|
Поуки од Светите Отци |
Внеси реплика | страница <1 1617181920 32> |
Автор | |
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свти Исаак Сирин Вистината е чувството за Бога, коешто човекот го вкусува во себеси со чувството на сетилито на духовниот ум. Љубовта е плод на молитвата и таа со своето созерцание го возведува умот кон тоа ненаситно да ја посакува, кога умот без униние пребива во молитвата и човекот со умот, само во безмолвни помисли, се моли огнено и со жар. Молитвата е умртвување на похотните мисли на телесниот живот, бидејќи оној кој сесрдно се моли ист е како оној кој умира за светот. Трпеливо пребивање во молитвата за човекот значи да се откаже од самиот себе. Затоа во самоодрекувањето на душата се стекнува љубовта Божја. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Авва Марко
Чувството на благодарење во моментите на искушенија претставува сила која ги изгонува нападите на искушенијата. Оној кој сака да ги победи искушенијата без молитва и трпение нема во ништо да успее. Наместо да ги изгонува, тој сѐ повеќе се заплеткува во нив. Кога ќе те нападне искушението, не ја испитувај причината ниту личноста преку кои тоа дошло, туку гледај како ќе го истрпиш а да не те обземе штетна тага или братоубивствено злопаметење. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Паисиј Светогорец
За време на молитвата, особено пред молитвата, во своето послушание, чувај се од непотребни разговори, за да можеш подоцна да се молиш нерасеан и неповреден, бидејќи многуте зборови предизвикуваат и многу недоразбирања. Ако сакаш да зборуваш, Христос со радост сака да Му се обраќаат Неговите деца низ молитвата. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Симеон Нов Богослов
Да ги очистиме своите срца за да можеме во себе да Го пронајдеме сегдеприсутниот Господ. Да ги очистиме своите срца со огнот на Неговата благодат за во себе самите да ја видиме светлината на Неговото Божество. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Исаак Сирин
Овој живот ни е даден за покајание. Да не го трошиме непотребно за други нешта. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старечник
Благодатта таинствено се дава со крштевањето во Христа, се разоткрива според мерата на исполнувањето на заповедите. Таа не престанува да ни помага, но од нас зависи дали ќе твориме добро или не. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Prepodoben Hilandarec Kiril Pejcinovik Илјада кабаети да имал чоек, најпосле ако се покаил, шубе учинил, за греот плакал, со све срдце пришол при Бога, духовник што му заповедал держал… спасение наоѓат |
|
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бога,
по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување
– ‘безмолвие на умот’, оддалеченост од светот, заборав на сè земно и
стремење кон божествените откровенија, избор на ‘подобриот дел’.
Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се
оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон
самиот себеси: единственото дејствување преку кое тој би можел да се
соедини со Бога.
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Ефрем Филотејски
Послушникот бива смртно повреден кога нема смирено и искрено да му се открие себеси на Старецот. Како што болниот не може да се исцели ако не му покаже на лекарот каква му е раната или болеста, зошто продолжуваат болките или температурата... така и послушникот, кога нема да му ги покаже своите душевни рани на својот духовен лекар - не се исцелува. Тоа што го спречува да покаже од што боледува е неговиот егоизам. Според тоа, чеда мои, да го фрлиме под нозете тој змеј и да го погубиме со мечот на Светата исповед и со земање духовни лекови од духовниот лекар, Старецот, кој нам ни ги дава заради нашето исцелување. |
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фала ти што ме потсети, брат
Свети Јован Лествичник Во длабочината на плачот се наоѓа утеха, и чистото срце прима просветлување. А просветлувањето е неискажливо дејство Божјо, што се сознава несознајно и се гледа невидливо. Утехата е освежување на болната душа, која како малечко дете во исто време плаче и почнува ведро да се насмевнува. Таа е поддршка и обновување на душата што потонала во тага и на чудесен начин солзите на болката ги претвара во солзи на радост. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Паисиј Светогорец Природно, нечистиот дух не ги изнесува на видело добродетелите на луѓето, туку нивните слабости. Оние пак, што се ослободени од своите страсти, бидејќи немаат злоба, злото со добрина го поправаат. Ако видат некаде малку нечистотија која не се чисти, ја покриваат со плоча, за да не се згрози некој друг, ако ја види. А пак, оние што чепкаат по ѓубрето, личат на кокошки… Не е искрен и доблесен оној што ја кажува вистината в лице, ниту оној што ја обзнанува, туку оној што има љубов и вистински живот, што зборува со расудување кога има потреба, и го кажува потребното во соодветен час.
|
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
|
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Старец Паисиј Светогорец Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку, оној што се фали дека е многу смирен. Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде сршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”. Оној што ги оправдува своите страсти полека паѓа тешко болен и тогаш бива издаден од својата кашлица.
|
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Никола Кавасила
На луѓето, одвоени од Бога со тројна преграда: природата, гревот и смртта, Господ им дал да Го поседуваат целосно и да се соединат со Него непосредно, со тоа што Он, една по една ги отстранил сите пречки: онаа на природата – преку Своето овоплотување; онаа на гревот – преку Својата смрт; онаа на смртта – преку Своето воскресение. Ете зошто Светиот апостол Павле пишува: последниот враг за уништување е смртта (1 Кор. 15, 26). |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Исихиј Ерусалимски
Оној кој нема молитва чиста од помисли, нема оружје за одбрана. Зборувам за молитвата што постојано дејствува во внатрешноста на душата, за молитвата во која со повикување на Христос се поразува и се спалува непријателот кој тајно војува |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Внеси реплика | страница <1 1617181920 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |