дадеме сметка. А она што Евангелос вели дека е царина што ја плаќала, ќесето со „откуп“ што го дал нејзиниот духовник, cе ДОБРИТЕ ДЕЛА ШТО ТАА ГИ НАПРАВИЛА КОН НЕЈЗИНИОТ ДУХОВНИК.
 
Значи демоните велат: Ама таа крадеше, пцуеше, се пијанчеше итн. А ангелите вадат од ковчежето некое ливче и велат: Да, но таа еднаш му зготви ручек на нејзиниот духовник?
Или пак велат: Да, таа ги направи сите тие гревови, но нејзиниот Господ и Спасител Исус Христос плати за тие гревови со Неговата скапоцена крв?
 
"Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој."
(Ефешаните 2:8-9)
 
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Со оглед на тоа што знаеме дека секој ќе добие според своите дела, и дека откако човек ќе се упокои, неговата душа оди на одредено место, ако нема митарства, се поставува прашањето каде оди и како се одредува каде ќе оди?
 
Тешко нам, тешко на сите нам ако Бог според делата наши одредуваше кој каде ќе оди. Бидејќи никој нема беспрекорни дела, сите ние ќе завршевме во пеколот. Но Бог...
 
"Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. "
(Исус Христос во ев. Јован 3:16)
 
Кој одредува? Па сигурено не демоните голема%20насмевка туку одредува Суверениот Господ Исус Христос:
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

А со самото негирање на митарствата, т.е. положувањето сметка за нашите дела, се поставува прашањето: која е целта тогаш некој да се труди во подвиг, а некој не, кога сите ќе одат на исто место?
 
Нановородените Христијани, не прават добри дела за да си го заработат спасението, ниту пак од страв, туку истите ги прават од љубов, ги прават затоа што уживаат кога ги прават, затоа што тоа им го налага новородената природа во нив, затоа што таа нова природа во нив не е родена од крв и месо, ниту од телесна похот, ниту од воља на маж, туку од Бог.
Ние сме создадени за да правиме добри дела, за да ги љубиме другите безусловно како што се љубиме себе си. По тоа сме ние слични на Бог, тоа е Божјото подобие кај нас - затоа што во нас има капацитет за безусловна љубов, како што и Бог безусловно љуби и безусловно ни прави добри дела.
 
Оној христијанин кој е наклонет кон грешни дела и со мака се труди да прави добри дела, тој не е нановороден, тој го нема Светиот Дух во себе. Човек е среќен кога е во центарот на Божјата воља, кога го прави она за што е создаден. Се што создал Бог, создал за одредена цел и созданието е среќно и исполнето кога ја исполнуваа таа Божја цел. Ние сме создадени за добри дела и не се мачиме кога ги правиме истите, туку уживаме во нив.
 
"Имено, Негово дело сме, создадени во Христа Исуса, за добри дела, кои Бог ги подготви однапред, за да живееме во нив."
(Ефешаните 2:10)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 19:28
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Самото прашање што го имаш поставено е малку спорно.

Со оглед на тоа што знаеме дека секој ќе добие според своите дела, и дека откако човек ќе се упокои, неговата душа оди на одредено место, ако нема митарства, се поставува прашањето каде оди и како се одредува каде ќе оди?

Разликата во однос на прифаќањето на митарствата и не прифаќањето, е во нашиот однос кон животот и воопшто. Неодамна имав дискусија со луѓе со протестантски ставови кои ги негираа митарствата, и тие во разговорот цело време ми кажуваа дека Христос дошол за нас да не’ очисти од гревот, па затоа ние немало повеќе од што да се плашиме, демонот бил уништен и ништо не ни можел и сл.

Тоа е неспорно. Христос навистина дошол за да не’ очисти од гревовите и да не’ спаси и навистина го поразил демонот за да не ни може ништо, но сето тоа само ако ние доброволно го сакаме. Не може да правиш што ќе ти падне на памет (и добро и зло, кое не мора да е насочено кон другите, туку и кон себе си), и потоа човек да очекува спасение. Тоа е несмисливо. Спасението доаѓа само со нашето содејство со Христос.

А со самото негирање на митарствата, т.е. положувањето сметка за нашите дела, се поставува прашањето: која е целта тогаш некој да се труди во подвиг, а некој не, кога сите ќе одат на исто место?


Зошто спорно?
Фино-лепо прашав: дали верувањето во митарства е неопходно за наше спасување?
Ако било така, зошто Исус или Павле не ни кажале нешто за митарствата?
Што со тие христијани кои поверувале пред Теодора да го добие ова откровение?

Од една страна потврдуваш дека “
Спасението доаѓа само со нашето содејство со Христос.

Од друга страна “ А со самото негирање на митарствата, т.е. положувањето сметка за нашите дела, се поставува прашањето: која е целта тогаш некој да се труди во подвиг, а некој не, кога сите ќе одат на исто место?“

Целта на подвигот...Дали некој демон треба да суди за јачината на мојот подвиг?
Па нели Бог е тој што суди?


И што тоа треба да му направам на својот духовник за да се смета за добро дело?збунетосттрепкање


Изменето од maria_magdalena - 19.Септември.2009 во 19:29
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 19:29
Kako sto rekov, nema da bide kratok patot posle smrtta do Gospoda.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 19:46
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

И што тоа треба да му направам на својот духовник за да се смета за добро дело?збунетосттрепкање
 
Хммм навистина занимливо прашање хи,%20хи...
 
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Kako sto rekov, nema da bide kratok patot posle smrtta do Gospoda.
 
А колку од прилика би траело тоа патување? Еден ден? Два дена? Повеќе од недела? Месец? Година? Години? Што мислиш ти?


Изменето од EvAngelos - 19.Септември.2009 во 19:49
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 20:02
“Вистина, вистина ти велам, уште денес ќе бидеш со мене во рајот“
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.